Драган Шолак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-sholak/ За подобро да се разбереме Fri, 03 Nov 2023 14:35:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Шолак Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-sholak/ 32 32 Најголемиот српски тајкун и поддржувач на опозицијата забрани политичко рекламирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najgolemiot-srpski-tajkun-i-poddrzhuvach-na-opozitsijata-zabrani-politichko-reklamirane/ Fri, 03 Nov 2023 14:40:05 +0000 https://republika.mk/?p=697851

Групацијата „Јунајтед медиа“ (United Media) ја информираше српската јавност дека е донесена одлука сите нејзини медиуми – Н1, Нова С и Данас да не објавуваат политичко рекламирање за време на претстојната изборна кампања во Србија.

- Во предизборниот период во Србија медиумите во рамките на „Јунајтед медиа“ ќе известуваат како и досега, професионално и со почитување на највисоките новинарски стандарди. Тие ќе останат посветени на изнесување за различни мислења, култура на дијалог и можност секоја партија учесничка на изборите да ја претстави својата програма и став, се наведува во соопштение.

Одлуката да не се емитува политички маркетинг е, како што се истакнува во соопштението, форма на протест на „Јунајтед медиа“ поради општата ситуација на српската медиумска сцена и заканите кон нејзините новинари и уредници кои секојдневно се цел на напади на функционери на владејачката коалиција и од прорежимски медиуми.

- Медиумите во рамките на „Јунајтед медиа“ не сакаат да прикажуваат предизборно рекламирање на претставници на владејачките партии во Србија. За да избегнеме потенцијални обвинувања за дискриминација во предизборната програма, нема да емитуваме политички маркетинг на ниту една политичка опција, се посочува во соопштението на медиумската групација

The post Најголемиот српски тајкун и поддржувач на опозицијата забрани политичко рекламирање appeared first on Република.

]]>

Групацијата „Јунајтед медиа“ (United Media) ја информираше српската јавност дека е донесена одлука сите нејзини медиуми – Н1, Нова С и Данас да не објавуваат политичко рекламирање за време на претстојната изборна кампања во Србија.
- Во предизборниот период во Србија медиумите во рамките на „Јунајтед медиа“ ќе известуваат како и досега, професионално и со почитување на највисоките новинарски стандарди. Тие ќе останат посветени на изнесување за различни мислења, култура на дијалог и можност секоја партија учесничка на изборите да ја претстави својата програма и став, се наведува во соопштение.
Одлуката да не се емитува политички маркетинг е, како што се истакнува во соопштението, форма на протест на „Јунајтед медиа“ поради општата ситуација на српската медиумска сцена и заканите кон нејзините новинари и уредници кои секојдневно се цел на напади на функционери на владејачката коалиција и од прорежимски медиуми.
- Медиумите во рамките на „Јунајтед медиа“ не сакаат да прикажуваат предизборно рекламирање на претставници на владејачките партии во Србија. За да избегнеме потенцијални обвинувања за дискриминација во предизборната програма, нема да емитуваме политички маркетинг на ниту една политичка опција, се посочува во соопштението на медиумската групација

The post Најголемиот српски тајкун и поддржувач на опозицијата забрани политичко рекламирање appeared first on Република.

]]>
Прв сосед Трамп: Српскиот тајкун Шолак, газдата на Спорт Клуб има вила на Флорида вредна 33 милиони долари https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/prv-sosed-tramp-srpskiot-tajkun-sholak-gazdata-na-sport-klub-ima-vila-na-florida-vredna-33-milioni-dolari/ Wed, 12 Apr 2023 09:02:23 +0000 https://republika.mk/?p=630074

Драган Шолак, српскиот медиумски тајкун има вила на Флорида. Тој го поседува премиерлигашот Саутемптон како и Спорт Клуб. Прв сосед му е Доналд Трамп, во квартот Индијан Крик, со базен, излез на море и дел за усидрување на јахти.

Вилата е затворена за посетители а фотографии се недозволени дури ни за Гугл. Суперлуксузна вила на Флорида е вредна 33 милиони долари.

Преку мрежа на поврзани компании, Шолак долги години изнесува пари од Србија, најмногу на различни егзотични дестинации од Кипар и Малта до Сејшелите и Британските Девствени Острови.

The post Прв сосед Трамп: Српскиот тајкун Шолак, газдата на Спорт Клуб има вила на Флорида вредна 33 милиони долари appeared first on Република.

]]>

Драган Шолак, српскиот медиумски тајкун има вила на Флорида. Тој го поседува премиерлигашот Саутемптон како и Спорт Клуб. Прв сосед му е Доналд Трамп, во квартот Индијан Крик, со базен, излез на море и дел за усидрување на јахти. Вилата е затворена за посетители а фотографии се недозволени дури ни за Гугл. Суперлуксузна вила на Флорида е вредна 33 милиони долари. Преку мрежа на поврзани компании, Шолак долги години изнесува пари од Србија, најмногу на различни егзотични дестинации од Кипар и Малта до Сејшелите и Британските Девствени Острови.

