Драги Ѓоргиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragi-gjorgiev/ За подобро да се разбереме Wed, 04 Sep 2024 15:34:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драги Ѓоргиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragi-gjorgiev/ 32 32 Ѓоргиев: Премиерот Мицкоски ги навреди членовите на комисијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gorgiev-premierot-mitskoski-gi-navredi-chlenovite-na-komisijata/ Wed, 04 Sep 2024 16:10:23 +0000 https://republika.mk/?p=813177

Мицкоски деновиве му прати порака на копретседавачот на Комисија Драги Ѓоргиев како и на членовите дека недоволно ги штителе и се залагале за македонските национални интереси, но и дека коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Ѓоргиев во интервју за Сител изјави дека од септември тој и неколку други членови не сакаат да бидат веќе дел од Комисијата, незадоволен од односот на власта.

„Мислам дека премиерот ги навреди членовите на Комисијата. Членовите на Комисијата 6-7 години работат во таа Комисија, тоа се академски граѓани кои успеаја да изградат еден свој интегритет во македонското општество без разлика на сите оние манипулации и шпекулации неаргументирани за нивната работа“, вели Драги Ѓорѓиев.

https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-so-bugarija-ke-se-menuva-leta-i-pretsedatelot-georgiev/

Ѓоргиев рече и дека односот во Комисијата е блокиран кај и ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи бугарската страна одбива да прифати во текстот за евентуално заедничко чествување да стои дека Делчев е национален херој на македонскиот народ.

The post Ѓоргиев: Премиерот Мицкоски ги навреди членовите на комисијата appeared first on Република.

]]>

Мицкоски деновиве му прати порака на копретседавачот на Комисија Драги Ѓоргиев како и на членовите дека недоволно ги штителе и се залагале за македонските национални интереси, но и дека коленичел пред министерски и премиерски кабинети. Ѓоргиев во интервју за Сител изјави дека од септември тој и неколку други членови не сакаат да бидат веќе дел од Комисијата, незадоволен од односот на власта.
„Мислам дека премиерот ги навреди членовите на Комисијата. Членовите на Комисијата 6-7 години работат во таа Комисија, тоа се академски граѓани кои успеаја да изградат еден свој интегритет во македонското општество без разлика на сите оние манипулации и шпекулации неаргументирани за нивната работа“, вели Драги Ѓорѓиев.
https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-so-bugarija-ke-se-menuva-leta-i-pretsedatelot-georgiev/ Ѓоргиев рече и дека односот во Комисијата е блокиран кај и ликот и делото на Гоце Делчев бидејќи бугарската страна одбива да прифати во текстот за евентуално заедничко чествување да стои дека Делчев е национален херој на македонскиот народ.

The post Ѓоргиев: Премиерот Мицкоски ги навреди членовите на комисијата appeared first on Република.

]]>
„Владиниот историчар“ Ѓоргиев во Софија се воодушевил на карта на која се прикажува „бугарскиот карактер“ на Македонија! https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vladiniot-istorichar-gorgiev-sofija-se-voodushevil-na-karta-na-koja-se-prikazhuva-bugarskiot-karakter-na-makedonija/ Mon, 05 Jun 2023 09:27:11 +0000 https://republika.mk/?p=647940

Последната срердба на заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за историски и за прашања на учебниците, што на 1 и 2 јуни за одржа во Софија, заврши без вообичаено соопштение.

Наместо тоа, пак, во бугарските медиуми беше објавена информација за поставена изложба во бугарската национална библиотека „Свети Кирил и Методиј“, насловена како „Македонија во европската етничка картографија (средина на 19 век-Балканските војни 1912-1912 година), што заедно ја посетиле двајцата копретседавачи проф.Драги Ѓоргиев од македонската и Ангел Димитров од бугарската комисија.

Како автор на изложбата се јавува д-р Стефан Пејков, претседател на меѓународниот трговски и културен центар „Геопан“, основач на Бугарското картографско здружение.

–Оваа посета ја очекувавме со одредена тензија, ги покажавме сите видувања по темата Македонија во европската етничка картографија на современ и модерен начин. Тема која никој не се осмелил да ја третира на ваков начин, ќе рече меѓу другото д-р Пејков во разговор за агенцијата БГНЕС.

И веднаш по ова следува една мошне индикативна реченица во која авторот на изложбата пренесува мислење на проф.Ѓоргиев, кое доколку е точно, практично значи дека нашиот „државен историчар“ број 1 се воодушевил од колекцијата со која се потврдува „бугарскиот карактер“ на Македонија, oбјави „Трибуна.мк“.

-Почитуваниот Ѓоргиев призна дека имаме беспрекорна колекција која, споделена меѓу двете земји, објективно ги отсликува нивните позиции. Тоа дава дефинитивна идеја дека населението, кога се издавале овие карти, било со бугарска самосвест и бугарско потекло. Тоа го докажале речиси сите мајстори и автори на европски мапи, вели научникот.

Тој уште додал дека идејата била „да се илустрира историски бавниот развој на овој процес, кој ја дели една нација на две“.

До сега нема никакви деманти од проф.Ѓоргиев за изјавата на д-р Пејков.

Во центарот на вниманието на изложбата била првопоставената карта, која била објавена пред точно 180 години, односно во 1843 година, во Стразбур.

-Таа била издадена од Бугаринот, Александар Хаџи Русет (1810-1861), и била финансирана од неговиот брат. Александар Хаџи Русет решил да направи етничка карта на целата територија на бугарскиот народ и успеал да почне да работи со Раковски, но починал на 51-годишна возраст и не можел да го исполни овој сон. Ни оставил извонредна мапа која се базира на податоци на Лапи, мошне авторитетен француски картограф и останува како документ за состојбата на Балканот во 1843 година, објаснува д-р Пејков.

The post „Владиниот историчар“ Ѓоргиев во Софија се воодушевил на карта на која се прикажува „бугарскиот карактер“ на Македонија! appeared first on Република.

]]>

Последната срердба на заедничката мешовита македонско-бугарска комисија за историски и за прашања на учебниците, што на 1 и 2 јуни за одржа во Софија, заврши без вообичаено соопштение. Наместо тоа, пак, во бугарските медиуми беше објавена информација за поставена изложба во бугарската национална библиотека „Свети Кирил и Методиј“, насловена како „Македонија во европската етничка картографија (средина на 19 век-Балканските војни 1912-1912 година), што заедно ја посетиле двајцата копретседавачи проф.Драги Ѓоргиев од македонската и Ангел Димитров од бугарската комисија. Како автор на изложбата се јавува д-р Стефан Пејков, претседател на меѓународниот трговски и културен центар „Геопан“, основач на Бугарското картографско здружение.
–Оваа посета ја очекувавме со одредена тензија, ги покажавме сите видувања по темата Македонија во европската етничка картографија на современ и модерен начин. Тема која никој не се осмелил да ја третира на ваков начин, ќе рече меѓу другото д-р Пејков во разговор за агенцијата БГНЕС.
И веднаш по ова следува една мошне индикативна реченица во која авторот на изложбата пренесува мислење на проф.Ѓоргиев, кое доколку е точно, практично значи дека нашиот „државен историчар“ број 1 се воодушевил од колекцијата со која се потврдува „бугарскиот карактер“ на Македонија, oбјави „Трибуна.мк“.
-Почитуваниот Ѓоргиев призна дека имаме беспрекорна колекција која, споделена меѓу двете земји, објективно ги отсликува нивните позиции. Тоа дава дефинитивна идеја дека населението, кога се издавале овие карти, било со бугарска самосвест и бугарско потекло. Тоа го докажале речиси сите мајстори и автори на европски мапи, вели научникот.
Тој уште додал дека идејата била „да се илустрира историски бавниот развој на овој процес, кој ја дели една нација на две“. До сега нема никакви деманти од проф.Ѓоргиев за изјавата на д-р Пејков. Во центарот на вниманието на изложбата била првопоставената карта, која била објавена пред точно 180 години, односно во 1843 година, во Стразбур.
-Таа била издадена од Бугаринот, Александар Хаџи Русет (1810-1861), и била финансирана од неговиот брат. Александар Хаџи Русет решил да направи етничка карта на целата територија на бугарскиот народ и успеал да почне да работи со Раковски, но починал на 51-годишна возраст и не можел да го исполни овој сон. Ни оставил извонредна мапа која се базира на податоци на Лапи, мошне авторитетен француски картограф и останува како документ за состојбата на Балканот во 1843 година, објаснува д-р Пејков.
 
The post „Владиниот историчар“ Ѓоргиев во Софија се воодушевил на карта на која се прикажува „бугарскиот карактер“ на Македонија! appeared first on Република.

]]>
Целосна партизација и упад во автономијата на Институтот за национална историја https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/tselosna-partizatsija-i-upad-vo-avtonomijata-na-institutot-za-natsionalna-istorija/ Tue, 23 May 2023 11:57:55 +0000 https://republika.mk/?p=643966

Кога „македонскиот државен“ историчар број 1, историографски еквилибрист, политички и партиски измеќар, бескрупулозен конформист, и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, кој се потпишува и со титулата акадамик, проф.Драги Ѓоргиев, ќе каже „не“, тоа значи „да“. И обратно, кога ќе каже „да“, тоа всушност значи „не“, пишува „Пресинг тв“.

Драги Ѓоргиев, како директор на Институтот за национална историја, по 12 години на оваа функција, одлучи да не се јави на конкурсот за директор на оваа институција. Но, тоа апсолутно не значи дека навистина не сакал да остане на челната позиција. Зашто, по упадот на власта во целата конкурсна постапка, тој не се откажа и ја прифати позицијата на в.д. директор во наредните шест месеци, до наредниот конкурс за избор на нов прв човек на институцијата. Машала, и со нова плата, повисока за над 70%.

Со тоа во суштина, заедно со целата игра на власта придонесе за целосна партизација на Институтот и упад во неговата автономија! Што е уште пострашно, даде максимален придонес во фрагментирањето и влошување на меѓучовечките односи меѓу самите вработени! И кога денеска ќе го чита својот пристапен говор за редовен член на МАНУ, анализирајќи ја и оценувајќи ја „Македонската историографија во периодот на транзиција“, фактички ќе се самопромовира во уште еден партиски приврзок во највисоката научна институција во државата, а аплаузите, всушност, ќе значат извици уааа!

А, како власта го изврши целиот упад?

По распишаниот конкурс за директор на ИНИ, како што е редот, вработените избрале и формирале конкурсна комисија за рангирање на кандидатите. Се јавиле двајца кандидати, проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска Ристовска. Според приложените програми и сивија, прворангиран со 50 бода бил проф.Панов, а вторангирана, со 17 бода, била проф.Младеновска Ристовска.

Но, види чудо, две имиња, извесни Неџат Зекир и Пане Панев, имиња кои, според проверка направена во евиденцијата на МВР, всушност не ни постоеле, поднеле приговори за дотогашната постапка! Следувала посета од просветен инспектор, чија канцеларија не била од Скопје, туку од Куманово! Така случајно, нели! И таа праќа свој извештај со свои забелешки, што и како треба натаму да се постапи. Според Законот за наставно научна дејност, таа била обврзана извештајот да го достави и до Советот и до директорот Ѓоргиев. Но, повторно сосема случајно, прво го добива Ѓоргиев, кој и го потпишува, а дури подоцна, по него, го добива и Советот, но без можност за никаква интервенција.

И со потпис на Ѓоргиев почнува спроведување на забелешките. Па така, првиот состав на конкурсната комисија е разрешен без никаква одлука и заклучок и формирана е нова, одново сосема случајно без никаква одлука! Втората комисија прави рангирање и повторно на прво место е проф.Панов, а втора е Младеновска Ристовска. Значи, кај делот на вработените нема никаква дилема во поглед на изборот и рангирањето од аспект на понудените програми и сивија.

