дрисла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drisla/ За подобро да се разбереме Tue, 13 Aug 2024 18:14:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дрисла Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drisla/ 32 32 И овие не и чинеа: Арсовска ги разреши и директорите на ,,Дрисла” и „Паркови и зеленило“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-ovie-ne-i-chinea-arsovska-gi-razreshi-i-direktorite-na-drisla-i-parkovi-i-zelenilo/ Tue, 13 Aug 2024 17:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=806279

Разрешени се директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, Мартин Ангеловски и Александар Кузинаков. Град Скопје до крајот на оваа недела почнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност, објавија попладнево градските власти на официјалната страна на Фејсбук.

Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е разрешен Мартин Ангеловски. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се вели во објавата.

Од Град Скопје наведуваат дека исто така поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување денеска од функцијата директор на ЈП „Дрисла“ е разрешен Александар Кузинаков.

– За неговото работење до градот Скопје пристигнати се бројни пријави со индиции за злоупотреба и пречекорување на овластувањата за што градот Скопје веќе најави ад хок ревизија. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Дрисла е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, стои во објавата на Фејсбук.

The post И овие не и чинеа: Арсовска ги разреши и директорите на ,,Дрисла” и „Паркови и зеленило“ appeared first on Република.

]]>

Разрешени се директорите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Дрисла“, Мартин Ангеловски и Александар Кузинаков. Град Скопје до крајот на оваа недела почнува со спроведување вонредна ревизија во работењето на сите јавни претпријатија под негова надлежност, објавија попладнево градските власти на официјалната страна на Фејсбук. Поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување од функцијата директор на ЈП „Паркови и зеленило“ е разрешен Мартин Ангеловски. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП „Паркови и зеленило“ е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, се вели во објавата. Од Град Скопје наведуваат дека исто така поради неправилности при работењето и непочитувањето на договорот за вработување денеска од функцијата директор на ЈП „Дрисла“ е разрешен Александар Кузинаков. – За неговото работење до градот Скопје пристигнати се бројни пријави со индиции за злоупотреба и пречекорување на овластувањата за што градот Скопје веќе најави ад хок ревизија. Справувањето со корупцијата и самоволието во градот Скопје беше и едно од главните предизборни ветување на градоначалничката Данела Арсовска. Никој не смее да си поигрува со народните пари, а уште помалку со довербата на граѓаните на градот Скопје. Во ЈП Дрисла е најавена и вонредна ревизија од град Скопје која треба да започне до крајот на оваа недела, стои во објавата на Фејсбук.

The post И овие не и чинеа: Арсовска ги разреши и директорите на ,,Дрисла” и „Паркови и зеленило“ appeared first on Република.

]]>
И директорот на „Дрисла“ поднел оставка, градоначалничката Данела Арсовска поделила откази на блиски соработници во Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/i-direktorot-na-drisla-podnel-ostavka-gradonachalnichkata-danela-arsovska-podelila-otkazi-na-bliski-sorabotnitsi-vo-grad-skopje/ Tue, 13 Aug 2024 12:14:57 +0000 https://republika.mk/?p=806164

Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, поднел оставка на функцијата, објави „Скопје1“. Како што пишува порталот, истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“.

Неофицијално, десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје.

The post И директорот на „Дрисла“ поднел оставка, градоначалничката Данела Арсовска поделила откази на блиски соработници во Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Директорот на депонијата „Дрисла“, Александар Кузинаков, поднел оставка на функцијата, објави „Скопје1“. Како што пишува порталот, истовремено, скопската градоначалничка Данела Арсовска „на големо“ дели откази низ Град Скопје. Тоа го прави по разни основи, известувања се закачуваат и на огласната табла. Кузинаков е вториот директор кој не сака да продолжи да ја извршува директорската позиција, откако вчера тоа го направи директорот на ЈП „Паркови и зеленило“. Неофицијално, десетина лица останале „на улица“, откако Арсовска решила дека не сака повеќе да соработува со нив. Меѓу нив, блиски соработници, но и лица кои имале договори со Град Скопје.

The post И директорот на „Дрисла“ поднел оставка, градоначалничката Данела Арсовска поделила откази на блиски соработници во Град Скопје appeared first on Република.

]]>
ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/ Tue, 05 Sep 2023 10:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=678961

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла.

Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.

Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук.

ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река.

По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.

The post ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла appeared first on Република.

]]>

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла. Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.
Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук.
ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река.
По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.

The post ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла appeared first on Република.

]]>
Пожарот во „Дрисла“ бил подметнат https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pozharot-vo-drisla-bil-podmetnat/ Tue, 05 Sep 2023 10:56:28 +0000 https://republika.mk/?p=678964

Апелираме правото и слобода на говорот и јавното информирање да не се злоупотребува за ширење на лажни вести и невистини по социјалните мрежи од страна на група луѓе кои го доведуваат во заблуда и паника локалното население дека депонијата Дрисла ги загрозува животната средина и здравјето на луѓето, како што се случи денес во раните утрински часови, со подметнатиот пожар на депонијата Дрисла, реагираат од јавното претпријатие.

Ситуацијата е ставена под контрола од страна на вработените на Дрисла со помош на пожарникарски служби, пожарот е изгаснат и претпријатието продолжува со редовни активности. Од страна на полицијата направен е увид и записник и истата ќе постапува согласно своите ингеренции. Воедно ги повикуваме Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство детално да го истражат случајот и сторителите да бидат најдени и соодветно казнети, а против лицата кои шират лаги и дезинформации за депонијата Дрисла, од страна на претпријатието ќе бидат покренати соодветни постапки, се наведува во реакцијата од Дрисла.

Оттаму додаваат дека ЈП депонија Дрисла е единствена санитарна депонија во државата која работи согласно А – интегрирана дозвола и своите работни активноси ги извршува согласно сите законски прописи за управување со отпад и заштита на животната средина. Истовремено е под целосна контрола и мониторинг од страна на Државниот инспекторат за животна средина.

The post Пожарот во „Дрисла“ бил подметнат appeared first on Република.

Ѓорѓиевски: Арсовска нема надлежност да ме казни оти ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gorgievski-arsovska-nema-nadlezhnost-da-me-kazni-oti-jp-drisla-ne-se-naoga-na-teritorija-na-grad-skopje/ Wed, 12 Jul 2023 12:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=660441

Казната од 90.000 евра кој градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска му ја пишала на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, поради оставање отпад пред портите на депонијата „Дрисла“, уште не е стигната кај него, но како што тој соопшти на денешната прес-конференција - не ни нема правна основа бидејќи ѓубрето било истурено пред објект кој се наоѓа на територија на Oпштината Студеничани, а не во Град Скопје.

Ниту си ги знае своите надлежности ниту, пак, своите ингеренции и што е најстрашно, според мене, ниту, пак, знае која е територијата што ја администратира, рече денеска Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски кажа и дека според негови информации, инспекторите кои ја напишале казната биде уценувани директно од градоначалничката, информација што вчера ја сподели и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-tvrdi-gradskite-inspektsiski-sluzhbi-bile-pod-zhestok-pritisok-od-arsovska/

Ѓорѓиевски, исто така потенцираше дека за нивните камиони да го истурат сметот во „Дрисла“ нема потреба од никаков договор бидејќи според одлука која е донесена уште од 2005 година сите општини се наведени дека може да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати, а одлуката да ги преземат работите во свои раце и да започнат со чистење на општините, ја правда со тоа што доколку градоначалниците не постапеле, градот ќе продолжел да тони во смет и здравјето на граѓаните би се довело во прашање.

