Драган Бјелогрлиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-bjelogrlikj/ За подобро да се разбереме Sat, 21 Oct 2023 08:43:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Бјелогрлиќ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dragan-bjelogrlikj/ 32 32 Драган Бјелогрлиќ: „Чувари на формулата“ се разликува од сите мои досегашни проекти https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dragan-bjelogrlik-chuvari-na-formulata-se-razlikuva-od-site-moi-dosegashni-proekti/ Sat, 21 Oct 2023 08:40:23 +0000 https://republika.mk/?p=693521

Филмот „Чувари на формулата“ по многу нешта се разликува од досегашните мои проекти. Најголемиот предизвик ми беше да создадам одредена тензија или динамичност на настаните кои се случуваа во болницата, но и да создадам одредена мера на автентичност при интервенциите на ликовите, вели во изјава за МИА српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој токму со ова негово најново филмско остварување ја доби наградата за најдобар филм на осмото издание на МФФ Киненова.

Токму тоа е она што гледачите треба да го гледаат повеќе пати во филмот, и одново да им се зголемува интересот за самиот филм, да имаат желба да знаат како сето тоа на крајот ќе се заврши. Приказната во филмот се раскажува во неколку слоеви. Филмот говори за четири до пет паралелни настани, а на крајот сите ќе се слеат во еден настан, појаснува Бјелогрлиќ.

Од 9 ноември филмот ќе почне да се прикажува во киносалите пред македонската публика.

„Чувари на формулата” е копродукција меѓу Кобра Филм и Тон Филм од Србија, Скопје Филм Студио од Македонија, Перфо Продукција од Словенија и Битер Фрејмс од Црна Гора, поддржани од националните фондови на овие земји и Еуримаж.

Бјелогрлиќ е и продуцент на филмот со Драган Шолак, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ, Алеш Павлин, Андреј Штритоф, Томи Салковски, Ѓорѓе Војводиќ и Дејан Чакајац.

Филмот не враќа во октомври 1958 година, во екот на кризата од Студената војна, кога група научници од Институтот „Винча“ во Србија, спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката Кири во Париз.

Наградата за најдобар филм му беше врачена на Бјелогрлиќ на 18 октомври во Синеплекс, кога токму со прикажување на неговиот најнов филм свечено беше затворено осмото издание на МФФ Киненова.

Прашан дали му е потешко да биде актер или режисер, Бјелогрлиќ, открива дека сега режирањето му буди поголем интерес.

Многу полесно ми е да бидам актер, затоа што тоа е нешто што го работам од моето детство. Но режирањето сега ми буди поголем интерес, вели Бјелогрлиќ за МИА.

The post Драган Бјелогрлиќ: „Чувари на формулата“ се разликува од сите мои досегашни проекти appeared first on Република.

]]>

Филмот „Чувари на формулата“ по многу нешта се разликува од досегашните мои проекти. Најголемиот предизвик ми беше да создадам одредена тензија или динамичност на настаните кои се случуваа во болницата, но и да создадам одредена мера на автентичност при интервенциите на ликовите, вели во изјава за МИА српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ, кој токму со ова негово најново филмско остварување ја доби наградата за најдобар филм на осмото издание на МФФ Киненова.
Токму тоа е она што гледачите треба да го гледаат повеќе пати во филмот, и одново да им се зголемува интересот за самиот филм, да имаат желба да знаат како сето тоа на крајот ќе се заврши. Приказната во филмот се раскажува во неколку слоеви. Филмот говори за четири до пет паралелни настани, а на крајот сите ќе се слеат во еден настан, појаснува Бјелогрлиќ.
Од 9 ноември филмот ќе почне да се прикажува во киносалите пред македонската публика. „Чувари на формулата” е копродукција меѓу Кобра Филм и Тон Филм од Србија, Скопје Филм Студио од Македонија, Перфо Продукција од Словенија и Битер Фрејмс од Црна Гора, поддржани од националните фондови на овие земји и Еуримаж. Бјелогрлиќ е и продуцент на филмот со Драган Шолак, а копродуценти се Мирослав Могоровиќ, Алеш Павлин, Андреј Штритоф, Томи Салковски, Ѓорѓе Војводиќ и Дејан Чакајац. Филмот не враќа во октомври 1958 година, во екот на кризата од Студената војна, кога група научници од Институтот „Винча“ во Србија, спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложуваат на смртоносна доза на радиоактивно зрачење од ураниум, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во клиниката Кири во Париз. Наградата за најдобар филм му беше врачена на Бјелогрлиќ на 18 октомври во Синеплекс, кога токму со прикажување на неговиот најнов филм свечено беше затворено осмото издание на МФФ Киненова. Прашан дали му е потешко да биде актер или режисер, Бјелогрлиќ, открива дека сега режирањето му буди поголем интерес.
Многу полесно ми е да бидам актер, затоа што тоа е нешто што го работам од моето детство. Но режирањето сега ми буди поголем интерес, вели Бјелогрлиќ за МИА.