Во меѓувреме, Владата врши избор на нови надворешни членови на Советот на ИНИ и во него влегуваат Василка Ѓоргиева, правник од Завод музеј Струмица, поставена за директорка од СДСМ во 2017 година, проф.д-р Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и поранешна министерка за образование, и Рубинчо Белчески, кустос од Завод музеј Прилеп, поранешен пратеник од редовите на СДСМ.

На гласањето за избор на директор, пак, што го прави деветчлениот Совет, од кои шест члена се од вработените во ИНИ, и тројца надворешни членови, кои ги назначува Владата како основач на Институтот, проф.Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови. Но, тоа не било доволно за да го добие потребното мнозинство. Овдека мора да се потенцира дека проф.Младеновска Ристовска, како член на Советот, не можела да гласа самата за себе, поради судир на интереси.

Но, при второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови на Советот од редот на вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор. Сега, покрај проф.Билјана Ристовска Јосифовска, ќерка на покојниот академик Блаже Ристовски, која важи за десна „патерица“ на директорот, и се дозволува да гласа и на кандидатката за директор проф.Младеновска Ристовска, па така власта го обезбедува потребното мнозинство за натамошно в.д. директорување на Ѓоргиев, наспроти партизацијата и упадот во автономијата на Институтот, и наспроти волјата на мнозинството вработени во него.

https://republika.mk/vesti/makedonija/na-georgiev-mu-e-prodolzhen-mandatot-vlasta-ne-ostava-nejziniot-drzhaven-istorichar-broj-1-da-padne/

Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“! Советот на Институтот за национална историја денеска му довери нов мандат, но овојпат како в.д. директор, што ќе треба да го извршува во наредните шест месеци. Во овој период треба да биде распишан нов конкурс за избор на директор институцијата, дознава „Пресинг ТВ“.

Дека власта подготвува пуч при изборот на новиот директор на ИНИ најави проф.Катерина Тодороска во интервјуто, што го даде за Република и Пресинг ТВ.

Бидејќи многу добро го познавам Драги Ѓоргиев, нему не му верувам дури кога молчи, а камо ли, пак, кога зборува. Така што, дали тие си зеле некоја обврска, дали со тие силни евра со кои што се платени им е врзана устата, па не смеат да изговорат дека е Македонец, тоа е негова работа. Меѓутоа, неговиот збор за мене, не зборувам општо, не вреди колку снегот од пред две години, вели во нејзиното интервју Тодороска.

На конкурсот беа пријавени двајца кандидати-проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска. Но, при самиот крај на постапката интервенираше Просветниот инспекторат, наводно по добиени претставки. Да биде иронијата поголема, на нив биле потпишани имиња на личности, кои според нашите сознанија воопшто не ни постоеле!

Советот на ИНИ брои шест члена од вработените во Институтот и тројца, што ги именува Владата, или вкупно девет члена. На денешната седница при првото гласање за избор на директор Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови, што било доволно да не го добие потребното мнозинство.

При второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови од вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор.

The post Целосна партизација и упад во автономијата на Институтот за национална историја appeared first on Република.

]]>

Кога „македонскиот државен“ историчар број 1, историографски еквилибрист, политички и партиски измеќар, бескрупулозен конформист, и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, кој се потпишува и со титулата акадамик, проф.Драги Ѓоргиев, ќе каже „не“, тоа значи „да“. И обратно, кога ќе каже „да“, тоа всушност значи „не“, пишува „Пресинг тв“. Драги Ѓоргиев, како директор на Институтот за национална историја, по 12 години на оваа функција, одлучи да не се јави на конкурсот за директор на оваа институција. Но, тоа апсолутно не значи дека навистина не сакал да остане на челната позиција. Зашто, по упадот на власта во целата конкурсна постапка, тој не се откажа и ја прифати позицијата на в.д. директор во наредните шест месеци, до наредниот конкурс за избор на нов прв човек на институцијата. Машала, и со нова плата, повисока за над 70%. Со тоа во суштина, заедно со целата игра на власта придонесе за целосна партизација на Институтот и упад во неговата автономија! Што е уште пострашно, даде максимален придонес во фрагментирањето и влошување на меѓучовечките односи меѓу самите вработени! И кога денеска ќе го чита својот пристапен говор за редовен член на МАНУ, анализирајќи ја и оценувајќи ја „Македонската историографија во периодот на транзиција“, фактички ќе се самопромовира во уште еден партиски приврзок во највисоката научна институција во државата, а аплаузите, всушност, ќе значат извици уааа! А, како власта го изврши целиот упад? По распишаниот конкурс за директор на ИНИ, како што е редот, вработените избрале и формирале конкурсна комисија за рангирање на кандидатите. Се јавиле двајца кандидати, проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска Ристовска. Според приложените програми и сивија, прворангиран со 50 бода бил проф.Панов, а вторангирана, со 17 бода, била проф.Младеновска Ристовска. Но, види чудо, две имиња, извесни Неџат Зекир и Пане Панев, имиња кои, според проверка направена во евиденцијата на МВР, всушност не ни постоеле, поднеле приговори за дотогашната постапка! Следувала посета од просветен инспектор, чија канцеларија не била од Скопје, туку од Куманово! Така случајно, нели! И таа праќа свој извештај со свои забелешки, што и како треба натаму да се постапи. Според Законот за наставно научна дејност, таа била обврзана извештајот да го достави и до Советот и до директорот Ѓоргиев. Но, повторно сосема случајно, прво го добива Ѓоргиев, кој и го потпишува, а дури подоцна, по него, го добива и Советот, но без можност за никаква интервенција. И со потпис на Ѓоргиев почнува спроведување на забелешките. Па така, првиот состав на конкурсната комисија е разрешен без никаква одлука и заклучок и формирана е нова, одново сосема случајно без никаква одлука! Втората комисија прави рангирање и повторно на прво место е проф.Панов, а втора е Младеновска Ристовска. Значи, кај делот на вработените нема никаква дилема во поглед на изборот и рангирањето од аспект на понудените програми и сивија. Во меѓувреме, Владата врши избор на нови надворешни членови на Советот на ИНИ и во него влегуваат Василка Ѓоргиева, правник од Завод музеј Струмица, поставена за директорка од СДСМ во 2017 година, проф.д-р Емилија Симовска од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и поранешна министерка за образование, и Рубинчо Белчески, кустос од Завод музеј Прилеп, поранешен пратеник од редовите на СДСМ. На гласањето за избор на директор, пак, што го прави деветчлениот Совет, од кои шест члена се од вработените во ИНИ, и тројца надворешни членови, кои ги назначува Владата како основач на Институтот, проф.Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови. Но, тоа не било доволно за да го добие потребното мнозинство. Овдека мора да се потенцира дека проф.Младеновска Ристовска, како член на Советот, не можела да гласа самата за себе, поради судир на интереси. Но, при второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови на Советот од редот на вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор. Сега, покрај проф.Билјана Ристовска Јосифовска, ќерка на покојниот академик Блаже Ристовски, која важи за десна „патерица“ на директорот, и се дозволува да гласа и на кандидатката за директор проф.Младеновска Ристовска, па така власта го обезбедува потребното мнозинство за натамошно в.д. директорување на Ѓоргиев, наспроти партизацијата и упадот во автономијата на Институтот, и наспроти волјата на мнозинството вработени во него. https://republika.mk/vesti/makedonija/na-georgiev-mu-e-prodolzhen-mandatot-vlasta-ne-ostava-nejziniot-drzhaven-istorichar-broj-1-da-padne/ Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“! Советот на Институтот за национална историја денеска му довери нов мандат, но овојпат како в.д. директор, што ќе треба да го извршува во наредните шест месеци. Во овој период треба да биде распишан нов конкурс за избор на директор институцијата, дознава „Пресинг ТВ“.
Дека власта подготвува пуч при изборот на новиот директор на ИНИ најави проф.Катерина Тодороска во интервјуто, што го даде за Република и Пресинг ТВ. Бидејќи многу добро го познавам Драги Ѓоргиев, нему не му верувам дури кога молчи, а камо ли, пак, кога зборува. Така што, дали тие си зеле некоја обврска, дали со тие силни евра со кои што се платени им е врзана устата, па не смеат да изговорат дека е Македонец, тоа е негова работа. Меѓутоа, неговиот збор за мене, не зборувам општо, не вреди колку снегот од пред две години, вели во нејзиното интервју Тодороска.
На конкурсот беа пријавени двајца кандидати-проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска. Но, при самиот крај на постапката интервенираше Просветниот инспекторат, наводно по добиени претставки. Да биде иронијата поголема, на нив биле потпишани имиња на личности, кои според нашите сознанија воопшто не ни постоеле! Советот на ИНИ брои шест члена од вработените во Институтот и тројца, што ги именува Владата, или вкупно девет члена. На денешната седница при првото гласање за избор на директор Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови, што било доволно да не го добие потребното мнозинство. При второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови од вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор.

The post Целосна партизација и упад во автономијата на Институтот за национална историја appeared first on Република.

]]>
Првиот човек на историската комисија потврдува дека крајната цел е заедничко чествување на Гоце Делчев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prviot-chovek-na-istoriskata-komisija-potvrduva-deka-krajnata-tsel-e-zaednichko-chestvuvane-na-gotse-delchev/ Wed, 08 Feb 2023 08:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=606301

Последните случувања во македонско - бугарските односи влијаат и на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, смета нејзиниот копретседател Драги Ѓоргиев. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.

Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневно политички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на Комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и Комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата Комисија и сето тоа влијае врз атомосферата во самата комисија, вели Ѓоргиев за „Гласот на Америка“.

Според него, како да има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи.

Очигледно на некого тоа му е потребно и кога ќе трае некој извесен период, тие мирни и добри односи и ќе тргне работата во вистинска насока, се случуваат инциденти, кои очигледно имајќи ја предвид историјата на претходните инциденти, се прават смислено со однапред режирано сценарио. И ова мислам ќе деескалира, ќе се смири ситуацијата, но повторно постојат сили, кои нема да ме изненади, после два месеци, да се случи истото по било кој повод, истакнува Ѓоргиев.

За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев, тој наведува дека за таа тема речиси и да не се дискутира сериозно во поседната година. Ѓоргиев смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е Комисијата да работи спокојно и мирно на Гоце Делчев.

[caption id="attachment_604850" align="aligncenter" width="640"] (фото: МИА)[/caption]

Идејата на заедничко чествување на било која личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества.

И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување на одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи било какво решение на Комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред се во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев, вели Ѓоргиев.

Сепак, Ѓоргиев посочува и на она што досега го договориле македонските и бугарските историчари, а тоа е препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самоил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем.

Следната средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања е закажана на 16 и 17 февруари во Софија. 

