Драган Георгиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-georgiev/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Nov 2022 07:39:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Георгиев Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-georgiev/ 32 32 Омилениот историчар на Заев тврдеше дека Бугарија не била фашистичка земја, а сега му пречат „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/omileniot-istorichar-na-zaev-tvrdeshe-deka-bugarija-ne-bila-fashistichka-zemja-a-sega-mu-prechat-vancho-mihajlov-i-car-boris/ Mon, 07 Nov 2022 07:39:00 +0000 https://republika.mk/?p=570587

Нема сомневање дека во последните години еден од најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи е прашањето за ргистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и правобранителски организации, како Хелсиншки комитет, ја ставија оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печали. Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува се потешко одбранлива теза, после евентуалното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред се правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение“.

Ова е содржината на текстот номериран како 2.2.19. од планот насловен како „Бугарската политика кон Република Македонија“, што официјална Софија го има подготвено уште во 2008 година, значи цели девет години пред потпишувњето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Планот е разработен до најситни детали и од оваа временска дистанца може слободно да се констатира дека целосно се реализира.

И едноставно, делува зачудувачки нашите служби и институции да не го имаат ниту видено, а уште помалку анализирано пред власта на СДСМ и на ДУИ да стават параф на асиметричниот Договор, што сега преку францускиот предлог, всушност, станува документ на Европската унија.

Значи, уште пред цели 14 години официјална Софија самата признава дека нерегистрирањето на ОМО Илинден ќе биде се потешко одбранлива теза. Но, тоа за нашата власт како да нема никакво значење. Напротив, со својата послушничка политика, пред се, преку актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска ја почнува дводневната посета на Софија, како и преку „партискиот историчар“, академикот Драги Ѓоргиев, дефинитивно забегува во двојните аршини на својата дневно-политичка агенда, анализира „Пресинг ТВ“.

А, тие одат до чисти апсурди. На пример, министерот Османи, по отворањето на клубот „Никола Јонков Вапцаров“, како вистински скандал-мајстор направи нова поделба меѓу Македонците во Бугарија. Ај што се откажа од постоењето македонско малцинство во Бугарија, сега тамошните Македонци ги подели на „приватни“ и „државни“. Демек, иницијативата за отворање на клубот била приватна, а многу скоро, исто така во Благоевград, државата Република Македонија ќе отвори друг клуб. И кои Македонци од Бугарија ќе членуваат во него? Истите тие од клубот „Никола Јонков Вапцаров“ или ќе најдат некои други, „државни“ Македонци!?

Двојните аршини од чисто дневно-политички цели станаа знак на распознавање на неизбежниот „партиски историчар“, академик Драги Ѓоргиев. Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Ѓоргиев за Вапцаров ќе рече „кој важи за бугарски поет, кој пишувал на бугарски јазик“, нешто што не го спомена ниту еден од членовите на клубот при неговото отворање! И притоа уште ќе додаде:

-Отворање на клубови и друштва, ако тие навистина се наменети да бидат мост преку кој ќе се пласира културата и идеи за соработка меѓу двата народи, тогаш тоа не е спорно. Меѓутоа, кога се отвораат клубови, кои носат имиња на личности кои немаат ниту допирна точка со културата на таа заедница која го отвора или на заедницата каде што се отвора тој клуб, тогаш тие навистина стануваат јаболко на раздорот и причина за уште поголема тензија меѓу Македонците и Бугарите, во конкретниот случај. Несомнено е дека отворањето на тие клубови во Македонија со тие имиња имаат поинаква позадина, имаат друга цел, и сето тоа веќе е толку јасно и на јавноста и во Македонија, па и во Бугарија, така што верувам дека, јас верувам, мислам дека ќе се прекине со таквата пракса и доколку двете држави сакаат тие клубови да придонесат за релаксирање на односите меѓу двете држави, тогаш треба политичките елити на двете држави да седнат и да размислат добро на кој начин ќе се менаџираат тие клубови, затоа што очигледно е дека отворањето на тие клубови, посебно на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, односно да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави.

Очигледно, на акадмик Ѓоргиев му пречат имињата на бугарските клубови, што се отвораат во Македонија, кои директно се поврзуваат со бугарскиот монархо-фашизам или наци-фашизам, иако тоа не го наведува експлицитно. Но, во нив гледа „поинаква позадина, имаат друга цел“!, потенцира Пресинг ТВ во анализата.

