дрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dres/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Jul 2024 17:03:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дрес Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dres/ 32 32 Како фирма за споредба на цени успеа да го измами Адидас во бизнисот со продажба на дресови https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/kako-firma-za-sporedba-na-tseni-uspea-da-go-izmami-adidas-vo-biznisot-so-prodazhba-na-dresovi/ Fri, 05 Jul 2024 16:59:04 +0000 https://republika.mk/?p=793844

Порталот за споредба на цените на производите и услугите „Check“ не е меѓу главните спонзори на Европското фудбалско првенство. Но, „Check“ успеа да „освои“ парче од фудбалскиот колач – без да му плати ни цент на Германскиот фудбалски сојуз. Идејата беше едноставна: „Check24“ почна да им подарува дресови на луѓето бесплатно. Немаше официјален грб на ДФБ на тие дресови, но на луѓето не им беше грижа. На дресот е германскиот орел, логото на производителот (Puma) и – со големи букви на предниот дел од дресот, во висина на градите, логото „Check24“.

Дресот заинтересираните го „платиле“ со доброволна согласност да ги дадат своите податоци: адреса, телефонски број и е-пошта. Откако ги внеле своите податоци, тие добиле бесплатен дрес во посакуваната големина. И откако на овој начин беа „нарачани“ пет милиони дресови, „Check24“ ја прекина акцијата.

Основачот на платформата, Хенрих Блазе, за магазинот „Finance Forward“ изјави дека ова е најголемата маркетинг кампања во историјата на компанијата.

И колку чинеше таа акција? Професорот Саша Рајтел од Слободниот универзитет во Берлин вели дека тоа може да се процени. Тој тргнува од тоа дека производството и испораката по парче чинат најмалку десет евра. Според тоа, пет милиони дресови се минимум 50 милиони евра, а тоа е само за производство на дресови и логистика“.

Дополнително, „Check24“ паралелно, меѓу другото, и преку разни ТВ канали водеше рекламна кампања. Се заедно ова можеби чинеше 100 милиони евра, заклучува професорот по маркетинг.

Медиумски интерес

Check24 за возврат стана тема на разговор. Компанијата беше видлива и во медиумите, и кај многу Германци, односно на улица. Апликацијата „Check24“ беше најпопуларна со недели, мерена според бројот на инсталации на паметните телефони. „Check24“ на тој начин дошол до многу лични податоци на германски државјани, а компанијата може директно да ги користи тие податоци кога им се обраќа на потенцијалните клиенти. Тие податоци може да се продаваат и на други компании, потсетува Ролман.

„Check24“ на своите клиенти им нуди споредба на цените на осигурување, финансиски услуги, енергија, телекомуникации, патувања, шопинг и други услуги. Понудата е бесплатна за корисниците, а компанијата се финансира од провизии за „зделки“ склучени преку платформата.

Голема опасност за „Check24“ може да настане доколку нема нови акции, смета професорот по маркетинг Рајтел. „Ако нема некоја значајна нова акција за задржување на постојните клиенти, тогаш постои голема опасност добар дел од тие пари да бидат навистина фрлени низ прозорец“. Луѓето брзо го забораваат сето тоа и тогаш нема да се градат односи со клиентите“

The post Како фирма за споредба на цени успеа да го измами Адидас во бизнисот со продажба на дресови appeared first on Република.

