дритон абазовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/driton-abazovikj/ За подобро да се разбереме Fri, 14 Apr 2023 12:49:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дритон абазовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/driton-abazovikj/ 32 32 Абазовиќ: Изборите во Црна Гора нема да го сменат односот кон Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-izborite-vo-tsrna-gora-nema-da-go-smenat-odnosot-kon-kosovo/ Fri, 14 Apr 2023 12:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=630796

Црногорскиот технички премиер Дритан Абазовиќ денеска изјави дека Подгорица и Приштина имаат одлични односи и дека изборите во Црна Гора нема да ги нарушат односите со Косово.

Тој на заедничката конференција со косовскиот премиер Албин Курти посочи дека Црна Гора и Косово се пример како треба да функционираат две соседни земји.

На добар пат сме да направиме некои проекти, кои би ги нарекол историски. Нашата идеја е да создадеме полесен пристап за двата народа на нашите земји. Доаѓаме со мирна, пријателска порака и во иднина ќе имаме атмосфера, која ќе биде за пример. Во Црна Гора се случија неколку политички процеси, но тоа нема да го смени пристапот кон Косово. Ние сме подготвени со нашите капацитети да го поддржиме Косово, нагласи Абазовиќ.

Тој додаде дека својата иднина ја гледаат во Европската унија, дека и Косово и Црна Гора покажале дека „биле многу успешни со својата правда против корупцијата“.

Абазовиќ го покани премиерот Курти да ја посети Подгорица.

Курти наведе дека средбата била фокусирана на односите меѓу Косово и Црна Гора. Тој изрази задоволство што Црна Гора ратификувала три договори во рамките на Берлинскиот процес.

Денес тесно соработуваме како две соседни земји за промовирање на мирот и безбедноста, истакна Курти.

Претходно, Курти и Абазовиќ потпишаа билатерален договор за коридор на отворено небо, со кој се обезбедува дозвола за користење на црногорскиот воздушен простор од авиони кои летаат од приштинскиот аеродром.

Курти денеска ја почна дводневната посета на Косово, при што се предвидени средби и со лидерите на опозициските партии, со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рам, како и со поранешните претседатели на Косово, Атифете Јахјага и Беџет Пацоли.

На вториот ден од посетата Абазовиќ ќе се сретне со вицепремиерката Емилија Реџепи, со членовите на мултиетничката парламентарна група во косовскиот Парламент и со министрите во Владата на Косово од малцинските заедници. Предвидени се и средби на Абазовиќ со командантот на КФОР Анџело Ристуца и со градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери.

Абазовиќ со синоќешното интервју за ТВ Клан изјави дека Договорот помеѓу Косово и Србија, што беше постигнат во Брисел и во Охрид е добар за сите во регионот.

Постигнувањето договор меѓу Косово и Србија има исклучително добри импликации за сите во регионот. Разбирам дека тоа е прашање меѓу две земји и ние немаме амбиции да влегуваме и да се мешаме, ниту пак зависи од нас, истакна Абазовиќ, додавајќи оти би било многу добро да се постигне конечен договор.

