Дритан Абазовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dritan-abazovikj/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Oct 2023 10:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дритан Абазовиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dritan-abazovikj/ 32 32 Taткото на Ноле: Дртан Абазовиќ е мој четврти син https://arhiva3.republika.mk/sport/ostanati-sportovi/tatkoto-na-nole-drtan-abazovik-e-moj-chetvrti-sin/ Thu, 19 Oct 2023 13:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=692793

Дритан Абазовиќ се додека сум жив е мој син и брат, изјави Срѓан Ѓоковиќ, таткото на тенисерот Новак Ѓоковиќ.

Премиерот во техничкиот мандат, Дритан Абазовиќ, им врачи благодарница на истакнати претставници на црногорската дијаспора и иселениците за нивниот придонес во промоцијата на Црна Гора и зајакнувањето на врските со Србија. Церемонијата се одржа во Црногорската куќа во Белград.

- Не можам да го изразам моето задоволство и среќа што сум во оваа куќа овде. За мене истата куќа во која сум роден во Митровица, Звечанско е мојот Белград, а истото го чувствувам и за Црна Гора - изјави Срѓан Ѓоковиќ.

The post Taткото на Ноле: Дртан Абазовиќ е мој четврти син appeared first on Република.

]]>

Се испитува како откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/se-ispituva-kako-otkazhale-sopirachkite-na-majbahot-vo-koj-se-vozel-abazovik/ Sat, 05 Aug 2023 09:06:50 +0000 https://republika.mk/?p=668895

Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“.

Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла.

Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ од придружба влегол во друг автомобил и оттогаш користи друго службено возило.

Од МУП велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што возилото ја поминало, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиецот на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за утврдување на причините и околностите под кои се случил овој настан“.

Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото се должи на староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило, соопштија за „Вијести“ од министерството.

Оттаму објаснуваат дека 12 години е просечна старост на службените моторни возила, кои се користат во рамките на Одделението за обезбедување на домашни заштитени лица со цел да се извршат работи за заштита на безбедноста на заштитените лица.

The post Се испитува како откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ appeared first on Република.

]]>

Надлежните утврдуваат зошто одеднаш откажале сопирачките на државниот „мерцедес“ во кој се возел премиерот на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МУП) за „Вијести“. Според информациите на весникот, системот за сопирање на службеното возило целосно престанал да работи додека Абазовиќ бил на Обзовица, педесетина метри пред големата удолница. Инцидентот се случил на 31 јули, а Абазовиќ во тоа време бил во официјална посета на Тиват. Според неофицијални информации, во автомобилот немало никакви предупредувања – на контролната табла. Откако возилото застанало на макадам покрај патот, Абазовиќ од придружба влегол во друг автомобил и оттогаш користи друго службено возило. Од МУП велат дека досегашните контроли укажуваат дека се работи за дефект поради староста и значителната километража што возилото ја поминало, но потенцираат дека првиот човек на таа институција и сопартиецот на Абазовиќ, Филип Аџиќ иницирал вонреден надзор од страна на Управата за безбедносни надзорни задачи, „за утврдување на причините и околностите под кои се случил овој настан“.
Уверени сме од досегашната проверка дека дефектот на возилото се должи на староста и големата километража, но и дека претходно немало показатели кои би укажувале дека може да дојде до ваков дефект на споменатото возило, соопштија за „Вијести“ од министерството.
Оттаму објаснуваат дека 12 години е просечна старост на службените моторни возила, кои се користат во рамките на Одделението за обезбедување на домашни заштитени лица со цел да се извршат работи за заштита на безбедноста на заштитените лица.

The post Се испитува како откажале сопирачките на „мајбахот“ во кој се возел Абазовиќ appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Положивме голем демократски испит https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-polozhivme-golem-demokratski-ispit/ Mon, 03 Apr 2023 17:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=626829

Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.

Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим.

Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, и да им овозможиме на граѓаните да избираат онака како што мислат дека треба, рече Абазовиќ.

Тој додаде дека верува оти со тоа се отвора нова перспектива кога станува збор за владеењето на правото во Црна Гора.

Ова е дел од нашата европска агенда и сигурен сум дека целиот политички спектар треба да се собере околу нашата европска иднина, рече Абазовиќ.

Тој наведе дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан разговарале за многу теми. Додаде дека средбата поминала во многу добра и позитивна атмосфера.

Абазовиќ му се заблагодари на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој го отвори прашањето за идејата за изградба на регионален енергетски терминал, кој би го финансирала Европската унија.

Тој рече дека Црна Гора е подготвена да аплицира, да ги понуди своите капацитети и додаде дека енергетиката е во нивниот фокус подолго време.

Она што не интересира е конечно да добиеме поморска врска со Италија, да го вратиме траектот Бар-Бари, Бар-Анкона, да го вратиме нашиот Свети Стефан. Тоа е амбиција на Владата, рече Абазовиќ.

Според него, Црна Гора е место на спојување.

Верувам дека можеме да придонесеме за некои регионални процеси што се случуваат и дека конечно треба да се стави фокус на она што е заедничка иднина, економија и животниот стандард, рече Абазовиќ.

Зборувајќи за претстојната туристичка сезона, тој рече дека очекува голем број туристи од ЕУ и од регионот.

Мислам дека во секој случај, на секое место во Европа и светот, Црна Гора демонстрира дека е земја достојна за почит, рече Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Положивме голем демократски испит appeared first on Република.

]]>

Црна Гора во изминатите неколку дена положи голем демократски испит, изјави црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ. Тој ова го изјави по средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан што се одржа во Рим.
Ние претходните денови положивме голем демократски испит, покажавме дека можеме целосно слободно да организираме избори, во опуштена атмосфера, и да им овозможиме на граѓаните да избираат онака како што мислат дека треба, рече Абазовиќ.
Тој додаде дека верува оти со тоа се отвора нова перспектива кога станува збор за владеењето на правото во Црна Гора.
Ова е дел од нашата европска агенда и сигурен сум дека целиот политички спектар треба да се собере околу нашата европска иднина, рече Абазовиќ.
Тој наведе дека на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан разговарале за многу теми. Додаде дека средбата поминала во многу добра и позитивна атмосфера. Абазовиќ му се заблагодари на европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји кој го отвори прашањето за идејата за изградба на регионален енергетски терминал, кој би го финансирала Европската унија. Тој рече дека Црна Гора е подготвена да аплицира, да ги понуди своите капацитети и додаде дека енергетиката е во нивниот фокус подолго време.
Она што не интересира е конечно да добиеме поморска врска со Италија, да го вратиме траектот Бар-Бари, Бар-Анкона, да го вратиме нашиот Свети Стефан. Тоа е амбиција на Владата, рече Абазовиќ.
Според него, Црна Гора е место на спојување.
Верувам дека можеме да придонесеме за некои регионални процеси што се случуваат и дека конечно треба да се стави фокус на она што е заедничка иднина, економија и животниот стандард, рече Абазовиќ.
Зборувајќи за претстојната туристичка сезона, тој рече дека очекува голем број туристи од ЕУ и од регионот. Мислам дека во секој случај, на секое место во Европа и светот, Црна Гора демонстрира дека е земја достојна за почит, рече Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Положивме голем демократски испит appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ го поддржа Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-go-poddrzha-milatovik-vo-vtoriot-krug-od-pretsedatelskite-izbori-vo-tsrna-gora/ Tue, 21 Mar 2023 16:58:14 +0000 https://republika.mk/?p=622157

Главниот одбор на Граѓанското движење УРА на техничкиот премиер Дритан Абазовиќ денеска го поддржа Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето за Европа, за вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 2 април.

Движењето УРА ги покани сите свои членови и симпатизери да гласаат за Милатовиќ на второто изјаснување.

Победата на Јаков Милатовиќ ќе означи дефинитивен крај на владеењето на режимот на Ѓукановиќ во Црна Гора, што трае повеќе од 30 години. Со тоа целосно ќе се постигне една од нивните програмски цели прокламирани во моментот на формирање“, се наведува во соопштението на УРА.