The post Првиот човек на историската комисија потврдува дека крајната цел е заедничко чествување на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>

Последните случувања во македонско - бугарските односи влијаат и на работата на заедничката Комисија за историски и образовни прашања, смета нејзиниот копретседател Драги Ѓоргиев. Вели дека се забележува тенденција односите меѓу Скопје и Софија на одредени периоди циклично да бидат нападнати со цел да се наруши некој краток континуитет од мирен период.
Не може да останеме ние имуни на тоа што се случува во општеството и сите тие политички потреси, тензии, недоразбирања, дневно политички препукувања, кои се случуваат циклично во македонско-бугарските односи, и тие несомнено влијаат и на работата на Комисијата. Речиси редовно во сите тие препукувања и политички изјави кои се даваат се спомнува и Комисијата, историјата, се споменуваат темите на кои работи самата Комисија и сето тоа влијае врз атомосферата во самата комисија, вели Ѓоргиев за „Гласот на Америка“.
Според него, како да има тенденција да се нарушува континуитетот на мирните периоди во македонско-бугарските односи.
Очигледно на некого тоа му е потребно и кога ќе трае некој извесен период, тие мирни и добри односи и ќе тргне работата во вистинска насока, се случуваат инциденти, кои очигледно имајќи ја предвид историјата на претходните инциденти, се прават смислено со однапред режирано сценарио. И ова мислам ќе деескалира, ќе се смири ситуацијата, но повторно постојат сили, кои нема да ме изненади, после два месеци, да се случи истото по било кој повод, истакнува Ѓоргиев.
За тоа дали може да се дојде до решение за Гоце Делчев, тој наведува дека за таа тема речиси и да не се дискутира сериозно во поседната година. Ѓоргиев смета дека во актуелните услови на заладени односи, со многу висока тензија, многу тешко е Комисијата да работи спокојно и мирно на Гоце Делчев. [caption id="attachment_604850" align="aligncenter" width="640"] (фото: МИА)[/caption] Идејата на заедничко чествување на било која личност не само на Гоце Делчев се базира на тоа уште повеќе да ги смири и релаксира односите меѓу двете држави, да придонесе кон подобро сфаќање на двата народи и на двете општества.
И таа е основната идеја не само на нашата комисија, туку и на сите комисии кои работат на ваков начин, односно покрај учебниците имаат како своја агенда и заедничко чествување на одредени личности, околу кои постојат различни видувања, меѓутоа тие се споделени историски личности. Во овој момент ситуацијата мислам дека не е таква, која ќе овозможи било какво решение на Комисијата, кое ќе придонесе уште повеќе да се смират односите и да тргнат во вистински правец. Така што мора политичката ситуација, политичките односи меѓу двете држави да бидат на едно високо ниво со цел и Комисијата да постигне одреден напредок, пред се во однос на тие чувствителни теми како што е Гоце Делчев, вели Ѓоргиев.
Сепак, Ѓоргиев посочува и на она што досега го договориле македонските и бугарските историчари, а тоа е препорака за заедничко чествување меѓу двете држави за Кирил и Методиј, Климент Охридски, Наум Охридски и за Цар Самоил. Во однос на препораките за учебниците, усвоени се препораки за петти клас во бугарскиот образовен систем и за шестто одделение во македонскиот образовен систем. Следната средба на заедничката Комисија за историски и образовни прашања е закажана на 16 и 17 февруари во Софија. 

The post Првиот човек на историската комисија потврдува дека крајната цел е заедничко чествување на Гоце Делчев appeared first on Република.

]]>
Koтлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotlar-do-gjorgiev-prokleti-da-se-znaenjeto-i-chesnosta-da-ziveat-prostotijata-i-neukosta/ Mon, 19 Sep 2022 12:53:20 +0000 https://republika.mk/?p=552224

Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно, пишува во фб статус проф. Наташа Котлар.

Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор.

Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!? Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно.

Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа!

На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!

Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!, пишува професорката Наташа Котлар на фејсбук.

The post Koтлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста! appeared first on Република.

]]>

Најново од циркусот „Медрано“, алијас северно МНР! Ќе формирале Секретаријат што ќе ја помагал работата на македонскиот дел од Историската комисија, која и не треба да постои! Да не е трагично, би било пресмешно, пишува во фб статус проф. Наташа Котлар.
Ој, ти пиле академику и другите пилиња, воопшто не сте чуле за научни институти, факултети! Па, на еден од нив, најстариот научен институт – Институтот за национална историја (ИНИ), токму ТИ, копретседателу на Комисијата (возвишена), ТИ академику – Драги Ѓоргиев си директор.
Амнезија ли е или незнаење дека (ИНИ и другите научни институти) се од национална и стратешка важност, заради научната дејност за македонската држава!? Во тој институт и во другите научни и образовни институции се создава научниот капацитет и продукција за да се подготвувате како комисисти (кога веќе постоите како такви) и за да знаете како да настапувате, научно. Ама политичката работа е попривлечна, материјално и нематеријално, затоа удри-мавај и рушите ги институциите, избришете ги да не постојат, апстрахирајте ги луѓето-творци и доблесни на научната работа! На чело со Комисијата и Секретаријатот, во нови победи на разнебитување на институциите и на државата!
Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста!, пишува професорката Наташа Котлар на фејсбук.

The post Koтлар до Ѓоргиев: Проклети да се знаењето и чесноста, да живеат простотијата и неукоста! appeared first on Република.

]]>
Прашање до Драги Ѓоргиев : Како може да се дискутира за средновековните институции, а да не се спомене Охридската архиепископија?! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prashanje-do-dragi-gjorgiev-kako-moze-da-se-diskutira-za-srednovekovnite-institucii-a-da-ne-se-spomene-ohridskata-arhiepiskopija/ Fri, 16 Sep 2022 15:05:11 +0000 https://republika.mk/?p=551412

Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводнавната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што се одржа вчера во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата.

-Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, беше наведено во соопштението.

Средбата помина без прес-конференција или изјави за медимите на членовите на двата тима во заедничката комисија. Но, за една од домашните телевизии член на бугарската комисија, така, во одење, одговарајќи на новинарско прашање дали било разговарано за Охридската архиепископија кратко одговори-НЕ!

Односот на бугарските историчари, посебно кон нашите членови на комисијата, не треба никого да изненадува. Зашто, проф.Иван Илчев, на пример, во негов текст од 6 септември годинава за 24 Часа, со наслов „Македонците на нашите разговори за историјата гледаа како на трговија на пазар“, јасно ни претстави како се одвивале раззговорите.

-Што се однесува до нивните препораки кон нас, паметам дека кога почнавме да работиме заедно, наивно имав надеж дека ќе влегуваме во научни дискусии. Но, се покажа друго-македонските колеги, меѓу кои има и некои почитувани историчари, на нашите разговори гледаа како на трговија на пазар „ти ми даваш мене, јас на тебе“. Бараа некаков баланс, напиша меѓу другото Илчев.

Ефект од ваквото мајтапење со ограничените стручни знаења на македонските „калпазани“ членови на комисијата, за жал, може да важи за личности со интегритет. Ама, како „органски“, партиски и политички инструирани „историчари“ тие можат да свиткаат кичма и со образ ѓон да се вртат на сите страни. Какви политичари, такви „историчари“!

Очигледно, копретседавачот од македонска страна, академик Драги Ѓоргиев, како да не е од тука, па ни глуми „Театар лево ќоше“.

Ѓоргиев е должен на домашната јавност да и објасни како е можно да се разговара за средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура во нашите учебници, а притоа да не се спомене Охридската архиепископија?! Зашто, по „продавањето“ на петте историски личности на целосно бугарскиот историски наратив од средниот век, не може да остане не чепната и Охридската архиепископија, анализира „Пресинг ТВ.“

Со светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил, нашите „органски историчари“ направија огромна штета, а таа ќе биде ненадоместлива ако се обидат да направат било каква екскурзија на сметка на Охридската архиепископија. Свети Климент е патрон на македонската црква, а самото име Охридска архиепископија лежи во основата на целосната разврска и добивањето томос за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Да не биде утре дека нејзината „бугаризација“ била договорена како на ат пазар уште пред…години, а ние обичните смртници сме молчеле!

The post Прашање до Драги Ѓоргиев : Како може да се дискутира за средновековните институции, а да не се спомене Охридската архиепископија?! appeared first on Република.

]]>

Учебниците по историја кои го третираат периодот на средновековната историја и евентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, беа тема на дводнавната средба на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија, што се одржа вчера во Скопје, соопшти македонскиот тим во Комисијата.
-Во однос на учебниците по историја тема на дискусија беа средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура. Со оглед на долготрајноста на дискусијата по оваа тема членовите на Комисијата не отворија други теми. Дискусијата по оваа и другите теми за учебниците по историја ќе продолжи на следната средба, која би требало да се одржи кон крајот на октомври оваа година, беше наведено во соопштението.
Средбата помина без прес-конференција или изјави за медимите на членовите на двата тима во заедничката комисија. Но, за една од домашните телевизии член на бугарската комисија, така, во одење, одговарајќи на новинарско прашање дали било разговарано за Охридската архиепископија кратко одговори-НЕ! Односот на бугарските историчари, посебно кон нашите членови на комисијата, не треба никого да изненадува. Зашто, проф.Иван Илчев, на пример, во негов текст од 6 септември годинава за 24 Часа, со наслов „Македонците на нашите разговори за историјата гледаа како на трговија на пазар“, јасно ни претстави како се одвивале раззговорите.
-Што се однесува до нивните препораки кон нас, паметам дека кога почнавме да работиме заедно, наивно имав надеж дека ќе влегуваме во научни дискусии. Но, се покажа друго-македонските колеги, меѓу кои има и некои почитувани историчари, на нашите разговори гледаа како на трговија на пазар „ти ми даваш мене, јас на тебе“. Бараа некаков баланс, напиша меѓу другото Илчев.
Ефект од ваквото мајтапење со ограничените стручни знаења на македонските „калпазани“ членови на комисијата, за жал, може да важи за личности со интегритет. Ама, како „органски“, партиски и политички инструирани „историчари“ тие можат да свиткаат кичма и со образ ѓон да се вртат на сите страни. Какви политичари, такви „историчари“! Очигледно, копретседавачот од македонска страна, академик Драги Ѓоргиев, како да не е од тука, па ни глуми „Театар лево ќоше“.
Ѓоргиев е должен на домашната јавност да и објасни како е можно да се разговара за средновековните црковни институции и нивното значење за христијанството и словенската писменост и култура во нашите учебници, а притоа да не се спомене Охридската архиепископија?! Зашто, по „продавањето“ на петте историски личности на целосно бугарскиот историски наратив од средниот век, не може да остане не чепната и Охридската архиепископија, анализира „Пресинг ТВ.“
Со светите браќа Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил, нашите „органски историчари“ направија огромна штета, а таа ќе биде ненадоместлива ако се обидат да направат било каква екскурзија на сметка на Охридската архиепископија. Свети Климент е патрон на македонската црква, а самото име Охридска архиепископија лежи во основата на целосната разврска и добивањето томос за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА. Да не биде утре дека нејзината „бугаризација“ била договорена како на ат пазар уште пред…години, а ние обичните смртници сме молчеле!

The post Прашање до Драги Ѓоргиев : Како може да се дискутира за средновековните институции, а да не се спомене Охридската архиепископија?! appeared first on Република.

]]>
Ja продаде ли Ѓоргиев и Охридската архиепископија како „бугарска“? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ja-prodade-li-gjorgiev-i-ohridskata-arhiepiskopija-kako-bugarska/ Tue, 16 Aug 2022 12:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=540939

Јас не можам на мојата Влада да и предложам да прифати дека ние сме коминтерновска творба.

Ова, парафразирано, само пред нецели две години, во екот на недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија, ќе го изјави, сега веќе академик Драги Ѓоргиев, инаку копретседавач на задничката македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците.

Но, сега, по обелоденувањето на содржината на протоколите за заеднично македонско-бугарско чествување на пет историски личности-светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил-стана очигледно дека може. Може дури и повеќе од тоа. На пример, да ја ничкоса целата децениска македонска научна мисла, па и да има сериозни проблеми со вистината и нејзината интерпретација,анализира „Пресинг ТВ“.

Во својот последен настап на ТВ Сител, Ѓоргиев ќе забележи дека средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Оттука и настојувањата на членовите на комисијата да избегнат настаните пред 150 и пред 1.000 години да се гледаат во денешната етничка призма и желбата да ги истакнат универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само тие.

-Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, изјави Ѓоргиев.

