Дрин Ахмети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drin-ahmeti/ За подобро да се разбереме Mon, 29 Jul 2024 14:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дрин Ахмети Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drin-ahmeti/ 32 32 Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ageler-za-sluchajot-soravija-nikoj-ne-e-nad-zakonot-i-sekoj-treba-da-odgovara-za-svoite-postapki/ Mon, 29 Jul 2024 14:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=801357

Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера.

На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип, Агелер нагласи дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како Амбасада и како држава го поддржуваат.

Мојот заклучок на прашањето дали се потребни реформи во судството е: „Да, апсолутно се потребни“, рече Агелер.

Агелер денеска одговори и на прашање за можно ажурирање на „црната листа“ на САД со нови лица, при што напомена дека тоа е континуиран процес, но оти не може конкретно да каже кога тоа би се случило.

Т.н. „црна листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере, во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто, рече Агелер, но напомена дека нема конкретен датум кога тоа би се случило.

Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.

Но ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим и без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки, рече Агелер.

The post Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки appeared first on Република.

]]>

Секоја реформа на Судскиот совет и секоја реформа воопшто на правосудниот систем треба да се направи многу внимателно, треба внимателно да се разгледаат и да се донесат мудри одлуки, изјави денеска американската амбасадорка Анџела Агелер, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како треба да се спроведат реформите во оваа сфера. На прашањето да го каже својот став во однос на реформите по посетата на припадниците на Лесната пешадиска баталјонска група во касарната „Јане Сандански“ во Штип, Агелер нагласи дека ЕУ има патоказ за тоа како треба да се спроведат реформите и оти тие како Амбасада и како држава го поддржуваат.
Мојот заклучок на прашањето дали се потребни реформи во судството е: „Да, апсолутно се потребни“, рече Агелер.
Агелер денеска одговори и на прашање за можно ажурирање на „црната листа“ на САД со нови лица, при што напомена дека тоа е континуиран процес, но оти не може конкретно да каже кога тоа би се случило.
Т.н. „црна листа“ е нешто што се прави согласно нашите закони. Станува збор за листа, која е динамична, органска, која постојано трпи промени. Има мноштво имиња, од кои може да се избере, во моментов се разгледуваат имиња, се разгледуваат случаи, се следи ситуацијата воопшто, рече Агелер, но напомена дека нема конкретен датум кога тоа би се случило.
Во врска со барањето на обвинителството за меѓународна правна помош од САД за случајот „Соравиа“, во кој е вклучен Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, Агелер кажа дека таа нема детали, дека Амбасадата на САД има правна канцеларија, која се занимава со овие работи.
Но ќе го кажам она што и претходно сум го кажувала пред членовите на мојот тим и без разлика на овој конкретен случај, никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки, рече Агелер.

The post Агелер за случајот „Соравија“: Никој не е над законот и секој треба да одговара за своите постапки appeared first on Република.

]]>
Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/lefkov-jo-da-ne-molchi-da-ne-cheka-i-da-reagira-ekspeditivno-za-drin-ahmeti-koj-zarabotuval-milioni-bez-da-plati-soodveten-nadomestok-za-kontsesijata/ Sun, 28 Jul 2024 09:50:21 +0000 https://republika.mk/?p=800978

ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков.

Лефков посочи дека Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил.

-ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон. ЈО да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му седи на главата на јавниот обвинител за организиран криминал Исмаил Абази, затоа што институциите се ослободуваат и сега ако не постапат, ќе треба и тие да одговараат пред законот за многу скоро од сега, зошто тоа не го направиле. ЈО не смее да не постапува, Дрин Ахмети преку неговата фирма ЕВЕРЕСТ ЏД го оштетил Буџетот на државата не платил концесија во висина на извршените ископи од над 1.6 милиони, истакна тој на прес-конференцијата.

Според Лефков, непостапувањето на институциите во време на СДС и ДУИ допронело до тоа Дрин Ахмети да работи, иако требало да му биде одземена лиценцата, а со тоа и да може да зема милионски тендери, иако требало да му се одземе лиценцата.

-Дрин Ахмети е фатен на дело како прави криминал, случајот е многу јасен. ЈО да постапи, затоа што тоа непостапување допринесе државата да има 2% доверба во судството и обвинителството. Очекуваме брзо процесуирање. Истовремено најавувам, дека од утре продолжуваме со нови случаи од скандалите опфатени во серијалот „Ограбена држава“, посочи Лефков.

The post Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата appeared first on Република.

]]>

ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата, истакна на денешната прес-конференција пратеникот Миле Лефков. Лефков посочи дека Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил.
-ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон. ЈО да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му седи на главата на јавниот обвинител за организиран криминал Исмаил Абази, затоа што институциите се ослободуваат и сега ако не постапат, ќе треба и тие да одговараат пред законот за многу скоро од сега, зошто тоа не го направиле. ЈО не смее да не постапува, Дрин Ахмети преку неговата фирма ЕВЕРЕСТ ЏД го оштетил Буџетот на државата не платил концесија во висина на извршените ископи од над 1.6 милиони, истакна тој на прес-конференцијата.
Според Лефков, непостапувањето на институциите во време на СДС и ДУИ допронело до тоа Дрин Ахмети да работи, иако требало да му биде одземена лиценцата, а со тоа и да може да зема милионски тендери, иако требало да му се одземе лиценцата.
-Дрин Ахмети е фатен на дело како прави криминал, случајот е многу јасен. ЈО да постапи, затоа што тоа непостапување допринесе државата да има 2% доверба во судството и обвинителството. Очекуваме брзо процесуирање. Истовремено најавувам, дека од утре продолжуваме со нови случаи од скандалите опфатени во серијалот „Ограбена држава“, посочи Лефков.

The post Лефков: ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата appeared first on Република.

]]>
Фирмата концесионер на Дрин Ахмети добивала и милионски тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/firmata-kontsesioner-na-drin-ahmeti-dobivala-i-milionski-tenderi/ Sat, 27 Jul 2024 13:59:44 +0000 https://republika.mk/?p=800805

Милионски тендери добивала фирмата „Еверест ЏД“ на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за која пред некој ден заработи кривична пријава од МВР, бидејќи се сомничи дека како нејзин директор извршил злоупотреба на концесија за рудник кај Кичево и со тоа го оштетил буџетот за 1,6 милиони денари или околу 26.000 евра. Ова денеска го обелодени ВМРО-ДПМНЕ и прстот го впери кон поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој доаѓа од истата партија, бидејќи не ја одземал концесијата на фирмата за експлоатација на минерални суровини и со тоа овозможил да ги добива тендерите.

„Дрин Ахмети преку „Еверест ЏД“, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери“, изјави Лефков.

Според податоците на Бизнис мрежа, фирмата „Еверест ЏД“ е формирана во 2005 година. Најпрвин имала седиште во село Зајас, кое е родно место на Ахмети, потоа во соседното Букојчани за од август лани да се префрли со адреса во Скопје. Дрин Ахмети станал нејзин директор и сопственик во 2017 година. Лани фирмата имала добивка од 129.000 евра.

Откако Дрин Ахмети ја преземал, тендер склучила со „Комуналец“ од Кичево во вредност од 47,500 евра за набавка на ризла и камен за ѕидање. Потоа ја започнала соработката со АД ЕСМ и добила договори за четири тендери во износ од речиси 125.000 евра. Последниот договор и е со „Водовод и канализација“ од Прилеп за над 15.000 евра.

„Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи“, додаде Лефков.

Дрин Ахмети вчера реагираше дека владеачката партија шири невистини кои и му штетат на личниот углед и на имиџот на фирмата, а притоа ги сподели и сите уплати на „Еверест ЏД“ за концесиски надоместок за простор и експлоатација за периодот 2016 до 2024 година.

Освен Дрин Ахмети, во кривичната пријава е опфатен и претходниот директор на фирмата, Бесиан Ахмети кој всушност ја отстапил „Еверест ЏД“ на неговиот брат. Тој вчера беше разрешен од неговата функција прв секретар на македонската амбасада во Брисел поради кривичната пријава против него. Пријави има и за неколкумина вработени во министерството за економија за несовесно работење, бидејќи биле должни да вршат надзор на концесијата. Обвинителството ги истражува наводите.

The post Фирмата концесионер на Дрин Ахмети добивала и милионски тендери appeared first on Република.

