Драган Ковачки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-kovachki/ За подобро да се разбереме Wed, 30 Oct 2024 10:56:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Ковачки Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-kovachki/ 32 32 Ковачки: Ахмети со цел памет се заканува со предвоена состојба во држава членка на НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-ahmeti-so-tsel-pamet-se-zakanuva-so-predvoena-sostojba-vo-drzhava-chlenka-na-nato/ Wed, 30 Oct 2024 10:56:22 +0000 https://republika.mk/?p=832380

Во вчерашна емисија „Заспиј ако можеш“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, изрази јасен став во однос на писмата на Али Ахмети, и албанските политички претставници во Македонија. Ковачки ја рефлектираше актуелната политичка динамика и рече дека ВМРО-ДПМНЕ се позиционира како легитимна сила која ги застапува интерсите на сите грѓани на Македонија.

Не доаѓа во предвид Али Ахмети да биде тој кој што ќе прави споредби и ќе биде лидер на Албанците. Тој не е веќе лидер на Албанците. Албанците имаат свои лидери и тие лидери се во Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Во македонската Влада седат лидерите на Албанците, тие се репрезентите на Албанците во моментот. Имаат Албанците претставници и во парламентот. А Али Ахмети, тој негов Европски фронт во моментот се распаѓа, кажа Ковачки.

Ковачки нагласи дека Ахмети не може да се претставува како единствена сила која ги обединува Албанците.

Меѓутоа Али Ахмети не е репрезент на сите Албанци. Тој се претставува дека ги обединува сите Албанци и зборува во нивно име. Видовме тој колку им мисли, видовме каде живее во какви и хациенди, колку се грижи за обичните Албанци, јасно им е на сите и затоа веќе тие не се дел од македонската власт, изјави Ковачки.

Тој се осврна и на однесувањето ДУИ, и нивниот повторен обид за манипулации и закани.

Таа дописна агенција наречена ДУИ во моментов нема друга опција освен да се заканува и да објаснува дека тие немаат игра, тие цело време можат да играат на етничка карта, истакна Ковачки.

Ковачки потенцираше став на премиерот Христијан Мицкоски, кој ја исклучува дискусијата за етничките прашања

Премиерот, Христијан Мицкоски, кажа дека етничките прашања нема да бидат дискутирани. Македонија треба да се развива, а ние веќе тргнавме напред, Ахмети повторно сака да не навраќа на некои работи кои се затворени, рече Ковачки.

Кoвачки дополнително укажа на недоследностите во комуникацијата на Ахмети.

На Али Ахмети не му се исти писмата до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и до странските амбасади. Тие се разликуваат во одредени сегменти, некаде има закани некаде нема. Ме интересира како може Али Ахмети да се заканува во оваа држава со дестабилизација и со пред воена состојба во земја членка на НАТО во услови кога имаме војна која беснее на тлото на Европа. Дали господинот Али Ахмети мисли дека некој ќе му дозволи да си игра со стабилноста на Македонија. Јас мислам дека е надвор од разумот, и треба да се праша дали живее во имагинација или во реалниот свет, дециден е Ковачки.

The post Ковачки: Ахмети со цел памет се заканува со предвоена состојба во држава членка на НАТО appeared first on Република.

]]>

Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-sds-da-se-ohrabrat-i-da-ja-poddrzhat-vizijata-na-pretsedatelot-mitskoski-za-strategija-za-makedonija-do-2050/ Thu, 24 Oct 2024 11:28:12 +0000 https://republika.mk/?p=830566

Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении. Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да нè обедини како општество, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата.
Ги повикуваме СДС да се произнесат, повика Ковачки.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-manu-i-univerzitetskata-zaednitsa-ke-rabotat-na-seopfatna-strategija-za-prioritetite-i-idninata-na-makedonija/

Тој додаде дека визијата на Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања.

Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време.
Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат.
Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери.
Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото.
СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации.
Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива.
Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат, повика Ковачки.

https://youtu.be/BUSbM0_ZCtk?si=rSQk5CGPhq7ADdXk

The post Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050 appeared first on Република.

]]>

Македонија има потреба од сеопфатна стратегија за правецот во кој ќе се движи во наредните децении. Визијата на претседателот Христијан Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година е столб кој мора да нè обедини како општество, рече на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ го повикува СДС да ги напушти теснопартиските интереси и да го прифати предлогот на претседателот Мицкоски. Важно е како опозиција да покажат конструктивност и чувство на одговорност кон државата. Ги повикуваме СДС да се произнесат, повика Ковачки.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-manu-i-univerzitetskata-zaednitsa-ke-rabotat-na-seopfatna-strategija-za-prioritetite-i-idninata-na-makedonija/ Тој додаде дека визијата на Мицкоски за стратегија на државата до 2050 година ги опфаќа приоритетите на развој на државата, демографските предизвици, економските цели и како да се стигне до нив, земјоделски и технолошки развој, енергетски и транспортен развој, подобрување на животната средина, образование и здравство во тек со светските достигнувања.
Македонија има потреба од нова парадигма, која ќе ја внесе државата во новото време. Ние не смееме да заостануваме кога се’ во светот се менува, а научните и економски процеси забрзано се развиваат. Македонија не смее да биде заложник на нечии теснопартиски интереси, ниту пак да биде монета за поткусурување на нечии политички кариери. Интересот на државата и на генерациите кои доаѓаат после нас мора да биде врвен приоритет. Тоа може да се оствари само со една сеопфатна стратегија, која ќе го трасира патот за развој на државата, каде граѓанинот и неговиот интерес ќе бидат јадрото. СДС да излезат од својата деструктивна матрица во која се затворени со години, и да покажат конструктивност и одговорност, затоа што потоа нема да имаат можност со ништо да се оправдаат пред идните генерации. Имаме одговорност како генерација да ја унапредиме државата и да овозможиме подобра стартна основа на генерацијата после нас, од таа што сме ја имале ние. И нека тоа биде императив за секоја идна генерација, така Македонија ќе биде секогаш држава која расте и се развива. Претседателот Мицкоски отвори дебата, ги повикуваме сите чинители во општеството да се вклучат, повика Ковачки.
https://youtu.be/BUSbM0_ZCtk?si=rSQk5CGPhq7ADdXk

The post Ковачки: СДС да се охрабрат и да ја поддржат визијата на претседателот Мицкоски за стратегија за Македонија до 2050 appeared first on Република.

]]>
Македонија е пред нов почеток и можност за напредок и развој, следи целосна трансформација, ресетирање на системот и владеење на правото, порача Ковачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-e-pred-nov-pochetok-i-mozhnost-za-napredok-i-razvoj-sledi-tselosna-transformatsija-resetirane-na-sistemot-i-vladeene-na-pravoto-poracha-kovachki/ Sat, 22 Jun 2024 12:41:43 +0000 https://republika.mk/?p=789756

Македонија е пред нов почеток, пред нова можност за напредок и за развој. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите не значи само промена на досегашната неспособно и неодговорна на влада на ДУИ и СДСМ, проследени со бројни криминални скандали и афери, туку значи комплетно нов начин на управување, целосно ресетирање на системот и конечно воспоставување на правната држава и владеењето на правото, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во својот говор во македонското Собрание на седницата за избор на идната влада.

Посочи дека единствен начин за целосна трансформација на Македонија е носење на одговорни политики, стратегии и законски решенија кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.

„Изминативе седум години имавме целосно уништен систем, крахирана економија, сиромашни граѓани, криминал и корупција. Довербата на граѓаните од еден до два проценти во правосудните органи е на ниво на статистичка грешка и затоа добиваме потврда од сите релевантни меѓународни истражувања и организации кој во своите извештаи нотираа дека Македонија назадува на секое поле и кои јасно и недвосмислено укажаа дека во Македонија има епидемија на корупција. И дека една од главните причини поради кои се кочи напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија е токму високото ниво на корупција“, рече Ковачки.

Тој додаде дека е време конечно Македонија да стане правна држава во која законот ќе важи подеднакво за сите, каде што ќе нема селективност од хиерархиски највисокиот до најнискиот во институцијата, а не како до сега, каде наместо за скандалите  да одговараат оние кои беа директни покровители, односно владините функционери да одговараат пред лицето на правдата, одговараа најниските во хиерархијата.