А, истиот тој академик Драги Ѓоргиев, исто така во интервју за Радио Слободна Европа, на 6 февруари годинава, категорично тврдеше нешто сосема друго.

Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка држава во тоа време“, изјави тогаш тој.

И сега, според академик Ѓоргиев, Цар Борис Трети и Иван Ванчо Михајлов се класично фашистички или пронацистички и профашистички имиња?!

За жал, ова не е прв и единствен излет на Ѓоргиев токму на оваа тема. Пред две години, на 25 ноември, тогашниот премиер Зоран Заев во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, меѓу другото рече:

-Бугарија не е фашистичка земја. Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат оваа реалност и тоа мора да не обедини…Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашистичкиот фронт.

Само неколку дена подоцна, Ѓоргиев како „добро дресирана партиска пудлица“ ќе се обиде да го оправда Заев, со тоа што тогаш изнесе само „свое мислење“:

-Мислам дека Бугарија не била фашистичка држава.

Што е многу, многу е, па и да доаѓа од една „добро дресирана партиска пудлица“, која вешто „скока и си игра“ и во партиските, и во политичките, и во историските, и во академските кругови.

Извор Pressing TV

The post Омилениот историчар на Заев тврдеше дека Бугарија не била фашистичка земја, а сега му пречат „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>

Нема сомневање дека во последните години еден од најсериозните предизвици во нашите меѓусоседски односи е прашањето за ргистрацијата на ОМО Илинден. И Скопје, и правобранителски организации, како Хелсиншки комитет, ја ставија оваа тема во меѓународен контекст, од кое Бугарија не печали. Нерегистрацијата на ОМО Илинден ќе постанува се потешко одбранлива теза, после евентуалното членство на Република Македонија во НАТО, а уште повеќе во ЕУ. Се разбира, казусот е пред се правен, но бугарската позиција и бугарската кауза несомнено би биле посилни ако на овој проблем побрзо се најде решение“. Ова е содржината на текстот номериран како 2.2.19. од планот насловен како „Бугарската политика кон Република Македонија“, што официјална Софија го има подготвено уште во 2008 година, значи цели девет години пред потпишувњето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Планот е разработен до најситни детали и од оваа временска дистанца може слободно да се констатира дека целосно се реализира. И едноставно, делува зачудувачки нашите служби и институции да не го имаат ниту видено, а уште помалку анализирано пред власта на СДСМ и на ДУИ да стават параф на асиметричниот Договор, што сега преку францускиот предлог, всушност, станува документ на Европската унија. Значи, уште пред цели 14 години официјална Софија самата признава дека нерегистрирањето на ОМО Илинден ќе биде се потешко одбранлива теза. Но, тоа за нашата власт како да нема никакво значење. Напротив, со својата послушничка политика, пред се, преку актуелниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој денеска ја почнува дводневната посета на Софија, како и преку „партискиот историчар“, академикот Драги Ѓоргиев, дефинитивно забегува во двојните аршини на својата дневно-политичка агенда, анализира „Пресинг ТВ“. А, тие одат до чисти апсурди. На пример, министерот Османи, по отворањето на клубот „Никола Јонков Вапцаров“, како вистински скандал-мајстор направи нова поделба меѓу Македонците во Бугарија. Ај што се откажа од постоењето македонско малцинство во Бугарија, сега тамошните Македонци ги подели на „приватни“ и „државни“. Демек, иницијативата за отворање на клубот била приватна, а многу скоро, исто така во Благоевград, државата Република Македонија ќе отвори друг клуб. И кои Македонци од Бугарија ќе членуваат во него? Истите тие од клубот „Никола Јонков Вапцаров“ или ќе најдат некои други, „државни“ Македонци!? Двојните аршини од чисто дневно-политички цели станаа знак на распознавање на неизбежниот „партиски историчар“, академик Драги Ѓоргиев. Во вчерашното интервју за Радио Слободна Европа, Ѓоргиев за Вапцаров ќе рече „кој важи за бугарски поет, кој пишувал на бугарски јазик“, нешто што не го спомена ниту еден од членовите на клубот при неговото отворање! И притоа уште ќе додаде:
-Отворање на клубови и друштва, ако тие навистина се наменети да бидат мост преку кој ќе се пласира културата и идеи за соработка меѓу двата народи, тогаш тоа не е спорно. Меѓутоа, кога се отвораат клубови, кои носат имиња на личности кои немаат ниту допирна точка со културата на таа заедница која го отвора или на заедницата каде што се отвора тој клуб, тогаш тие навистина стануваат јаболко на раздорот и причина за уште поголема тензија меѓу Македонците и Бугарите, во конкретниот случај. Несомнено е дека отворањето на тие клубови во Македонија со тие имиња имаат поинаква позадина, имаат друга цел, и сето тоа веќе е толку јасно и на јавноста и во Македонија, па и во Бугарија, така што верувам дека, јас верувам, мислам дека ќе се прекине со таквата пракса и доколку двете држави сакаат тие клубови да придонесат за релаксирање на односите меѓу двете држави, тогаш треба политичките елити на двете држави да седнат и да размислат добро на кој начин ќе се менаџираат тие клубови, затоа што очигледно е дека отворањето на тие клубови, посебно на бугарските клубови во Македонија, имаат друга цел, односно да ги нарушат уште повеќе односите меѓу Македонците и Бугарите, и тоа очигледно станува збор за некоја смислена политика, која можеби се води во некои други центри надвор и од двете држави.
Очигледно, на акадмик Ѓоргиев му пречат имињата на бугарските клубови, што се отвораат во Македонија, кои директно се поврзуваат со бугарскиот монархо-фашизам или наци-фашизам, иако тоа не го наведува експлицитно. Но, во нив гледа „поинаква позадина, имаат друга цел“!, потенцира Пресинг ТВ во анализата. А, истиот тој академик Драги Ѓоргиев, исто така во интервју за Радио Слободна Европа, на 6 февруари годинава, категорично тврдеше нешто сосема друго.
Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за фашистичка Италија или нацистичка Германија. Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка и профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка држава во тоа време“, изјави тогаш тој.
И сега, според академик Ѓоргиев, Цар Борис Трети и Иван Ванчо Михајлов се класично фашистички или пронацистички и профашистички имиња?! За жал, ова не е прв и единствен излет на Ѓоргиев токму на оваа тема. Пред две години, на 25 ноември, тогашниот премиер Зоран Заев во фамозното интервју за агенцијата БГНЕС, меѓу другото рече:
-Бугарија не е фашистичка земја. Бугарија е наш пријател. Новите генерации не ја знаат оваа реалност и тоа мора да не обедини…Во тоа време, на почетокот, имаше администрација. Потоа Бугарија се приклучи кон антифашистичкиот фронт.
Само неколку дена подоцна, Ѓоргиев како „добро дресирана партиска пудлица“ ќе се обиде да го оправда Заев, со тоа што тогаш изнесе само „свое мислење“:
-Мислам дека Бугарија не била фашистичка држава.

