Драго Јанчар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drago-janchar/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Dec 2023 13:23:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драго Јанчар Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/drago-janchar/ 32 32 „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/demnejki-go-godo-go-napishav-vo-vreme-koga-vo-evropa-pagaa-poslednite-diktaturi-veli-slovenetsot-drago-janchar-po-chij-tekst-se-podgotvuva-premierata-vo-teatar-komedija/ Thu, 07 Dec 2023 13:23:07 +0000 https://republika.mk/?p=720747

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар по чиј текст „Деменјќи го Годо“ во Театар Комедија се подготува премиера на 12 декември.

Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Претставата ќе биде прикажана на малата сцена на Театар Комедија (20 часот).

Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.

Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.

Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

„Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.

 

The post „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>

Среќен сум што во Театар Комедија најдоа некаква кореспонденција со денешното време во мојот дамнешен текст, кој на прв поглед е нешто сосема поинакво од времето кога е создаден. Ова мало парче го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, заедно со мојата бесмислена желба да ги контролирам луѓето, вели словенечкиот писател и драматург Драго Јанчар по чиј текст „Деменјќи го Годо“ во Театар Комедија се подготува премиера на 12 декември. Станува збор за прва копродукциска соработка помеѓу Турскиот театар од Скопје и Театар Комедија, на која се работеше речиси три месеци. Претставата ќе биде прикажана на малата сцена на Театар Комедија (20 часот). Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Сузан Акбелге, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева, а автор на музика е Аљбин Сопа.
Бекетовата апсурдност на постоењето во мојот скромен одговор е сведена на двајца сиромашни луѓе, кои се изгубени во просторот и времето во својот „бизнис“. Во тоа време, никогаш не можев да замислам дека во новата дигитална ера овој надзор на сите нас ќе стане бескрајно поинтензивен, дека ќе дојде време кога сите ќе бидеме изложени на надзор на Големиот брат на новата технологија на секој момент. Затоа моето возвраќање до Годо може и денес да остане како малку комично и малку трагично предупредување за апсурдноста на секое надгледување над животот, кое одново и одново бега од тој надзор на илјада иронични начини, додава Јанчар.
Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“. „Демнејќи го Годо“ е четврта премиера на Театар Комедија во 2023 година. Оваа година, Театар Комедија ќе ја затвори со уште една премиера, „Череп во Конемара“ од Мартин Мекдона, а во режија на Јане Спасиќ. „Череп во Конемара“ ќе биде јубилејна, 40-та претстава на Театар Комедија од неговото основање во 2011 година.  

The post „Демнејќи го Годо“ го напишав во време кога во Европа паѓаа последните диктатури, вели Словенецот Драго Јанчар по чиј текст се подготвува премиерата во Театар Комедија appeared first on Република.

]]>
Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/teatar-komedija-i-turski-teatar-zaedno-ja-podgotvuvaat-pretstavata-demnejki-go-godo-od-drago-janchar/ Fri, 17 Nov 2023 08:58:48 +0000 https://republika.mk/?p=702429

Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар.

Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет.

Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска- Начева.

Турски театар десетина година своите претстави ги игра на сцената на Театар Комедија, каде што е сместен и ансамлот и техничкиот персонал. Новиот објект Турски театар во Скопје уште е во градба.

Драмата „Демнејќи го Годо“ првпат е поставена во сезоната 1988/89 година на сцената на Словенечкиот народен театар во Љубљана. Настанувањето на текстот на крајот на осумдесеттите години од минатиот век, ги рефлектира општествените промени во поранешната држава и на некој начин ги антиципира случувањата што ќе резултираат со крвав пир како крајна форма на апсурдот. Во оригиналниот текст на Јанчар, двата лика со индикативни имиња Франц и Јозеф, се некакви агенти чијашто мисија е да го демнат отсутниот Годо, а крајната цел е да ги уништат годоистите, следбениците на оваа идолизирана претстава (чиешто суштествување е сомнително и недокажано). Во македонската адаптација, двата лика се, всушност, удвоени и постојат и како женски верзии.