Тој потенцираше дека Арсовска не смее да постапува на места каде што нема ингеренции и најави реакција од неговиот правен тим, не исклучувајќи ја можноста да поднесе кривична пријава за неа поради загрозување на здравјето на граѓаните

Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира, кажа Ѓорѓиевски.

Покрај Кисела Вода, казна била пишана и за Општината Сопиште, а доколку се соберат двете казни кои треба да ги платат општините – сумата изнесува околу 140 000 евра, но тие се уште не се пристигнати на адреса на општините.

The post Ѓорѓиевски: Арсовска нема надлежност да ме казни оти ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје appeared first on Република.

]]>

Казната од 90.000 евра кој градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска му ја пишала на градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски, поради оставање отпад пред портите на депонијата „Дрисла“, уште не е стигната кај него, но како што тој соопшти на денешната прес-конференција - не ни нема правна основа бидејќи ѓубрето било истурено пред објект кој се наоѓа на територија на Oпштината Студеничани, а не во Град Скопје.
Ниту си ги знае своите надлежности ниту, пак, своите ингеренции и што е најстрашно, според мене, ниту, пак, знае која е територијата што ја администратира, рече денеска Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски кажа и дека според негови информации, инспекторите кои ја напишале казната биде уценувани директно од градоначалничката, информација што вчера ја сподели и градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски. https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-tvrdi-gradskite-inspektsiski-sluzhbi-bile-pod-zhestok-pritisok-od-arsovska/ Ѓорѓиевски, исто така потенцираше дека за нивните камиони да го истурат сметот во „Дрисла“ нема потреба од никаков договор бидејќи според одлука која е донесена уште од 2005 година сите општини се наведени дека може да одлагаат отпад со мерење на отпадот и врз основа на тоа да им се наплати, а одлуката да ги преземат работите во свои раце и да започнат со чистење на општините, ја правда со тоа што доколку градоначалниците не постапеле, градот ќе продолжел да тони во смет и здравјето на граѓаните би се довело во прашање. Тој потенцираше дека Арсовска не смее да постапува на места каде што нема ингеренции и најави реакција од неговиот правен тим, не исклучувајќи ја можноста да поднесе кривична пријава за неа поради загрозување на здравјето на граѓаните
Таа може да стане утре и да влезе во филм дека е министер за внатрешни работи па да почне да казнува народ по улици и да апси народ. Таа нема капацитет, не знае да се справи со проблемите ниту ја знае територијата со која администрира, кажа Ѓорѓиевски.
Покрај Кисела Вода, казна била пишана и за Општината Сопиште, а доколку се соберат двете казни кои треба да ги платат општините – сумата изнесува околу 140 000 евра, но тие се уште не се пристигнати на адреса на општините.

The post Ѓорѓиевски: Арсовска нема надлежност да ме казни оти ЈП „Дрисла“ не се наоѓа на територија на Град Скопје appeared first on Република.

]]>
Андоновски: Дрисла е јавно претпријатие на сите граѓани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат НО и УО да покренат постапка против директорот на претпријатието https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/andonovski-drisla-e-javno-pretprijatie-na-site-gragani-sovetnitsite-na-vmro-dpmne-ke-pobaraat-no-i-uo-da-pokrenat-postapka-protiv-direktorot-na-pretprijatieto/ Tue, 11 Jul 2023 12:22:35 +0000 https://republika.mk/?p=660060

Не можам да си поверувам дека во третата декада од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните.

Андоновски истакна дека денеска кога се движел низ славните градски улици забележал дека сепак ѓубрето не е исчистено од контејнерите и покрај тоа што во текот на вчерашниот ден било кажано дека булеварите се чисти и од денеска ќе се чистат споредните улици.

Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистата споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е се уште присутна, рече тој.

Андоновски посочи дека градоначалничката Арсовска влегла во една клановска битка со политичка партија и во рамки на таа битка одлучила да брка луѓе од работа од Комуналната хигиена, укажувајќи дека тоа го направила после 2 години од нејзиното стапување на функцијата.

Градоначалничката Арсовска влезе во клановска битка со една политичка партија и во рамки на таа клановска битка таа се одлучи да брка луѓе од работа од Комунална хигиена. И внимавајте тоа не го направи пред 2 години кога дојде на функција, но таа чекаше една година прво со тогашниот директор па го разреши, па дојде директорката Мазнева и со нејзе 11 месеци чекаше да види дали овие луѓе биле во Германија или не биле, а во исто време треба да потсетам дека директорката во првите 2-3 недели од нејзиното функционирање имаше еден тек на непродолжување на договори на дело, затоа што повторни тезата беше овие луѓе не доаѓаат на работа и никој не ги видел, изјави Андоновски.

Андоновски го искоментира блокирањето на општините Аеродром и Кисела Вода да го одложат сметот во депонијата Дрисла, потенцирајќи дека тоа јавно претпријатие е на сите граѓани и дека Арсовска намерно ја блокирала акцијата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да прикаже дека наводно таа го решава проблемот.

Ова затворање на депонијата Дрсла мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас, и додаде дека со тоа се блокирала акцијата на градоначалниците. Јас проверував дали депонијата Дрисла има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците. Зошто? За да може градоначалничката да се размавне и да покаже дека таа го решава проблемот. Тоа беше многу интересно во 2 часот ноќта таа го решаваше проблемот на следниот начин, багер земен од ЈП Улици и Патишта, ги буткаше контејнерите на улица, поминува друг багер ги собира и ги товара во камиони на ЈП Водовод и канализација за пота замислете апсурдот да биде најголем пратена е Пожарна да ги мијат улиците. Значи пожарникари го миеја улиците од расфрланото ѓубре од страна на градот, кажа Андоновски.

Како што најави Андоновски на следната седница како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надзорните и управните одбори на ЈП Дрисла да покрене постапка против директорот, како и јавното претпријатие Комунална хигиена да достави извештај за работењето за да се виде кои и колку вработени не оделе на работа.

На следната седница на советот на Град Скопје ќе побарам од Надзорните и Управните одбори да покренат постапка против директорот на ЈП Дрисла, ја имаат таа надлежност и во исто време ќе побара од Надзорниот и Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена да достави извештај за работењето и да видиме кои и колку се тие вработени кои што не оделе на работа, заклучи Андоновски.

The post Андоновски: Дрисла е јавно претпријатие на сите граѓани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат НО и УО да покренат постапка против директорот на претпријатието appeared first on Република.

