Драги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragi/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 20:05:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драги Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragi/ 32 32 Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/anastasija-gurchinova-dobitnichka-na-nagradata-dragi-2/ Wed, 02 Oct 2024 20:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=821941

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“.

За наградата имаше пет финалисти. Покрај Ѓурчинова, беа и Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година, Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на „Паблишер“, 2023 година.

Жири-комисијата во состав проф. д-р Зорица Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски од издавачката куќа „Антолог“, едногласно одлучи „Драги“ да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.

Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство, стои во образложението на жири-комисијата.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951- 2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура.

Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.

Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската, објаснува жири-комисијата.

Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

The post Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ appeared first on Република.

]]>

Наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја доби Анастасија Ѓурчинова, за превод од италијански јазик на делото „Интимен живот“ од авторот Николо Аманити во издание на „Антолог“. За наградата имаше пет финалисти. Покрај Ѓурчинова, беа и Ѓоко Здравески за преводот од хрватски јазик на „Тројца за картал“ од Миљенко Јерговиќ, издание на „Бегемот“, 2024 година; Екатерина Бабамова за преводот од англиски јазик на „Градот на победата“ од Салман Ружди, издание на „Артконект“, 2023 година, Елисавета Поповска за преводот од француски јазик на „Девојчински спомени“ од Ани Ерно, издание на „Илика“, 2024 година и Ирена Јурчева за преводот од англиски јазик на „Силмарилион“ од Џ. Р. Р. Толкин, изднаие на „Паблишер“, 2023 година. Жири-комисијата во состав проф. д-р Зорица Николовска од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Јана Михајловска, член од семејството на Драги Михајловски и Владимир Јанковски од издавачката куќа „Антолог“, едногласно одлучи „Драги“ да ѝ се додели на Анастасија Ѓурчинова.
Станува збор за превод кој на мошне суптилен начин ги задржува стилските карактеристики на книжевниот дискурс на Николо Аманити, умешно вклопувајќи ги во стилските, лексичките и синтаксичките можности на македонскиот јазик. Преводот на Анастасија Ѓурчинова се карактеризира со прецизност и верност кон оригиналниот текст, со огромна почит кон стилот на авторот. Таа вешто ги пренесува културните и јазични нијанси, одржувајќи ја специфичната динамика и литерарниот тон на делото. Онака како што Аманити мајсторски го користи јазикот во своите дела, така и Ѓурчинова тоа мајсторство го транспонира во нејзиниот превод. Текстот е јасен и се чита природно, динамично, без јазични пречки. Вешто пренесувајќи ги емоциите и атмосферата, преводот му овозможува на читателот да доживее искуство слично на она што го нуди оригиналот. Како последица на тоа, преводот на „Интимен живот“ предизвикува и големо читателско задоволство, стои во образложението на жири-комисијата.
Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ е воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951- 2022) – писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Целта на наградата е да ја стимулира преведувачката дејност и да го подигне квалитетот на преведените дела во македонската култура. Германскиот професор и преведувач Бенјамин Лангер е добитник на годинашнaта интернационална награда „Драги“ за преводот на романот „Пиреј“ од Петре М. Андреевски. Романот на германски јазик го објави издавачката куќа „Гуголц“ од Берлин.
Ќе се согласиме сите дека преведувањето на романот „Пиреј“ на кој било странски јазик претставува исклучително голем преведувачки предизвик, со кој се соочил и овогодинешниот добитник на наградата „Драги“, Бенјамин Лангер. Очигледно е дека за овој голем преведувачки проект тој не само што поседува одлични и изнијансирани познавања на македонскиот јазик, туку и дека темелно ги проучил историскиот и книжевниот контекст, јазичните специфи на руралниот, архаичен живописен македонски говор, а за културолошки конотираните македонските лексеми понудил креативни германски еквиваленти. Би сакале да напоменеме и дека внимателниот читател на овој германски превод на Лангер може да го наслушне тоа што во поновите транслатолошки студии се нарекува „глас на транслаторот“, кој во овој случај, маестрално посредува и ги премостува јазичните и културолошките бариери помеѓу двете култури: германската и македонската, објаснува жири-комисијата.
Лангер е голем познавач на македонските јазик и литература. Студирал германистика и историја на уметност во Бамберг и Будимпешта, а од 2005 до 2009 предавал на Катедрата за германски јазик и литература на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преку преведувачката работа ја приближил македонската книжевност до германската читателска публика, што ги вклучува делата на Гоце Смилевски, Бранко Цветкоски, Дејан Трајкоски, Румена Бужаровска, Влада Урошевиќ и Петре М. Андреевски.

