Драмски театар Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dramski-teatar-skopje/ За подобро да се разбереме Thu, 10 Oct 2024 13:22:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драмски театар Скопје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dramski-teatar-skopje/ 32 32 Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивал во Бугарија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-skopje-so-pretstavata-karmen-na-festival-vo-bugarija/ Thu, 10 Oct 2024 14:50:52 +0000 https://republika.mk/?p=825285

Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на театарскиот фестивал „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија.

На фестивалот настапуваат познати театарски куќи и музичари од неколку земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е нивен петти меѓународен настап со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево, Македонското културно лето во Албанија, фестивал во Зајачар, Србија и неодамна на театарски фестивал во Грузија. Претставата „Кармен“ вечерва ќе ја има својата 40 изведба.

Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски.

Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

The post Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивал во Бугарија appeared first on Република.

]]>

Со монодрамата „Кармен“, Драмскиот театар Скопје денеска ќе учествува на театарскиот фестивал „Сава Огњанов“ во Русе, Бугарија. На фестивалот настапуваат познати театарски куќи и музичари од неколку земји. Учеството на Биљана Драгичевиќ Пројковска со монодрамата „Кармен“ е нивен петти меѓународен настап со оваа претстава, по гостувањата на фестивалот РУТА во Сараево, Македонското културно лето во Албанија, фестивал во Зајачар, Србија и неодамна на театарски фестивал во Грузија. Претставата „Кармен“ вечерва ќе ја има својата 40 изведба. Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет часа со Марио“ од Мигел Делибес, а својата премиера ја имаше во мај минатата година. Режијата и драматизацијата се на Дејан Пројковски, сценографијата на Валентин Светозарев, сценските движења на Олга Панго, костимографијата на Раде Василев, а музиката на Горан Трајковски. Актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата Кармен, покрај наградите на минатогодишниот фестивал на монодрама во Битола доби награди и на годинашново издание на Македонско културно лето во Албанија и Интернационалниот фестивал „Актерот на Европа 2022“ во Ресен.

The post Драмски театар Скопје со претставата „Кармен“ на фестивал во Бугарија appeared first on Република.

]]>
Роберт Вељановски нов в.д. директор на Драмски театар Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/robert-velanovski-nov-v-d-direktor-na-dramski-teatar-skopje/ Thu, 27 Jun 2024 14:19:34 +0000 https://republika.mk/?p=791334

НУ Драмски театар Скопје информираше преку објава на „Фејсбук“ дека од денес има нов в.д. Директор, Роберт Вељановски, а на досегашната в.д. Директорка, Викторија Рангелова Петровска, и се заблагодари за досегашната ангажираност и работа како одговорно лице на установата.

The post Роберт Вељановски нов в.д. директор на Драмски театар Скопје appeared first on Република.

„Парови“ – драма за двојки кои ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/parovi-drama-za-dvojki-koi-gi-povrzuva-potrebata-za-lubov-i-nemokta-da-gi-promenat-rabotite/ Sun, 19 May 2024 16:55:26 +0000 https://republika.mk/?p=779886

Пет пара со огромна потреба за љубов, страст, нежност, но и немоќ да ја сменат состојбата е приказната во претставата „Парови“ која синоќа, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар беше премиерно прикажана.

Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ.

Ова е праизведба на текстот на авторката Ана Ристоска Трпеноска, режијата е на Ивана Ангеловска.

[caption id="attachment_779888" align="alignnone" width="700"] Фото: Драмски театар[/caption]

Текстот прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи.

Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, композитор на музиката е Ади Имери, дизајнот на постерот е на Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Самандов.

Во претставата играат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер.

[caption id="attachment_779889" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption]

Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст го поставува прашањето: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?“

Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида, кажа пред премиерата Ристоска - Трепноска.

Следната изведба на „Парови“ е на 30 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во 20 часот.

The post „Парови“ – драма за двојки кои ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите appeared first on Република.