Од УРА наведуваат дека логистички и во секоја друга смисла ќе му стојат на располагање на Милатовиќ и неговите стручни лица за победата над Ѓукановиќ да биде што поубедлива.

Сето тоа за што се залагавме како партија, за изградба на модерно општество, сега се случува во Црна Гора. Фокусот веќе не е на минатото туку на напредокот и тоа е огромна сатисфакција. Заедно со нашите партнери успеавме целосно да ја покажеме глупоста на дискурсот што ДПС го прошири и со тоа остана на власт, ​​соопшти УРА.

Тие посочуваат дека сите приказни за поделеност, омраза и нетрпеливост кои се уште се туркаат од таборот на Ѓукановиќ паѓаат во вода и се уриваат како куќа од карти.

Време е за нова, модерна Црна Гора, прва следна членка на Европската унија, а УРА ќе продолжи да го дава својот придонес на тој пат“, се наведува во соопштението на УРА.

The post Абазовиќ го поддржа Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Главниот одбор на Граѓанското движење УРА на техничкиот премиер Дритан Абазовиќ денеска го поддржа Јаков Милатовиќ, кандидатот на Движењето за Европа, за вториот круг од претседателските избори, што ќе се одржат на 2 април. Движењето УРА ги покани сите свои членови и симпатизери да гласаат за Милатовиќ на второто изјаснување.
Победата на Јаков Милатовиќ ќе означи дефинитивен крај на владеењето на режимот на Ѓукановиќ во Црна Гора, што трае повеќе од 30 години. Со тоа целосно ќе се постигне една од нивните програмски цели прокламирани во моментот на формирање“, се наведува во соопштението на УРА.
Од УРА наведуваат дека логистички и во секоја друга смисла ќе му стојат на располагање на Милатовиќ и неговите стручни лица за победата над Ѓукановиќ да биде што поубедлива.
Сето тоа за што се залагавме како партија, за изградба на модерно општество, сега се случува во Црна Гора. Фокусот веќе не е на минатото туку на напредокот и тоа е огромна сатисфакција. Заедно со нашите партнери успеавме целосно да ја покажеме глупоста на дискурсот што ДПС го прошири и со тоа остана на власт, ​​соопшти УРА.
Тие посочуваат дека сите приказни за поделеност, омраза и нетрпеливост кои се уште се туркаат од таборот на Ѓукановиќ паѓаат во вода и се уриваат како куќа од карти.
Време е за нова, модерна Црна Гора, прва следна членка на Европската унија, а УРА ќе продолжи да го дава својот придонес на тој пат“, се наведува во соопштението на УРА.

The post Абазовиќ го поддржа Милатовиќ во вториот круг од претседателските избори во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Ги охрабрувам Косово и Србија да изнајдат заедничко решение https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-gi-ohrabruvam-kosovo-i-srbija-da-iznajdat-zaednichko-reshenie/ Wed, 01 Mar 2023 17:39:14 +0000 https://republika.mk/?p=614814

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ од вториот Економски форум во Скопје упати охрабрување до Косово и Србија за изнаоѓање на конечно решение, со оценка дека тоа ќе биде силен поттик и за целиот регион.

-Црна Гора е најмалата земја во регионот и кога сте најмали имате интерес да одржувате добри добрососедски односи, да промовирате толеранција, мир и да придонесте за изнаоѓање решение за отворените прашања во регионот. Во овој контекст сакам да ги охрабрам двете страни – премиерот на Косово и претседателот на Србија да изнајдат заедничко решение за односите меѓу Србија и Косово бидејќи ако го најдеме тоа решение ќе дадеме силен поттик за целиот регион, не само за овие две земји. Ние ја поддржуваме намерата на меѓународната заедница конечно да се постигне договор и да се потпише. Секако не сме ние што треба да кажеме кој што треба да направи, тоа е одговорност на двете влади, но дефинитивно ЦГ сака да испрати порака од овде, од Скопје дека ги поттикнуваме двете страни и меѓунардоната заедница конечно да се постигне заеднички договор и да се релаксираат односите во регионот, рече Абазовиќ.

Според него, во контекст на регионалната соработка на Западен Балкан секогаш постојат и имаме различни видови недоразбирања, но пред се, меѓу политичарите, кои премногу зборуваат за минатото.

-Она што можеме да го смениме е иднината, не може да го смениме минатото. Ако го префрлиме фокусот од минатото и почнеме да зборуваме за иднината мислам дека регионот ќе има многу добри можности да биде успешен и сите земји од Западен Балкан ќе можат да бидат поделотворни во пороцесот на евроинтеграциите, вели Абазовиќ.

За тоа како може да се помогне за односите во регионот, Абазовиќ смета дека се потребни повеќе договори како тие постигнати во Берлин, во ноември, лани во рамки на Берлинскиот Процес. Подгорица дава и поддршка и на иницијативата за Отворен Балкан, бидејќи идејата е вели да се има поголема соработка, а со поголема и пред се искрена соработка, ќе нема проблеми.

-Јас лично исто така сум поддржувач на различни иницијативи како и на Отворен Балкан, бидејќи кога фокусот е на економскиот напредок тоа треба да се прифаќа во регионот. Она што ни треба за помирување е поголема мобилност на луѓето, лесен пристап до луѓето, Не зборувам за промена на границите туку границите да станат пофлекисибилни како во ЕУ. Луѓето не треба да чекаат по границите. Сега имаме договор да преминуваме граница со лична карта. Следниот чекар е да преминуваме граница без лична карта. Ако сакаме да се видиме во европското семејство треба да имаме европско однесување, а тие имаат слободен пазар за трговија. Затоа Владата на Црна Гора го поддржува, вели црногорскиот премиер.

Смета и дека Отворен Балкан „го разбуди“ Берлинскиот процес и претствува позитивна конкуренција.

-Двете иницијативи ги сметам за крајно слични, речиси идентични. Ако имате монопол само на еден хотел во ред е, но е многу подобро ако имате добра конкуренција, оти таа ве турка да имате поквалитетна понуда, вели Абазовиќ подвлекувајќи ја и предноста на ОБ како на иницијатива која доаѓа од самиот регион и која што не претставува замена за евроинтеграција, туку алатка за побрзо интегрирање.

Тој постети и на важноста од заеднички инфраструктурни проекти за поврзување на регионот, бидејќи вели тоа е иднината. При тоа се осврна и на повеќето договори склучени неодамна на заедничката седница на владите на Црна Гора и на Албанија.