The post Драган Бјелогрлиќ: „Чувари на формулата“ се разликува од сите мои досегашни проекти appeared first on Република.

]]>
Двајца научници трагаат по некоја формула, но ја пронаоѓаат формулата на животот, која сите сме ја заборавиле, вели Драган Бјелоглиќ за новиот филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dvajtsa-nauchnitsi-tragaat-po-nekoja-formula-no-ja-pronaogaat-formulata-na-zhivotot-koja-site-sme-ja-zaboravile-veli-dragan-bjeloglik-za-noviot-film/ Thu, 19 Oct 2023 13:15:50 +0000 https://republika.mk/?p=692895

На денешната прес- конференција, Драган Бјелогрлиќ, кој е актер, сценарист и режисер на филмот проговори за снимањето на филмот „Чувари на формулата“ со кој синоќа беше затворен МФФ Киненова.

За случајот Винча имав слушнато претходно, но пред седум години сфатив дека за тоа ништо не знам. Тоа што го знев беше само површна информација која кружеше. Во деведесеттите почнаа да се отвораат тајни документи и почна да се зборува за атомската бомба и сето тоа се разбира беше контроверзно, а јас кога ја прочитав книгата решив да правам филм за случката. Правев истражувања, разгледував документи и списи до кои не можеше да се дојде во јавноста, разговаравме со инженери од Винча, имав неколку состаноци со луѓе од Државната безбедност кои ми рекоа дека тој проект, тој фајл атомска бомба постои, но никогаш не излегол во јавност, раскажа на денешната средба со новинарите Драган Бјелогрлиќ.

[caption id="attachment_692897" align="alignnone" width="2048"] фото: Киненова[/caption]

Рече дека разговарале и со лекари во Франција, ќерката на професорот Мате и ќерката на професорот Шварценберг и дека со сите информации заедно дошле до тоа колкав дел е тајна од целиот случај.

Филмот имаше промоција пред неколку дена во Париз и единствено што жалам е што не најдовме контакт со донорите и до нивните семејства. Се обидувавме, но поминато е долго време, тие не се повеќе живи. За жал, не се повеќе живи ниту нашите научници, последен жив беше Радојко Максиќ, кој почина пред две години од корона. Нема повеќе живи сведоци за жал, рече Бјелогриќ.

Немало никакви пречки во врска со истражувањето, но имале проблеми со снимањето во Винча. Таму, како што рече, прво имале проблем да добијат дозвола за снимање, но ниту жителите не сакале да зборуваат за тој настан. Наишле на т.н. ѕид на молкот. Постарите научници не биле расположени да споделат информации иако се поминати долги години од случката.

Полемиката очекувам да се развие и откако повеќе публика ќе го погледне филмот. Тоа е и задачата на културата да ги заинтригира луѓето, да почнат да се интересираат за некои настани, да се информираат...Но, најважно е тоа што не треба да се занемари хуманиот дел од приказната. Би сакал тоа да остави најголем впечаток на луѓето, истакна режисерот.

Двата настани кои се поврзани, а се дијаметрално спротивни биле фасцинација за авторот. Од една страна група луѓе прави нуклеарни експерименти со идеја да направи оружје кое го разорува светот, а тој настан произведува еден друг настан кој го унапредува светот. А плус сето тоа се случува поради емпатија на луѓе кои воопшто не се познавале.

Најинтересно ми беше прашањето дали во денешно време би можело нешто такво да се случи. И сфатив дека не само што нема шанса, туку тоа не постои ниту како опција. Денеска никој не би жртвувал било што свое за луѓе кои ги познаваат, а не па за луѓе кои воопшто не ги познаваат. А настанот се случил пред само 65 години, значи не е тоа толку одамна, а веќе ни се чини дека е невозможно. Тоа е она што мене најмногу ме инспирираше. Затоа и дојдов до таа игра на зборови „чувари на формулата“. И едниот и другиот научник кои ги следиме низ прикажната трагаат по некоја формула, а потоа пронаоѓаат трета формула- формула на животот, која изгледа сите ние сме ја заборавиле. Мислам дека последната сцена од филмот говори за таа силна идеја и така ја направив да погоди право во главата и во срцето на гледачите, за да ги протресе луѓето за да сфатат дека животот е минлив и дека во него може да се направи нешто што ќе остави трага и што ќе даде можност за новите генерации, или ќе го потрошат така бркајќи некаква корист, истакна Бјелогрлиќ.

