Драма за принцезите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drama-za-printsezite/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 10:26:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драма за принцезите Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drama-za-printsezite/ 32 32 Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува да ја работи претставата „Драма за принцезите“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/slovenechkata-rezhiserka-zhiva-bizovichar-vo-dramski-teatar-pochnuva-da-ja-raboti-pretstavata-drama-za-printsezite/ Wed, 11 Sep 2024 10:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=815286

Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува со подготовките на претставата „Драма за принцезите“. Тоа е последната претстава за 2024 година што театарот ќе ја реализира согласно Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам, информираат од Драмски театар.

Претставата „Драма за принцезите“ се работи по текстот „Девојката и смртта“ на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек. Таа е една од најодликуваните авторки кои пишуваат на германски јазик и ја добила Нобеловата награда за литература во 2004 година.

Тимот од Словенија го сочинуваат режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидрашиќ и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата му е доверена на македонскиот дизајнер Александар Ношпал.

Предизвикот во претставата е замислата на младата режисерка Жива Бизовичар сите осум лика во претставата да се играат од женскиот дел на актерскиот ансамбал при Драмски театар.

Жива Бизовичар (1998) работи како театарски и радио режисер. Дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, програма за театарска и радио режија во Љубљана и моментално ја посетува магистерската програма. Нејзините студиски продукции беа изведени на фестивалот „Борштникови средби“ и „Фестивалот на култура Костањевица“. Ја добила студентската „Прешеренова награда “ за режија за претставата „Јагабаба“ на Зајчев. Како ментор и режисер работела со Младинската сцена на АМО во Нова Горица, а редовно работи и со РТВ Словенија. Како дел од проектот „Чекајќи го Супермен“, ја режирала претставата „Жени на тест“, за која ја добила наградата „Шелиг на неделата“ на словенечката драма, наградата на Друштвото на театарски критичари и театролози од Словенија и наградата „Борштник“ за холистички пристап кон обработката на материјалите.

Премиерата на претставата се очекува во средината на ноември.

 

The post Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува да ја работи претставата „Драма за принцезите“ appeared first on Република.

]]>

Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува со подготовките на претставата „Драма за принцезите“. Тоа е последната претстава за 2024 година што театарот ќе ја реализира согласно Годишната програма одобрена од Министерството за култура и туризам, информираат од Драмски театар. Претставата „Драма за принцезите“ се работи по текстот „Девојката и смртта“ на австриската писателка и драматург Елфиде Јелинек. Таа е една од најодликуваните авторки кои пишуваат на германски јазик и ја добила Нобеловата награда за литература во 2004 година. Тимот од Словенија го сочинуваат режисерката Жива Бизовичар, драматургот Ник Жнидрашиќ и сценографот Јан Кремељ. Костимографијата му е доверена на македонскиот дизајнер Александар Ношпал. Предизвикот во претставата е замислата на младата режисерка Жива Бизовичар сите осум лика во претставата да се играат од женскиот дел на актерскиот ансамбал при Драмски театар. Жива Бизовичар (1998) работи како театарски и радио режисер. Дипломирала на Академијата за театар, радио, филм и телевизија, програма за театарска и радио режија во Љубљана и моментално ја посетува магистерската програма. Нејзините студиски продукции беа изведени на фестивалот „Борштникови средби“ и „Фестивалот на култура Костањевица“. Ја добила студентската „Прешеренова награда “ за режија за претставата „Јагабаба“ на Зајчев. Како ментор и режисер работела со Младинската сцена на АМО во Нова Горица, а редовно работи и со РТВ Словенија. Како дел од проектот „Чекајќи го Супермен“, ја режирала претставата „Жени на тест“, за која ја добила наградата „Шелиг на неделата“ на словенечката драма, наградата на Друштвото на театарски критичари и театролози од Словенија и наградата „Борштник“ за холистички пристап кон обработката на материјалите. Премиерата на претставата се очекува во средината на ноември.  

The post Словенечката режисерка Жива Бизовичар во Драмски театар почнува да ја работи претставата „Драма за принцезите“ appeared first on Република.

]]>