Драго Јанчар (1948) е светски познат словенечки романсиер, драмски писател и есеист. Тој е еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки книжевници. Голем број дела на Јанчар се приопштени и на македонски јазик, а меѓу нив се: романите „Таа ноќ ја видов“, „И љубовта“, „Зуење во главата“, „Посакување за потсмев“, расказите „Џојсовиот ученик“, драмите „Тивко се ниша часовникот“ и други. Во драмите на Драго Јанчар основата е критичко, сатирично или алегориско прикажување на реалните настани и конкретната стварност, и загрозеноста на поединецот од насилството на власта. Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

The post Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>

Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје привршуваат со подготовката на нивната прва копродукциска театарска претстава, „Демнејќи го Годо“, работена според истоимениот драмски текст од словенечкиот писател и драмски автор Драго Јанчар. Премиерата на претставата е предвидена за 12 декември, на сцената на Театар Комедија. Режисерка на „Демнејќи го Годо“ е Сибел Авдиу, а во претставата играат: Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет. Сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, кореограф на претставата е Александра Кочовска- Начева. Турски театар десетина година своите претстави ги игра на сцената на Театар Комедија, каде што е сместен и ансамлот и техничкиот персонал. Новиот објект Турски театар во Скопје уште е во градба. Драмата „Демнејќи го Годо“ првпат е поставена во сезоната 1988/89 година на сцената на Словенечкиот народен театар во Љубљана. Настанувањето на текстот на крајот на осумдесеттите години од минатиот век, ги рефлектира општествените промени во поранешната држава и на некој начин ги антиципира случувањата што ќе резултираат со крвав пир како крајна форма на апсурдот. Во оригиналниот текст на Јанчар, двата лика со индикативни имиња Франц и Јозеф, се некакви агенти чијашто мисија е да го демнат отсутниот Годо, а крајната цел е да ги уништат годоистите, следбениците на оваа идолизирана претстава (чиешто суштествување е сомнително и недокажано). Во македонската адаптација, двата лика се, всушност, удвоени и постојат и како женски верзии. Драго Јанчар (1948) е светски познат словенечки романсиер, драмски писател и есеист. Тој е еден од најпреведуваните и најнаградуваните словенечки книжевници. Голем број дела на Јанчар се приопштени и на македонски јазик, а меѓу нив се: романите „Таа ноќ ја видов“, „И љубовта“, „Зуење во главата“, „Посакување за потсмев“, расказите „Џојсовиот ученик“, драмите „Тивко се ниша часовникот“ и други. Во драмите на Драго Јанчар основата е критичко, сатирично или алегориско прикажување на реалните настани и конкретната стварност, и загрозеноста на поединецот од насилството на власта. Со „Демнејќи го Годо“, Јанчар ќе се претстави третпат пред македонската театарска публика, откако претходно, во 1986 и во 1990 година, во Македонскиот народен театар во Скопје и Народниот театар во Прилеп беше поставен текстот „Големиот брилијантен валцер“.

The post Театар Комедија и Турски театар заедно ја подготвуваат претставата „Демнејќи го Годо“ од Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>
Драго Јанчар: Страста за опишување во моите романи и раскази е мал одговор на многу големи прашања, на кои не знам да одговорам https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/drago-janchar-strasta-za-opishuvane-vo-moite-romani-i-raskazi-e-mal-odgovor-na-mnogu-golemi-prashana-na-koi-ne-znam-da-odgovoram/ Wed, 20 Sep 2023 08:51:22 +0000 https://republika.mk/?p=683357