]]>

Не можам да си поверувам дека во третата декада од 21 век зборуваме за полни контејнери во Град Скопје и денеска е вторник и петти ден откако контејнерите се преполнети и истурени по улиците, вели Стефан Андоновски, советник во советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната панел дискусија насловена Предизвиците на главниот град и локалната самоуправа како сервис на граѓаните. Андоновски истакна дека денеска кога се движел низ славните градски улици забележал дека сепак ѓубрето не е исчистено од контејнерите и покрај тоа што во текот на вчерашниот ден било кажано дека булеварите се чисти и од денеска ќе се чистат споредните улици.
Доаѓајќи наваму забележав на главните градски улици, не зборам за споредните улици затоа што тоа вчера беше кажано дека главните градски улици се чисти и сега се чистата споредните улици, тоа не точно бидејќи денеска поминував низ главните булевари во Скопје, нечистотијата е се уште присутна, рече тој.
Андоновски посочи дека градоначалничката Арсовска влегла во една клановска битка со политичка партија и во рамки на таа битка одлучила да брка луѓе од работа од Комуналната хигиена, укажувајќи дека тоа го направила после 2 години од нејзиното стапување на функцијата.
Градоначалничката Арсовска влезе во клановска битка со една политичка партија и во рамки на таа клановска битка таа се одлучи да брка луѓе од работа од Комунална хигиена. И внимавајте тоа не го направи пред 2 години кога дојде на функција, но таа чекаше една година прво со тогашниот директор па го разреши, па дојде директорката Мазнева и со нејзе 11 месеци чекаше да види дали овие луѓе биле во Германија или не биле, а во исто време треба да потсетам дека директорката во првите 2-3 недели од нејзиното функционирање имаше еден тек на непродолжување на договори на дело, затоа што повторни тезата беше овие луѓе не доаѓаат на работа и никој не ги видел, изјави Андоновски.
Андоновски го искоментира блокирањето на општините Аеродром и Кисела Вода да го одложат сметот во депонијата Дрисла, потенцирајќи дека тоа јавно претпријатие е на сите граѓани и дека Арсовска намерно ја блокирала акцијата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се со цел да прикаже дека наводно таа го решава проблемот.
Ова затворање на депонијата Дрсла мене ми е очекувано, но мора да се има на ум дека таа депонија е на сите нас. Тоа е јавно претпријатие на сите нас, и додаде дека со тоа се блокирала акцијата на градоначалниците. Јас проверував дали депонијата Дрисла има работно време, но тие работат 24 часа и може во било кое време да се јавите и да одложите отпад. И со тоа се блокираше акцијата на градоначалниците. Зошто? За да може градоначалничката да се размавне и да покаже дека таа го решава проблемот. Тоа беше многу интересно во 2 часот ноќта таа го решаваше проблемот на следниот начин, багер земен од ЈП Улици и Патишта, ги буткаше контејнерите на улица, поминува друг багер ги собира и ги товара во камиони на ЈП Водовод и канализација за пота замислете апсурдот да биде најголем пратена е Пожарна да ги мијат улиците. Значи пожарникари го миеја улиците од расфрланото ѓубре од страна на градот, кажа Андоновски.
Како што најави Андоновски на следната седница како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе побара од надзорните и управните одбори на ЈП Дрисла да покрене постапка против директорот, како и јавното претпријатие Комунална хигиена да достави извештај за работењето за да се виде кои и колку вработени не оделе на работа.
На следната седница на советот на Град Скопје ќе побарам од Надзорните и Управните одбори да покренат постапка против директорот на ЈП Дрисла, ја имаат таа надлежност и во исто време ќе побара од Надзорниот и Управниот одбор на ЈП Комунална хигиена да достави извештај за работењето и да видиме кои и колку се тие вработени кои што не оделе на работа, заклучи Андоновски.
 
The post Андоновски: Дрисла е јавно претпријатие на сите граѓани, советниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе побараат НО и УО да покренат постапка против директорот на претпријатието appeared first on Република.

]]>
Ѓорѓиевски: „Дрисла“ не смееше да не ни дозволи да го одложиме отпадот https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gorgievski-drisla-ne-smeeshe-da-ne-ni-dozvoli-da-go-odlozhime-otpadot/ Mon, 10 Jul 2023 17:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=659831

„Ние во оваа активност не влеговме сакајќи да добиеме политички поени нема политика во тоа да сакате да биде безбедно за здравјето на граѓаните околу вас и да сакате да имате чиста околина околу вас без при тоа да нападнеме било кого и да впериме прст во некого. Влеговме да го исчистиме отпадот онолку колку што можеме со помош на нашите колеги во услови кога имаме целосна блокада на една институција“, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа.

Тој додаде дека сите граѓани не знаат дека надлежност на комунална хигиена е чистењето на ѓубре.

Не можам како одговорен и млад политичар да го доведам во ризик здравјето на моите сограѓани и влеговме најдобронамерно да помогнеме во целиот процес, кажа Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека најмалку што требаше да направат во ЈП „Дрисла“ е да ги отворат капиите и да има брз трансфер.

Врз основа на нешто што го споменав денеска а тоа е одлуката за прогласување на градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион при што под член 1 се прогласува градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион и во член 2 пишува дека одлуката влегува на сила наредниот ден од денот на донесување а ќе се објави во службен гласник на општините и Град Скопје во истата спаѓаат Град Скопје, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Сарај и сите останати од скопски плански регион и на 12.07.2011 година е донесена одлуката и не смеат да не вратат, вели Ѓорѓиевски.

Тој запраша како ако немало договор со ЈП „Дрисла“ некој го примал нашиот отпад во четвртокот, петокот и месеци наназад ?

Некој да се изживува злоупотребувајќи ја службената положба слушајќи насоки од некого и да остави повеќе од час и половина служби вработени луѓе од Општина Кисела Вода, Аеродром и останатите општини да стојат пред врата во недела е недозволиво, изјави Ѓорѓиевски.

Тој заклучи дека најмалку што треба за ова да се направат е да се извинат на нашите сограѓани затоа што ако не ги држеа во заложништво возилата пред „Дрисла“ наместо да се направеа 2 – 3 тури ќе се направеа 15 тури до сабалје и ќе беше почисто.

The post Ѓорѓиевски: „Дрисла“ не смееше да не ни дозволи да го одложиме отпадот appeared first on Република.

]]>

„Ние во оваа активност не влеговме сакајќи да добиеме политички поени нема политика во тоа да сакате да биде безбедно за здравјето на граѓаните околу вас и да сакате да имате чиста околина околу вас без при тоа да нападнеме било кого и да впериме прст во некого. Влеговме да го исчистиме отпадот онолку колку што можеме со помош на нашите колеги во услови кога имаме целосна блокада на една институција“, истакна градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски во денешното гостување во емисијата „За или против“ на телевизија Алфа. Тој додаде дека сите граѓани не знаат дека надлежност на комунална хигиена е чистењето на ѓубре.
Не можам како одговорен и млад политичар да го доведам во ризик здравјето на моите сограѓани и влеговме најдобронамерно да помогнеме во целиот процес, кажа Ѓорѓиевски.
Тој истакна дека најмалку што требаше да направат во ЈП „Дрисла“ е да ги отворат капиите и да има брз трансфер.
Врз основа на нешто што го споменав денеска а тоа е одлуката за прогласување на градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион при што под член 1 се прогласува градежен објект „Депонија Дрисла“ за регионална депонија на скопскиот плански регион и во член 2 пишува дека одлуката влегува на сила наредниот ден од денот на донесување а ќе се објави во службен гласник на општините и Град Скопје во истата спаѓаат Град Скопје, Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Центар, Сарај и сите останати од скопски плански регион и на 12.07.2011 година е донесена одлуката и не смеат да не вратат, вели Ѓорѓиевски.
Тој запраша како ако немало договор со ЈП „Дрисла“ некој го примал нашиот отпад во четвртокот, петокот и месеци наназад ?
Некој да се изживува злоупотребувајќи ја службената положба слушајќи насоки од некого и да остави повеќе од час и половина служби вработени луѓе од Општина Кисела Вода, Аеродром и останатите општини да стојат пред врата во недела е недозволиво, изјави Ѓорѓиевски.
Тој заклучи дека најмалку што треба за ова да се направат е да се извинат на нашите сограѓани затоа што ако не ги држеа во заложништво возилата пред „Дрисла“ наместо да се направеа 2 – 3 тури ќе се направеа 15 тури до сабалје и ќе беше почисто.