The post Абазовиќ: Изборите во Црна Гора нема да го сменат односот кон Косово appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот технички премиер Дритан Абазовиќ денеска изјави дека Подгорица и Приштина имаат одлични односи и дека изборите во Црна Гора нема да ги нарушат односите со Косово. Тој на заедничката конференција со косовскиот премиер Албин Курти посочи дека Црна Гора и Косово се пример како треба да функционираат две соседни земји. На добар пат сме да направиме некои проекти, кои би ги нарекол историски. Нашата идеја е да создадеме полесен пристап за двата народа на нашите земји. Доаѓаме со мирна, пријателска порака и во иднина ќе имаме атмосфера, која ќе биде за пример. Во Црна Гора се случија неколку политички процеси, но тоа нема да го смени пристапот кон Косово. Ние сме подготвени со нашите капацитети да го поддржиме Косово, нагласи Абазовиќ. Тој додаде дека својата иднина ја гледаат во Европската унија, дека и Косово и Црна Гора покажале дека „биле многу успешни со својата правда против корупцијата“. Абазовиќ го покани премиерот Курти да ја посети Подгорица. Курти наведе дека средбата била фокусирана на односите меѓу Косово и Црна Гора. Тој изрази задоволство што Црна Гора ратификувала три договори во рамките на Берлинскиот процес. Денес тесно соработуваме како две соседни земји за промовирање на мирот и безбедноста, истакна Курти. Претходно, Курти и Абазовиќ потпишаа билатерален договор за коридор на отворено небо, со кој се обезбедува дозвола за користење на црногорскиот воздушен простор од авиони кои летаат од приштинскиот аеродром. Курти денеска ја почна дводневната посета на Косово, при што се предвидени средби и со лидерите на опозициските партии, со градоначалникот на Приштина, Перпарим Рам, како и со поранешните претседатели на Косово, Атифете Јахјага и Беџет Пацоли. На вториот ден од посетата Абазовиќ ќе се сретне со вицепремиерката Емилија Реџепи, со членовите на мултиетничката парламентарна група во косовскиот Парламент и со министрите во Владата на Косово од малцинските заедници. Предвидени се и средби на Абазовиќ со командантот на КФОР Анџело Ристуца и со градоначалникот на Пеќ, Газменд Мухаџери. Абазовиќ со синоќешното интервју за ТВ Клан изјави дека Договорот помеѓу Косово и Србија, што беше постигнат во Брисел и во Охрид е добар за сите во регионот. Постигнувањето договор меѓу Косово и Србија има исклучително добри импликации за сите во регионот. Разбирам дека тоа е прашање меѓу две земји и ние немаме амбиции да влегуваме и да се мешаме, ниту пак зависи од нас, истакна Абазовиќ, додавајќи оти би било многу добро да се постигне конечен договор.

The post Абазовиќ: Изборите во Црна Гора нема да го сменат односот кон Косово appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Недвосмислена поддршка за Милатовиќ во вториот круг од изборите https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-nedvosmislena-poddrshka-za-milatovik-vo-vtoriot-krug-od-izborite/ Mon, 20 Mar 2023 08:13:24 +0000 https://republika.mk/?p=621419

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека текот на кампањата, денот на изборите и конечното објавување на резултатите од претседателските избори претставуваат голема победа за демократијата во Црна Гора.

Абазовиќ изјави дека во вториот круг му дава недвосмислена порака на Јаков Милатовиќ, пренесува порталот РТЦГ.

Би сакал да им честитам на сите учесници во изборниот процес за нивната политичка коректност и прилично конструктивен пристап во последните денови, со посебен акцент на Јаков Милатовиќ, кој ja има мојата искрена и недвосмислена поддршка за победа во вториот круг, се вели во соопштението.

The post Абазовиќ: Недвосмислена поддршка за Милатовиќ во вториот круг од изборите appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, изјави дека текот на кампањата, денот на изборите и конечното објавување на резултатите од претседателските избори претставуваат голема победа за демократијата во Црна Гора. Абазовиќ изјави дека во вториот круг му дава недвосмислена порака на Јаков Милатовиќ, пренесува порталот РТЦГ. Би сакал да им честитам на сите учесници во изборниот процес за нивната политичка коректност и прилично конструктивен пристап во последните денови, со посебен акцент на Јаков Милатовиќ, кој ja има мојата искрена и недвосмислена поддршка за победа во вториот круг, се вели во соопштението.

The post Абазовиќ: Недвосмислена поддршка за Милатовиќ во вториот круг од изборите appeared first on Република.

]]>
Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-se-nadeva-deka-tsrna-gora-ke-dobie-nov-pretsedatel/ Fri, 27 Jan 2023 14:24:51 +0000 https://republika.mk/?p=601685

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат.
Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој рече дека е подготвен да слушне предлог доколку некој има.
Премиерот рече дека не е преокупиран со претседателските избори и додаде дека за тоа дополнително ќе се изјаснат и органите на неговото движење.
Најважно е Црна Гора да добие нов претседател и тоа да биде заеднички граѓански кандидат. Тоа би било одлично. Значајно би било и тоа да биде дама, рече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ.
Истакна дека е сигурен дека Црна Гора ќе добие нов претседател за кој се надева дека ќе биде покооперативен во остварувањето на националните интереси.

The post Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател appeared first on Република.