The post Прв сосед Трамп: Српскиот тајкун Шолак, газдата на Спорт Клуб има вила на Флорида вредна 33 милиони долари appeared first on Република.

]]>
Газдата на Саутемптон „шиткал“ ВХС касети и дискови https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/gazdata-na-sautempton-shitkal-vhs-kaseti-i-diskovi/ Tue, 01 Feb 2022 22:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=452695

Трчајќи на големата сцена, Драган Шолак конечно влезе со купување на премиерлигашот Саутемптон. Тој го оствари   „американскиот сон“  во матните води на балканската транзиција. Од продавач на VHS ленти до првиот српски милијардер и сопственик на англиските „светци“.

Финансискиот подем на првиот српски милијардер Драган Шолак започна во 1990-тите. До позицијата на најбогат Србин, Солак помина долг пат од продавачот на ленти и дискови VHS, преку основањето на првата кабелска телевизија во земјата, до сопственик на група која држи над сто регионални медиуми во своите портфолио и поседува имот проценет на повеќе од три милијарди евра.

Неговата прва работа беше во продуцентската куќа „Венс“, која го воведе во светот на тргувањето со ЦД и ДВД. Гледајќи ги сите деловни можности во оваа област, со оглед на тоа што авторските права не уживаа соодветна правна заштита за време на санкциите во овој регион, Шолак се преселил во Словенија, каде што заедно со сопругата Гордан ја основале компанијата „Тејпд Пикчрс“ (T. Pics) која продавала ЦД-а и ДВД-а, како и увезени и дистрибуирани дела од поранешните југословенски републики.

Потоа го купува познатиот и кај нас „Спорт клуб“ како и Н1 телевизија.

The post Газдата на Саутемптон „шиткал“ ВХС касети и дискови appeared first on Република.

]]>

Трчајќи на големата сцена, Драган Шолак конечно влезе со купување на премиерлигашот Саутемптон. Тој го оствари   „американскиот сон“  во матните води на балканската транзиција. Од продавач на VHS ленти до првиот српски милијардер и сопственик на англиските „светци“. Финансискиот подем на првиот српски милијардер Драган Шолак започна во 1990-тите. До позицијата на најбогат Србин, Солак помина долг пат од продавачот на ленти и дискови VHS, преку основањето на првата кабелска телевизија во земјата, до сопственик на група која држи над сто регионални медиуми во своите портфолио и поседува имот проценет на повеќе од три милијарди евра. Неговата прва работа беше во продуцентската куќа „Венс“, која го воведе во светот на тргувањето со ЦД и ДВД. Гледајќи ги сите деловни можности во оваа област, со оглед на тоа што авторските права не уживаа соодветна правна заштита за време на санкциите во овој регион, Шолак се преселил во Словенија, каде што заедно со сопругата Гордан ја основале компанијата „Тејпд Пикчрс“ (T. Pics) која продавала ЦД-а и ДВД-а, како и увезени и дистрибуирани дела од поранешните југословенски републики. Потоа го купува познатиот и кај нас „Спорт клуб“ како и Н1 телевизија.

The post Газдата на Саутемптон „шиткал“ ВХС касети и дискови appeared first on Република.

]]>
Српскиот газда на Саутемптон купи грчки мобилен оператор https://arhiva3.republika.mk/vesti/srpskiot-gazda-na-sautempton-kupi-grchki-mobilen-operator/ Wed, 12 Jan 2022 11:31:39 +0000 https://republika.mk/?p=443664

Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas. Оваа групација е сопственост на Драган Шолак, контроверзниот српски тајкун кој неодамна го купи премиерлигашот Саутемптон.

Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е една од најголемите инвестиции во Грција во последните години.

Групацијата ја прошири понудата на услуги во Грција за уште 3,4 милиони корисници, со што бројот на корисници на Јунајтед во таа земја се зголеми на 4,7 милиони или вкупно 15,2 милиони на сите пазари на кои работи. Јунајтед со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа

The post Српскиот газда на Саутемптон купи грчки мобилен оператор appeared first on Република.

]]>

Групацијата Јунајтед (United) денеска соопшти дека го завршила спојувањето на грчкиот телекомуникациски оператор Wind Hellas. Оваа групација е сопственост на Драган Шолак, контроверзниот српски тајкун кој неодамна го купи премиерлигашот Саутемптон. Бизнис групацијата, како што се наведува во соопштението, досега има инвестирано 1,4 милијарди евра на грчкиот пазар и во следните пет години ќе инвестира најмалку дополнителни 1,3 милијарди евра во оптичката мрежа, услугите на Pay-TV и 5G мрежата. Тоа е една од најголемите инвестиции во Грција во последните години. Групацијата ја прошири понудата на услуги во Грција за уште 3,4 милиони корисници, со што бројот на корисници на Јунајтед во таа земја се зголеми на 4,7 милиони или вкупно 15,2 милиони на сите пазари на кои работи. Јунајтед со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа

The post Српскиот газда на Саутемптон купи грчки мобилен оператор appeared first on Република.