]]>

Милионски тендери добивала фирмата „Еверест ЏД“ на Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за која пред некој ден заработи кривична пријава од МВР, бидејќи се сомничи дека како нејзин директор извршил злоупотреба на концесија за рудник кај Кичево и со тоа го оштетил буџетот за 1,6 милиони денари или околу 26.000 евра. Ова денеска го обелодени ВМРО-ДПМНЕ и прстот го впери кон поранешниот министер за економија Крешник Бектеши кој доаѓа од истата партија, бидејќи не ја одземал концесијата на фирмата за експлоатација на минерални суровини и со тоа овозможил да ги добива тендерите. „Дрин Ахмети преку „Еверест ЏД“, со која експлоатирал минерални суровини повеќе отколку што пријавил и платил на државата, наместо да се соочи со санкција и одземена дозвола под закрила на Министерството за економија на Крешник Бектеши продолжил да работи, и како таков да ниже милионски тендери“, изјави Лефков. Според податоците на Бизнис мрежа, фирмата „Еверест ЏД“ е формирана во 2005 година. Најпрвин имала седиште во село Зајас, кое е родно место на Ахмети, потоа во соседното Букојчани за од август лани да се префрли со адреса во Скопје. Дрин Ахмети станал нејзин директор и сопственик во 2017 година. Лани фирмата имала добивка од 129.000 евра. Откако Дрин Ахмети ја преземал, тендер склучила со „Комуналец“ од Кичево во вредност од 47,500 евра за набавка на ризла и камен за ѕидање. Потоа ја започнала соработката со АД ЕСМ и добила договори за четири тендери во износ од речиси 125.000 евра. Последниот договор и е со „Водовод и канализација“ од Прилеп за над 15.000 евра. „Власта на СДС и ДУИ и нивните луѓе во Министерството за економија знаеле дека концесионерот не доставувал геодетски елаборати со пресметка на откопаните количини на минерални суровини, предвидена во член од Законот за минерални суровини, како и дека не вршел исплата на концесиските надоместоци утврдено со склучениот договор, и покрај тоа му овозможиле на фирмата на Ахмети да ги користи придобивките од концесијата и непречено да остварува приходи“, додаде Лефков. Дрин Ахмети вчера реагираше дека владеачката партија шири невистини кои и му штетат на личниот углед и на имиџот на фирмата, а притоа ги сподели и сите уплати на „Еверест ЏД“ за концесиски надоместок за простор и експлоатација за периодот 2016 до 2024 година. Освен Дрин Ахмети, во кривичната пријава е опфатен и претходниот директор на фирмата, Бесиан Ахмети кој всушност ја отстапил „Еверест ЏД“ на неговиот брат. Тој вчера беше разрешен од неговата функција прв секретар на македонската амбасада во Брисел поради кривичната пријава против него. Пријави има и за неколкумина вработени во министерството за економија за несовесно работење, бидејќи биле должни да вршат надзор на концесијата. Обвинителството ги истражува наводите.

The post Фирмата концесионер на Дрин Ахмети добивала и милионски тендери appeared first on Република.

]]>
Демант на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/demant-na-drin-ahmeti-na-pres-konferentsijata-na-pratenikot-na-vmro-dpmne-lefkov/ Fri, 26 Jul 2024 18:35:53 +0000 https://republika.mk/?p=800617

Во врска со натписот на Телевизија 24 од 24.07.2024 со наслов „Дритон Кучи бил министер за економија кога во 2016 година е издадена концесијата за внуцита на Али Ахмети“, како и прес-конференциите објавени на официјалниот Јутуб канал на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 25.07.2024 и 26.07.2024 година оддржани од страна на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешно пласирани информации во јавноста.

1. Друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје има склучено Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас, заведен под архивски број на Министерството за економија  24-3114/16 од 07.07.2006 година. Ова е спротивно на тврдењата на Телевизија 24 дека Дритон Кучи бил министер за економија во времето кога е издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини.

2. Во однос на изнесените невистини од страна на г-дин Лефков, би сакале да ги демантираме информациите кои беа пласирани на двете прес-конференции во врска со неплаќањето на концесискиот надоместок. Во прилог на овој Демант, ги споделуваме сите уплати кои друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје ги има направено за периодот од 2016 до 2024 година, по основ на концесиски надомест за простор и експлоатација.

Ваквите лажни твдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмеди. Исто така, апелираме до надлежните институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, да ги проверат исказите во нивната истрага.

Дрин Ахмеди, Управител и сопственик на Еверест ЏД ДООЕЛ Скопје

The post Демант на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков appeared first on Република.

]]>

Во врска со натписот на Телевизија 24 од 24.07.2024 со наслов „Дритон Кучи бил министер за економија кога во 2016 година е издадена концесијата за внуцита на Али Ахмети“, како и прес-конференциите објавени на официјалниот Јутуб канал на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ на 25.07.2024 и 26.07.2024 година оддржани од страна на Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да ве информираме дека се работи за комплетна невистина и погрешно пласирани информации во јавноста. 1. Друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје има склучено Договор за концесија за експлоатација на минерална суровина – варовник на локалитетот „Буковиќ“, општина Зајас, заведен под архивски број на Министерството за економија  24-3114/16 од 07.07.2006 година. Ова е спротивно на тврдењата на Телевизија 24 дека Дритон Кучи бил министер за економија во времето кога е издадена концесијата за експлоатација на минерални суровини. 2. Во однос на изнесените невистини од страна на г-дин Лефков, би сакале да ги демантираме информациите кои беа пласирани на двете прес-конференции во врска со неплаќањето на концесискиот надоместок. Во прилог на овој Демант, ги споделуваме сите уплати кои друштвото „Еверест ЏД“ ДООЕЛ Скопје ги има направено за периодот од 2016 до 2024 година, по основ на концесиски надомест за простор и експлоатација. Ваквите лажни твдења прават штета на компанијата, како и на личниот углед на сопственикот Дрин Ахмеди. Исто така, апелираме до надлежните институции, вклучително Министерството за внатрешни работи, да ги проверат исказите во нивната истрага. Дрин Ахмеди, Управител и сопственик на Еверест ЏД ДООЕЛ Скопје

The post Демант на Дрин Ахмети на прес-конференцијата на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Лефков appeared first on Република.

]]>
Со години фирмите на Дрин и Бесијан, внуци на Али Ахмети вртеле милиони со помош на државaта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/so-godini-firmite-na-drin-i-besijan-vnutsi-na-ali-ahmeti-vrtele-milioni-so-pomosh-na-drzhavni-organi/ Thu, 25 Jul 2024 10:36:42 +0000 https://republika.mk/?p=800150

Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ. Со години фирмите на Дрин и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети, вртеле милиони со помош на државни органи, дали заради концесии кои ги имаат добиено од државата или пак од тендери, секогаш клучен фактор била политичката моќ на ДУИ и СДС, oбвини Миле Лефков.

Во наредниве денови ќе презентираме низа случаи под серијалот "Ограбена држава", кои ќе покажат како Македонија била оштетувана за милиони.

Денеска почнуваме со случајот на Дрин Ахмети и кривичната пријава која МВР ја поднесе против него, неговиот брат Бесијан и службеници во министерството за економија под капа на ДУИ.

Истрагите на МВР како шти веќе соопштија од министерството резултирале со заклучок дека во период од 2016 до 2023 година, фирмата Еверест ЏД во сопственост на Ахмети, која е концесионер на каменолом требало да плати прецизен годишен надоместок за концесијата и такса за извлечените минерални суровини, според тарифата за дозволи и концесии. Иако потребно било да достави и геодетски елаборати со детални количества на извлечени минерални суровини и периодот во кој е извршена екстракција, наведено во член 64 од Законот за минерални суровини. Тоа не го направиле. И  наместо тоа, платиле 1.671.894 денари помалку за концесиски надоместоци, со што е направена штета на Буџетот на Република Македонија.

Дрин Ахмети експлоатирал камен и правел производи од истиот, без да ја пријави вистинската количина во Министерството за економија и за истата да плати соодветна сума пари на сметка на Буџетот.

Дрин Ахмети пријавил помалку експлоатирани минерални суровини отколку што навистина експлоатирал. Тој не само што го оштетил буџетот на државата преку не плаќање концесиски надоместок во реална висина, туку постои опасност дека така непријавените експлоатирани минерални суровини ги пуштил во промет без да ја еведентира нивната продажба и да плати данок.

Колкав е реалниот профит кој Ахмети го ставил во џеб и заради кој избегнал да плати надоместок кон државата?

ЈО да не спие и да почне да постапува по кривичните пријави на МВР. ДУИ и СДС 7 години ја ограбуваа државата и ја земаа среќата на многу луѓе. Време е да има одговорност, за никогаш да не се повтори.