Притоа уште додаде дека во текстовите за заедничко чествување немало никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници, со што го постигнале она за што се залагале – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-koj-go-primi-georgiev-vo-manu-go-pobiva-so-fakti-za-pliskovsko-preslavskata-i-ohridskata-shkola/

Мора да се признае дека вакво поигрување и навредување на интелигенцијата на јавноста одамна немало, а иронијата е што доаѓа од страна на еден „таканарчен“ академик Драги Ѓоргиев, кој треба да му бид благодарен на академикот Ѓорги Поп-Атанасов, кој со целиот свој потврден научен авторитет застана зад неговото прогласувње за „академик“. Зашто, ако не треба да се поврзуваат идентитетите од средниот век и сегашните национални идентитети, тогаш зошто воопшто Македонија и Македонците ги имаат идентитетските проблеми со Грција и Бугарија? Зошто, бугарската страна инсистираше цело време за прифаќање на идентитетската придавка „бугарско/а/и“ царство, цар, школа…?

Ако во средниот век, според Ѓоргиев, лојалноста е кон царот и кон црквата, а не кон нацијата и народот, што со други зборови ни порача? Зарем и Охридската архиепископија била бугарска и оти и таа е веќе „продадена“, иако никогаш таква не била?

Па, подобро е тоа отворено да го каже. Зашто, зошто тогаш е согласноста и целата борба на МПЦ за менување на името и прифаќање само на Охридска архиепископија? Па, токму Охридската архиепископија треба да биде една од основите! Или за Ѓоргиев и тоа нема никакво значење?!

The post Ja продаде ли Ѓоргиев и Охридската архиепископија како „бугарска“? appeared first on Република.

]]>

Јас не можам на мојата Влада да и предложам да прифати дека ние сме коминтерновска творба. Ова, парафразирано, само пред нецели две години, во екот на недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија, ќе го изјави, сега веќе академик Драги Ѓоргиев, инаку копретседавач на задничката македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците.
Но, сега, по обелоденувањето на содржината на протоколите за заеднично македонско-бугарско чествување на пет историски личности-светите Кирил и Методиј, светите Климент и Наум и Цар Самоил-стана очигледно дека може. Може дури и повеќе од тоа. На пример, да ја ничкоса целата децениска македонска научна мисла, па и да има сериозни проблеми со вистината и нејзината интерпретација,анализира „Пресинг ТВ“.
Во својот последен настап на ТВ Сител, Ѓоргиев ќе забележи дека средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Оттука и настојувањата на членовите на комисијата да избегнат настаните пред 150 и пред 1.000 години да се гледаат во денешната етничка призма и желбата да ги истакнат универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само тие.
-Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања, изјави Ѓоргиев.
Притоа уште додаде дека во текстовите за заедничко чествување немало никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници, со што го постигнале она за што се залагале – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/akademikot-koj-go-primi-georgiev-vo-manu-go-pobiva-so-fakti-za-pliskovsko-preslavskata-i-ohridskata-shkola/ Мора да се признае дека вакво поигрување и навредување на интелигенцијата на јавноста одамна немало, а иронијата е што доаѓа од страна на еден „таканарчен“ академик Драги Ѓоргиев, кој треба да му бид благодарен на академикот Ѓорги Поп-Атанасов, кој со целиот свој потврден научен авторитет застана зад неговото прогласувње за „академик“. Зашто, ако не треба да се поврзуваат идентитетите од средниот век и сегашните национални идентитети, тогаш зошто воопшто Македонија и Македонците ги имаат идентитетските проблеми со Грција и Бугарија? Зошто, бугарската страна инсистираше цело време за прифаќање на идентитетската придавка „бугарско/а/и“ царство, цар, школа…? Ако во средниот век, според Ѓоргиев, лојалноста е кон царот и кон црквата, а не кон нацијата и народот, што со други зборови ни порача? Зарем и Охридската архиепископија била бугарска и оти и таа е веќе „продадена“, иако никогаш таква не била? Па, подобро е тоа отворено да го каже. Зашто, зошто тогаш е согласноста и целата борба на МПЦ за менување на името и прифаќање само на Охридска архиепископија? Па, токму Охридската архиепископија треба да биде една од основите! Или за Ѓоргиев и тоа нема никакво значење?!

The post Ja продаде ли Ѓоргиев и Охридската архиепископија како „бугарска“? appeared first on Република.

]]>
Левица: Драги Ѓорѓиев и Комисијата се директни извршители на новото национално предавство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-dragi-gjorgjiev-i-komisijata-se-direktni-izvrshiteli-na-novoto-nacionalno-predavstvo/ Tue, 16 Aug 2022 12:03:59 +0000 https://republika.mk/?p=540913

Откако на 16.07.2022 година во Собранието на Македонија беше усвоен таканаречениот „француски предлог“, македонските интереси забрзано тргнаа да се спуштаат низ спиралата на национално обезличување, велат од Левица.

По одржаниот брифинг на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, односно Комисијата за бугаризација на македонскиот народ, според Левица, се потврди дека работата на оваа комисија не се темели на никаква научност и независност - туку истата е продолжена рака на владејачкиот режим.

Поразот во Македонија веќе се слави како победа во Бугарија. Бугарските историчари ликуваат дека двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа.
Бугарската страна потврди дека е прифатено дека Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ бугарското царство, а Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри.
Парцијално и надвор од контекст ќе се толкува целиот период од почетоците на словенската писменост, кое е прашање што ги засега не само Македонците, туку и сите словенски народи. Како може јазикот на несловенски народ да биде темел на словенската писменост е прашање кое „научниците“ кои ја договориле ваквата интерпретација на историјата треба итно да го одговорат!
Оние кои беа на погрешната страна и поразени во Втората светска војна, денес ги диктираат нашите учебници - што е флагрантно кршење на суверенитетот на државата
Колку македонската држава деградирала и ослабнала во последните три децении, во време на капиталистичката демократија, говори фактот што како дел од Југославија, македонската држава била таа која ги ревидирала бугарските учебници, каде јасно стоело дека браќата Миладиновци, св. Кирил и Методиј и Самоиловата држава не може да се третираат како бугарски.
Под власта на пробугарската СДС и амнестираната ДУИ, Македонија секој ден доживува национални порази - дури и за прашања кои во минатото успешно ги затворила.
Драги Ѓорѓиев и сите останати членови на историската Комисија се ставија во служба на бугарскиот неоврховизам и се директни извршители на новото национално предавство, порачаа од партијата.

The post Левица: Драги Ѓорѓиев и Комисијата се директни извршители на новото национално предавство appeared first on Република.

]]>

Откако на 16.07.2022 година во Собранието на Македонија беше усвоен таканаречениот „француски предлог“, македонските интереси забрзано тргнаа да се спуштаат низ спиралата на национално обезличување, велат од Левица. По одржаниот брифинг на заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, односно Комисијата за бугаризација на македонскиот народ, според Левица, се потврди дека работата на оваа комисија не се темели на никаква научност и независност - туку истата е продолжена рака на владејачкиот режим.
Поразот во Македонија веќе се слави како победа во Бугарија. Бугарските историчари ликуваат дека двегодишната битка за одбрана на бугарската позиција во историските спорови со Македонија стигна до прва победа. Бугарската страна потврди дека е прифатено дека Цар Самуил е бугарски цар, учениците на Кирил и Методиј на покана на кнезот-покрстител Борис-Михаил го шират нивниот збор низ бугарското царство, а Преслав и Охрид се бугарски книжевни центри. Парцијално и надвор од контекст ќе се толкува целиот период од почетоците на словенската писменост, кое е прашање што ги засега не само Македонците, туку и сите словенски народи. Како може јазикот на несловенски народ да биде темел на словенската писменост е прашање кое „научниците“ кои ја договориле ваквата интерпретација на историјата треба итно да го одговорат! Оние кои беа на погрешната страна и поразени во Втората светска војна, денес ги диктираат нашите учебници - што е флагрантно кршење на суверенитетот на државата Колку македонската држава деградирала и ослабнала во последните три децении, во време на капиталистичката демократија, говори фактот што како дел од Југославија, македонската држава била таа која ги ревидирала бугарските учебници, каде јасно стоело дека браќата Миладиновци, св. Кирил и Методиј и Самоиловата држава не може да се третираат како бугарски. Под власта на пробугарската СДС и амнестираната ДУИ, Македонија секој ден доживува национални порази - дури и за прашања кои во минатото успешно ги затворила. Драги Ѓорѓиев и сите останати членови на историската Комисија се ставија во служба на бугарскиот неоврховизам и се директни извршители на новото национално предавство, порачаа од партијата.

The post Левица: Драги Ѓорѓиев и Комисијата се директни извршители на новото национално предавство appeared first on Република.

]]>
Дали ја распродава Македонија: Што правел претседателот на историската комисија Ѓоргиев сам во Софија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dali-ja-rasprodava-makedonija-shto-pravel-pretsedatelot-na-istoriskata-komisija-gjorgiev-sam-vo-sofija/ Tue, 16 Aug 2022 07:49:15 +0000 https://republika.mk/?p=540754

Што правеше Претседателот на историската комисија  Драги Ѓоргиев сам во Софија, без другите членови на комисијата, прашуваат од ОМО Илинден Пирин.
Зошто во јануари 2022 со делегацијата на владата на СДС во Софија отпатува само претседателот на комисијата Драги Ѓоргиев, и што разговараше зад затворени врати со претседателот на бугарската историска комисија Ангел Димитров, кој порано работел за бугарските тајни служби?!
На кој начин е убедуван Драги Ѓоргиев да прифати промена на македонските учебници и да прифати дека повеќе историски личности се заеднички со Бугарија???
Да не заборавиме дека историчарот на Заев - Драги Ѓоргиев, изјави на телевизија дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, што воопшто не е точно, и е извадено од една реченица во едно Гоцево писмо до Никола Малешевски, каде Гоце користи иронија (сарказам) и чија целосна содржина на писмото Бугарите ја кријат. Во писмото Гоце Делчев всушност пишува дека бугарофилството е болест, исто како што во продолжение на писмото Делчев ќе пише дека меѓу некои Македонци имало и втора болест - гркоманството. Најголема потврда за лагата на Ѓоргиев е што во другите негови писма каде што се споменува националноста, Гоце Делчев јасно пишува дека е Македонец и работи за македонските национални интереси!
Како утре Драги Ѓоргиев ќе излезе пред Македонците и што ќе им каже на своите најблиски, кога вака безмилосно и подло, среде летен одмор, ја продава Македонија?!, велат од ОМО Илинден Пирин.

The post Дали ја распродава Македонија: Што правел претседателот на историската комисија Ѓоргиев сам во Софија? appeared first on Република.

]]>

Што правеше Претседателот на историската комисија  Драги Ѓоргиев сам во Софија, без другите членови на комисијата, прашуваат од ОМО Илинден Пирин. Зошто во јануари 2022 со делегацијата на владата на СДС во Софија отпатува само претседателот на комисијата Драги Ѓоргиев, и што разговараше зад затворени врати со претседателот на бугарската историска комисија Ангел Димитров, кој порано работел за бугарските тајни служби?! На кој начин е убедуван Драги Ѓоргиев да прифати промена на македонските учебници и да прифати дека повеќе историски личности се заеднички со Бугарија??? Да не заборавиме дека историчарот на Заев - Драги Ѓоргиев, изјави на телевизија дека Гоце Делчев се изјаснувал како Бугарин, што воопшто не е точно, и е извадено од една реченица во едно Гоцево писмо до Никола Малешевски, каде Гоце користи иронија (сарказам) и чија целосна содржина на писмото Бугарите ја кријат. Во писмото Гоце Делчев всушност пишува дека бугарофилството е болест, исто како што во продолжение на писмото Делчев ќе пише дека меѓу некои Македонци имало и втора болест - гркоманството. Најголема потврда за лагата на Ѓоргиев е што во другите негови писма каде што се споменува националноста, Гоце Делчев јасно пишува дека е Македонец и работи за македонските национални интереси! Како утре Драги Ѓоргиев ќе излезе пред Македонците и што ќе им каже на своите најблиски, кога вака безмилосно и подло, среде летен одмор, ја продава Македонија?!, велат од ОМО Илинден Пирин.