]]>

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат. Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој рече дека е подготвен да слушне предлог доколку некој има. Премиерот рече дека не е преокупиран со претседателските избори и додаде дека за тоа дополнително ќе се изјаснат и органите на неговото движење. Најважно е Црна Гора да добие нов претседател и тоа да биде заеднички граѓански кандидат. Тоа би било одлично. Значајно би било и тоа да биде дама, рече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ. Истакна дека е сигурен дека Црна Гора ќе добие нов претседател за кој се надева дека ќе биде покооперативен во остварувањето на националните интереси.

The post Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Заплената на цигари во Бар, а не договорот со СПЦ е причината поради која сакаат да ја урнат Владата https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-zaplenata-na-cigari-vo-bar-a-ne-dogovorot-so-spc-e-prichinata-poradi-koja-sakaat-da-ja-urnat-vladata/ Fri, 19 Aug 2022 16:30:45 +0000 https://republika.mk/?p=542112

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ кажа дека гласањето за (не)доверба на неговата Влада не е резултат на потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква, туку поради заплената на цигари во градот Бар која се случи во мај, а која како што вели Абазовиќ има поврзаност со градежната компанија „Бемакс“.

-За се ова што се случува има само еден проблем, а тој се вика заплена на цигари. Тоа е она што ја започна приказната за да се сруши Абазовиќ. Затоа што тој не е премиер кој би останал два месеца плус на фотелјата, за да прави такви компромиси. Заплената е поврзана со компанијата Бемакс и јас го повикувам специјаниот обвинител да ги истражи овие наводи, вели Абазовиќ.

Според Абазовиќ, оваа компанија била основана неодамна и вели дека во неа членуваат моќници од високите политички ешалони во Црна Гора.

Спорно е што поголемиот дел на робата на пристаништето во Бар е во сопственост на Бемакс или на луѓе поврзани со нив. Од таму, се финансираат кампањи и од тогаш започнаа војна со мене, со Премиерот. Во тој тим се Ранко Убовиќ, Зоран Лазовиќ (поранешен висок полициски функционер), Миливоје Катаниќ (поранешен специјален обвинител) и други“, додава премиерот.

Собранието на Црна Гора во моментов расправа за гласање на (не)доверба на Владата на Абазовиќ, по иницијатива на Демократската партија на социјалистите. Иницијативата беше поднесена по потпишувањето на договорот со СПЦ и беше поддржана од 36 пратеници, што не е доволно за да падне Владата. Судбината на гласањето најверојатно ќе зависи од партијата на Алекса Бешиќ, Демократи, од каде најавија дека својот став ќе го истакнат по расправата.

The post Абазовиќ: Заплената на цигари во Бар, а не договорот со СПЦ е причината поради која сакаат да ја урнат Владата appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ кажа дека гласањето за (не)доверба на неговата Влада не е резултат на потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква, туку поради заплената на цигари во градот Бар која се случи во мај, а која како што вели Абазовиќ има поврзаност со градежната компанија „Бемакс“. -За се ова што се случува има само еден проблем, а тој се вика заплена на цигари. Тоа е она што ја започна приказната за да се сруши Абазовиќ. Затоа што тој не е премиер кој би останал два месеца плус на фотелјата, за да прави такви компромиси. Заплената е поврзана со компанијата Бемакс и јас го повикувам специјаниот обвинител да ги истражи овие наводи, вели Абазовиќ. Според Абазовиќ, оваа компанија била основана неодамна и вели дека во неа членуваат моќници од високите политички ешалони во Црна Гора. Спорно е што поголемиот дел на робата на пристаништето во Бар е во сопственост на Бемакс или на луѓе поврзани со нив. Од таму, се финансираат кампањи и од тогаш започнаа војна со мене, со Премиерот. Во тој тим се Ранко Убовиќ, Зоран Лазовиќ (поранешен висок полициски функционер), Миливоје Катаниќ (поранешен специјален обвинител) и други“, додава премиерот. Собранието на Црна Гора во моментов расправа за гласање на (не)доверба на Владата на Абазовиќ, по иницијатива на Демократската партија на социјалистите. Иницијативата беше поднесена по потпишувањето на договорот со СПЦ и беше поддржана од 36 пратеници, што не е доволно за да падне Владата. Судбината на гласањето најверојатно ќе зависи од партијата на Алекса Бешиќ, Демократи, од каде најавија дека својот став ќе го истакнат по расправата.