-Ние сме туристичка земја и нашата амбиција е да ги натераме луѓето да доаѓаат во Црна Гора, вели премиерот на Црна Гора Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Ги охрабрувам Косово и Србија да изнајдат заедничко решение appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ од вториот Економски форум во Скопје упати охрабрување до Косово и Србија за изнаоѓање на конечно решение, со оценка дека тоа ќе биде силен поттик и за целиот регион.
-Црна Гора е најмалата земја во регионот и кога сте најмали имате интерес да одржувате добри добрососедски односи, да промовирате толеранција, мир и да придонесте за изнаоѓање решение за отворените прашања во регионот. Во овој контекст сакам да ги охрабрам двете страни – премиерот на Косово и претседателот на Србија да изнајдат заедничко решение за односите меѓу Србија и Косово бидејќи ако го најдеме тоа решение ќе дадеме силен поттик за целиот регион, не само за овие две земји. Ние ја поддржуваме намерата на меѓународната заедница конечно да се постигне договор и да се потпише. Секако не сме ние што треба да кажеме кој што треба да направи, тоа е одговорност на двете влади, но дефинитивно ЦГ сака да испрати порака од овде, од Скопје дека ги поттикнуваме двете страни и меѓунардоната заедница конечно да се постигне заеднички договор и да се релаксираат односите во регионот, рече Абазовиќ.
Според него, во контекст на регионалната соработка на Западен Балкан секогаш постојат и имаме различни видови недоразбирања, но пред се, меѓу политичарите, кои премногу зборуваат за минатото. -Она што можеме да го смениме е иднината, не може да го смениме минатото. Ако го префрлиме фокусот од минатото и почнеме да зборуваме за иднината мислам дека регионот ќе има многу добри можности да биде успешен и сите земји од Западен Балкан ќе можат да бидат поделотворни во пороцесот на евроинтеграциите, вели Абазовиќ. За тоа како може да се помогне за односите во регионот, Абазовиќ смета дека се потребни повеќе договори како тие постигнати во Берлин, во ноември, лани во рамки на Берлинскиот Процес. Подгорица дава и поддршка и на иницијативата за Отворен Балкан, бидејќи идејата е вели да се има поголема соработка, а со поголема и пред се искрена соработка, ќе нема проблеми.
-Јас лично исто така сум поддржувач на различни иницијативи како и на Отворен Балкан, бидејќи кога фокусот е на економскиот напредок тоа треба да се прифаќа во регионот. Она што ни треба за помирување е поголема мобилност на луѓето, лесен пристап до луѓето, Не зборувам за промена на границите туку границите да станат пофлекисибилни како во ЕУ. Луѓето не треба да чекаат по границите. Сега имаме договор да преминуваме граница со лична карта. Следниот чекар е да преминуваме граница без лична карта. Ако сакаме да се видиме во европското семејство треба да имаме европско однесување, а тие имаат слободен пазар за трговија. Затоа Владата на Црна Гора го поддржува, вели црногорскиот премиер.
Смета и дека Отворен Балкан „го разбуди“ Берлинскиот процес и претствува позитивна конкуренција.
-Двете иницијативи ги сметам за крајно слични, речиси идентични. Ако имате монопол само на еден хотел во ред е, но е многу подобро ако имате добра конкуренција, оти таа ве турка да имате поквалитетна понуда, вели Абазовиќ подвлекувајќи ја и предноста на ОБ како на иницијатива која доаѓа од самиот регион и која што не претставува замена за евроинтеграција, туку алатка за побрзо интегрирање.
Тој постети и на важноста од заеднички инфраструктурни проекти за поврзување на регионот, бидејќи вели тоа е иднината. При тоа се осврна и на повеќето договори склучени неодамна на заедничката седница на владите на Црна Гора и на Албанија.
-Ние сме туристичка земја и нашата амбиција е да ги натераме луѓето да доаѓаат во Црна Гора, вели премиерот на Црна Гора Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Ги охрабрувам Косово и Србија да изнајдат заедничко решение appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ повеќе да не е претседател на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovik-najvazhno-e-gukanovik-poveke-da-ne-e-pretsedatel-na-tsrna-gora/ Mon, 23 Jan 2023 17:35:26 +0000 https://republika.mk/?p=600113

Граѓанското движење УРА се уште нема заземено официјален став по однос претседателските избори, ќе видиме кои ќе бидат кандидатите, но најважно е што Мило Ѓукановиќ повеќе не е претседател на државата, изјави премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ.

Абазовиќ тоа го истакна пред медиумите, искористувајќи ја можноста да даде коментар по однос изјавата на пратеникот на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој рече дека Црна Гора е пред институционален колапс.

„Ескобар е пријател на Црна Гора и ако се гледа од перспектива на Уставниот суд, никој не може да игнорира дека сме во многу незавидна ситуација. Што се однесува до другите работи, мислам дека системот нема никаков проблем со функционалноста и мислам оти тоа го чувствуваат граѓаните“, рече Абазовиќ.

Тој уште еднаш ги повика пратениците да ги изберат сите четворица судии на Уставниот суд.

„Ако не бидат избрани на 10 февруари, на сите им е јасно кој ќе биде виновникот“, додаде Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ повеќе да не е претседател на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Граѓанското движење УРА се уште нема заземено официјален став по однос претседателските избори, ќе видиме кои ќе бидат кандидатите, но најважно е што Мило Ѓукановиќ повеќе не е претседател на државата, изјави премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ. Абазовиќ тоа го истакна пред медиумите, искористувајќи ја можноста да даде коментар по однос изјавата на пратеникот на Соединетите Американски Држави, Габриел Ескобар, кој рече дека Црна Гора е пред институционален колапс. „Ескобар е пријател на Црна Гора и ако се гледа од перспектива на Уставниот суд, никој не може да игнорира дека сме во многу незавидна ситуација. Што се однесува до другите работи, мислам дека системот нема никаков проблем со функционалноста и мислам оти тоа го чувствуваат граѓаните“, рече Абазовиќ. Тој уште еднаш ги повика пратениците да ги изберат сите четворица судии на Уставниот суд. „Ако не бидат избрани на 10 февруари, на сите им е јасно кој ќе биде виновникот“, додаде Абазовиќ.

The post Абазовиќ: Најважно е Ѓукановиќ повеќе да не е претседател на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Aбазовиќ му се закани на Ѓукановиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-mu-se-zakani-na-gjukanovikj/ Mon, 12 Dec 2022 14:39:09 +0000 https://republika.mk/?p=584858

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ треба да биде подготвен за последиците доколку повторно одбие да го потпише Законот за Претседател, изјави премиерот Дритан Абазовиќ.

По претставувањето на Директоратот за интеркултурализам, Абазовиќ беше прашан што ќе се случи доколку Ѓукановиќ повторно одбие да ги потпише измените на Законот за Претседател и рече дека претседателот на Хрватска веќе еднаш го прекршил законот.

– Нека го прави тоа постојано, бидејќи се доаѓа на наплата. Моето барање е да не го прави тоа, но ако не сака да потпише, нека биде подготвен за последиците“ изјави Абазовиќ.

На прашањето какви се можностите доколку тоа се случи, тој рече дека има можности.

– Постојат можности, нема причина за загриженост. Демократската партија на социјалистите сака метеж во Црна Гора. Можат да го забават текот што започна, но не можат целосно да го сменат, изјави Абазовиќ

The post Aбазовиќ му се закани на Ѓукановиќ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ треба да биде подготвен за последиците доколку повторно одбие да го потпише Законот за Претседател, изјави премиерот Дритан Абазовиќ. По претставувањето на Директоратот за интеркултурализам, Абазовиќ беше прашан што ќе се случи доколку Ѓукановиќ повторно одбие да ги потпише измените на Законот за Претседател и рече дека претседателот на Хрватска веќе еднаш го прекршил законот. – Нека го прави тоа постојано, бидејќи се доаѓа на наплата. Моето барање е да не го прави тоа, но ако не сака да потпише, нека биде подготвен за последиците“ изјави Абазовиќ. На прашањето какви се можностите доколку тоа се случи, тој рече дека има можности. – Постојат можности, нема причина за загриженост. Демократската партија на социјалистите сака метеж во Црна Гора. Можат да го забават текот што започна, но не можат целосно да го сменат, изјави Абазовиќ

The post Aбазовиќ му се закани на Ѓукановиќ appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Во Црна Гора има десет криминални кланови https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-vo-crna-gora-ima-devet-krimimalni-klanovi/ Tue, 08 Nov 2022 10:43:20 +0000 https://republika.mk/?p=571333

Премиерот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ тврди дека Црна Гора не е целосно исчистена од криминал и корупција, но, за време на мандатот на неговата влада е направено доста и оти државата се менува.

– Не е целосно исчистена од криминал и корупција, но, сметам дека ситуацијата е далеку подобра отколку пред две години. Очекувам во наредните две, три години ситуацијата да биде уште подобра. А со помошта што ќе пристигне во јануари, можеби и во некои наредни месеци, ќе биде многу подобра ситуацијата, изјави тој во разговор со странски новинари.

Според неговите зборови, во Црна Гора има повеќе криминални кланови, како тие во Котор, или вкупно десет.

– Тоа се високоризични криминални групи, меѓутоа, ниту една од овие набљудувани групи не е силна, ни бројчано, ни логистички, како Кавачкиот и Шкаљарскиот клан, појасни Абазовиќ.

Како што додаде Абазовиќ, изминатите две години доста е направено против тие групи што делуваат не само во Црна Гора или регионално, туку се дел од транснационална криминална мрежа.

Околу неговото граѓанско движење УРА, тој смета оти постигнати се сите негови политички цели, а примарната била „државата повеќе да не ја води мафија“.

