драган ковачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-kovachi/ За подобро да се разбереме Thu, 02 Nov 2023 09:47:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драган ковачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-kovachi/ 32 32 Koвачки: Пендаровски е уценет човек https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-pendarovski-e-utsenet-chovek/ Thu, 02 Nov 2023 09:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=697331

Јас сум запрепастен од неодговорноста пред се на Врховниот командант затоа што тие што тоа го правеле се во негова надлежност, станува збор за многу високи офицери, полковници, генерали кои се во надлежност на претседателот на државата, односно на Врховниот командант, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во гостување во утринска емисија на ТВ Алфа говорејќи за секс-скандалот кој ја тресе АРМ, односно сексуалното вознемирување на офицерки од страна на високи офицери.

Ковачки исто така додаде дека претседателот на државата, односно Врховниот командант кој е директно надлежен, дрско повикува сознанијата за ваквите случаи да се достават до надлежните органи, а тој не презема ништо бидејќи е уценет човек и чека номинација за втор мандат

„Рече да се пријави во надлежна институција, а надлежна институција за пријавување на вакви работи е токму Врховниот командант затоа што тој е надлежен за сите нив. Јас дури и се понудив да појдам до таму за да поразговараме, да му објаснам некои работи, да му се подразјаснат работите ако не ги знаел, меѓутоа јас се сомневам дека не ги знаел. Мислам дека лично бил информиран меѓутоа нема преземено ништо затоа што станува збор за еден уценет човек којшто не сака да презема активност, ја чека својата номинација за мандат и токму затоа молчи. Не сака скандали на крајот од мандатот, но скандалите се случени и скандалите мора да бидат расчистени затоа што тие деца таму, девојчиња, тие се нечии ќерки, сопруги итн. Не сакам да помислам некој да се стави во таква ситуација“, потенцираше Ковачки и додаде дека тоа што Министерката за одбрана потврди дека знаела за овој скандал, а потоа демантирала отвора сомнеж дека некој интервенирал да се заташка овој скандал, а институциите мора да кажат кој интервенирал и кој вршел притисок со цел овој случај да се расчисти и да не се повтори.

„Претседателот има одговорност да преземе мерки кон таквите сторители, да се спречат идни такви појави затоа што во моментот кога не преземате активности кон таквите сторители, тие имаат можност да се повторуваат во недоглед и најверојатно тоа може и да се повторува. Јас сега не можам да знам во моментов, меѓутоа тоа што министерката го потврди дека знаела, а после тоа вечерта демантираше дека не била информирана практично се фрли сомнеж дека некој интервенирал, а кој е тој што интервенирал мислам дека треба да излезат институциите и Министерството за одбрана, меѓутоа пред сѐ мислам на претседателот е тој кој што треба да каже кој е тој што вршел притисок. Дали е тој што вршел притисок, дали нему му е вршен притисок итн. Меѓутоа овој скандал не смее да остане нерасчистен“, потенцираше Ковачки.

The post Koвачки: Пендаровски е уценет човек appeared first on Република.