Благодарна реч на Драго Јанчар по повод доделувањето на наградата Прозарт 2023

Почитувани членови на жирито, кои ми го доделивте ова високо признание; драги преведувачи и пријатели, драги читатели на моите книги на македонски јазик. Можеби тие читатели не се многу, но поради нив овде се чувствувам како дома. Всушност, овие места и овдешните луѓе отсекогаш ми биле познати, уште од времето кога недалеку од овде поминав една година служејќи војска, во старото Станковиќе во Врање. И кога по неколку месечна вежба во касарната станав така таканаречен „стар војник“, многупати во слободните недели од Врање се качував во автобус и одев до зелената тишина на средновековниот манастир Прохор Пчински, кој е исто така важен за поновата македонска историја. Или дури преку границите, кои никогаш не постоеле, па до Скопје. Таквите излети од касарната, секако не беа дозволени, но младиот човек, кој не ги сакаше забраните, го поттикнуваше љубопитноста: да види, да спознае каде го однел животот. Така непознатиот војник талкаше по пролетната зелена ливада на Пчиња и околните ридови и некогаш кај по некој гостопримлив селанец вкусуваше ракија и бело сирење; другпат скитникот во униформа пак талкаше низ летното усвитено Скопје и бараше ладовина во вревата на Старата Чаршија.

Тогаш уште не знаев дека само неколку години подоцна ќе седам во салата на Македонскиот народен театар на премиерата на својата драма Големиот брилијантен валцер и срцето посилно ќе ми чука од возбуда од фасцинантната продукција во режија на Бранко Ставрев.

Тагата на театарот е неговата минливост. Од моментот на одушевеност, кој го доживеавме во една дамнешна зимска вечер во Скопје, останаа само сувопарни информации за претставата. Но во мојот жив спомен сѐ уште постои бран на возбуда што ја зафати публиката кога Свети Павле, еден од јунаците во драмата, ја изговори библиската реченица за патувањето на апостол Павле во Македонија. Мислам дека беше овој или сличен цитат: „Веднаш по оваа визија отидовме во Македонија, бидејќи заклучивме дека Бог ни ја праќа добрата вест да ја проповедаме и таму.“

Реченицата не беше моја, ја додаде режисерот, но во тој момент функционираше во чудна хармонија со атмосферата на мојот луд театарски изум од институцијата со наслов „Слободата ослободува“, а пред сѐ, секако, со историскиот момент кога и нашата тогашна заедничка држава брзо се менуваше во лудница.

Истата љубопитност која ме прогонуваше од границите на касарната во околината, која на многу начини беше различна од моето искуство со живеењето во Словенија, подоцна одново ме привлекуваше назад кон патувањата и откривањето на нови непознати пејзажи, како и екскурзии во турбулентната историја и човечките пресврти поврзани со неа. Секој што ја читал мојата проза, романите или кратките раскази знае дека на тоа поле не е настанато ништо слично како патописите или историските трактати. Се разбира, не велам дека патувачкиот немир кај пишувањето не ми користеше. Литературата не е хипотетичка атракција, секоја приказна ја сака своја жива и конкретна ситуација, го сака своето време и простор. Кога пред неколку години го пишував романот „Таа ноќ ја видов“ го прекинав пишувањето, кога одеднаш не знаев каде треба да отпатува љубовниот пар во времето пред Втората светска војна – српскиот коњанички офицер и неговата љубов, Вероника, која сака да избега од крутите врски на љубљанското буржоаско општество? И тогаш наеднаш се сетив: во Врање, секако. Го познавам градот и околината, касарните секогаш се исти, а војската е војска, монархистичка или комунистичка, со свои правила, манири, пцости и ракија. И така мојата хероина, која со својата елеганција малку порано го привлече вниманието на љубљанските улици, се најде среде вистинскиот, тогаш сѐ уште малку ориентален Балкан и неговата чудна словенска меланхолија.