Утре продолжуваме со нови детали околу милионите на Ахмети

The post Со години фирмите на Дрин и Бесијан, внуци на Али Ахмети вртеле милиони со помош на државaта appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети книжел милиони под закрила на институциите водени од кадри на ДУИ. Со години фирмите на Дрин и Бесијан Ахмети, внуци на Али Ахмети, вртеле милиони со помош на државни органи, дали заради концесии кои ги имаат добиено од државата или пак од тендери, секогаш клучен фактор била политичката моќ на ДУИ и СДС, oбвини Миле Лефков. Во наредниве денови ќе презентираме низа случаи под серијалот "Ограбена држава", кои ќе покажат како Македонија била оштетувана за милиони. Денеска почнуваме со случајот на Дрин Ахмети и кривичната пријава која МВР ја поднесе против него, неговиот брат Бесијан и службеници во министерството за економија под капа на ДУИ.
Истрагите на МВР како шти веќе соопштија од министерството резултирале со заклучок дека во период од 2016 до 2023 година, фирмата Еверест ЏД во сопственост на Ахмети, која е концесионер на каменолом требало да плати прецизен годишен надоместок за концесијата и такса за извлечените минерални суровини, според тарифата за дозволи и концесии. Иако потребно било да достави и геодетски елаборати со детални количества на извлечени минерални суровини и периодот во кој е извршена екстракција, наведено во член 64 од Законот за минерални суровини. Тоа не го направиле. И  наместо тоа, платиле 1.671.894 денари помалку за концесиски надоместоци, со што е направена штета на Буџетот на Република Македонија.
Дрин Ахмети експлоатирал камен и правел производи од истиот, без да ја пријави вистинската количина во Министерството за економија и за истата да плати соодветна сума пари на сметка на Буџетот.
Дрин Ахмети пријавил помалку експлоатирани минерални суровини отколку што навистина експлоатирал. Тој не само што го оштетил буџетот на државата преку не плаќање концесиски надоместок во реална висина, туку постои опасност дека така непријавените експлоатирани минерални суровини ги пуштил во промет без да ја еведентира нивната продажба и да плати данок.
Колкав е реалниот профит кој Ахмети го ставил во џеб и заради кој избегнал да плати надоместок кон државата?
ЈО да не спие и да почне да постапува по кривичните пријави на МВР. ДУИ и СДС 7 години ја ограбуваа државата и ја земаа среќата на многу луѓе. Време е да има одговорност, за никогаш да не се повтори.
Утре продолжуваме со нови детали околу милионите на Ахмети

The post Со години фирмите на Дрин и Бесијан, внуци на Али Ахмети вртеле милиони со помош на државaта appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-se-povlekuva-od-rakovodnata-funktsija-na-tor-industris-soopshti-kompanijata/ Wed, 13 Mar 2024 18:40:19 +0000 https://republika.mk/?p=754522

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“.

Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.

Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.

Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.

Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.

Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време.

Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

The post Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внук на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, основач и сопственик на „Тор индустрис“, компанијата која го купи трговскиот центар „Соравија“, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од „Тор индустрис“. Според соопштението, новите сопственик е американската компанија „Тексас американ интернешенал холдингс“.
Дрин Ахмеди, извршниот директор кој беше на чело на компанијата како основач и сопственик на „Тор индустрис“, водејќи ја компанијата низ различни фази на раст и реструктуирање, ќе се повлече до крајот на годината, стои во соопштението.
Во него се дополнува дека одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од „Американ интернешенал холдингс“ во Тексас.
Интеграцијата на „Тор индустрис“ во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите, се дополнува во соопштението.
Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време. Компанијата на вкукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар „Соравија“ во центарот на Скопје. Покрај „Тор индустрис“, Дрин Ахмети поседува и други бизниси.

The post Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“, соопшти компанијата appeared first on Република.

]]>
Владата не постапува како судија, одговори Џафери на прашањето дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК за Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ne-postapuva-kako-sudija-odgovori-dhaferi-na-prashaneto-dali-ke-postapi-po-initsijativata-na-dksk-za-drin-ahmeti/ Wed, 06 Mar 2024 11:30:16 +0000 https://republika.mk/?p=751871

Владата ниту е судија ниту обвинител и не може да постапи како суд, одговори техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција во одговор на новинарско прашање дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК да се бара одговорност од првиот човек на Фондот за иновации поради утврдени нерегуларности со грантовите дадени на фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети.

-Пресумпција на невиност е основно правило во правото и надлежните институции коишто треба да постапат ако имаат поинаква одлука соодветна нема причина да не постапи Владата. Така што Владата не може да ја преземе улогата на друга институција. Треба да правиме разлика по однос на надлежностите, кажа Џафери.

Во однос на критиките од Брисел поради тоа што не се постапува по претставките од Антикорупциска комисија, вели дека тоа не е надлежност на Владата.

-Брисел има критики по многу нешта, по односното прашање ви кажав не е надлежност на Владата. ДКСК е независно тело формирана од Собранието и е независна во својата работа и според законот има надлежност да поднесува извештаи до надлежните институции коишто имаат можност за постапување. Понатаму кој било коментар е сувишен и непотребен оти и може да се смета како мешање во работите помеѓу властите, оцени Џафери одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

The post Владата не постапува како судија, одговори Џафери на прашањето дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК за Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Владата ниту е судија ниту обвинител и не може да постапи како суд, одговори техничкиот премиер Талат Џафери на прес-конференција во одговор на новинарско прашање дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК да се бара одговорност од првиот човек на Фондот за иновации поради утврдени нерегуларности со грантовите дадени на фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети. -Пресумпција на невиност е основно правило во правото и надлежните институции коишто треба да постапат ако имаат поинаква одлука соодветна нема причина да не постапи Владата. Така што Владата не може да ја преземе улогата на друга институција. Треба да правиме разлика по однос на надлежностите, кажа Џафери. Во однос на критиките од Брисел поради тоа што не се постапува по претставките од Антикорупциска комисија, вели дека тоа не е надлежност на Владата. -Брисел има критики по многу нешта, по односното прашање ви кажав не е надлежност на Владата. ДКСК е независно тело формирана од Собранието и е независна во својата работа и според законот има надлежност да поднесува извештаи до надлежните институции коишто имаат можност за постапување. Понатаму кој било коментар е сувишен и непотребен оти и може да се смета како мешање во работите помеѓу властите, оцени Џафери одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

The post Владата не постапува како судија, одговори Џафери на прашањето дали ќе постапи по иницијативата на ДКСК за Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
Јавното обвинителство да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/javnoto-obvinitelstvo-da-otvori-istraga-za-grantovite-od-fitr-na-drin-ahmeti/ Thu, 08 Feb 2024 11:13:55 +0000 https://republika.mk/?p=741808

Државните пари како грантови или државна помош наместо кај граѓаните и фирмите низ фер постапка, завршуваат кај фирмите на семејствата на врвот на власта.5 милиони, од вкупно 6-те милиони денари државни пари за грантови од ФИТР завршиле кај две фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, познатиот талентиран бизнисмен кој ја презема Соравиа без вложен денар, бара Игор Јанушев.

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, добила околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“, а втората негова фирма Еверест ЏД добива 50.000 евра за проектот „Data management Efficiency System“. Вкупно 82.000 евра од ФИТР управуван од кадарот на ДУИ – Фестим Халили, за внукот на неговиот партиски шеф, Дрин Ахмети.

https://www.youtube.com/watch?v=lCTs0nQfpnw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Ако за двата проекти се доделени 5 милиони денари, а вкупно биле предвидени 6, нејасно е дали воопшто некоја друга компанија добила пари од ФИТР за проекти по овој јавен конкурс.

За ова, ВМРО-ДПМНЕ говори веќе подолг период наназад, и први во јавноста отворивме случај како семејството Ахмети се богати на грбот на народот. Оттука, ја поздравуваме одлуката на ДКСК да отвори предмет за Дрин Ахмети.

Апелираме до владата итно да го разреши директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, како и сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции.

Воедно, го повикуваме ЈО да отвори постапка по однос на Дрин Ахмети и добивањето пари од ФИТР, особено ако се земе во предвид фактот што го констатира и ДКСК, а тоа е промената на роковите за проектот и неизвршениот надзор за сработеното, а предвидено во проектот.

Поразително е што ова однесување е пракса на ФИТР и уште еден показател зошто немаме држава, уште еден показател за тоа дека никогаш не било полошо и зошто е важно да ги поразиме!

The post Јавното обвинителство да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Државните пари како грантови или државна помош наместо кај граѓаните и фирмите низ фер постапка, завршуваат кај фирмите на семејствата на врвот на власта.5 милиони, од вкупно 6-те милиони денари државни пари за грантови од ФИТР завршиле кај две фирми на Дрин Ахмети, внук на Али Ахмети, познатиот талентиран бизнисмен кој ја презема Соравиа без вложен денар, бара Игор Јанушев.
Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, добила околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“, а втората негова фирма Еверест ЏД добива 50.000 евра за проектот „Data management Efficiency System“. Вкупно 82.000 евра од ФИТР управуван од кадарот на ДУИ – Фестим Халили, за внукот на неговиот партиски шеф, Дрин Ахмети. https://www.youtube.com/watch?v=lCTs0nQfpnw&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title
Ако за двата проекти се доделени 5 милиони денари, а вкупно биле предвидени 6, нејасно е дали воопшто некоја друга компанија добила пари од ФИТР за проекти по овој јавен конкурс.
За ова, ВМРО-ДПМНЕ говори веќе подолг период наназад, и први во јавноста отворивме случај како семејството Ахмети се богати на грбот на народот. Оттука, ја поздравуваме одлуката на ДКСК да отвори предмет за Дрин Ахмети.
Апелираме до владата итно да го разреши директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Фестим Халили, како и сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции.
Воедно, го повикуваме ЈО да отвори постапка по однос на Дрин Ахмети и добивањето пари од ФИТР, особено ако се земе во предвид фактот што го констатира и ДКСК, а тоа е промената на роковите за проектот и неизвршениот надзор за сработеното, а предвидено во проектот. Поразително е што ова однесување е пракса на ФИТР и уште еден показател зошто немаме држава, уште еден показател за тоа дека никогаш не било полошо и зошто е важно да ги поразиме!