The post Дали ја распродава Македонија: Што правел претседателот на историската комисија Ѓоргиев сам во Софија? appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев објасни зошто сме ги дале Самоил, Климент и Наум на Бугарите: Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-objasni-zoshto-sme-gi-dale-samoil-kliment-i-naum-na-bugarite-identitetite-vo-sredniot-vek-i-segashnite-nacionalni-identiteti-apsolutno-ne-treba-da-se-povrzat/ Mon, 15 Aug 2022 18:25:24 +0000 https://republika.mk/?p=540669

Средновековните империи и држави се сосема различни државни творби, идентитети и контексти од современите држави и нации. Затоа настојуваме да избегнеме да се гледаат настаните пред 150 и пред 1.000 години во денешната етничка призма, а сакаме да ги истакнеме универзалните вредности на луѓето од тоа време преку кои може да се поврзат двата народи и не само двата народа, порача Драги Ѓоргиев, копретседателот од македонска страна на заедничката Мешовита историска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат. Лојалностите во средниот век се кон царот и кон црквата и нема лојалност кон нацијата и народот. За овој период важно е да се почитуваат универзалните вредности и да се инсистира во чествувањето на лицата од тоа време да се вклучат не само Македонија и Бугарија, туку и други народи. Затоа препораките кои се усвоени за заедничко чествување и за учебниците во Македонија и Бугарија воопшто не ги допираат идентитетските прашања - рече Ѓоргиев во интервју за ТВ Сител и додаде дека е нелогично да се поврзува денешен идентитет со идентитетот во антиката на народите кои живееле тука.

Во текстовите за заедничко чествување, додаде, нема никакво спомнување на етнички групи и на идентитети на лица или на заедници со што го постигнавме она за што се залагавме – идентитетските прашања да не бидат тема на разговор на Комисијата.

Двете држави се обврзуваат за многу работи во протоколот, па и во однос на промените во учебниците. Мора да има реципрочност во обврските. Она што го има преземено како обврска Македонија е 99 отсто поклопено со она што мора да го направи Бугарија во однос на учебници и во однос на заеднички чествувања - посочи Ѓоргиев

The post Ѓоргиев објасни зошто сме ги дале Самоил, Климент и Наум на Бугарите: Идентитетите во средниот век и сегашните национални идентитети апсолутно не треба да се поврзат appeared first on Република.

Ѓоргиев: Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-vo-uchebnicite-vo-makedonija-i-vo-bugarija-kje-ima-po-pet-izmeni/ Mon, 15 Aug 2022 11:34:12 +0000 https://republika.mk/?p=540502

Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени, изјави денеска Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата за заеднички чествувања на одредени историски личности.

Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите, рече Ѓоргиев.

Владата може, но не е обврзана да ги прифати овие препораки од Мешовитата комисија.

Исто така, Комисијата одлучила дека цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од обете земји, додава Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени appeared first on Република.

]]>

Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени, изјави денеска Драги Ѓоргиев претседател на Комисијата за заеднички чествувања на одредени историски личности.
Тоа се препораки кои се однесуваат и на македонските и на бугарските учебници, а станува збор за по пет препораки кои секоја од страните треба да ги имплементира, а се однесуваат на античкиот период. Во иднина, авторите на учебниците би требало да ги земат предвид овие препораки. Препораките се однесуваат на структурални недоследности и грешки во датумите и локациите, рече Ѓоргиев.
Владата може, но не е обврзана да ги прифати овие препораки од Мешовитата комисија. Исто така, Комисијата одлучила дека цар Самоил, Свети Кирил и Методиј, Свети Климент и Свети Наум, на одредени јубилеи и значајни датуми, ќе се чествуваат заедно со делегации од обете земји, додава Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Во учебниците во Македонија и во Бугарија ќе има по пет измени appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев ги нападна колегите историчари затоа што сакаат да знаат што работи комисијата со Бугарија и под кои услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-gi-napadna-kolegite-istorichari-zatoa-shto-sakaat-da-znaat-shto-raboti-komisijata-so-bugarija-i-pod-koi-uslovi/ Fri, 29 Jul 2022 12:13:52 +0000 https://republika.mk/?p=534672

Копретседателот на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, академик проф.Драги Ѓоргиев, наместо самиот да ја преиспита својата улога, почна да се вади и да ги обвинува своите колеги историчари!?, анализира „Пресинг ТВ“.

Ова стана јасно по неговиот последен настап во емисијата Топ тема во кој меѓу другото се осврна и на реакциите во јавноста на македонските историчари околу вториот протокол на мѓувладината македонско-бугарска комисија, кој стана составен дел на францускиот предлог за симнување на бугарското вето и започнување на првата фаза од официјалниот почеток на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Притоа, чудно, го искористи терминот за личен научен и експертски интегритет, иако во јавноста никогаш не демантираше како стана член на МАНУ-се наведува во анализата.

Според академик Ѓоргиев, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, како што додаде, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.

– Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања, изјави Ѓоргиев, додавајќи дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.

И за да ја релативизира содржината на протоколот, појасни дека во делот за работата на историската комисија дваесет пати се употребува терминот „двете страни“, што значело дека има 99 отсто реципроцитет во нејзината работа.

Ако внимателно се следат настапите на академик Ѓоргиев може да се дојде до единствен заклучок дека неговите изјави во многу наликуваат на изјави на чист партиски војник.

Зашто, се уште се паметат неговите обиди за одбрана на поранешниот премиер Зоран Заев по излетите направени посебно во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, што сега се пренесуваат и на актуелниот наследник Димитар Ковачевски.

Само за илустрација, на пример, самиот нека си провери што изјави околу бугарската фашистичка окупација на Македонија, а што за тоа изјави во Топ тема.

Но, делот од настапот на академик Ѓоргиев, што се граничи со чиста дрскост и безобразие, е обвинувањето на македонските колеги историчари дека тие пишувале и настапувале врз основа на изјави на бугарски политичари и во тој контекст го споменува и вториот меѓувладин протокол, што е апсолутна невистина!

Македонските историчари преку нивното ледни нејзиниДруштво, преку младите историчари, преку Советот на Институтот за национална историја, чиј директор е, патем, самиот Ѓоргиев, реагираа на содржината на протоколот, што значи врз основа на документ, а не на изјави на бугарски политичари. Нивните реакции на бугарските колеги или на политичарите од другата страна на границата се сосема друга работа.

Но, за Ѓоргиев и ова не беше доволно, па отиде и чекор натаму. Место тој како копретседавач да ги повика своите колеги историчари и да ги запознае со работата на комисијата или да побара соработка и помош од нив, тој ги обвини дека тие никогаш не дошле да прашаат за што тие, како членови на комисијата, разговарале!

Прво, крајно симплифицирано, каде се видело некој непоканет да оди на гости? Второ, како како Комисија носеле решенија за личности од средниот век, без ниту еден медијавист? Трето, каде беше академик Ѓоргиев да реагира кога од членството во комисијата беа разрешени двајца угледни историчари, експерти за нивната област, од кои едниот јавно призна дека врз комисијата се врши политички притисок? За жал, Ѓоргиев молчеше, но затоа стана академик.

Само за потсетување, во преговорите со Македонија, Грција ангажираше тим од над 60 експерти од разни области, истото го направи и Бугарија подготвувајќи ја својата политика за односите со Македонија. Само Република Македонија настапува со свои партиски послушници, наместо со цели експертски тимови, иако станува збор за идентитетски прашања на Македонците.

The post Ѓоргиев ги нападна колегите историчари затоа што сакаат да знаат што работи комисијата со Бугарија и под кои услови appeared first on Република.

]]>

Копретседателот на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за историски и образовни прашања, академик проф.Драги Ѓоргиев, наместо самиот да ја преиспита својата улога, почна да се вади и да ги обвинува своите колеги историчари!?, анализира „Пресинг ТВ“.
Ова стана јасно по неговиот последен настап во емисијата Топ тема во кој меѓу другото се осврна и на реакциите во јавноста на македонските историчари околу вториот протокол на мѓувладината македонско-бугарска комисија, кој стана составен дел на францускиот предлог за симнување на бугарското вето и започнување на првата фаза од официјалниот почеток на преговорите на Република Македонија за членство во ЕУ. Притоа, чудно, го искористи терминот за личен научен и експертски интегритет, иако во јавноста никогаш не демантираше како стана член на МАНУ-се наведува во анализата.
Според академик Ѓоргиев, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, како што додаде, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.
– Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања, изјави Ѓоргиев, додавајќи дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.
И за да ја релативизира содржината на протоколот, појасни дека во делот за работата на историската комисија дваесет пати се употребува терминот „двете страни“, што значело дека има 99 отсто реципроцитет во нејзината работа. Ако внимателно се следат настапите на академик Ѓоргиев може да се дојде до единствен заклучок дека неговите изјави во многу наликуваат на изјави на чист партиски војник. Зашто, се уште се паметат неговите обиди за одбрана на поранешниот премиер Зоран Заев по излетите направени посебно во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, што сега се пренесуваат и на актуелниот наследник Димитар Ковачевски. Само за илустрација, на пример, самиот нека си провери што изјави околу бугарската фашистичка окупација на Македонија, а што за тоа изјави во Топ тема. Но, делот од настапот на академик Ѓоргиев, што се граничи со чиста дрскост и безобразие, е обвинувањето на македонските колеги историчари дека тие пишувале и настапувале врз основа на изјави на бугарски политичари и во тој контекст го споменува и вториот меѓувладин протокол, што е апсолутна невистина! Македонските историчари преку нивното ледни нејзиниДруштво, преку младите историчари, преку Советот на Институтот за национална историја, чиј директор е, патем, самиот Ѓоргиев, реагираа на содржината на протоколот, што значи врз основа на документ, а не на изјави на бугарски политичари. Нивните реакции на бугарските колеги или на политичарите од другата страна на границата се сосема друга работа. Но, за Ѓоргиев и ова не беше доволно, па отиде и чекор натаму. Место тој како копретседавач да ги повика своите колеги историчари и да ги запознае со работата на комисијата или да побара соработка и помош од нив, тој ги обвини дека тие никогаш не дошле да прашаат за што тие, како членови на комисијата, разговарале! Прво, крајно симплифицирано, каде се видело некој непоканет да оди на гости? Второ, како како Комисија носеле решенија за личности од средниот век, без ниту еден медијавист? Трето, каде беше академик Ѓоргиев да реагира кога од членството во комисијата беа разрешени двајца угледни историчари, експерти за нивната област, од кои едниот јавно призна дека врз комисијата се врши политички притисок? За жал, Ѓоргиев молчеше, но затоа стана академик.
Само за потсетување, во преговорите со Македонија, Грција ангажираше тим од над 60 експерти од разни области, истото го направи и Бугарија подготвувајќи ја својата политика за односите со Македонија. Само Република Македонија настапува со свои партиски послушници, наместо со цели експертски тимови, иако станува збор за идентитетски прашања на Македонците.

The post Ѓоргиев ги нападна колегите историчари затоа што сакаат да знаат што работи комисијата со Бугарија и под кои услови appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Периодот на Втората светска војна е многу јасен, постојат документи од бугарските архиви дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-periodot-na-vtorata-svetska-vojna-e-mnogu-jasen-postojat-dokumenti-od-bugarskite-arhivi-deka-se-podgotvuvaat-da-izvrshat-okupacija-na-makedonija/ Thu, 28 Jul 2022 21:23:31 +0000 https://republika.mk/?p=534456

Копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев е оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна.

Тој, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, истакна дека, сепак, очекува жестока дебата меѓу историчарите од двете земји за крајот на 19 и почетокот на 20 век.

