драма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drama/ За подобро да се разбереме Tue, 26 Mar 2024 13:06:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драма Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drama/ 32 32 Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dramata-kiril-i-metodij-who-are-you-od-jordan-plevnesh-vo-pariskiot-teatarski-tsentar-vo-presret-na-svetskiot-den-na-teatarot/ Tue, 26 Mar 2024 13:06:00 +0000 https://republika.mk/?p=758938

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“.

На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”.

Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт.

Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>

Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од македонскиот автор со интернационално реноме Јордан Плевнеш синоќа, во очи на Светскиот ден на театарот, во Парискиот театарски центар Шарентон беше презентирана заедно со десетина познати автори од европските земји во организација на издавачот „Куќа на Европа и Ориентот“. На презентацијата беа изведени повеќе сцени од драмата од француски актери, во режија на Доминик Долмие, а исто така беше презентиран и предговотот на Жорж Бани, еден од најзначајните светски театролози, кој го наслови својот текст „Јордан Плевнеш е планетарен автор”. Драмата предизвика голем интерес кај бројната публика и бидејќи е базирана на приказна за враќањето на Свети Кирил и Методиј во нашево време, на големи политички, воени, терористички и хуманитарни катастрофи, кои се одвиваат насекаде во светот меѓу Киев, Москва, Блискиот Исток, Њујорк и Баканот, беше доживеана како уметничко истражување низ драмска форма на прашањето, дали може да биде уништена човечката надеж на сите меридијани или ќе победи духовната визија на Кирил и Методиј, кои беа прогласени за заштитници на Европа од Папата Јован Павле Втори во 1980 година, единаесет векови по нивната смрт. Имено, нивната визија се состои во нивното уверување дека човештвото треба повторно да ја пронајде смислата на постоењето низ определбата „Цивилизација на љубовта и Носталгија по единството”.

The post Драмата „Кирил и Методиј – Who are you?“ од Јордан Плевнеш во Парискиот театарски центар во пресрет на Светскиот ден на театарот appeared first on Република.

]]>
Ноќна драма во Гостивар – се обидела да го избоде бившиот, па да се повреди сама https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nokna-drama-vo-gostivar-se-obidela-da-go-izbode-bivshiot-pa-da-se-povredi-sama/ Thu, 18 Jan 2024 12:46:32 +0000 https://republika.mk/?p=734346

Нoќва во 01.50 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 27-годишната М.А. гостиварско Србиново.

Таа 20 минути пред тоа била забележана од полициските службеници како со остар предмет го напаѓа И.С.(46) од Гостивар, со кого претходно била во љубовна врска, по што се обидела и сама да се повреди, но И.С. ја спречил.

М.А. е задржана во полициска станица и по целоснодокументирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Ноќна драма во Гостивар – се обидела да го избоде бившиот, па да се повреди сама appeared first on Република.

]]>

Нoќва во 01.50 часот на улица „18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од СВР Тетово - ОВР Гостивар ја лишиле од слобода 27-годишната М.А. гостиварско Србиново. Таа 20 минути пред тоа била забележана од полициските службеници како со остар предмет го напаѓа И.С.(46) од Гостивар, со кого претходно била во љубовна врска, по што се обидела и сама да се повреди, но И.С. ја спречил. М.А. е задржана во полициска станица и по целоснодокументирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

The post Ноќна драма во Гостивар – се обидела да го избоде бившиот, па да се повреди сама appeared first on Република.

]]>
Драма од Гоце Ристовски објавена во Турција https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drama-od-gotse-ristovski-objavena-vo-turtsija/ Sat, 04 Mar 2023 18:36:27 +0000 https://republika.mk/?p=615915

ОЈЧЕД (Oyun Yazarlan ye cevirmenleri Dernegi), Здружение на драматурзи и преведувачи од Република Турција, го објави драмскиот текст со наслов „9 - божествена трагедија“ од македонскиот писател Гоце Ристовски во превод на турски јазик на Зејнеп Кајмас, а во рамките на проект подржан од Европската Унија и во соработка со здружението Kalem Milt&, READ Regional Network for Cultural.