Суровите сцени се тешки за гледање, но го постигнуваат ефектот.

Токму бидејќи сакав оваа идеја да исплива на крајот се определив овие сцени да бидат колку што е можно пореални. Целиот процес на вадење на коскена срцевина во тоа време било ужасно болно. Тогаш немале услови, особено кога тоа се прави прв пат. Сакав тие сцени да бидат реалистични и да вознемират, но сите сцени ги следи нежна музика. Идејата беше музиката во свеста да не подготви за поентата на сето тоа, раскажа Бјелогрлиќ.

The post Двајца научници трагаат по некоја формула, но ја пронаоѓаат формулата на животот, која сите сме ја заборавиле, вели Драган Бјелоглиќ за новиот филм appeared first on Република.

]]>

На денешната прес- конференција, Драган Бјелогрлиќ, кој е актер, сценарист и режисер на филмот проговори за снимањето на филмот „Чувари на формулата“ со кој синоќа беше затворен МФФ Киненова.
За случајот Винча имав слушнато претходно, но пред седум години сфатив дека за тоа ништо не знам. Тоа што го знев беше само површна информација која кружеше. Во деведесеттите почнаа да се отвораат тајни документи и почна да се зборува за атомската бомба и сето тоа се разбира беше контроверзно, а јас кога ја прочитав книгата решив да правам филм за случката. Правев истражувања, разгледував документи и списи до кои не можеше да се дојде во јавноста, разговаравме со инженери од Винча, имав неколку состаноци со луѓе од Државната безбедност кои ми рекоа дека тој проект, тој фајл атомска бомба постои, но никогаш не излегол во јавност, раскажа на денешната средба со новинарите Драган Бјелогрлиќ.
[caption id="attachment_692897" align="alignnone" width="2048"] фото: Киненова[/caption] Рече дека разговарале и со лекари во Франција, ќерката на професорот Мате и ќерката на професорот Шварценберг и дека со сите информации заедно дошле до тоа колкав дел е тајна од целиот случај.
Филмот имаше промоција пред неколку дена во Париз и единствено што жалам е што не најдовме контакт со донорите и до нивните семејства. Се обидувавме, но поминато е долго време, тие не се повеќе живи. За жал, не се повеќе живи ниту нашите научници, последен жив беше Радојко Максиќ, кој почина пред две години од корона. Нема повеќе живи сведоци за жал, рече Бјелогриќ.
Немало никакви пречки во врска со истражувањето, но имале проблеми со снимањето во Винча. Таму, како што рече, прво имале проблем да добијат дозвола за снимање, но ниту жителите не сакале да зборуваат за тој настан. Наишле на т.н. ѕид на молкот. Постарите научници не биле расположени да споделат информации иако се поминати долги години од случката.
Полемиката очекувам да се развие и откако повеќе публика ќе го погледне филмот. Тоа е и задачата на културата да ги заинтригира луѓето, да почнат да се интересираат за некои настани, да се информираат...Но, најважно е тоа што не треба да се занемари хуманиот дел од приказната. Би сакал тоа да остави најголем впечаток на луѓето, истакна режисерот.
Двата настани кои се поврзани, а се дијаметрално спротивни биле фасцинација за авторот. Од една страна група луѓе прави нуклеарни експерименти со идеја да направи оружје кое го разорува светот, а тој настан произведува еден друг настан кој го унапредува светот. А плус сето тоа се случува поради емпатија на луѓе кои воопшто не се познавале.
Најинтересно ми беше прашањето дали во денешно време би можело нешто такво да се случи. И сфатив дека не само што нема шанса, туку тоа не постои ниту како опција. Денеска никој не би жртвувал било што свое за луѓе кои ги познаваат, а не па за луѓе кои воопшто не ги познаваат. А настанот се случил пред само 65 години, значи не е тоа толку одамна, а веќе ни се чини дека е невозможно. Тоа е она што мене најмногу ме инспирираше. Затоа и дојдов до таа игра на зборови „чувари на формулата“. И едниот и другиот научник кои ги следиме низ прикажната трагаат по некоја формула, а потоа пронаоѓаат трета формула- формула на животот, која изгледа сите ние сме ја заборавиле. Мислам дека последната сцена од филмот говори за таа силна идеја и така ја направив да погоди право во главата и во срцето на гледачите, за да ги протресе луѓето за да сфатат дека животот е минлив и дека во него може да се направи нешто што ќе остави трага и што ќе даде можност за новите генерации, или ќе го потрошат така бркајќи некаква корист, истакна Бјелогрлиќ.
Суровите сцени се тешки за гледање, но го постигнуваат ефектот.
Токму бидејќи сакав оваа идеја да исплива на крајот се определив овие сцени да бидат колку што е можно пореални. Целиот процес на вадење на коскена срцевина во тоа време било ужасно болно. Тогаш немале услови, особено кога тоа се прави прв пат. Сакав тие сцени да бидат реалистични и да вознемират, но сите сцени ги следи нежна музика. Идејата беше музиката во свеста да не подготви за поентата на сето тоа, раскажа Бјелогрлиќ.