]]>

Порталот за споредба на цените на производите и услугите „Check“ не е меѓу главните спонзори на Европското фудбалско првенство. Но, „Check“ успеа да „освои“ парче од фудбалскиот колач – без да му плати ни цент на Германскиот фудбалски сојуз. Идејата беше едноставна: „Check24“ почна да им подарува дресови на луѓето бесплатно. Немаше официјален грб на ДФБ на тие дресови, но на луѓето не им беше грижа. На дресот е германскиот орел, логото на производителот (Puma) и – со големи букви на предниот дел од дресот, во висина на градите, логото „Check24“. Дресот заинтересираните го „платиле“ со доброволна согласност да ги дадат своите податоци: адреса, телефонски број и е-пошта. Откако ги внеле своите податоци, тие добиле бесплатен дрес во посакуваната големина. И откако на овој начин беа „нарачани“ пет милиони дресови, „Check24“ ја прекина акцијата. Основачот на платформата, Хенрих Блазе, за магазинот „Finance Forward“ изјави дека ова е најголемата маркетинг кампања во историјата на компанијата. И колку чинеше таа акција? Професорот Саша Рајтел од Слободниот универзитет во Берлин вели дека тоа може да се процени. Тој тргнува од тоа дека производството и испораката по парче чинат најмалку десет евра. Според тоа, пет милиони дресови се минимум 50 милиони евра, а тоа е само за производство на дресови и логистика“. Дополнително, „Check24“ паралелно, меѓу другото, и преку разни ТВ канали водеше рекламна кампања. Се заедно ова можеби чинеше 100 милиони евра, заклучува професорот по маркетинг. Медиумски интерес Check24 за возврат стана тема на разговор. Компанијата беше видлива и во медиумите, и кај многу Германци, односно на улица. Апликацијата „Check24“ беше најпопуларна со недели, мерена според бројот на инсталации на паметните телефони. „Check24“ на тој начин дошол до многу лични податоци на германски државјани, а компанијата може директно да ги користи тие податоци кога им се обраќа на потенцијалните клиенти. Тие податоци може да се продаваат и на други компании, потсетува Ролман. „Check24“ на своите клиенти им нуди споредба на цените на осигурување, финансиски услуги, енергија, телекомуникации, патувања, шопинг и други услуги. Понудата е бесплатна за корисниците, а компанијата се финансира од провизии за „зделки“ склучени преку платформата. Голема опасност за „Check24“ може да настане доколку нема нови акции, смета професорот по маркетинг Рајтел. „Ако нема некоја значајна нова акција за задржување на постојните клиенти, тогаш постои голема опасност добар дел од тие пари да бидат навистина фрлени низ прозорец“. Луѓето брзо го забораваат сето тоа и тогаш нема да се градат односи со клиентите“

The post Како фирма за споредба на цени успеа да го измами Адидас во бизнисот со продажба на дресови appeared first on Република.

]]>
Северина ги пречека македонските фудбалери во Ријека, доби подарок дрес со нејзиното име https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/severina-gi-precheka-makedonskite-fudbaleri-vo-rijeka-dobi-podarok-dres-so-nejzinoto-ime/ Fri, 31 May 2024 18:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=783653

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува во Хрватска, каде што в понеделник во Ријека ќе игра со селекцијата на оваа земја.Овој пријателски меч ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус.

Македонските фудбалери пристигнаа во Ријека и таму имаа срдечен дочек од музичка ѕвезда. Стануваше збор за екстра популарната Северина Вучковиќ, која си доби и посебен подарок.

За хрватската ѕвезда ФФМ изработи дресови со нејзиното име, а ѝ беа врачени од страна на Александар Трајковски и Столе Димитриевски.

За време на викендот Благоја Милевски ќе ги свика фудбалерите на тренинзи пред натпреварот против една од најуспешните селекции во изминатата декада.

Средбата против Хрватска се игра в понеделник во 19:00 часот, додека потоа нашите фудбалери патуваат во Чешка за тестот против оваа селекција.

The post Северина ги пречека македонските фудбалери во Ријека, доби подарок дрес со нејзиното име appeared first on Република.

]]>

Фудбалската репрезентација на Македонија отпатува во Хрватска, каде што в понеделник во Ријека ќе игра со селекцијата на оваа земја.Овој пријателски меч ќе биде еден од двата во јунскиот репрезентативен циклус. Македонските фудбалери пристигнаа во Ријека и таму имаа срдечен дочек од музичка ѕвезда. Стануваше збор за екстра популарната Северина Вучковиќ, која си доби и посебен подарок.
За хрватската ѕвезда ФФМ изработи дресови со нејзиното име, а ѝ беа врачени од страна на Александар Трајковски и Столе Димитриевски. За време на викендот Благоја Милевски ќе ги свика фудбалерите на тренинзи пред натпреварот против една од најуспешните селекции во изминатата декада. Средбата против Хрватска се игра в понеделник во 19:00 часот, додека потоа нашите фудбалери патуваат во Чешка за тестот против оваа селекција.

