дресови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dresovi/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Jul 2024 18:40:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дресови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dresovi/ 32 32 Во време на ЕУРО2024: Бизнисот со продажба на дресови е екстра профитабилен бизнис https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/vo-vreme-na-euro2024-biznisot-so-prodazhba-na-dresovi-e-ekstra-profitabilen-biznis/ Mon, 08 Jul 2024 18:40:31 +0000 https://republika.mk/?p=794710

Дојче Веле (ДВ)

Фудбалот е огромна машина за правење пари. И тој бизнис почнува уште со дресовите. Некои компании вложуваат многу пари за да се рекламираат преку фудбалот. Нивната цел е да го направат својот бренд попознат, да го подобрат имиџот и да привлечат нови клиенти.

Големите производители на спортска опрема како Адидас или Најк плаќаат стотици милиони евра за правото да ги опремат играчите со дресови. За возврат, нивното лого може да се види на дресовите, а се надеваат дека со помош на фудбалот ќе можат да продаваат и други спортски артикли од нивната палета.

Адидас и Најк

Рекламите на дресовите се исплатлив извор на приход за самите клубови.

Дресовите се познат како главен, најважен артикл што го купуваат навивачите, и затоа играат толку важна улога во трговијата со производи што ги носат грбовите на клубовите и националните тимови“, вели Питер Ролман, консултант за спортски маркетинг.

Тој за ДВ додава дека ниту една друга репрезентација во светот нема толку добри (високо субвенционирани) спонзорски договори за дресови како германската репрезентација.

Адидас го снабдува Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) повеќе од 70 години, но со оглед на тоа дека Најк е подготвен уште подлабоко да ја стави раката во својот џеб, американската компанија ќе ја преземе улогата на Адидас во опремувањето на германската репрезентација од 2027 година. Не е јасно колку Најк ќе плати за тоа. Сите страни вклучени во договорот ветија дека ќе молчат - барем така пишува на веб-страницата на ДФБ. Директорот на Германскиот фудбалски сојуз Андраш Ретиг вели само дека понудата не можела да се одбие.

Медиумските извештаи, на пример, написите во деловниот дневен весник „Ханделсблат“, наведуваат дека Адидас во последно време и плаќа на ДФБ околу 50 милиони евра годишно. Најк, како што се тврди, е подготвен да плати двојно повеќе во иднина.

Колку заработуваат клубовите?

А, уште повеќе пари им се исплаќаат на клубовите, вели Ролман. Адидас наводно го продолжил договорот со Манчестер јунајтед на уште десет години и на Англичаните им плаќа околу 120 милиони евра по сезона. Адидас наводно му плаќа на Реал Мадрид по 150 милиони евра годишно. Причина за повисоките суми во однос на репрезентацијата е фактот што клубовите играат најмалку четири пати повеќе натпревари од репрезентациите. Едноставно: нивните дресови може почесто да се видат на теренот.

Ниту еден производител на спортска опрема не прави толкава сума во продажбата, во голема мера се работи за „полирање на имиџот“, вели Ролман.

Тој воедно потсетува дека особено со репрезентациите секогаш постои опасност тимот да испадне од турнирот во рана фаза.

Повеќе од кога било, прашање е дали спонзорството воопшто им се исплати на компаниите. Клиентите речиси никогаш не донесуваат одлука за купување врз основа на ова“. Само околу 12 отсто од анкетираните, кога одлучуваат да купат производ или услуга, се обраќаат кон оние брендови кои го спонзорираат Европското првенство“, посочува професорот Маркус Фет од Универзитетот во Хоенхајм.

Партнерствата со големите фудбалски асоцијации не ги исполнија очекувањата на производителите пред 15 години, вели шефот на Адидас за изданието на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг од 9 јуни 2024 година.

Производителите на сите одреди со тие договори трупаат загуби и тоа е така, ако сето тоа го гледаме од комерцијален аспект. Во тоа време се мислеше дека бројот на продадени дресови ќе експлодира. Но, тоа не се случи. И тоа е и логично. Земете ја на пример Германија. Да замислиме Германците да ја освојат титулата на ЕП. Ќе купува ли цел свет дресови на Германија? Нема. Тоа првенствено го прават Германците“, заклучува Гулден.