The post Анастасија Ѓурчинова добитничка на наградата „Драги“ appeared first on Република.

]]>
Наградата „Драги“ за Златко Панзов, преведувач од унгарски јазик https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nagradata-dragi-za-zlatko-panzov-preveduvach-od-ungarski-jazik/ Mon, 02 Oct 2023 14:06:15 +0000 https://republika.mk/?p=687164

Денес, на свечена церемонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беше соопштено дека наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја добива Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект.

Комисијата за доделување на наградата во состав: Јана Михајловска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Милан Дамјановски, на својот последен состанок констатираше дека сите пет финалисти: Анастасија Ѓурчинова, Златко Панзов, Иван Шопов, Љубица Арсовска и Никола Ѓелинчески, заслужуваат да бидат наградени за нивните исклучителни преводи кои, на најубав можен начин, придонесуваат за афирмација на македонски јазик и на книжевниот превод во целина. Комисијата имаше мошне тешка и одговорна задача да одбере еден добитник на наградата „Драги“, но сепак, едногласно донесе одлука Наградата да му се додели на Златко Панзов.

Романот „Заробеништво“ од современиот унгарски поет, прозаист, драмски автор и есеист Ѓерѓ Шпиро е мошне комплексен историско-авантуристички роман сместен во времето на Римското царство од добата на Јулио-Клавдиевската династија во 1. век од новата ера. Младиот Евреин Ури, по низа околности, ќе се најде вплетен во клучните настани од тој период и тоа во хронотопската тријада: Рим - Ерусалим - Александрија. Како ликови, во романот, меѓу другите, циркулираат и Калигула, Понтиј Пилат, Исус. „Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, дискурс во духот на македонскиот јазик. Преводот на ова волуминозно дело, и по обем, и по содржина, несомнено, изискува голем труд, посветеност и истражувачка работа. Дијалозите се спонтани, а драматичното преплетување на историските факти и фикцијата, во симбиоза со психологијата на главниот лик, нудат несекојдневно читателско искуство.“, се вели во Одлуката.

На истиот состанок, Комисијата за доделување на наградата „Драги“ едногласно реши да му се додели и специјална признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. Предизвикот со кој се соочува преведувачот е поезија која ги надминува вообичаените рамки на еден јазик низ зборовни игри, неологизми, јукстапозицијата на неколку различни општествени и културни регистри одеднаш, оттаму и епитетот пост-шпански во самиот наслов на изданието кое ги претставува најважните збирки песни на овој еквадорски поет, но и доајен на модерната шпанска поезија. Ѓелинчески храбро и бескомпромисно ја продолжува традицијата на преводот како метакреација и со тоа придонесува за збогатување на македонскиот јазик. Нешто за што Драги Михајловски беше ненадминат мајстор, но и учител кој својот креативен дух им го пренесе на новите генерации чиј претставник е Никола Ѓелинчески.

Комисијата изрази и благодарност до издавачката куќа „Антолог“ од Скопје и до сите преведувачи и издавачи кои учествуваа на конкурсот за Наградата „Драги“. На сите нив им посака успех на следните конкурси, а на наградата „Драги“ која годинава, некако природно, се вдоми на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде што Драги Михајловски го помина целиот свој работен стаж, ѝ посакаа долговечност.

На настанот, деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Владимир Мартиновски, и главниот уредник на „Антолог“, Жарко Кујунџиски, потпишаа меморандум за соработка со кој Факултетот стана партнер во организирањето на наградата.

Во истата прилика се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик.

 

The post Наградата „Драги“ за Златко Панзов, преведувач од унгарски јазик appeared first on Република.