The post Јавното обвинителство да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
ДКСК отвори предмет за Дрин Ахмети: Фондот за иновации да одговара за грантовите на внукот на Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dksk-otvori-predmet-za-drin-ahmeti-fondot-za-inovatsii-da-odgovara-za-grantovite-na-vnukot-na-ahmeti/ Tue, 06 Feb 2024 14:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=741093

На последниот работен состанок на актуелниот состав на Антикорупциска отворен е и предметот против внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, со кој треба да се доиспита како двете фирми на младиот Ахмети пред година и половина се офајдиле со пет милиони денари од Фондот за иновации.

Друга финансиска поддршка од државни институции не добиле но во овој случај треба да се истражи.

Разрешување на директорот на Фондот за иновации технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили, како и на сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции. Ова го побара од Владата, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК ) поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проект во вредност од 81 илјада евра на фирми во сопственост на внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Дрин Ахмети.

Иницијативата за одговорност на првите луѓе на ФИТР ја изгласаа антикорупционерите на денешната последна седница во овој состав. Бајрами презентирајќи го предметот побара од Владата да ја преиспита целата работа на Фондот затоа што постои, како што вели, основано сомневање дека за несовесно и противзаконско работење на сите негови органи.

„ Јас лично се прашувам како во овој случај не реагирал Управниот одбор кој го следи работењето на Фондот и како Комитетот за одобрување на инвестиции дал одобрение повикувајќи се на една општа одредба во правилникот каде штуро на едно место се предвидени промени без да се прецизира какви промени, и кој ќе врши надзор“, вели Бајрами.

До сега од буџетот на Фондот се исплатени вкупно 35 илјади евра, а при тоа не е направена ниту една контрола од институцијата за да се изврши проверка како се потрошени нивните пари, посочува Бајрами повикувајќи се на документи добиени од ФИТР. Тој тврди дека исплатата на парите се извршувала авансно на квартална основа, а останатиот дел од парите требало да се исплатат по исполнувањето на условите за наменски потрошени пари. Според него спорно е што поголемиот дел од предвидениот буџетот за проекти на Фондот за иновации е доделен само на овие две компании.

„Ако за двата проекти се доделени 5 милиони денари, а вкупно биле предвидени 6 милиони денари, останува нејасно дали некоја друга компанија воопшто добила пари од ФИТР за проекти по тој јавен конкурс“, објаснува тој.

39 годишниот директот на Фондот, Халили, на оваа позиција дојде во јануари 2022 година, а претходно извршуваше неколку државни функции како директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и на Националната радиодифузија. Тој во 2016 година кога се избираше тогашната таканаречена техничка-пржинска влада беше едно од кадровските решенија како заменик-министер и вицепремиер, односно дел од владиниот тим на млади кадри на ДУИ.

Станува збор за проекти на две фирми на Дрин Ахмети кои се добитници на грантови за конфинансирање за проекти за технолошки развој и забрзан економски раст од Фондот за иновации на 10 мај 2022 година.

Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“. На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 50.000 евра за проектот „Daтa management Efficiency System.

Според антикорупционерот Бајрами, сомнежот за незаконско делување лежи во промената на роковите за проектот и на неизвршениот надзор за сработеното предвидено во проектот. Тој додава дека во Комисијата утврдиле дека ваквото делување станало пракса во Фондот, па затоа и бара целосна проверка на работата на Фондот.

По објавените информации во медиумите за добитниците на овој конкурс од Фондот во јуни минатата година од Фондот реагираа дека сите пријавени компании на нивните јавни повици поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза.

„Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот“, соопшти ФИТР додавајќи дека сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза, а Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од 5 светски експерти.

Антикорупциската комисија бара одговорност од сите членови на Комитетот и од Управниот одбор поради неисполнување на законските обврски.

Бајрами вели дека не може да се покрене иницијатива за одговорност само на Директорот пред Управниот одбор, кога и тој треба да сноси одговорност, па затоа е преиначена иницијативата со која од Владата се бара одговорност за сите раководни лица.

Дрин Ахмети и стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје.

Чичкото на Дрин, Али Ахмети, како и министрите од ДУИ Бујар Османи и Крешник Бектеши во неколку наврати изјавија Дрин Ахмети е способен млад бизнисмен, откако беше обелоденето дека ќе го преземе над 30 милиони евра вредниот деловен објект Соравиа во центарот на Скопје.

Името на Дрин Ахмети повторно се појави во јавноста и кога вечерта пред Нова година, тој беше приведен од специјалната полициска единица Тигар затоа што во автомобил марка „ренџ ровер“ било пронајдено поголемо количество петарди. Дрин Ахмети тогаш изјави дека пиротехниката ја купил легално и во автомобилот носел подароци за своите внуци.

Неговиот брат Бесијан Ахмети беше предмет на разгледување во Антикорупциската комисија поради тоа што како помлад соработник за геолошки истражувања во министерството за економија со измени на закони му се овозможило да стане секретар во амбасадата во Брисел и претходно да биде назначен за економски промотор во Хаг. Со тоа се нанела неправда кон другите поискусни административни службеници, соопштија Антикорупционерите.

The post ДКСК отвори предмет за Дрин Ахмети: Фондот за иновации да одговара за грантовите на внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>

На последниот работен состанок на актуелниот состав на Антикорупциска отворен е и предметот против внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, со кој треба да се доиспита како двете фирми на младиот Ахмети пред година и половина се офајдиле со пет милиони денари од Фондот за иновации. Друга финансиска поддршка од државни институции не добиле но во овој случај треба да се истражи. Разрешување на директорот на Фондот за иновации технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили, како и на сите членови на Управниот одбор и Комитетот за одобрување на инвестиции. Ова го побара од Владата, Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК ) поради сомневање за незаконско постапување при доделување на пари за проект во вредност од 81 илјада евра на фирми во сопственост на внукот на лидерот на ДУИ Али Ахмети, Дрин Ахмети. Иницијативата за одговорност на првите луѓе на ФИТР ја изгласаа антикорупционерите на денешната последна седница во овој состав. Бајрами презентирајќи го предметот побара од Владата да ја преиспита целата работа на Фондот затоа што постои, како што вели, основано сомневање дека за несовесно и противзаконско работење на сите негови органи. „ Јас лично се прашувам како во овој случај не реагирал Управниот одбор кој го следи работењето на Фондот и како Комитетот за одобрување на инвестиции дал одобрение повикувајќи се на една општа одредба во правилникот каде штуро на едно место се предвидени промени без да се прецизира какви промени, и кој ќе врши надзор“, вели Бајрами. До сега од буџетот на Фондот се исплатени вкупно 35 илјади евра, а при тоа не е направена ниту една контрола од институцијата за да се изврши проверка како се потрошени нивните пари, посочува Бајрами повикувајќи се на документи добиени од ФИТР. Тој тврди дека исплатата на парите се извршувала авансно на квартална основа, а останатиот дел од парите требало да се исплатат по исполнувањето на условите за наменски потрошени пари. Според него спорно е што поголемиот дел од предвидениот буџетот за проекти на Фондот за иновации е доделен само на овие две компании. „Ако за двата проекти се доделени 5 милиони денари, а вкупно биле предвидени 6 милиони денари, останува нејасно дали некоја друга компанија воопшто добила пари од ФИТР за проекти по тој јавен конкурс“, објаснува тој. 39 годишниот директот на Фондот, Халили, на оваа позиција дојде во јануари 2022 година, а претходно извршуваше неколку државни функции како директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура и на Националната радиодифузија. Тој во 2016 година кога се избираше тогашната таканаречена техничка-пржинска влада беше едно од кадровските решенија како заменик-министер и вицепремиер, односно дел од владиниот тим на млади кадри на ДУИ. Станува збор за проекти на две фирми на Дрин Ахмети кои се добитници на грантови за конфинансирање за проекти за технолошки развој и забрзан економски раст од Фондот за иновации на 10 мај 2022 година. Тор индустрис, фирма во целосна сопственост на Дрин Ахмети, на овој конкурс доби околу 32.000 евра за проектот насловен како „3D modeling and scanning of infrastructure design“. На истиот конкурс, фирмата на истиот Дрин Ахмети, Еверест ЏД добива 50.000 евра за проектот „Daтa management Efficiency System. Според антикорупционерот Бајрами, сомнежот за незаконско делување лежи во промената на роковите за проектот и на неизвршениот надзор за сработеното предвидено во проектот. Тој додава дека во Комисијата утврдиле дека ваквото делување станало пракса во Фондот, па затоа и бара целосна проверка на работата на Фондот. По објавените информации во медиумите за добитниците на овој конкурс од Фондот во јуни минатата година од Фондот реагираа дека сите пријавени компании на нивните јавни повици поминуваат процес на претселекција спроведена од три домашни стручни лица од 22 области на експертиза. „Проектите се оценуваат согласно дефинираните критериуми: степен на иновативност, квалитет на подготвен проект, потенцијал на пазарот, капацитет на апликантот и влијание на проектот“, соопшти ФИТР додавајќи дека сите проекти кои ќе добијат просечена оцена од минумум 51 поен продолжуваат во следна фаза, а Финалната селекција ја прави Комитетот за одобрување на инвестиции (КОИ), составен од 5 светски експерти. Антикорупциската комисија бара одговорност од сите членови на Комитетот и од Управниот одбор поради неисполнување на законските обврски. Бајрами вели дека не може да се покрене иницијатива за одговорност само на Директорот пред Управниот одбор, кога и тој треба да сноси одговорност, па затоа е преиначена иницијативата со која од Владата се бара одговорност за сите раководни лица. Дрин Ахмети и стана познат на македонската јавност по објавување на договорот за купопродажба на бизнис центарот Соравиа во Скопје. Чичкото на Дрин, Али Ахмети, како и министрите од ДУИ Бујар Османи и Крешник Бектеши во неколку наврати изјавија Дрин Ахмети е способен млад бизнисмен, откако беше обелоденето дека ќе го преземе над 30 милиони евра вредниот деловен објект Соравиа во центарот на Скопје. Името на Дрин Ахмети повторно се појави во јавноста и кога вечерта пред Нова година, тој беше приведен од специјалната полициска единица Тигар затоа што во автомобил марка „ренџ ровер“ било пронајдено поголемо количество петарди. Дрин Ахмети тогаш изјави дека пиротехниката ја купил легално и во автомобилот носел подароци за своите внуци. Неговиот брат Бесијан Ахмети беше предмет на разгледување во Антикорупциската комисија поради тоа што како помлад соработник за геолошки истражувања во министерството за економија со измени на закони му се овозможило да стане секретар во амбасадата во Брисел и претходно да биде назначен за економски промотор во Хаг. Со тоа се нанела неправда кон другите поискусни административни службеници, соопштија Антикорупционерите.

