драгомир заков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragomir-zakov/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Jul 2022 09:25:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драгомир заков Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragomir-zakov/ 32 32 Бугарскиот министер за одбрана: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логичен чекор https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/bugarskiot-minister-za-odbrana-proteruvanjeto-na-ruskite-diplomati-od-bugarija-e-logichen-chekor/ Fri, 01 Jul 2022 09:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=522014

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, за БНТ изави дека протерувањето на руските дипломати од земјата е логично, бидејќи кога нема почит се преземаат такви чекори.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков вели дека треба да се бара како руската држава да продолжи да биде претставена во Бугарија, на начин кој го почитува достоинството, територијалниот интегритет и суверенитет на Бугарија.

Според него, за да се дојде до ваква екстремна мерка, причините се комплексни, со претпоставка дека Државната агенција за национална безбедност има доволно податоци за активностите на тие дипломати или технички персонал на територијата на Бугарија, дека постои отворено непочитување кон Бугарија.

Руското раководство, кога размислува дали да ја затвори или не својата амбасада во Софија, треба да одлучи за шефот на руската мисија во Бугарија и да испрати некој кој ќе се однесува со почит кон бугарскиот народ - порача Заков.

Заков важи за еден од тројцата кандидати за премиер на Бугарија, кому „Продолжуваме со промените“ може да му даде можност да биде премиер.

The post Бугарскиот министер за одбрана: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логичен чекор appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот министер за одбрана, Драгомир Заков, за БНТ изави дека протерувањето на руските дипломати од земјата е логично, бидејќи кога нема почит се преземаат такви чекори. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Заков вели дека треба да се бара како руската држава да продолжи да биде претставена во Бугарија, на начин кој го почитува достоинството, територијалниот интегритет и суверенитет на Бугарија. Според него, за да се дојде до ваква екстремна мерка, причините се комплексни, со претпоставка дека Државната агенција за национална безбедност има доволно податоци за активностите на тие дипломати или технички персонал на територијата на Бугарија, дека постои отворено непочитување кон Бугарија.
Руското раководство, кога размислува дали да ја затвори или не својата амбасада во Софија, треба да одлучи за шефот на руската мисија во Бугарија и да испрати некој кој ќе се однесува со почит кон бугарскиот народ - порача Заков.
Заков важи за еден од тројцата кандидати за премиер на Бугарија, кому „Продолжуваме со промените“ може да му даде можност да биде премиер.

The post Бугарскиот министер за одбрана: Протерувањето на руските дипломати од Бугарија е логичен чекор appeared first on Република.

]]>
Петровска: Бугарија има сојузник на западната граница https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-bugarija-ima-sojuznik-na-zapadnata-granica/ Fri, 20 May 2022 11:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=504759

Mинистрите за одбрана на Македонија и на Бугарија, Славјанка Петровска и Драгомир Заков на денешната средба во Софија разговарале за безбедноста по руската инвазија на Украина, безбедноста на Западен Балкан и заедничките воени вежби.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер за одбрана Заков изјави дека Бугарија секогаш ја поддржувала евроатлантската ориентација на Македонија, како и членството на Македонија во Алијансата.

Има многу јасна задача дека нашите идни генерации, никогаш повеќе Балканот, можеби во дел од Западен Балкан, нема да се споменуваат како буре барут на Европа, рече Заков.

Според него, сепак, постојат доста сериозни ризици за земјите од Западен Балкан, за регионот во кој се наоѓаат двете соседни земји, така што како членки на НАТО мора да се направи се што е потребно за да се спречи ширењето на војната во Украина надвор од границите на таа држава.

Министерката за одбрана на Македонија Петровска од своја страна рече дека Бугарија има сојузник на нејзината западна граница.

Неиспровоцираната агресија врз независна и суверена Украина докажува дека нема траен мир. Мирот и стабилноста се нешто на што мораме да работиме сите заедно, рече Петровска.

Петровска беше децидна дека Бугарија на западната граница има сојузник, со кој заедно ја гради колективната безбедност.

Таа додаде дека Македонија е заинтересирана за обука на воени лекари во Бугарската воено-медицинска академија и поморската школа Никола Вапцаров во Варна.

The post Петровска: Бугарија има сојузник на западната граница appeared first on Република.