The post Двајца научници трагаат по некоја формула, но ја пронаоѓаат формулата на животот, која сите сме ја заборавиле, вели Драган Бјелоглиќ за новиот филм appeared first on Република.

]]>
Ова е местото каде што Тито сакаше да направи атомска бомба, а Бјелогрлиќ направи филм https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ova-e-mestoto-kade-shto-tito-sakashe-da-napravi-atomska-bomba-a-bjelogrlik-napravi-film/ Thu, 19 Oct 2023 08:13:43 +0000 https://republika.mk/?p=692703

„Чувари на формулата“  вчера имаше премиера во Скопје  ветува дека ќе биде сериозен кино хит.А дали знаете која е приказната зад овој филм? Во секој случај, приказната е и неверојатна и шокантна во исто време. Се започнало во институтот „Винча“ на 15 октомври 1958 година.

https://republika.mk/vesti/kultura/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-e-izbran-za-najdobar-film-na-kinenova/

Тој ден дошло до несреќа на експерименталниот реактор во Винча и дека биле озрачени четворица научни соработници. Професорот Павле Савиќ, кој бил и основач на Институтот Винча, го направил експериментот, наполниле гумени кукли со физиолошки раствор и ги стави во просторијата со реакторот.За време на тој експеримент дошло до неволно истекување на зрачење кое го забележале не со контролни механизми, туку од количината на озон што се создала во тој момент.Тие биле изложени на зрачење десет минути, но за жал доволно сериозно да им се оштетат телата.

Експерименталниот реактор во Винчи почнал да работи околу шест месеци пред несреќата. Тоа бил таканаречениот мал реактор Б.Неоспорен факт дека Југославија имала намера да направи атомска бомба.

Тоа може да се види од транскриптот меѓу Павле Савиќ и тогашната Агенција за нуклеарна енергија на чело со Александар Лека Ранковиќ. Она што е особено интересно е дека Милован Ѓилас беше еден од најголемите поборници за правење атомска бомба уште во 1948 година, а повторно во 1958. бил во затвор и веќе имал статус на Титовиот противник и политички дисидент, има и конкретни планови за создавање на атомска бомба, а бил извршен огромен притисок врз Павле Савиќ и Институтот „Винча“ да го започнат тој проект.

Павле Савиќ бил категорично против таа идеја. Затоа беше разрешен, а по него беа поставени сите раководители во Винчи по партиска линија и указ.

Еден од четворицата научници почина во болница во Париз. Весникот „Политика“ само даде кратка вест за тоа, не прецизирајќи ја причината за смртта и зошто се лекува во Париз. Ништо не знаеја неговите роднини.

Тој беше донесен од Париз во метален ковчег, на семејството му беше забрането да гледа телото.Веројатно тоа беше причината што СФРЈ на чело со Тито сакаше да се претстави пред светот како напредна и модерна земја која со помош на стап и конец создаде таков нуклеарен институт како Винча.

Сите  научници кои биле лекувани во Институтот Кири во Париз, добиле коскена срцевина од донатори, граѓани на Париз. Тоа беше прва трансплантација на коскена срцевина во светот. Ако тогаш примеа смртоносна доза на коскена срцевина, никој од нив не би успеале да преживеат. Ова помогна подоцна јасно да се дефинира која доза на коскена срцевина е смртоносна за примачот.