Што е многу, многу е, па и да доаѓа од една „добро дресирана партиска пудлица“, која вешто „скока и си игра“ и во партиските, и во политичките, и во историските, и во академските кругови.

Извор Pressing TV

The post Омилениот историчар на Заев тврдеше дека Бугарија не била фашистичка земја, а сега му пречат „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис“ appeared first on Република.

]]>
Aдвокатот на Алабаковски: Пејачот не се повика на американското државјанство https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/advokatot-na-alabakovski-pejachot-ne-se-povika-na-amerikanskoto-drzavjanstvo/ Thu, 09 Jun 2022 10:14:04 +0000 https://republika.mk/?p=513089

Во мое присуство, Ламбе Алабаковски пред надлежните органи кажа дека е и државјанин на САД, но не се повика на него, ниту бараше да биде известена американската амбасада во Скопје. Така што немам информација дали во меѓувреме бил посетен од претставник на амбасадата.

Ова за „Пресинг ТВ“ го изјави адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев, одговарајќи на прашањето дали неговиот клиент, по одредувањето на осумдневната мерка притвор поради потпалување на влезната врата на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, е посетен од претставник на амбасадата на САД во Скопје.

Токму двојното државјанство на Алабаковски беше основната причина битолскиот суд да му одреди мерка осумдневен притвор.

Георгиев  вели дека очекува Алабаковски да биде пуштен да се брани од слобода уште пред истекот на осумдневниот притвор.