„Денеска стоиме исправени и сме горди на својот народ кој го препозна моментот за запирање на тонењето на  Македонија. Изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски е многу важен за демократските процеси во нашата држава кои во изминатите години во владеење на ДУИ и СДСМ, беа газени преку честото кршење на деловникот“, додаде Ковачки.

Со изборот на новата Влада на Македонија се создава нови можности за исчекор и обиди за фаќање приклучок со цивилизираниот свет, посочи Ковачки.

The post Македонија е пред нов почеток и можност за напредок и развој, следи целосна трансформација, ресетирање на системот и владеење на правото, порача Ковачки appeared first on Република.

]]>

Македонија е пред нов почеток, пред нова можност за напредок и за развој. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите не значи само промена на досегашната неспособно и неодговорна на влада на ДУИ и СДСМ, проследени со бројни криминални скандали и афери, туку значи комплетно нов начин на управување, целосно ресетирање на системот и конечно воспоставување на правната држава и владеењето на правото, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во својот говор во македонското Собрание на седницата за избор на идната влада. Посочи дека единствен начин за целосна трансформација на Македонија е носење на одговорни политики, стратегии и законски решенија кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.
„Изминативе седум години имавме целосно уништен систем, крахирана економија, сиромашни граѓани, криминал и корупција. Довербата на граѓаните од еден до два проценти во правосудните органи е на ниво на статистичка грешка и затоа добиваме потврда од сите релевантни меѓународни истражувања и организации кој во своите извештаи нотираа дека Македонија назадува на секое поле и кои јасно и недвосмислено укажаа дека во Македонија има епидемија на корупција. И дека една од главните причини поради кои се кочи напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија е токму високото ниво на корупција“, рече Ковачки.
Тој додаде дека е време конечно Македонија да стане правна држава во која законот ќе важи подеднакво за сите, каде што ќе нема селективност од хиерархиски највисокиот до најнискиот во институцијата, а не како до сега, каде наместо за скандалите  да одговараат оние кои беа директни покровители, односно владините функционери да одговараат пред лицето на правдата, одговараа најниските во хиерархијата.
„Денеска стоиме исправени и сме горди на својот народ кој го препозна моментот за запирање на тонењето на  Македонија. Изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски е многу важен за демократските процеси во нашата држава кои во изминатите години во владеење на ДУИ и СДСМ, беа газени преку честото кршење на деловникот“, додаде Ковачки.
Со изборот на новата Влада на Македонија се создава нови можности за исчекор и обиди за фаќање приклучок со цивилизираниот свет, посочи Ковачки.

The post Македонија е пред нов почеток и можност за напредок и развој, следи целосна трансформација, ресетирање на системот и владеење на правото, порача Ковачки appeared first on Република.

]]>
Koвачки: До крај на неделава ќе добие мандат премиерот, а потоа во рок ќе се формира и влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-kraj-na-nedelava-ke-dobie-mandat-premierot-a-potoa-vo-rok-ke-se-formira-i-vlada/ Tue, 04 Jun 2024 18:20:05 +0000 https://republika.mk/?p=784777

Ние ветивме дека ќе воведеме нови ресори во владата, или ново министерство за енергетика и за спорт. Ќе има поддршка за овие промени, деновиве ќе се поднесе законот. Практично за истите очекуваме поддршка од сите, бидејќи ова е за доброто на сите и на Македонија, рече Драган Ковачки, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Ковачки посочи дека сите се свесни дека претстои многу работа по формирање на владата.

„Сите сме подготвени, премиерот Христијан Мицкоски е подготвен за многу работа, за подобар стандард на граѓаните, за подобри услови за живот, за трансформација на општеството, ќе се направи се здравството да функционира, образованието да продуцира квалитетни кадри“, кажа Ковачки.

Во однос на формирање на владата Ковачки посочи дека се ќе биде според роковите.

„Се ќе биде во рамки на роковите. До крај на неделава ќе добие мандат премиерот, а потоа во рок ќе се формира и влада“, вели Ковачки.

Јасната определба на граѓаните на изборите, рече Ковачки води кон тоа дека ќе има стабилна влада.

„ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи стабилна, но и работлива влада. Најважно од се е што ќе има влада која ќе ги реализира ветените проекти. Ќе реализира се што треба за граѓаните. Одредени структури кои лошо поминаа на изборите, народот ги препозна и ги стави таму каде што треба“, рече Ковачки.

The post Koвачки: До крај на неделава ќе добие мандат премиерот, а потоа во рок ќе се формира и влада appeared first on Република.

]]>

Ние ветивме дека ќе воведеме нови ресори во владата, или ново министерство за енергетика и за спорт. Ќе има поддршка за овие промени, деновиве ќе се поднесе законот. Практично за истите очекуваме поддршка од сите, бидејќи ова е за доброто на сите и на Македонија, рече Драган Ковачки, пратеник и член на извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Ковачки посочи дека сите се свесни дека претстои многу работа по формирање на владата. „Сите сме подготвени, премиерот Христијан Мицкоски е подготвен за многу работа, за подобар стандард на граѓаните, за подобри услови за живот, за трансформација на општеството, ќе се направи се здравството да функционира, образованието да продуцира квалитетни кадри“, кажа Ковачки. Во однос на формирање на владата Ковачки посочи дека се ќе биде според роковите.
„Се ќе биде во рамки на роковите. До крај на неделава ќе добие мандат премиерот, а потоа во рок ќе се формира и влада“, вели Ковачки.
Јасната определба на граѓаните на изборите, рече Ковачки води кон тоа дека ќе има стабилна влада. „ВМРО-ДПМНЕ ќе предводи стабилна, но и работлива влада. Најважно од се е што ќе има влада која ќе ги реализира ветените проекти. Ќе реализира се што треба за граѓаните. Одредени структури кои лошо поминаа на изборите, народот ги препозна и ги стави таму каде што треба“, рече Ковачки.  

The post Koвачки: До крај на неделава ќе добие мандат премиерот, а потоа во рок ќе се формира и влада appeared first on Република.

]]>
ДУИ и покрај поразот сакаат да прават опструкции на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, обелодени Ковачки https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dui-i-pokraj-porazot-sakaat-da-pravat-opstruktsii-na-idnata-vlada-na-vmro-dpmne-obelodeni-kovachki/ Tue, 14 May 2024 12:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=778014

Носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки обелодени информации дека ДУИ и покрај поразот сакаат да прават опстукции на идната влада предводена од Христијан Мицкоски.

Ковачки во објавата на Фејсбук пишува:

Добивам информации од Министерство за одбрана дека и покрај катастрофалниот пораз на полтроните на ДУИ што освоија 18 пратеници, на заминување сакаат да прават опструкции на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Се залажувале дека во овој меѓупериод на избор на новата Влада, делегитимираното раководство на чело со Славјанка Петровска ќе ја сменеле систематизацијата и ќе поставувале свои партиски кадри на раководни позиции.
Згора на тоа, Славјанка распишала и интерен оглас за пополна на специјалните единици, односно за спроведување на „селективен курс”.
Вака:
1. Славјанка, не ги горете луѓето непотребно, секако твоите решенија во овој период се ништовни. Ќе поништиме се’ уште првиот ден после изборот на Влада.
2. Државниот секретар кој го терате да Ви спроведува нелегитимни решенија, да си го земете таму од каде и го донесовте. За месец дена од денеска за него место во МО ќе нема.
3. Сите раководители кои се принудени да спроведуваат нелегитимни наредби на Славјанка Петровска и нејзиниот државен секретар, истите да не ги спроведуваат!
Одважете се и бидете достојни на функциите кои ги вршите. Биде професионални, а не послушници на полтроните на ДУИ.
Готово е, неспособните заминуваат и никогаш повеќе нема да се вратат!
*Во овој период може да се спроведуваат само технички активности, а не да се прави промена во систематизација, да се назначуваат раководители, како и да се започнуваат процеси или да се врши пополна на елитните единици со кадри на Славјанка, пишува Ковачки.

The post ДУИ и покрај поразот сакаат да прават опструкции на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, обелодени Ковачки appeared first on Република.