]]>

Јас сум запрепастен од неодговорноста пред се на Врховниот командант затоа што тие што тоа го правеле се во негова надлежност, станува збор за многу високи офицери, полковници, генерали кои се во надлежност на претседателот на државата, односно на Врховниот командант, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во гостување во утринска емисија на ТВ Алфа говорејќи за секс-скандалот кој ја тресе АРМ, односно сексуалното вознемирување на офицерки од страна на високи офицери. Ковачки исто така додаде дека претседателот на државата, односно Врховниот командант кој е директно надлежен, дрско повикува сознанијата за ваквите случаи да се достават до надлежните органи, а тој не презема ништо бидејќи е уценет човек и чека номинација за втор мандат
„Рече да се пријави во надлежна институција, а надлежна институција за пријавување на вакви работи е токму Врховниот командант затоа што тој е надлежен за сите нив. Јас дури и се понудив да појдам до таму за да поразговараме, да му објаснам некои работи, да му се подразјаснат работите ако не ги знаел, меѓутоа јас се сомневам дека не ги знаел. Мислам дека лично бил информиран меѓутоа нема преземено ништо затоа што станува збор за еден уценет човек којшто не сака да презема активност, ја чека својата номинација за мандат и токму затоа молчи. Не сака скандали на крајот од мандатот, но скандалите се случени и скандалите мора да бидат расчистени затоа што тие деца таму, девојчиња, тие се нечии ќерки, сопруги итн. Не сакам да помислам некој да се стави во таква ситуација“, потенцираше Ковачки и додаде дека тоа што Министерката за одбрана потврди дека знаела за овој скандал, а потоа демантирала отвора сомнеж дека некој интервенирал да се заташка овој скандал, а институциите мора да кажат кој интервенирал и кој вршел притисок со цел овој случај да се расчисти и да не се повтори.
„Претседателот има одговорност да преземе мерки кон таквите сторители, да се спречат идни такви појави затоа што во моментот кога не преземате активности кон таквите сторители, тие имаат можност да се повторуваат во недоглед и најверојатно тоа може и да се повторува. Јас сега не можам да знам во моментов, меѓутоа тоа што министерката го потврди дека знаела, а после тоа вечерта демантираше дека не била информирана практично се фрли сомнеж дека некој интервенирал, а кој е тој што интервенирал мислам дека треба да излезат институциите и Министерството за одбрана, меѓутоа пред сѐ мислам на претседателот е тој кој што треба да каже кој е тој што вршел притисок. Дали е тој што вршел притисок, дали нему му е вршен притисок итн. Меѓутоа овој скандал не смее да остане нерасчистен“, потенцираше Ковачки.

The post Koвачки: Пендаровски е уценет човек appeared first on Република.

]]>
Ковачки: Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, разговарале со банка и кажале дека им требаат 35 милиони евра https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachki-sinot-i-vnutsite-na-ahmeti-sakaat-da-gradat-fotovoltaichna-tsentrala-razgovarale-so-banka-i-kazhale-deka-im-trebaat-35-milioni-evra/ Sun, 02 Jul 2023 11:49:54 +0000 https://republika.mk/?p=657425

Синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки:

-Синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 од компанијата.

Според документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката во која фирмите на Ахмети имаат сметки, дознаваме за големо мешање на политиката во бизнисот и со тоа енормно богатење на кланот од Зајас.

Имено од анализата на банката дознаваме дека Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети ја информирале банката дека тие имаат изготвено физибилити студија за 60 MW фотоволтаична централа, во која имаат наведено потенцијални локации. Во анализата пишува дека семејството Ахмети ја информирале банката дека за таквата централа веќе имаат добиено дозвола од надлежните владини органи, а чекаат лиценца од министерството за транспорт. Но, како што се наведува во истата Ахмети не приложиле документи со кои може да го потврдат тоа.

За изградба на таква фотоволтаична централа, тие рекле дека им треба финансиска конструкција од 35 милиони евра, а дека истата ќе биде јавно приватно партнерство.

Од анализата на банката на фирмите на семејството Ахмети може да заклучиме дека синот на Али Ахмети, Шкумбин, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан или ја лажеле банката дека прават крупен бизнис или откриле дека тие веќе имаат усмен договор со врвот на власта, во овој случај премиерот Димитар Ковачевски, кој е потписник на јавно приватно партнерство дека државата ќе влезе во бизнис со семејството Ахмети за изградба на 60 MW фотоволтаична централа.

Дополнително ако семејството Ахмети не ја лажеле банката, а не доставиле документи дека имаат одобренија од надлежните владини органи за 60 MW фотоволтаична централа, дали тогаш истите имаат усмен договор со низа функционери дека ќе ги добијат потребните договори.

Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, настапиле пред банката со презимето Ахмети, и со целата политичка тежина на Али Ахмети во Македонија, тоа им дава дополнителна тежина на истите во разговорите и степенот на сериозност.

Овие разговори во банка во Македонија на Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети не можеле да бидат водени без знаење на Али Ахмети, па јавно го прашуваме, дали тој стои зад изнесените информации на неговиот син и внуци во банката, каде што кажале дека им требаат 35 милиони евра финансиска конструкција за да бидат партнери со државата во изградба на фотоволтаична централа? Истовремено го прашуваме и Ковачевски дали тој разговарал со Шкумбин, Дрин и Бесијан дека ќе потпише како премиер договор за ЈПП со нивната фирма „Хелиос“ и ќе градат фотоволтаична централа или можеби тоа го разговарал со Али Ахмети или Артан Груби?