]]>

Денес, на свечена церемонија на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ беше соопштено дека наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик ја добива Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на издавачката куќа Артконект. Комисијата за доделување на наградата во состав: Јана Михајловска, Лидија Капушевска-Дракулевска и Милан Дамјановски, на својот последен состанок констатираше дека сите пет финалисти: Анастасија Ѓурчинова, Златко Панзов, Иван Шопов, Љубица Арсовска и Никола Ѓелинчески, заслужуваат да бидат наградени за нивните исклучителни преводи кои, на најубав можен начин, придонесуваат за афирмација на македонски јазик и на книжевниот превод во целина. Комисијата имаше мошне тешка и одговорна задача да одбере еден добитник на наградата „Драги“, но сепак, едногласно донесе одлука Наградата да му се додели на Златко Панзов. Романот „Заробеништво“ од современиот унгарски поет, прозаист, драмски автор и есеист Ѓерѓ Шпиро е мошне комплексен историско-авантуристички роман сместен во времето на Римското царство од добата на Јулио-Клавдиевската династија во 1. век од новата ера. Младиот Евреин Ури, по низа околности, ќе се најде вплетен во клучните настани од тој период и тоа во хронотопската тријада: Рим - Ерусалим - Александрија. Како ликови, во романот, меѓу другите, циркулираат и Калигула, Понтиј Пилат, Исус. „Златко Панзов успешно се справил со предизвиците на преведувањето и сосема солидно го пренел историскиот, нималку лесен, дискурс во духот на македонскиот јазик. Преводот на ова волуминозно дело, и по обем, и по содржина, несомнено, изискува голем труд, посветеност и истражувачка работа. Дијалозите се спонтани, а драматичното преплетување на историските факти и фикцијата, во симбиоза со психологијата на главниот лик, нудат несекојдневно читателско искуство.“, се вели во Одлуката. На истиот состанок, Комисијата за доделување на наградата „Драги“ едногласно реши да му се додели и специјална признание-плакета за продолжување на преведувачката традиција и креативниот дух на Драги Михајловски на Никола Ѓелинчески за неговиот превод од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. Предизвикот со кој се соочува преведувачот е поезија која ги надминува вообичаените рамки на еден јазик низ зборовни игри, неологизми, јукстапозицијата на неколку различни општествени и културни регистри одеднаш, оттаму и епитетот пост-шпански во самиот наслов на изданието кое ги претставува најважните збирки песни на овој еквадорски поет, но и доајен на модерната шпанска поезија. Ѓелинчески храбро и бескомпромисно ја продолжува традицијата на преводот како метакреација и со тоа придонесува за збогатување на македонскиот јазик. Нешто за што Драги Михајловски беше ненадминат мајстор, но и учител кој својот креативен дух им го пренесе на новите генерации чиј претставник е Никола Ѓелинчески. Комисијата изрази и благодарност до издавачката куќа „Антолог“ од Скопје и до сите преведувачи и издавачи кои учествуваа на конкурсот за Наградата „Драги“. На сите нив им посака успех на следните конкурси, а на наградата „Драги“ која годинава, некако природно, се вдоми на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје, каде што Драги Михајловски го помина целиот свој работен стаж, ѝ посакаа долговечност. На настанот, деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Владимир Мартиновски, и главниот уредник на „Антолог“, Жарко Кујунџиски, потпишаа меморандум за соработка со кој Факултетот стана партнер во организирањето на наградата. Во истата прилика се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик.  

The post Наградата „Драги“ за Златко Панзов, преведувач од унгарски јазик appeared first on Република.

]]>
Одбрани петте финалисти за наградата за најдобар превод „Драги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/odbrani-pette-finalisti-za-nagradata-za-najdobar-prevod-dragi/ Mon, 25 Sep 2023 10:12:44 +0000 https://republika.mk/?p=684933

Жири комисијата ги одбра петте финалисти за доделувањето на наградата за најдобар превод „Драги“, соопштија од издавачката куќа „Антолог“. Во третиот и последен круг на селекција влегоа пет преведувачи со изданија објавени од три издавачки куќи и преводи направени од пет различни јазици.

Петте финалисти за наградата „Драги“ се:

1. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект.

2. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект.

3. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот.

4. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект.

5. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.

За наградата „Драги“ првично беа номинирани 39 преведувачи со книги објавени од 17 издавачи и две приватни изданија. Во првиот круг влегоа 19 преведувачи од 9 издавачки куќи и едно приватно издание. Во вториот круг влегоа 10 преведувачи и 7 издавачки куќи. Жири комисијата е во состав Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач).