The post ДКСК отвори предмет за Дрин Ахмети: Фондот за иновации да одговара за грантовите на внукот на Ахмети appeared first on Република.

]]>
Американец кој донирал и за УЧК уплатил три милиони долари на сметката на „Соравиа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/amerikanets-koj-doniral-i-za-uchk-uplatil-tri-milioni-dolari-na-smetkata-na-soravia/ Sat, 03 Feb 2024 08:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=739931

Јас ќе го водам деловниот објект „Соравија“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерѓокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето.

Вака зборуваше внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети на прес-конференцијата во јуни годинава откако беше откриена зделката.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-objasni-kako-ja-kupil-soravija-doznavme-deka-ima-dolg-shto-ne-mozhe-da-go-vrati-pa-go-otkupivme/

Тврдеа дека земале кредит од 6 милиони евра од банка во Албанија . Парите им требале за да ги уплатат на сметката на фирмата во чија сопственост е деловниот објект.

Сепак, истражувањето на КОД откри нешто сосема друго. На сметката на Соравија во Македонија никогаш не стасале 6-те милиони од кредитот во банката во Албанија .

Иако на сметката на Соравиа не стигнале пари од Албанија, КОД открива дека сепак биле уплатени пари, но многу подалеку од првиот сосед на запад.

Во текот на летните месеци уплатени се 3 милиони долари на сметката на Соравиа. Уплатени се од човек кој живее во САД, но американецот имал потекло од Македонија. Претходно, испраќачот на трите милиони долари испраќал пари како донација и помош за УЧК.

Парите се уплатени и пријавени како позајмица. Тоа се единствените пари за сега уплатени на сметка на фирмата-сопственик на деловниот центар.

Индиректна потврда на трансакцијата е и смена во управителската структура на Соравиа. На први септември лани, како нов управител на Соравиа е додаден и Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Промената е регистрирана и во Централниот регистар, 13 денови подоцна.

За американската трансакција знае и обвинителството кое истражува од јули по допрен глас. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го води уште еден жител на Зајас, Ислам Абази и КОД постави прашања до нив за американската трансакција, но, и за тоа дали нешто друго е откриено во нивната предистрага за Соравиа.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш по отворањето на предметот издаде низа наредби и насоки до повеќе релевантни институции со чија помош треба да се расветли случајот. Така, во оваа сеопфатна предистражна постапка освен истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кои ги анализираат прибраните материјали , постапуваат и Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Единица за економски криминал – Сектор за економски криминал и корупција при Одделот за криминалистичка полиција во МВР. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка во интерес на истата, обвинителството во овој момент не може да сподели повеќе детали како не би се наштетило на понатамошниот тек на постапката, одговорија од ОЈОГОКК.

https://youtu.be/zF3uXXnNQP4?si=Odjeqw7ceLbUIff8

The post Американец кој донирал и за УЧК уплатил три милиони долари на сметката на „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>

Јас ќе го водам деловниот објект „Соравија“ и затоа добивам 39 отсто. Кредитот кој го подигнавме во висина од 6 милиони евра од албанската банка Крединс Банк за да ја купиме „Соравија“ е на име на господинот Пјетерѓокај. Тој таму е акционер и има добра репутација, затоа банката лесно му го одобри задолжувањето. Вака зборуваше внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети на прес-конференцијата во јуни годинава откако беше откриена зделката. https://republika.mk/vesti/makedonija/vnukot-na-ahmeti-objasni-kako-ja-kupil-soravija-doznavme-deka-ima-dolg-shto-ne-mozhe-da-go-vrati-pa-go-otkupivme/ Тврдеа дека земале кредит од 6 милиони евра од банка во Албанија . Парите им требале за да ги уплатат на сметката на фирмата во чија сопственост е деловниот објект. Сепак, истражувањето на КОД откри нешто сосема друго. На сметката на Соравија во Македонија никогаш не стасале 6-те милиони од кредитот во банката во Албанија . Иако на сметката на Соравиа не стигнале пари од Албанија, КОД открива дека сепак биле уплатени пари, но многу подалеку од првиот сосед на запад. Во текот на летните месеци уплатени се 3 милиони долари на сметката на Соравиа. Уплатени се од човек кој живее во САД, но американецот имал потекло од Македонија. Претходно, испраќачот на трите милиони долари испраќал пари како донација и помош за УЧК. Парите се уплатени и пријавени како позајмица. Тоа се единствените пари за сега уплатени на сметка на фирмата-сопственик на деловниот центар. Индиректна потврда на трансакцијата е и смена во управителската структура на Соравиа. На први септември лани, како нов управител на Соравиа е додаден и Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ. Промената е регистрирана и во Централниот регистар, 13 денови подоцна. За американската трансакција знае и обвинителството кое истражува од јули по допрен глас. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција го води уште еден жител на Зајас, Ислам Абази и КОД постави прашања до нив за американската трансакција, но, и за тоа дали нешто друго е откриено во нивната предистрага за Соравиа.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција веднаш по отворањето на предметот издаде низа наредби и насоки до повеќе релевантни институции со чија помош треба да се расветли случајот. Така, во оваа сеопфатна предистражна постапка освен истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал кои ги анализираат прибраните материјали , постапуваат и Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Единицата за финансиски криминал – Сектор за криминалистички истраги при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Единица за економски криминал – Сектор за економски криминал и корупција при Одделот за криминалистичка полиција во МВР. Со оглед дека станува збор за предистражна постапка во интерес на истата, обвинителството во овој момент не може да сподели повеќе детали како не би се наштетило на понатамошниот тек на постапката, одговорија од ОЈОГОКК.
https://youtu.be/zF3uXXnNQP4?si=Odjeqw7ceLbUIff8

The post Американец кој донирал и за УЧК уплатил три милиони долари на сметката на „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: За случајот со Дрин Ахмети се постапува како и за секој друг граѓанин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-za-sluchajot-so-drin-ahmeti-se-postapuva-kako-i-za-sekoj-drug-graganin/ Wed, 03 Jan 2024 12:02:57 +0000 https://republika.mk/?p=729302

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека случајот со заплената на поголема количина пиротехнички средства во возлилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, е процесуиран во Обвинителството како и за секој граѓанин.

Мојот став е таков како што е и од институциите дека се работи за регуларна проверка во која што било идентификувано лице кое што внесувало пиротехнички средства. Целиот случај потоа е предаден на Обвинителство како и за секој друг граѓанин - рече Ковачевски на новинарско прашање во однос на наводни шпекулации дека политиката замешала прсти во случајот со Дрин Ахмети, по презентацијата во ТИРЗ на првата странска инвестиција за 2024 година.

На 30 декември, во 19:50 часот на ул. „Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д. А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства.

Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.

Од Основното јавно обвинителство Скопје во врска со пронајдените пиротехнички средства, соопштија дека ќе одлучуваат откако ќе се направи нивно вештачење. За настанот е известен јавен обвинител.

Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител, посочуваат, ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на Д. А. од Зајас на првиот ден од новата 2024 година, изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај.