The post Ѓорѓиевски: „Дрисла“ не смееше да не ни дозволи да го одложиме отпадот appeared first on Република.

]]>
„Дрисла“: Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром да кажат каде го фрлале ѓубрето досега бидејќи договор со депонијата им истекол во март https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/drisla-gradonachalnitsite-na-kisela-voda-i-aerodrom-da-kazhat-kade-go-frlale-gubreto-dosega-bidejki-dogovor-so-deponijata-im-istekol-vo-mart/ Mon, 10 Jul 2023 15:30:19 +0000 https://republika.mk/?p=659807

Од Јавното претпријатие „Дрисла“ ги повикаа градоначалниците на општините Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓеоргиевски и Тимчо Муцунски, да кажат каде го фрлале сметот досега бидејќи договорите со депонијата им истекле уште од март.

Од Јавното претпријатие им порачаа на Ѓеоргиевски и Муцунски да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено, како што велат, поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.

„Имено, ниту Општина Аеродром ниту Општина Кисела Вода нема потпишан договор со депонијата ЈП „Дрисла“ – Скопје бидејќи тој им е истечен во март. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП „Дрисла“ – Скопје, единственото предвидено место за одложување отпад?

Дали и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии што ги исчисти Град Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“, прашуваат од „Дрисла“.

Оваа реакција следува по денешните изјави на скопските градоначалници, кои ја повикаа „Дрисла“ да ги отвори рампите за да може со нивната механизација да го достават сметот што се насобра деновиве на улиците на Скопје поради бунтот на вработените во „Комунална“.

The post „Дрисла“: Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром да кажат каде го фрлале ѓубрето досега бидејќи договор со депонијата им истекол во март appeared first on Република.

]]>

Од Јавното претпријатие „Дрисла“ ги повикаа градоначалниците на општините Кисела Вода и Аеродром, Орце Ѓеоргиевски и Тимчо Муцунски, да кажат каде го фрлале сметот досега бидејќи договорите со депонијата им истекле уште од март. Од Јавното претпријатие им порачаа на Ѓеоргиевски и Муцунски да бидат поодговорни кога даваат изјави и да престанат безочно да лажат, особено, како што велат, поради тоа што веќе e креиран сомнеж за извршување кривично дело од нивна страна против животната средина.
„Имено, ниту Општина Аеродром ниту Општина Кисела Вода нема потпишан договор со депонијата ЈП „Дрисла“ – Скопје бидејќи тој им е истечен во март. Се поставува прашањето каде го фрлале сметот овие две општини во изминатите месеци ако немаат договори со ЈП „Дрисла“ – Скопје, единственото предвидено место за одложување отпад? Дали и колку диви депонии креирале? Колку од дивите депонии што ги исчисти Град Скопје повторно се претворени во хаос со отпад?“, прашуваат од „Дрисла“.
Оваа реакција следува по денешните изјави на скопските градоначалници, кои ја повикаа „Дрисла“ да ги отвори рампите за да може со нивната механизација да го достават сметот што се насобра деновиве на улиците на Скопје поради бунтот на вработените во „Комунална“.  

The post „Дрисла“: Градоначалниците на Кисела Вода и Аеродром да кажат каде го фрлале ѓубрето досега бидејќи договор со депонијата им истекол во март appeared first on Република.

]]>
12 градоначалници здружно со конкретни барања за решение за ѓубрето, на средбата не се појавија Арсовска, Јакимовски, Ганиу… https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/12-gradonachalnitsi-zdruzhno-so-konkretni-barana-za-reshenie-za-gubreto-na-sredbata-ne-se-pojavija-arsovska-jakimovski-ganiu/ Mon, 10 Jul 2023 09:46:40 +0000 https://republika.mk/?p=659620

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена.

На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена.

На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање.

Овие предлози беа изгласани од 12-те градоначалници кои беа присутни на седницата која се одржа во просториите на Општина Аеродром.

На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир. 

Состанокот на Скопскиот плански регион следува по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници

The post 12 градоначалници здружно со конкретни барања за решение за ѓубрето, на средбата не се појавија Арсовска, Јакимовски, Ганиу… appeared first on Република.

]]>

Скопскиот плански регион бара итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот со комуналната хигиена. На денешната итна седница во врска со комуналната хигиена во рамките на Град Скопје, Советот на Скопскиот плански регион одлучи да побара извештај од Град Скопје за состојбите поврзани со комунална хигиена, како и препорака со која се бара Градот Скопје да ја разгледа состојбата и да преземе мерки за итно постапување од Јавното претпријатие „Комунална хигиена Скопје“ во решавање на проблемот и иницијатива самите општини да ја преземат механизацијата за одржувањето на комуналната хигиена. На седницата беше донесен и заклучок со кој Скопскиот плански регион бара од страна на Владата, доколку проблемот не може да се реши на ниво на Градот, да се вклучи во негово решавање. Овие предлози беа изгласани од 12-те градоначалници кои беа присутни на седницата која се одржа во просториите на Општина Аеродром. На итната седницата на Скопскиот плански регион не присуствува градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и градоначалниците Стевчо Јакимовски - Општина Карпош, Коста Маневски - Општина Зелениково, Сашко Комненовиќ - Општина Чучер Сандево, Блерим Беџети - Општина Сарај и Висар Ганиу - Општина Чаир.  Состанокот на Скопскиот плански регион следува по состојбата со која главниот град е затрупан во смет поради протест на вработените во Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои бараат повисока плата и враќање на отпуштените работници

The post 12 градоначалници здружно со конкретни барања за решение за ѓубрето, на средбата не се појавија Арсовска, Јакимовски, Ганиу… appeared first on Република.

]]>
Отпадот од скопските општини истоварен пред капиите на Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/otpadot-od-skopskite-opshtini-istovaren-pred-kapiite-na-drisla/ Sun, 09 Jul 2023 22:14:24 +0000 https://republika.mk/?p=659486

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски вечерва го оставија отпадот пред капиите на Дрисла. Откако оваа депонија не го прими отпадот кој скопските градоначалници  го собраа со помош на механизација од другите градови, тие немаа избор освен да го остават пред капијата.

Претходно  Ѓорѓиевски изјави:

„Ако ни се спротивставува директорот да го прими и  да го одложиме отпадот внатре, луѓето ги држиме саат време овде, тие имаат фамилии а имаат и уште многу работа, тогаш ќе го одложиме отпадот пред „Дрисла“ па тоа ќе треба да си го собира директорот и градоначалничката“.

Тој додаде дека ќе почекаат  уште 10 минути максимум.

„Дечки ќе почекаме уште 10 минути, ако не добиеме одобрување од страна на директорот кој им забранува да комуницираат со нас, да ги отвори рампите да се влезе да се одложи ѓубрето, а за тоа плаќаме и имаме договори сите општини“, изјави Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски посочи дека за одложувањето на отпадот пред капиите на Дрисла цела одговорност е негова и на Тимчо Муцунски.

https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-go-sobraa-smetot-drisla-ne-go-prima-otpadot-danela-arsovska-prodolzhuva-so-destruktsija/

The post Отпадот од скопските општини истоварен пред капиите на Дрисла appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и неговиот колега од Аеродром, Тимчо Муцунски вечерва го оставија отпадот пред капиите на Дрисла. Откако оваа депонија не го прими отпадот кој скопските градоначалници  го собраа со помош на механизација од другите градови, тие немаа избор освен да го остават пред капијата. Претходно  Ѓорѓиевски изјави:
„Ако ни се спротивставува директорот да го прими и  да го одложиме отпадот внатре, луѓето ги држиме саат време овде, тие имаат фамилии а имаат и уште многу работа, тогаш ќе го одложиме отпадот пред „Дрисла“ па тоа ќе треба да си го собира директорот и градоначалничката“.
Тој додаде дека ќе почекаат  уште 10 минути максимум.
„Дечки ќе почекаме уште 10 минути, ако не добиеме одобрување од страна на директорот кој им забранува да комуницираат со нас, да ги отвори рампите да се влезе да се одложи ѓубрето, а за тоа плаќаме и имаме договори сите општини“, изјави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски посочи дека за одложувањето на отпадот пред капиите на Дрисла цела одговорност е негова и на Тимчо Муцунски. https://republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-go-sobraa-smetot-drisla-ne-go-prima-otpadot-danela-arsovska-prodolzhuva-so-destruktsija/

The post Отпадот од скопските општини истоварен пред капиите на Дрисла appeared first on Република.