Јас сметам дека тука е многу појасна ситуацијата, јас се плашам ако трае работата на Комисијата во следните години, крајот на 19 век, почетокот на 20 век, ќе биде многу проблематичен. Периодот на Втората светска војна е многу јасен, нема за што да дебатираме. Постојат документи од бугарските архиви, од бугарската Влада дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија. Искрено тука не очекувам поголема дебата и одолговлекување, бидејќи ние тука сме на многу посигурен терен, постојат еден куп документи за нашата борба во Втората светска војна, за идеите за кои се борат Македонците. Јас сум тука прилично голем оптимист дека ќе можеме полесно да се договориме - порача Ѓоргиев.

Според него, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, вели, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.

Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања - вели Ѓоргиев.

Тој наведува дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.

Дваесет пати во делот за работата на историската комисија се употребува терминот „двете страни“, значи има 99 отсто реципроцитет во работата на Комисијата - вели копретседателот Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Периодот на Втората светска војна е многу јасен, постојат документи од бугарските архиви дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија appeared first on Република.

]]>

Копретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев е оптимист дека побрзо ќе се постигне согласност меѓу бугарските и македонските историчари за периодот на Втората светска војна. Тој, во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма, истакна дека, сепак, очекува жестока дебата меѓу историчарите од двете земји за крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Јас сметам дека тука е многу појасна ситуацијата, јас се плашам ако трае работата на Комисијата во следните години, крајот на 19 век, почетокот на 20 век, ќе биде многу проблематичен. Периодот на Втората светска војна е многу јасен, нема за што да дебатираме. Постојат документи од бугарските архиви, од бугарската Влада дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија. Искрено тука не очекувам поголема дебата и одолговлекување, бидејќи ние тука сме на многу посигурен терен, постојат еден куп документи за нашата борба во Втората светска војна, за идеите за кои се борат Македонците. Јас сум тука прилично голем оптимист дека ќе можеме полесно да се договориме - порача Ѓоргиев.
Според него, нападите и изјавите од страна на колеги историчари од земјава создале една непријатна атмосфера кон работата на Комисијата, и особено, вели, во јавноста која не е директно запознаена со работата на Комисијата.
Јас не знам на што се должи тоа, никогаш тие колеги не дошле да прашаат за што ние разговараме, кои се нашите намери, кои се нашите идеи за препораките. Нивните пишувања најчесто се изјави и тоа не од страна на македонски политичари, туку од бугарски. Доколку некој во Бугарија изјави тоа е апсолутна вистина и тие го земаат тоа како основа за свои пишувања - вели Ѓоргиев.
Тој наведува дека таков бил случајот со објавувањето на вториот протокол од Бугарија.
Дваесет пати во делот за работата на историската комисија се употребува терминот „двете страни“, значи има 99 отсто реципроцитет во работата на Комисијата - вели копретседателот Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Периодот на Втората светска војна е многу јасен, постојат документи од бугарските архиви дека се подготвуваат да извршат окупација на Македонија appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Не чувствувам преголем притисок од Протоколот, роковите ги поставуваат политичарите, но ние работиме според академските научни принципи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-ne-chuvstvuvam-pregolem-pritisok-od-protokolot-rokovite-gi-postavuvaat-politicharite-no-nie-rabotime-spored-akademskite-nauchni-principi/ Thu, 28 Jul 2022 19:00:29 +0000 https://republika.mk/?p=534398

Kопретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, порача дека не чувствува преголем притисок од Протоколот потпишан со Бугарија, истакнувајќи дека роковите ги поставуваат политичарите, додека Комисијата има своја рутина, правила и свои принципи.

Протоколот за Комисијата нема некое, би рекол, преголемо значење, бидејќи Комисијата и досега работеше оптимално онака како што членовите на Комисијата сметаа дека треба да работиме. Протоколот е еден политички документ меѓу двете влади за тоа како владите, македонската и бугарската, гледаат на подобрување на односите меѓу двете држави. Во тие односи еден сегмент е и нашата комисија, и таа комисија функционира веќе четири години и функционира според еден свој ритам - изјави Ѓоргиев во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.

Ѓоргиев истакна дека Комисијата си има својаа рутина и оти нивна работа е да работат придржувајќи се до принципите до кои досега се придржувале, а тоа се академските научни принципи и почитувањето меѓу себе.

Во однос на тоа дека Протоколот доаѓа во контекст меѓу двете држави, каде сега се ставени поголеми очекувања, рокови, Ѓоргиев рече дека можеби сега влогот е поголем и условите се поразлични.

Контекстот е поразличен, во право сте. Можеби влогот е поголем сега, условите се поразлични, протоколот создаде една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на Комисијата поинаква. Многу почувствителна, многу под многу поголем фокус, лупа на јавноста ќе биде работата на Комисијата, но ако се сеќавате го спомнавте првиот протокол и во тој протокол дури со многу потешка реторика, позаповедничка реторика од некои политичари беше кажано бугарски политичари до тогаш да се заврши тоа, до тогаш да се заврши тоа. Ќе повторам, тоа е логиката на политиката - оцени Ѓоргиев.

Според него, тие рокови политичарите ќе ги поставуваат секогаш, меѓутоа, како што рече, Комисија си има своја рутина, има свои правила на работа, има свои принципи на работа и не секогаш тие принципи се совпаѓаат со принципите идеите на политичарите.

Политичарите работат по една логика, ние би рекол научниците работиме според друга логика, и таа е примерна за нас. Ние апсолутно сме одговорни. Имаме одговорност пред јавноста, пред тој политички контекст во кои работиме, секако, но повторно примарно за нас е нашиот академски интегритет и условите кои ни дозволуваат до каде може да одиме со тоа, а не она што ќе биде наметнато од страна на политиката - истакна Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Не чувствувам преголем притисок од Протоколот, роковите ги поставуваат политичарите, но ние работиме според академските научни принципи appeared first on Република.

]]>

Kопретседателот од македонска страна во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања, Драги Ѓоргиев, порача дека не чувствува преголем притисок од Протоколот потпишан со Бугарија, истакнувајќи дека роковите ги поставуваат политичарите, додека Комисијата има своја рутина, правила и свои принципи.
Протоколот за Комисијата нема некое, би рекол, преголемо значење, бидејќи Комисијата и досега работеше оптимално онака како што членовите на Комисијата сметаа дека треба да работиме. Протоколот е еден политички документ меѓу двете влади за тоа како владите, македонската и бугарската, гледаат на подобрување на односите меѓу двете држави. Во тие односи еден сегмент е и нашата комисија, и таа комисија функционира веќе четири години и функционира според еден свој ритам - изјави Ѓоргиев во емисијата „Топ тема“ на ТВ Телма.
Ѓоргиев истакна дека Комисијата си има својаа рутина и оти нивна работа е да работат придржувајќи се до принципите до кои досега се придржувале, а тоа се академските научни принципи и почитувањето меѓу себе. Во однос на тоа дека Протоколот доаѓа во контекст меѓу двете држави, каде сега се ставени поголеми очекувања, рокови, Ѓоргиев рече дека можеби сега влогот е поголем и условите се поразлични.
Контекстот е поразличен, во право сте. Можеби влогот е поголем сега, условите се поразлични, протоколот создаде една поларизација во македонското општество и сето тоа ја прави положбата на Комисијата поинаква. Многу почувствителна, многу под многу поголем фокус, лупа на јавноста ќе биде работата на Комисијата, но ако се сеќавате го спомнавте првиот протокол и во тој протокол дури со многу потешка реторика, позаповедничка реторика од некои политичари беше кажано бугарски политичари до тогаш да се заврши тоа, до тогаш да се заврши тоа. Ќе повторам, тоа е логиката на политиката - оцени Ѓоргиев.
Според него, тие рокови политичарите ќе ги поставуваат секогаш, меѓутоа, како што рече, Комисија си има своја рутина, има свои правила на работа, има свои принципи на работа и не секогаш тие принципи се совпаѓаат со принципите идеите на политичарите.
Политичарите работат по една логика, ние би рекол научниците работиме според друга логика, и таа е примерна за нас. Ние апсолутно сме одговорни. Имаме одговорност пред јавноста, пред тој политички контекст во кои работиме, секако, но повторно примарно за нас е нашиот академски интегритет и условите кои ни дозволуваат до каде може да одиме со тоа, а не она што ќе биде наметнато од страна на политиката - истакна Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Не чувствувам преголем притисок од Протоколот, роковите ги поставуваат политичарите, но ние работиме според академските научни принципи appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Илинденското востание не било и нема да биде тема на Историската комисија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-ilindenskoto-vostanie-ne-bilo-i-nema-da-bide-tema-na-istoriskata-komisija/ Wed, 29 Jun 2022 06:20:50 +0000 https://republika.mk/?p=520929

За Илинденското востание досега не се разговарало во Комисијата, тврди Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Во изјава за Дојче веле на македонски јазик Ѓоргиев објаснува дека бугарската страна само еднаш го спомнала Илинденското востание како тема за која би можело да се разговара во иднина, но македонската страна го отфрлила предлогот.

Илинденското востание беше спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на Комисијата. Но тој предлог не беше прифатен од наша страна и Илинденското востание никогаш не било тема на разговор во Комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме ‘на маса’, ниту пак дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за Илинденското востание, дециден е Ѓоргиев.

Прашањето дали Илинденското востание било ставено на маса се наметна откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон Илинденското востание и прифатена номенклатурата Илинденско-Преображенско востание. Со тоа, вели Османи, се создала рамка во која се очекува Комисијата да делува, што создава тешкотии во нивната работа, а воедно бил создаден и преседан во односите со Република Бугарија - дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата.

https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dimitrov-potpishal-deka-ja-prifakja-bugarskata-verzija-za-ilindenskoto-vostanie/

Изразот „Илинденско-преображенско востание“, кој се користи за означување на востанието на македонските и тракиските Бугари вo бугарската историографија, всушност е назив за Илинденското востание од втори август 1903 година и Преображенското востание неколку седмици подоцна истата година (започнато на празникот Преображение).

The post Ѓоргиев: Илинденското востание не било и нема да биде тема на Историската комисија appeared first on Република.

]]>

За Илинденското востание досега не се разговарало во Комисијата, тврди Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања. Во изјава за Дојче веле на македонски јазик Ѓоргиев објаснува дека бугарската страна само еднаш го спомнала Илинденското востание како тема за која би можело да се разговара во иднина, но македонската страна го отфрлила предлогот.
Илинденското востание беше спомнато еднаш или двапати од колегите од Бугарија, како една од можните теми за разговор во иднина, во рамките на Комисијата. Но тој предлог не беше прифатен од наша страна и Илинденското востание никогаш не било тема на разговор во Комисијата. Не знам што разговарале политичарите, но ние никогаш таа тема не ја ставивме ‘на маса’, ниту пак дошла некаква сугестија од страна на политичарите да се разговара за Илинденското востание, дециден е Ѓоргиев.
Прашањето дали Илинденското востание било ставено на маса се наметна откако министерот за надворешни работи Бујар Османи на Фејсбук објави дека во единствениот потпишан протокол од неговиот претходник Никола Димитров, било прифатено бугарското гледиште кон Илинденското востание и прифатена номенклатурата Илинденско-Преображенско востание. Со тоа, вели Османи, се создала рамка во која се очекува Комисијата да делува, што создава тешкотии во нивната работа, а воедно бил создаден и преседан во односите со Република Бугарија - дека историските прашања може да ги решаваме политички, наместо да ѝ ги оставиме на Комисијата. https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-dimitrov-potpishal-deka-ja-prifakja-bugarskata-verzija-za-ilindenskoto-vostanie/ Изразот „Илинденско-преображенско востание“, кој се користи за означување на востанието на македонските и тракиските Бугари вo бугарската историографија, всушност е назив за Илинденското востание од втори август 1903 година и Преображенското востание неколку седмици подоцна истата година (започнато на празникот Преображение).