Зошто Живота Враниќ, кој имал само малку поголема доза на зрачење од другите колеги, почина не е целосно јасно. Обдукцијата не беше извршил, но се верува дека тој сепак имал некои дополнителни болести кои во комбинација со зрачење се покажале како фатални.Сето тоа придонесе коскената срцевина на донаторот да не биде примена и Враниќ да умре само два дена по трансплантацијата

The post Ова е местото каде што Тито сакаше да направи атомска бомба, а Бјелогрлиќ направи филм appeared first on Република.

]]>

„Чувари на формулата“  вчера имаше премиера во Скопје  ветува дека ќе биде сериозен кино хит.А дали знаете која е приказната зад овој филм? Во секој случај, приказната е и неверојатна и шокантна во исто време. Се започнало во институтот „Винча“ на 15 октомври 1958 година. https://republika.mk/vesti/kultura/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-e-izbran-za-najdobar-film-na-kinenova/ Тој ден дошло до несреќа на експерименталниот реактор во Винча и дека биле озрачени четворица научни соработници. Професорот Павле Савиќ, кој бил и основач на Институтот Винча, го направил експериментот, наполниле гумени кукли со физиолошки раствор и ги стави во просторијата со реакторот.За време на тој експеримент дошло до неволно истекување на зрачење кое го забележале не со контролни механизми, туку од количината на озон што се создала во тој момент.Тие биле изложени на зрачење десет минути, но за жал доволно сериозно да им се оштетат телата. Експерименталниот реактор во Винчи почнал да работи околу шест месеци пред несреќата. Тоа бил таканаречениот мал реактор Б.Неоспорен факт дека Југославија имала намера да направи атомска бомба. Тоа може да се види од транскриптот меѓу Павле Савиќ и тогашната Агенција за нуклеарна енергија на чело со Александар Лека Ранковиќ. Она што е особено интересно е дека Милован Ѓилас беше еден од најголемите поборници за правење атомска бомба уште во 1948 година, а повторно во 1958. бил во затвор и веќе имал статус на Титовиот противник и политички дисидент, има и конкретни планови за создавање на атомска бомба, а бил извршен огромен притисок врз Павле Савиќ и Институтот „Винча“ да го започнат тој проект. Павле Савиќ бил категорично против таа идеја. Затоа беше разрешен, а по него беа поставени сите раководители во Винчи по партиска линија и указ. Еден од четворицата научници почина во болница во Париз. Весникот „Политика“ само даде кратка вест за тоа, не прецизирајќи ја причината за смртта и зошто се лекува во Париз. Ништо не знаеја неговите роднини. Тој беше донесен од Париз во метален ковчег, на семејството му беше забрането да гледа телото.Веројатно тоа беше причината што СФРЈ на чело со Тито сакаше да се претстави пред светот како напредна и модерна земја која со помош на стап и конец создаде таков нуклеарен институт како Винча. Сите  научници кои биле лекувани во Институтот Кири во Париз, добиле коскена срцевина од донатори, граѓани на Париз. Тоа беше прва трансплантација на коскена срцевина во светот. Ако тогаш примеа смртоносна доза на коскена срцевина, никој од нив не би успеале да преживеат. Ова помогна подоцна јасно да се дефинира која доза на коскена срцевина е смртоносна за примачот. Зошто Живота Враниќ, кој имал само малку поголема доза на зрачење од другите колеги, почина не е целосно јасно. Обдукцијата не беше извршил, но се верува дека тој сепак имал некои дополнителни болести кои во комбинација со зрачење се покажале како фатални.Сето тоа придонесе коскената срцевина на донаторот да не биде примена и Враниќ да умре само два дена по трансплантацијата

The post Ова е местото каде што Тито сакаше да направи атомска бомба, а Бјелогрлиќ направи филм appeared first on Република.

]]>
„Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ е избран за најдобар филм на „Киненова“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/chuvari-na-formulata-na-dragan-bjelogrlik-e-izbran-za-najdobar-film-na-kinenova/ Thu, 19 Oct 2023 07:38:15 +0000 https://republika.mk/?p=692671

„Чувари на формулата“ на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ кој има исклучителна и длабока човечка приказна е избран за најдобар филм на осмото издание на „Киненова“, кое синоќа заврши во Скопје.

