Драгана Лукан Николоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragana-lukan-nikoloski/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Nov 2024 10:12:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драгана Лукан Николоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragana-lukan-nikoloski/ 32 32 Праизведба на драмата за љубовта „Марта Верина“ вечерва во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/praizvedba-na-dramata-za-lubovta-marta-verina-vecherva-vo-mnt/ Fri, 08 Nov 2024 17:11:12 +0000 https://republika.mk/?p=835418

Вечерва во 20 часот на малата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ) е закажана праизведбата на драмскиот текст „Марта Верина“ на Драгана Лукан Николоски, а во режија на Нина Николиќ.

Претставата е во копродукција помеѓу „Перипатија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“. Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во склоп на премиерната изведба на претставата.

„Марта Верина“ е драма за љубовта, малку неконвенционална, малку невозвратена и возвратена, во точно и погрешно време. Ова е пред сè драма која му ја посветувам на мојот град, на Скопје и која ненамерно се случи да стане една генерациска драма, во која ќе се препознае мојата генерација, вели драматургот Лукан Николоски.

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софија Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Марта Верина е фрагмент од животот во кој ние воајерски ѕиркаме и токму таа непретенциозност на приказната, убаво развиените карактери и доминацијата на женскиот спакт кои се провлекуваат низ неа, ме натераа да ја пооставам. Потоа, поезијата на Шопов која е состевен дел од оваа драма дополнително ме инспирираше во поглед на потребата и неа да ја преведеме на начин разбирлив за помладите генерации – зашто аспектите кои ги обработува се вонвременски – толку далечни денес за нас, а воедно и толку јак составен дел од нашето битисување, вели режисерката Николиќ, објаснувајќи што е она што ја привлекло да го работи текстот на Лукан Николоски.

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе, а дизајнот на постерот на Сара Митова. 

Следните изведби на „Марта Верина“ се на 9 и на 27 ноември годинава на малата сцена на МНТ од 20 часот.

https://republika.mk/vesti/kultura/marta-verina-e-prikazna-za-onie-koi-imaat-hrabrost-da-napravat-neochekuvani-izbori/

The post Праизведба на драмата за љубовта „Марта Верина“ вечерва во МНТ appeared first on Република.

]]>

Режисерката Нина Николиќ во МНТ ја подготвува „Марта Верина“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/rezhiserkata-nina-nikolik-vo-mnt-ja-podgotvuva-marta-verina/ Sun, 03 Nov 2024 10:33:52 +0000 https://republika.mk/?p=833673

Македонската режисерка Нина Николиќ во Македонскиот народен театар (МНТ) ја подготвува претставата „Марта Верина“, копродукциски проект меѓу МНТ и Перипетија продукција. Премиерата е закажана за 8 ноември, во 20 часот.  Автор на текстот е Драгана Лукан Николоски, чија драма ќе доживее праизведа на малата сцена на МНТ

Во претставата играат: Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Биљана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софиа Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ.

Илина Ангеловска е сценограф и дизајн на видео, костимографка е  Ивана Каранфиловска Угуровска, а музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе.

„Марта Верина“ е драма која секоја своја реплика ја има украдено од стварноста. Ова е драма напишана низ клучалка, ни го покажува животот зад затворената врата, на моменти до непријатност од интимноста со која се соочуваме. Нејзините ликови сите ги познаваме, ги среќаваме секој ден, ги сакаме или ги мразиме, но тие не се црно бели, тие ги имаат сите тонови на спектарот и истовремено се ужасно во право и ужасно грешат. Ова е драма во која ликовите се разголуваат, ги тргаат сите слоеви кои ги имаат создадено за да се заштитат од суровиот свет и ни се покажуваат такви какви што сме сите ние кога ќе собереме доволно храброст да се погледнеме искрено во искривеното огледало кои ги потенцира сите наши маани.
„Марта Верина“ е драма за луѓето, за мажите, за жените и за децата, за тоа како делуваат нашите постапки врз оние кои ни се најблиски. Но, најмногу од сè, ова е драма за љубовта. Инспирирана од поезијата на Ацо Шопов, прави една конекција која ни зборува дека луѓето се секогаш исти, песните напишани пред повеќе од 50 години, стануваат толку свежи и модерни, откривајќи ни ја суштината на овие ликови кои постојат овде и сега, и секаде и секогаш. Со помош на зборовите кои сите ние секојдневно ги слушаме и ги кажуваме, Марта пробува да ни раскаже една приказна за оние работи за кои најчесто немаме зборови, за моментите во животот кога остануваме без текст, бидејќи како што би рекла самата Марта: „Кога луѓето се засакуваат, се отсакуваат и се оставаат, тоа никогаш нема никаква врска со зборови, вели во писателската белешка Лукан Николоски.

The post Режисерката Нина Николиќ во МНТ ја подготвува „Марта Верина“ appeared first on Република.