]]>

Носителот на третата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки обелодени информации дека ДУИ и покрај поразот сакаат да прават опстукции на идната влада предводена од Христијан Мицкоски. Ковачки во објавата на Фејсбук пишува: Добивам информации од Министерство за одбрана дека и покрај катастрофалниот пораз на полтроните на ДУИ што освоија 18 пратеници, на заминување сакаат да прават опструкции на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ. Се залажувале дека во овој меѓупериод на избор на новата Влада, делегитимираното раководство на чело со Славјанка Петровска ќе ја сменеле систематизацијата и ќе поставувале свои партиски кадри на раководни позиции. Згора на тоа, Славјанка распишала и интерен оглас за пополна на специјалните единици, односно за спроведување на „селективен курс”. Вака: 1. Славјанка, не ги горете луѓето непотребно, секако твоите решенија во овој период се ништовни. Ќе поништиме се’ уште првиот ден после изборот на Влада. 2. Државниот секретар кој го терате да Ви спроведува нелегитимни решенија, да си го земете таму од каде и го донесовте. За месец дена од денеска за него место во МО ќе нема. 3. Сите раководители кои се принудени да спроведуваат нелегитимни наредби на Славјанка Петровска и нејзиниот државен секретар, истите да не ги спроведуваат! Одважете се и бидете достојни на функциите кои ги вршите. Биде професионални, а не послушници на полтроните на ДУИ. Готово е, неспособните заминуваат и никогаш повеќе нема да се вратат! *Во овој период може да се спроведуваат само технички активности, а не да се прави промена во систематизација, да се назначуваат раководители, како и да се започнуваат процеси или да се врши пополна на елитните единици со кадри на Славјанка, пишува Ковачки.

The post ДУИ и покрај поразот сакаат да прават опструкции на идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, обелодени Ковачки appeared first on Република.

]]>
Ковачки апсолутен победник од сите носители – обезбеди 14 мандати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-apsoluten-pobednik-od-site-nositeli-obezbedi-14-mandati/ Wed, 08 May 2024 21:57:16 +0000 https://republika.mk/?p=776018

Со обработени 645 од 682 избирачки места (94,57%), според податоците на Државната изборна комисија, во Изборната единица 3, апсолутен победник е коалицијата Твоја Македонија.

Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драган Ковачки, обезбеди 14 мандати, што е најголем број на освоени мандати по изборни единици за сите партии.

Од СДСМ, најмногу мандати освои носителот на ИЕ4 Венко Филипче, кој ѝ обезбеди на партијата 5 мандати.

Во останатите изборни единици висок број на мандати освои и носителот на Твоја Македонија, Александар Николоски, кој освои 13 мандати во ИЕ 4, додека носителите на изборните листи во ИЕ 1, односно ИЕ 5, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски, освоија по 10 мандати.

Од албанските партии, коалицијата Европски фронт освои 9 пратенички места во ИЕ 6 со носителот на листата - лидерот на ДУИ Али Ахмети.

The post Ковачки апсолутен победник од сите носители – обезбеди 14 мандати appeared first on Република.

]]>

Со обработени 645 од 682 избирачки места (94,57%), според податоците на Државната изборна комисија, во Изборната единица 3, апсолутен победник е коалицијата Твоја Македонија. Носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Драган Ковачки, обезбеди 14 мандати, што е најголем број на освоени мандати по изборни единици за сите партии. Од СДСМ, најмногу мандати освои носителот на ИЕ4 Венко Филипче, кој ѝ обезбеди на партијата 5 мандати. Во останатите изборни единици висок број на мандати освои и носителот на Твоја Македонија, Александар Николоски, кој освои 13 мандати во ИЕ 4, додека носителите на изборните листи во ИЕ 1, односно ИЕ 5, Христијан Мицкоски и Ѓорѓија Сајкоски, освоија по 10 мандати. Од албанските партии, коалицијата Европски фронт освои 9 пратенички места во ИЕ 6 со носителот на листата - лидерот на ДУИ Али Ахмети.

The post Ковачки апсолутен победник од сите носители – обезбеди 14 мандати appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Kај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, пари и списоци за гласање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-kaj-aktivisti-na-dui-bilo-pronajdeno-oruzhje-pari-i-spisotsi-za-glasane/ Mon, 06 May 2024 19:44:51 +0000 https://republika.mk/?p=774808

Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле лишени од слобода,рече Драган Ковачки.

Немојте да се плашите, ДУИ не смее да извади пратеник во тројка. Ве повикувам сите масовно да излеземе на гласање.

А, за активистите на ДУИ им упатувам порака – на 9-ти мај ќе одговарате, за ова се лежи затвор. Ќе лежите сите од прв до последен. Нема да ве спаси Али Ахмети. Нема да ве спаси ниеден што ве пратил таму да правите поткуп. Бидете сериозни. Го кршите демократскиот процес.

Македонија мора да ја вратиме во рацете на граѓаните.

The post Ковачки: Kај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, пари и списоци за гласање appeared first on Република.

Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-za-dva-dena-graganite-ke-imaat-mozhnost-da-izbiraat-pomegu-makedonija-ponizhena-ograbena-i-makedonija-gorda-dostoinstvena/ Mon, 06 May 2024 10:23:04 +0000 https://republika.mk/?p=774677

-За два дена од денеска, во среда се гласа. За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Тој рече, затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.

-Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните. Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2, потенцира во изјавата Ковачки.

The post Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена appeared first on Република.

]]>

-За два дена од денеска, во среда се гласа. За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, опустошена, опљачкана и Македонија горда, достоинствена, Македонија која што се гради и во која што важат законите за сите подеднакво, изјави Драган Ковачки, носител на изборна единица 3 Тој рече, затоа од овде, од патриотско Карбинци повикувам на сплотеност, на обединетост, на семакедонско единство, на сеопштествено единство, на национално единство.
-Да бидеме горди и да бидеме достоинствени. Да си ја вратиме Македонија во рацете на граѓаните. Ве повикувам сите заеднички да излеземе и да гласаме за бројот 2, потенцира во изјавата Ковачки.

The post Ковачки: За два дена граѓаните ќе имаат можност да избираат помеѓу Македонија понижена, ограбена, и Македонија горда, достоинствена appeared first on Република.

]]>
Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи – во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-vmro-dpmne-vetuva-gradba-promeni-reformi-vo-opshtina-petrovets-ke-investira-5-milioni-evra/ Sat, 04 May 2024 09:44:04 +0000 https://republika.mk/?p=774045

Носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3, Драган Ковачки, порача дека и покрај опструкциите со кои се соочува градоначалникот Борче Митевски во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, порачува Ковачки.

https://www.youtube.com/watch?v=xP18Fc8vrJ4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи – во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ3, Драган Ковачки, порача дека и покрај опструкциите со кои се соочува градоначалникот Борче Митевски во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.
Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.   Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.   Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.   Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија, порачува Ковачки.
https://www.youtube.com/watch?v=xP18Fc8vrJ4&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

The post Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ ветува градба, промени, реформи – во општина Петровец ќе инвестира 5 милиони евра appeared first on Република.

]]>
Ковачки со низа ветувања во Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-so-niza-vetuvana-vo-kochani/ Fri, 03 May 2024 09:50:40 +0000 https://republika.mk/?p=773718

Драган Ковачки, носител на изборна единица денеска беше во посета на Кочани.

За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом.

Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија.

https://www.youtube.com/watch?v=lhBEYpc6hws

The post Ковачки со низа ветувања во Кочани appeared first on Република.

]]>

Драган Ковачки, носител на изборна единица денеска беше во посета на Кочани.
За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандати. Потоа, реконструкција на пругата Кочани - Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и секако 17 милиони евра за нашиот град Кочани за изградба на Јужниот Булевар, за изградба на катна гаража и изградба на старечки дом. Пред нас се историски избори на 8 мај ве повикувам сите да ни се придружите и заеднички да ги донесеме промените. Да донесеме промена за Македонија, да заокружиме за бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на владата на Република Македонија.
https://www.youtube.com/watch?v=lhBEYpc6hws

The post Ковачки со низа ветувања во Кочани appeared first on Република.