Со големо задоволство можеме да кажеме дека иницијативата за оваа награда која досега не беше препознаена ниту од државните ниту од локалните институции, а уште помалку од приватниот сектор, го доби своето прво јавно признание од страна на новата деканска управа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Факултетот станува партнер на „Антолог“ во организирањето на наградата. За организаторот ова претставува исклучително важна соработка. Прво, затоа што Драги Михајловски целиот работен век го помина на овој факултет, а второ затоа што улогата на Факултетот во создавањето на книжевните преведувачи не може да се спореди со улогата на ниедна друга институција во нашата земја, велат од „Антолог“.

Двете страни одлучија соопштувањето и доделувањето на наградата „Драги“ да се случи на 2 октомври во 14 часот токму на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните.

Како што беше соопштено претходно во истата прилика ќе се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. За оваа пригода најавено е и личното присуство на преведувачката за време на Фестивалот „BookStar“ во Скопје.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

The post Одбрани петте финалисти за наградата за најдобар превод „Драги“ appeared first on Република.

]]>

Жири комисијата ги одбра петте финалисти за доделувањето на наградата за најдобар превод „Драги“, соопштија од издавачката куќа „Антолог“. Во третиот и последен круг на селекција влегоа пет преведувачи со изданија објавени од три издавачки куќи и преводи направени од пет различни јазици. Петте финалисти за наградата „Драги“ се: 1. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект. 2. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект. 3. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот. 4. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект. 5. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. За наградата „Драги“ првично беа номинирани 39 преведувачи со книги објавени од 17 издавачи и две приватни изданија. Во првиот круг влегоа 19 преведувачи од 9 издавачки куќи и едно приватно издание. Во вториот круг влегоа 10 преведувачи и 7 издавачки куќи. Жири комисијата е во состав Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач).
Со големо задоволство можеме да кажеме дека иницијативата за оваа награда која досега не беше препознаена ниту од државните ниту од локалните институции, а уште помалку од приватниот сектор, го доби своето прво јавно признание од страна на новата деканска управа на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Факултетот станува партнер на „Антолог“ во организирањето на наградата. За организаторот ова претставува исклучително важна соработка. Прво, затоа што Драги Михајловски целиот работен век го помина на овој факултет, а второ затоа што улогата на Факултетот во создавањето на книжевните преведувачи не може да се спореди со улогата на ниедна друга институција во нашата земја, велат од „Антолог“.
Двете страни одлучија соопштувањето и доделувањето на наградата „Драги“ да се случи на 2 октомври во 14 часот токму на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните. Како што беше соопштено претходно во истата прилика ќе се додели и интернационалната награда „Драги“ за најзначаен превод на македонски автор на странски јазик на превeдувачката Александра Јоаниду за преводот на книгата „Мојот маж“ од Румена Бужаровска на грчки јазик. За оваа пригода најавено е и личното присуство на преведувачката за време на Фестивалот „BookStar“ во Скопје. Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

The post Одбрани петте финалисти за наградата за најдобар превод „Драги“ appeared first on Република.

]]>
19 преведувачи го поминаа првиот круг за наградата за најдобар превод „Драги“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/19-preveduvachi-go-pominaa-prviot-krug-za-nagradata-za-najdobar-prevod-dragi/ Thu, 07 Sep 2023 11:17:13 +0000 https://republika.mk/?p=679683

По обемна и плодна дискусија жири комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ се одлучи во првиот круг на селекција да влезат 19 изданија од 9 издавачки куќи и едно самостојно издание, соопшти издавачката куќа „Антолог“ која ја доделува наградата.

Жири комисијата во состав Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач) едногласно го истакнаа своето огромно задоволство, како од големиот интерес на преведувачите, така и на високиот квалитет на понудените дела. Пред нив претстои тешка задача, бидејќи во конкуренција се исклучителни преводи на преведувачи од различни генерации.

Беше истакнато и брзото препознавање на оваа награда од јавноста, за што говорот застапеноста на сите книжевни жанрови и видови, објавени од сите најзначајни издавачки куќи во Македонија. За наградата „Драги“ првично беа номинирани 39 преведувачи од 17 издавачи и две приватни изданија.

Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор.