– Главниот удар што ѝ го зададовме на мафијата беше на 30 август, а сега, на локалните избори, ДПС и нивните партнери се поразени во повеќето градови во Црна Гора. Доколку ја следевте политичката кампања во нашата земја, сведочевте дека главната борба се водеше меѓу УРА и ДПС. Потоа, ДПС е политички поразен, а УРА е таму каде што беше и претходно. Само во Подгорица изгубивме дел од гласовите, а во другите градови дури и сме наградени од граѓаните. Среќен сум поради тоа, подвлече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ.

Абазовиќ обвини „одредени лица“ кои се во контакт со Кавачкиот клан за обид да го криминализираат.

– Имавме една ситуација, акција против шверц на цигари, каде еден камион имаше „врска“ со мене. Тоа беше сосема лудо. Се обидоа кампањата да биде идентична како во Србија во 2003 година кога е убиен премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Што значи ова? Да те криминализирам, да те „поврзувам“ со некои лица, па доколку нешто ми се случи, луѓето не би кажале „се случува затоа што тој се бореше против криминалот“, туку затоа што си бил дел од организиран криминал, истакна Абазовиќ.

Тој „никогаш“ не се прави жртва и „навистина“ не сака да ја споредува оваа ситуација со таа кога во Србија е убиен Ѓинѓиќ, но, тоа јасно го препознава, „затоа што постоеше медиумска кампања што имаше политичка поддршка и бидејќи беа вклучени луѓе од безбедносниот сектор кои се отстранети од должност“.

– Тоа е формула што на Западен Балкан е многу слична. Слично како кога сакате некому нешто да му се случи или некому на крај да испратите некаква порака. Тоа не значи оти ќе бидете елиминирани, но, тоа е подготовка на теренот за нешто што ќе се случи. Мислам дека тоа на време го препознавме, не се откажав и подготвен сум да го сторам тоа што го правев досега, заклучи Абазовиќ. 

The post Абазовиќ: Во Црна Гора има десет криминални кланови appeared first on Република.

]]>

Премиерот на црногорската Влада во технички мандат, Дритан Абазовиќ тврди дека Црна Гора не е целосно исчистена од криминал и корупција, но, за време на мандатот на неговата влада е направено доста и оти државата се менува. – Не е целосно исчистена од криминал и корупција, но, сметам дека ситуацијата е далеку подобра отколку пред две години. Очекувам во наредните две, три години ситуацијата да биде уште подобра. А со помошта што ќе пристигне во јануари, можеби и во некои наредни месеци, ќе биде многу подобра ситуацијата, изјави тој во разговор со странски новинари. Според неговите зборови, во Црна Гора има повеќе криминални кланови, како тие во Котор, или вкупно десет. – Тоа се високоризични криминални групи, меѓутоа, ниту една од овие набљудувани групи не е силна, ни бројчано, ни логистички, како Кавачкиот и Шкаљарскиот клан, појасни Абазовиќ. Како што додаде Абазовиќ, изминатите две години доста е направено против тие групи што делуваат не само во Црна Гора или регионално, туку се дел од транснационална криминална мрежа. Околу неговото граѓанско движење УРА, тој смета оти постигнати се сите негови политички цели, а примарната била „државата повеќе да не ја води мафија“. – Главниот удар што ѝ го зададовме на мафијата беше на 30 август, а сега, на локалните избори, ДПС и нивните партнери се поразени во повеќето градови во Црна Гора. Доколку ја следевте политичката кампања во нашата земја, сведочевте дека главната борба се водеше меѓу УРА и ДПС. Потоа, ДПС е политички поразен, а УРА е таму каде што беше и претходно. Само во Подгорица изгубивме дел од гласовите, а во другите градови дури и сме наградени од граѓаните. Среќен сум поради тоа, подвлече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ. Абазовиќ обвини „одредени лица“ кои се во контакт со Кавачкиот клан за обид да го криминализираат.
– Имавме една ситуација, акција против шверц на цигари, каде еден камион имаше „врска“ со мене. Тоа беше сосема лудо. Се обидоа кампањата да биде идентична како во Србија во 2003 година кога е убиен премиерот на Србија, Зоран Ѓинѓиќ. Што значи ова? Да те криминализирам, да те „поврзувам“ со некои лица, па доколку нешто ми се случи, луѓето не би кажале „се случува затоа што тој се бореше против криминалот“, туку затоа што си бил дел од организиран криминал, истакна Абазовиќ.
Тој „никогаш“ не се прави жртва и „навистина“ не сака да ја споредува оваа ситуација со таа кога во Србија е убиен Ѓинѓиќ, но, тоа јасно го препознава, „затоа што постоеше медиумска кампања што имаше политичка поддршка и бидејќи беа вклучени луѓе од безбедносниот сектор кои се отстранети од должност“.
– Тоа е формула што на Западен Балкан е многу слична. Слично како кога сакате некому нешто да му се случи или некому на крај да испратите некаква порака. Тоа не значи оти ќе бидете елиминирани, но, тоа е подготовка на теренот за нешто што ќе се случи. Мислам дека тоа на време го препознавме, не се откажав и подготвен сум да го сторам тоа што го правев досега, заклучи Абазовиќ. 

The post Абазовиќ: Во Црна Гора има десет криминални кланови appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Mи се спрема атентат како на Ѓинѓиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-mi-se-sprema-atentat-kako-na-gjingjikj/ Tue, 01 Nov 2022 12:26:08 +0000 https://republika.mk/?p=568284

Дритан Абазовиќ во црногорското собрание рече дека целта на неговите непријатели била тој  да се криминализира како премиер.

-Дојде странски дипломат и го кажа следново: Она што се подготвува е истото сценарио како и со Ѓинѓиќ. Да, ако нешто ви се случи, никој не вели дека тоа се случило поради борба против криминалот, туку поради поврзаност со криминал- рече Абазовиќ.

Тој посочи дека борбата против шверцот со цигари е беспрекорна и дека ситуацијата со исчезнатиот камион со цигари „била наместена“.

The post Абазовиќ: Mи се спрема атентат како на Ѓинѓиќ appeared first on Република.

Дивац отсега е Црногорец, Абазовиќ му даде пасош https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/divac-otsega-e-crnogorec-abazovikj-mu-dade-pasosh/ Tue, 01 Nov 2022 11:04:38 +0000 https://republika.mk/?p=568244

Премиерот на црногорската влада во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ му го врачи црногорскиот пасош на познатиот српски кошаркар Владо Дивац.

Од друга страна, Дивац за возврат му подари на Дритан потпишан дрес на Лос Анџелес Лејкерс, познатиот НБА клуб за кој настапуваше.

Дивац подолго време престојува во Црна Гора, а сега ја круниса со државјанство откако ги критикуваше српските власти.

The post Дивац отсега е Црногорец, Абазовиќ му даде пасош appeared first on Република.

]]>

Премиерот на црногорската влада во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ му го врачи црногорскиот пасош на познатиот српски кошаркар Владо Дивац. Од друга страна, Дивац за возврат му подари на Дритан потпишан дрес на Лос Анџелес Лејкерс, познатиот НБА клуб за кој настапуваше. Дивац подолго време престојува во Црна Гора, а сега ја круниса со државјанство откако ги критикуваше српските власти.

The post Дивац отсега е Црногорец, Абазовиќ му даде пасош appeared first on Република.

]]>
Иако му е изгласана недоверба, Абазовиќ ги смени министрите за одбрана и за надворешн работи на Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/iako-mu-e-izglasana-nedoverba-abazovikj-gi-smeni-ministrite-za-odbrana-i-za-nadvoreshn-raboti-na-crna-gora/ Sat, 22 Oct 2022 08:12:14 +0000 https://republika.mk/?p=564225

Собранието на Црна Гора ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ на предлог на премиерот Дритан Абазовиќ, на чија Влада претходно и беше изгласана недоверба.

Тоа е првпат во парламентарната историја министри да бидат разрешени од влада на која веќе и е изгласана недоверба, што според мислењето на правници е противуставно. Пратениците гласаа пред почетокот на молкот за локалните избори закажани за в недела на 23 октомври.

Абазовиќ порача дека Коњевиќ и Кривокапиќ немаат право да ги злоупотребуваат своите позиции.