The post Ковачевски: За случајот со Дрин Ахмети се постапува како и за секој друг граѓанин appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека случајот со заплената на поголема количина пиротехнички средства во возлилото на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, е процесуиран во Обвинителството како и за секој граѓанин.
Мојот став е таков како што е и од институциите дека се работи за регуларна проверка во која што било идентификувано лице кое што внесувало пиротехнички средства. Целиот случај потоа е предаден на Обвинителство како и за секој друг граѓанин - рече Ковачевски на новинарско прашање во однос на наводни шпекулации дека политиката замешала прсти во случајот со Дрин Ахмети, по презентацијата во ТИРЗ на првата странска инвестиција за 2024 година.
На 30 декември, во 19:50 часот на ул. „Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д. А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР. Од Основното јавно обвинителство Скопје во врска со пронајдените пиротехнички средства, соопштија дека ќе одлучуваат откако ќе се направи нивно вештачење. За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител, посочуваат, ќе одлучува за натамошниот тек на постапката. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски за пронајдените пиротехнички средства во возилото на Д. А. од Зајас на првиот ден од новата 2024 година, изјави дека се преземени сите потребни активности од полициски аспект и оти понатаму Јавното обвинителство треба да оцени како ќе постапува со овој случај.

The post Ковачевски: За случајот со Дрин Ахмети се постапува како и за секој друг граѓанин appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети легално купил петарди, кои инаку се забранети за продажба во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/drin-ahmeti-legalno-kupil-petardi-koi-inaku-se-zabraneti-za-prodazhba-vo-makedonija/ Tue, 02 Jan 2024 18:12:18 +0000 https://republika.mk/?p=729093

Пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци, рече Дрин Ахмети, еден од сопствениците на ТЦ Соравиа во центарот на Скопје и внук на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, откако полицијата во неговиот џип пронајде 749 пиротехнички средства. Инаку, во Македонија е забрането продавањето на пиротехнички средства.

Според Кривичниот законик држењето и набавката на распрскувачки материи е кривично дело. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека сега случајот е кај Јавното обвинителство. А таму е Ислам Абази, шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција и семеен пријател на семејството Ахмети.

Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, пишува во Кривичниот законик. А ако случајот се третира само како прекршок, според Законот за прекршувања на јавниот ред и мир, за употреба на пиротехнички средства казната е од 100 до 250 евра.

Дрин Ахмети беше уапсен еден ден пред Нова година во близина на Старата скопска чаршија при што тигрите пронашле 749 парчиња пиротехнички средства.

Од обвинителството велат дека го чекаат вештањето на запленетите пиротехнички средства од џипот со албански регистрации на внукот на Али Ахмети, Дрин, па дури потоа ќе цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна.

Кога беше објавено дека Дрин Ахмети стана сосопственик на трговскиот центар Соравиа (39% од сопственоста), од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека отвориле предмет за овој случај. Toa беше во септември, кога вештиот претприемач Дрин Ахмети со 0 денари стана сопственик на 39% од Соравиа. Тогаш 24-годишниот Дрин Ахмети негираше дека неговиот чичко Али Ахмети имал влијание во неговиот бизнис.

А бизнис имал и со ЕЛЕМ. На два тендери на ЕЛЕМ фирмите на Дрин Ахмети добиле 5.310.000 денари за набавка на доломитски или калциски сепариран варовник.

Неговите фирми имале и иновации доволно добри да бидат финансирани и од Фондот за иновации и технолошки развој. А тука директор е Фестим Халили, кадар на ДУИ. Од ФИТР фирмите на младиот Ахмети добиле безмалку 80 илјади евра.

„Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата“, изјави во септември Дрин Ахмети.

The post Дрин Ахмети легално купил петарди, кои инаку се забранети за продажба во Македонија appeared first on Република.

]]>

Пиротехниката беше купена легално, а сите други подароци во автомобилот беа за моите внуки и внуци, рече Дрин Ахмети, еден од сопствениците на ТЦ Соравиа во центарот на Скопје и внук на првиот човек на ДУИ Али Ахмети, откако полицијата во неговиот џип пронајде 749 пиротехнички средства. Инаку, во Македонија е забрането продавањето на пиротехнички средства. Според Кривичниот законик држењето и набавката на распрскувачки материи е кривично дело. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера изјави дека сега случајот е кај Јавното обвинителство. А таму е Ислам Абази, шеф на ОЈО за организиран криминал и корупција и семеен пријател на семејството Ахмети. Ако предмет на делото е поголемо количество на распрскувачки материи наменети за дозволени забавни, свeчени и други активности, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години, пишува во Кривичниот законик. А ако случајот се третира само како прекршок, според Законот за прекршувања на јавниот ред и мир, за употреба на пиротехнички средства казната е од 100 до 250 евра. Дрин Ахмети беше уапсен еден ден пред Нова година во близина на Старата скопска чаршија при што тигрите пронашле 749 парчиња пиротехнички средства. Од обвинителството велат дека го чекаат вештањето на запленетите пиротехнички средства од џипот со албански регистрации на внукот на Али Ахмети, Дрин, па дури потоа ќе цени дали има доволно елементи за кривична одговорност или ќе помине со прекршочна казна. Кога беше објавено дека Дрин Ахмети стана сосопственик на трговскиот центар Соравиа (39% од сопственоста), од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција информираа дека отвориле предмет за овој случај. Toa беше во септември, кога вештиот претприемач Дрин Ахмети со 0 денари стана сопственик на 39% од Соравиа. Тогаш 24-годишниот Дрин Ахмети негираше дека неговиот чичко Али Ахмети имал влијание во неговиот бизнис. А бизнис имал и со ЕЛЕМ. На два тендери на ЕЛЕМ фирмите на Дрин Ахмети добиле 5.310.000 денари за набавка на доломитски или калциски сепариран варовник. Неговите фирми имале и иновации доволно добри да бидат финансирани и од Фондот за иновации и технолошки развој. А тука директор е Фестим Халили, кадар на ДУИ. Од ФИТР фирмите на младиот Ахмети добиле безмалку 80 илјади евра. „Али Ахмети ми е чичко и Бог да го благослови. Тој ми е мотивација. Ахмети ѝ помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски кој ќе ја поделеше државата“, изјави во септември Дрин Ахмети.

The post Дрин Ахмети легално купил петарди, кои инаку се забранети за продажба во Македонија appeared first on Република.

]]>
Ниту МВР ниту ОЈО кажуваат – каде е Дрин Ахмети? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nitu-mvr-nitu-ojo-kazhuvaat-kade-e-drin-ahmeti/ Sun, 31 Dec 2023 16:17:53 +0000 https://republika.mk/?p=728546

Ниту МВР, ниту Обвинителството не кажуваат каде во моментов се наоѓа младиот бизнисмен од фамилијата Ахмети, Дрин, кој вчера беше приведен откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ полицијата пронајде 749 пиротехнички средства.

Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, па ќе кажат каков прекршок сторил Ахмети.

https://republika.mk/vesti/makedonija/abazi-postaven-vo-ojo-od-ahmeti-ke-veshtachi-za-negoviot-vnuk/

СВР Скопје во координација со јавен обвинител поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје за нивно натамошно постапување, велат од МВР.

За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката, кратко соопштуваат од ОЈО.

https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-dokolku-spasovski-ne-naredi-politsaetsot-shto-go-uapsil-drin-ahmeti-sam-da-se-udri-vo-pajakot-da-se-primeni-chlen-396-od-krivichniot-zakonik/

Правниците кои ги контактираше „Алфа“ се со сомнеж дека до крај ќе се расчисти случајот. Велат ќе се заврши со парична казна според Законот за прекршоци. Адвокати за Алфа се децидни дека ќе се направи се за да се казни со најблагиот прекршок.

The post Ниту МВР ниту ОЈО кажуваат – каде е Дрин Ахмети? appeared first on Република.

]]>

Ниту МВР, ниту Обвинителството не кажуваат каде во моментов се наоѓа младиот бизнисмен од фамилијата Ахмети, Дрин, кој вчера беше приведен откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ полицијата пронајде 749 пиротехнички средства. Обвинителството потврдува дека МВР ги известило за настанот. Сега, ќе се прават вештачења, па ќе кажат каков прекршок сторил Ахмети. https://republika.mk/vesti/makedonija/abazi-postaven-vo-ojo-od-ahmeti-ke-veshtachi-za-negoviot-vnuk/ СВР Скопје во координација со јавен обвинител поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје за нивно натамошно постапување, велат од МВР. За настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката, кратко соопштуваат од ОЈО. https://republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-dokolku-spasovski-ne-naredi-politsaetsot-shto-go-uapsil-drin-ahmeti-sam-da-se-udri-vo-pajakot-da-se-primeni-chlen-396-od-krivichniot-zakonik/ Правниците кои ги контактираше „Алфа“ се со сомнеж дека до крај ќе се расчисти случајот. Велат ќе се заврши со парична казна според Законот за прекршоци. Адвокати за Алфа се децидни дека ќе се направи се за да се казни со најблагиот прекршок.

The post Ниту МВР ниту ОЈО кажуваат – каде е Дрин Ахмети? appeared first on Република.