The post Ѓоргиев: Илинденското востание не било и нема да биде тема на Историската комисија appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Скопје и Софија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-istorijata-mora-da-ostane-nadvor-od-politichkiot-proces-megju-skopje-i-sofija/ Tue, 31 May 2022 11:38:30 +0000 https://republika.mk/?p=509254

Историјата мора да остане настрана од политиката. Ако зборуваме за иднината и го вклучуваме и минатото, тогаш тука многу тешко ќе има некакво решение, изјави денеска македонскиот историчар Драги Ѓоргиев одговорајќи на новинарско прашање дали е дозволиво условите на Бугарија да бидат дел од преговарачката рамка за влез во ЕУ.

Ние неколку пати сме изјавувале дека историјата мора да остане настрана од политиката. Тоа мора да се почитува. Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес на разговори меѓу двете држави, рече Ѓоргиев во одговор на прашање, пред почетокот на промоцијата на изданијата на Институтот за национална историја во Музеј на македонската борба за самостојност.

На прашање дали за него се прифатливи бугарските гледишта, Ѓоргиев напомена дека резултатот од Комисијата покажува оти има големи разлики и дека нема апсолутна согласност на двете страни за одредени историски прашања.

The post Ѓоргиев: Историјата мора да остане надвор од политичкиот процес меѓу Скопје и Софија appeared first on Република.

Именувањето на бугарскиот клуб во Битола е смислена и арогантна провокација, смета Ѓорѓиев https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/imenuvanjeto-na-bugarskiot-klub-vo-bitola-e-smislena-i-arogantna-provokacija-smeta-gjorgjiev/ Mon, 18 Apr 2022 20:14:44 +0000 https://republika.mk/?p=490230

Ванчо Михајлов е историска личност која негативно се доживува кај Македонците поради неговите негаторски ставови за македонската нација. Именувањето на клубот при бугарскиот културен центар во Битола според него е арогантна и смислена провикација, вели копретседателот на мешовитата историска комисија, Драги Ѓорѓиев во изјава на ТВ Канал 5.

Именувањето на клубот е чин кој е спротивен на пријателство, нема никаква врска со културата и ги минира и последните надежи за пристоен дијалог меѓу двете земји. На овој начин се минираат и сè потивките гласови на разумот од двете страни, но претставува и злоупотреба на културата, како една од ретките сфери на мостови меѓу двата народа, вели Ѓоргиев.

The post Именувањето на бугарскиот клуб во Битола е смислена и арогантна провокација, смета Ѓорѓиев appeared first on Република.

Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-se-rushat-i-poslednite-nadezi-za-pristoen-dijalog-i-se-zgolemuva-raskolot-megju-makedoncite-i-bugarite/ Mon, 18 Apr 2022 09:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=489887

Се случи чин кој ги минира и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. Именувањето на бугарскиот културен клуб во Битола со името „Ванчо Михајлов“ не претставува ништо друго освен смислена провокација, која во исто време праќа и порака, смета Драги Ѓоргиев, копретседател во заедничката македонско-бугарска Комисија за историски и образовни прашања.

Станува збор за историска личност која поради нејзините идеи за непостоење на македонската нација, кај Македонците има добиено крајно негативна содржина. И кога името на таква личност се наметнува како назив на културен клуб на територијата на македонската држава, а притоа таа личност нема никаква врска со културата, тогаш тоа може да се сфати единствено како арогантна провокација, па дури и како чин кој преминува на спротивната страна од т.н. пријателство, вели Ѓоргиев за Дојче веле.

Според него, називот на бугарскиот културен клуб во Битола праќа и порака до Македонците, која нема никаква врска со културата.

Повеќе од очигледна е тенденцијата да се потсети македонската јавност дека познатите идеи на Михајалов во однос на македонската нација и јазик ќе продолжат да бидат негувани во самата Македонија. Порака која, за жал, ќе го направи уште поголем расколот меѓу Македонците и Бугарите. Од друга страна, ваквиот чин го покажува вредносниот систем на одредена заедница. Кога од минатото се извлекуваат одредени вредности култивирани преку личности или настани, тогаш преку нив се дефинира сегашна вредносна и идеолошка позиција, како и визијата кон иднината на една заедница. И кога притоа, и покрај постоење на бројни други можности, се извлекуваат вредности кои припаѓаат на мрачната страна на историјата, тогаш, се разбира, мрачна е и пораката што се праќа кон околината. За жал, ваквиот чин ги минира и ги доведува во прашање и сите други обиди да се најде решение за недоразбирањата меѓу Македонија и Бугарија. На овој начин се задушуваат и така сé помалубројните и сé потивки гласови на разумот на двете страни и се рушат и последните надежи за пристоен дијалог. Уште потажно е и тоа што е злоупотребена културата, еден од ретките мостови меѓу двата народа, оценува Драги Ѓоргиев.

The post Ѓоргиев: Се рушат и последните надежи за пристоен дијалог и се зголемува расколот меѓу Македонците и Бугарите appeared first on Република.

Академик Драги Ѓоргиев задоволен од „позитивната атмосфера“ во Комисијата, па одеднаш заборавил на бугарските документи!? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/akademik-dragi-gjorgiev-zadovolen-od-pozitivnata-atmosfera-vo-komisijata-pa-odednash-zaboravil-na-bugarskite-dokumenti/ Thu, 31 Mar 2022 13:03:15 +0000 https://republika.mk/?p=481445

Можно ли е истиот ден кога беше избран за редовен член на МАНУ, проф. Драги Ѓоргиев, да престане да го служи меморијата и одеднаш да заборавил што зборувал претходно? По се изгледа, да!

Зашто, проф. Ѓоргиев, како копретседавач од наша страна на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, почетокот на дводневната средба ја најави помпезно и со многу оптимизам. Па, врз основа на „позитивната атмосфера“, што сега владеела меѓу членовите на комисијата од двете страни, најави решавање на спорот околу цар Самоил и на целото средновековие, а по можност, ако има доволно време, и за Гоце Делчев.

А, само пред нецела година, на 25 мај лани, во интервју за БТВ говореше нешто сосема друго.

Духот на работата на комисијата се промени поради некои други работи, не поради тоа што Бугарија даде поддршка за влез во НАТО и со тоа ние ја исполнивме нашата цел и не сакаме да работиме. Доколку тоа беше така, можеби оваа држава и ќе ја прекинеше работата на комисијата. Меѓутоа, апсолутно тоа не е целта. Промената на работата на комисијата, би рекол, дека се случи поради неколку политички настани, декларации, кои беа, пред сè, усвоени во бугарското општество. Видете, ако ние треба да изградиме заеднички став во комисијата за тоа, на пример, дека треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев, а притоа државата со која треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев не го признава македонскиот јазик, тврди дека ние сме нација од 44-та година, Титова? Како може ние една таква препорака да дадеме до нашата Влада? Како можеме да дадеме таква препорака за држава која не нè признава онака како што сметаме ние дека како нација постоиме? И на кој начин таа јавност овде ќе ја прифати таа препорака, изјави тогаш меѓу другото Ѓоргиев.

Значи, за сега веќе академик Ѓоргиев, клучни за застојот во работата на комисијата биле бугарските документи усвоени во нивното Народно собрание, со кои се негира постоењето на Македонците до 1944 година, а македонскиот јазик е јазична норма на бугарскиот.

И до ден денес, наспроти промените на власта во Бугарија, тие документи не се поништени и се уште се во сила. Но, тоа очигледно не е проблем за Ѓоргиев, кој сега е одушевен од „позитивната атмосфера“! Недостасува само членовите на комисијата заеднички да седнат во кафеана и да мавнат, ни помалку, ни повеќе, туку по три чашки ракија! Не е важно дали ќе биде „жолта“ или некоја друга. Зашто, нели, според поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, кога тој седел со македонски политичари по кафеани, по три чашки сите признавале дека биле Бугари! Е, сега, некој може да забележи дека Ѓоргиев не е политичар. Да, фактички не е, но судејќи според служењето со меморијата, повеќе од очигледно - е!

Леснотијата со која го најави решавањето на спорот со цар Самоил и целото средновековие не е ни малку наивно. Во прашање се нашите учебници со кои ќе се образувааат идните генерации. И во во неа не се наоѓа само името на цар Самоил, туку целата тематска содржина во која се вклучени прашањата за населувањето на Словените на Балканот, создавањето и проширувањето на бугарската држава, христијанизирањето на Бугарите, населувањето на Словените во Македонија, македонските склавинии, односот на Словените кон староседелците, словенските опсади на Солун, појавата и развитокот на словенската писменост и култура, создавањето на словенската азбука и писменост, дејноста на св.Климент и св.Наум, создавањето и ширењето на македонската средновековна држава, проширувањето на македонската држава, пропаѓањето на македонското царство и завршува со Охридската архиепископија, нејзината организација и значење.

Очигледно, токму од формулацијата за цар Самоил зависат многу работи. А, за волја на вистината, токму во овој дел се употребува и формулацијата за Бугарите како „татари“, што тие ја сметаат за навредлива.

Цар Самоил прво се водеше како решена личност, но потоа се проблематизираше. Првиот човек на бугарскиот дел од комисијата, Ангел Димитров, пред средбата во февруари годинава, во интервју за софиски „Труд“, објасни на што се должат споровите околу него.

Да, во протоколот се велеше дека тој е бугарски владетел, продолжувач на бугарската царска традиција. Кога подоцна стана збор тоа да биде ставено во учебниците, нашите колеги избегаа од таа определба-тоа не било за учебниците, туку само за политичка употреба. Тие двојни стандарди се одраз на една нивна методологија, изјави Димитров.

Во декември 2020 година, пак, Ѓоргиев, кога станува збор за Самоил изјави:

Од наша страна, понудивме при претставувањето на цар Самоил во учебниците, учениците да имаат две перспективи на таа Самоилова држава-дека е наследник на средновековното Бугарско царство, но и дека е независно царство. Од бугарска страна се инсистираше да биде само царство кое ја наследува традицијата на првото Бугарско царство. Тука заглавивме, тие инсистираа само на нивното гледање.

Цар Самоил беше основна тема и на три колумни на членови на комисијата од двете страни, во кои самите наслови го отсликуваа и приодот кон неговата личност, но и сфаќањето на терминот „заедничка историја“.

Па така, членот на комисијата од бугарска страна Наум Кајчев, во мкд.мк во јуни/јули минатата година го објави првиот текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-цар Самоил erga omnes“. Веднаш потоа му „реплицираа“ Огнен Вангелов и Љупчо Ристески со свој текст со наслов „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности?“. И „допишувањето“ заврши со нов текст на Кајчев од 13 јули 2021 година со ист наслов како и првиот „За обединуваето околу нашата заедничка историја-цар Самоил erga omnes II“.

Од изјавите и од текстовите се поставуваат две клучни прашања. Првото е дали цар Самоил ќе биде прифатен само како наследник на Бугарското царство или како цар на независно царство? И второто, што произлегува од првото, дали кон Самоил, а со тоа и кон целото средновековие ќе се има бугарски приод erga omnes, или македонски, што ќе значи „обединување околу различностите“?

Извор: ПрессингТВ

The post Академик Драги Ѓоргиев задоволен од „позитивната атмосфера“ во Комисијата, па одеднаш заборавил на бугарските документи!? appeared first on Република.