Морам да кажам дека дојдов овде за да ви го покажам мојот филм и воопшто не знаев дека ќе добијам награда. Дознав пет минути пред почетекот на свеченоста. Ви благодарам, ова е големо изненадување за мене и голема чест. Пред некој ден ми беше роденден и влегов во седмата деценија, а оваа награда ќе ја сметам како добар почеток на седмата деценија, кажа синоќа Бјелогрлиќ по проекцијата во „Синаплекс“.

Тој раскажа дека ја прочитал книгата на Горан Милашиновиќ и истражувал доста за тој настан.

Знаев дека навистина се случило тоа во Винча, дека некои луѓе биле озрачени и дека во Франција некои луѓе им помогнале. Но, не знаев дека работеле на таен проект за атомска бомба, за тоа не се говореше тогаш, а ниту денеска не се говори. Премиерата на филмот во Белград ќе се случи за некој ден и чекам да почнат да ме обвинуваат дека никогаш не правеле атомска бомба, дека пак нешто измислувам. Искрено мене не ми беше провокација таа бомба, туку како формулата на смртта станува формула на животот. Целиот тој настан, зад железната завеса, кога оние од Запад не им веруваа на оние од Исток, и оние од Исток не им веруваа на оние од Запад, а ние во Југославија бевме некаде помеѓу, но бевме повеќе на Исток, а луѓето кои работеле на проект кој претставува вооружување што сее смрт, сега се соочуваат со нешто што е живот. И ако тие не го направеле тоа тогаш, можеби професорот Мате никогаш не би извршил трансплантација на коскена срж. И токму таа приказна и таа верижна реакција некако долго ме прогонуваше и се обидов да ја направам. Не беше лесно, приказната има повеќе нивоа, но со помош на моите сценаристи и монтажери, успеавме да биде една приказна со тек. Ова е најтешкиот филм на кој сум работел, работев со странци, со странски актери, на јазик кој не го говорам, но после се, многу сум задоволен, рече Бјелогрлиќ.

Меѓународното жири на „Киненова“ во состав: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија одлучуваа за наградите.

Во главната селекција беа прикажани осум филмови за кои жирито одлучуваше за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар филм.

Наградата за најдобро сценарио и најдобра режија и припаднаа на украинската режисерка Марина Ер Горбах за филмот „Клондајк“. Во образложението, жирито го потенцираше уникатниот длабок опис на војната што го силува животот на едно семејство и неретко потсетува на грчка трагедија.

Се надевам дека филмот ги допре срцата на гледачите. Последнава година патувавме и филмот е прикажан во повеќе различни држави и го кревавме украинското знаме против руската агресија. Но, сега сакам да го кренам моето лично знаме за децата во воените зони и за цивилите секаде низ светот. Немам поинаков начин освен овој, да ги испраќам моите пораки преку филмовите. За да ја сопрам војната, мојот крик е да продолжам да создавам, бидејќи според мене оваа војна е меѓу луѓе кои сакаат да уништуваат и луѓе кои сакаат да создаваат. Затоа ги повикувам сите кои се талентирани и кои создаваат уметност да се трудат повеќе, за очите на јавноста да бидат вперени во уметноста и да се занимаваме со неа наместо со војни, рече Ер Горбах во своето видео обраќање.

Специјално признание во оваа селекција доби шпанскиот филм „20.000 вида пчели“ на режисерката Естибалиц Уресола.

Наградата за најдобар филм, во категоријата кратки филмови, ја доби францускиот филм „Ако не е можно денес, можеби ќе биде утре“ на режисерскиот двоец Антоан Перез и Жулиен Сено.

За жал никој од нашиот тим не можеше да присуствува на доделувањето на наградата и да ја посети вашата прекрасна земја, Македонија, рече продуцентот Николај Јарошенко, кој се заблагодари за укажаната можност филмот да биде прикажан на фестивалот, бидејќи ова е негова меѓународна премиера.

Специјално признание од селектираните кратки филмови доби филмот „Ти ветив рај“ на Морад Мостафа од Египет. Жирито ги истакна прекрасните кадри и моќната приказна што поттикнува на размислување.

Добив прекрасна вест утринава и сакам да се заблагодарам на жирито за наградата и на фестивалот Киненова за оваа можност. Жал ми е што вечерва не сум таму со вас, но ветувам дека ќе дојдам во некое од следните изданија на Фестивалот, рече Мостафа во своето видео обраќање.