]]>

Пет пара со огромна потреба за љубов, страст, нежност, но и немоќ да ја сменат состојбата е приказната во претставата „Парови“ која синоќа, на 18 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмски театар беше премиерно прикажана. Борба за доминација, его, токсични машко-женски односи, партнери на кои им е поважен професионалниот успех и социјалниот статус, партнери што посакуваат никогаш да не се сретнеле, се изневеруваат, бракови што станале рутина, партнери кои имаат различни очекувања, доживуваат разочарувања и се комични во нивната немоќ. Ова е праизведба на текстот на авторката Ана Ристоска Трпеноска, режијата е на Ивана Ангеловска. [caption id="attachment_779888" align="alignnone" width="700"] Фото: Драмски театар[/caption] Текстот прикажува неколку парови партнери во различни ситуации и фази од нивните животи. Сценограф на претставата е Костантин Трпеноски, изборот на костимите е на костимографите Раде Василев и Ратка Џамбазовска Коцев, композитор на музиката е Ади Имери, дизајнот на постерот е на Дамјан Момировски, а фотограф е Стефан Самандов. Во претставата играат: Ирена Ристиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Димитрија Доксевски, Јасмина Василева, Стефан Вујисиќ, Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Лазар Христов и Нина Елзесер. [caption id="attachment_779889" align="alignnone" width="700"] фото: Драмски театар[/caption] Ристоска-Трпеноска во драмскиот текст го поставува прашањето: „Постои ли вистински успешна врска, совршен брак или партнерите се стремат да постигнат невозможен концепт, нешто што е конструкт на општеството?“
Со „Парови“ сакав да напишам драма за партнери заглавени во трагикомичното секојдневие на заедничкиот живот. Мене секогаш повеќе ме интересира да го прикажам тоа што не се гледа, да пишувам за осаменоста и за проблемите со кои партнерите се соочуваат, но ги чуваат меѓу четири ѕида, кажа пред премиерата Ристоска - Трепноска.
Следната изведба на „Парови“ е на 30 мај, на сцената „Ристо Стефановски“ во 20 часот.

The post „Парови“ – драма за двојки кои ги поврзува потребата за љубов и немоќта да ги променат работите appeared first on Република.

]]>
Вчерва премиера на „Кафез кај кокони“ во Драмски театар Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vcherva-premiera-na-kafez-kaj-kokoni-vo-dramski-teatar-skopje/ Sat, 13 May 2023 06:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=640359

На сцената на Драмски театар Скопје вечер во 20 часот е премиерата на претставата „Кафез кај кокони“. На текст на францускиот автор Жан Пуаре, режисерот Димче Николовски ја поставува најновата премиера во Драмски. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години.

Сценографијата е на Димче Николовски и Благоја Бошковски Буцко, костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко, адапатација на Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко, изборот на музика е исто така на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко.

Улогите во „Кафез кај кокони“ се доверени на актерската екипа: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и во улогата на Саломе - Бранко Атанасов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев и суфлер е Жаклина Цветковска.

Александра Бошковска за претставата истакнува дека француската фарса „Кафез кај кокони“ („La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи.

Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет.

Комичниот заплет е толку шармантно уникатен што провоцира две филмски адаптации, – „La cage aux folles” (1978) и „The Birdcage” (1996), како и ексклузивна преработка во мјузикл за Бродвејската сцена во 1984.

И покрај тоа што е изградена врз база на одредени стереотипи, пиесата како и сите нејзини адаптации, има важна улога во кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност.

Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата на Драмски театар Скопје „Кафез кај кокони“, сака да ви прикаже дека педесет години потоа, овие прашања се сè уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

The post Вчерва премиера на „Кафез кај кокони“ во Драмски театар Скопје appeared first on Република.

]]>

На сцената на Драмски театар Скопје вечер во 20 часот е премиерата на претставата „Кафез кај кокони“. На текст на францускиот автор Жан Пуаре, режисерот Димче Николовски ја поставува најновата премиера во Драмски. Претставата не се препорачува на лица помлади од 18 години. Сценографијата е на Димче Николовски и Благоја Бошковски Буцко, костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Кореограф на претставата е Кренаре Невзати – Кери. Преводот е на Радмила Јорданова и Благоја Бошковски Буцко, адапатација на Александра Бошковска, Благоја Бошковски Буцко, изборот на музика е исто така на Александра Бошковска и Благоја Бошковски Буцко. Улогите во „Кафез кај кокони“ се доверени на актерската екипа: Жорж - Филип Трајковиќ, Албен - Александар Степанулески, Жакоб - Стефан Вујисиќ, Табаро - Предраг Павловски, Мерцедес - Димитрија Доксевски, Зорба - Маја Вељковиќ Пановска, Лоран - Дамјан Цветановски, Камиј - Соња Стамболџиоска, Едуар - Златко Митрески, Мјуриел - Нела Павловска, Симон - Емилија Мицевска и во улогата на Саломе - Бранко Атанасов. Инспициент на претставата е Гоце Бојчев и суфлер е Жаклина Цветковска. Александра Бошковска за претставата истакнува дека француската фарса „Кафез кај кокони“ („La cage aux folles”) ја има својата праизведба во февруари 1973 година во Париз. Мајсторски конструирана од познатиот актер и комичар Жан Пуаре како комедија на ситуации, забуни и карактери, ја освојува публиката на прв поглед и доживува над 2000 репризи. Игрив и забавен, но и храбро проткаен со сериозни теми дотогаш неприкажани на толку експлицитен и дрзок начин, текстот со хумор и леснотија задира во многу комплицирани теми: потребата за општествено прифаќање, сексуална слобода, избор во љубовта и потребата да се задржи личниот интегритет. Комичниот заплет е толку шармантно уникатен што провоцира две филмски адаптации, – „La cage aux folles” (1978) и „The Birdcage” (1996), како и ексклузивна преработка во мјузикл за Бродвејската сцена во 1984. И покрај тоа што е изградена врз база на одредени стереотипи, пиесата како и сите нејзини адаптации, има важна улога во кршењето на бариерите и предрасудите за тоа како се претставуваат и прифаќаат луѓето со поинаква сексуалност. Сместена во Сен Тропе, во веселите седумдесети, претставата на Драмски театар Скопје „Кафез кај кокони“, сака да ви прикаже дека педесет години потоа, овие прашања се сè уште отворени и провоцираат дијалог низ истата структура на хумор, игривост и дрскост.