]]>
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го собраа сметот, Дрисла не го прима отпадот, Данела Арсовска продолжува со деструкција https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/gradonachalnitsite-od-vmro-dpmne-go-sobraa-smetot-drisla-ne-go-prima-otpadot-danela-arsovska-prodolzhuva-so-destruktsija/ Sun, 09 Jul 2023 21:20:01 +0000 https://republika.mk/?p=659475

ЈП Дрисла вечерва одбиваат да го примат собраниот отпад од општините каде градоначалниците доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Вработените на капија не дозволија да се исфрли отпадот собран од Општина Аеродром и Општина Кисела вода. Пред Дрисла беа градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓоргиевски кои заедно со Муцунски ги уверуваа вработените дека ќе си платат за услугата. Но сепак тие не дозволија да се фрли собраниот отпад. Ѓубрето не било собрано и дистрибуирани со дозвола на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, брифираат извори во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ќе има проблеми со фрлање на сметот не беше нешто што не се очекуваше. Претходно Муцунски изјави дека ќе биде предизвик каде да се носи ѓубрето.

– Предизвик ќе биде каде ќе се носи ова ѓубре, би требло во „Дрисла“ да се носи истото и пробуваме повеќе од еден час да стапиме во контакт со ЈП „Дрисла“ но немаме никаков одговор од нивна страна дали ќе може да се однесе ова ѓубре таму иако тоа би било очекувано и нормално.  Да видиме како ќе се развива ситуацијата вечерва, ќе бидеме на терен граѓаните треба да знаат дека ние како градоначалници на територија на Град Скопје  ќе бидеме присутни и ќе бараме начини да го решиме овој проблем, изјави Муцунски

Тој посочи:

Заедно со претседателот на Советот Дејан Митески, со општинската администрација, со одговорните во општината сме на терен да почнеме да решаваме едно прашање кое не е во наша надлежност, прашање кое е во целосна надлежност на Градот Скопје, прашање за кое сите ние како жители плаќаме месечно за да се решава оваа услуга. Општината Аеродром каде што има највисок степен на наплата на оваа услуга  која повеќе од 4 дена не се подигнува ѓубрето од јавни површини.

Тој нагласи дека подолг период алармираат за лошото функционирање на ЈП „Комунална Хигиена“,  за на крај заради неумесно функционирање на ова ЈП граѓаните на најлош начин да видат што навистина се случува.

Муцунски додаде дека обврска како политичари не е да ги воочуваат проблемите туку кога постојат предизвици да ги решаваат истите.

– Јас во мојот дел на надлежности постојано имам предизвици и несогласувања но никогаш не дозволувам на ваков начин јавноста да страда и да ги гледа негативните последици на она што се случува. Ова што го дозволија од страна на градот Скопје и ова ЈП да се случи е да создадеме здравствен ризик за нашите граѓани Иако не е наша надлежност преземаме конкретни мерки. Ние имаме ограничена механизација, таа механизација и нашите работници веќе се на терен. Исконтактирав со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, благодарение на ажурноста и интересот на Иван да ни помогне во овој предизвик во секој момент очекуваме да пристигнат две големи возила од Општина Штип кој ќе имаат капацитет да поченеме да ги празниме  контејнерите, истакна Муцунски.

Додаде дека четири дена воопшто не е ништо направено од страна на градот и покрај нашите апели што значи дека ние веднаш нема да можеме да го решиме ова но ќе дадеме максимални напори ова да почнеме да ги враќаме работите во нормала

The post Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го собраа сметот, Дрисла не го прима отпадот, Данела Арсовска продолжува со деструкција appeared first on Република.

]]>

ЈП Дрисла вечерва одбиваат да го примат собраниот отпад од општините каде градоначалниците доаѓаат од ВМРО-ДПМНЕ. Вработените на капија не дозволија да се исфрли отпадот собран од Општина Аеродром и Општина Кисела вода. Пред Дрисла беа градоначалниците на Аеродром и Кисела Вода, Тимчо Муцунски и Орце Ѓоргиевски кои заедно со Муцунски ги уверуваа вработените дека ќе си платат за услугата. Но сепак тие не дозволија да се фрли собраниот отпад. Ѓубрето не било собрано и дистрибуирани со дозвола на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, брифираат извори во опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Дека ќе има проблеми со фрлање на сметот не беше нешто што не се очекуваше. Претходно Муцунски изјави дека ќе биде предизвик каде да се носи ѓубрето.
– Предизвик ќе биде каде ќе се носи ова ѓубре, би требло во „Дрисла“ да се носи истото и пробуваме повеќе од еден час да стапиме во контакт со ЈП „Дрисла“ но немаме никаков одговор од нивна страна дали ќе може да се однесе ова ѓубре таму иако тоа би било очекувано и нормално.  Да видиме како ќе се развива ситуацијата вечерва, ќе бидеме на терен граѓаните треба да знаат дека ние како градоначалници на територија на Град Скопје  ќе бидеме присутни и ќе бараме начини да го решиме овој проблем, изјави Муцунски
Тој посочи:
Заедно со претседателот на Советот Дејан Митески, со општинската администрација, со одговорните во општината сме на терен да почнеме да решаваме едно прашање кое не е во наша надлежност, прашање кое е во целосна надлежност на Градот Скопје, прашање за кое сите ние како жители плаќаме месечно за да се решава оваа услуга. Општината Аеродром каде што има највисок степен на наплата на оваа услуга  која повеќе од 4 дена не се подигнува ѓубрето од јавни површини.
Тој нагласи дека подолг период алармираат за лошото функционирање на ЈП „Комунална Хигиена“,  за на крај заради неумесно функционирање на ова ЈП граѓаните на најлош начин да видат што навистина се случува. Муцунски додаде дека обврска како политичари не е да ги воочуваат проблемите туку кога постојат предизвици да ги решаваат истите.
– Јас во мојот дел на надлежности постојано имам предизвици и несогласувања но никогаш не дозволувам на ваков начин јавноста да страда и да ги гледа негативните последици на она што се случува. Ова што го дозволија од страна на градот Скопје и ова ЈП да се случи е да создадеме здравствен ризик за нашите граѓани Иако не е наша надлежност преземаме конкретни мерки. Ние имаме ограничена механизација, таа механизација и нашите работници веќе се на терен. Исконтактирав со градоначалникот на Општина Штип Иван Јорданов, благодарение на ажурноста и интересот на Иван да ни помогне во овој предизвик во секој момент очекуваме да пристигнат две големи возила од Општина Штип кој ќе имаат капацитет да поченеме да ги празниме  контејнерите, истакна Муцунски.
Додаде дека четири дена воопшто не е ништо направено од страна на градот и покрај нашите апели што значи дека ние веднаш нема да можеме да го решиме ова но ќе дадеме максимални напори ова да почнеме да ги враќаме работите во нормала

The post Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ го собраа сметот, Дрисла не го прима отпадот, Данела Арсовска продолжува со деструкција appeared first on Република.