Очекуваме Ахмети и Ковачевски да излезат и да и објаснат на јавноста што договараат и како ги делат бизнисите.

И, во наредниот период ќе излегуваме со уште информации за бизнисите на кланот од Зајас, рече Ковачки.

https://youtu.be/6cZO-fxgSO0

The post Ковачки: Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, разговарале со банка и кажале дека им требаат 35 милиони евра appeared first on Република.

]]>

Синот на Али Ахмети, Шкумбин Ахмети, заедно со внуците на Али Дрин и Бесијан влегуваат во бизнис од 35 милиони евра, за изградба на фотоволтаична централа од 60 MW, во реонот на Кичево, истакна на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Ковачки: -Синот на Али, Шкумбин Ахмети, заедно со неговите први братучеди Дрин и Бесијан веќе ја формирале фирмата „Хелиос“, во која секој од нив има по 1/3 од компанијата. Според документите кои стигнаа до нас од страна на свиркачи, а се анализа на банката во која фирмите на Ахмети имаат сметки, дознаваме за големо мешање на политиката во бизнисот и со тоа енормно богатење на кланот од Зајас. Имено од анализата на банката дознаваме дека Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети ја информирале банката дека тие имаат изготвено физибилити студија за 60 MW фотоволтаична централа, во која имаат наведено потенцијални локации. Во анализата пишува дека семејството Ахмети ја информирале банката дека за таквата централа веќе имаат добиено дозвола од надлежните владини органи, а чекаат лиценца од министерството за транспорт. Но, како што се наведува во истата Ахмети не приложиле документи со кои може да го потврдат тоа. За изградба на таква фотоволтаична централа, тие рекле дека им треба финансиска конструкција од 35 милиони евра, а дека истата ќе биде јавно приватно партнерство. Од анализата на банката на фирмите на семејството Ахмети може да заклучиме дека синот на Али Ахмети, Шкумбин, заедно со неговите братучеди Дрин и Бесијан или ја лажеле банката дека прават крупен бизнис или откриле дека тие веќе имаат усмен договор со врвот на власта, во овој случај премиерот Димитар Ковачевски, кој е потписник на јавно приватно партнерство дека државата ќе влезе во бизнис со семејството Ахмети за изградба на 60 MW фотоволтаична централа. Дополнително ако семејството Ахмети не ја лажеле банката, а не доставиле документи дека имаат одобренија од надлежните владини органи за 60 MW фотоволтаична централа, дали тогаш истите имаат усмен договор со низа функционери дека ќе ги добијат потребните договори. Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети, настапиле пред банката со презимето Ахмети, и со целата политичка тежина на Али Ахмети во Македонија, тоа им дава дополнителна тежина на истите во разговорите и степенот на сериозност. Овие разговори во банка во Македонија на Шкумбин, Дрин и Бесијан Ахмети не можеле да бидат водени без знаење на Али Ахмети, па јавно го прашуваме, дали тој стои зад изнесените информации на неговиот син и внуци во банката, каде што кажале дека им требаат 35 милиони евра финансиска конструкција за да бидат партнери со државата во изградба на фотоволтаична централа? Истовремено го прашуваме и Ковачевски дали тој разговарал со Шкумбин, Дрин и Бесијан дека ќе потпише како премиер договор за ЈПП со нивната фирма „Хелиос“ и ќе градат фотоволтаична централа или можеби тоа го разговарал со Али Ахмети или Артан Груби? Очекуваме Ахмети и Ковачевски да излезат и да и објаснат на јавноста што договараат и како ги делат бизнисите. И, во наредниот период ќе излегуваме со уште информации за бизнисите на кланот од Зајас, рече Ковачки. https://youtu.be/6cZO-fxgSO0

The post Ковачки: Синот и внуците на Ахмети сакаат да градат фотоволтаична централа, разговарале со банка и кажале дека им требаат 35 милиони евра appeared first on Република.

]]>