Затоа, овој вид на љубопитност е корисен во пишувањето, но не е пресуден. Во опишувањето на човечката радост, гневот, среќата, омразата, гордоста, стравот и храброста има нешто што во мојот расказ „Ученикот на Џојс“ неговиот протагонист, имено Џејмс Џојс е par lui-même, наречена „описeн мерак“. Дури и кога сакам само да ги насликам фрагментите од животот на поединецот на позадина од големите сцени од човечката историја и му служам на тој описен мерак што го чувствувам во себе, неволно од самиот себеси, а донекаде и на читателот му запречувам со уште едно друго прашање, на прв поглед малку глупаво: што е сето ова? Сето ова што го правиме еден на друг и на себеси? Ние му пркосиме на историското време и ја исмеваме човечката комедија или сочувствуваме со човечката трагедија – но истовремено знаеме дека не можеме да промениме нешто суштинско. А сепак продолжуваме да пишуваме, бидејќи така сака нашата желба за опишување. И понекогаш му помага на некој читател... нема да речам да живее, туку да ги разбереме човечката страст, тага, радост и заблуда.

Можеби имав четиринаесет, петнаесет години, кога гледајќи во летното ѕвездено небо првпат се запрашав што има таму позади, зад ѕвездите, што има зад Млечниот Пат? Каде е почетокот и каде е крајот на времето? Тогаш за првпат до болка ме обзеде претчувството, всушност, сознанието дека никогаш нема да добијам одговор на ова прашање.

Не би сакал да му дадам премногу тешка, не дај Боже филосовска смисла на моето пишување, бидејќи моите раскази се раскази за животот, реални или измислени. А сепак во нив се одразува тоа далечно и античко прашање; и тие се само лош обид да се одговори на недоловливата празнина на големиот, односно бесконечен простор, кој во еден миг допрел до детската, но исто така веќе одрасната душа со тапанарска тишина од темната празнина.

Страста за опишување во моите романи и кратките раскази е мал одговор на многу големи прашања, на кои не знам да одговорам. Тоа е бегство од касарните, психијатриските, затворските, училишните, политичките и сите други објекти што ја ограничуваат различноста и богатството на животот.

Со таков почеток се собираат многу книги, а со нив и некоја награда. Оваа, што ја добивам денес, особено ми е драга. Не затоа што е за уметност на прозата, воопшто литературна уметност, центарот на сѐ што правам и што ме интересира, бидејќи со балканскиот дел од Европа е поврзан голем дел од мојот живот и во добро и во лошо. Благодарам за неа. И јас, како некогаш режисерот на мојата драма во Скопје, го цитирам Павле од Писмото до Коринтјаните: „Тоа што ми недостигаше, ми го додадоа браќата од Македонија“.

 

The post Драго Јанчар: Страста за опишување во моите романи и раскази е мал одговор на многу големи прашања, на кои не знам да одговорам appeared first on Република.