The post Вчерва премиера на „Кафез кај кокони“ во Драмски театар Скопје appeared first on Република.

]]>
Мешко, глумците не умираат, немаат години, тие на своите матични сцени остануваат долго по нивното физичко заминување, рече Драган Спасов Дац на комеморацијата за Димче Мешковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/meshko-glumtsite-ne-umiraat-nemaat-godini-tie-na-svoite-matichni-stseni-ostanuvaat-dolgo-po-nivnoto-fizichko-zaminuvane-reche-dragan-spasov-dats-na-komemoratsijata-za-dimche-meshkovski/ Tue, 28 Mar 2023 12:43:53 +0000 https://republika.mk/?p=624664

Ведар дух, мајстор актер, неверојатен тип за имрповизации, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе, грижлив татко и дедо, вљубен во сопругата Марица. Сето тоа беше актерот Димче Мешковски, кој почина на 20 март годинава, во Лос Анџелес, САД, кому денеска Драмски театар Скопје, неговата матична куќа му организираше комеморација.

Доајенот на македонското глумиште Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.

Иимав среќа и задоволство да се вработам во Драмски во 1967 и на работа ме примија Мешко и Дади (н.з. Владимир Ангеловски), кои беа во комисија. Иако помлади од мене, веќе беа вработени во Драмскиот театар и ете можеби заради братовска врска бев примен, рече денеска на комеморацијата режисерот и актер Коле Ангеловски.

Ангеловски зборуваше за дружбата со Мешко која траела 40 години.

Секојдневно се дружевме на проби, на претстави, кабаре, снимања. Со него поминав повеќе време отколку со сопствената фамилија. Работевме претстави, филмови и телевизиски серии. Со него имаше толку импровзиации и толку непредвидени ситуцаии. Во 'Болва в уво' јас имав една реплика, но толку импровизиравме што никогаш не се знаеше коолку ќе трае претставата и како ќе заврши. Во претставата 'Солунски патрдии', Мешко и Дади, секогаш седев позади сцената и само гледав и следев што ли сега ќе смислат, што ќе кажат. Беше задоволство да се слуша. За Мешко се сеќавам само на убави работи, на прекрасна дрѕжба. Се надевам дека горе играат бриџ со брат ми Дади, Мичо Егегеецот и Мац“, рече Ангеловски.

Актерот Драган Спасов Дац во својот говор кажа дека кога ќе замине некој близок никогаш не може да срочи некоја реченица за неговото испраќање. А заминале и блиски и подалечни...

Мешко, глумците не умираат, глумците немаат години и глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување. Зад глумците остануваат нивните претстави, нивните филмови, тв драми, нивните штосови, анегдоти, нивните загрижени и насмеани лица. Е таков те памтам, насмеан полн со дух, живот, енергија. Иако ги имаше сите болести на светот ти беше поздрав од сите и не се предаваше. Помнам еднаш кога го праша Мичо Егеец кој беше јак и здрав како бик: Мичо! ти си бил од нешто болен? Мичо збунет те праша: Како мислиш болен, сум имал грип некогаш. А јас тогаш те прашав тебе: Мешко а ти, има нешто од што не си бил болен..., кажа Дац.

Дац раскажа дека секојдневно се слушале откако Мешко заминал во САД и дека најмногу го интересирае случувањата во театарот. Разговорите траеле со часови, навистина бевме како татко и син, рече Дац.

Ти беше вљубен во твојата Марица како првиот ден кога си ја сретнал, таа беше твојата убавица, поткрепа и ветер во крилјата. Ми велеше: Ако ме остави Марица одма ќе умрам. Посебно беше горд на Наташа и нејзините успеси а и на Јасна која тргна по твоите стапки ама далеку од овде. Отиде да ги вратиш заедно со твојата сакана внука Леона, ама ти остана таму, таму во туѓината. И знаеш што, мислам дека тоа прилега на твојот немирен дух.
И не знам зошто велат да се почива во мир, јас мислам дека и таму треба да се продолжи со исто темпо, онака како што човекот живеел на земјата. Каков мир ти се молам ти не беше мирен човек, кажа Дац.

Јасна и Наташа, ќерките на Мешковски, преку писмено обраќање ги споделија своите спомени за Димче, растењето во Драмски и за она што тој ги учел во животот. Велат дека детството им било магично, обвиено и зачинето со фантазијата на театарот.