Успехот на порталот „Check24“

Порталот за споредба на цените на производите и услугите „Check“ не е меѓу главните спонзори на Европското фудбалско првенство. Но, „Check“ успеа да „освои“ парче од фудбалскиот колач – без да му плати ни цент на Германскиот фудбалски сојуз. Идејата беше едноставна:

Check24“ почна да им подарува дресови на луѓето бесплатно. Немаше официјален грб на ДФБ на тие дресови, но на луѓето не им беше грижа. На дресот е германскиот орел, логото на производителот (Пума) и - со големи букви на предниот дел од дресот, во висина на градите, логото „Check24“.

Дресот заинтересираните го „платиле“ со доброволна согласност да ги дадат своите податоци: адреса, телефонски број и е-пошта. Откако ги внеле своите податоци, тие добиле бесплатен дрес во посакуваната големина. И откако на овој начин беа „нарачани“ пет милиони дресови, „Check24“ ја прекина акцијата.

Основачот на платформата, Хенрих Блазе, за магазинот „Finance Forward“ изјави дека ова е најголемата маркетинг кампања во историјата на компанијата.

И колку чинеше таа акција? Професорот Саша Рајтел од Слободниот универзитет во Берлин вели дека тоа може да се процени. Тој тргнува од тоа дека производството и испораката по парче чинат најмалку десет евра. Според тоа, пет милиони дресови се минимум 50 милиони евра, а тоа е само за производство на дресови и логистика“.

Дополнително, „Check24“ паралелно, меѓу другото, и преку разни ТВ канали водеше рекламна кампања. Се заедно ова можеби чинеше 100 милиони евра, заклучува професорот по маркетинг.

Медиумски интерес

„Check24“ за возврат стана тема на разговор. Компанијата беше видлива и во медиумите, и кај многу Германци, односно на улица. Апликацијата „Check24“ беше најпопуларна со недели, мерена според бројот на инсталации на паметните телефони.

„Check24“ на тој начин дошол до многу лични податоци на германски државјани, а компанијата може директно да ги користи тие податоци кога им се обраќа на потенцијалните клиенти. Тие податоци може да се продаваат и на други компании, потсетува Ролман.

„Check24“ на своите клиенти им нуди споредба на цените на осигурување, финансиски услуги, енергија, телекомуникации, патувања, шопинг и други услуги. Понудата е бесплатна за корисниците, а компанијата се финансира од провизии за „зделки“ склучени преку платформата.

Професорот по маркетинг, Рајтел, смета дека голема опасност за „Check24“ може да настане доколку нема нови акции.

Ако нема некоја значајна нова акција за задржување на постојните клиенти, тогаш постои голема опасност добар дел од тие пари да бидат навистина фрлени низ прозорец. Луѓето брзо го забораваат сето тоа и тогаш нема да се градат односи со клиентите“, вели Рајтел.

Адидас добро се продава

Судејќи според резултатите од истражувањето на Универзитетот во Хоенхајм, секоја петта Германка и секој петти Германец имале намера да купат дрес на германската репрезентација. Не е познато дали Адидас продал помалку од своите дресови поради акцијата „Check24“ или не.

Досега најдобро поминуваа белите дресови. Сега изгледа поинаку.

Розовиот дрес е дрес за гостувања кој најдобро се продава во историјата на сите дресови на ДФБ“, потврди за ЗДФ портпаролот на Адидас, Оливер Бриген.

Дресовите извесно време беа распродадени, што упатува на заклучок дека побарувачката за нив била поголема од очекувањата на Адидас.

The post Во време на ЕУРО2024: Бизнисот со продажба на дресови е екстра профитабилен бизнис appeared first on Република.

]]>

Дојче Веле (ДВ) Фудбалот е огромна машина за правење пари. И тој бизнис почнува уште со дресовите. Некои компании вложуваат многу пари за да се рекламираат преку фудбалот. Нивната цел е да го направат својот бренд попознат, да го подобрат имиџот и да привлечат нови клиенти. Големите производители на спортска опрема како Адидас или Најк плаќаат стотици милиони евра за правото да ги опремат играчите со дресови. За возврат, нивното лого може да се види на дресовите, а се надеваат дека со помош на фудбалот ќе можат да продаваат и други спортски артикли од нивната палета.