]]>

Благодарна реч на Драго Јанчар по повод доделувањето на наградата Прозарт 2023 Почитувани членови на жирито, кои ми го доделивте ова високо признание; драги преведувачи и пријатели, драги читатели на моите книги на македонски јазик. Можеби тие читатели не се многу, но поради нив овде се чувствувам како дома. Всушност, овие места и овдешните луѓе отсекогаш ми биле познати, уште од времето кога недалеку од овде поминав една година служејќи војска, во старото Станковиќе во Врање. И кога по неколку месечна вежба во касарната станав така таканаречен „стар војник“, многупати во слободните недели од Врање се качував во автобус и одев до зелената тишина на средновековниот манастир Прохор Пчински, кој е исто така важен за поновата македонска историја. Или дури преку границите, кои никогаш не постоеле, па до Скопје. Таквите излети од касарната, секако не беа дозволени, но младиот човек, кој не ги сакаше забраните, го поттикнуваше љубопитноста: да види, да спознае каде го однел животот. Така непознатиот војник талкаше по пролетната зелена ливада на Пчиња и околните ридови и некогаш кај по некој гостопримлив селанец вкусуваше ракија и бело сирење; другпат скитникот во униформа пак талкаше низ летното усвитено Скопје и бараше ладовина во вревата на Старата Чаршија. Тогаш уште не знаев дека само неколку години подоцна ќе седам во салата на Македонскиот народен театар на премиерата на својата драма Големиот брилијантен валцер и срцето посилно ќе ми чука од возбуда од фасцинантната продукција во режија на Бранко Ставрев. Тагата на театарот е неговата минливост. Од моментот на одушевеност, кој го доживеавме во една дамнешна зимска вечер во Скопје, останаа само сувопарни информации за претставата. Но во мојот жив спомен сѐ уште постои бран на возбуда што ја зафати публиката кога Свети Павле, еден од јунаците во драмата, ја изговори библиската реченица за патувањето на апостол Павле во Македонија. Мислам дека беше овој или сличен цитат: „Веднаш по оваа визија отидовме во Македонија, бидејќи заклучивме дека Бог ни ја праќа добрата вест да ја проповедаме и таму.“ Реченицата не беше моја, ја додаде режисерот, но во тој момент функционираше во чудна хармонија со атмосферата на мојот луд театарски изум од институцијата со наслов „Слободата ослободува“, а пред сѐ, секако, со историскиот момент кога и нашата тогашна заедничка држава брзо се менуваше во лудница. Истата љубопитност која ме прогонуваше од границите на касарната во околината, која на многу начини беше различна од моето искуство со живеењето во Словенија, подоцна одново ме привлекуваше назад кон патувањата и откривањето на нови непознати пејзажи, како и екскурзии во турбулентната историја и човечките пресврти поврзани со неа. Секој што ја читал мојата проза, романите или кратките раскази знае дека на тоа поле не е настанато ништо слично како патописите или историските трактати. Се разбира, не велам дека патувачкиот немир кај пишувањето не ми користеше. Литературата не е хипотетичка атракција, секоја приказна ја сака своја жива и конкретна ситуација, го сака своето време и простор. Кога пред неколку години го пишував романот „Таа ноќ ја видов“ го прекинав пишувањето, кога одеднаш не знаев каде треба да отпатува љубовниот пар во времето пред Втората светска војна – српскиот коњанички офицер и неговата љубов, Вероника, која сака да избега од крутите врски на љубљанското буржоаско општество? И тогаш наеднаш се сетив: во Врање, секако. Го познавам градот и околината, касарните секогаш се исти, а војската е војска, монархистичка или комунистичка, со свои правила, манири, пцости и ракија. И така мојата хероина, која со својата елеганција малку порано го привлече вниманието на љубљанските улици, се најде среде вистинскиот, тогаш сѐ уште малку ориентален Балкан и неговата чудна словенска меланхолија. Затоа, овој вид на љубопитност е корисен во пишувањето, но не е пресуден. Во опишувањето на човечката радост, гневот, среќата, омразата, гордоста, стравот и храброста има нешто што во мојот расказ „Ученикот на Џојс“ неговиот протагонист, имено Џејмс Џојс е par lui-même, наречена „описeн мерак“. Дури и кога сакам само да ги насликам фрагментите од животот на поединецот на позадина од големите сцени од човечката историја и му служам на тој описен мерак што го чувствувам во себе, неволно од самиот себеси, а донекаде и на читателот му запречувам со уште едно друго прашање, на прв поглед малку глупаво: што е сето ова? Сето ова што го правиме еден на друг и на себеси? Ние му пркосиме на историското време и ја исмеваме човечката комедија или сочувствуваме со човечката трагедија – но истовремено знаеме дека не можеме да промениме нешто суштинско. А сепак продолжуваме да пишуваме, бидејќи така сака нашата желба за опишување. И понекогаш му помага на некој читател... нема да речам да живее, туку да ги разбереме човечката страст, тага, радост и заблуда. Можеби имав четиринаесет, петнаесет години, кога гледајќи во летното ѕвездено небо првпат се запрашав што има таму позади, зад ѕвездите, што има зад Млечниот Пат? Каде е почетокот и каде е крајот на времето? Тогаш за првпат до болка ме обзеде претчувството, всушност, сознанието дека никогаш нема да добијам одговор на ова прашање. Не би сакал да му дадам премногу тешка, не дај Боже филосовска смисла на моето пишување, бидејќи моите раскази се раскази за животот, реални или измислени. А сепак во нив се одразува тоа далечно и античко прашање; и тие се само лош обид да се одговори на недоловливата празнина на големиот, односно бесконечен простор, кој во еден миг допрел до детската, но исто така веќе одрасната душа со тапанарска тишина од темната празнина. Страста за опишување во моите романи и кратките раскази е мал одговор на многу големи прашања, на кои не знам да одговорам. Тоа е бегство од касарните, психијатриските, затворските, училишните, политичките и сите други објекти што ја ограничуваат различноста и богатството на животот. Со таков почеток се собираат многу книги, а со нив и некоја награда. Оваа, што ја добивам денес, особено ми е драга. Не затоа што е за уметност на прозата, воопшто литературна уметност, центарот на сѐ што правам и што ме интересира, бидејќи со балканскиот дел од Европа е поврзан голем дел од мојот живот и во добро и во лошо. Благодарам за неа. И јас, како некогаш режисерот на мојата драма во Скопје, го цитирам Павле од Писмото до Коринтјаните: „Тоа што ми недостигаше, ми го додадоа браќата од Македонија“.  