]]>
Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachki-za-sveti-nikole-predviduvame-izgradba-na-magistralen-gasovod-do-veles-i-novi-8-milioni-evra-za-opshtinata/ Thu, 02 May 2024 08:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=773278

За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес, реконструкција и проширување на патот до Пробиштип, реконструкција и проширување на градинката „Рахилка Гонева“ и нови 8 милиони евра за општината Свети Николе, истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, носител на листа во ИЕ 3.

-Почитувани граѓани, за земјоделците од овој крај, вклучително и за сите земјоделци, предвидуваме 800 милиони евра коишто ќе бидат директна поддршка за земјоделците, за навремени субвенции, за чистење на водоснабдителните системи. Нашите земјоделци заслужуваат подобар живот. Нашите граѓани заслужуваат подобар живот. Затоа ве повикувам сите на 8 мај заеднички да излеземе и да ги донесеме промените. Да ја донесеме победата на Македонија којашто долго се очекува, порача Ковачки.

https://www.youtube.com/watch?v=G5MsUzsd7IA

The post Ковачки: За Свети Николе предвидуваме изградба на магистрален гасовод до Велес и нови 8 милиони евра за општината appeared first on Република.

Ковачки: Сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројот 2 https://arhiva3.republika.mk/vesti/kovachki-site-zaednichki-da-se-splotime-i-obedinime-na-8-maj-da-go-zaokruzhime-brojot-2/ Tue, 30 Apr 2024 09:10:04 +0000 https://republika.mk/?p=772512

И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите. Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште - порача денеска од Зрновце Драган Ковачки, носител на изборна единица 3.

Тој најави дека, после, како што рече, промената на власта, следува инвестициски бум во општините.

Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројот 2 за промени и реформи во Република Македонија - рече Ковачки.

https://www.youtube.com/watch?v=ne6nljHrtXw&feature=youtu.be

The post Ковачки: Сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројот 2 appeared first on Република.

]]>

И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите. Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште - порача денеска од Зрновце Драган Ковачки, носител на изборна единица 3. Тој најави дека, после, како што рече, промената на власта, следува инвестициски бум во општините.
Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројот 2 за промени и реформи во Република Македонија - рече Ковачки.
https://www.youtube.com/watch?v=ne6nljHrtXw&feature=youtu.be  

The post Ковачки: Сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројот 2 appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани и на автопатот Катланово-Велес и многу други проекти за велешани https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-se-obvrzuvame-na-rekonstruktsija-na-prugata-veles-kochani-i-na-avtopatot-katlanovo-veles-i-mnogu-drugi-proekti-za-veleshani/ Sun, 28 Apr 2024 09:16:02 +0000 https://republika.mk/?p=771870

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините, најавува Драган Ковачки, носител на листа за изборна единица 3.

Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија - истакна Ковачки.

The post Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани и на автопатот Катланово-Велес и многу други проекти за велешани appeared first on Република.

]]>

Ќе ги вратиме сите железнички линии во функција, ќе ја реконструираме пругата Велес-Кочани, ќе ја електрифицираме пругата Велес-Битола, ќе го реконструираме автопатот Катланово-Велес, ќе изградиме нова катна гаража во Велес, ќе ја реконструираме општата болница во Велес. Нови 26 милиони евра од проектот 250 милиони евра за општините, најавува Драган Ковачки, носител на листа за изборна единица 3. Велес заслужува да се развива, Македонија заслужува да се развива, затоа ве повикувам сите заеднички да го поразиме овој ненароден режим. На 8 мај заеднички сите да излеземе и да го заокружиме бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер за Македонија - истакна Ковачки.

The post Ковачки: Се обврзуваме на реконструкција на пругата Велес-Кочани и на автопатот Катланово-Велес и многу други проекти за велешани appeared first on Република.

]]>
Koвачки од Виница: Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-od-vinitsa-kovachki-se-obvrzuvame-na-izgradba-i-rekonstruktsija-na-ulitsi-sportska-sala-i-sportski-teren-prechistitelna-stanitsa-za-otpadni-vodi/ Sat, 27 Apr 2024 19:17:52 +0000 https://republika.mk/?p=771764

Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за конечна промена на Македонија и враќање назад на државата, во вашите раце, вели Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниои митинг во Виница во рамки на парламентарната и претседателска кампања.

Ковачи, посочи дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ за криминалот и сите штетни политики кои ја потонаа Македонија.

Има уште два удари кои треба да ги зададеме на оваа криминална влада на СДС и ДУИ. Едниот на 8 мај. А потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ следува и третиот удар за секој еден кој се огрешил пред законот. Тоа се вика одговорност. Одговорност за сите штетни политики кои ја потонаа Македонија. И одговорност за целиот криминал кој го правеше ДУИ и измеќарите од СДС, дециден е тој.

Ковачки истакна дека народот е силата и одговорот на сите порази и скандали на Ковачевски и Ахмети.

Вие покажавте што значи кога некој си игра со вашите судбини. Вие сте силата и одговорот против сите порази, скандали и афери на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, рече тој и додаде дека порано СДС поразот го славел како победа, а денеска се тешат со истиот тој пораз, укажувајќи дека 360 илјади граѓани им порачаа дека се готови.

Деновиве после поразот ги слушам како велат ја примивме пораката од народот. Ќе се промениме. Но лажат. И тогаш ви кажав и сега ви кажувам, лажат сушат. Лажат за да продолжат да крадат, малку им е што ве покрадоа. Сакаат уште. Денеска ги слушам како велат резултатот е нула. Се сеќавате порано поразот го славеа како победа, како триумф, денеска се тешат со поразот. Но, не сфаќаат дека 360 илјади граѓани му дадоа црвен картон на СДС, Ковачевски, Пендаровски, Али, Груби. 360 илјади граѓани им порачаа ГОТОВИ СТЕ! Затоа ајде да го тродуплораме овој резултат овде и секаде низ општините во Македонија, порача Ковачки.

Ковачки, додаде дека СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот.

Затоа што СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба од Али само за да опстои на власт, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив коленичи пред ДУИ. се фасцинира од Али и Груби. Епа не ни треба таков човек кој е нем посматрач додека Македонија ја распродаваат. Не ни треба Ковачевски кој за секој скандал на ДУИ и Али има оправдување, затоа што и тој е вмешан. За пусти пари го брани и она неодбранливото. Епа доста е!Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава.

Во однос на проектите, Ковачки кажа дека Платформата 1198 за Виница се обврзува на реализација на:

Изградба на Булевар Илинденска на влез во Виница, изградба на кружен тек, ул. Браќа Миладинови, изградба на локален пат до туристичка и викенд населба на Плачковица, село Градец – Маринково, Блатец – Детлово (2 фаза), регулација и партерно уредување на Виничка река, регулација на Градечка река – Виница, партерно уредување на кеј на Градечка река во Виница, изградба на локален пат Трсино – Голак (1 фаза), изградба на спортска сала во ООУ Гоце Делчев – Виница, изградба на спортски терени во село Градец и село Трсино, изградба на канализациона мрежа во село Липец, изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Блатец, регулација на речно корито на Кајанечки дол село Истибања, изградба на водоводна мрежа во Големчево – село Истибања, изградба и реконструкција на улици во Виница и други населени места. И уште многу други проекти за кои се обврзуваме да ги реализираме во 4 годишниот мандат.

На крај, Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада и Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Македонија.

Ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. За Макаедонија да ја трансформираме напред кон нови победи, проекти и реформи. Ни треба поддршка сплотеност и обединетост за да создадеме иднина овде во сопствената Македонија.Ни треба вашата поддршка за да си ја вратиме изгубената држава, за институциите да бидат во ваша служба, а не во служба на криминалците од СДС и ДУИ. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, порача Ковачки.

На 24 април го делегитимиравме Ковачевскии Ахмети и бандитите. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, изјави тој.

The post Koвачки од Виница: Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води appeared first on Република.

