драми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drami/ За подобро да се разбереме Wed, 25 Jan 2023 11:14:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драми Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drami/ 32 32 Есеите на Горан Стефановски објавени на француски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/eseite-na-goran-stefanovski-objaveni-na-frantsuski-jazik/ Wed, 25 Jan 2023 11:14:01 +0000 https://republika.mk/?p=600819

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“, соопшти Доминик Долмие, директор на француската издавачка куќа „За момент“.

Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери.

Францускиот издавач „За момент“ (L’espace d’un instant) објави избор од единаесет есеи на македонскиот писател Стефановски.

Од француската издавачка куќа информираат дека приредувач на изборот и автор на предговорот е универзитетскиот професор Иван Додовски, а преводот на француски јазик го направи Марија Бежановска. Изданието содржи и посебен осврт за Горан Стефановски од универзитетската професорка Фроса Пејоска-Бушеро.

Во предговорот на книгата, Иван Додовски посочува дека ова француско издание е уникатно, бидејќи содржи избрани есеистички текстови (повеќето во форма на беседа или јавно излагање) објавувани посебно, во последните две децении од животот на Горан Стефановски.

Тоа е период кога тој се свртува кон промислување на европскиот цивилизациски простор од перспективата на неговото претходно творечко искуство во македонски, југословенски и постјугословенски контекст, вели Додовски.

Тој истакнува дека светот на идеите од драмите на Горан Стефановски, е неизбежно присутен и во неговите есеи, кои претходно не биле објавени во една книга.

Некои од нив се ’пригодни говори‘ иако во нив нема ништо од клишето на пригодноста. Публиката на која ѝ се упатени овие обраќања е, главно, западноевропска. Исклучок прават пристапната беседа „Нашата приказна“, искажана во Скопје по повод приемот на Горан Стефановски за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, и есејот „Пофалба на обратноста“, кој е своевиден тестаментален текст напишан на фонот на драматичните политички превирања и внатрешни општествени конфликти во Македонија во 2015 година. Сите овие есеи лајтмотивски се проникнуваат, градејќи еден хипертекст за идентитетот како клучен, егзистенцијален топос на Горан Стефановски. Кој сум јас, кои сме ние? Кој е другиот, кои се другите? Како да се надминат стереотипите, овозможувајќи културни проникнувања внатре во европскиот цивилизациски простор? Горан Стефановски смета дека до одговорот на овие прашања може да се стигне преку деконструкција на спротивставената имагологија Исток-Запад, заклучува Додовски.

Важноста на дискурсот на Горан Стефановски, како што истакнува францускиот издавач, се состои во тоа дека „неговите опсервации и размисли се направени од позиција на ’патувачки егзил‘ и во нив ги сретнуваме Кафка, Тинтин и Пајо Паторот преку кои се нуди критика на внатрешните поделби во Европа, кои се закануваат да ја претворат во еден дистописки простор“.

Горан Стефановски (1952-2018) e најафирмираното име на современата македонска драма и автор на импозантен опус од 28 драми, шест сценски адаптации и повеќе сценарија за ТВ-драми и филмови. Тој е основач на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што предава сè до 1998 година. Потоа работел во Шведскиот институт за драмска уметност во Стокхолм, на Универзитетот Кент и на Универзитетот Крајст Черч во Кентербери.

The post Есеите на Горан Стефановски објавени на француски јазик appeared first on Република.

]]>

Објавено е француско издание на есеите на Горан Стефановски, насловено „Пофалба на обратноста“ (Éloge du contraire) од францускиот издавач „За момент“, соопшти Доминик Долмие, директор на француската издавачка куќа „За момент“. Изданието е објавено по иницијатива на париската установа „Куќа на Европа и Истокот“ (Maison D’Europe et d’Orient), а со поддршка на францускиот Национален центар за книгата, македонското Министерство за култура и на Универзитетот Крајст Черч од Кентербери. Францускиот издавач „За момент“ (L’espace d’un instant) објави избор од единаесет есеи на македонскиот писател Стефановски. Од француската издавачка куќа информираат дека приредувач на изборот и автор на предговорот е универзитетскиот професор Иван Додовски, а преводот на француски јазик го направи Марија Бежановска. Изданието содржи и посебен осврт за Горан Стефановски од универзитетската професорка Фроса Пејоска-Бушеро. Во предговорот на книгата, Иван Додовски посочува дека ова француско издание е уникатно, бидејќи содржи избрани есеистички текстови (повеќето во форма на беседа или јавно излагање) објавувани посебно, во последните две децении од животот на Горан Стефановски.
Тоа е период кога тој се свртува кон промислување на европскиот цивилизациски простор од перспективата на неговото претходно творечко искуство во македонски, југословенски и постјугословенски контекст, вели Додовски.
Тој истакнува дека светот на идеите од драмите на Горан Стефановски, е неизбежно присутен и во неговите есеи, кои претходно не биле објавени во една книга. Некои од нив се ’пригодни говори‘ иако во нив нема ништо од клишето на пригодноста. Публиката на која ѝ се упатени овие обраќања е, главно, западноевропска. Исклучок прават пристапната беседа „Нашата приказна“, искажана во Скопје по повод приемот на Горан Стефановски за дописен член на Македонската академија на науките и уметностите, и есејот „Пофалба на обратноста“, кој е своевиден тестаментален текст напишан на фонот на драматичните политички превирања и внатрешни општествени конфликти во Македонија во 2015 година. Сите овие есеи лајтмотивски се проникнуваат, градејќи еден хипертекст за идентитетот како клучен, егзистенцијален топос на Горан Стефановски. Кој сум јас, кои сме ние? Кој е другиот, кои се другите? Како да се надминат стереотипите, овозможувајќи културни проникнувања внатре во европскиот цивилизациски простор? Горан Стефановски смета дека до одговорот на овие прашања може да се стигне преку деконструкција на спротивставената имагологија Исток-Запад, заклучува Додовски. Важноста на дискурсот на Горан Стефановски, како што истакнува францускиот издавач, се состои во тоа дека „неговите опсервации и размисли се направени од позиција на ’патувачки егзил‘ и во нив ги сретнуваме Кафка, Тинтин и Пајо Паторот преку кои се нуди критика на внатрешните поделби во Европа, кои се закануваат да ја претворат во еден дистописки простор“. Горан Стефановски (1952-2018) e најафирмираното име на современата македонска драма и автор на импозантен опус од 28 драми, шест сценски адаптации и повеќе сценарија за ТВ-драми и филмови. Тој е основач на Катедрата за драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје, каде што предава сè до 1998 година. Потоа работел во Шведскиот институт за драмска уметност во Стокхолм, на Универзитетот Кент и на Универзитетот Крајст Черч во Кентербери.