The post Драго Јанчар: Страста за опишување во моите романи и раскази е мал одговор на многу големи прашања, на кои не знам да одговорам appeared first on Република.

]]>
Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-i-razgovor-so-slovenechkiot-pisatel-drago-janchar/ Mon, 18 Sep 2023 08:30:53 +0000 https://republika.mk/?p=682795

Светски познатиот словенечки писател, Драго Јанчар, кој гостува во Скопје на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, вечерва во 18 часот ќе се сретне со своите читатели во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Ќе бидат промовирани романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик, во издание на „Арс ламина – публикации“.

Преводот на двата романа од словенечки јазик е на Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија. Разговорот со Драго Јанчар ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов.

„Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството. Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 е прогласен за најдобар роман, награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 („Кресник на деценијата“).

И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. По окупацијата на Југославија од германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот.

Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

The post Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>

Светски познатиот словенечки писател, Драго Јанчар, кој гостува во Скопје на Интернационалниот литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, вечерва во 18 часот ќе се сретне со своите читатели во книжарницата „Литература.мк“ на улица Македонија. Ќе бидат промовирани романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик, во издание на „Арс ламина – публикации“. Преводот на двата романа од словенечки јазик е на Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија. Разговорот со Драго Јанчар ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов. „Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството. Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 е прогласен за најдобар роман, награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 („Кресник на деценијата“). И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. По окупацијата на Југославија од германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот. Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

The post Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар appeared first on Република.

]]>
Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар во „Литература.мк“ во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-i-razgovor-so-slovenechkiot-pisatel-drago-janchar-vo-literatura-mk-vo-skopje/ Wed, 13 Sep 2023 08:05:51 +0000 https://republika.mk/?p=681459

Реномираниот и светски познат словенечки писател, Драго Јанчар, деновиве ќе гостува во Скопје во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“. За време на неговиот престој, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира промотивен разговор со Јанчар за романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик под импринтот „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот на двата романа од словенечки јазик го изработи Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија.

Разговорот со Драго Јанчар – што ќе се одржи на 18 септември (понеделник) со почеток во 19 ч., во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ – ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов.

„Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна; времиња што како Молох ги проголтувале не само луѓето со различни убедувања вклучени во историските случувања туку и оние што живееле на маргините на ваквите настани и кои не го разбирале во целост тоа што се случувало околу нив – едноставно, само сакале да живеат. Но, тогаш „само“ да се живее било илузија. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството.

Романот „Таа ноќ ја видов“ е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 година е прогласен за најдобар роман награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 година („Кресник на деценијата“).

И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017 година, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата.

По окупацијата на Југославија од страна на германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот.