-Со почит кон различностите, благородноста на театарот ни овозможи да го запознаеме Гоце Ристовски, еден од најзначајните современи македонски универзитетски професори и писатели. Ја објавивме неговата драма „9 - божествена трагедија“ за добробит на читателите но и на продуцентите на турскиот па и на европскиот театар. Божествената трагедија „9“ не е само Дантеовото именување на неговата Божествена комедија; напластувањето на деветте цврсти мотиви на пеколот до 99-999-9999 година со двосмисленоста на концептите во 21 век... Дантеовата Божествената комедија, што се смета за текст на доцниот среден век, раната ренесанса, е трансформирана во трагедија, во пост-вистина на 21 век. Наговестувањето на апокалиптичниот наратив се одвива со желба за враќање кон природата во драмата на Гоце Ристовски и симболично е нагласено преку западната таблица на множење со бројот 9 на неа, асоцирајќи на Дантеовиот пекол со двосмислена концептуализација на 21 век. Во „9- божествена трагедија“, авторските театарски нафрлоци со повеќеслоен, течен јазик градат исклучително важен драмски текст глобално во современиот театар, напиша Назиф Услу, претседател на Здружението на драматурзи и преведувачи од Турција во пресрет на свечената промоција на драмата на Ристовски во текот на идниот месец во Истанбул.

The post Драма од Гоце Ристовски објавена во Турција appeared first on Република.

]]>

ОЈЧЕД (Oyun Yazarlan ye cevirmenleri Dernegi), Здружение на драматурзи и преведувачи од Република Турција, го објави драмскиот текст со наслов „9 - божествена трагедија“ од македонскиот писател Гоце Ристовски во превод на турски јазик на Зејнеп Кајмас, а во рамките на проект подржан од Европската Унија и во соработка со здружението Kalem Milt&, READ Regional Network for Cultural. -Со почит кон различностите, благородноста на театарот ни овозможи да го запознаеме Гоце Ристовски, еден од најзначајните современи македонски универзитетски професори и писатели. Ја објавивме неговата драма „9 - божествена трагедија“ за добробит на читателите но и на продуцентите на турскиот па и на европскиот театар. Божествената трагедија „9“ не е само Дантеовото именување на неговата Божествена комедија; напластувањето на деветте цврсти мотиви на пеколот до 99-999-9999 година со двосмисленоста на концептите во 21 век... Дантеовата Божествената комедија, што се смета за текст на доцниот среден век, раната ренесанса, е трансформирана во трагедија, во пост-вистина на 21 век. Наговестувањето на апокалиптичниот наратив се одвива со желба за враќање кон природата во драмата на Гоце Ристовски и симболично е нагласено преку западната таблица на множење со бројот 9 на неа, асоцирајќи на Дантеовиот пекол со двосмислена концептуализација на 21 век. Во „9- божествена трагедија“, авторските театарски нафрлоци со повеќеслоен, течен јазик градат исклучително важен драмски текст глобално во современиот театар, напиша Назиф Услу, претседател на Здружението на драматурзи и преведувачи од Турција во пресрет на свечената промоција на драмата на Ристовски во текот на идниот месец во Истанбул.

The post Драма од Гоце Ристовски објавена во Турција appeared first on Република.

]]>
Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-kochani-chetvorica-go-napadnale-pred-zgrada-a-potoa-vlegle-vo-stanot-i-gi-pretepale-nego-i-nevenchanata-sopruga/ Sat, 08 Oct 2022 16:01:31 +0000 https://republika.mk/?p=558839

На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

 

The post Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга appeared first on Република.

]]>

На 07.10.2022 во 23.45 часот во ОВР Кочани е пријавено дека пред зграда на ул.„Ѓорче Петров“ во Кочани бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од Д.Д., Д.Д., Д.Д. и А.Д. врз Б.Ѓ., со кого се познавале од претходно, информира Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, малку подоцна напаѓачите со дрвени предмети влегле во стан во зградата, сопственост на Г.Т., каде во моментот биле Б.Ѓ. и неговата невенчана сопруга К.А., ги нападнале и оштетиле дел од мебелот. Во координација со Јавен обвинител извршен е увид од екипа на ОВР Кочани. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Драма во Кочани: Четворица го нападнале пред зграда, а потоа влегле во станот и ги претепале него и невенчаната сопруга appeared first on Република.