The post Есеите на Горан Стефановски објавени на француски јазик appeared first on Република.

]]>
Објавени драми од Деа Лоер https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/objaveni-drami-od-dea-loer/ Fri, 18 Feb 2022 10:10:14 +0000 https://republika.mk/?p=460326

По дебитантскиот роман „Бугати се појавува“ од Деа Лоер, чиј превод од германски се појави во 2014 година, овој пат преведувачката Ксенија Чочкова на македонски јазик ги преведе нејзините наградувани драми насловени „Животот на Прача Рузвелт“ и „Невиност“.

Драмите на германската писателка се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот. Ова е трет наслов во едицијата „Сцена“ на „Или-или“, по драмите на Димо Дешев и Ивана Сајко. Објавувањето на книгата е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

„Животот на Прача Рузвелт“ е драма што го опишува животот во Сао Паоло, во кој сите се осамени, а сепак се грижат еден за друг. Лоер оваа драма ја напиша токму во Сао Паоло, каде што културните стереотипи велат дека сите танцуваат, пеат и се смеат и нема простор за депресија. Но германската авторка го преобразува ова клише во гротеска, во која животот е полн со неправди, а уништувањето демне зад секоја, макар и мала, човечка среќа.

„Невиност“, пак, е драма составена од приказни што се случуваат на маргините на модерното општество, текст што на прв поглед е длабоко песимистичен, но во исто време е напишан на многу весел и јасен начин. Според критичарите е најдобриот, најинтензивен и најестетски текст на Лоер, поетска елегија на лингвистичката убавина и сила, проткаена со темна болка и саркастичен гнев.

Деа Лоер е родена во 1964 година, во Траунштајн. Студирала филозофија и германистика во Минхен, а денес живее во Берлин. За своето творештво има добиено многубројни награди, меѓу кои наградата „Бертолд Брехт“ на градот Аугсбург, како и книжевната награда на градот Берлин.

The post Објавени драми од Деа Лоер appeared first on Република.

]]>

По дебитантскиот роман „Бугати се појавува“ од Деа Лоер, чиј превод од германски се појави во 2014 година, овој пат преведувачката Ксенија Чочкова на македонски јазик ги преведе нејзините наградувани драми насловени „Животот на Прача Рузвелт“ и „Невиност“. Драмите на германската писателка се преведени на повеќе од 30 јазици и се поставуваат насекаде низ светот. Ова е трет наслов во едицијата „Сцена“ на „Или-или“, по драмите на Димо Дешев и Ивана Сајко. Објавувањето на книгата е дел од проектот „Европска литература: зачувување на солидарноста во заканувачки контексти“, кофинансиран од програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија. „Животот на Прача Рузвелт“ е драма што го опишува животот во Сао Паоло, во кој сите се осамени, а сепак се грижат еден за друг. Лоер оваа драма ја напиша токму во Сао Паоло, каде што културните стереотипи велат дека сите танцуваат, пеат и се смеат и нема простор за депресија. Но германската авторка го преобразува ова клише во гротеска, во која животот е полн со неправди, а уништувањето демне зад секоја, макар и мала, човечка среќа. „Невиност“, пак, е драма составена од приказни што се случуваат на маргините на модерното општество, текст што на прв поглед е длабоко песимистичен, но во исто време е напишан на многу весел и јасен начин. Според критичарите е најдобриот, најинтензивен и најестетски текст на Лоер, поетска елегија на лингвистичката убавина и сила, проткаена со темна болка и саркастичен гнев. Деа Лоер е родена во 1964 година, во Траунштајн. Студирала филозофија и германистика во Минхен, а денес живее во Берлин. За своето творештво има добиено многубројни награди, меѓу кои наградата „Бертолд Брехт“ на градот Аугсбург, како и книжевната награда на градот Берлин.

The post Објавени драми од Деа Лоер appeared first on Република.

]]>