]]>
Абази, поставен во ОЈО од Ахмети, ќе вештачи за неговиот внук https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/abazi-postaven-vo-ojo-od-ahmeti-ke-veshtachi-za-negoviot-vnuk/ Sun, 31 Dec 2023 15:53:09 +0000 https://republika.mk/?p=728542

Основното јавно обвинителство Скопје во врска со синоќа пронајдените пиротехнички средства, ќе одлучува откако ќе се направи нивно вештачење. Како што информира, за настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-detali-za-apseneto-na-vnukot-na-ali-ahmeti/

МВР соопшти дека синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Абази, поставен во ОЈО од Ахмети, ќе вештачи за неговиот внук appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје во врска со синоќа пронајдените пиротехнички средства, ќе одлучува откако ќе се направи нивно вештачење. Како што информира, за настанот е известен јавен обвинител. Во зависност од фактите кои ќе бидат утврдени со вештачења на пронајдените пиротехнички средства, јавниот обвинител ќе одлучува за натамошниот тек на постапката. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-detali-za-apseneto-na-vnukot-na-ali-ahmeti/ МВР соопшти дека синоќа во 19:50 часот на ул.„Самуилова“ во Скопје, полициски службеници запреле патничко моторно возило „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички, управувано од Д.А. (25) од кичевското село Зајас. При преглед на возилото се пронајдени 749 пиротехнички средства. Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Абази, поставен во ОЈО од Ахмети, ќе вештачи за неговиот внук appeared first on Република.

]]>
Стоилковски: Дали продавање петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Ахмети? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-dali-prodavane-petardi-e-del-od-proevropskiot-pretpriemachki-duh-na-vnukot-na-ahmeti/ Sun, 31 Dec 2023 12:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=728529

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакнува дека годинава не може да заврши посрамно за владата од вчерашниот скандал, внукот на Али Ахмети оној со претприемачки дух, Дрин Ахмети е фатен со полн џип пиротехника и петарди.

Владата мора да одговори:

Со тоа што Али Ахмети е дел од "европската коалиција", а синоќа милионерот Дрин Ахмети освен што ја купи Соравија, дознавме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства?

Владата денеска мора да одговори дали можеби и продавањето на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, којшто беспари го зема центарот Соравија?

Дали навистина Дрин Ахмети има фабрика за производство на петарди, или тоа бил лажен изговор пред полицијата? Дали Соравија е претворена во фабрика за петарди за Дрин Ахмети потоа да ги продава?

Но почитувани, од владата и од Спасовски мора да има одговори дали вчера полициските Тигри кога го привеле Дрин Ахмети, со полн џип петарди и пиротехника, само по половина час Тигрите добиле "европска" наредба да се повлечат од станицата Центар?

Дали во системот навистина првично "европски" стоело дека е пронајдено возило со петарди, целиот случај да се води како нарушен ред и мир, да нема кривично дело, да нема ниту име и презиме на сторител? Дали Спасовски првично се исплаши од името на Дрин Ахмети тоа да биде спомнато? И дали сето потоа е сменето под притисок на јавноста?

Уште што ли се ќе доживее Македонија со СДС и со ДУИ?

Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!, вели Стоилковски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашан на новинарско прашање за скандалот каде раководни лица од МНАВ си поднесоа оставки јасно одговори дека СДС и ДУИ го гледаат МНАВ како Македонска неофицијална Агенција за вработување.

Во владата снимаат демек проевропски реклами, а шиткале петарди. ДУИ и СДС како и до сега, повторно на контролата за летање гледаат Македонска неофицијална Агенција за вработување!Ова е таканаречениот европскиот призвук, екотот на проевропската коалиција СДС ДУИ, и веројатно за тоа ќе ја известат и ЕК. Да потсетиме дека така европски СДС и ДУИ се посомневаа во Евроконтрол и тестирањето во Данска минатата година каде наместо децата на ДУИ и СДС влегоа други кандидати, па дури и бараа докази од Данска!Постојано има скандали со огласите и приемите во МНАВ, каде напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните.И лани имаше скандали со вработувања, а претходно да потсетам, скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како роднините на министерот Љупчо Николовски беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.Почитувани, никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, потенцираше Стоилковски.

The post Стоилковски: Дали продавање петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Ахмети? appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски истакнува дека годинава не може да заврши посрамно за владата од вчерашниот скандал, внукот на Али Ахмети оној со претприемачки дух, Дрин Ахмети е фатен со полн џип пиротехника и петарди.
Владата мора да одговори: Со тоа што Али Ахмети е дел од "европската коалиција", а синоќа милионерот Дрин Ахмети освен што ја купи Соравија, дознавме дека шверцувал петарди, би прашале дали биле европски пиротехничките средства, од која европска земја се донесени, дали звукот што го испуштаат е европски и дали ја информирале Европската комисија за оваа нивна реформа со пиротехнички средства? Владата денеска мора да одговори дали можеби и продавањето на петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, којшто беспари го зема центарот Соравија? Дали навистина Дрин Ахмети има фабрика за производство на петарди, или тоа бил лажен изговор пред полицијата? Дали Соравија е претворена во фабрика за петарди за Дрин Ахмети потоа да ги продава? Но почитувани, од владата и од Спасовски мора да има одговори дали вчера полициските Тигри кога го привеле Дрин Ахмети, со полн џип петарди и пиротехника, само по половина час Тигрите добиле "европска" наредба да се повлечат од станицата Центар? Дали во системот навистина првично "европски" стоело дека е пронајдено возило со петарди, целиот случај да се води како нарушен ред и мир, да нема кривично дело, да нема ниту име и презиме на сторител? Дали Спасовски првично се исплаши од името на Дрин Ахмети тоа да биде спомнато? И дали сето потоа е сменето под притисок на јавноста? Уште што ли се ќе доживее Македонија со СДС и со ДУИ? Никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме!, вели Стоилковски.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ прашан на новинарско прашање за скандалот каде раководни лица од МНАВ си поднесоа оставки јасно одговори дека СДС и ДУИ го гледаат МНАВ како Македонска неофицијална Агенција за вработување.
Во владата снимаат демек проевропски реклами, а шиткале петарди. ДУИ и СДС како и до сега, повторно на контролата за летање гледаат Македонска неофицијална Агенција за вработување!Ова е таканаречениот европскиот призвук, екотот на проевропската коалиција СДС ДУИ, и веројатно за тоа ќе ја известат и ЕК. Да потсетиме дека така европски СДС и ДУИ се посомневаа во Евроконтрол и тестирањето во Данска минатата година каде наместо децата на ДУИ и СДС влегоа други кандидати, па дури и бараа докази од Данска!Постојано има скандали со огласите и приемите во МНАВ, каде напикаа роднини, деца, внуци и коалициски партнери за плати неколкупати поголеми од просечните.И лани имаше скандали со вработувања, а претходно да потсетам, скандалозно вработуваа роднини, деца, зетовци, братучеди на пратеници и министри од СДС и ДУИ како роднините на министерот Љупчо Николовски беа менувани и членови на комисијата за прием на работа во МНАВ.Почитувани, никогаш не било полошо, Важно е да ги поразиме, потенцираше Стоилковски.

The post Стоилковски: Дали продавање петарди е дел од проевропскиот претприемачки дух на внукот на Ахмети? appeared first on Република.

]]>
Скандалозно видео: Братот на Ахмети рани коњ со чоколадо https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skandalozno-video-bratot-na-ahmeti-rani-kon-so-chokolado/ Sun, 31 Dec 2023 11:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=728518

Дека семејството Ахмети не е семејство на светци знаеме по најпознатиот претставник - лидерот на ДУИ и некогашен командант од УЧК, Али. Како човек кој веќе две децении е на власт, со неговото име и партија се поврзани многу афери и криминалии, кои, секако, засега не се санкционирани.

https://republika.mk/vesti/makedonija/familijarniot-kartel-na-dui-i-ahmeti-e-rashiren-od-nedvizhnini-do-diplomatija/

По неколкуте скандали околу неговите бизниси, вчера се потврди дека ни неговиот внук, Дрин Ахмети, не е „цвеќе за мирисање“. Иако на ОЈО не му беше интересно, јавноста не го заборави неговото, во најмала рака, сомнително превземање на „Соравија“, а вчера овој 25-годишен бизнисмен годината ја заврши со апсење, откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички полицијата пронајде 749 пиротехнички средства.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-detali-za-apseneto-na-vnukot-na-ali-ahmeti/

Неговиот татко, пак, братот на Али, Фекри, е поранешен затвореник и голем љубител на Албанија. Поради неговиот син, денес на социјалните мрежи повторно се споделува видео од 2019 година, на кое тој му дава чоколадо на коњ, иако и на дете му е познато дека и најмала количина кај животните предизвикува големи проблеми во здравјето, кои најчесто завршуваат со угинување.

The post Скандалозно видео: Братот на Ахмети рани коњ со чоколадо appeared first on Република.

]]>

Дека семејството Ахмети не е семејство на светци знаеме по најпознатиот претставник - лидерот на ДУИ и некогашен командант од УЧК, Али. Како човек кој веќе две децении е на власт, со неговото име и партија се поврзани многу афери и криминалии, кои, секако, засега не се санкционирани. https://republika.mk/vesti/makedonija/familijarniot-kartel-na-dui-i-ahmeti-e-rashiren-od-nedvizhnini-do-diplomatija/ По неколкуте скандали околу неговите бизниси, вчера се потврди дека ни неговиот внук, Дрин Ахмети, не е „цвеќе за мирисање“. Иако на ОЈО не му беше интересно, јавноста не го заборави неговото, во најмала рака, сомнително превземање на „Соравија“, а вчера овој 25-годишен бизнисмен годината ја заврши со апсење, откако во багажникот на неговиот „ренџ ровер“ со албански регистерски таблички полицијата пронајде 749 пиротехнички средства. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/novi-detali-za-apseneto-na-vnukot-na-ali-ahmeti/ Неговиот татко, пак, братот на Али, Фекри, е поранешен затвореник и голем љубител на Албанија. Поради неговиот син, денес на социјалните мрежи повторно се споделува видео од 2019 година, на кое тој му дава чоколадо на коњ, иако и на дете му е познато дека и најмала количина кај животните предизвикува големи проблеми во здравјето, кои најчесто завршуваат со угинување.