]]>

Можно ли е истиот ден кога беше избран за редовен член на МАНУ, проф. Драги Ѓоргиев, да престане да го служи меморијата и одеднаш да заборавил што зборувал претходно? По се изгледа, да! Зашто, проф. Ѓоргиев, како копретседавач од наша страна на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците, почетокот на дводневната средба ја најави помпезно и со многу оптимизам. Па, врз основа на „позитивната атмосфера“, што сега владеела меѓу членовите на комисијата од двете страни, најави решавање на спорот околу цар Самоил и на целото средновековие, а по можност, ако има доволно време, и за Гоце Делчев. А, само пред нецела година, на 25 мај лани, во интервју за БТВ говореше нешто сосема друго.
Духот на работата на комисијата се промени поради некои други работи, не поради тоа што Бугарија даде поддршка за влез во НАТО и со тоа ние ја исполнивме нашата цел и не сакаме да работиме. Доколку тоа беше така, можеби оваа држава и ќе ја прекинеше работата на комисијата. Меѓутоа, апсолутно тоа не е целта. Промената на работата на комисијата, би рекол, дека се случи поради неколку политички настани, декларации, кои беа, пред сè, усвоени во бугарското општество. Видете, ако ние треба да изградиме заеднички став во комисијата за тоа, на пример, дека треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев, а притоа државата со која треба заеднички да го чествуваме Гоце Делчев не го признава македонскиот јазик, тврди дека ние сме нација од 44-та година, Титова? Како може ние една таква препорака да дадеме до нашата Влада? Како можеме да дадеме таква препорака за држава која не нè признава онака како што сметаме ние дека како нација постоиме? И на кој начин таа јавност овде ќе ја прифати таа препорака, изјави тогаш меѓу другото Ѓоргиев.
Значи, за сега веќе академик Ѓоргиев, клучни за застојот во работата на комисијата биле бугарските документи усвоени во нивното Народно собрание, со кои се негира постоењето на Македонците до 1944 година, а македонскиот јазик е јазична норма на бугарскиот. И до ден денес, наспроти промените на власта во Бугарија, тие документи не се поништени и се уште се во сила. Но, тоа очигледно не е проблем за Ѓоргиев, кој сега е одушевен од „позитивната атмосфера“! Недостасува само членовите на комисијата заеднички да седнат во кафеана и да мавнат, ни помалку, ни повеќе, туку по три чашки ракија! Не е важно дали ќе биде „жолта“ или некоја друга. Зашто, нели, според поранешниот министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, кога тој седел со македонски политичари по кафеани, по три чашки сите признавале дека биле Бугари! Е, сега, некој може да забележи дека Ѓоргиев не е политичар. Да, фактички не е, но судејќи според служењето со меморијата, повеќе од очигледно - е! Леснотијата со која го најави решавањето на спорот со цар Самоил и целото средновековие не е ни малку наивно. Во прашање се нашите учебници со кои ќе се образувааат идните генерации. И во во неа не се наоѓа само името на цар Самоил, туку целата тематска содржина во која се вклучени прашањата за населувањето на Словените на Балканот, создавањето и проширувањето на бугарската држава, христијанизирањето на Бугарите, населувањето на Словените во Македонија, македонските склавинии, односот на Словените кон староседелците, словенските опсади на Солун, појавата и развитокот на словенската писменост и култура, создавањето на словенската азбука и писменост, дејноста на св.Климент и св.Наум, создавањето и ширењето на македонската средновековна држава, проширувањето на македонската држава, пропаѓањето на македонското царство и завршува со Охридската архиепископија, нејзината организација и значење. Очигледно, токму од формулацијата за цар Самоил зависат многу работи. А, за волја на вистината, токму во овој дел се употребува и формулацијата за Бугарите како „татари“, што тие ја сметаат за навредлива. Цар Самоил прво се водеше како решена личност, но потоа се проблематизираше. Првиот човек на бугарскиот дел од комисијата, Ангел Димитров, пред средбата во февруари годинава, во интервју за софиски „Труд“, објасни на што се должат споровите околу него.
Да, во протоколот се велеше дека тој е бугарски владетел, продолжувач на бугарската царска традиција. Кога подоцна стана збор тоа да биде ставено во учебниците, нашите колеги избегаа од таа определба-тоа не било за учебниците, туку само за политичка употреба. Тие двојни стандарди се одраз на една нивна методологија, изјави Димитров.
Во декември 2020 година, пак, Ѓоргиев, кога станува збор за Самоил изјави:
Од наша страна, понудивме при претставувањето на цар Самоил во учебниците, учениците да имаат две перспективи на таа Самоилова држава-дека е наследник на средновековното Бугарско царство, но и дека е независно царство. Од бугарска страна се инсистираше да биде само царство кое ја наследува традицијата на првото Бугарско царство. Тука заглавивме, тие инсистираа само на нивното гледање.
Цар Самоил беше основна тема и на три колумни на членови на комисијата од двете страни, во кои самите наслови го отсликуваа и приодот кон неговата личност, но и сфаќањето на терминот „заедничка историја“. Па така, членот на комисијата од бугарска страна Наум Кајчев, во мкд.мк во јуни/јули минатата година го објави првиот текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-цар Самоил erga omnes“. Веднаш потоа му „реплицираа“ Огнен Вангелов и Љупчо Ристески со свој текст со наслов „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности?“. И „допишувањето“ заврши со нов текст на Кајчев од 13 јули 2021 година со ист наслов како и првиот „За обединуваето околу нашата заедничка историја-цар Самоил erga omnes II“. Од изјавите и од текстовите се поставуваат две клучни прашања. Првото е дали цар Самоил ќе биде прифатен само како наследник на Бугарското царство или како цар на независно царство? И второто, што произлегува од првото, дали кон Самоил, а со тоа и кон целото средновековие ќе се има бугарски приод erga omnes, или македонски, што ќе значи „обединување околу различностите“? Извор: ПрессингТВ

The post Академик Драги Ѓоргиев задоволен од „позитивната атмосфера“ во Комисијата, па одеднаш заборавил на бугарските документи!? appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев: Имало бугарска окупација или инвазија, но не фашистичка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-imalo-bugarska-okupacija-ili-invazija-no-ne-fashistichka/ Sun, 06 Feb 2022 09:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=454691

Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, вели за РСЕ копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев.

Дали овој нов пристап којшто го најавија Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков за побрзо решавање на спорот со некакви временски рамки од шест месеци всушност ви прави некаков притисок во Комисијата за да испорачате резултати?

Да, се наметна едно такво чувство кога стана збор за формирање на дополнителни групи во процесот на разговорите со Република Бугарија, меѓутоа уште не почетокот ние зазедовме јасен став дека историската комисија не може да го следи тоа темпо и да има средби секој месец, така што договорот е да имаме шест средби годишно. Минатата година беа договорени пет, значи додадовме уште една средба плус во текот на оваа година со цел да придонесеме кон динамиката на процесот на разговори со Република Бугарија и тоа е оптималното наше работење, бидејќи и меѓу средбите ние имаме многу работа во однос на усогласување на ставови, записници итн. Така што, на годишно ниво ќе имаме шест средби.

Во мај годинава ќе се навршат четири години од кога е формирана заедничката комисија, а впечатокот е дека вие сè уште имате силни несогласувања со колегите од бугарската страна околу терминот заедничка историја. Професоре, дали вашите бугарски колеги инсистираат на тоа дека заедничката историја подразбира дека Македонците до 1945 година биле Бугари?

Да, тој термин е употребен во Договорот во членот што зборува за историската комисија и не е дефинирано што се подразбира под таа синтагма заедничка историја и ние дојдовме во судир со колегите од Бугарија во однос на тоа.

Што подразбираат тие под тоа?

Тие подразбираат дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ која започнала кон средината на деветтиот век кога првото бугарско средновековно царство ја освојува територијата на Македонија. Според нив, тогаш се случува трајна етничка хомогенизација меѓу прабугарското население кое е дојдено од исток и словенското население кое живее на овие простори, се создава бугарскиот народ и оттогаш до 1944 година, тоа е историја само на еден народ, односно на бугарскиот народ.

Значи македонскиот народ е по 1944 година?

Значи македонскиот народ, според ставовите на најголем дел од бугарската историографија, е создаден со, како што велат, инженеринг на Комунистичката партија на Македонија и на Југославија, на Коминтерната и на Тито. Ние веднаш апсолутно го одбивме таквото дефинирање на синтагмата заедничка историја и дури инсистиравме со колегите да посветиме посебно внимание на тој термин, да го дефинираме што значи заедничка историја, меѓутоа од бугарските колеги тоа беше одбиено и сега синтагмата заедничка историја останува како една од пречките во нашето дефинирање на некои препораки, и во учебниците и за заедничко чествување.
Друго прашање кое често предизвикува несогласувања, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор. Како според вас треба да се дефинира ова?

Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, повторно ние не може тоа со наша одлука да го наметнеме се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија.

Целото интервју на РСЕ

The post Ѓоргиев: Имало бугарска окупација или инвазија, но не фашистичка appeared first on Република.

]]>

Може да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација, зашто Бугарија не била фашистичка земја, профашистичка да, меѓутоа фашистичка не, вели за РСЕ копретседателот на заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев. Дали овој нов пристап којшто го најавија Ковачевски и бугарскиот премиер Кирил Петков за побрзо решавање на спорот со некакви временски рамки од шест месеци всушност ви прави некаков притисок во Комисијата за да испорачате резултати? Да, се наметна едно такво чувство кога стана збор за формирање на дополнителни групи во процесот на разговорите со Република Бугарија, меѓутоа уште не почетокот ние зазедовме јасен став дека историската комисија не може да го следи тоа темпо и да има средби секој месец, така што договорот е да имаме шест средби годишно. Минатата година беа договорени пет, значи додадовме уште една средба плус во текот на оваа година со цел да придонесеме кон динамиката на процесот на разговори со Република Бугарија и тоа е оптималното наше работење, бидејќи и меѓу средбите ние имаме многу работа во однос на усогласување на ставови, записници итн. Така што, на годишно ниво ќе имаме шест средби. Во мај годинава ќе се навршат четири години од кога е формирана заедничката комисија, а впечатокот е дека вие сè уште имате силни несогласувања со колегите од бугарската страна околу терминот заедничка историја. Професоре, дали вашите бугарски колеги инсистираат на тоа дека заедничката историја подразбира дека Македонците до 1945 година биле Бугари? Да, тој термин е употребен во Договорот во членот што зборува за историската комисија и не е дефинирано што се подразбира под таа синтагма заедничка историја и ние дојдовме во судир со колегите од Бугарија во однос на тоа. Што подразбираат тие под тоа? Тие подразбираат дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ која започнала кон средината на деветтиот век кога првото бугарско средновековно царство ја освојува територијата на Македонија. Според нив, тогаш се случува трајна етничка хомогенизација меѓу прабугарското население кое е дојдено од исток и словенското население кое живее на овие простори, се создава бугарскиот народ и оттогаш до 1944 година, тоа е историја само на еден народ, односно на бугарскиот народ. Значи македонскиот народ е по 1944 година? Значи македонскиот народ, според ставовите на најголем дел од бугарската историографија, е создаден со, како што велат, инженеринг на Комунистичката партија на Македонија и на Југославија, на Коминтерната и на Тито. Ние веднаш апсолутно го одбивме таквото дефинирање на синтагмата заедничка историја и дури инсистиравме со колегите да посветиме посебно внимание на тој термин, да го дефинираме што значи заедничка историја, меѓутоа од бугарските колеги тоа беше одбиено и сега синтагмата заедничка историја останува како една од пречките во нашето дефинирање на некои препораки, и во учебниците и за заедничко чествување. Друго прашање кое често предизвикува несогласувања, кога и да се спомене, е терминот бугарски фашистички окупатор. Како според вас треба да се дефинира ова? Според мене, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Според мене, оној термин кој овде може да се користи, за кој треба да се дебатира, повторно ние не може тоа со наша одлука да го наметнеме се разбира, е да се користат термините окупација, инвазија, па дури и анексија, затоа што овие простори би биле анектирани кон Бугарија доколку победеле силите на оската, меѓутоа не и терминот бугарска фашистичка окупација. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија. Целото интервју на РСЕ

The post Ѓоргиев: Имало бугарска окупација или инвазија, но не фашистичка appeared first on Република.

]]>