The post Северина ги пречека македонските фудбалери во Ријека, доби подарок дрес со нејзиното име appeared first on Република.

]]>
Адидас го забрани бројот 44 на дресовите на германската репрезентација поради сличноста со нацистичкиот симбол https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/adidas-go-zabrani-brojot-44-na-dresovite-na-germanskata-reprezentatsija-poradi-slichnosta-so-natsistichkiot-simbol/ Tue, 16 Apr 2024 17:03:40 +0000 https://republika.mk/?p=765768

Компанијата „Адидас“ објави дека ќе ја забрани можноста бројот 44 да биде печатен на дрерсовите на германската репрезентација доколку некој фан посака такво нешто.

Причина за ваквата одлука на „Адидас“ е тоа што овој број испишан со фонтот со кој се печатата бројките на дресовите премногу сличен на ознаката СС „SS“, која ги означува озогласените воени единици на нацистичка Германија во Втората светска војна.

Истовремено, германската фудбалска федерација сооопшти дека ниту еден играч од репрезентацијата нема да го носи бројот 44 на натпреварите на националната селекција.

The post Адидас го забрани бројот 44 на дресовите на германската репрезентација поради сличноста со нацистичкиот симбол appeared first on Република.

]]>

Компанијата „Адидас“ објави дека ќе ја забрани можноста бројот 44 да биде печатен на дрерсовите на германската репрезентација доколку некој фан посака такво нешто. Причина за ваквата одлука на „Адидас“ е тоа што овој број испишан со фонтот со кој се печатата бројките на дресовите премногу сличен на ознаката СС „SS“, која ги означува озогласените воени единици на нацистичка Германија во Втората светска војна. Истовремено, германската фудбалска федерација сооопшти дека ниту еден играч од репрезентацијата нема да го носи бројот 44 на натпреварите на националната селекција.

The post Адидас го забрани бројот 44 на дресовите на германската репрезентација поради сличноста со нацистичкиот симбол appeared first on Република.

]]>
Зошто играчите на Реал Мадрид си ги мирискаат испотените дресови? https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/zoshto-igrachite-na-real-madrid-si-gi-miriskaat-ispotenite-dresovi/ Wed, 17 May 2023 09:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=641660

Непосредно пред судијата да означи почеток на натпреварот, играчите на Реал одат на клупата за физиотерапевтите да им ги намачкаат градите со чудотворна маст. Со тоа се отвораат ноздрите за фудбалерите полесно да дишат.

Многу љубители на фудбалот забележаа на социјалните мрежи дека играчите на Реал, меѓу кои и Лука Модриќ, ги мирисаат дресовите натопени во пот. Колку и да изгледа чудно, има добра причина зад тоа.

Непосредно пред судијата да означи почеток на натпреварот, играчите на Реал одат на клупата за физиотерапевтите да им ги намачкаат градите со чудотворна маст. Со тоа се отвораат ноздрите за фудбалерите полесно да дишат.

Фудбалерите на Реал Мадрид сега ставаат маснотии на дресовите за да можат да користат ментол во текот на целиот натпревар.

 

„Медицинскиот мирис влегува низ носот и устата за да го помогне дишењето. Исто така, служи за ублажување на помали болки во мускулите и зглобовите“, пишува Marca.

Марка наведува дека благодарение на еукалиптусот оваа маст го подобрува снабдувањето со кислород на играчите и дека оваа процедура нема никаква врска со допингот.

 

The post Зошто играчите на Реал Мадрид си ги мирискаат испотените дресови? appeared first on Република.