]]>
Грчка драма: Ги ограбиле пред свадба, месеци подоцна младоженецот признал дека го измислил граежот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/grchka-drama-gi-ograbile-pred-svadba-meseci-podocna-mladozenecot-priznal-deka-go-izmislil-graezot/ Sat, 04 Jun 2022 19:54:15 +0000 https://republika.mk/?p=510603

Невидена драма се одвивала во грчкиoт град Агринио, а приказната вредна за холивудски филм сега ќе добие и судски епилог. Сè започнало во мај 2019 година кога во станот на една двојка влегле двајца мажи со качулка. Украле накит и пари, а момчето, кое за време на кражбата било во станот, го врзале и го оставиле во бессознание.

Така го пронашле роднини, по што го пренеле во болница. За трагедијата да биде поголема, грабежот се случил непосредно пред нивната свадба, која нагло била откажана поради грабежот.

Меѓутоа, неколку месеци подоцна, за време на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани бројни противречности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, за човекот на крај да признае дека грабежот никогаш не се случил.

Никој не го врзал и никој ништо не украл од куќата. Но, тврдел дека навистина бил претепан до бессознание од страна на маж, но дека мотивот не бил грабеж, туку други лични причини.

Тој признал дека згрешил што не ја кажал целата вистина, но тврдел дека го измислил грабежот за да го оправда тепањето бидејќи му било срам што семејството на невестата ќе ја дознае вистината за тоа што му се случило.

По ваквиот развој на настаните, полицијата поднесе пријава против оштетениот за давање лажни изјави и измама на полицијата.

Сега, неговата поранешна свршеница поднесе тужба против него зошто со месеци била под заблуда дека грабежот бил причината за откажувањето на нивната венчавка.

Таа е убедена дека инцидентот бил исцениран за воопшто да не се одржи венчавката. Во тужбата тврди и дека дел од исчезнатите предмети не ѝ ги вратил по наводниот грабеж, со што дополнително ја оштетил.

The post Грчка драма: Ги ограбиле пред свадба, месеци подоцна младоженецот признал дека го измислил граежот appeared first on Република.

]]>

Невидена драма се одвивала во грчкиoт град Агринио, а приказната вредна за холивудски филм сега ќе добие и судски епилог. Сè започнало во мај 2019 година кога во станот на една двојка влегле двајца мажи со качулка. Украле накит и пари, а момчето, кое за време на кражбата било во станот, го врзале и го оставиле во бессознание. Така го пронашле роднини, по што го пренеле во болница. За трагедијата да биде поголема, грабежот се случил непосредно пред нивната свадба, која нагло била откажана поради грабежот. Меѓутоа, неколку месеци подоцна, за време на полицискиот распит, во неговиот исказ биле забележани бројни противречности, што предизвикало сомнеж кај истражителите, за човекот на крај да признае дека грабежот никогаш не се случил. Никој не го врзал и никој ништо не украл од куќата. Но, тврдел дека навистина бил претепан до бессознание од страна на маж, но дека мотивот не бил грабеж, туку други лични причини. Тој признал дека згрешил што не ја кажал целата вистина, но тврдел дека го измислил грабежот за да го оправда тепањето бидејќи му било срам што семејството на невестата ќе ја дознае вистината за тоа што му се случило. По ваквиот развој на настаните, полицијата поднесе пријава против оштетениот за давање лажни изјави и измама на полицијата. Сега, неговата поранешна свршеница поднесе тужба против него зошто со месеци била под заблуда дека грабежот бил причината за откажувањето на нивната венчавка. Таа е убедена дека инцидентот бил исцениран за воопшто да не се одржи венчавката. Во тужбата тврди и дека дел од исчезнатите предмети не ѝ ги вратил по наводниот грабеж, со што дополнително ја оштетил.

The post Грчка драма: Ги ограбиле пред свадба, месеци подоцна младоженецот признал дека го измислил граежот appeared first on Република.

]]>
Среќен крај на драмата во Србија: Пронајдено е двегодишното дете кое се изгуби во шума https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/srekjen-kraj-na-dramata-vo-srbija-pronajdeno-e-dvegodishnoto-dete-koe-se-izgubi-vo-shuma/ Sat, 07 May 2022 19:17:07 +0000 https://republika.mk/?p=499241

Двегодишно дете, кое вчера се изгубило во шума кај село во источна Србија, било пронајдено живо и здраво, без никакви повреди, јавуваат српските медиуми.

