драган митковски книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-mitkovski-kniga/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 11:26:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драган митковски книга Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-mitkovski-kniga/ 32 32 Запален „мерцедесот“ на блискиот соработник на Данела Арсовска – Драги Книга https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/zapalen-mertsedesot-na-bliskiot-sorabotnik-na-danela-arsovska-dragi-kniga/ Fri, 09 Aug 2024 11:26:59 +0000 https://republika.mk/?p=804924

Непознати сторители ноќеска го запалиле автомобилот на Драган Митковски - Книга, близок соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска и носител на изборната листа во втората изборна единица од Нова демократија, нејзината партија.

Од МВР потврдуваат дека ноќва било опожарено возило во Ѓорче Петров, а пожарот зафатил и други две возила.

На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „мерцедес А класа“ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило „‘хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

 

The post Запален „мерцедесот“ на блискиот соработник на Данела Арсовска – Драги Книга appeared first on Република.

]]>

Непознати сторители ноќеска го запалиле автомобилот на Драган Митковски - Книга, близок соработник на скопската градоначалничка Данела Арсовска и носител на изборната листа во втората изборна единица од Нова демократија, нејзината партија. Од МВР потврдуваат дека ноќва било опожарено возило во Ѓорче Петров, а пожарот зафатил и други две возила.
На 09.08.2024 во 03.05 часот од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Општина Ѓорче Петров било опожарено патничко моторно возило „мерцедес А класа“ со скопски регистерски таблички, сопственост на правно лице од Скопје. Од пожарот зафатени се и патничко моторно возило „‘хјундаи“ и „сузуки свифт“ во делот на браниците и ретровизор. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
 

The post Запален „мерцедесот“ на блискиот соработник на Данела Арсовска – Драги Книга appeared first on Република.

]]>
Груевски: Немам никаква врска со Данела Арсовска и Драги Митковски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/gruevski-nemam-nikakva-vrska-so-danela-arsovska-i-dragi-mitkovski/ Wed, 13 Sep 2023 06:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=681412

Под наслов „Деманти на интригите на исплашените политичари”, поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук пишува за своите познанства со Данела Арсовска и со Драган Митковски, кои, како што пишуваат медиумите, ќе формираат нова политичка партија.

Драги Митковски никогаш не ми бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не сум побарал, ниту добил совет од него. Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска ја добив од медиумите и немам никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата, пишува Груевски и објаснува дека „ова е демант на објавите на некои портали, од кои видливо е дека имаат намера да направат конструкција, очигледно излезена од една партиска кујна”.

https://republika.mk/vesti/skopje/ke-se-vika-pravda-arsovska-formira-partija/

Со Драги Митковски живеев во исто маало како дете, од мојата седма до некаде околу петнаесетгодишна возраст, по што околу две децении немав ни случајна средба со него. Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, како и при неколку други случајни или спортски настани.

Со Данела Арсовска, како што еднаш објавив сум имал отприлика 6-7 службени средби, во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и на Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво, пишува тој.

Груевски ја користи приликата да демантира дека во Будимпешта се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски.

Артан Груби последен пат го сретнав во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски, кој мислам дека е еден од неколкумината кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал, пишува Груевски.

На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ, додава поранешниот премиер, им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип.

The post Груевски: Немам никаква врска со Данела Арсовска и Драги Митковски appeared first on Република.

]]>

Под наслов „Деманти на интригите на исплашените политичари”, поранешниот премиер Никола Груевски на Фејсбук пишува за своите познанства со Данела Арсовска и со Драган Митковски, кои, како што пишуваат медиумите, ќе формираат нова политичка партија.
Драги Митковски никогаш не ми бил ниту формален, ниту неформален советник, поточно никогаш не сум побарал, ниту добил совет од него. Информацијата за собирањето потписи за партијата на Данела Арсовска ја добив од медиумите и немам никаква комуникација, поврзаност или соработка со било кој од двајцата, пишува Груевски и објаснува дека „ова е демант на објавите на некои портали, од кои видливо е дека имаат намера да направат конструкција, очигледно излезена од една партиска кујна”.
https://republika.mk/vesti/skopje/ke-se-vika-pravda-arsovska-formira-partija/
Со Драги Митковски живеев во исто маало како дете, од мојата седма до некаде околу петнаесетгодишна возраст, по што околу две децении немав ни случајна средба со него. Потоа неколку пати се сретнавме на годишен собир на некогашни деца од тоа исто маало, повеќето одамна иселени од таму, каде што секој со секого разговара и се фотографира и од каде имаме заеднички фотографии, како и при неколку други случајни или спортски настани. Со Данела Арсовска, како што еднаш објавив сум имал отприлика 6-7 службени средби, во време кога таа беше претседател на ССК, а јас премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ. Од тогаш, ниту имам комуникација со неа, ниту било каква соработка или поврзаност со политичките активности и планови на Данела Арсовска и на Драги Митковски, ниту пак тие се обиделе да побараат нешто такво, пишува тој.
Груевски ја користи приликата да демантира дека во Будимпешта се сретнал со Артан Груби или со Максим Димитриевски.
Артан Груби последен пат го сретнав во штабот на ВМРО-ДПМНЕ на почетокот на 2017 година, во придружба на Али Ахмети. Максим Димитриевски, кој мислам дека е еден од неколкумината кои во изминатите денови добија од ист центар насока деновиве да измислуваат мои наводни средби, не се сеќавам дека било кога во животот сум го сретнал, пишува Груевски.
На политичките партии кои контролираат одредени портали и имаат некаква моќ, додава поранешниот премиер, им советувам да ги концентрираат напорите, времето и енергијата во продуктивни и општо корисни цели, заради кои и постојат и имаат некаква смисла, наместо во интриги, заговори и бесмислено трошење на времето на активности од ваков тип.