The post Абазовиќ: Заплената на цигари во Бар, а не договорот со СПЦ е причината поради која сакаат да ја урнат Владата appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Најголемиот срам на Црна Гора е бомбардирањето на Дубровник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-najgolemiot-sram-na-crna-gora-e-bombardiranjeto-na-dubrovnik/ Wed, 10 Aug 2022 13:18:33 +0000 https://republika.mk/?p=538785

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ го посети хрватскиот град Дубровник и по тој повод се осврна на војната и бомбардирањето на тој град во кој учествуваше и Црна Гора во 1991 година.

Како дете се сеќавам на бомбардирањето на Дубровник – најголемиот срам на Црна Гора во нејзината модерна историја, земја која тогаш беше заробена во канџите на национализмот, омразата и военото профитерство - истакна Абазовиќ.

Тој потенцираше дека е првиот црногорски премиер кој слободно се шетал по шеталиштето Страдун. Абазовиќ повика на љубов, регионална соработка и градење на европската иднина.

Во есента 1991 година Дубровник беше гранатиран од ЈНА, а во опсадата учествуваше територијалната одбрана на тогашна Црна Гора. Нападите започнаа на 1 октомври, по што беше окупиран добар дел од предградијата на Дубровник. За време на гранатирањето, Стариот град Дубровник, заштитен од УНЕСКО, претрпе значителна штета.

Во 2000 година, актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, тогашен премиер на Црна Гора, официјално ѝ се извини на Хрватска за страдањата и загубите предизвикани од црногорските војници, особено во областа на Дубровник.

The post Абазовиќ: Најголемиот срам на Црна Гора е бомбардирањето на Дубровник appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ го посети хрватскиот град Дубровник и по тој повод се осврна на војната и бомбардирањето на тој град во кој учествуваше и Црна Гора во 1991 година.
Како дете се сеќавам на бомбардирањето на Дубровник – најголемиот срам на Црна Гора во нејзината модерна историја, земја која тогаш беше заробена во канџите на национализмот, омразата и военото профитерство - истакна Абазовиќ.
Тој потенцираше дека е првиот црногорски премиер кој слободно се шетал по шеталиштето Страдун. Абазовиќ повика на љубов, регионална соработка и градење на европската иднина. Во есента 1991 година Дубровник беше гранатиран од ЈНА, а во опсадата учествуваше територијалната одбрана на тогашна Црна Гора. Нападите започнаа на 1 октомври, по што беше окупиран добар дел од предградијата на Дубровник. За време на гранатирањето, Стариот град Дубровник, заштитен од УНЕСКО, претрпе значителна штета. Во 2000 година, актуелниот претседател Мило Ѓукановиќ, тогашен премиер на Црна Гора, официјално ѝ се извини на Хрватска за страдањата и загубите предизвикани од црногорските војници, особено во областа на Дубровник.

The post Абазовиќ: Најголемиот срам на Црна Гора е бомбардирањето на Дубровник appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши спорот со СПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-najavuva-deka-naskoro-kje-se-reshi-sporot-so-spc/ Mon, 27 Jun 2022 14:16:56 +0000 https://republika.mk/?p=520352

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска изјави дека потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ) е обврска на државата и дека прашањето наскоро ќе се реши.

– Сè што сум кажал, стојам зад тоа и нема мрдање. Темелниот договор ќе биде потпишан согласно Уставот и законот, рече Абазовиќ, одговарајќи на прашањата на шефот на пратеничката група на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ, пренесува подгоричкиот весник Вијести.

Овој договор предизвика потреси на политичката сцена во Црна Гора и наиде на несогласувања во политичките партии. Најголеми поддржувачки се министрите од просрпската Социјалистичка народна партија, кои посочуваат дека поради овој договор и влегле во Владата. На другата страна се министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ и министерот за одбрана Рашко Коњевиќ, од владејачката Социјалдемократска партија (СДП), кои сметаат дека владата не може да потпише договор со Српската православна црква бидејќи не е регистрирана во Црна Гора како правен субјект.

Спорови меѓу министрите има и околу името на тој иден договор.

За приврзаниците на СПЦ во Црна Гора името треба да биде „Темелен (Основен) договор“, а политичките противници на Српската православна црква бараат да се именува само како „Договор“, посочува Радио Слободна Европа.