Публиката имаше можност да го проследи најновиот филм на познатиот српски актер, режисер, сценарист и продуцент, кој одбележа еден значаен период и на југословенскиот филм, Драган Бјелогрлиќ, „Чувари на формулата“, кој на 76-от филмски фестивал во Локарно, годинава во август ја доби наградата PARDO VERDE RIKOLA, награда што се доделува на филм во компетициската програма и промовира теми и стории за зачувувањето на еколошката средина и во нив нуди нова авторска интерпретација .

The post „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ е избран за најдобар филм на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>

„Чувари на формулата“ на српскиот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ кој има исклучителна и длабока човечка приказна е избран за најдобар филм на осмото издание на „Киненова“, кое синоќа заврши во Скопје.
Морам да кажам дека дојдов овде за да ви го покажам мојот филм и воопшто не знаев дека ќе добијам награда. Дознав пет минути пред почетекот на свеченоста. Ви благодарам, ова е големо изненадување за мене и голема чест. Пред некој ден ми беше роденден и влегов во седмата деценија, а оваа награда ќе ја сметам како добар почеток на седмата деценија, кажа синоќа Бјелогрлиќ по проекцијата во „Синаплекс“.
Тој раскажа дека ја прочитал книгата на Горан Милашиновиќ и истражувал доста за тој настан.
Знаев дека навистина се случило тоа во Винча, дека некои луѓе биле озрачени и дека во Франција некои луѓе им помогнале. Но, не знаев дека работеле на таен проект за атомска бомба, за тоа не се говореше тогаш, а ниту денеска не се говори. Премиерата на филмот во Белград ќе се случи за некој ден и чекам да почнат да ме обвинуваат дека никогаш не правеле атомска бомба, дека пак нешто измислувам. Искрено мене не ми беше провокација таа бомба, туку како формулата на смртта станува формула на животот. Целиот тој настан, зад железната завеса, кога оние од Запад не им веруваа на оние од Исток, и оние од Исток не им веруваа на оние од Запад, а ние во Југославија бевме некаде помеѓу, но бевме повеќе на Исток, а луѓето кои работеле на проект кој претставува вооружување што сее смрт, сега се соочуваат со нешто што е живот. И ако тие не го направеле тоа тогаш, можеби професорот Мате никогаш не би извршил трансплантација на коскена срж. И токму таа приказна и таа верижна реакција некако долго ме прогонуваше и се обидов да ја направам. Не беше лесно, приказната има повеќе нивоа, но со помош на моите сценаристи и монтажери, успеавме да биде една приказна со тек. Ова е најтешкиот филм на кој сум работел, работев со странци, со странски актери, на јазик кој не го говорам, но после се, многу сум задоволен, рече Бјелогрлиќ.
Меѓународното жири на „Киненова“ во состав: Лех Мајевски, режисер, сценарист, кинематографер, мултимедијален уметник од Полска, Дебора Ван Дам, сценаристка и режисерка од Холандија и Дејан Дуковски, драмски писател од Македонија одлучуваа за наградите. Во главната селекција беа прикажани осум филмови за кои жирито одлучуваше за најдобра режија, најдобро сценарио и најдобар филм. Наградата за најдобро сценарио и најдобра режија и припаднаа на украинската режисерка Марина Ер Горбах за филмот „Клондајк“. Во образложението, жирито го потенцираше уникатниот длабок опис на војната што го силува животот на едно семејство и неретко потсетува на грчка трагедија.
Се надевам дека филмот ги допре срцата на гледачите. Последнава година патувавме и филмот е прикажан во повеќе различни држави и го кревавме украинското знаме против руската агресија. Но, сега сакам да го кренам моето лично знаме за децата во воените зони и за цивилите секаде низ светот. Немам поинаков начин освен овој, да ги испраќам моите пораки преку филмовите. За да ја сопрам војната, мојот крик е да продолжам да создавам, бидејќи според мене оваа војна е меѓу луѓе кои сакаат да уништуваат и луѓе кои сакаат да создаваат. Затоа ги повикувам сите кои се талентирани и кои создаваат уметност да се трудат повеќе, за очите на јавноста да бидат вперени во уметноста и да се занимаваме со неа наместо со војни, рече Ер Горбах во своето видео обраќање.
Специјално признание во оваа селекција доби шпанскиот филм „20.000 вида пчели“ на режисерката Естибалиц Уресола. Наградата за најдобар филм, во категоријата кратки филмови, ја доби францускиот филм „Ако не е можно денес, можеби ќе биде утре“ на режисерскиот двоец Антоан Перез и Жулиен Сено.
За жал никој од нашиот тим не можеше да присуствува на доделувањето на наградата и да ја посети вашата прекрасна земја, Македонија, рече продуцентот Николај Јарошенко, кој се заблагодари за укажаната можност филмот да биде прикажан на фестивалот, бидејќи ова е негова меѓународна премиера.
Специјално признание од селектираните кратки филмови доби филмот „Ти ветив рај“ на Морад Мостафа од Египет. Жирито ги истакна прекрасните кадри и моќната приказна што поттикнува на размислување.
Добив прекрасна вест утринава и сакам да се заблагодарам на жирито за наградата и на фестивалот Киненова за оваа можност. Жал ми е што вечерва не сум таму со вас, но ветувам дека ќе дојдам во некое од следните изданија на Фестивалот, рече Мостафа во своето видео обраќање.
Публиката имаше можност да го проследи најновиот филм на познатиот српски актер, режисер, сценарист и продуцент, кој одбележа еден значаен период и на југословенскиот филм, Драган Бјелогрлиќ, „Чувари на формулата“, кој на 76-от филмски фестивал во Локарно, годинава во август ја доби наградата PARDO VERDE RIKOLA, награда што се доделува на филм во компетициската програма и промовира теми и стории за зачувувањето на еколошката средина и во нив нуди нова авторска интерпретација .