Одбраните преведувачи се:

1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на Темплум.

2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект.

3. Ацо Пероски за преводот од англиски јазик на „Далеку од Ирска“ од Вилијам Тревор во издание на Или-или.

4. Давор Стојановски за преводот од словенечки јазик на „Пчелно семејство“ од Ања Мугерли во издание на Антолог.

5. Дејан Василевски за преводот од српски јазик на „Капут од мов“ од Стефан Тиќми во издание на Арс Либрис.

6. Ѓургица Илиева Нацкова за преводот од англиски јазик на „Мачкино око“ од Маргарет Атвуд во издание на Антолог.

7. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект.

8. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот.

9. Јовица Ивановски за преводот од српски јазик на „Земјата под абажур“ од Драгослав Дедовиќ во издание на ПНВ Публикации.

10. Катерина Јосифоска за преводот од германски јазик на „Тил“ од Даниел Келман во издание на Артконект.

11. Катица Гаровска Ацевска за преводот од бугарски јазик на „Абсолво те“ од Георги Бардаров во издание на Полица.

12. Лара Прокопиева за преводот од шпански јазик на „Во понеделник ќе нѐ сакаат“ од Наџат ел Хачми во издание на Антолог.

13. Лидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Сите војни на Лара“ од Војќех Јагелски во издание на Славика либрис.

14. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект.

15. Марија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во издание на Марија Гиревска.

16. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации.

17. Никола Маџиров за преводот од англиски јазик на „Арарат“ од Луиз Глик во издание на Артконект.

18. Сашо Огненовски за преводот од српски јазик на „Деца“ од Милена Марковиќ во издание на ПНВ Публикации.

19. Снежана Стојчевска за преводот од српски јазик на „88“ од Надија Реброња во издание на ПНВ Публикации.

 

The post 19 преведувачи го поминаа првиот круг за наградата за најдобар превод „Драги“ appeared first on Република.

]]>

По обемна и плодна дискусија жири комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ се одлучи во првиот круг на селекција да влезат 19 изданија од 9 издавачки куќи и едно самостојно издание, соопшти издавачката куќа „Антолог“ која ја доделува наградата. Жири комисијата во состав Јана Михајловска (библиотекар и претседател на Библиотекарското здружение на Македонија; претставник на семејството на Драги Михајловски), Лидија Капушевска-Дракулевска (професорка на Катедрата за општа и компаративна книжевност и книжевна критичарка и теоретичарка) и Милан Дамјановски (професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност и преведувач) едногласно го истакнаа своето огромно задоволство, како од големиот интерес на преведувачите, така и на високиот квалитет на понудените дела. Пред нив претстои тешка задача, бидејќи во конкуренција се исклучителни преводи на преведувачи од различни генерации. Беше истакнато и брзото препознавање на оваа награда од јавноста, за што говорот застапеноста на сите книжевни жанрови и видови, објавени од сите најзначајни издавачки куќи во Македонија. За наградата „Драги“ првично беа номинирани 39 преведувачи од 17 издавачи и две приватни изданија. Наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“ беше воспоставена во 2022 година, а првото почесно признание му беше доделено на Драги Михајловски (1951-2022), македонски писател, преведувач, есеист и универзитетски професор. Освен со прозните дела, Михајловски остави трајна трага во македонската култура со преводите на делата од Шекспир, Милтон, Шели, Китс, Блејк, Елиот, Милтон итн. Објави и неколку студии и есеи од областа на теоријата на преводот, а со своите ставови за преводот влијаеше и на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, каде што беше професор. Одбраните преведувачи се: 1. Алида Муча за преводот од албански јазик на „Премин во времето“ од Миѓен Келменди, во издание на Темплум. 2. Анастасија Ѓурчинова за преводот од италијански јазик на „Пет куси романи и неколку раскази“ од Наталија Гинзбург во издание на Артконект. 3. Ацо Пероски за преводот од англиски јазик на „Далеку од Ирска“ од Вилијам Тревор во издание на Или-или. 4. Давор Стојановски за преводот од словенечки јазик на „Пчелно семејство“ од Ања Мугерли во издание на Антолог. 5. Дејан Василевски за преводот од српски јазик на „Капут од мов“ од Стефан Тиќми во издание на Арс Либрис. 6. Ѓургица Илиева Нацкова за преводот од англиски јазик на „Мачкино око“ од Маргарет Атвуд во издание на Антолог. 7. Златко Панзов за преводот од унгарски јазик на „Заробеништво“ од Ѓерѓ Шпиро во издание на Артконект. 8. Иван Шопов за преводот од хрватски јазик на „На работ од паметот“ од Мирослав Крлежа во издание на Бегемот. 9. Јовица Ивановски за преводот од српски јазик на „Земјата под абажур“ од Драгослав Дедовиќ во издание на ПНВ Публикации. 10. Катерина Јосифоска за преводот од германски јазик на „Тил“ од Даниел Келман во издание на Артконект. 11. Катица Гаровска Ацевска за преводот од бугарски јазик на „Абсолво те“ од Георги Бардаров во издание на Полица. 12. Лара Прокопиева за преводот од шпански јазик на „Во понеделник ќе нѐ сакаат“ од Наџат ел Хачми во издание на Антолог. 13. Лидија Танушевска за преводот од полски јазик на „Сите војни на Лара“ од Војќех Јагелски во издание на Славика либрис. 14. Љубица Арсовска за преводот од англиски јазик на „Елизабет Финч“ од Џулијан Барнс во издание на Артконект. 15. Марија Гиревска за преводот од англиски јазик на „Џакомо Џојс“ од Џејмс Џојс во издание на Марија Гиревска. 16. Никола Ѓелинчески за преводот од шпански јазик на „Претпесни на постшпански и други песни“ од Хорхенрике Адум во издание на Алеф публикации. 17. Никола Маџиров за преводот од англиски јазик на „Арарат“ од Луиз Глик во издание на Артконект. 18. Сашо Огненовски за преводот од српски јазик на „Деца“ од Милена Марковиќ во издание на ПНВ Публикации. 19. Снежана Стојчевска за преводот од српски јазик на „88“ од Надија Реброња во издание на ПНВ Публикации.  