Ако некој мисли дека надворешната политика на Црна Гора треба да се прилагоди на одбраната на Ѓукановиќ (претседателот Мило), со засипување на меѓународната заедница со неточни информации, мислам дека тоа е сосема несоодветно. Министерот за одбрана не го направи она што се очекуваше од него - истакна Абазовиќ.

Тој деновиве размени низа сериозни обвинувања со Коњевиќ и Кривокапиќ, кои се членови на Социјалдемократската партија. СДП е дел од малцинската влада на Абазовиќ, избрана во април, по падот на владата на Здравко Кривокапиќ.

Таа партија е еден од иницијаторите за падот на владата на Абазовиќ во август годинава, по потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква. На владата и беше изгласана недоверба на 19 август.

Ѓукановиќ откако никому не му го довери мандатот за состав на нова влада, до собранието достави предлог за скратување на мандатот и распишување нови избори, но не го доби потребното мнозинство гласови.

Сега Владата работи со технички мандат, Уставниот суд е блокиран бидејќи не се избрани нови членови, а ДФ предложи да се донесе Законот за претседател за да се намалат овластувањата на Ѓукановиќ во однос на предлагањето на претставници и амбасадори.

The post Иако му е изгласана недоверба, Абазовиќ ги смени министрите за одбрана и за надворешн работи на Црна Гора appeared first on Република.

]]>

Собранието на Црна Гора ги разреши министрите за одбрана и за надворешни работи Рашко Коњевиќ и Ранко Кривокапиќ на предлог на премиерот Дритан Абазовиќ, на чија Влада претходно и беше изгласана недоверба. Тоа е првпат во парламентарната историја министри да бидат разрешени од влада на која веќе и е изгласана недоверба, што според мислењето на правници е противуставно. Пратениците гласаа пред почетокот на молкот за локалните избори закажани за в недела на 23 октомври. Абазовиќ порача дека Коњевиќ и Кривокапиќ немаат право да ги злоупотребуваат своите позиции.
Ако некој мисли дека надворешната политика на Црна Гора треба да се прилагоди на одбраната на Ѓукановиќ (претседателот Мило), со засипување на меѓународната заедница со неточни информации, мислам дека тоа е сосема несоодветно. Министерот за одбрана не го направи она што се очекуваше од него - истакна Абазовиќ.
Тој деновиве размени низа сериозни обвинувања со Коњевиќ и Кривокапиќ, кои се членови на Социјалдемократската партија. СДП е дел од малцинската влада на Абазовиќ, избрана во април, по падот на владата на Здравко Кривокапиќ. Таа партија е еден од иницијаторите за падот на владата на Абазовиќ во август годинава, по потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква. На владата и беше изгласана недоверба на 19 август. Ѓукановиќ откако никому не му го довери мандатот за состав на нова влада, до собранието достави предлог за скратување на мандатот и распишување нови избори, но не го доби потребното мнозинство гласови. Сега Владата работи со технички мандат, Уставниот суд е блокиран бидејќи не се избрани нови членови, а ДФ предложи да се донесе Законот за претседател за да се намалат овластувањата на Ѓукановиќ во однос на предлагањето на претставници и амбасадори.

The post Иако му е изгласана недоверба, Абазовиќ ги смени министрите за одбрана и за надворешн работи на Црна Гора appeared first on Република.

]]>
Претседателот на Црна Гора ги создал двата кланови, со едниот дури и се сликал? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pretsedatelot-na-crna-gora-gi-sozdal-dvata-klanovi-so-edniot-duri-i-se-slikal/ Mon, 17 Oct 2022 12:17:06 +0000 https://republika.mk/?p=562080

Црногорскиот претседател го уништил дотогаш единствениот „которски клан“, кој не можеше да го држи под контрола и предизвика војна која досега однесе 60 животи.

Оперативните податоци собрани низ годините даваат основано сомневање дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е вистинскиот шеф на мафијата, која потекнува од оваа земја, а се разгранува во регионот и во целиот свет.

Ова го покажуваат документите на црногорските безбедносни служби во кои имале увид „српски Телеграф“  и во кои се нагласува дека се уште нема докази за овие сомнежи кои би довеле до судска постапка, но дека се укажува дека Мило е во врска со најсилните европски и латиноамерикански нарко-картели.

Поради неможноста да се стави под контрола тогаш единствениот „которски клан“, донесена е одлука за негова поделба. Поради оваа причина, доверливиот на Мило, Брано Миќуновиќ, организирал кражба на неколку стотици килограми кокаин во Валенсија (Шпанија) во 2014 година со цел да предизвика конфликт и раскол меѓу клановите Шкалјар и Кавач - се тврди во документот.

Мило тогаш се стави на страната на Кавачкиот клан. Но пред неколку денови премиерот Абазовиќ објави фотографии во кои актуелниот претседател на државата е со членови на соперничкиот Шкаљарски клан.

The post Претседателот на Црна Гора ги создал двата кланови, со едниот дури и се сликал? appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот претседател го уништил дотогаш единствениот „которски клан“, кој не можеше да го држи под контрола и предизвика војна која досега однесе 60 животи. Оперативните податоци собрани низ годините даваат основано сомневање дека црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ е вистинскиот шеф на мафијата, која потекнува од оваа земја, а се разгранува во регионот и во целиот свет. Ова го покажуваат документите на црногорските безбедносни служби во кои имале увид „српски Телеграф“  и во кои се нагласува дека се уште нема докази за овие сомнежи кои би довеле до судска постапка, но дека се укажува дека Мило е во врска со најсилните европски и латиноамерикански нарко-картели. Поради неможноста да се стави под контрола тогаш единствениот „которски клан“, донесена е одлука за негова поделба. Поради оваа причина, доверливиот на Мило, Брано Миќуновиќ, организирал кражба на неколку стотици килограми кокаин во Валенсија (Шпанија) во 2014 година со цел да предизвика конфликт и раскол меѓу клановите Шкалјар и Кавач - се тврди во документот. Мило тогаш се стави на страната на Кавачкиот клан. Но пред неколку денови премиерот Абазовиќ објави фотографии во кои актуелниот претседател на државата е со членови на соперничкиот Шкаљарски клан.

The post Претседателот на Црна Гора ги создал двата кланови, со едниот дури и се сликал? appeared first on Република.

]]>
Црногорската влада го смени шефот на Агенцијата за национална безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crnogorskata-vlada-go-smeni-shefot-na-agencijata-za-nacionalna-bezbednost/ Fri, 07 Oct 2022 18:42:00 +0000 https://republika.mk/?p=558548

Владата на Црна Гора денеска со мнозинство гласови го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Саво Кентера на предлог на премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ, објавија црногорските медиуми.

Во Црна Гора е актуелна аферата со шверц на цигари и протерување граѓани кои се осомничени дека работат за руски служби. И двата случаи ги води АНБ во соработка со Специјалното државно обвинителство. Кентера важи за човек близок до НАТО и САД.

Абазовиќ претходно денеска изјави дека има „одредени забелешки“ за работата на Агенцијата за национална безбедност во врска со шверцот со цигари.

Кентера беше назначен за в.д директор на АНБ на 5 мај, по разрешувањето на Дејан Вукшиќ, кој тогаш со поранешниот премиер ја основаше Демократската христијанска партија. И двајцата се блиски до Српската православна црква (СПЦ).

Поранешниот директор на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, пред два дена поднесе оставка. Тој претходно беше сослушан за шверц на цигари и изјави дека не се плаши од апсење и дека бил жртва на обид да се собори Абазовиќ.

Во рамки на истрагата за исчезнувањето на камион полн со цигари наменети за уништување, приведени се повеќе службеници на Управата.

По акцијата на АНБ на 29 септември, во соработка со меѓународните партнери на Црна Гора, а по налог на Специјалното државно обвинителство, беше покрената истрага против неколку лица во Подгорица поради сомнение дека соработувале со руската тајна служба.

Потоа Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност го прекинаа престојот и забранија влез во Црна Гора на 28 странски државјани осомничени дека работат за странски служби. Меѓу нив е и поранешниот амбасадор на Србија, Владимир Божовиќ.