]]>

Победата во првиот круг е огромна. Победата е ваша на сите граѓани. Затоа што вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Сакам да ви честитам на сите кои се обединивте и се приклучивте на промените. Но имаме уште работа. Пред нас е вториот круг за избор на претседател на Македонија и избор за нова влада. Во вас е силата за конечна промена на Македонија и враќање назад на државата, во вашите раце, вели Драган Ковачки, носител на изборната единица 3 на денешниои митинг во Виница во рамки на парламентарната и претседателска кампања. Ковачи, посочи дека по победата на ВМРО-ДПМНЕ следи одговорност за власта на СДС и ДУИ за криминалот и сите штетни политики кои ја потонаа Македонија.
Има уште два удари кои треба да ги зададеме на оваа криминална влада на СДС и ДУИ. Едниот на 8 мај. А потоа по победата на ВМРО-ДПМНЕ следува и третиот удар за секој еден кој се огрешил пред законот. Тоа се вика одговорност. Одговорност за сите штетни политики кои ја потонаа Македонија. И одговорност за целиот криминал кој го правеше ДУИ и измеќарите од СДС, дециден е тој.
Ковачки истакна дека народот е силата и одговорот на сите порази и скандали на Ковачевски и Ахмети. Вие покажавте што значи кога некој си игра со вашите судбини. Вие сте силата и одговорот против сите порази, скандали и афери на Димитар Ковачевски и Али Ахмети, рече тој и додаде дека порано СДС поразот го славел како победа, а денеска се тешат со истиот тој пораз, укажувајќи дека 360 илјади граѓани им порачаа дека се готови. Деновиве после поразот ги слушам како велат ја примивме пораката од народот. Ќе се промениме. Но лажат. И тогаш ви кажав и сега ви кажувам, лажат сушат. Лажат за да продолжат да крадат, малку им е што ве покрадоа. Сакаат уште. Денеска ги слушам како велат резултатот е нула. Се сеќавате порано поразот го славеа како победа, како триумф, денеска се тешат со поразот. Но, не сфаќаат дека 360 илјади граѓани му дадоа црвен картон на СДС, Ковачевски, Пендаровски, Али, Груби. 360 илјади граѓани им порачаа ГОТОВИ СТЕ! Затоа ајде да го тродуплораме овој резултат овде и секаде низ општините во Македонија, порача Ковачки. Ковачки, додаде дека СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот. Затоа што СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на народот, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба од Али само за да опстои на власт, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив коленичи пред ДУИ. се фасцинира од Али и Груби. Епа не ни треба таков човек кој е нем посматрач додека Македонија ја распродаваат. Не ни треба Ковачевски кој за секој скандал на ДУИ и Али има оправдување, затоа што и тој е вмешан. За пусти пари го брани и она неодбранливото. Епа доста е!Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Во однос на проектите, Ковачки кажа дека Платформата 1198 за Виница се обврзува на реализација на: Изградба на Булевар Илинденска на влез во Виница, изградба на кружен тек, ул. Браќа Миладинови, изградба на локален пат до туристичка и викенд населба на Плачковица, село Градец – Маринково, Блатец – Детлово (2 фаза), регулација и партерно уредување на Виничка река, регулација на Градечка река – Виница, партерно уредување на кеј на Градечка река во Виница, изградба на локален пат Трсино – Голак (1 фаза), изградба на спортска сала во ООУ Гоце Делчев – Виница, изградба на спортски терени во село Градец и село Трсино, изградба на канализациона мрежа во село Липец, изградба на пречистителна станица за отпадни води во село Блатец, регулација на речно корито на Кајанечки дол село Истибања, изградба на водоводна мрежа во Големчево – село Истибања, изградба и реконструкција на улици во Виница и други населени места. И уште многу други проекти за кои се обврзуваме да ги реализираме во 4 годишниот мандат. На крај, Ковачки побара поддршка од граѓаните на 8 мај за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада и Гордана Силјановска Давкова за нов претседател на Македонија.
Ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. За Макаедонија да ја трансформираме напред кон нови победи, проекти и реформи. Ни треба поддршка сплотеност и обединетост за да создадеме иднина овде во сопствената Македонија.Ни треба вашата поддршка за да си ја вратиме изгубената држава, за институциите да бидат во ваша служба, а не во служба на криминалците од СДС и ДУИ. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, порача Ковачки.
На 24 април го делегитимиравме Ковачевскии Ахмети и бандитите. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, изјави тој.

The post Koвачки од Виница: Ковачки: Се обврзуваме на изградба и реконструкција на улици, спортска сала и спортски терен, пречистителна станица за отпадни води appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Масовно да излеземе на гласање на 8 мај, да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-masovno-da-izlezeme-na-glasane-na-8-maj-da-ne-dozvolime-nekoj-drug-da-ni-ja-kroi-sudbinata/ Sat, 27 Apr 2024 17:44:53 +0000 https://republika.mk/?p=771736

Драги сограѓани, видовте како помина првиот круг од изборите. Првиот чекор веќе го направивме, а сега следува вториот и најважен чекор, а тоа е голема победа за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога велиме голема победа тука мислиме на 61 се со цел да не бидеме доведени во ситуација утре да бидеме уценувани од оваа или од онаа политичка партија, истакна на денешниот митинг во општина Чешиново-Облешево носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки.

Тој додаде дека сите негативни работи кои се случуваа во изминативе години од СДСМ и ДУИ добија соодветен одговор од граѓаните.

До сега се што се случуваше наиде на широк одговор од широките народни маси на 24 април. СДС беше целосно потчинета на нивните газди од ДУИ. Али Ахмети и Артан Груби командуваа, а СДС не смееше ниту „а“ да каже. За сметка на тоа заеднички го крадеа нашиот народ. Криминалот не познава граници, ниту национална, ниту етничка припадност. Со ваква криминална банда сите граѓани губеа, затоа што искрадените пари се пари на сите и тие се пари за болните, пари за патишта, пари за лекови, за учебници, за плати и за пензии за земјоделците, за здравствените работници, за војската за полицијата, за културата. Затоа велиме, со СДСМ и со ДУИ губеше цела Македонија. Постојано се немаше пари за тоа што треба, а буџетот се трошеше, рече Ковачки.

Тој истакна и дека во изминативе неколку години општина Чешиново-Облешево нема добиено ниту денар од централната власт, а ВМРО-ДПМНЕ и во минатото, но и во иднина придонесува за оваа општина.

Нашата општина има добиено 0 денари. Целосна блокада од страна на централната власт. Ниту еден проект не беше поддржан од централната власт. Сето тоа народот веќе го препозна и промените неминовно се случуваат ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш било со народот и тоа многу добро го знаеме. Во минатото тука во Чешиново-Облешево, ВМРО-ДПМНЕ ја изгради спортската сала „Никола Карев“, беше изградено големото фудбалско игралиште како и повеќенаменското спортско игралиште во Чешиново, потенцираше Ковачки.

Тој наброја некои од многуте проекти кои се предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чешиново-Облешево.

Конкретно за Чешиново-Облешево предвидуваме реконструкција на улица „Сремска“ и реконструкција на ул. Бр 6 во Облешево. Реконструкција на локален пат Спанчево-Чешиново, реконструкција на локален пат Спанчево-Облешево. Реконструкција на локалниот пат Чешиново-Соколарци, реконструкција на ул. „Маршал Тито“ со атмосферска канализација во Чешиново, реконструкција на ул. „Прохор Пчињски“ во чифлик, реконструкција на ул. „1 Мај“ во Спанчево. Изградба на водоводна мрежа во Чешиново. Изграднаба на пречиститечлна станица како и втора фаза од фекалната канализација во Соколарци, нагласи Ковачки.

На крај Ковачки упати повик до граѓаните за во вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се излезе што помасовно за, како што рече, да не дозволиме други да ни ја кројат судбината.

Остануваат уште неколку денови до изборите. Да ги искористиме и да поразговараме со нашите пријатели, со нашите комшии, со нашите познаници. Личниот контакт и авторитетот кој го има секој од вас знае да одигра клучна улога во овој период кога граѓаните се веќе заморени од политиката. Да не дозволуваме да ни ја кројат судбината во Зајаз или во Форино. Да излеземе масовно и во голем број. Тој што не гласал во првиот круг, нека гласа во вториот круг. Нека гласа по лично убедување и нека не острава други да му ја кројат судбината затоа што се работи за Македонија. Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и околу нашата победничка коалиција, подвлече Ковачки.