The post Скандалозно видео: Братот на Ахмети рани коњ со чоколадо appeared first on Република.

]]>
Милошоски: Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети сам да се „удри во пајакот” да се примени член 396 од Кривичниот законик https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/miloshoski-dokolku-spasovski-ne-naredi-politsaetsot-shto-go-uapsil-drin-ahmeti-sam-da-se-udri-vo-pajakot-da-se-primeni-chlen-396-od-krivichniot-zakonik/ Sun, 31 Dec 2023 09:38:58 +0000 https://republika.mk/?p=728457

Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се "удри во пајакот", тогаш ова е членот од Кривичниот законик што треба да се примени, напиша на својот фејсбук профил Антонијо Милошоски.

The post Милошоски: Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети сам да се „удри во пајакот” да се примени член 396 од Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>

Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети (ДУИ) сам да се "удри во пајакот", тогаш ова е членот од Кривичниот законик што треба да се примени, напиша на својот фејсбук профил Антонијо Милошоски.

The post Милошоски: Доколку Спасовски не нареди полицаецот што го уапсил Дрин Ахмети сам да се „удри во пајакот” да се примени член 396 од Кривичниот законик appeared first on Република.

]]>
Уапсен е внукот на Али Ахмети, кој стана тазе газда на „Соравија“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-e-vnukot-na-ali-ahmeti-koj-stana-taze-gazda-na-soravija/ Sat, 30 Dec 2023 20:50:07 +0000 https://republika.mk/?p=728355

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки.

Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници.

Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети.

Скопје1“ побарале детали од МВР, од каде до овој момент немаат никакви информации. Прашања упатиле и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор.

Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември.

Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.

The post Уапсен е внукот на Али Ахмети, кој стана тазе газда на „Соравија“ appeared first on Република.

]]>

Уапсен е Дрин Ахмети, внукот на Али Ахмети, дознава „Скопје1“. Тој е во полициската станица „Беко“. Според првичните неофицијални информации, Ахмети бил фатен со поголема количина на пиротехнички средства. „Скопје1“ го улови возилото пред полициската станица во Центар. Таму имаше и проверки, а Ахмети беше вратен во станица. Тој вози џип „ленд ровер“, со албански регистарски ознаки. Го запреле полициската екипа „Тигри“. Побарале и направиле претрес во неговиот автомобил. Во него имало пиротехнички средства. Непознато е како Ахмети се однесувал со полициските службеници. Трговијата со пиротехника е забранета. Поради ова се очекува кривична постапка против Дрин Ахмети. „Скопје1“ побарале детали од МВР, од каде до овој момент немаат никакви информации. Прашања упатиле и до Дрин Ахмети, за тоа дали е уапсен поради пиротехника, како и колкава количина поседувал. Од него, нема одговор. Инаку, Дрин, внук на Али Ахмети е и контроверзниот сопственик на трговскиот центар „Соравија“. Тој не вложи ниту денар, а доби објект во центарот на Скопје. Купопродажбата ја правдаше пред медиумите, но никогаш не откри од каде е капиталот, иако вети дека информацијата ќе биде јавна во септември. Институциите кажаа дека ќе покренат предмет, но нема истрага, ниту се знае што открила предистрагата.

The post Уапсен е внукот на Али Ахмети, кој стана тазе газда на „Соравија“ appeared first on Република.

]]>
Дрин Ахмети официјално стана директор на „Соравиа“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/drin-ahmeti-ofitsijalno-stana-direktor-na-soravia/ Fri, 29 Sep 2023 10:05:52 +0000 https://republika.mk/?p=686316

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс, дознава „Фактор.мк“.

Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата.

Како што беше претходно објавено за младиот бизнисмен од Кичево, тој ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар „Соравија“. Мнозински сопственик со 51 проценти од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, додека 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравија. Соравија ја премолче цената за купопродажбата на деловниот центар, велејќи дека е деловна тајна.

Извор Фактор.мк

The post Дрин Ахмети официјално стана директор на „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>

Дрин Ахмети, внукот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, стана управител на бизнис центарот „Соравиа“ во Скопје, откако беше објавено дека една од неговите фирми претходно треба да добие сопственички удел во овој деловен комплекс, дознава „Фактор.мк“. Од 13 септември, Дрин Ахмети е втор директор во „Соравиа Инвест“, заедно со постоечкиот бугарски државјанин Валери Атанасов. Хано Соравиа и натаму се води како сопственик на компанијата. Како што беше претходно објавено за младиот бизнисмен од Кичево, тој ќе стане втор по големина сопственик со удел од 39 отсто во деловниот центар „Соравија“. Мнозински сопственик со 51 проценти од акциите ќе биде Владимир Пјетерѓокај со албанската компанија „Пе-Вла-Ку“, додека 10 проценти ќе му останат на досегашниот сопственик Хано Соравија. Соравија ја премолче цената за купопродажбата на деловниот центар, велејќи дека е деловна тајна. Извор Фактор.мк

The post Дрин Ахмети официјално стана директор на „Соравиа“ appeared first on Република.

]]>
Дали со молчењето власта потврдува дека Дрин Ахмети не платил данок за „Соравиja“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-so-molcheneto-vlasta-potvrduva-deka-drin-ahmeti-ne-platil-danok-za-soravija/ Thu, 06 Jul 2023 08:17:42 +0000 https://republika.mk/?p=658573

Скандалите со кланот од Зајас немаат крај, се надоврзуваат еден на друг. А, Власта молчи и не дава одговори, туку напротив се обидува овој случај да го заташка и да дефокусира со други теми. Ваквиот однос на ДУИ и СДС само потврдува дека сите коруптивни зделки кои ги објавуваме и за кои говори јавноста се точни, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, освен што се стекна со сериозен удел во Трговскиот центар Соравиа без да уплати и денар, постои сериозен сомнеж дека нема уплатено ниту денар на име платен промет за овој свој „успешен бизнис“. Владата оваа информација не ја демантираше. Впрочем нивниот молк говори дека се фатени на дело. Доколку Дрин Ахмети не уплатил данок за оваа трансакција која се уште сама по себе е скандалозна и отвора сомнежи за сериозен криминал и корупција, тогаш сторил сериозен криминал и  предизвикал финансиска штета на државата. За тоа треба да биде испитуван и гонет од неколку институции.

Да потсетиме дека уделот кој што Дрин Ахмети го стекнал во Соравиа, без да плати денар, тежи милиони евра. Патем трговскиот центар не е загубар како што се обидуваа да го престават, туку во последните години остварил добивка од 2 милиони евра. Сето ова е основа на која треба да се прави истрага од надлежните институции. Правосудството наместо да биде продолжена маша и да исполнува политички нарачки на власта треба да се позанимава со овој скандал со кланот Зајас.

The post Дали со молчењето власта потврдува дека Дрин Ахмети не платил данок за „Соравиja“ appeared first on Република.

]]>

Скандалите со кланот од Зајас немаат крај, се надоврзуваат еден на друг. А, Власта молчи и не дава одговори, туку напротив се обидува овој случај да го заташка и да дефокусира со други теми. Ваквиот однос на ДУИ и СДС само потврдува дека сите коруптивни зделки кои ги објавуваме и за кои говори јавноста се точни, oбвинува ВМРО-ДПМНЕ.
Внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети, освен што се стекна со сериозен удел во Трговскиот центар Соравиа без да уплати и денар, постои сериозен сомнеж дека нема уплатено ниту денар на име платен промет за овој свој „успешен бизнис“. Владата оваа информација не ја демантираше. Впрочем нивниот молк говори дека се фатени на дело. Доколку Дрин Ахмети не уплатил данок за оваа трансакција која се уште сама по себе е скандалозна и отвора сомнежи за сериозен криминал и корупција, тогаш сторил сериозен криминал и  предизвикал финансиска штета на државата. За тоа треба да биде испитуван и гонет од неколку институции.
Да потсетиме дека уделот кој што Дрин Ахмети го стекнал во Соравиа, без да плати денар, тежи милиони евра. Патем трговскиот центар не е загубар како што се обидуваа да го престават, туку во последните години остварил добивка од 2 милиони евра. Сето ова е основа на која треба да се прави истрага од надлежните институции. Правосудството наместо да биде продолжена маша и да исполнува политички нарачки на власта треба да се позанимава со овој скандал со кланот Зајас.

The post Дали со молчењето власта потврдува дека Дрин Ахмети не платил данок за „Соравиja“ appeared first on Република.

]]>