Официјална Подгорица на 29 септември го прекина престојот на шестмина руски дипломати од руската амбасада во Подгорица.

Москва го окарактеризира тој чин како непријателски и го затвори Конзуларното одделение во Подгорица.

The post Црногорската влада го смени шефот на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>

Владата на Црна Гора денеска со мнозинство гласови го разреши директорот на Агенцијата за национална безбедност Саво Кентера на предлог на премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ, објавија црногорските медиуми. Во Црна Гора е актуелна аферата со шверц на цигари и протерување граѓани кои се осомничени дека работат за руски служби. И двата случаи ги води АНБ во соработка со Специјалното државно обвинителство. Кентера важи за човек близок до НАТО и САД. Абазовиќ претходно денеска изјави дека има „одредени забелешки“ за работата на Агенцијата за национална безбедност во врска со шверцот со цигари. Кентера беше назначен за в.д директор на АНБ на 5 мај, по разрешувањето на Дејан Вукшиќ, кој тогаш со поранешниот премиер ја основаше Демократската христијанска партија. И двајцата се блиски до Српската православна црква (СПЦ). Поранешниот директор на Управата за приходи и царина на Црна Гора, Раде Милошевиќ, пред два дена поднесе оставка. Тој претходно беше сослушан за шверц на цигари и изјави дека не се плаши од апсење и дека бил жртва на обид да се собори Абазовиќ. Во рамки на истрагата за исчезнувањето на камион полн со цигари наменети за уништување, приведени се повеќе службеници на Управата. По акцијата на АНБ на 29 септември, во соработка со меѓународните партнери на Црна Гора, а по налог на Специјалното државно обвинителство, беше покрената истрага против неколку лица во Подгорица поради сомнение дека соработувале со руската тајна служба. Потоа Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за национална безбедност го прекинаа престојот и забранија влез во Црна Гора на 28 странски државјани осомничени дека работат за странски служби. Меѓу нив е и поранешниот амбасадор на Србија, Владимир Божовиќ. Официјална Подгорица на 29 септември го прекина престојот на шестмина руски дипломати од руската амбасада во Подгорица. Москва го окарактеризира тој чин како непријателски и го затвори Конзуларното одделение во Подгорица.

The post Црногорската влада го смени шефот на Агенцијата за национална безбедност appeared first on Република.

]]>
Ковачевски, Вучиќ и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-vuchikj-i-abazovikj-na-makedonskiot-shtand-na-vinska-vizija-na-otvoren-balkan/ Thu, 01 Sep 2022 15:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=546502

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој беше отворен денеска во Белград, имаше средба со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ.

Ковачевски, на средбата со Абазовиќ на еден од македонските штандови, рече дека ние сме регион којшто е познат во светот по производство и по извоз на вино и дека Македонија е втора во регионот по извоз и 29 во светот по извоз на квалитетно вино.

Црногорскиот премиер Абазаовиќ, изрази честитики, на како што рече, нашите пријатели од Македонија на преубавиот саем.

Навистина сте познати по виното и навистина е спектакуларно виното по мој вкус, иако не сум голем експерт. Застапено е на нашиот пазар во Црна Гора, посебно „Тиквеш“, нашиот пријател г. Јаневски, така што се надевам дека ги поставивте стандардите кои другите ќе ги пратат, изјави Абазовиќ.

Во регионот, рече Абазовиќ, има многу добри винарии, многу добри вина, но во секој случај ова е добра прилика да уживаме во добри работи.

Испраќаме поинаква порака, порака да работиме заедно, да се натпреваруваме во квалитет и воопшто не е спорно дали некој ќе биде подобар, па другар во друг период, но што се однесува на Македонија вашите вина се феноменални и ви честитам, порача црногорскиот премиер.

Ковачевски, претходно на отворањето на саемот заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, порача дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, со тоа што на едно место се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите од регионот.

Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Ковачевски.

Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Република Србија, Република Македонија и Република Албанија.

На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата.

Под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја ќе се претстави пред сѐ со 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

The post Ковачевски, Вучиќ и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски во рамки на Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој беше отворен денеска во Белград, имаше средба со премиерот на Црна Гора Дритан Абазовиќ. Ковачевски, на средбата со Абазовиќ на еден од македонските штандови, рече дека ние сме регион којшто е познат во светот по производство и по извоз на вино и дека Македонија е втора во регионот по извоз и 29 во светот по извоз на квалитетно вино. Црногорскиот премиер Абазаовиќ, изрази честитики, на како што рече, нашите пријатели од Македонија на преубавиот саем.
Навистина сте познати по виното и навистина е спектакуларно виното по мој вкус, иако не сум голем експерт. Застапено е на нашиот пазар во Црна Гора, посебно „Тиквеш“, нашиот пријател г. Јаневски, така што се надевам дека ги поставивте стандардите кои другите ќе ги пратат, изјави Абазовиќ.
Во регионот, рече Абазовиќ, има многу добри винарии, многу добри вина, но во секој случај ова е добра прилика да уживаме во добри работи.
Испраќаме поинаква порака, порака да работиме заедно, да се натпреваруваме во квалитет и воопшто не е спорно дали некој ќе биде подобар, па другар во друг период, но што се однесува на Македонија вашите вина се феноменални и ви честитам, порача црногорскиот премиер.
Ковачевски, претходно на отворањето на саемот заедно со премиерот на Албанија Еди Рама и претседателот на Србија Александар Вучиќ, порача дека тука се вкрстуваат винските патишта на Балканот, со тоа што на едно место се пресретнуваат производителите, откупувачите и дестилариите од регионот.
Отворен Балкан денеска покажува што значи интеграција, олеснет пристап, практична примена на политика на отворени врати и на добрососедство. Денеска тука ги поврзуваме нашите економии, отвораме нови пазари и пласмани, обезбедуваме простор за размена на нови идеи, технологии и пристапи за работа, изјави премиерот Ковачевски.
Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, се одржува во рамките на Самитот Отворен Балкан во следните четири дена во Белград, под покровителство на Република Србија, Република Македонија и Република Албанија. На Саемот учествуваат повеќе од 330 изложувачи од 22 земји, а Македонија ќе ја претстави својата традиција, обичаи, карактеристичната кујна, музика и фолклор, како и обележјата и вредностите на сите други заедници кои живеат во земјата. Под слоганот „Вкуси го животот”, нашата земја ќе се претстави пред сѐ со 42 винарии и три дестилерии кои пред посетителите ќе презентираат повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии.

The post Ковачевски, Вучиќ и Абазовиќ на македонскиот штанд на „Винска Визија на Отворен Балкан“ appeared first on Република.

]]>
Абазовиќ: Организираниот криминал продолжува да владее со Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-organiziraniot-kriminal-prodolzuva-da-vladee-so-crna-gora/ Sat, 20 Aug 2022 09:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=542255

Довчерашниот премиер на Црна Гора Дритан Абазовиќ во првата изјава по изгласувањето недоверба на неговата влада во парламентот рече дека работите сега се многу појасни и упати честитки за „новата коалиција на Алекса Бечиќ и Мило Ѓукановиќ“.

Подготвени сме да извршиме примопредавање. Ова е најинклузивната Влада што некогаш постоела, без реваншистички однос кон никого. Би сакал секоја наредна да биде таква, рече синоќа Абазовиќ на прес-конференција во Парламентот на Црна Гора.

Тој рече дека жали што организираниот криминал продолжува да ги користи краците за да ги уредува политичките односи.

Горд сум на сето она што го направивме за 100 дена. Ќе останеме запаметени како влада која траеше најкратко. Ќе направиме се за владата што ќе се формира по изборите да ја води Црна Гора во ЕУ, рече Абазовиќ, пренесува РТЦГ.

Тој рече дека УРА нема да учествува во Влада доколку се формира пред нови избори.

The post Абазовиќ: Организираниот криминал продолжува да владее со Црна Гора appeared first on Република.

Падна владата на Дритан Абазовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/padna-vladata-na-dritan-abazovikj/ Sat, 20 Aug 2022 06:46:43 +0000 https://republika.mk/?p=542206

Пратениците во црногорскиот Парламент доцна синоќа и изгласаа недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ.