The post Ковачки: Масовно да излеземе на гласање на 8 мај, да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината appeared first on Република.

]]>

Драги сограѓани, видовте како помина првиот круг од изборите. Првиот чекор веќе го направивме, а сега следува вториот и најважен чекор, а тоа е голема победа за Гордана Силјановска Давкова и за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Кога велиме голема победа тука мислиме на 61 се со цел да не бидеме доведени во ситуација утре да бидеме уценувани од оваа или од онаа политичка партија, истакна на денешниот митинг во општина Чешиново-Облешево носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки. Тој додаде дека сите негативни работи кои се случуваа во изминативе години од СДСМ и ДУИ добија соодветен одговор од граѓаните.
До сега се што се случуваше наиде на широк одговор од широките народни маси на 24 април. СДС беше целосно потчинета на нивните газди од ДУИ. Али Ахмети и Артан Груби командуваа, а СДС не смееше ниту „а“ да каже. За сметка на тоа заеднички го крадеа нашиот народ. Криминалот не познава граници, ниту национална, ниту етничка припадност. Со ваква криминална банда сите граѓани губеа, затоа што искрадените пари се пари на сите и тие се пари за болните, пари за патишта, пари за лекови, за учебници, за плати и за пензии за земјоделците, за здравствените работници, за војската за полицијата, за културата. Затоа велиме, со СДСМ и со ДУИ губеше цела Македонија. Постојано се немаше пари за тоа што треба, а буџетот се трошеше, рече Ковачки.
Тој истакна и дека во изминативе неколку години општина Чешиново-Облешево нема добиено ниту денар од централната власт, а ВМРО-ДПМНЕ и во минатото, но и во иднина придонесува за оваа општина.
Нашата општина има добиено 0 денари. Целосна блокада од страна на централната власт. Ниту еден проект не беше поддржан од централната власт. Сето тоа народот веќе го препозна и промените неминовно се случуваат ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш било со народот и тоа многу добро го знаеме. Во минатото тука во Чешиново-Облешево, ВМРО-ДПМНЕ ја изгради спортската сала „Никола Карев“, беше изградено големото фудбалско игралиште како и повеќенаменското спортско игралиште во Чешиново, потенцираше Ковачки.
Тој наброја некои од многуте проекти кои се предвидени во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за општина Чешиново-Облешево.
Конкретно за Чешиново-Облешево предвидуваме реконструкција на улица „Сремска“ и реконструкција на ул. Бр 6 во Облешево. Реконструкција на локален пат Спанчево-Чешиново, реконструкција на локален пат Спанчево-Облешево. Реконструкција на локалниот пат Чешиново-Соколарци, реконструкција на ул. „Маршал Тито“ со атмосферска канализација во Чешиново, реконструкција на ул. „Прохор Пчињски“ во чифлик, реконструкција на ул. „1 Мај“ во Спанчево. Изградба на водоводна мрежа во Чешиново. Изграднаба на пречиститечлна станица како и втора фаза од фекалната канализација во Соколарци, нагласи Ковачки.
На крај Ковачки упати повик до граѓаните за во вториот круг од претседателските и парламентарните избори да се излезе што помасовно за, како што рече, да не дозволиме други да ни ја кројат судбината.
Остануваат уште неколку денови до изборите. Да ги искористиме и да поразговараме со нашите пријатели, со нашите комшии, со нашите познаници. Личниот контакт и авторитетот кој го има секој од вас знае да одигра клучна улога во овој период кога граѓаните се веќе заморени од политиката. Да не дозволуваме да ни ја кројат судбината во Зајаз или во Форино. Да излеземе масовно и во голем број. Тој што не гласал во првиот круг, нека гласа во вториот круг. Нека гласа по лично убедување и нека не острава други да му ја кројат судбината затоа што се работи за Македонија. Да се обединиме околу ВМРО-ДПМНЕ и околу нашата победничка коалиција, подвлече Ковачки.

The post Ковачки: Масовно да излеземе на гласање на 8 мај, да не дозволиме некој друг да ни ја крои судбината appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/kovachki-platformata-1198-se-obvrzuva-na-17-milioni-evra-za-proekti-za-kochani/ Sat, 27 Apr 2024 09:09:39 +0000 https://republika.mk/?p=771611

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3.

Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.

И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.

Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.

The post Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани appeared first on Република.

]]>

Денеска сме во посета на македонските општини од Истокот. Денеска сме во посета на Кочани. Со Платформата 1198 предвидуваме многу нови проекти, инвестициски бум во општините околу 1 милијарда евра ќе се слеат од централниот буџет во општинските буџети, информираше Драган Ковачки носител на изборната единица 3. Според него, само за Кочани предвидени се 17 милиони евра во првиот четири годишен мандат.
И тука предвидуваме продолжување на експресниот пат Кочани до Делчево, реконструкција на патот Кочани до Зрновци, секако целосна реконструкција на железничката линија Кочани до Велес и во градот Кочани предвидуваме изградба на катна гаража, изградба на старечки Дом и јужниот булевар, истакна Ковачки.
Така што ова е еден инвестициски бум кои што ги чека нашите општини после промената на власта. Ги повикувам сите граѓани на 8мај да ни се приклучат, за прпекти реформи и да си ја вратиме Македонија повторно горда и твоја, рече тој.

The post Ковачки: Платформата 1198 се обврзува на 17 милиони евра за проекти за Кочани appeared first on Република.

]]>
Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-sds-ne-e-protivnik-samo-na-vmro-dpmne-tuku-protivnik-na-narodot-i-makedonija-zatoa-na-8-mi-maj-da-se-obedinime-za-brojot-2-i-da-gi-srozime-za-site-kriminali-i-katastrofalni-politiki/ Fri, 26 Apr 2024 17:10:09 +0000 https://republika.mk/?p=771501

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања.

Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.

-Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.

Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен.

-Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде:

„СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија“.

Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.

-Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден, рече тој.

Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.

-Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.

Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.

-Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.

За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:

-Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.

Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози. На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, рече тој.

The post Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија appeared first on Република.