]]>
Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/linearno-pokachuvane-na-platite-vo-jp-deponija-drisla/ Wed, 31 May 2023 13:21:59 +0000 https://republika.mk/?p=646502

Управниот одбор на ЈП Депонија Дрисла донесе одлука за линеарно покачување на платите.

На сите вработени, платите ќе им бидат исплатени со покачување во висина од 2200 денари.

The post Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла appeared first on Република.

]]>

Управниот одбор на ЈП Депонија Дрисла донесе одлука за линеарно покачување на платите. На сите вработени, платите ќе им бидат исплатени со покачување во висина од 2200 денари.

The post Линеарно покачување на платите во ЈП Депонија Дрисла appeared first on Република.

]]>
МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/mvr-gi-demantira-tvdenjata-na-vmro-dpmne-deka-ne-prezema-merki-dodeka-se-krade-bakar-od-drisla/ Sun, 09 Oct 2022 17:37:55 +0000 https://republika.mk/?p=559143

МВР најостро ги демантира лагите изнесени во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Дрисла од каде, како што тврдат во соопштението, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки.

МВР ја информира јавноста дека по добиена пријава дека на 09.10.2022 година од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа било констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа.

Со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, велат од МВР.

The post МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла appeared first on Република.

]]>

МВР најостро ги демантира лагите изнесени во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ за наводна тешка кражба во Дрисла од каде, како што тврдат во соопштението, се изнесува бакар како отпадно железо, притоа прозивајќи го МВР за непреземање соодветни мерки. МВР ја информира јавноста дека по добиена пријава дека на 09.10.2022 година од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина на бакар, од страна на полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш се преземени мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа било констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа.
Со пласирањето на вакви лажни вести, ВМРО ДПМНЕ продолжува да ги доведува во заблуда граѓаните на Република Македонија, а своите внатрепартиски игри да ги става над точното информирање на јавноста, притоа обидувајќи се да наштети не само на угледот на институцијата, туку и на работењето на полицијата како гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, велат од МВР.

The post МВР ги демантира твдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека не презема мерки додека се краде бакар од Дрисла appeared first on Република.

]]>
Демант од МВР дека се краде бакар од депонијата: Во Дрисла била натоварена земја за Зоолошка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/demant-od-mvr-deka-se-krade-bakar-od-deponijata-vo-drisla-bila-natovarena-zemja-za-zooloshka/ Sun, 09 Oct 2022 14:07:33 +0000 https://republika.mk/?p=559094

Министерството за внатрешни работи ги демантира денешните тврдења на ВМРО-ДПМНЕ за тешка кражба од Јавното претпријатие „Дрисла“ од каде наводно се изнесувал бакар како отпадно железо.

По добиена пријава дека денеска од депонијата во Дрисла се изнесува голема количина бакар, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево, ЕИК, ЕВР Карпош и ЕИП, веднаш презедоа мерки и активности, при што е извршен разговор со раководни лица и вработени во депонијата и во Комуналното претпријатие на град Скопје. Притоа е констатирано дека во Дрисла нема бакар, а со товарно возило камион од Комуналното претпријатие на град Скопје најпрво во Дрисла биле истоварени шут и смет од Зоолошката градина во Скопје, кои биле исфрлени во депонијата, а на враќање, по извршен ископ на земјиште со багер, во истото возило била натоварена земја наменета за Зоолошка градина и донесена до неа“, соопштија од МВР.

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека според нивни основани сомневања и информации во ЈЈП Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. Опозициската партија го порзва МВР да одговори на овие сомневања.

The post Демант од МВР дека се краде бакар од депонијата: Во Дрисла била натоварена земја за Зоолошка appeared first on Република.

ВМРО-ДПМНЕ: Во овој момент се краде бакар од Дрисла, молчи крими коалицијата Данела – СДС https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vmro-dpmne-vo-ovoj-moment-se-krade-bakar-od-drisla-molchi-krimi-koalicijata-danela-sds/ Sun, 09 Oct 2022 10:58:32 +0000 https://republika.mk/?p=559024

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо.

МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра.

Власта се богати, додека Данела Арсовска, која е миленичето на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра.

Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на новата крими - коалиција Арсовска - СДС.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во овој момент се краде бакар од Дрисла, молчи крими коалицијата Данела – СДС appeared first on Република.

]]>

Во овој момент се врши тешка кражба во Дрисла каде се изнесува бакар како отпадно железо, МВР на Спасовски молчи, власта се богати, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Во овој момент според нашите основани сомневања и информации во Јавното претпријатие Дрисла се врши тешка кражба на бакар кој се изнесува под ставката отпадно железо. МВР на Спасовски молчи и премолчено одобрува изнесување на материјал вреден десетици илјади евра. Власта се богати, додека Данела Арсовска, која е миленичето на СДС, менаџира случај каде има основано сомневање за криминал тежок до стотина илјади евра. Ваков криминал не е можен без поддршка и знаење на централната власт. Вака се обезвреднуваат јавните претпријатија од страна на новата крими - коалиција Арсовска - СДС.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Во овој момент се краде бакар од Дрисла, молчи крими коалицијата Данела – СДС appeared first on Република.

]]>
Мицевски ѝ даде оставка на Арсовска во Дрисла: Никаква поддршка од Градот и бројни проблеми за кои градоначалничката нема слух https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/micevski-i-dade-ostavka-na-arsovska-vo-drisla-nikakva-poddrshka-od-gradot-i-brojni-problemi-za-koi-gradonachalnichkata-nema-sluh/ Tue, 13 Sep 2022 10:04:03 +0000 https://republika.mk/?p=550316

Директорот на Дрисла од ВМРО-ДПМНЕ Јане Мицевски си даде оставка. Како причина наведува дека немал никаква поддршка од Градот и оти градоначалничката Данела Арсовска немала слух за проблемите на Скопје.

Тој вели дека си заминува со крената глава.

Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи.Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците.Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година..Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба, пишува Мицевски.

The post Мицевски ѝ даде оставка на Арсовска во Дрисла: Никаква поддршка од Градот и бројни проблеми за кои градоначалничката нема слух appeared first on Република.

]]>

Директорот на Дрисла од ВМРО-ДПМНЕ Јане Мицевски си даде оставка. Како причина наведува дека немал никаква поддршка од Градот и оти градоначалничката Данела Арсовска немала слух за проблемите на Скопје. Тој вели дека си заминува со крената глава.
Горд сум што за 9 месеци успеавме за Дрисла да набавиме нова сопствена механизација. Набавени се 4 нови градежни машини, од кои 2 булдожери и 2 натоварувачи.Со цел осовременување на депонијата и обезбедување подобри услови за работа на вработените, обезбедени се два нови монтажно/демонтажни деловни објекти за потребите на работниците.Обезбедивме линеарно зголемување на платите од 2880 денари за секој вработен, како и исплата на заостанат регрес за годишен одмор за 2021 година..Инсталацијата за стерилизација на медицинскиот отпад (автоклав) е пуштен во пробна употреба, а во јули 2022 година со добивање дозвола за работа со што е направена измена во А – интегрираната еколошка дозвола почнува официјално со употреба, пишува Мицевски.