Навистина е привилегија што сме деца на Мешко и затоа сме благодарни што токму тој е нашиот родител и секако, сопруг на Марица. Да се расте, да се созрева и да се живее со таков човек е вистински благослов. Како современ и либерален човек, Димче нé воспитуваше во духот на космополитизмот и истовремено не учеше како да се сака и почитува својот народ и сопствената земја. Тој нé поддржуваше буквално во сé. 

Оти Мешко беше таков, со него секогаш знаеш на што си. Директен и објективен, човек кој оди по земја. Секогаш добро информиран за актуелните случувања кај нас и во светот, имаше познавање од нашата и светската историја и литература, пратеше политика, геополитика, уметност, спорт, култура. Човек со табиет да дебатира, на разни теми, жива енциклопедија, елоквентен, речит, со висока интелигенција.

Со љубов кон луѓето, посебно ги сакаше своите колеги - актери. До вчера го спомнуваше Драмски, постојано го сонуваше театарот и беше вистински вљубеник во својата актерска професија. Секогаш расположен за дружба и за песна, носеше во себе некоја посебна, моќна ментална енергија, напишаа неговите ќерки.

Наташа е поранешна македонска пливачка шампионка, олимпијка, сега професор на Факултетот за физичка култура, Јасна е актерка во САД.

В. д. директорката Маја Вељковиќ-Пановска рече дека заминува уште еден од оние кои го создадоа брендот Драмски театар.

Театар препознатлив по својата авангардност, по своите претстави за кои се бараше карта повеќе, театар понекогаш бунтовен и критичен, театар на комедии кои опстојуваа со години, па и децении. Во сето тоа Димче Мешковски. Сите овие синоними важат и за Мешко. Бунтовен, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе. Всушност, Мешко беше испреплетен со Драмски, рече Вељковиќ-Пановска.

Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…).

Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал.

Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат.

Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други.

Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.

The post Мешко, глумците не умираат, немаат години, тие на своите матични сцени остануваат долго по нивното физичко заминување, рече Драган Спасов Дац на комеморацијата за Димче Мешковски appeared first on Република.