]]>

Најпрво сакам да ви се заблагодарам за огромната поддршка и да ви честитам на сите за победата. Затоа што оваа победа не е само на ВМРО-ДПМНЕ, туку победа на целиот македонски народ кој се обедини промени, за да си ја врати државата назад. Ве сте силата на Македонија, вие сте гласот на промените и надежта на оваа парче земја, вели Драган Ковачки носител на изборната единица 3 на денешниот митинг во Градско во рамки на претседателската и парламентарната кампања. Ковачки истакна дека народот им го зададе ударот на СДС и ДУИ на 24 април, а веднаш потоа ќе им го зададе на 8 мај, посочувајќи дека по победата следува трет удар а тоа е одговорност за сите криминали и штети кои власта ги нанела на народот и Македонија.
-Но, една добиена битка не значи опуштање. Туку значи уште поголемо обединување, заедништво, сплотеност и работа. Првиот удар го зададовме на 24 април, следува вториот удар со победа на 8 мај, а потоа следува трет удар. Третиот удар значи одговорност. Одговорност за сите криминали. Одговорност за целокупното предавство кое што го направија на Република Македонија, рече тој.
Ковачки посочи дека граѓаните на 24 април покажале дека никој не може да си игра со народот, укажувајќи дека СДС не е само противник на ВМРО-ДПМНЕ, туку и противник на македонскиот народ за кои што рече дека е достоинствен, работлив и чесен. -Вие покажавте дека со народот никој не смее да си игра. Покажавте дека овој македонски народ е достоинствен, работлив и чесен. Покажавте дека ја сакате Македонија повторно горда и во вашите раце, затоа што вие сте суверенот на неа. Само вие, а не оние неколкумина од ДУИ и измеќарот СДС, рече тој и додаде:
„СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку и ваш противник, противник на Македонија, затоа што изминатите 7 години од политичка партија се претвори во обичен измеќар на ДУИ. Ковачевски прифаќаше секаква наредба на Али, Стево пак не го видовме воопшто да се спротивстави на криминалот и корупцијата на СДС и ДУИ, напротив со неговото молчење ги охрабруваше што повеќе да грабаат, што повеќе да украдат и што повеќе да ја понижат Македонија“.
Ковачки порача дека 8 мај е историски ден.
-Работата не е завршена и нема опуштање, пред самото финале сме. Не смееме да се предадеме, затоа што сме на само еден чекор сме до историска промена и до конечно враќање на Македонија во вашите раце. 8 мај е историскиот ден, рече тој.
Ковачки објасни дека СДС се разлутени и гневни на граѓаните поради поразот и во следниот период нема да бираат средства и методи за да ги заплашат, но им порача на граѓаните да не се плашат, нагласувајќи дека македонскиот народ никогаш не се плашел.
-Прво се обидуваа да ве убедат дека ги сфатиле грешките и дека овие избори им се поправен испит. Но, ви кажав и тогаш, ви кажувам и сега, лажат. ЛАЖАТ!!! Не им верувајте. Не ја сакаат победата за да се поправат, туку за повеќе да украдат, за своите семејства да живеат во луксуз и да се обезбедат за идните генерации, додека вие осиромашувате, додека економијата крахира и додека Македонија тоне во криминал и корупција. А сега после нивниот пораз, се повеќе се гневни, полни со бес кон сопствениот народ, во вас гледаат разлутено затоа што ги казнивте, и затоа можно е следниот период да не бираат ниту средства, ниту пак методи со кои ќе се обидат да ве заплашат и да ве предомислат. Но, нема веќе заплашување. Овој македонски народ никогаш не се плашел, нема ниту сега. ВМРО-ДПМНЕ е партијата на народот, која секогаш застанува против секој еден кој се соочил со неправда од страна на власта, изјави тој.
Во однос на проектите Ковачки додаде дека визијата на ВМРО-ДПМНЕ е да ја трансформира Македонија напред преку реализација на проектите од Платформата 1198.
-Нашата визија е Македонија повторно ваша. Во вашите раце. Затоа што вие сте сила на една држава. Промените се во вашите раце и вие одлучувате во каква Македонија ќе живеете. Вие ја давате и одземате довербата. Затоа ве замолувам за огромна поддршка и доверба од ваша страна, ве замолувам за сплотување, за обединување, за масовна излезност. Разговарајте со секој еден и подадете рака на сите. Силата на ВМРО-ДПМНЕ во вас, народот. Ние сме партија која помага, работи и која покажала како треба да се води Македонија. Сме покажале што значат нови проекти, реформи и визија. Имаме план за секоја општина, се обврзуваме на целосна трансформација на Македонија, објасни тој.
За општина Градско, Ковачки рече дека Платформа 1198 предвидува:
-Завршување на изградба на експресниот пат од Градско до Прилеп, во должина од околу 33 километри. Проектот ќе се реализира во три фази, Градско – клучка Дреново (15.5 километри). Потоа втора фаза од Фаришка до Дреновска Клусура (10 километри) и трета фаза проширување на патната делница од Прилеп до мостот на Ленишка река и изградба на трета лента на патната делница од село Беловодица – Каменолом Маврово околу 7.5 километри. Реконструкција на мостот на река Вардар кај село Уланци, реконструкција на 8ми Септември во Градско, подобрување на квалитетот на услугите за водоснабдување во Градско и многу други проекти кои значително ќе го подобрат вашиот живот.
Ковачки ја побара поддршката од граѓаните и масовна излезност со заокружување на бројот 2 за Силјановска Давкова за претседател на Македонија, и нова влада предводена на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ние се што ветуваме пред вас, се обврзуваме да го исполниме. Платформата 1198 значи решавање на проблемите, затоа што во неа има проекти за сите граѓани. Мораме да ја трансформираме Македонија напред кон нови победи и кон нови успеси. Но ни треба вашата поддршка и масовна излезност на 8 мај за бројот 2, за двојна победа. 2 за ВМРО-ДПМНЕ за идна влада, и 2 Силјановска Давкова за претседател на Македонија. Ние ја сакаме Македонија повторно твоја. Македонија на земјоделците, на здравствените работници. Македонија повторно твоја на просветните работници, Македонија на пензионерите. Македонија на младите. Македонија на успешни компании и странски инвестиции. Македонија земја на горди граѓани, кажа Ковачки и порача дека на 24 април народот го делегитимира СДС и ДУИ, а на 8 мај ќе го срози. На 24 април го делегитимиравме Ковачевски, Пендаровски, Маричиќ, Спасовски, Зечевиќ, Битиќи, Али, Груби, Османи, Бектеши и баграта околу нив. А на 8 мај да ги срозиме. И да го победиме ова зло поради кое Македонија и вие граѓаните тонете, рече тој.

The post Ковачки: СДС не е противник само на ВМРО-ДПМНЕ, туку противник на народот и Македонија appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-so-nad-800-milioni-evra-vladata-od-vmro-dpmne-ke-gi-reshava-problemite-na-zemjodeltsite-so-250-milioni-evra-godishno-dopolnitelno-ke-se-razvivaat-opshtinite/ Fri, 26 Apr 2024 10:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=771321

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.

Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради.

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат.

Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво.

Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри.

Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него.

Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја.

Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ, рече Ковачки.

The post Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините appeared first on Република.

]]>

Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3. Благодарност за поканата на нашиот градоначалник Виктор Паунов, тука сме заедно и со кандидатот за пратеник Гордана Барбашка. Како што нашиот градоначалник работи и покрај опструкциите од централната власт, гледате дека се развива и се гради. Во иднина ние планираме да дадеме 250 милиони евра за сите општини во Република Македонија без разлика кој е на власт. Само во Карбинци ќе доделиме 1,8 милиони евра за сообраќајна и комунална инфраструктура, значи дополнително општините ќе се градат и дополнително ќе се развиваат. Како што работи нашиот градоначалник во Карбинци, така ќе работиме и ние на централно ниво. Дополнително за жителите од овој крај предвидуваме над 800 милиони евра во 4 годишен мандат за земјоделците што значи реконструкција на сите водоводни канали, да го решиме проблемот со водоснабдувањето, да го решиме проблемот со загарантираниот откуп, и да го решиме проблемот со загарантираната цена. Значи ќе отвораме и нови откупни центри. Земјоделците од овој крај заслужуваат внимание, заслужуваат да си ја работат земјата тие, а не земјата да ја поседуваат феудалци како Љупчо Николовски и сличните на него. Македонија е одлучна за промени, Македонија сака да биде горда, и Македонија заслужува да биде повторно твоја. Затоа ги повикувам сите граѓани на 8 мај масовно да ни се приклучат да излеземе заеднички, да ставиме крај на овие црнила и овие сивила кои ги донесоа СДС и ДУИ, рече Ковачки.

The post Ковачки: Со над 800 милиони евра владата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги решава проблемите на земјоделците, со 250 милиони евра годишно дополнително ќе се развиваат општините appeared first on Република.

]]>
Koвачки: Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-mora-da-se-stavi-kraj-na-kradeneto-i-rasprodavaneto-na-drzhavata/ Thu, 25 Apr 2024 18:26:13 +0000 https://republika.mk/?p=771090

Резултатот од првиот круг на претседателски избори е одговор на криминалните политики и предавањето на ДУУ, разликата е поголема од гласовите кои ги доби Стево Пендаровски. Резултатот е одговор на сите лоши политики, одговор на скандалите како Онкологија, модуларна болница во Тетово каде живи гореа луѓе, на не казнување на криминалот, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашната дебата на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина.

Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.

„И ова ќе биде потврдено на 8 мај, како што ветивме беа згазени, а сега очекуваме поддршка од сите. Ние подадовме рака на секој субјект само да ја поразиме ДУИ и нивните измеќари СДС, мора да се стави крај на корупцијата, криминалот и продажбата на државата. Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата. Јасно е дека народот сака да си ја врати Македонија и ќе излезат уште помасовно на 8 мај“, вели Ковачки.

Ковачки се осврна на се што е направено и што ветува ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ го направи автопатот до Штип, патот до Кочани, експресен пат Штип-Радовиш кој е финансиран од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние предвидуваме нова клиничка болница во Штип, експресен пат од Кочани до Делчево до граница и многу други проекти. За разлика од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема направено ништо, се е организирано уште во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ковачки.

The post Koвачки: Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата appeared first on Република.