The post Мицевски ѝ даде оставка на Арсовска во Дрисла: Никаква поддршка од Градот и бројни проблеми за кои градоначалничката нема слух appeared first on Република.

]]>
„Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/drisla-kupi-dva-buldozera-i-dva-natovaruvachi/ Thu, 17 Mar 2022 13:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=474368

Побрзо третирање на отпадот и заштеда од досегашната пракса на изнајмување на градежни машини од надворешни компании е придобивката од набавката на четири нови машини во Јавното претпријатие Дрисла. Обезбедени се два булдожери и два натоварувачи со што значително ќе се подобри третирањето на отпад во депонијата.

Претпријатието 'Дрисла' дејност обавуваше со стара опрема што бараше постојано сервисирање, а во исто време за соодветно да се спроведува третирањето на отпад се изнајмувале машини од надворешни компании со што огромни биле трошоците во претпријатието за оваа намена. Сега значително се заштедуваат средства што се одвојувале за постојано сервисирање и изнајмување, а и значително ќе се подобри и забрза третирањето на отпад. Претпријатието изминатите години изнајмуваше градежни машини од надворешни фирми, за што се издвојуваа големи износи на финансиски средства, на овој начин оваа пракса се намалува со крајна цел во целост да престане и машините кои се користат да бидат во сопственост на Дрисла, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

За директорот на Дрисла Јане Мицевски оваа инвестиција е важна за да се спречи еколошко жариште во градот.

Четирите машини со вредност од околу 30 милиони денари се според европските и светски стандарди за квалитет на градежната опрема и за емисија на издувни гасови, со што се овозможува не само заштеда на гориво туку и подобрување на работните процеси и услугите за граѓаните. Градежните машини кои се користеа досега се стари, амортизирани и во многу лоша состојба, постојано се случуваат дефекти кои секојдневно се сервисираат во рамките на можностите. Со новата механизација ќе имаме континуитет во работењето и ќе го забрзаме процесот со цел да се превенира создавање на еколошко жариште, изјави Мицевски.

Инвестицијата во механизација на Дрисла е продолжување на модернизацијата на ова претпријатие каде пред две недели беше пуштен во употреба и стерилизаторот за медицински отпад.

The post „Дрисла“ купи два булдожера и два натоварувачи appeared first on Република.

Струмичките машини веќе нема да вратат во Дрисла за 850.000 евра: Претпријатието купи механизација за да не изнајмува https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/strumichkite-mashini-vekje-nema-da-vratat-vo-drisla-za-850-000-evra-pretprijatieto-kupi-mehanizacija-za-da-ne-iznajmuva/ Thu, 10 Mar 2022 16:58:20 +0000 https://republika.mk/?p=470826

ЈП Дрисла во минатото потрошило 850.000 евра на тендер за изнајмување механизација од струмичка компанија блиска до поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. Компанијата е блиска и до струмичкиот клан, омилен на централната власт, изјави Галески, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје наменета за советнички прашања.

Бидејќи ова претставува основен сонмеж за корупција, Галески праша дали актуелниот директор планира набавка на сопствена механизација за да се спречат сомнежи при ангажирање на компании.

Директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски во својот одговор истакна дека досегашната пракса за изнајмување градежни машини од надворешни компании од денес прекинува и станува минато, а претходното раководство трошело многу повеќе пари за таа намена.

- Во текот на вчерашниот ден пуштени се во употреба 4 нови градежни машини, кои Јавното претпријатие „Дрисла“ ги набави со сопствени средства и со тоа во иднина нема да имаме потреба да изнајмуваме градежни машини од надворешни компании, посочи Мицевски.

Галески упати и две прашања до директорот на ЈП Водовод кои се однесуваат на можноста на плаќање на сметките без камати, но и во врска со инвестициите на водоводната и канализациона мрежа кои очигледно беа запоставени од претходното раководство

За директорот на ЈП Водовод Галески имаше две прашања.

Започна одлична акција, со оглед дека голем дел граѓани имаат економски потешкотии, а тоа е можноста за плаќање на сметки за вода без камата, колку е искористеноста на оваа акција? Второ прашање е дали се планира инвестиции во однос на водоводната и канализационата мрежа со оглед дека Скопје има децениска зпоставеност во одредени делови на градот, праша Галески.

Во однос на прашањата директорот на ЈП Водовод, Златко Перински истакна дека во врска со акцијата за наплата на сметки без камата од страна на стопанството и домаќинството реализирани се 310 договори во вредност од 22 милиони денари, додека во врска со реконструкцијата на водоводната и канализациона мрежа согласно постоечката рамка со важност до 15 април планирано е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари.

- И во таа насока согласно потребите на Градот Скопје и на останатите општини, со новата рамковна спогодба која што ќе ја склучиме некаде после 16 април дополнително околу 90 милиони денари во делот на водоводната мрежа ќе ни бидат на располагање за реконструкција и околу 70 милиони денари ќе ни бидат на располагање за реконструкција на канализациона мрежа. Така што имаме доволно средства предвидено во оваа година, ќе ги обезбедиме и ќе можеме да одговориме на потребите на граѓаните скоро во сите општини, вели Перински.

The post Струмичките машини веќе нема да вратат во Дрисла за 850.000 евра: Претпријатието купи механизација за да не изнајмува appeared first on Република.

]]>

ЈП Дрисла во минатото потрошило 850.000 евра на тендер за изнајмување механизација од струмичка компанија блиска до поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски. Компанијата е блиска и до струмичкиот клан, омилен на централната власт, изјави Галески, советник во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната седница на советот на Град Скопје наменета за советнички прашања. Бидејќи ова претставува основен сонмеж за корупција, Галески праша дали актуелниот директор планира набавка на сопствена механизација за да се спречат сомнежи при ангажирање на компании. Директорот на ЈП Дрисла, Јане Мицевски во својот одговор истакна дека досегашната пракса за изнајмување градежни машини од надворешни компании од денес прекинува и станува минато, а претходното раководство трошело многу повеќе пари за таа намена.
- Во текот на вчерашниот ден пуштени се во употреба 4 нови градежни машини, кои Јавното претпријатие „Дрисла“ ги набави со сопствени средства и со тоа во иднина нема да имаме потреба да изнајмуваме градежни машини од надворешни компании, посочи Мицевски.
Галески упати и две прашања до директорот на ЈП Водовод кои се однесуваат на можноста на плаќање на сметките без камати, но и во врска со инвестициите на водоводната и канализациона мрежа кои очигледно беа запоставени од претходното раководство За директорот на ЈП Водовод Галески имаше две прашања.
Започна одлична акција, со оглед дека голем дел граѓани имаат економски потешкотии, а тоа е можноста за плаќање на сметки за вода без камата, колку е искористеноста на оваа акција? Второ прашање е дали се планира инвестиции во однос на водоводната и канализационата мрежа со оглед дека Скопје има децениска зпоставеност во одредени делови на градот, праша Галески.
Во однос на прашањата директорот на ЈП Водовод, Златко Перински истакна дека во врска со акцијата за наплата на сметки без камата од страна на стопанството и домаќинството реализирани се 310 договори во вредност од 22 милиони денари, додека во врска со реконструкцијата на водоводната и канализациона мрежа согласно постоечката рамка со важност до 15 април планирано е реконструкција на 7 улици во четири општини во вредност од 40 милиони денари.
- И во таа насока согласно потребите на Градот Скопје и на останатите општини, со новата рамковна спогодба која што ќе ја склучиме некаде после 16 април дополнително околу 90 милиони денари во делот на водоводната мрежа ќе ни бидат на располагање за реконструкција и околу 70 милиони денари ќе ни бидат на располагање за реконструкција на канализациона мрежа. Така што имаме доволно средства предвидено во оваа година, ќе ги обезбедиме и ќе можеме да одговориме на потребите на граѓаните скоро во сите општини, вели Перински.
 