-Јас очекувам и се надевам, а и работам на тоа. Првично одредениот рок не значи дека и ќе остане, зашто секогаш постои можност тој да биде и продолжен, а до тоа не сакаме да дојде, вели Георгиев.

На прашањето дали на Алабаковски може да му се припише и некаков говор на омраза, тој е дециден дека такво нешто не очекува, со оглед дека во случајот станува збор за конкретно дејство и никогаш не изјавил нешто што може да се толкува како говор на омраза.

Георгиев го задржа правото на дискреција со својот клиент и не сакаше да обелодени никакви детали за разговорите, што ги водел со сопругата на Алабаковски. Само додаде:

-Како секоја сопруга, таа е загрижена што ќе се случува понатаму.

Во врска со тоа дали има комуникација или некаква помош од адвокатите, кои во јавноста се понудија бесплатно да го бранат Ламбе Алабаковски, Георгиев вели:

-Адвокат настапува со уредно полномошно од својот штитеник или од него овластено лице. Нечиј адвокат не се станува со настапи по телевизии или други медиуми. Подобро е да си ги гледаат своите клиенти и да не даваат изјави за случајот. Зашто лесно е да се седи и да се зборува како пред кооперација, но на крајот сепак некој треба да ја плати сметката.

The post Aдвокатот на Алабаковски: Пејачот не се повика на американското државјанство appeared first on Република.

]]>

Во мое присуство, Ламбе Алабаковски пред надлежните органи кажа дека е и државјанин на САД, но не се повика на него, ниту бараше да биде известена американската амбасада во Скопје. Така што немам информација дали во меѓувреме бил посетен од претставник на амбасадата.
Ова за „Пресинг ТВ“ го изјави адвокатот на Алабаковски, Драган Георгиев, одговарајќи на прашањето дали неговиот клиент, по одредувањето на осумдневната мерка притвор поради потпалување на влезната врата на културниот клуб „Ванчо Михајлов“ во Битола, е посетен од претставник на амбасадата на САД во Скопје. Токму двојното државјанство на Алабаковски беше основната причина битолскиот суд да му одреди мерка осумдневен притвор. Георгиев  вели дека очекува Алабаковски да биде пуштен да се брани од слобода уште пред истекот на осумдневниот притвор.
-Јас очекувам и се надевам, а и работам на тоа. Првично одредениот рок не значи дека и ќе остане, зашто секогаш постои можност тој да биде и продолжен, а до тоа не сакаме да дојде, вели Георгиев.
На прашањето дали на Алабаковски може да му се припише и некаков говор на омраза, тој е дециден дека такво нешто не очекува, со оглед дека во случајот станува збор за конкретно дејство и никогаш не изјавил нешто што може да се толкува како говор на омраза. Георгиев го задржа правото на дискреција со својот клиент и не сакаше да обелодени никакви детали за разговорите, што ги водел со сопругата на Алабаковски. Само додаде:
-Како секоја сопруга, таа е загрижена што ќе се случува понатаму.
Во врска со тоа дали има комуникација или некаква помош од адвокатите, кои во јавноста се понудија бесплатно да го бранат Ламбе Алабаковски, Георгиев вели:
-Адвокат настапува со уредно полномошно од својот штитеник или од него овластено лице. Нечиј адвокат не се станува со настапи по телевизии или други медиуми. Подобро е да си ги гледаат своите клиенти и да не даваат изјави за случајот. Зашто лесно е да се седи и да се зборува како пред кооперација, но на крајот сепак некој треба да ја плати сметката.

The post Aдвокатот на Алабаковски: Пејачот не се повика на американското државјанство appeared first on Република.

]]>
Една лекција за Драги Ѓорѓиев за бугарскиот фашизам https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/edna-lekcija-za-dragi-gjorgjiev-za-bugarskiot-fashizam/ Thu, 10 Feb 2022 11:53:49 +0000 https://republika.mk/?p=456705

Во Бугарија 1 февруари е прогласен за Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот и во општеството се уште се водат полемики за тоа дали земјата за време на Втората светска војна била фашистичка или не. Таа полемика има свое влијание и врз Македонија во светлината на бугарските барања за надминување на недоразбирањата околу почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, анализира „Пресинг ТВ“.

