Драган Попоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-poposki/ За подобро да се разбереме Sat, 11 Nov 2023 11:49:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Попоски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-poposki/ 32 32 Попоски: СДС и ДУИ сакаат да го укинат задолжителното средно образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/poposki-sds-i-dui-sakaat-da-go-ukinat-zadolzhitelnoto-sredno-obrazovanie/ Sat, 11 Nov 2023 11:49:10 +0000 https://republika.mk/?p=700520

Во неможност да го модернизираат, на СДС и ДУИ полесно им е да го укинат задолжителното средно образование. Нешто што во минатото беше задолжително и бесплатно, го направија неквалитетно, а сега ќе стане и незадолжително. Владата на Ковачевски размислува за укинување на задолжителното средно образование, а образложението е дека тоа е добро за економијата во државата. Како не едуцирани граѓани ќе бидат од корист за државата? Замислете, ова е ставот на владините министри во време кога светот го движат и развиваат интелектуалци и колку повисоко и поквалитетно образование имаш, толку повеќе си ценет - истакна на денешната прес конференција Драган Попоски, член на комисија за образование на ВМРО-ДПМНЕ.

Веројатно граѓаните со низок степен на образование ќе бидат од корист само за власта, која мисли дека полесно ќе ги манипулира доколку не се доволно писмени. Тоа е потценување и навреда! Наместо да им понуди што повеќе можности и опции за едукација, Владата им вели дека доволно им е деветтолетка за да успеат во животот - рече тој.

Податоците велат дека и онака во регионот имаме највисока стапка на осипување на ученици од средните училишта. Практично 78% од една генерација средношколци го завршуваат ова образовно ниво. И наместо тоа да се подобри, фокусот да биде ставен особено на дуалното образование со кое би се насочиле и квалификувале нови кадри, се размислува за незадолжително средно образование.

Ветуваме дека оваа идеја ќе биде спречена. Наскоро доаѓаат промени и нова Влада која навистина ќе се грижи да имаме квалитетен образовен систем, затоа што ова општество треба да се развива врз база на знаење, и треба да се вложува во знаењето на граѓаните – посочи Попоски.

The post Попоски: СДС и ДУИ сакаат да го укинат задолжителното средно образование appeared first on Република.

]]>

Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/promotsija-na-monografijata-makedonija-gorna-reka-selo-kichinitsa-istoriski-viduvana-i-zapisi-od-dragan-poposki-stojnin-vo-vevchani/ Mon, 14 Aug 2023 08:37:51 +0000 https://republika.mk/?p=671879

На 15 август, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија.

Книгата е полемична. Драган Поповски-Стојнин со многубројни документи, ги оспорува тезите на поранешниот пратеник на ДУИ Бранко Манојловски и на неодамна починатиот д-р Бранко Синадиновски за етничката и верската припадност на жителите од овој крај. Имено, тие тврдат дека во Кичиница живеат православни Албанци.

Станува збор за монографија која е плод на долгогодишна подготовка и во која се истражува историјата на Кичиница, на селата во Горна Река, топонимите низ историјата, јазикот, христијанската вера, обичаите, црквите, манастирите, празнувањата на црковните празници, традиции, како и за отпорот на горнореканците и Македонците кон однародувањето...

Во голем дел од монографијата „е претставено историското минато, милениумскиот континуитет на опстојувањето на Македонците на Балканскиот Полуостров. Тука се претставени факти за етногенезата на Македонците споредбено со етногенезата на Грците, Бугарите и Албанците, доселувани и населувани низ столетијата“, пишува во рецензијата д-р Михајло Миноски.