Преговорите меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква за Темелниот договор, со прекини, траат од 2012 година. Споровите меѓу државните институции и СПЦ за нејзиниот статус во Црна Гора резултираа со пад на последните две влади.

По усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед на крајот на 2019 година, Владата на Демократската партија на социјалистите, предводена од Душко Марковиќ, загуби на парламентарните избори во август 2020 година. На губењето на власта му претходеа неколкумесечни масовни протестни маршеви предводени од свештеници на СПЦ со поддршка на тогашните опозициски партии.

Ниту претходниот премиер Здравко Кривокапиќ, разрешен во февруари годинава, не го искористи мандатот и блискоста со Српската православна црква за да го потпише Темелниот договор, потсетува РСЕ. Причината е немањето целосна усогласеност меѓу двете страни

The post Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши спорот со СПЦ appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ денеска изјави дека потпишувањето на Темелниот договор со Српската православна црква (СПЦ) е обврска на државата и дека прашањето наскоро ќе се реши. – Сè што сум кажал, стојам зад тоа и нема мрдање. Темелниот договор ќе биде потпишан согласно Уставот и законот, рече Абазовиќ, одговарајќи на прашањата на шефот на пратеничката група на Демократскиот фронт, Славен Радуновиќ, пренесува подгоричкиот весник Вијести. Овој договор предизвика потреси на политичката сцена во Црна Гора и наиде на несогласувања во политичките партии. Најголеми поддржувачки се министрите од просрпската Социјалистичка народна партија, кои посочуваат дека поради овој договор и влегле во Владата. На другата страна се министерот за надворешни работи Ранко Кривокапиќ и министерот за одбрана Рашко Коњевиќ, од владејачката Социјалдемократска партија (СДП), кои сметаат дека владата не може да потпише договор со Српската православна црква бидејќи не е регистрирана во Црна Гора како правен субјект. Спорови меѓу министрите има и околу името на тој иден договор. За приврзаниците на СПЦ во Црна Гора името треба да биде „Темелен (Основен) договор“, а политичките противници на Српската православна црква бараат да се именува само како „Договор“, посочува Радио Слободна Европа. Преговорите меѓу Владата на Црна Гора и Српската православна црква за Темелниот договор, со прекини, траат од 2012 година. Споровите меѓу државните институции и СПЦ за нејзиниот статус во Црна Гора резултираа со пад на последните две влади. По усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед на крајот на 2019 година, Владата на Демократската партија на социјалистите, предводена од Душко Марковиќ, загуби на парламентарните избори во август 2020 година. На губењето на власта му претходеа неколкумесечни масовни протестни маршеви предводени од свештеници на СПЦ со поддршка на тогашните опозициски партии. Ниту претходниот премиер Здравко Кривокапиќ, разрешен во февруари годинава, не го искористи мандатот и блискоста со Српската православна црква за да го потпише Темелниот договор, потсетува РСЕ. Причината е немањето целосна усогласеност меѓу двете страни

The post Абазовиќ најавува дека наскоро ќе се реши спорот со СПЦ appeared first on Република.

]]>
Aбазовиќ го фали „Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-go-fali-otvoren-balkan/ Tue, 14 Jun 2022 08:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=514840

На Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се случи „пресврт на што регионот треба да биде горд“, а Европа „виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина“, смета црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

– Наместо за тоа „кој прв започна војна“, се разговараше за туризам, слободна трговија, енергија, земјоделство, економска и здравствена криза, како и за инфраструктура, изјави Абазовиќ во интервју за „Политика“.

Според него, „Црна Гора е подготвена да допринесе за единство и заедништво на Западен Балкан“, затоа што, за неговата земја „патот кон ЕУ нема алтернатива“.

Тој додад е дека „Отворен Балкан“, на чиј Самит во Охрид присуствуваше, откри „рецепт за иднината“. Абазовиќ истакна дека иницијативата може да стане мост на мирот меѓу Истокот и Западот.

Црногорскиот премиер нагласи и дека „кога отворено се разговара за иднината на Западен Балкан, на сосем друг начин од оној што беше вообичаен, без свртување кон темите што предизвикуваат конфликти, тогаш на светот му праќаме сосема поинаква порака“.

Во Охрид „Европа виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина, решен со заеднички сили да ја надмине економската криза“, додаде премиерот.