]]>

Непосредно пред судијата да означи почеток на натпреварот, играчите на Реал одат на клупата за физиотерапевтите да им ги намачкаат градите со чудотворна маст. Со тоа се отвораат ноздрите за фудбалерите полесно да дишат. Многу љубители на фудбалот забележаа на социјалните мрежи дека играчите на Реал, меѓу кои и Лука Модриќ, ги мирисаат дресовите натопени во пот. Колку и да изгледа чудно, има добра причина зад тоа. Непосредно пред судијата да означи почеток на натпреварот, играчите на Реал одат на клупата за физиотерапевтите да им ги намачкаат градите со чудотворна маст. Со тоа се отвораат ноздрите за фудбалерите полесно да дишат. Фудбалерите на Реал Мадрид сега ставаат маснотии на дресовите за да можат да користат ментол во текот на целиот натпревар.  
„Медицинскиот мирис влегува низ носот и устата за да го помогне дишењето. Исто така, служи за ублажување на помали болки во мускулите и зглобовите“, пишува Marca.
Марка наведува дека благодарение на еукалиптусот оваа маст го подобрува снабдувањето со кислород на играчите и дека оваа процедура нема никаква врска со допингот.  

The post Зошто играчите на Реал Мадрид си ги мирискаат испотените дресови? appeared first on Република.

]]>
Дресот на легендарниот Коби Брајант од неговата МВП сезона продаден за 5.8 милиони дол https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/dresot-na-legendarniot-kobi-brajant-od-negovata-mvp-sezona-prodaden-za-5-8-milioni-dol/ Sat, 11 Feb 2023 13:18:05 +0000 https://republika.mk/?p=607728

Дрес на кошаркарската легенда, Коби Брајант, кој трагично загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5.8 милиони долари.

Тоа е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави аукциската куќа Сотби.

Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА сезоната 2007/08, кога беше прогласен за МВП“, коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби.

Жолто-виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно.

Во септември лани, дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10.1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9.3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година.

The post Дресот на легендарниот Коби Брајант од неговата МВП сезона продаден за 5.8 милиони дол appeared first on Република.

]]>

Дрес на кошаркарската легенда, Коби Брајант, кој трагично загина во хеликоптерска несреќа во 2020 година, е продаден на аукција за 5.8 милиони долари. Тоа е трета највисока сума платена за спортски дрес по оние на Мајкл Џордан и Диего Марадона, објави аукциската куќа Сотби.
Овој дрес е икона каква што ретко гледаме за спортска опрема. Коби го носеше 25 пати во текот на НБА сезоната 2007/08, кога беше прогласен за МВП“, коментираше Брам Вочтер, раководител на одделот за модерно колекционерство на Сотби.
Жолто-виолетовиот дрес на Коби Брајант со бројот 24 е продаден на лице кое сакало да остане анонимно. Во септември лани, дресот со бројот 23 кошаркарската ѕвезда на Чикаго Булс, Мајкл Џордан, беше продаден на аукција за 10.1 милиони долари, додека претходно истата година во мај беа платени 9.3 милиони долари за дресот што аргентинскиот капитен Диего Марадона го носеше на Светското фудбалско првенство во 1986 година.

The post Дресот на легендарниот Коби Брајант од неговата МВП сезона продаден за 5.8 милиони дол appeared first on Република.

]]>
Аргентинците го фрлија дресот на Хрватска во канта за ѓубре https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/argentincite-go-frlija-dresot-na-hrvatska-vo-kanta-za-gjubre/ Wed, 14 Dec 2022 11:43:27 +0000 https://republika.mk/?p=585527

Видеото од прославата од соблекувалната на Аргентина ги запали социјалните мрежи. Аргентинците се пласираа во големото финале на Светското првенство, откако во полуфиналето ја демолираа Хрватска со 3:0.

По мечот, славјето од теренот се пресели во соблекувалната на „гаучосите“, а малку од лудата атмосфера откри Пауло Дибала, кој на својот „ТикТок“ сподели видео на кое воодушевените фудбалери скокаат од радост, пеат навивачки песни, лудување и забава.