]]>

Ведар дух, мајстор актер, неверојатен тип за имрповизации, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе, грижлив татко и дедо, вљубен во сопругата Марица. Сето тоа беше актерот Димче Мешковски, кој почина на 20 март годинава, во Лос Анџелес, САД, кому денеска Драмски театар Скопје, неговата матична куќа му организираше комеморација. Доајенот на македонското глумиште Мешковски беше вработен во Драмски театар Скопје од 1967 година до неговото пензионирање во 2002 година.
Иимав среќа и задоволство да се вработам во Драмски во 1967 и на работа ме примија Мешко и Дади (н.з. Владимир Ангеловски), кои беа во комисија. Иако помлади од мене, веќе беа вработени во Драмскиот театар и ете можеби заради братовска врска бев примен, рече денеска на комеморацијата режисерот и актер Коле Ангеловски.
Ангеловски зборуваше за дружбата со Мешко која траела 40 години.
Секојдневно се дружевме на проби, на претстави, кабаре, снимања. Со него поминав повеќе време отколку со сопствената фамилија. Работевме претстави, филмови и телевизиски серии. Со него имаше толку импровзиации и толку непредвидени ситуцаии. Во 'Болва в уво' јас имав една реплика, но толку импровизиравме што никогаш не се знаеше коолку ќе трае претставата и како ќе заврши. Во претставата 'Солунски патрдии', Мешко и Дади, секогаш седев позади сцената и само гледав и следев што ли сега ќе смислат, што ќе кажат. Беше задоволство да се слуша. За Мешко се сеќавам само на убави работи, на прекрасна дрѕжба. Се надевам дека горе играат бриџ со брат ми Дади, Мичо Егегеецот и Мац“, рече Ангеловски.
Актерот Драган Спасов Дац во својот говор кажа дека кога ќе замине некој близок никогаш не може да срочи некоја реченица за неговото испраќање. А заминале и блиски и подалечни...
Мешко, глумците не умираат, глумците немаат години и глумците на своите матични сцени остануваат долго, долго по нивното физичко заминување. Зад глумците остануваат нивните претстави, нивните филмови, тв драми, нивните штосови, анегдоти, нивните загрижени и насмеани лица. Е таков те памтам, насмеан полн со дух, живот, енергија. Иако ги имаше сите болести на светот ти беше поздрав од сите и не се предаваше. Помнам еднаш кога го праша Мичо Егеец кој беше јак и здрав како бик: Мичо! ти си бил од нешто болен? Мичо збунет те праша: Како мислиш болен, сум имал грип некогаш. А јас тогаш те прашав тебе: Мешко а ти, има нешто од што не си бил болен..., кажа Дац.
Дац раскажа дека секојдневно се слушале откако Мешко заминал во САД и дека најмногу го интересирае случувањата во театарот. Разговорите траеле со часови, навистина бевме како татко и син, рече Дац.
Ти беше вљубен во твојата Марица како првиот ден кога си ја сретнал, таа беше твојата убавица, поткрепа и ветер во крилјата. Ми велеше: Ако ме остави Марица одма ќе умрам. Посебно беше горд на Наташа и нејзините успеси а и на Јасна која тргна по твоите стапки ама далеку од овде. Отиде да ги вратиш заедно со твојата сакана внука Леона, ама ти остана таму, таму во туѓината. И знаеш што, мислам дека тоа прилега на твојот немирен дух. И не знам зошто велат да се почива во мир, јас мислам дека и таму треба да се продолжи со исто темпо, онака како што човекот живеел на земјата. Каков мир ти се молам ти не беше мирен човек, кажа Дац.
Јасна и Наташа, ќерките на Мешковски, преку писмено обраќање ги споделија своите спомени за Димче, растењето во Драмски и за она што тој ги учел во животот. Велат дека детството им било магично, обвиено и зачинето со фантазијата на театарот.
Навистина е привилегија што сме деца на Мешко и затоа сме благодарни што токму тој е нашиот родител и секако, сопруг на Марица. Да се расте, да се созрева и да се живее со таков човек е вистински благослов. Како современ и либерален човек, Димче нé воспитуваше во духот на космополитизмот и истовремено не учеше како да се сака и почитува својот народ и сопствената земја. Тој нé поддржуваше буквално во сé.  Оти Мешко беше таков, со него секогаш знаеш на што си. Директен и објективен, човек кој оди по земја. Секогаш добро информиран за актуелните случувања кај нас и во светот, имаше познавање од нашата и светската историја и литература, пратеше политика, геополитика, уметност, спорт, култура. Човек со табиет да дебатира, на разни теми, жива енциклопедија, елоквентен, речит, со висока интелигенција. Со љубов кон луѓето, посебно ги сакаше своите колеги - актери. До вчера го спомнуваше Драмски, постојано го сонуваше театарот и беше вистински вљубеник во својата актерска професија. Секогаш расположен за дружба и за песна, носеше во себе некоја посебна, моќна ментална енергија, напишаа неговите ќерки.
Наташа е поранешна македонска пливачка шампионка, олимпијка, сега професор на Факултетот за физичка култура, Јасна е актерка во САД. В. д. директорката Маја Вељковиќ-Пановска рече дека заминува уште еден од оние кои го создадоа брендот Драмски театар.
Театар препознатлив по својата авангардност, по своите претстави за кои се бараше карта повеќе, театар понекогаш бунтовен и критичен, театар на комедии кои опстојуваа со години, па и децении. Во сето тоа Димче Мешковски. Сите овие синоними важат и за Мешко. Бунтовен, критички расположен, но многу инспиративен, со неверојатен комичен израз, лик кој на Драмски му носеше билет повеќе. Всушност, Мешко беше испреплетен со Драмски, рече Вељковиќ-Пановска.
Во творечката биографија на Мешковски се забележани над 100 одиграни улоги со над 6.000 изведби. Широкиот дијапазон и талент на Мешковски го позиционираше како актер што дал немерлив придонес играјќи повеќе театарски жанрови. Од драмскиот опус ги издвојуваме ролјите во претставите: „Смртта на Дантон“, „Балконот“, „Вишновата градина“, „Јане Задрогаз“, „Чернодрински се враќа дома“, „Зојкиниот стан“, „Калигула“, „Ревизор“, „Диво Месо“…). Наклонетоста кон комедијата му донесе голема популарност преку толкување на ликовите во претставите: „Сомнително лице“, „Солунски патрдии“, „Викенд на мртовци“, „Болва во уво“, „Маратонците го трчаат почесниот круг“. За улогата на Тасе во „Викенд на мртовци“, Димче Мешковски ја доби „Наградата за актерско остварување“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Добитник е и на „Наградата за животно дело“ што ја доделува овој наш реномиран театарски фестивал. Бесценет е ангажманот од неколку стотици ролји во радио-драми, забавните и хумористични емисии меѓу кои „Хихирику“ на Иван Карадак, како и телевизиските серии и емисиите за деца: „Да видам, да видам што да бидам“, „Тринаесеттиот клуч“, „Семафорот“, „Бајки“, „Училиште за кловнови“, „Големи и мали“, „Наши години“, „Пат кон иднината“, „Илинден“, „Смилевски конгрес“, „Прличев“. Мешковски снимил и голем број народни приказни од овој популарен телевизиски формат. Димче Мешковски има огромен придонес во развојот на македонската уметност на нахсинхронизација. Стана миленик на детската публика како неповторлив интерпретатор на детските јунаци Попај, Штрумфови, Нинџа желки и многу други. Димче Мешковски е добитник на „Наградата за животно дело“ што ја доделува реномираниот Македонски театарски фестивал Војдан Чернодрински во Прилеп.  