Во тој контекст, во домашната јавност предизвика лавина реакции изјавата на проф.Драги Ѓорѓиев, директор на ИНИ, дописен член на МАНУ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците, дека за време на Втората светска војна Бугарија била профашистичка, но не и фашистичка држава, што во целост ги подрива македонските позиции и го доведува во прашање самиот темел на државноста-АСНОМ.

 

Оттука и потребата во целост да пренесеме еден текст од Погледи инфо.бг за да укажеме на едно чисто бугарско согледување на работите, но и да осознаеме нови, за нас непознати податоци од тоа време.

Неофашистите во Бугарија повторно стигнаа до вистинска хистерија на т.н. Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот. Ништо ново под сонцето од 2011 година наваму, ако не го сметаме тоа што овојпат познатите ѕверства со полна сила маршираа од националната телевизија, која сите ја плаќаме со нашите даноци. Донекаде е можно лаги и инсинуации да се појавуваат во приватни медиуми, но не и и на БНТ!

Таму од утрото во понеделникот обилно не зрачеа со рекламата за новиот филм „Второто ослободување“, кој документирано ги прикажувал злосторниците, убијците комунисти, кои под диктат на Москва го организирале криминалниот Народен суд. Истиот апсурд и истите потполни лаги: Втората светска војна била разгорена од СССР со пактот „Рибентро-Молотов“ и притоа, се разбира, ни збор дека пред СССР слични спогодби со Германија склучиле сите водечки држави во Европа. Во Нирнберг, пак, стрелале 11 фашисти, а кај нас изрекле 2.857 бпресуди и убиле некои херои, „кои го исполнувале својот долг и се осудени апсолутно невини“. Плус една фабрикувана вест: САД и Велика Британија, гледате, биле против Народниот суд, за што имало некакво навестување во некое писмо од Трајчо Костов до Георги Димитров. А пропагандистите од старите комунистички времиња денес всадувале некакви митови за социјалистичкото време, кои раѓале носталгија! И кои се носителите на тие „вистини“? Па, се познати лица, бесни антикомунисти, меѓу кои-лажната професорка Евелина Келбечева од Американскиот универзитет, силно посакувана од фондацијата „Америка за Бугарија“.

Има стотици документи и за почетокот на Втората светска војна, и за Минхенскиот договор на Западот за уништување на Чехословачка, и за многу средби и договори меѓу раководителите на САД, Велика Британија и СССР од 1943-1945 година за судењето на виновниците за подметнувањето на хитлеризмот во различни држави. Многу е познато дека Черчил, на пример, бил за итно стрелање на тие криминалци и дека само по инсистирање на Сталин тие биле исправени пред суд. Ако не беше тоа, знаете ли колкав ќе биде бројот на стрелани во Бугарија, која е сојузник на Хитлер од 1941 година и е поразена држава во војната?

Апологетите на антикомунизмот негираат дека во Бугарија имало фашизам и го премолчуваат фактот дека државите во Европа биле под нацистичка окупација, додека Бугарија била дел од хитлеровиот пакт. Има стотици документи и за тоа зошто Црвената армија минува преку Бугарија-исто така во договор со САД и Велика Британија. Не се помалку ни архивските докази за инсистирањето на трите држави победнички за Народниот суд како елемент од задолжителните услови за примирјето со Бугарија. Народниот суд е воспоставен со потпишувањето на примирјето со САД и Велика Британија, на кои Бугарија им беше објавила војна и која беше поразена. Создаден е од владата на Отечествениот фронт во која БКП имала само 4 министри. Судењето на виновниците за вовлекувањето на Бугарија во Втората светска војна и на престапниците од другите европски држави е потврдено со Договорот во Лондон на четирите Големи сили победнички од 8 август 1945 година, со Декларацијата на Генералното собрание на ООН (11 декември 1946 г.) и со Женевкста конвенција за заштита на жртвите од Втората светска војна (1949 г.). Во процесите кај нас на смрт се осудени 2.618 лица, но извршени биле 1.046 смртни пресуди, додека останатите осудени биле пратени в затвор или биле ослободени. Тоа го потврдуваат документите. Тие беа објавени во познатата рубрика „Црно на бело“ во весникот „Дума“ пред тој да биде преземен од сили на денешната БСП.

