драган даниловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-danilovski/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 07:56:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png драган даниловски Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-danilovski/ 32 32 Нововакцинираните деца во градинка да одат по две недели, вели епидемиологот Даниловски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/novovaktsiniranite-detsa-vo-gradinka-da-odat-po-dve-nedeli-veli-epidemiologot-danilovski/ Sun, 17 Mar 2024 18:56:56 +0000 https://republika.mk/?p=755677

Децата кои ќе примат ДиТеПер пожелно е да останат дома две недели по вакцинацијата, а не утредента да одат во градинка.

Ова е ставот на професорот Драган Даниловски за последните случувања околу епидемијата со голема кашлица и контролите во установите за згрижување деца, пренесе Сител.

Не можете вие наредниот ден да го пуштите во градинка и да се дружи. Зошто е потребно време околу 2 недели да дојде до формирање на антитела. Под тој период ако детето биде изложувано во колектив, практично исто како да не примило вакцина, изјави проф. д-р Драган Даниловски, епидемиолог.

За последната одлука на министерот по препорака на Комисијата за заразни болести која ќе почне да важи од утре, во градинка да се примаат и деца со 3 дози од прима вакцинацијата во период од 6 месеци со услов за ревавакцина најрано за половина година, епидемиологот Даниловски смета дека е компромис, но според него подобро е некаква мерка отколку ништо.

Пожарот е избиен сега останува со сите расположливи средства да се гаси. Да се бараат децата кои не се вакцинирани или некомплетно вакцинирани. Строго да им се забрани да бидат во градинка или училиште. Да се контролираат и приватните градинки, бидејќи јавна тајна е дека тие не бараат вакцини за упис на деца и таму треба да важат законите, категоричен е професорот Даниловски.

Професорот Даниоловски потенцира дека е потребна долгорочна стратегија за имунизација од здравствените власти и строго да се почитуваат законите за да не се враќаат речиси искоренети заболувања вклучително и големата кашлица.

Непочитување на законите треба да се санкционира, зошто не се санкционирало јас незнам. И има усште една појава би рекол внатрешна, тивка саботажа внатре во системот посебно од колегите во примарната здравствена заштита. Охрабрувањето кои голем број доктори го прават кај родителите – Почекај да проговори детето па вакцинирај го, од прилика тој  наратив го користат и крајно време е да им се застане на патот на таквите колеги. Да се идентуификуваат и санкционираат. Имаме Лекарска комора, Суд на честа и дриги инстанци, вели професорот Даниловски.

Дека има сериозни пропусти и покажаа и првичните резултати од контролите на ДСЗИ во градинките во Скопје каде скоро 50 проценти од децата се невакцинирани или некомплетно имунизирани.

The post Нововакцинираните деца во градинка да одат по две недели, вели епидемиологот Даниловски appeared first on Република.

]]>