The post Мешко, глумците не умираат, немаат години, тие на своите матични сцени остануваат долго по нивното физичко заминување, рече Драган Спасов Дац на комеморацијата за Димче Мешковски appeared first on Република.

]]>
Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за комедијата „Кафез кај кокони“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-dramski-teatar-skopje-pochnaa-probite-za-komedijata-kafez-kaj-kokoni/ Thu, 09 Mar 2023 11:33:38 +0000 https://republika.mk/?p=617673

Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за новата претстава, комедијата „Кафез кај кокони“, според Жан Пуаре. Режисер на претставата е Димче Николовски. Преводот е на Радила Јорданова и Благоја Буцко Бошковски. Адаптацијата е на Александра Бошковски и Буцко Бошковски, кои го направија и изборот на музиката. Костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска.

Улоги во претставата ги толкуваат: Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Стефан Вујисиќ, Предраг Павловски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ Пановска, Дамјан Цветановски, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Нела Павловска, Емилија Мицевска и Бранко Атанасов.

The post Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за комедијата „Кафез кај кокони“ appeared first on Република.

]]>

Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за новата претстава, комедијата „Кафез кај кокони“, според Жан Пуаре. Режисер на претставата е Димче Николовски. Преводот е на Радила Јорданова и Благоја Буцко Бошковски. Адаптацијата е на Александра Бошковски и Буцко Бошковски, кои го направија и изборот на музиката. Костимографи се Раде Василев и Елена Вангеловска. Улоги во претставата ги толкуваат: Филип Трајковиќ, Александар Степанулески, Стефан Вујисиќ, Предраг Павловски, Димитрија Доксевски, Маја Вељковиќ Пановска, Дамјан Цветановски, Соња Стамболџиоска, Златко Митрески, Нела Павловска, Емилија Мицевска и Бранко Атанасов.  

The post Во Драмски театар Скопје почнаа пробите за комедијата „Кафез кај кокони“ appeared first on Република.

]]>
Драмски театар со „My name is Goran Stefanovski“ гостува на Фестивалот „Рута“ во Белград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramski-teatar-so-my-name-is-goran-stefanovski-gostuva-na-festivalot-ruta-vo-belgrad/ Wed, 30 Nov 2022 11:43:24 +0000 https://republika.mk/?p=580014

Драмски театар настапува во Београдско драмско позориште со претставата „My name is Goran Stefanovski“.

По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА Група Триглав од 1 до 6 декември ќе се одржи во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува на 2 декември со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“.

Со оваа претстава театарот годинава гостуваше на регионалните фестивали во Подгорица, Нови Сад, Ниш и Крагујевац на кои доби значајни театарски награди. Текстовите на Горан Стефановски како хроника на едно време се актуелни и се играат во повеќе театарски куќи на задоволство на неговата читателска и театарска публика.

Режисер на претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“).

Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

The post Драмски театар со „My name is Goran Stefanovski“ гостува на Фестивалот „Рута“ во Белград appeared first on Република.

]]>

Драмски театар настапува во Београдско драмско позориште со претставата „My name is Goran Stefanovski“. По октомвриското издание на фестивалот во Скопје, РУТА Група Триглав од 1 до 6 декември ќе се одржи во Белград во организација на Београдско драмско позориште. Драмски театар на фестивалот ќе гостува на 2 декември со претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“. Со оваа претстава театарот годинава гостуваше на регионалните фестивали во Подгорица, Нови Сад, Ниш и Крагујевац на кои доби значајни театарски награди. Текстовите на Горан Стефановски како хроника на едно време се актуелни и се играат во повеќе театарски куќи на задоволство на неговата читателска и театарска публика. Режисер на претставата „My Name Is Goran Stefanovski“ – „Се викам Горан Стефановски“ е Бранислав Миќуновиќ, долгогодишен професор на Факултетот за драмски уметности во Белград и Цетиње, а драматург е Бранислава Илиќ, драмски писател и професор на Факултетот за драмски уметности во Белград. Претставата е авторска адаптација од изборот на драми и монтажа на сцени од седум драми на Горан Стефановски напишани во периодот од 1987 до 2021 година („Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Euroalian“ и „Одисеј“). Сценограф на претставата е Александар Дениќ, автор на музиката Влатко Стефановски. Улогите во претставата ги толкуваат актерите: Биљана Драгиќевиќ – Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов – Дац, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ, Дамјан Цветановски и Саша Димитриевска.

The post Драмски театар со „My name is Goran Stefanovski“ гостува на Фестивалот „Рута“ во Белград appeared first on Република.

]]>
Вечерва во Драмски премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vecherva-vo-dramski-premiera-na-vernisaz-od-vaclav-havel-vo-rezija-na-tea-begovska/ Wed, 15 Jun 2022 15:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=515627

На малата сцена на Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска.