Во „Црно на бело“ имаше многу написи за преговорите на САД, Велика Британија и СССР со Бугарија и за народните судови во цела Европа. Пред да му дадат простор на бесниот антикомунизам, во БНТ не прочитаа ли барем нешто за над два милиони судени фашисти и нивни помагачи во цела Европа? Дека во Франција, на пример, без судење се убиени над 9.000 лица, а вонредните судови разгледувале 300.000 досиеја, од кои 127.000 стануваат предмет на процеси и следуваат 97.000 осудителни пресуди од „национална деградација“ до смрт, а во декември 1944 г. биле интернирани 49.000 лица. Според една споредба на бројот на осудени на затвор во Франција-38.000, за население од 40 милиони жители, излегува дека на 100.000 души, 94 биле осудени. Истото истражување покажува дека во Данска тој број изнесува 374, во Холандија 419, во Белгија 596 и во Норвешка 633. Во самата Германија, по судењето на врхушката на нацизмот во Нирнберг, биле осудени околу еден милион нацисти од пониските нивоа-Гестапо, СС, СД, и им биле изречени различни казни. Судските процеси против нацистичките злосторници продолжуваат и денес! Во август 2021 г. Окружниот суд во Нојрупин, Германија, ги прифати обвиненијата приложени од обвинителството против стогодишен бивш чувар во нацистичкиот логор „Заксенхаузен“ до Берлин, обвинет за убиство на 3.500 лица, соопшти Ројтер.

Што се однесува до фашизмот, во периодот од 1940 до 1944 година кај нас, од страна на власта биле уапсени 64.345 лица учесници во Отпорот, од кои на смрт биле осудени и се стрелани 12.461 лице (споредете го ова со пресудите на Народниот суд), другите биле пратени по затвори и логори. Без суд и пресуда се убиени 20.000 јатаци, а масовно биле опожарени цели села. Владите на цар Борис III и на малолетниот Симеон II дале 200 милиони лева за партизански и јатачки глави. Биле интернирани 31.250 лица. Но, имињата на сите убијци од 1923 до 1944 година се испишани на меморијалниот ѕид до НДК како „жртви на комунизмот“. Денес живи дејци на Отпорот меѓу нив ги наоѓаат оние, кои ѕверски ги мачеле по затворите.

Таму се и убијците на 200 деца во нашите стари територии и на околу 3.000 Еврејчиња депортирани од бугарскиот фашизам кон Полска од Македонија и егејска Тракија. Во знак на сеќавање на тие невино убиени деца, од иницијативен комитет поддржан од Бугари од целата држава, од сите партии и етноси, речиси 4 години се обидува да постави споменик во Софија. Но, не може да го „пробие“ категоричното одбивање на општината во престолнината, која се вознемири од подигањето споменик на…Реган, а сега има намера да постави споменик дури на Гунди во „Слатина“. Од дете сум левичар, но каде е Гунди, а каде се убиените од страна на фашизмот невини деца за кои човек нема каде да положи ни едно цевеќ. Затоа, пак, дури и претседателот Радев им постави цвеќе на убијците.

Но, сето тоа е можно, зашто Бугарија е единствената држава во светот, која ги поништи пресудите на Народниот суд и убијците ги прогласи за невини. Социјализмот, пак, со закон беше прогласен за криминален! Митовите раѓале носталгија? Митови ли се некогашното бесплатно образование и здравство, немањето неписмени или нашето прекрасно земјоделие, кое ја хранеше не само Бугарија, та што станаа криминални? Криминално е однесувањето на нашите денешни неофашисти, кои на фонот на неказнето хулење на Отпорот, на социјализмот, на Русија, имаат дрскост на БНТ да трубат дека за „жртвите на комунизмот“ не се зборувало! Не само што се зборува, туку истата Евелина, според волјата на МОН, учествуваше во исфрлањето на Отпорот и на фашизмот од учебниците по историја за VII и X клас, во навредувањето на Русија и на социјализмот во учебниците. Зашто, новата идеологија е таа – нашите деца не може да ја снаат вистината за минатото за да не можат да мислат на сегашноста.

Извор: Пресинг ТВ

The post Една лекција за Драги Ѓорѓиев за бугарскиот фашизам appeared first on Република.