The post 19 преведувачи го поминаа првиот круг за наградата за најдобар превод „Драги“ appeared first on Република.

]]>
Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/italijanskiot-pretsedatel-matarela-ne-ja-prifati-ostavkata-na-premierot-dragi/ Thu, 14 Jul 2022 19:34:00 +0000 https://republika.mk/?p=529051

Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги.

Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација.

Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.

Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.

Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“.

Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

The post Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги appeared first on Република.

]]>

Италијанскиот претседател Серџо Матарела не ја прифати понудената оставка на премиерот Марио Драги. Тој побара од Драги да се обрати во Парламентот за да ја процени актуелната политичка ситуација. Италијанскиот премиер Марио Драги претходно најави дека вечерва ќе поднесе оставка до италијанскиот претседател Матарела, откако неговата партија од владејачката коалиција не учествуваше на гласањето за доверба на Владата.
Условите веќе не се такви за да можам да продолжам да ги извршувам своите должности, истакна Драги.
Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „веќе нема коалиција на национално единство што ја поддржуваше оваа влада“. Претходно денеска, италијанскиот кабинет доби доверба во Парламентот. Сепак, гласањето беше бојкотирано од Движењето „Пет ѕвезди“ – една од формациите на владејачката коалиција.

The post Италијанскиот претседател Матарела не ја прифати оставката на премиерот Драги appeared first on Република.

]]>
Библиотеката во Битола со изложба на дела и преводи на Драги Михајловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bibliotekata-vo-bitola-so-izlozba-na-dela-i-prevodi-na-dragi-mihajlovski/ Wed, 23 Feb 2022 09:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=462328

Во чест на  проф. д-р Драги Михајловски (16.10.1951- 21.02.2022), еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир, НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола постави изложба на неговите дела и преводи.

The post Библиотеката во Битола со изложба на дела и преводи на Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>

Во чест на  проф. д-р Драги Михајловски (16.10.1951- 21.02.2022), еден од најреномираните македонски писатели и преведувачи, кој ќе остане запаметен и по преводите на собраните дела Шекспир, НУУБ „Св. Климент Охридски“ од Битола постави изложба на неговите дела и преводи.

The post Библиотеката во Битола со изложба на дела и преводи на Драги Михајловски appeared first on Република.

]]>