The post Груевски: Немам никаква врска со Данела Арсовска и Драги Митковски appeared first on Република.

]]>
Инцидент во Ѓорче: Револтирани родители ги нападнаа инспекторите на Данела Арсовска и „мафијашот“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-vo-gorche-revoltirani-roditeli-gi-napadnaa-inspektorite-na-danela-arsovska-i-mafijashot/ Fri, 03 Feb 2023 08:14:12 +0000 https://republika.mk/?p=604094

Спортските клубови кои ги користиеа просториите на спортската сала на средното училиште „Кочо Рацин“ беа оставени на улица откако тие обвинија дека градот Скопје салата ја „таксал” на некој друг приватник, кој од тоа сакал да развие бизнис, пренесува „Хроника“. Прстот беше посочен дека зад тоа стојат бизнис интереси на човек кој важи за близок до градоначалничката на Градот Скопје, Драган Митковски Книга.

Средбата на родителите на децата кои вежбаат во спортските клубови со инспекторите во град Скопје помина во тензична атмосфера.

Видеа од инцидентот тука

The post Инцидент во Ѓорче: Револтирани родители ги нападнаа инспекторите на Данела Арсовска и „мафијашот“ appeared first on Република.

]]>

Спортските клубови кои ги користиеа просториите на спортската сала на средното училиште „Кочо Рацин“ беа оставени на улица откако тие обвинија дека градот Скопје салата ја „таксал” на некој друг приватник, кој од тоа сакал да развие бизнис, пренесува „Хроника“. Прстот беше посочен дека зад тоа стојат бизнис интереси на човек кој важи за близок до градоначалничката на Градот Скопје, Драган Митковски Книга. Средбата на родителите на децата кои вежбаат во спортските клубови со инспекторите во град Скопје помина во тензична атмосфера. Видеа од инцидентот тука

The post Инцидент во Ѓорче: Револтирани родители ги нападнаа инспекторите на Данела Арсовска и „мафијашот“ appeared first on Република.

]]>
Каква врска имаат „Пуцко петрол“, ЈСП и скопски сметководител во блокадата на Скопје? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kakva-vrska-imaat-pucko-petrol-jsp-i-skopski-smetkovoditel-vo-blokadata-na-skopje/ Tue, 06 Dec 2022 08:00:22 +0000 https://republika.mk/?p=582378

Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ, од каде објавуваат за нов криминал со скопското претрпијатие, фирмите на функционерот од Пласница и скопски сметководител.

Тендерот за набавка на нафта во ЈСП е потпишан од директорот Александар Стојковски, кадар на СДС, а фирма добитник е во сопственост на пратеник коалициски партнер на власта Пуцко Петрол.

Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема.

Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А, цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба.

Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14.500.000 литри како да купува 50 литра.

Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1.4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС.

Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии?

Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга?

Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема.

Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП?

На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје?

Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каква врска имаат „Пуцко петрол“, ЈСП и скопски сметководител во блокадата на Скопје? appeared first on Република.

]]>

Ефектот од средбите Арсовска – Ковачевски е блокиран град, банкротирано ЈСП и сомнеж за провизии кои завршуваат во приватни џебови, обвинуваат утрово од ВМРО-ДПМНЕ, од каде објавуваат за нов криминал со скопското претрпијатие, фирмите на функционерот од Пласница и скопски сметководител.
Тендерот за набавка на нафта во ЈСП е потпишан од директорот Александар Стојковски, кадар на СДС, а фирма добитник е во сопственост на пратеник коалициски партнер на власта Пуцко Петрол. Тендерот за набавка на нафта за ЈСП секогаш имал вклучен рабат од 6 денари. Дури и во времето на Шилегов. Сега со Арсовска нема. Што се сменило сега во однос на години претходно? Нафтата се набавува на големо, а не на бензинска. А, цените кои ќе ги плаќа ЈСП според договорот за набавка тежок 27 милиони евра, се исти како во малопродажба. Секој поголем потрошувач на горива добива рабат, тргнувајќи од транспортери до превозници. Само ЈСП, кој е најголем директен потрошувач во државата плаќа за 14.500.000 литри како да купува 50 литра. Ваквиот договор со кој се сомневаме дека ЈСП се оштетува за над 1.4 милиони евра е потпишан од Александар Стојковски, директор на претпријатието, кадар на СДС. Дали е точно дека нема попуст затоа што има провизии? Која е улогата на блискиот сметководител на Данела Арсовска од Ѓорче Петров Драган Митковски Книга? Дали и во чии приватни џебови завршија провизиите од попустот кој го нема. Дали Драган Митковски Книга е главниот кадровик во Градот Скопје и ЈСП? На кого треба да припадне приватниот превоз во градот Скопје? Во моментот директорите во град Скопје на СДС, ДУИ и Левица, заедно со Данела Арсовска владеат со хаосот во град Скопје, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Каква врска имаат „Пуцко петрол“, ЈСП и скопски сметководител во блокадата на Скопје? appeared first on Република.

]]>