Тој наведе и дека на Самитот во Охрид гледал и како шанса за зајакнување на добрососедските односи, „нешто со што претходно земјите од Западен Балкан не можеа да се пофалат“.

– Мислам дека ова е првпат лидерите од Западен Балкан да се соберат и да разговараат за реалните потреби на своите граѓани, опасностите што се закануваат поради најавената криза и недостигот од основни животни намирници и енергенси на пазарот, со цел со заеднички сили да се предупредат сите негативни ефекти што руската инвазија ќе ги остави во Европа, подвлече Абазовиќ.

The post Aбазовиќ го фали „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

На Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид се случи „пресврт на што регионот треба да биде горд“, а Европа „виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина“, смета црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
– Наместо за тоа „кој прв започна војна“, се разговараше за туризам, слободна трговија, енергија, земјоделство, економска и здравствена криза, како и за инфраструктура, изјави Абазовиќ во интервју за „Политика“.
Според него, „Црна Гора е подготвена да допринесе за единство и заедништво на Западен Балкан“, затоа што, за неговата земја „патот кон ЕУ нема алтернатива“. Тој додад е дека „Отворен Балкан“, на чиј Самит во Охрид присуствуваше, откри „рецепт за иднината“. Абазовиќ истакна дека иницијативата може да стане мост на мирот меѓу Истокот и Западот. Црногорскиот премиер нагласи и дека „кога отворено се разговара за иднината на Западен Балкан, на сосем друг начин од оној што беше вообичаен, без свртување кон темите што предизвикуваат конфликти, тогаш на светот му праќаме сосема поинаква порака“. Во Охрид „Европа виде еден поинаков Западен Балкан, што отворено разговара за својата иднина, решен со заеднички сили да ја надмине економската криза“, додаде премиерот. Тој наведе и дека на Самитот во Охрид гледал и како шанса за зајакнување на добрососедските односи, „нешто со што претходно земјите од Западен Балкан не можеа да се пофалат“. – Мислам дека ова е првпат лидерите од Западен Балкан да се соберат и да разговараат за реалните потреби на своите граѓани, опасностите што се закануваат поради најавената криза и недостигот од основни животни намирници и енергенси на пазарот, со цел со заеднички сили да се предупредат сите негативни ефекти што руската инвазија ќе ги остави во Европа, подвлече Абазовиќ.

The post Aбазовиќ го фали „Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Црна Гора пред „Cеверна“ ќе добие Албанец премиер https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-pred-ceverna-kje-dobie-albanec-premier/ Fri, 18 Feb 2022 09:49:32 +0000 https://republika.mk/?p=460313

Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА Дритан Абазовиќ синоќа изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада, а доколку тоа не се случи, не гледа проблем во одржување на нови избори. Тој е најсериознен избор за премиер.

Доколку тоа се случи Црна Гора пред Македонија ќе добие Албанец за премиер бидејќи според договорот на ДУИ со Заев последните три месеци од оваа влада Албанец треба да седне на премиерската фотелја.

На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар и ги повика колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза, јави РТЦГ.

– Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа, рече Абазовиќ.

Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни и порача: „ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија“

The post Црна Гора пред „Cеверна“ ќе добие Албанец премиер appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот вицепремиер и лидер на ГП УРА Дритан Абазовиќ синоќа изрази надеж дека наскоро ќе биде формирана нова влада, а доколку тоа не се случи, не гледа проблем во одржување на нови избори. Тој е најсериознен избор за премиер. Доколку тоа се случи Црна Гора пред Македонија ќе добие Албанец за премиер бидејќи според договорот на ДУИ со Заев последните три месеци од оваа влада Албанец треба да седне на премиерската фотелја. На новинарско прашање зошто се доцни со предлагањето мандатар за состав на нова влада, Абазовиќ рече дека во ниту една земја не е лесен процесот на избор на мандатар и ги повика колегите да дадат идеи за решавање на политичка криза, јави РТЦГ. – Лошо е што немаме влада, се надевам дека наскоро ќе имаме. А ако наскоро немаме, мандатот ќе им се врати на граѓаните, нема никаков проблем во тоа, рече Абазовиќ. Тој оцени дека сегашните протести се мирни, додавајќи оти не гледа дека се премасовни и порача: „ако се, тогаш тоа е наш тренинг за демократија“

The post Црна Гора пред „Cеверна“ ќе добие Албанец премиер appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ не е загрижен оти може да го сменат https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-ne-e-zagrizen-oti-moze-da-go-smenat/ Thu, 03 Feb 2022 11:00:16 +0000 https://republika.mk/?p=453507

Вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека е „релаксиран“ по повод денешната вонредна седница на Собранието, на чиј дневен ред е иницијативата за негово разрешување.