Ефтим Клетников, познат македонски поет, преведувач, книжевен критичар и есеист, во рецензијата за книгата, меѓу другото пишува, дека Драган Попоски-Стојнин „во својата потрага по македонскиот идентитет, а поаѓајки од Кичиница како модерен архетип на македонскиот историски проклетилак, интуитивно и со една понорна рефлексија, сјајно се надоврзува на Ѓорѓија Пулески, најзначајниот македонскиот преродбеник кога станува збор за идентитетот

Драган Попоски-Стојнин е роден во Вевчани, во 1940 година. Виорот на Втората светска војна бил трагичен за неговата фамилија и како дете без родители растел во детските домови во Битола, Скопје, Кратово, Ресен, Битола, Валандово, Битола. Во Битола, во 1960 година завршил гимназија, а Медицински факултет и специјализација завршил во Скопје.

Работел како лекар, а во 1992 година, меѓу првите во Република Македонија, ја формира приватната здравствена организација, Аптеки „Биолек“. Покрај медицинската дејност, тој го проучува и демографското прашање во Република Македонија. Хоби му се сликарство и изработка на уметнички ракотворби.

Во 2017 година во издание на „Бата прес“ ја објави поетската книга „Резби„

По пензионирањето живее и твори во Охрид.

The post Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани appeared first on Република.

]]>

На 15 август, во 19 часот, во црквата „Свети Никола“ во Вевчани, во рамките на културната манифестацијата „Вевкул“, ќе биде промовирана монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин. Моногафирјата е издание на „Бата прес“ и на промоцијата за неа ќе зборуваат Мишо Китаноски, писател, новинар и публицист, Ефтим Клетников македонски поет, книжевен критичар, есеист и преведувач кој е и рецензент на делото, како и историчарот д-р Павле Митревски, универзитетски професор во пензија. Книгата е полемична. Драган Поповски-Стојнин со многубројни документи, ги оспорува тезите на поранешниот пратеник на ДУИ Бранко Манојловски и на неодамна починатиот д-р Бранко Синадиновски за етничката и верската припадност на жителите од овој крај. Имено, тие тврдат дека во Кичиница живеат православни Албанци. Станува збор за монографија која е плод на долгогодишна подготовка и во која се истражува историјата на Кичиница, на селата во Горна Река, топонимите низ историјата, јазикот, христијанската вера, обичаите, црквите, манастирите, празнувањата на црковните празници, традиции, како и за отпорот на горнореканците и Македонците кон однародувањето... Во голем дел од монографијата „е претставено историското минато, милениумскиот континуитет на опстојувањето на Македонците на Балканскиот Полуостров. Тука се претставени факти за етногенезата на Македонците споредбено со етногенезата на Грците, Бугарите и Албанците, доселувани и населувани низ столетијата“, пишува во рецензијата д-р Михајло Миноски. Ефтим Клетников, познат македонски поет, преведувач, книжевен критичар и есеист, во рецензијата за книгата, меѓу другото пишува, дека Драган Попоски-Стојнин „во својата потрага по македонскиот идентитет, а поаѓајки од Кичиница како модерен архетип на македонскиот историски проклетилак, интуитивно и со една понорна рефлексија, сјајно се надоврзува на Ѓорѓија Пулески, најзначајниот македонскиот преродбеник кога станува збор за идентитетот Драган Попоски-Стојнин е роден во Вевчани, во 1940 година. Виорот на Втората светска војна бил трагичен за неговата фамилија и како дете без родители растел во детските домови во Битола, Скопје, Кратово, Ресен, Битола, Валандово, Битола. Во Битола, во 1960 година завршил гимназија, а Медицински факултет и специјализација завршил во Скопје. Работел како лекар, а во 1992 година, меѓу првите во Република Македонија, ја формира приватната здравствена организација, Аптеки „Биолек“. Покрај медицинската дејност, тој го проучува и демографското прашање во Република Македонија. Хоби му се сликарство и изработка на уметнички ракотворби. Во 2017 година во издание на „Бата прес“ ја објави поетската книга „Резби„ По пензионирањето живее и твори во Охрид.

The post Промоција на монографијата „Македонија, Горна Река – село Кичиница, историски видувања и записи“ од Драган Попоски-Стојнин во Вевчани appeared first on Република.

]]>