Момчето си играло со својот брат во дворот, а кога братот влегол во куќата, а родителите по пет минути излегле надвор да го земат момчето, тоа веќе не било ниту во дворот, ниту во близина.

Веднаш била организирана масовна потрага по момчето, а по неколку часа го пронашол полицаецот Урош Петровиќ, кој од пред неколку месеци е вработен во МВР и се уште има статус на приправник.

Тргнавме да се качуваме по шумскиот пат и тука го најдовме како стои. Јас го видов и веднаш се затрчав кон него. Детето малку заплака, но кога го зедов во раце, престана да плаче и почна да се смее, вели полицаецот Петровиќ, кој има само 20 години.

Момчето било пронајдено во шумата на околу 300 метри од куќата, без повреди и во стабилна состојба. Тоа било задржано во текот на ноќта на педијатриско одделение, само за набљудување, но било весело, расположено и сѐ било во ред со него, па било пуштено дома.

 

The post Среќен крај на драмата во Србија: Пронајдено е двегодишното дете кое се изгуби во шума appeared first on Република.

]]>

Двегодишно дете, кое вчера се изгубило во шума кај село во источна Србија, било пронајдено живо и здраво, без никакви повреди, јавуваат српските медиуми. Момчето си играло со својот брат во дворот, а кога братот влегол во куќата, а родителите по пет минути излегле надвор да го земат момчето, тоа веќе не било ниту во дворот, ниту во близина. Веднаш била организирана масовна потрага по момчето, а по неколку часа го пронашол полицаецот Урош Петровиќ, кој од пред неколку месеци е вработен во МВР и се уште има статус на приправник.
Тргнавме да се качуваме по шумскиот пат и тука го најдовме како стои. Јас го видов и веднаш се затрчав кон него. Детето малку заплака, но кога го зедов во раце, престана да плаче и почна да се смее, вели полицаецот Петровиќ, кој има само 20 години.
Момчето било пронајдено во шумата на околу 300 метри од куќата, без повреди и во стабилна состојба. Тоа било задржано во текот на ноќта на педијатриско одделение, само за набљудување, но било весело, расположено и сѐ било во ред со него, па било пуштено дома.  

The post Среќен крај на драмата во Србија: Пронајдено е двегодишното дете кое се изгуби во шума appeared first on Република.

]]>
Драма во Охрид: Спречувал пожарникари да му гаснат дома, куќата полна со оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drama-vo-ohrid-sprechuval-pozarnikari-da-mu-gasnat-doma-kukjata-polna-so-oruzje/ Sun, 20 Mar 2022 18:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=475764

Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна, велат од ТППЕ Охрид - Пожарна, од каде информираат за интервенција на опожарена куќа доцна синоќа.

Ноќва во 2:35 часот во ТППЕ - Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа). Екипите веднаш се излезени на терен со 4 возила, при што затекнато е големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснат во отежнати околности, голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица. АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен, велат оттаму.

The post Драма во Охрид: Спречувал пожарникари да му гаснат дома, куќата полна со оружје appeared first on Република.

]]>

Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна, велат од ТППЕ Охрид - Пожарна, од каде информираат за интервенција на опожарена куќа доцна синоќа.
Ноќва во 2:35 часот во ТППЕ - Охрид примена е дојава за опожарен станбен објект (куќа). Екипите веднаш се излезени на терен со 4 возила, при што затекнато е големо опожарување на објектот. Веднаш е пристапено со гаснење на објектот и спречено е проширување на соседната куќа која е прилепена до опожарениот објект. Пожарникарите гаснат во отежнати околности, голема количина на муниција и попреченост во извршување на должноста од страна на сопственикот. Храброста и пожртвуваноста на охридските пожарникари е очигледна. За среќа нема повредени лица. АПЕЛ до СВР-Охрид да ги санкционираат сите чинители кој вршат попречување во извршувањето на нашите должности на терен, велат оттаму.

The post Драма во Охрид: Спречувал пожарникари да му гаснат дома, куќата полна со оружје appeared first on Република.

]]>