Адидас и Најк

Рекламите на дресовите се исплатлив извор на приход за самите клубови.
Дресовите се познат како главен, најважен артикл што го купуваат навивачите, и затоа играат толку важна улога во трговијата со производи што ги носат грбовите на клубовите и националните тимови“, вели Питер Ролман, консултант за спортски маркетинг.
Тој за ДВ додава дека ниту една друга репрезентација во светот нема толку добри (високо субвенционирани) спонзорски договори за дресови како германската репрезентација. Адидас го снабдува Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) повеќе од 70 години, но со оглед на тоа дека Најк е подготвен уште подлабоко да ја стави раката во својот џеб, американската компанија ќе ја преземе улогата на Адидас во опремувањето на германската репрезентација од 2027 година. Не е јасно колку Најк ќе плати за тоа. Сите страни вклучени во договорот ветија дека ќе молчат - барем така пишува на веб-страницата на ДФБ. Директорот на Германскиот фудбалски сојуз Андраш Ретиг вели само дека понудата не можела да се одбие. Медиумските извештаи, на пример, написите во деловниот дневен весник „Ханделсблат“, наведуваат дека Адидас во последно време и плаќа на ДФБ околу 50 милиони евра годишно. Најк, како што се тврди, е подготвен да плати двојно повеќе во иднина.

Колку заработуваат клубовите?

А, уште повеќе пари им се исплаќаат на клубовите, вели Ролман. Адидас наводно го продолжил договорот со Манчестер јунајтед на уште десет години и на Англичаните им плаќа околу 120 милиони евра по сезона. Адидас наводно му плаќа на Реал Мадрид по 150 милиони евра годишно. Причина за повисоките суми во однос на репрезентацијата е фактот што клубовите играат најмалку четири пати повеќе натпревари од репрезентациите. Едноставно: нивните дресови може почесто да се видат на теренот.
Ниту еден производител на спортска опрема не прави толкава сума во продажбата, во голема мера се работи за „полирање на имиџот“, вели Ролман.
Тој воедно потсетува дека особено со репрезентациите секогаш постои опасност тимот да испадне од турнирот во рана фаза.
Повеќе од кога било, прашање е дали спонзорството воопшто им се исплати на компаниите. Клиентите речиси никогаш не донесуваат одлука за купување врз основа на ова“. Само околу 12 отсто од анкетираните, кога одлучуваат да купат производ или услуга, се обраќаат кон оние брендови кои го спонзорираат Европското првенство“, посочува професорот Маркус Фет од Универзитетот во Хоенхајм.
Партнерствата со големите фудбалски асоцијации не ги исполнија очекувањата на производителите пред 15 години, вели шефот на Адидас за изданието на Франкфуртер Алгемајне Цајтунг од 9 јуни 2024 година.
Производителите на сите одреди со тие договори трупаат загуби и тоа е така, ако сето тоа го гледаме од комерцијален аспект. Во тоа време се мислеше дека бројот на продадени дресови ќе експлодира. Но, тоа не се случи. И тоа е и логично. Земете ја на пример Германија. Да замислиме Германците да ја освојат титулата на ЕП. Ќе купува ли цел свет дресови на Германија? Нема. Тоа првенствено го прават Германците“, заклучува Гулден.

Успехот на порталот „Check24“

Порталот за споредба на цените на производите и услугите „Check“ не е меѓу главните спонзори на Европското фудбалско првенство. Но, „Check“ успеа да „освои“ парче од фудбалскиот колач – без да му плати ни цент на Германскиот фудбалски сојуз. Идејата беше едноставна: Check24“ почна да им подарува дресови на луѓето бесплатно. Немаше официјален грб на ДФБ на тие дресови, но на луѓето не им беше грижа. На дресот е германскиот орел, логото на производителот (Пума) и - со големи букви на предниот дел од дресот, во висина на градите, логото „Check24“. Дресот заинтересираните го „платиле“ со доброволна согласност да ги дадат своите податоци: адреса, телефонски број и е-пошта. Откако ги внеле своите податоци, тие добиле бесплатен дрес во посакуваната големина. И откако на овој начин беа „нарачани“ пет милиони дресови, „Check24“ ја прекина акцијата. Основачот на платформата, Хенрих Блазе, за магазинот „Finance Forward“ изјави дека ова е најголемата маркетинг кампања во историјата на компанијата. И колку чинеше таа акција? Професорот Саша Рајтел од Слободниот универзитет во Берлин вели дека тоа може да се процени. Тој тргнува од тоа дека производството и испораката по парче чинат најмалку десет евра. Според тоа, пет милиони дресови се минимум 50 милиони евра, а тоа е само за производство на дресови и логистика“.
Дополнително, „Check24“ паралелно, меѓу другото, и преку разни ТВ канали водеше рекламна кампања. Се заедно ова можеби чинеше 100 милиони евра, заклучува професорот по маркетинг.