]]>

Во Бугарија 1 февруари е прогласен за Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот и во општеството се уште се водат полемики за тоа дали земјата за време на Втората светска војна била фашистичка или не. Таа полемика има свое влијание и врз Македонија во светлината на бугарските барања за надминување на недоразбирањата околу почетокот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ, анализира „Пресинг ТВ“. Во тој контекст, во домашната јавност предизвика лавина реакции изјавата на проф.Драги Ѓорѓиев, директор на ИНИ, дописен член на МАНУ и копретседавач на мешовитата македонско-бугарска комисија за историјата и за прашања на учебниците, дека за време на Втората светска војна Бугарија била профашистичка, но не и фашистичка држава, што во целост ги подрива македонските позиции и го доведува во прашање самиот темел на државноста-АСНОМ.   Оттука и потребата во целост да пренесеме еден текст од Погледи инфо.бг за да укажеме на едно чисто бугарско согледување на работите, но и да осознаеме нови, за нас непознати податоци од тоа време. Неофашистите во Бугарија повторно стигнаа до вистинска хистерија на т.н. Ден на сеќавање на жртвите на комунизмот. Ништо ново под сонцето од 2011 година наваму, ако не го сметаме тоа што овојпат познатите ѕверства со полна сила маршираа од националната телевизија, која сите ја плаќаме со нашите даноци. Донекаде е можно лаги и инсинуации да се појавуваат во приватни медиуми, но не и и на БНТ! Таму од утрото во понеделникот обилно не зрачеа со рекламата за новиот филм „Второто ослободување“, кој документирано ги прикажувал злосторниците, убијците комунисти, кои под диктат на Москва го организирале криминалниот Народен суд. Истиот апсурд и истите потполни лаги: Втората светска војна била разгорена од СССР со пактот „Рибентро-Молотов“ и притоа, се разбира, ни збор дека пред СССР слични спогодби со Германија склучиле сите водечки држави во Европа. Во Нирнберг, пак, стрелале 11 фашисти, а кај нас изрекле 2.857 бпресуди и убиле некои херои, „кои го исполнувале својот долг и се осудени апсолутно невини“. Плус една фабрикувана вест: САД и Велика Британија, гледате, биле против Народниот суд, за што имало некакво навестување во некое писмо од Трајчо Костов до Георги Димитров. А пропагандистите од старите комунистички времиња денес всадувале некакви митови за социјалистичкото време, кои раѓале носталгија! И кои се носителите на тие „вистини“? Па, се познати лица, бесни антикомунисти, меѓу кои-лажната професорка Евелина Келбечева од Американскиот универзитет, силно посакувана од фондацијата „Америка за Бугарија“. Има стотици документи и за почетокот на Втората светска војна, и за Минхенскиот договор на Западот за уништување на Чехословачка, и за многу средби и договори меѓу раководителите на САД, Велика Британија и СССР од 1943-1945 година за судењето на виновниците за подметнувањето на хитлеризмот во различни држави. Многу е познато дека Черчил, на пример, бил за итно стрелање на тие криминалци и дека само по инсистирање на Сталин тие биле исправени пред суд. Ако не беше тоа, знаете ли колкав ќе биде бројот на стрелани во Бугарија, која е сојузник на Хитлер од 1941 година и е поразена држава во војната? Апологетите на антикомунизмот негираат дека во Бугарија имало фашизам и го премолчуваат фактот дека државите во Европа биле под нацистичка окупација, додека Бугарија била дел од хитлеровиот пакт. Има стотици документи и за тоа зошто Црвената армија минува преку Бугарија-исто така во договор со САД и Велика Британија. Не се помалку ни архивските докази за инсистирањето на трите држави победнички за Народниот суд како елемент од задолжителните услови за примирјето со Бугарија. Народниот суд е воспоставен со потпишувањето на примирјето со САД и Велика Британија, на кои Бугарија им беше објавила војна и која беше поразена. Создаден е од владата на Отечествениот фронт во која БКП имала само 4 министри. Судењето на виновниците за вовлекувањето на Бугарија во Втората светска војна и на престапниците од другите европски држави е потврдено со Договорот во Лондон на четирите Големи сили победнички од 8 август 1945 година, со Декларацијата на Генералното собрание на ООН (11 декември 1946 г.) и со Женевкста конвенција за заштита на