]]>

Резултатот од првиот круг на претседателски избори е одговор на криминалните политики и предавањето на ДУУ, разликата е поголема од гласовите кои ги доби Стево Пендаровски. Резултатот е одговор на сите лоши политики, одговор на скандалите како Онкологија, модуларна болница во Тетово каде живи гореа луѓе, на не казнување на криминалот, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашната дебата на телевизија канал 5 во емисијата Само вистина. Според Ковачки промените се можни и тргнаа со првиот круг на претседателски избори.
„И ова ќе биде потврдено на 8 мај, како што ветивме беа згазени, а сега очекуваме поддршка од сите. Ние подадовме рака на секој субјект само да ја поразиме ДУИ и нивните измеќари СДС, мора да се стави крај на корупцијата, криминалот и продажбата на државата. Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата. Јасно е дека народот сака да си ја врати Македонија и ќе излезат уште помасовно на 8 мај“, вели Ковачки.
Ковачки се осврна на се што е направено и што ветува ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ го направи автопатот до Штип, патот до Кочани, експресен пат Штип-Радовиш кој е финансиран од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ. Сега ние предвидуваме нова клиничка болница во Штип, експресен пат од Кочани до Делчево до граница и многу други проекти. За разлика од претходна влада на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ нема направено ништо, се е организирано уште во време на ВМРО-ДПМНЕ“, кажа Ковачки.

The post Koвачки: Мора да се стави крај на крадењето и распродавањето на државата appeared first on Република.

]]>
Ковачки до СДСМ: Вредеше ли предавството, се откажавте од име, Устав, историја – овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-do-sdsm-vredeshe-li-predavstvoto-se-otkazhavte-od-ime-ustav-istorija-ovie-izbori-se-za-da-ja-vratime-makedonija-na-narodot/ Mon, 22 Apr 2024 20:10:11 +0000 https://republika.mk/?p=769474

Ги слушам од СДС велат дека било храброст да донесеш тешки одлуки…. да смениш име, да смениш устав, да прифатиш бугарски диктат. Јас на ова ќе ги прашам директно…. вредеше ли ова предавство? Знаете ли колкав товар и срам им оставате на вашите семејства. Со наведнати глави ќе се шетатате и вие и тие. Вредеше ли да се откажете од името, од Уставот, од историјата? Ова го истакна носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки на вечерашниот митинг во Штип.

Тој додаде дека не можат да зборуваат за храброст луѓето кои го крадат народот и некогаш не биле на негова страна.

Не е храброст да прифатиш се што бараат другите. Не ми зборувајте мене за храброст. Над 25 години поминав во Армијата. Ги поминав, со моите соборци, македонски ќерки и синови и 2001-вата, и немири и акции и војни. Браневме вредности, браневме стратешки интереси и во мисии и во Ирак и во Авганистан,….гордо ја носев униформата затоа што верувавме во Македонија. Јас и моите соборци со длабока почит се поклонуваме на македонското знаме. Со особено чувство на гордост и посебна почит ја пееме македонската химна. Овие работи за секој Македонец имаат посебно место во неговото срце. И не ми зборувајте мене за храброст вие кои седите во скутот на Али Ахмети и со другата рака ја крадете Македонија. Не зборувајте за храброст кога ниту еднаш не бевте со народот, и сте причина за сите негови страдања и порази - потенцираше Ковачки.

Затоа, додаде Ковачки, овие избори се и за тоа да ја вратиме Македонија. Македонија која има надеж и иднина. Македонија на луѓе со гордо кренати глави и сила која создава промени.

Јас Драган Ковачки стојам овде пред вас и ви велам овие избори се последната шанса да си ја спасиме државата. Затоа е важно да излезете и гласате. А првиот чекор е веќе во среда. Во среда не се само претседателски избори, туку првиот голем удар за детронизирање на оваа власт. Затоа ве повикувам сите луѓе од Штип, од славниот исток, да излеземе и масовно заеднички да испишеме историја за денот кога народот ја вратил Македонија во своите раце - нагласи Ковачки.

Ковачки додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план за работа и конкретна понуда содржана во програмата Платформа 1198 каде луѓето се на прво место.

Иако изборот кој ќе го направите е многу важен момент, сепак самиот избор никогаш не бил полесен. Разликата меѓу нас и власта е огромна. За сметководителката на мафијата, заедно со луѓето од СДС кои се понуда во третата изборна единица овие избори им се уште еден мегдан за лажење и манипулирање. Време е да им се стави крај. Време е да се соочат со одговорност. И време е Македонија да биде повторно твоја, на луѓето на Македонија, на чесниот и трудољубив народ, подвлече Ковачки и додаде:

Победата ќе биде тирумф на народот кој си ја враќа државата. Бидете горди на тоа што заедно ќе го направиме. Затоа што имате голема причина за тоа. За вас, вашите семејства, За Македонија“.

The post Ковачки до СДСМ: Вредеше ли предавството, се откажавте од име, Устав, историја – овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот appeared first on Република.

]]>

Ги слушам од СДС велат дека било храброст да донесеш тешки одлуки…. да смениш име, да смениш устав, да прифатиш бугарски диктат. Јас на ова ќе ги прашам директно…. вредеше ли ова предавство? Знаете ли колкав товар и срам им оставате на вашите семејства. Со наведнати глави ќе се шетатате и вие и тие. Вредеше ли да се откажете од името, од Уставот, од историјата? Ова го истакна носителот на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 3, Драган Ковачки на вечерашниот митинг во Штип. Тој додаде дека не можат да зборуваат за храброст луѓето кои го крадат народот и некогаш не биле на негова страна.
Не е храброст да прифатиш се што бараат другите. Не ми зборувајте мене за храброст. Над 25 години поминав во Армијата. Ги поминав, со моите соборци, македонски ќерки и синови и 2001-вата, и немири и акции и војни. Браневме вредности, браневме стратешки интереси и во мисии и во Ирак и во Авганистан,….гордо ја носев униформата затоа што верувавме во Македонија. Јас и моите соборци со длабока почит се поклонуваме на македонското знаме. Со особено чувство на гордост и посебна почит ја пееме македонската химна. Овие работи за секој Македонец имаат посебно место во неговото срце. И не ми зборувајте мене за храброст вие кои седите во скутот на Али Ахмети и со другата рака ја крадете Македонија. Не зборувајте за храброст кога ниту еднаш не бевте со народот, и сте причина за сите негови страдања и порази - потенцираше Ковачки.
Затоа, додаде Ковачки, овие избори се и за тоа да ја вратиме Македонија. Македонија која има надеж и иднина. Македонија на луѓе со гордо кренати глави и сила која создава промени.
Јас Драган Ковачки стојам овде пред вас и ви велам овие избори се последната шанса да си ја спасиме државата. Затоа е важно да излезете и гласате. А првиот чекор е веќе во среда. Во среда не се само претседателски избори, туку првиот голем удар за детронизирање на оваа власт. Затоа ве повикувам сите луѓе од Штип, од славниот исток, да излеземе и масовно заеднички да испишеме историја за денот кога народот ја вратил Македонија во своите раце - нагласи Ковачки.
Ковачки додаде дека ВМРО-ДПМНЕ има план за работа и конкретна понуда содржана во програмата Платформа 1198 каде луѓето се на прво место. Иако изборот кој ќе го направите е многу важен момент, сепак самиот избор никогаш не бил полесен. Разликата меѓу нас и власта е огромна. За сметководителката на мафијата, заедно со луѓето од СДС кои се понуда во третата изборна единица овие избори им се уште еден мегдан за лажење и манипулирање. Време е да им се стави крај. Време е да се соочат со одговорност. И време е Македонија да биде повторно твоја, на луѓето на Македонија, на чесниот и трудољубив народ, подвлече Ковачки и додаде: Победата ќе биде тирумф на народот кој си ја враќа државата. Бидете горди на тоа што заедно ќе го направиме. Затоа што имате голема причина за тоа. За вас, вашите семејства, За Македонија“.

The post Ковачки до СДСМ: Вредеше ли предавството, се откажавте од име, Устав, историја – овие избори се за да ја вратиме Македонија на народот appeared first on Република.

]]>