Медиумски интерес

„Check24“ за возврат стана тема на разговор. Компанијата беше видлива и во медиумите, и кај многу Германци, односно на улица. Апликацијата „Check24“ беше најпопуларна со недели, мерена според бројот на инсталации на паметните телефони.
„Check24“ на тој начин дошол до многу лични податоци на германски државјани, а компанијата може директно да ги користи тие податоци кога им се обраќа на потенцијалните клиенти. Тие податоци може да се продаваат и на други компании, потсетува Ролман.
„Check24“ на своите клиенти им нуди споредба на цените на осигурување, финансиски услуги, енергија, телекомуникации, патувања, шопинг и други услуги. Понудата е бесплатна за корисниците, а компанијата се финансира од провизии за „зделки“ склучени преку платформата.
Професорот по маркетинг, Рајтел, смета дека голема опасност за „Check24“ може да настане доколку нема нови акции. Ако нема некоја значајна нова акција за задржување на постојните клиенти, тогаш постои голема опасност добар дел од тие пари да бидат навистина фрлени низ прозорец. Луѓето брзо го забораваат сето тоа и тогаш нема да се градат односи со клиентите“, вели Рајтел.

Адидас добро се продава

Судејќи според резултатите од истражувањето на Универзитетот во Хоенхајм, секоја петта Германка и секој петти Германец имале намера да купат дрес на германската репрезентација. Не е познато дали Адидас продал помалку од своите дресови поради акцијата „Check24“ или не. Досега најдобро поминуваа белите дресови. Сега изгледа поинаку.
Розовиот дрес е дрес за гостувања кој најдобро се продава во историјата на сите дресови на ДФБ“, потврди за ЗДФ портпаролот на Адидас, Оливер Бриген.
Дресовите извесно време беа распродадени, што упатува на заклучок дека побарувачката за нив била поголема од очекувањата на Адидас.

The post Во време на ЕУРО2024: Бизнисот со продажба на дресови е екстра профитабилен бизнис appeared first on Република.

]]>
Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво https://arhiva3.republika.mk/vesti/dresovite-na-maradona-pele-mesi-i-ronaldo-vo-skopje-se-obezbeduvaat-na-najvisoko-nivo/ Wed, 17 Apr 2024 07:01:55 +0000 https://republika.mk/?p=766956

Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети.

Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди.

Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло.

Вистинско уживање за фудбалските фанови.

 

The post Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво appeared first on Република.

]]>

Скопјани имаат ретка можност во својот град да ги угостат фудбалските легенди.Добро не нив лично, но затоа тука е нивната опрема. Дресови, топки, пехари, копачки, штуцни, капитенски ленти и нивни лични предмети. Во Мала станица гостува изложбата посветена на италијанскиот великан Паоло Роси. Покрај од него изложени се дресови од Пеле, Марадона, Меси, Роберто Баџо, Роналдо сегашниот и вистинскиот, Јохан Кројф, Мбапе, Халанд, Зидан, Платини, Стоичков, Бекембауер, Румениге, Ван Бастен.Вистински легенди. Тука е Златната топка на Меси од 2011 година, и трофејот од Лигата на шампионите, како и копачките на Пирло. Вистинско уживање за фудбалските фанови.  

The post Дресовите на Марадона, Пеле, Меси и Роналдо во Скопје се обезбедуваат на највисоко ниво appeared first on Република.

]]>
Недостиг на аргентински дресови на „Адидас“ пред финалето на СП https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/nedostig-na-argentinski-dresovi-na-adidas-pred-finaleto-na-sp/ Sat, 17 Dec 2022 10:27:42 +0000 https://republika.mk/?p=586789

Германскиот производител на спортска опрема Адидас објави денеска дека во некои земји има недостиг од дресови на аргентинската репрезентација пред утрешното финале против Франција на Светското првенство во Катар.

Поради зголемена побарувачка за аргентинските дресови ширум светот, на дел од пазарите се јави недостиг. Работиме на тоа да проследиме што е можно повеќе дресови за навивачите да можат да го слават ова неверојатно патување за таа репрезентација“, рече портпаролот на Адидас.