Сепак, еден детал од видеото ги разбесни хрватските фанови. Имено, гаучосите малку се занесоа во славјето, па во излив на еуфорија дресот на хрватската репрезентација заврши во корпа за отпадоци!

 

 

The post Аргентинците го фрлија дресот на Хрватска во канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>

Видеото од прославата од соблекувалната на Аргентина ги запали социјалните мрежи. Аргентинците се пласираа во големото финале на Светското првенство, откако во полуфиналето ја демолираа Хрватска со 3:0. По мечот, славјето од теренот се пресели во соблекувалната на „гаучосите“, а малку од лудата атмосфера откри Пауло Дибала, кој на својот „ТикТок“ сподели видео на кое воодушевените фудбалери скокаат од радост, пеат навивачки песни, лудување и забава. Сепак, еден детал од видеото ги разбесни хрватските фанови. Имено, гаучосите малку се занесоа во славјето, па во излив на еуфорија дресот на хрватската репрезентација заврши во корпа за отпадоци!  
 

The post Аргентинците го фрлија дресот на Хрватска во канта за ѓубре appeared first on Република.

]]>
Eди Рама доби од Ковачевски доби кошаркарски дрес од „Северна“ со негово име https://arhiva3.republika.mk/sport/kosarka/edi-rama-dobi-od-kovachevski-dobi-kosharkarski-dres-od-severna-so-negovo-ime/ Mon, 14 Nov 2022 12:01:43 +0000 https://republika.mk/?p=573621

Премиерот Димитар Ковачевски на неговиот колега од Албанија му подари дрес од кошаркарската репрезентација на кој е испишано името Рама.

Премиерот на Албанија е голем фан на кошарката а во минатото и тренирал.Покрај дрес Рама доби и топка со потписот на Ковачевски.

 

The post Eди Рама доби од Ковачевски доби кошаркарски дрес од „Северна“ со негово име appeared first on Република.

]]>

Премиерот Димитар Ковачевски на неговиот колега од Албанија му подари дрес од кошаркарската репрезентација на кој е испишано името Рама. Премиерот на Албанија е голем фан на кошарката а во минатото и тренирал.Покрај дрес Рама доби и топка со потписот на Ковачевски.  

The post Eди Рама доби од Ковачевски доби кошаркарски дрес од „Северна“ со негово име appeared first on Република.

]]>
РФМ на родителите на прерано починатиот Марко Божиновски им подари специјален дрес https://arhiva3.republika.mk/sport/rakomet/rfm-na-roditelite-na-prerano-pochinatiot-marko-bozinovski-im-podari-specijalen-dres/ Sun, 15 May 2022 12:52:08 +0000 https://republika.mk/?p=502521

Кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел го отвораат денешниот ден во куп завршницата со натпреварот во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски.

Пред почетокот на натпреварот претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на фамилијата на Марко и подари дрес со бројот девет од македонската репрезентација.

Врамениот дрес во име на семејството го прими таткото на Марко, Ристо Божиновски.

 

The post РФМ на родителите на прерано починатиот Марко Божиновски им подари специјален дрес appeared first on Република.

]]>

Кадетската репрезентација на Македонија и тимот на Бутел го отвораат денешниот ден во куп завршницата со натпреварот во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Пред почетокот на натпреварот претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов на фамилијата на Марко и подари дрес со бројот девет од македонската репрезентација. Врамениот дрес во име на семејството го прими таткото на Марко, Ристо Божиновски.  

The post РФМ на родителите на прерано починатиот Марко Божиновски им подари специјален дрес appeared first on Република.

]]>
И македонското знаме на дресот на Украина https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/i-makedonskoto-zname-na-dresot-na-ukraina/ Wed, 11 May 2022 14:13:40 +0000 https://republika.mk/?p=501031

Знамињата на државите што ја поддржуваат Украина, меѓу кои и македонското, се аплицирани на дресот на фудбалската репрезентација на Украина наменет само за пријателските натпревари во мај, почнувајќи од вечерашниот кај германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах.