жртвите од Втората светска војна (1949 г.). Во процесите кај нас на смрт се осудени 2.618 лица, но извршени биле 1.046 смртни пресуди, додека останатите осудени биле пратени в затвор или биле ослободени. Тоа го потврдуваат документите. Тие беа објавени во познатата рубрика „Црно на бело“ во весникот „Дума“ пред тој да биде преземен од сили на денешната БСП. Во „Црно на бело“ имаше многу написи за преговорите на САД, Велика Британија и СССР со Бугарија и за народните судови во цела Европа. Пред да му дадат простор на бесниот антикомунизам, во БНТ не прочитаа ли барем нешто за над два милиони судени фашисти и нивни помагачи во цела Европа? Дека во Франција, на пример, без судење се убиени над 9.000 лица, а вонредните судови разгледувале 300.000 досиеја, од кои 127.000 стануваат предмет на процеси и следуваат 97.000 осудителни пресуди од „национална деградација“ до смрт, а во декември 1944 г. биле интернирани 49.000 лица. Според една споредба на бројот на осудени на затвор во Франција-38.000, за население од 40 милиони жители, излегува дека на 100.000 души, 94 биле осудени. Истото истражување покажува дека во Данска тој број изнесува 374, во Холандија 419, во Белгија 596 и во Норвешка 633. Во самата Германија, по судењето на врхушката на нацизмот во Нирнберг, биле осудени околу еден милион нацисти од пониските нивоа-Гестапо, СС, СД, и им биле изречени различни казни. Судските процеси против нацистичките злосторници продолжуваат и денес! Во август 2021 г. Окружниот суд во Нојрупин, Германија, ги прифати обвиненијата приложени од обвинителството против стогодишен бивш чувар во нацистичкиот логор „Заксенхаузен“ до Берлин, обвинет за убиство на 3.500 лица, соопшти Ројтер. Што се однесува до фашизмот, во периодот од 1940 до 1944 година кај нас, од страна на власта биле уапсени 64.345 лица учесници во Отпорот, од кои на смрт биле осудени и се стрелани 12.461 лице (споредете го ова со пресудите на Народниот суд), другите биле пратени по затвори и логори. Без суд и пресуда се убиени 20.000 јатаци, а масовно биле опожарени цели села. Владите на цар Борис III и на малолетниот Симеон II дале 200 милиони лева за партизански и јатачки глави. Биле интернирани 31.250 лица. Но, имињата на сите убијци од 1923 до 1944 година се испишани на меморијалниот ѕид до НДК како „жртви на комунизмот“. Денес живи дејци на Отпорот меѓу нив ги наоѓаат оние, кои ѕверски ги мачеле по затворите. Таму се и убијците на 200 деца во нашите стари територии и на околу 3.000 Еврејчиња депортирани од бугарскиот фашизам кон Полска од Македонија и егејска Тракија. Во знак на сеќавање на тие невино убиени деца, од иницијативен комитет поддржан од Бугари од целата држава, од сите партии и етноси, речиси 4 години се обидува да постави споменик во Софија. Но, не може да го „пробие“ категоричното одбивање на општината во престолнината, која се вознемири од подигањето споменик на…Реган, а сега има намера да постави споменик дури на Гунди во „Слатина“. Од дете сум левичар, но каде е Гунди, а каде се убиените од страна на фашизмот невини деца за кои човек нема каде да положи ни едно цевеќ. Затоа, пак, дури и претседателот Радев им постави цвеќе на убијците. Но, сето тоа е можно, зашто Бугарија е единствената држава во светот, која ги поништи пресудите на Народниот суд и убијците ги прогласи за невини. Социјализмот, пак, со закон беше прогласен за криминален! Митовите раѓале носталгија? Митови ли се некогашното бесплатно образование и здравство, немањето неписмени или нашето прекрасно земјоделие, кое ја хранеше не само Бугарија, та што станаа криминални? Криминално е однесувањето на нашите денешни неофашисти, кои на фонот на неказнето хулење на Отпорот, на социјализмот, на Русија, имаат дрскост на БНТ да трубат дека за „жртвите на комунизмот“ не се зборувало! Не само што се зборува, туку истата Евелина, според волјата на МОН, учествуваше во исфрлањето на Отпорот и на фашизмот од учебниците по историја за VII и X клас, во навредувањето на Русија и на социјализмот во учебниците. Зашто, новата идеологија е таа – нашите деца не може да ја снаат вистината за минатото за да не можат да мислат на сегашноста. Извор: Пресинг ТВ

The post Една лекција за Драги Ѓорѓиев за бугарскиот фашизам appeared first on Република.

]]>