Иако Аргентина беше единствената репрезентација со дресови на Адидас, која дојде до четвртфиналето, пласманот во финалето на Гаучосите предводени од Лионел Меси беше вистински „мелем“ за германската компанија, која тврди дека продажбата пораснала за 30 отсто во однос на 2018 година кога беше одржано последното Светско првенство.

Меси(35) в недела ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во кариерата, а на Аргентина да ѝ ја донесе третата титула светски првак.

The post Недостиг на аргентински дресови на „Адидас“ пред финалето на СП appeared first on Република.

]]>

Германскиот производител на спортска опрема Адидас објави денеска дека во некои земји има недостиг од дресови на аргентинската репрезентација пред утрешното финале против Франција на Светското првенство во Катар.
Поради зголемена побарувачка за аргентинските дресови ширум светот, на дел од пазарите се јави недостиг. Работиме на тоа да проследиме што е можно повеќе дресови за навивачите да можат да го слават ова неверојатно патување за таа репрезентација“, рече портпаролот на Адидас.
Иако Аргентина беше единствената репрезентација со дресови на Адидас, која дојде до четвртфиналето, пласманот во финалето на Гаучосите предводени од Лионел Меси беше вистински „мелем“ за германската компанија, која тврди дека продажбата пораснала за 30 отсто во однос на 2018 година кога беше одржано последното Светско првенство. Меси(35) в недела ќе се обиде да го освои единствениот трофеј кој му недостасува во кариерата, а на Аргентина да ѝ ја донесе третата титула светски првак.

The post Недостиг на аргентински дресови на „Адидас“ пред финалето на СП appeared first on Република.

]]>
Идиотски: Аргентинците фрлија во канта подарен дрес од хрватските репрезентативци https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/idiotski-argentincite-frlija-vo-kanta-podaren-dres-od-hrvatskite-reprezentativci/ Wed, 14 Dec 2022 12:19:23 +0000 https://republika.mk/?p=585547

Традиционално, хрватските и аргентинските фудбалери по вчерашното полуфинале си ги разменија дресовите, но неспортското славје на Гаучосите во соблекувалната оправдано наиде на осуда од јавноста.

На видео објавено од страна на Пауло Дибала, хрватски дрес заврши во канта.

Соиграчот на Иван Перишиќ од Тотенхем, Кристијан Ромеро, го извади дресот од корпата и го фрли кон својот соиграч.

The post Идиотски: Аргентинците фрлија во канта подарен дрес од хрватските репрезентативци appeared first on Република.

]]>

Традиционално, хрватските и аргентинските фудбалери по вчерашното полуфинале си ги разменија дресовите, но неспортското славје на Гаучосите во соблекувалната оправдано наиде на осуда од јавноста. На видео објавено од страна на Пауло Дибала, хрватски дрес заврши во канта.
Соиграчот на Иван Перишиќ од Тотенхем, Кристијан Ромеро, го извади дресот од корпата и го фрли кон својот соиграч.

The post Идиотски: Аргентинците фрлија во канта подарен дрес од хрватските репрезентативци appeared first on Република.

]]>
Сон на секој фудбалски фан: Спалети ги покажа дресовите од светските звезди https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/son-na-sekoj-fudbalski-fan-spaleti-gi-pokaza-dresovite-od-svetskite-zvezdi/ Fri, 19 Aug 2022 19:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=542017

Лучијано Спалети пред популарната водителка Дилета Леота ја претстави својата голема колекција на дресови. Од она што може да се види е сон на секој фудбалски фан.

Во неговата „специјална“ соба се сместени и два дреса од македонски легенди, Горан Пандев и Ѓорѓи Христов како и на Роналдо, Кака, Марадона, Тоти, Руни, Малдини, Виери и многу други.

 

The post Сон на секој фудбалски фан: Спалети ги покажа дресовите од светските звезди appeared first on Република.

]]>

Лучијано Спалети пред популарната водителка Дилета Леота ја претстави својата голема колекција на дресови. Од она што може да се види е сон на секој фудбалски фан. Во неговата „специјална“ соба се сместени и два дреса од македонски легенди, Горан Пандев и Ѓорѓи Христов како и на Роналдо, Кака, Марадона, Тоти, Руни, Малдини, Виери и многу други.  

The post Сон на секој фудбалски фан: Спалети ги покажа дресовите од светските звезди appeared first on Република.

]]>