]]>
Тежи една милјарда евра: Српскиот газда на Саутемптон има куќа на Женевско езеро, голф терени, Фалкон авион https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/tezi-edna-miljarda-evra-srpskiot-gazda-na-sautempton-ima-kukja-na-zenevsko-ezero-golf-tereni-falkon-avion/ Wed, 05 Jan 2022 14:04:53 +0000 https://republika.mk/?p=441022

Сопственикот на Јунајтед Груп Драган Шолак кој го купи Премиер лигашот Саутемптон  е пресметан и ненаситен тајкун со имот кој надминува 1,22 милијарди евра!

И работа и уживање

Империјата на Шолак е изградена на бројни шпекулативни, каубојски, па дури и картелски акции. Чудесната вредност на неговиот имот го става Шолак на местото на првиот српски европски милијардер. Шолак поседува одреден удел во повеќе од сто компании.

Шолак е сопственик и на голем движен и недвижен имот,  луксузна куќа на Женевското езеро, вредна неколку десетици милиони евра, луксузни патнички авиони и терени за голф ширум светот.

Криењето на недвижен имот и избегнувањето плаќање данок се очигледно специјалност на овој манипулативен бизнисмен.Тој поседува терени за голф во Словенија каде ужива.

Милиони во воздух

Како вистински богат  кој е опкружен со луксуз, Шолак поседува и неколку авиони. Тој лично поседува два авиони „фалкон“ - „дасу фалкон-2000ЛХ“ чија вредност е 35 милиони евра и „дасу фалкон Ф-900ХЛ“, чија вредност е 45 милиони евра.

 

The post Тежи една милјарда евра: Српскиот газда на Саутемптон има куќа на Женевско езеро, голф терени, Фалкон авион appeared first on Република.

]]>

Сопственикот на Јунајтед Груп Драган Шолак кој го купи Премиер лигашот Саутемптон  е пресметан и ненаситен тајкун со имот кој надминува 1,22 милијарди евра! И работа и уживање Империјата на Шолак е изградена на бројни шпекулативни, каубојски, па дури и картелски акции. Чудесната вредност на неговиот имот го става Шолак на местото на првиот српски европски милијардер. Шолак поседува одреден удел во повеќе од сто компании. Шолак е сопственик и на голем движен и недвижен имот,  луксузна куќа на Женевското езеро, вредна неколку десетици милиони евра, луксузни патнички авиони и терени за голф ширум светот. Криењето на недвижен имот и избегнувањето плаќање данок се очигледно специјалност на овој манипулативен бизнисмен.Тој поседува терени за голф во Словенија каде ужива. Милиони во воздух Како вистински богат  кој е опкружен со луксуз, Шолак поседува и неколку авиони. Тој лично поседува два авиони „фалкон“ - „дасу фалкон-2000ЛХ“ чија вредност е 35 милиони евра и „дасу фалкон Ф-900ХЛ“, чија вредност е 45 милиони евра.  

The post Тежи една милјарда евра: Српскиот газда на Саутемптон има куќа на Женевско езеро, голф терени, Фалкон авион appeared first on Република.

]]>
Србин влегува во Премиер лигата: Газдата на „Спорт клуб“ го купи Саутемптон https://arhiva3.republika.mk/sport/fudbal/srbin-vleguva-vo-premier-ligata-gazdata-na-sport-klub-go-kupi-sautempton/ Wed, 05 Jan 2022 08:58:59 +0000 https://republika.mk/?p=440805

Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Републик. Тој е газда на „Спорт клуб“ и на Н1 телевизијата која е опозициски настроена.

Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година.

Ова е трета голема инвестиција во клуб од Премиер лигата во последните три месеци, откако чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на Вест Хем во ноември, додека саудиски конзорциум ја презеде сопственоста во Њукасл во октомври.

The post Србин влегува во Премиер лигата: Газдата на „Спорт клуб“ го купи Саутемптон appeared first on Република.

]]>

Англискиот фудбалски прволигаш Саутемптон премина во рацете на српскиот милијардер Драган Шолак, кој е сопственик на телекомуникациската компанија Јунајтед груп, на чело на инвестициската групација Спорт Републик. Тој е газда на „Спорт клуб“ и на Н1 телевизијата која е опозициски настроена. Англиските медиуми јавија дека Спорт Република за 100 милиони фунти купил 80 отсто од акциите од кинескиот бизнисмен Гао Јишенг, кој беше сопственик на Саутемптон од август 2017 година. Ова е трета голема инвестиција во клуб од Премиер лигата во последните три месеци, откако чешкиот милијардер Даниел Кретински купи 27 отсто од акциите на Вест Хем во ноември, додека саудиски конзорциум ја презеде сопственоста во Њукасл во октомври.

The post Србин влегува во Премиер лигата: Газдата на „Спорт клуб“ го купи Саутемптон appeared first on Република.

]]>