– Не очекувам ништо од седницата, секој нека гласа како што мисли дека треба, изјави Абазовиќ, додавајќи дека на утрешната седница очекува да се изгласа недоверба на актуелната Влада.

Абазовиќ рече дека има неколку опции за тоа како треба да изгледа идната влада, истакнувајќи дека решението се предвремени избори, пренесува „Вијести“.

– Идеално е да имаме влада која ќе има поддршка од најмалку 49 пратеници, кои било 49 пратеници кои сакаат земјата да оди напред. Мислам дека такви има 81, рече тој.

Запрашан дали има безбедносна закана во врска со протестот, тој рече дека ситуацијата е „исклучително редовна“, потсетувајќи дека протестите претходните денови беа мирни.

– Но, ако некој мисли дека прави апокалипса, тоа нема да се случи, порача Абазовиќ

The post Абазовиќ не е загрижен оти може да го сменат appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ изјави дека е „релаксиран“ по повод денешната вонредна седница на Собранието, на чиј дневен ред е иницијативата за негово разрешување. – Не очекувам ништо од седницата, секој нека гласа како што мисли дека треба, изјави Абазовиќ, додавајќи дека на утрешната седница очекува да се изгласа недоверба на актуелната Влада. Абазовиќ рече дека има неколку опции за тоа како треба да изгледа идната влада, истакнувајќи дека решението се предвремени избори, пренесува „Вијести“. – Идеално е да имаме влада која ќе има поддршка од најмалку 49 пратеници, кои било 49 пратеници кои сакаат земјата да оди напред. Мислам дека такви има 81, рече тој.
Запрашан дали има безбедносна закана во врска со протестот, тој рече дека ситуацијата е „исклучително редовна“, потсетувајќи дека протестите претходните денови беа мирни. – Но, ако некој мисли дека прави апокалипса, тоа нема да се случи, порача Абазовиќ

The post Абазовиќ не е загрижен оти може да го сменат appeared first on Република.

]]>
Црногорскиот парламент ќе го разрешува потпретседателот на Владата, Дритон Абазовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crnogorskiot-parlament-kje-go-razreshuva-potpretsedatelot-na-vladata-driton-abazovikj/ Thu, 03 Feb 2022 08:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=453330

Црногорското Собрание треба да расправа за предлогот на премиерот Здравко Кривокапиќ за разрешување на вицепремиерот Дритон Абазовиќ.

На Колегиумот на претседателот на Собранието е договорено доколку има кворум и доколку се изгласа предложениот дневен ред седницата да трае три часа.

Во предлогот за разрешување на Абазовиќ се наведува дека пратениците на Граѓанското движење УРА, заедно со дел од пратениците на Демократската партија на социјалистите и другите партии од поранешната власт, поднеле барање за гласање недоверба на Владата.

Абазовиќ, како претседател на оваа политичка организација, јавно не ја оспори ваквата иницијатива, која директно го става во редот на оние кои работат против интересите на граѓаните и заеднички креирани и дефинирани цели - вели Кривокапиќ во своето образложение.

Премиерот оцени дека е недозволив и непримерен ваквиот однос кон Договорот на лидерите на трите победнички коалиции од септември 2020 година, но и кон граѓаните на Црна Гора кои очекуваа хармонично и правно политичко дејствување на сите членови на Владата.

Некоректноста со која се урива Владата, чиј член е, со истовремено зачувување на функцијата на која е избран, рушењето на принципите и уставните начела врз кои се темели функционирањето на Владата, се непростливи причини поради кои предлагам разрешување на потпретседателот Абазовиќ - наведува Кривокапиќ во предлогот за разрешување од функцијата.

Кривокапиќ воедно предлага црногорскиот Парламент за нов вицепремиер да го избере актуелниот министер за финансии и социјала, Милојко Спајиќ.