Владата на Абазовиќ ќе биде во технички мандат до избор на нов кабинет или до нови парламентарни избори.

За иницијативата гласаа гласаа 51 од вкупно 81 пратеник, од кои 50 беа „за“, а еден против.

Пред гласањето, дел од опозицијата се обиде да се договори со Абазовиќ за реконструкција на Владата, по што во извршната власт би влегле сите политички партии во парламентот, освен оние кои поднесоа иницијатива за разрешување.

Но, опозициската Демократска Црна Гора на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, која има девет пратеници во парламентот, не ја прифати таа покана, туку нејзини претставници се изјаснија за уривање на Владата.

Благодарение на нивните гласови, падна и втората црногорска влада во помалку од две години по парламентарните избори на кои опозицијата по 30 години ја отстрани од власт Демократската партија на социјалистот Мило Ѓукановиќ.

На почетокот на февруари беше сменета владата предводена од Здравко Кривокапиќ, близок до Српската православна црква, а оваа на Абазовиќ беше избрана на крајот на април, откако 46 од вкупно 81 пратеник во црногорското собрание и дадоа доверба.

Црногорскиот премиер Абазовиќ претходно изјави дека зад иницијативата за негово разрешување и медиумските напади врз него стои градежниот концерн Бемакс, компанија за која тврди дека се занимава со шверц на цигари.

Абазовиќ рече дека челниците на компанијата Бемакс, која претходно се поврзуваше со поединци од Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, се сопственици на големата пратка цигари што беше запленета во црногорското пристаниште Бар во мај.

Спорно е што, според оперативните податоци, најголем дел од стоката во пристаништето Бар е сопственост на Бемакс или луѓе поврзани со нив. Така се финансираат медиумските кампањи и оттогаш почна војната со премиерот, изјави Абазовиќ.

Тој рече дека неговите ставови за шверцот со цигари, кои ги изнесе во Собранието, се директно поврзани со убиствата на главниот уредник на црногорскиот весник „Дан“ Душко Јовановиќ и поранешниот сопственик на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ.

Ова што го зборувам за шверцот на цигари е поврзано со убиството на Душко Јовановиќ. А луѓето кои имаат врска со убиството на Душко Јовановиќ и понатаму се главни. Истото ова има врска и со убиството на Иво Пуканиќ, рече Абазовиќ.

Душко Јовановиќ беше убиен во 2004 година, а неговиот весник „Дан“ пренесуваше фељтон од загрепски Национал, кој пишуваше за вмешаноста на црногорската влада во шверцот на цигари. Иво Пуканиќ беше убиен во 2008 година во Загреб.

Црногорската полиција, неодамна, во две големи акции во пристаништето Бар, заплени поголема количина цигари, чија вредност се проценува на 21 милион евра.

За време на долгогодишното владеење на ДПС на Ѓукановиќ, компанијата Бемакс честопати добиваше на јавните тендери за извршување на јавни работи вредни милиони евра.

Пратениците од редовите на ДПС велат дека тврдењата на Абазовиќ се невистинити.

Предлогот за гласање недоверба на Владата беше инициран од претставници на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ и СДП, која го формираше владејачкото мнозинство заедно со Обединетата реформска акција (УРА) на Абазовиќ и просрпската СНП.

Иако во образложението на иницијативата се наведува дека Владата не ги исполнила приоритетните задачи за да го интензивира процесот на евроинтеграција на Црна Гора, главната причина е потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква на почетокот на август. Тврдат дека овој документ ја фаворизира СПЦ пред другите верски заедници, дека не е во согласност со Уставот и законите на Црна Гора, дека со преамбулата се фалсификува црногорската историја и дека сопственоста на црковните објекти во Црна Гора официјално ја пренесува на СПЦ.

Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа.

На почетокот на август, Абазовиќ ненајавено го потпиша Основниот договор со патријархот на СПЦ Порфириј во Подгорица, по што ја изгубил поддршката од повеќето партии кои дотогаш беа на негова страна.

The post Падна владата на Дритан Абазовиќ appeared first on Република.

]]>

Пратениците во црногорскиот Парламент доцна синоќа и изгласаа недоверба на Владата предводена од Дритан Абазовиќ, по поднесената иницијатива од Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ. Владата на Абазовиќ ќе биде во технички мандат до избор на нов кабинет или до нови парламентарни избори. За иницијативата гласаа гласаа 51 од вкупно 81 пратеник, од кои 50 беа „за“, а еден против. Пред гласањето, дел од опозицијата се обиде да се договори со Абазовиќ за реконструкција на Владата, по што во извршната власт би влегле сите политички партии во парламентот, освен оние кои поднесоа иницијатива за разрешување. Но, опозициската Демократска Црна Гора на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, која има девет пратеници во парламентот, не ја прифати таа покана, туку нејзини претставници се изјаснија за уривање на Владата. Благодарение на нивните гласови, падна и втората црногорска влада во помалку од две години по парламентарните избори на кои опозицијата по 30 години ја отстрани од власт Демократската партија на социјалистот Мило Ѓукановиќ. На почетокот на февруари беше сменета владата предводена од Здравко Кривокапиќ, близок до Српската православна црква, а оваа на Абазовиќ беше избрана на крајот на април, откако 46 од вкупно 81 пратеник во црногорското собрание и дадоа доверба. Црногорскиот премиер Абазовиќ претходно изјави дека зад иницијативата за негово разрешување и медиумските напади врз него стои градежниот концерн Бемакс, компанија за која тврди дека се занимава со шверц на цигари. Абазовиќ рече дека челниците на компанијата Бемакс, која претходно се поврзуваше со поединци од Демократската партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ, се сопственици на големата пратка цигари што беше запленета во црногорското пристаниште Бар во мај.
Спорно е што, според оперативните податоци, најголем дел од стоката во пристаништето Бар е сопственост на Бемакс или луѓе поврзани со нив. Така се финансираат медиумските кампањи и оттогаш почна војната со премиерот, изјави Абазовиќ.
Тој рече дека неговите ставови за шверцот со цигари, кои ги изнесе во Собранието, се директно поврзани со убиствата на главниот уредник на црногорскиот весник „Дан“ Душко Јовановиќ и поранешниот сопственик на хрватскиот неделник „Национал“ Иво Пуканиќ.
Ова што го зборувам за шверцот на цигари е поврзано со убиството на Душко Јовановиќ. А луѓето кои имаат врска со убиството на Душко Јовановиќ и понатаму се главни. Истото ова има врска и со убиството на Иво Пуканиќ, рече Абазовиќ.
Душко Јовановиќ беше убиен во 2004 година, а неговиот весник „Дан“ пренесуваше фељтон од загрепски Национал, кој пишуваше за вмешаноста на црногорската влада во шверцот на цигари. Иво Пуканиќ беше убиен во 2008 година во Загреб. Црногорската полиција, неодамна, во две големи акции во пристаништето Бар, заплени поголема количина цигари, чија вредност се проценува на 21 милион евра. За време на долгогодишното владеење на ДПС на Ѓукановиќ, компанијата Бемакс честопати добиваше на јавните тендери за извршување на јавни работи вредни милиони евра. Пратениците од редовите на ДПС велат дека тврдењата на Абазовиќ се невистинити. Предлогот за гласање недоверба на Владата беше инициран од претставници на Демократската партија на социјалистите на Ѓукановиќ и СДП, која го формираше владејачкото мнозинство заедно со Обединетата реформска акција (УРА) на Абазовиќ и просрпската СНП. Иако во образложението на иницијативата се наведува дека Владата не ги исполнила приоритетните задачи за да го интензивира процесот на евроинтеграција на Црна Гора, главната причина е потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква на почетокот на август. Тврдат дека овој документ ја фаворизира СПЦ пред другите верски заедници, дека не е во согласност со Уставот и законите на Црна Гора, дека со преамбулата се фалсификува црногорската историја и дека сопственоста на црковните објекти во Црна Гора официјално ја пренесува на СПЦ. Владата на Абазовиќ беше избрана на 28 април, а заедно со неговото движење УРА и просрпската СНП, во неа влегоа СДП и малцинските партии на Хрватите, Бошњаците и Албанците, додека претставниците на ДПС на Ѓукановиќ ја поддржаа, но не учествуваа во неа. На почетокот на август, Абазовиќ ненајавено го потпиша Основниот договор со патријархот на СПЦ Порфириј во Подгорица, по што ја изгубил поддршката од повеќето партии кои дотогаш беа на негова страна.