Над картата на Украина обрабена со знаменцињата на предната страна од дресот стои логото „У24“, кое ја симболизира онлајн платформата за прибирање финансиски средства за помош на земјата, иницирана од претседателот Володимир Зеленски.

Бројот на задниот дел од дресот, пак, ги содржи имињата на украинските градови во кои се водени борби со руската армија.

The post И македонското знаме на дресот на Украина appeared first on Република.

]]>

Знамињата на државите што ја поддржуваат Украина, меѓу кои и македонското, се аплицирани на дресот на фудбалската репрезентација на Украина наменет само за пријателските натпревари во мај, почнувајќи од вечерашниот кај германскиот бундеслигаш Борусија Менхенгладбах. Над картата на Украина обрабена со знаменцињата на предната страна од дресот стои логото „У24“, кое ја симболизира онлајн платформата за прибирање финансиски средства за помош на земјата, иницирана од претседателот Володимир Зеленски. Бројот на задниот дел од дресот, пак, ги содржи имињата на украинските градови во кои се водени борби со руската армија.

The post И македонското знаме на дресот на Украина appeared first on Република.

]]>
Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/dresot-na-maradona-od-mundijalot-1986-na-aukcija/ Wed, 06 Apr 2022 17:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=484221

Дресот, кој аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона го носеше кога постигна гол во четвртфиналето против Англија на Мундијалот 1986, две години по неговата смрт ќе биде понуден на продажба, објави денеска аукциската куќа „Сотби“, изразувајќи надеж оти предметот ќе може да достигне цена од над пет милиони долари.

Повеќе од 35 години сопственик на легендарниот дрес со бројот 10 е поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по завршувањето на четвртфиналето го размени својот дрес со Марадона. Победата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година е една од најконтроверзните во историјата на мундијалите токму поради голот што Марадона го постигна со рака.

Поранешниот англиски репрезентативец, кој својата автобиографија ја наслови „Човекот со дресот на Марадона“, дресот му го довери на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за таму да биде изложен и вети по смртта на Марадона во 2020 година дека предметот нема да се продава, бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“.

Во меѓувреме, Хоџ очигледно се предомислил.

„Сотби“ објави дека дресот ќе биде понуден на онлајн аукција од 20 април до 4 мај за почетна цена од четири милиони фунти (5.2 милиони долари)

The post Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција appeared first on Република.

]]>

Дресот, кој аргентинската фудбалска легенда Диего Армандо Марадона го носеше кога постигна гол во четвртфиналето против Англија на Мундијалот 1986, две години по неговата смрт ќе биде понуден на продажба, објави денеска аукциската куќа „Сотби“, изразувајќи надеж оти предметот ќе може да достигне цена од над пет милиони долари. Повеќе од 35 години сопственик на легендарниот дрес со бројот 10 е поранешниот англиски репрезентативец Стив Хоџ, кој по завршувањето на четвртфиналето го размени својот дрес со Марадона. Победата на Аргентина во четвртфиналето на Светското првенство во 1986 година е една од најконтроверзните во историјата на мундијалите токму поради голот што Марадона го постигна со рака. Поранешниот англиски репрезентативец, кој својата автобиографија ја наслови „Човекот со дресот на Марадона“, дресот му го довери на Националниот фудбалски музеј во Манчестер за таму да биде изложен и вети по смртта на Марадона во 2020 година дека предметот нема да се продава, бидејќи има „неверојатна сентиментална вредност“. Во меѓувреме, Хоџ очигледно се предомислил. „Сотби“ објави дека дресот ќе биде понуден на онлајн аукција од 20 април до 4 мај за почетна цена од четири милиони фунти (5.2 милиони долари)

The post Дресот на Марадона од Мундијалот 1986 на аукција appeared first on Република.

]]>