The post Црногорскиот парламент ќе го разрешува потпретседателот на Владата, Дритон Абазовиќ appeared first on Република.

]]>

Црногорското Собрание треба да расправа за предлогот на премиерот Здравко Кривокапиќ за разрешување на вицепремиерот Дритон Абазовиќ. На Колегиумот на претседателот на Собранието е договорено доколку има кворум и доколку се изгласа предложениот дневен ред седницата да трае три часа. Во предлогот за разрешување на Абазовиќ се наведува дека пратениците на Граѓанското движење УРА, заедно со дел од пратениците на Демократската партија на социјалистите и другите партии од поранешната власт, поднеле барање за гласање недоверба на Владата.
Абазовиќ, како претседател на оваа политичка организација, јавно не ја оспори ваквата иницијатива, која директно го става во редот на оние кои работат против интересите на граѓаните и заеднички креирани и дефинирани цели - вели Кривокапиќ во своето образложение.
Премиерот оцени дека е недозволив и непримерен ваквиот однос кон Договорот на лидерите на трите победнички коалиции од септември 2020 година, но и кон граѓаните на Црна Гора кои очекуваа хармонично и правно политичко дејствување на сите членови на Владата.
Некоректноста со која се урива Владата, чиј член е, со истовремено зачувување на функцијата на која е избран, рушењето на принципите и уставните начела врз кои се темели функционирањето на Владата, се непростливи причини поради кои предлагам разрешување на потпретседателот Абазовиќ - наведува Кривокапиќ во предлогот за разрешување од функцијата.
Кривокапиќ воедно предлага црногорскиот Парламент за нов вицепремиер да го избере актуелниот министер за финансии и социјала, Милојко Спајиќ.

The post Црногорскиот парламент ќе го разрешува потпретседателот на Владата, Дритон Абазовиќ appeared first on Република.

]]>
Пријател на Заев и Груби ќе се испитува за шверц на 500 килограми кокаин во банани https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/prijatel-na-zaev-i-grubi-kje-se-ispituva-za-shverc-na-500-kilogrami-kokain-vo-banani/ Mon, 31 Jan 2022 06:59:48 +0000 https://republika.mk/?p=451723

На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент денеска се очекува да се одржи контролна расправа со шефовите на Владата, полицијата и обвинителството.

Владините функционери ќе бидат сослушани во врска со заплената на околу 500 килограми кокаин.

Според најавите за седницата, комисијата ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, јавува РТЦГ. Најавено е сослушување и на директорот на Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и н а претставници на обвинителството.

Работниците на подгоричката компанија „Волија“ на 12 јануари во магацинот на фирмата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата. Управата за приходи и царината соопштија дека бродот на кој имало пратка банани, на 2 јануари впловил во пристаништето Бар.

Специјалното државно обвинителство покрена кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора, потсетува црногорската телевизија

The post Пријател на Заев и Груби ќе се испитува за шверц на 500 килограми кокаин во банани appeared first on Република.

]]>

На седницата на Комисијата за безбедност и одбрана на црногорскиот Парламент денеска се очекува да се одржи контролна расправа со шефовите на Владата, полицијата и обвинителството. Владините функционери ќе бидат сослушани во врска со заплената на околу 500 килограми кокаин. Според најавите за седницата, комисијата ќе ги сослуша премиерот Здравко Кривокапиќ и вицепремиерот Дритан Абазовиќ, јавува РТЦГ. Најавено е сослушување и на директорот на Полициската управа и Агенцијата за национална безбедност Зоран Брѓанин и Дејан Вукшиќ, како и н а претставници на обвинителството. Работниците на подгоричката компанија „Волија“ на 12 јануари во магацинот на фирмата пронашле кокаин во пакувања со банани, за што ја известиле полицијата. Управата за приходи и царината соопштија дека бродот на кој имало пратка банани, на 2 јануари впловил во пристаништето Бар. Специјалното државно обвинителство покрена кривична постапка против шпедитерот Д.Ј.Д. поради сомнение дека е член на меѓународна криминална група за која постои сомневање дека е формирана со цел шверц на кокаин од Јужна Америка во Европа, а која дејствувала и во Црна Гора, потсетува црногорската телевизија

The post Пријател на Заев и Груби ќе се испитува за шверц на 500 килограми кокаин во банани appeared first on Република.

]]>