The post Падна владата на Дритан Абазовиќ appeared first on Република.

]]>
Aбазовиќ: Aко падне владата власта оди кај шверцерите на цигари https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/abazovikj-ako-padne-vladata-vlasta-odi-kaj-shvercerite-na-cigari/ Fri, 19 Aug 2022 19:53:55 +0000 https://republika.mk/?p=542121

Се започна поради запленувањето на цигарите во пристаништето Бар, тогаш почна кампањата против мене, изјави премиерот Абазовиќ.- Зад национализмот стои корупцијата, убеден е тој

Пратениците во Собранието на Црна Гора расправаат за гласање недоверба на црногорската влада. ДПС и нејзините долгогодишни коалициски партнери поднесоа барање за недоверба откако премиерот Абазовиќ на почетокот на август во Подгорица го потпиша Основниот договор со СПЦ. Според нивното мислење, поради ова се доведува во прашање натамошното продолжување на процесот за влез во Европската унија.

„Ако сакате да го користите она што го користите секој ден, платени аналитичари, медиуми и корисници, слободно. Јас никого не измамив, сто пати реков дека ќе се потпише Основниот договор и тоа го направив. Тоа го пишува и во петтата точка од договорот за формирање влада, регулирање на односите меѓу државата и верските заедници во Црна Гора, изјави Дритан Абазовиќ.

„Сето тоа се должи на еден проблем, а се вика заплена на цигари во пристаништето Бар, од месец мај. Таа ја започна приказната за соборувањето на Абазовиќ. Затоа што тој не е премиер што ќе биде во фотелјата уште два месеци, за да прави вакви компромиси.

The post Aбазовиќ: Aко падне владата власта оди кај шверцерите на цигари appeared first on Република.

]]>

Се започна поради запленувањето на цигарите во пристаништето Бар, тогаш почна кампањата против мене, изјави премиерот Абазовиќ.- Зад национализмот стои корупцијата, убеден е тој
Пратениците во Собранието на Црна Гора расправаат за гласање недоверба на црногорската влада. ДПС и нејзините долгогодишни коалициски партнери поднесоа барање за недоверба откако премиерот Абазовиќ на почетокот на август во Подгорица го потпиша Основниот договор со СПЦ. Според нивното мислење, поради ова се доведува во прашање натамошното продолжување на процесот за влез во Европската унија. „Ако сакате да го користите она што го користите секој ден, платени аналитичари, медиуми и корисници, слободно. Јас никого не измамив, сто пати реков дека ќе се потпише Основниот договор и тоа го направив. Тоа го пишува и во петтата точка од договорот за формирање влада, регулирање на односите меѓу државата и верските заедници во Црна Гора, изјави Дритан Абазовиќ.
„Сето тоа се должи на еден проблем, а се вика заплена на цигари во пристаништето Бар, од месец мај. Таа ја започна приказната за соборувањето на Абазовиќ. Затоа што тој не е премиер што ќе биде во фотелјата уште два месеци, за да прави вакви компромиси.

The post Aбазовиќ: Aко падне владата власта оди кај шверцерите на цигари appeared first on Република.

]]>
Парламентот на Црна Гора денеска ќе расправа за разрешување на владата на Абазовиќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/parlamentot-na-crna-gora-deneska-kje-rasprava-za-razreshuvanje-na-vladata-na-abazovikj/ Fri, 19 Aug 2022 06:10:55 +0000 https://republika.mk/?p=541824

Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ.

Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба.

За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. Седницата е закажана за 11 часот.

На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници.

Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември.

Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија.

The post Парламентот на Црна Гора денеска ќе расправа за разрешување на владата на Абазовиќ appeared first on Република.

]]>

Собранието на Црна Гора денеска ќе гласа за иницијативата за смена на владата на Дритан Абазовиќ. Смената на владата, само 50 дена по нејзиното формирање, побараа 36 претставници на Демократската партија на социјалистите (ДПС), Социјалдемократската партија (СДП), социјалдемократите (СД), Либералната партија (ЛП) и Демократскиот сојуз на Албанците, што не е доволно мнозинство за гласање недоверба. За пад на Владата потребен е гласот на 41 од вкупно 81 пратеник во Парламентот на Црна Гора. Седницата е закажана за 11 часот. На резултатот од гласањето може да влијае ставот на демократите на поранешниот претседател на Собранието Алекса Бечиќ, кои имаат девет пратеници. Демократите во вторникот заедно со коалицијата собрана околу Демократскиот фронт (ДФ) поднесоа посебна иницијатива за смена на владата и изгласување недоверба на претседателката на Собранието, Данијела Ѓуровиќ, а таа седница е закажана за 2 септември. Шефот на пратеничката група на демократите, Борис Богдановиќ, изјави дека „има многу причини за падот на нелегитимната влада и парламентарното мнозинство“, но дека нивната одлука „нема никаква врска“ со потпишувањето на Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), која ја поддржа неговата партија.

The post Парламентот на Црна Гора денеска ќе расправа за разрешување на владата на Абазовиќ appeared first on Република.

]]>
Црногорскиот премиер во вода со непознат маж https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/crnogorskiot-premier-vo-voda-so-nepoznat-maz/ Mon, 08 Aug 2022 07:33:23 +0000 https://republika.mk/?p=537813

Црногороскиот премиер реши да здивне од најавите за пад на неговата влада. Тој викендов одмараше на Ада Бојана во друштво на непознат маж. Дритан на себе имаше портокалов шорц и темни наочари.

Тој најпро се разлади во морето а потоа седна да се освежи во локлниот бар на плажата.

The post Црногорскиот премиер во вода со непознат маж appeared first on Република.

]]>

Црногороскиот премиер реши да здивне од најавите за пад на неговата влада. Тој викендов одмараше на Ада Бојана во друштво на непознат маж. Дритан на себе имаше портокалов шорц и темни наочари. Тој најпро се разлади во морето а потоа седна да се освежи во локлниот бар на плажата.

The post Црногорскиот премиер во вода со непознат маж appeared first on Република.

]]>
Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/crna-gora-go-potpisha-temelniot-dogovor-so-spc/ Wed, 03 Aug 2022 09:22:17 +0000 https://republika.mk/?p=526004

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј, во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора.

На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда, Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије.

https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1554752808230027267?cxt=HHwWhoC8gaLcy5MrAAAA

Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфириj во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен.

РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата.

Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора.

Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање.

The post Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ и српскиот патријарх Порфириј, во Подгорица го потпишаа Темелниот договор со кој се регулира функционирањето на СПЦ во Црна Гора. На потпишувањето на договорот присуствуваа и црногорскиот министер за правда, Марко Ковач и митрополитот црногорско-приморски на СПЦ, Јоаникије. https://twitter.com/DritanAbazovic/status/1554752808230027267?cxt=HHwWhoC8gaLcy5MrAAAA Владата на Црна Гора и Српската православна црква претходно официјално не го објавија доаѓањето на патријархот Порфириj во Подгорица, а точниот датум на потпишување на договорот не беше јавно соопштен. РТС јави дека за време на потпишувањето на договорот, пред вилата „Горица“ во главниот град на Црна Гора протестирала помала група граѓани, а полицијата ги блокирала приодите до вилата. Потпишувањето на Темелниот договор подолго време беше одложувано, а прашањето предизвикуваше и политички и општествени несогласувања во Црна Гора. Црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ пред неколку дена се закани дека ако биде потпишан договорот со СПЦ, ќе ја повлече поддршката што неговата партија ДПС досега и ја даваше на малцинската Влада на премиерот Абазовиќ, што би довело до нејзино паѓање.

The post Црна Гора го потпиша Темелниот договор со СПЦ appeared first on Република.

]]>