The post Струмичките машини веќе нема да вратат во Дрисла за 850.000 евра: Претпријатието купи механизација за да не изнајмува appeared first on Република.

]]>
Повеќе од 65 илјади вакцини „Фајзер“ и „Астра Зенека“ ќе се уништат на Дрисла, им истече рокот за употреба https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/povekje-od-65-iljadi-vakcini-fajzer-i-astra-zeneka-kje-se-unishtat-na-drisla-im-isteche-rokot-za-upotreba/ Tue, 22 Feb 2022 18:17:21 +0000 https://republika.mk/?p=462126

На повеќе од 65 илјади вакцини од производителите „Фајзер“ и „Астра Зенека“ рокот за употреба им е истечен и тие ќе се уништуваат во „Дрисла“.

Потребно е Комисија од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) да направат попис и да достават барање до „Дрисла“ за нивно уништување.

Досега ниедна вакцина против ковид-19 не била запалена во печките на депонијата.

Директорот на ЈКП „Дрисла“ Јане Мицевски досега не добил барање за уништување вакцини. Во оваа депонија, и според претходниот директор Коста Начевски, досега не е уништена ниедна вакцина.

Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека сите вакцини што се користат во моментов се безбедни. Вакцините на кои им поминува рокот, според утврдена процедура прво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување во соработка со МАЛМЕД и од фирма овластен уништувач. Бројот на вакцини што се повлекуваат од употреба не е фиксен и се менува на дневна основа, уверуваат оттаму.

До овој момент е добиена дозвола за уништување 65.978 дози вакцини против ковид-19 со изминат рок на употреба. Вакцините се производ на „Фајзер“ и на „Астра-Зенека“. Уништувањето на вакцините се реализира по прецизно утврдена законска процедура. Во моментот дневно се вакцинираат околу 2 илјади лица. Неодамна пристигнаа 250 илјади дози од вакцината „Фајзер“, донација од Република Италија, преку КОВАКС механизмот – објаснуваат од Министерството за „Слободен печат“.

The post Повеќе од 65 илјади вакцини „Фајзер“ и „Астра Зенека“ ќе се уништат на Дрисла, им истече рокот за употреба appeared first on Република.

]]>

На повеќе од 65 илјади вакцини од производителите „Фајзер“ и „Астра Зенека“ рокот за употреба им е истечен и тие ќе се уништуваат во „Дрисла“. Потребно е Комисија од Министерството за здравство и Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) да направат попис и да достават барање до „Дрисла“ за нивно уништување. Досега ниедна вакцина против ковид-19 не била запалена во печките на депонијата. Директорот на ЈКП „Дрисла“ Јане Мицевски досега не добил барање за уништување вакцини. Во оваа депонија, и според претходниот директор Коста Начевски, досега не е уништена ниедна вакцина. Од Министерството за здравство за „Слободен печат“ велат дека сите вакцини што се користат во моментов се безбедни. Вакцините на кои им поминува рокот, според утврдена процедура прво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување во соработка со МАЛМЕД и од фирма овластен уништувач. Бројот на вакцини што се повлекуваат од употреба не е фиксен и се менува на дневна основа, уверуваат оттаму.
До овој момент е добиена дозвола за уништување 65.978 дози вакцини против ковид-19 со изминат рок на употреба. Вакцините се производ на „Фајзер“ и на „Астра-Зенека“. Уништувањето на вакцините се реализира по прецизно утврдена законска процедура. Во моментот дневно се вакцинираат околу 2 илјади лица. Неодамна пристигнаа 250 илјади дози од вакцината „Фајзер“, донација од Република Италија, преку КОВАКС механизмот – објаснуваат од Министерството за „Слободен печат“.

The post Повеќе од 65 илјади вакцини „Фајзер“ и „Астра Зенека“ ќе се уништат на Дрисла, им истече рокот за употреба appeared first on Република.

]]>
Пуштен во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во Дрисла https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/pushten-vo-upotreba-noviot-sterilizator-za-medicinski-otpad-vo-drisla/ Mon, 21 Feb 2022 12:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=461452

Во Јавното претпријатие Дрисла – Скопје е пуштен во употреба новиот Автоклав, односно стерилизатор за медицински отпад.

Како што појасни директорот на претпријатието Јане Мицевски, системот е опремен со шредер кој го дроби отпадот на мали тенки парчиња и за 80 отсто го намалува волуменот на медицинскиот отпад. Машината е дизајнирана за дробење и стерилизација на отпад како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болничките центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.

Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав за медицински отпад кој е иновативен систем, целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, од познатата италијанска марка ЦИСА, Дрисла станува современа депонија. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за заштеда на енергија обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината - рече Мицевски.

Машината користи еколошка технологија, која ги намалува трошоците за отстранување на медицински отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад. Мицевски информира се планира старата печка да се реновира оваа година и да служи како резервна варијанта.

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека овој тип на обработка на медицинскиот отпад е по најсовремените стандарди со кои се штитат животната средина и здравјето на граѓаните.

Дрисла конечно почнува со процесот на модернизација односно со осовременување на третирањето на медицинскиот отпад. Повеќе нема да има несоодветно, односно несовесно согорување на медицински отпад којшто досега беше третиран практично како обичен отпад. Ќе се потрудиме целосно да ги модернизираме сите процеси во рамки на ЈП Дрисла. Со оваа инвестиција, исполнети се сите стандарди кои се неопходни за третирање на медицински отпад и Дрисла официјално се трансформира во една модерна депонија која ќе продолжи да применува современи технологии за управување со отпадот, а целиот свој капацитет и потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните - нагласи градоначалничката Арсовска.

The post Пуштен во употреба новиот стерилизатор за медицински отпад во Дрисла appeared first on Република.

]]>

Во Јавното претпријатие Дрисла – Скопје е пуштен во употреба новиот Автоклав, односно стерилизатор за медицински отпад. Како што појасни директорот на претпријатието Јане Мицевски, системот е опремен со шредер кој го дроби отпадот на мали тенки парчиња и за 80 отсто го намалува волуменот на медицинскиот отпад. Машината е дизајнирана за дробење и стерилизација на отпад како што се игли, шприцеви, завои, гази, сечила, стакло, катетри и друг отпад од работењето на клиниките, болничките центри, болници, ветеринарни болници и лаборатории.
Со новопристигнатиот стерилизатор, односно автоклав за медицински отпад кој е иновативен систем, целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет, од познатата италијанска марка ЦИСА, Дрисла станува современа депонија. Сувата вакуум пумпа, придонесува за заштеда на потрошувачка на вода за дури 98 проценти, а системот за заштеда на енергија обезбедува еколошка безбедност и не дозволува инфективниот воздух да ја загадува околината - рече Мицевски.
Машината користи еколошка технологија, која ги намалува трошоците за отстранување на медицински отпад, притоа минимизирајќи го ризикот од вкрстена контаминација бидејќи целиот процес се врши во еден сад. Мицевски информира се планира старата печка да се реновира оваа година и да служи како резервна варијанта. Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, истакна дека овој тип на обработка на медицинскиот отпад е по најсовремените стандарди со кои се штитат животната средина и здравјето на граѓаните.