Трите носечки лика во романот, Валентин, партизан и борец на отпорот, неговата девојка Соња и СС-офицерот Лудвиг, некогаш познат и како Лудек, се обидуваат – секој на свој начин – да ја одбранат нивната љубов од бесмислата на злото и пропаста на човековото достоинство. Војната ја нарушува нивната перцепција за себеси и за светот и неповратно ги уништува нивните животи.
Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

The post Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар во „Литература.мк“ во Скопје appeared first on Република.

]]>

Реномираниот и светски познат словенечки писател, Драго Јанчар, деновиве ќе гостува во Скопје во рамките на Меѓународниот книжевен фестивал „Про-за Балкан“. За време на неговиот престој, издавачката куќа „Арс Ламина“ организира промотивен разговор со Јанчар за романите „Таа ноќ ја видов“ и „И љубовта“, кои се објавени на македонски јазик под импринтот „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Преводот на двата романа од словенечки јазик го изработи Дарко Спасов, а објавувањето е финансиски поддржано од Фондацијата „Трубар“ при Друштвото на словенечки писатели во Љубљана и од Јавната агенција за книга на Република Словенија. Разговорот со Драго Јанчар – што ќе се одржи на 18 септември (понеделник) со почеток во 19 ч., во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ – ќе го водат уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска и преведувачот Дарко Спасов. „Таа ноќ ја видов“ е првпат објавен на словенечки јазик во 2010 година. Романот опфаќа неколку години од животот и мистериозното исчезнување на Вероника Зарник, млада и убава буржујка од Љубљана, која е вшмукана од силниот вртеж на бурниот историски период. Нејзината приказна е раскажана низ призмата на пет лика, кои истовремено говорат и за себе и за турбулентните времиња во Словенија пред и за време на Втората светска војна; времиња што како Молох ги проголтувале не само луѓето со различни убедувања вклучени во историските случувања туку и оние што живееле на маргините на ваквите настани и кои не го разбирале во целост тоа што се случувало околу нив – едноставно, само сакале да живеат. Но, тогаш „само“ да се живее било илузија. Тоа било време кога дури и во навидум сигурното и идилично прибежиште на дворецот на Зарник било неможно да се избегне незапирливиот налет на насилството. Романот „Таа ноќ ја видов“ е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, наградата „Кресник“ за најдобар роман на годината, а во 2020 година е прогласен за најдобар роман награден со истоимената награда во периодот од 2010 до 2019 година („Кресник на деценијата“). И романот „И љубовта“, објавен во оригинал во 2017 година, исто така е носител на наградата „Кресник“. Насловот на романот е зајмен од песна на Лорд Бајрон и претставува восхитувачка приказна за волјата и за издржливоста на човековиот дух наспроти историските совпаѓања и трагедијата. По окупацијата на Југославија од страна на германските сили во 1941 година, словенечкиот град Марибор, град со многубројно германско малцинство низ историјата во кој се зборува и на германски јазик, е анектиран кон Третиот Рајх. Во градот преименуван како Марбург на Драва, довчерашните соседи и пријатели стануваат крвници, а низ околните ридови се организира движење на отпорот. Трите носечки лика во романот, Валентин, партизан и борец на отпорот, неговата девојка Соња и СС-офицерот Лудвиг, некогаш познат и како Лудек, се обидуваат – секој на свој начин – да ја одбранат нивната љубов од бесмислата на злото и пропаста на човековото достоинство. Војната ја нарушува нивната перцепција за себеси и за светот и неповратно ги уништува нивните животи. Драго Јанчар (1948 г.) е еден од најпознатите современи словенечки писатели, гласен политички критичар и граѓански активист. Неговите дела добиваат престижни награди, како: наградата „Прешерн“, наградата „Кресник“ – за најдобар роман на годината, наградата „Хердер“, Европската награда за литература. Неговиот драмски текст „Големиот брилијантен валцер“ е поставен во Македонскиот народен театар во Скопје (1986) и во Народниот театар во Прилеп (1990). Од 1995 година е член на Словенечката академија на науките и уметностите.

The post Промоција и разговор со словенечкиот писател Драго Јанчар во „Литература.мк“ во Скопје appeared first on Република.

]]>