Што е слободниот човек денес и дали тој воопшто постои е темата на „Вернисаж”. Беговска, која првпат режира во Драмски театар, вели дека била мотивирана од тоа што темата е актуелна и денес, иако чешкиот драматург, дисидент и политичар Хавел текстот го напишал во 1973 година.

Раскажува за луѓето жртви на доброобмислен општествен систем, конвенционален свет во кој дури и среќата и љубовта, вели режисерката, се на некој начин организирани и однапред испланирани.

„Вернисаж“ – што значи „откривање“, е смешен коментар на маргинализираниот човек. Тоа е откривање на нашето вистинско лице, откривање на вистинската слика на општеството и на вистинската слика на системот, рече Беговска на прес-конференција во понеделникот.

По денешната премиера, утре ќе има и репризната изведба на „Вернисаж“.

Во претставата играат актерите Роберт Вељановски, Гордана Ендровска и Предраг Павловски. Преводот на текстот е на Никола Маџиров. Сценограф е Енес Деари, костимограф Раде Василев, композитор Енес Беговски, автор на визуализација и анимации – Милчо Узунов.

The post Вечерва во Драмски премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска appeared first on Република.

]]>

На малата сцена на Драмски театар-Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска. Што е слободниот човек денес и дали тој воопшто постои е темата на „Вернисаж”. Беговска, која првпат режира во Драмски театар, вели дека била мотивирана од тоа што темата е актуелна и денес, иако чешкиот драматург, дисидент и политичар Хавел текстот го напишал во 1973 година. Раскажува за луѓето жртви на доброобмислен општествен систем, конвенционален свет во кој дури и среќата и љубовта, вели режисерката, се на некој начин организирани и однапред испланирани.
„Вернисаж“ – што значи „откривање“, е смешен коментар на маргинализираниот човек. Тоа е откривање на нашето вистинско лице, откривање на вистинската слика на општеството и на вистинската слика на системот, рече Беговска на прес-конференција во понеделникот.
По денешната премиера, утре ќе има и репризната изведба на „Вернисаж“. Во претставата играат актерите Роберт Вељановски, Гордана Ендровска и Предраг Павловски. Преводот на текстот е на Никола Маџиров. Сценограф е Енес Деари, костимограф Раде Василев, композитор Енес Беговски, автор на визуализација и анимации – Милчо Узунов.  

The post Вечерва во Драмски премиера на „Вернисаж“ од Вацлав Хавел, во режија на Теа Беговска appeared first on Република.

]]>
Претставата за идентитетот „My name is Goran Stefanovski“ вечерва премиерно во Драмски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-za-identitetot-my-name-is-goran-stefanovski-vecherva-premierno-vo-dramski-teatar/ Thu, 31 Mar 2022 07:38:13 +0000 https://republika.mk/?p=481198

Претставата чија тема е идентитетот, националниот и личниот „Мy name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Црногорецот Бранислав Миќуновиќ вечерва премиерно ќе се прикаже на сцената на Драмски театар Скопје во 20 часот. Поради сè уште актуелните ковид-протоколи ќе има три премиери, на 31 март, први и втори април. Билети за премиерите нема, а првата реприза е на 5 април.

Претставата е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Ниту една од нив не е играна на сцената на Драмски. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.

Во Драмски театар се изведени 14 премиери по текст на Горан Стефановски, од кои 12 се праизведби. Со оваа претстава правиме едно заокружување на неговата работа, рече Коцевска.

Избраните драми се напишани во период од 1987 до 2012 година.

My name is Goran Stefanovski е омаж на делото на Горан Стефановски. Идејата ми беше од повеќе негови драми да зафатам поширок контекст на неговото творештво. Воедно, требаше да се најде една нишка која ги поврзува Горановите драми, а таа е идентитетот, националниот и личниот. Темата на идентитетот се наоѓа од почетокот на неговите драми, прво тоа е националниот идентитет, а понатаму и личниот, а како Горан го менуваше местото на своето живеење, така и неговата идентитетска тема стануваше една голема широка слика на нашиот современ свет, а тоа е Европа. Задоволен сум што се занимавав со делото на Стефановски, и што настана претстава сосем интимна, лична, вели режисерот Миќуновиќ.

Драматургот Бранислава Илиќ посочи дека драмите на Стефановски се факултетска лектира за драматрузите од Македонија до Словенија, признавајќи дека на почетокот ѝ било страв да се нафати да направи авторската адаптација, бидејќи се прашувала дали е достојна за такво нешто.

Стефановски е доследен во своите драми, тој од почеток до крај се занимава со идентитетот. А јас бев сигурна дека изборот на текстови ќе го сместам меѓу ‘Црна дупка’ и ‘Одисеј’ или потрагата по идентитетот некаде надвор, во неприлагоденоста и нешто што е обид за враќање, или идентитетот што се поврзува со сигурноста, вели Илиќ.

Според Илиќ, оваа претстава не може да го надомести отсуството на еден од најзначајните драмски писатели и драматурзи на овој простор.