]]>

Mинистрите за одбрана на Македонија и на Бугарија, Славјанка Петровска и Драгомир Заков на денешната средба во Софија разговарале за безбедноста по руската инвазија на Украина, безбедноста на Западен Балкан и заедничките воени вежби. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарскиот министер за одбрана Заков изјави дека Бугарија секогаш ја поддржувала евроатлантската ориентација на Македонија, како и членството на Македонија во Алијансата.
Има многу јасна задача дека нашите идни генерации, никогаш повеќе Балканот, можеби во дел од Западен Балкан, нема да се споменуваат како буре барут на Европа, рече Заков.
Според него, сепак, постојат доста сериозни ризици за земјите од Западен Балкан, за регионот во кој се наоѓаат двете соседни земји, така што како членки на НАТО мора да се направи се што е потребно за да се спречи ширењето на војната во Украина надвор од границите на таа држава. Министерката за одбрана на Македонија Петровска од своја страна рече дека Бугарија има сојузник на нејзината западна граница.
Неиспровоцираната агресија врз независна и суверена Украина докажува дека нема траен мир. Мирот и стабилноста се нешто на што мораме да работиме сите заедно, рече Петровска.
Петровска беше децидна дека Бугарија на западната граница има сојузник, со кој заедно ја гради колективната безбедност. Таа додаде дека Македонија е заинтересирана за обука на воени лекари во Бугарската воено-медицинска академија и поморската школа Никола Вапцаров во Варна.

The post Петровска: Бугарија има сојузник на западната граница appeared first on Република.

]]>
Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност и зајакната колективна безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/petrovska-od-sofija-novata-bezbednosna-realnost-vo-evropa-povikuva-na-splotenost-i-zajaknata-kolektivna-bezbednost/ Fri, 20 May 2022 09:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=504707

Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите сојузници во НАТО, бидејќи ние сме НАТО, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, која е во официјална посета на Софија.

Петровска, како што информира Министерството за одбрана, порача дека заедничката научена лекција во изминатите три месеци е дека само кога сите сојузници во НАТО зборуваат во еден глас, кога стоиме заедно и работиме заедно, само така можеме да ја гарантираме нашата безбедност.

Министерката ја поздрави одлуката на Бугарија да биде домаќин на мултинационалната борбена група на НАТО.

Имајќи ја предвид безбедносната ситуација во Европа, Петровска порача дека она што во моментов е неопходно е целосна интеграција и заедништво.

Членството на Македонија во НАТО значеше зацврстена безбедност и стабилност не само за нашата држава, туку и за нашите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија која на дел од својата западна граница има земја – сојузник, истакна министерката Петровска.

Таа порача дека на претстојниот министерски состанок на НАТО, како и на лидерскиот самит во Мадрид ќе се разговара за неколку важни документи за Алијансата – агендата НАТО 2030 и новиот Стратешки концепт на Алијансата. Информираше дека Владата останува посветена на правичното распределување на трошоците во рамките на Алијансата и стабилниот раст на буџетот за одбрана кој до 2024 година треба да го достигне нивото на 2 проценти од бруто-домашниот производ.

Министерката Петровска денеска во Софија ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во Собранието на Бугарија ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана.

Таа ќе се сретне и со двајца офицери од македонската армија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.

The post Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност и зајакната колективна безбедност appeared first on Република.

]]>

Новата безбедносна реалност на европскиот континент повикува на сплотеност и соработка, а нашата безбедност лежи во колективната безбедност на нашите сојузници во НАТО, бидејќи ние сме НАТО, изјави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска, која е во официјална посета на Софија. Петровска, како што информира Министерството за одбрана, порача дека заедничката научена лекција во изминатите три месеци е дека само кога сите сојузници во НАТО зборуваат во еден глас, кога стоиме заедно и работиме заедно, само така можеме да ја гарантираме нашата безбедност. Министерката ја поздрави одлуката на Бугарија да биде домаќин на мултинационалната борбена група на НАТО. Имајќи ја предвид безбедносната ситуација во Европа, Петровска порача дека она што во моментов е неопходно е целосна интеграција и заедништво.
Членството на Македонија во НАТО значеше зацврстена безбедност и стабилност не само за нашата држава, туку и за нашите соседи, вклучувајќи ја и Бугарија која на дел од својата западна граница има земја – сојузник, истакна министерката Петровска.
Таа порача дека на претстојниот министерски состанок на НАТО, како и на лидерскиот самит во Мадрид ќе се разговара за неколку важни документи за Алијансата – агендата НАТО 2030 и новиот Стратешки концепт на Алијансата. Информираше дека Владата останува посветена на правичното распределување на трошоците во рамките на Алијансата и стабилниот раст на буџетот за одбрана кој до 2024 година треба да го достигне нивото на 2 проценти од бруто-домашниот производ. Министерката Петровска денеска во Софија ќе се сретне со својот бугарски колега, министерот Драгомир Заков, а во Собранието на Бугарија ќе има средба и со раководството на парламентарната комисија за одбрана. Таа ќе се сретне и со двајца офицери од македонската армија кои во моментов се на високо воено школување на Воена академија „Генерал Ѓорѓи С. Раковски“ во Софија.

The post Петровска од Софија: Новата безбедносна реалност во Европа повикува на сплотеност и зајакната колективна безбедност appeared first on Република.

]]>