Но, претставата може да ни укаже дека она што ни се случува и како живееме денес, веќе е запишано во неговиот опус, смета Илиќ.

Горан Стефановски секогаш претставувањето и предавањата ги започнувал со оваа реченица: My name is Goran Stefanovski (Моето име е Горан Стефановски). Илиќ објасни зошто претставата носи наслов на англиски јазик.

Тоа е дел од цитат на самиот Стефановски, кажан во 2018 година, на отворање на конференција во Белград. Тој целиот живот беше помеѓу македонскиот и англискиот јазик. Две од драмите кои се влезени во компилацијата се работени на англиски јазик. Насловот ја дефинира неговата позиција меѓу две средини и два јазици, рече Илиќ.

Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски.

Сценограф е Александар Дениќ, а костимите ги изработи Роза Трајческа Ристовска. Во претставата се користи авторска музика на неговиот брат, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски.

The post Претставата за идентитетот „My name is Goran Stefanovski“ вечерва премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>

Претставата чија тема е идентитетот, националниот и личниот „Мy name is Goran Stefanovski“ (Моето име е Горан Стефановски) во режија на Црногорецот Бранислав Миќуновиќ вечерва премиерно ќе се прикаже на сцената на Драмски театар Скопје во 20 часот. Поради сè уште актуелните ковид-протоколи ќе има три премиери, на 31 март, први и втори април. Билети за премиерите нема, а првата реприза е на 5 април. Претставата е опишана како интимна посвета на еден од најзначајните македонски и европски драматурзи, а содржи сцени од седум негови драми: „Црна дупка“, „Лонг плеј“, „Сараево“, „Казабалкан“, „Хотел Европа“, „Евроалиен“ и „Одисеја“. Ниту една од нив не е играна на сцената на Драмски. Нив во една целина ги адаптираше драматургот Бранислава Илиќ.
Во Драмски театар се изведени 14 премиери по текст на Горан Стефановски, од кои 12 се праизведби. Со оваа претстава правиме едно заокружување на неговата работа, рече Коцевска.
Избраните драми се напишани во период од 1987 до 2012 година.
My name is Goran Stefanovski е омаж на делото на Горан Стефановски. Идејата ми беше од повеќе негови драми да зафатам поширок контекст на неговото творештво. Воедно, требаше да се најде една нишка која ги поврзува Горановите драми, а таа е идентитетот, националниот и личниот. Темата на идентитетот се наоѓа од почетокот на неговите драми, прво тоа е националниот идентитет, а понатаму и личниот, а како Горан го менуваше местото на своето живеење, така и неговата идентитетска тема стануваше една голема широка слика на нашиот современ свет, а тоа е Европа. Задоволен сум што се занимавав со делото на Стефановски, и што настана претстава сосем интимна, лична, вели режисерот Миќуновиќ.
Драматургот Бранислава Илиќ посочи дека драмите на Стефановски се факултетска лектира за драматрузите од Македонија до Словенија, признавајќи дека на почетокот ѝ било страв да се нафати да направи авторската адаптација, бидејќи се прашувала дали е достојна за такво нешто.
Стефановски е доследен во своите драми, тој од почеток до крај се занимава со идентитетот. А јас бев сигурна дека изборот на текстови ќе го сместам меѓу ‘Црна дупка’ и ‘Одисеј’ или потрагата по идентитетот некаде надвор, во неприлагоденоста и нешто што е обид за враќање, или идентитетот што се поврзува со сигурноста, вели Илиќ.
Според Илиќ, оваа претстава не може да го надомести отсуството на еден од најзначајните драмски писатели и драматурзи на овој простор.
Но, претставата може да ни укаже дека она што ни се случува и како живееме денес, веќе е запишано во неговиот опус, смета Илиќ.
Горан Стефановски секогаш претставувањето и предавањата ги започнувал со оваа реченица: My name is Goran Stefanovski (Моето име е Горан Стефановски). Илиќ објасни зошто претставата носи наслов на англиски јазик.
Тоа е дел од цитат на самиот Стефановски, кажан во 2018 година, на отворање на конференција во Белград. Тој целиот живот беше помеѓу македонскиот и англискиот јазик. Две од драмите кои се влезени во компилацијата се работени на англиски јазик. Насловот ја дефинира неговата позиција меѓу две средини и два јазици, рече Илиќ.
Во претставата играат: Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Јелена Жугиќ, Софија Куновска, Соња Стамболџиоска, Ана Димитрова, Мето Јовановски, Драган Спасов, Игор Ангелов, Златко Митрески, Стефан Вујисиќ и Дамјан Цветановски. Сценограф е Александар Дениќ, а костимите ги изработи Роза Трајческа Ристовска. Во претставата се користи авторска музика на неговиот брат, светски познатиот гитарист Влатко Стефановски.  

The post Претставата за идентитетот „My name is Goran Stefanovski“ вечерва премиерно во Драмски театар appeared first on Република.

]]>