The post „Чувари на формулата“ на Драган Бјелогрлиќ е избран за најдобар филм на „Киненова“ appeared first on Република.

]]>
Тито и Југославија сакале да направат атомска бомба, четворица научници биле озрачени https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tito-i-jugoslavija-sakale-da-napravat-atomska-bomba-chetvoritsa-nauchnitsi-bile-ozracheni/ Fri, 25 Aug 2023 20:44:17 +0000 https://republika.mk/?p=675735

„Чувари на формулата“  ветува ќе биде сериозен кино хит.А дали знаете која е приказната зад овој филм? Во секој случај, приказната е и неверојатна и шокантна во исто време. Се започнало во институтот „Винча“ на 15 октомври 1958 година.

Тој ден дошло до несреќа на експерименталниот реактор во Винча и дека биле озрачени четворица научни соработници. Професорот Павле Савиќ, кој бил и основач на Институтот Винча, го направил експериментот, наполниле гумени кукли со физиолошки раствор и ги стави во просторијата со реакторот.За време на тој експеримент дошло до неволно истекување на зрачење кое го забележале не со контролни механизми, туку од количината на озон што се создала во тој момент.Тие биле изложени на зрачење десет минути, но за жал доволно сериозно да им се оштетат телата.

Експерименталниот реактор во Винчи почнал да работи околу шест месеци пред несреќата. Тоа бил таканаречениот мал реактор Б.Неоспорен факт дека Југославија имала намера да направи атомска бомба.

Тоа може да се види од транскриптот меѓу Павле Савиќ и тогашната Агенција за нуклеарна енергија на чело со Александар Лека Ранковиќ. Она што е особено интересно е дека Милован Ѓилас беше еден од најголемите поборници за правење атомска бомба уште во 1948 година, а повторно во 1958. бил во затвор и веќе имал статус на Титовиот противник и политички дисидент, има и конкретни планови за создавање на атомска бомба, а бил извршен огромен притисок врз Павле Савиќ и Институтот „Винча“ да го започнат тој проект.

Павле Савиќ бил категорично против таа идеја. Затоа беше разрешен, а по него беа поставени сите раководители во Винчи по партиска линија и указ.

Еден од четворицата научници почина во болница во Париз. Весникот „Политика“ само даде кратка вест за тоа, не прецизирајќи ја причината за смртта и зошто се лекува во Париз. Ништо не знаеја неговите роднини. Тој беше донесен од Париз во метален ковчег, на семејството му беше забрането да гледа телото.Веројатно тоа беше причината што СФРЈ на чело со Тито сакаше да се претстави пред светот како напредна и модерна земја која со помош на стап и конец создаде таков нуклеарен институт како Винча.

Сите  научници кои биле лекувани во Институтот Кири во Париз, добиле коскена срцевина од донатори, граѓани на Париз. Тоа беше прва трансплантација на коскена срцевина во светот. Ако тогаш примеа смртоносна доза на коскена срцевина, никој од нив не би успеале да преживеат. Ова помогна подоцна јасно да се дефинира која доза на коскена срцевина е смртоносна за примачот.

Зошто Живота Враниќ, кој имал само малку поголема доза на зрачење од другите колеги, почина не е целосно јасно. Обдукцијата не беше извршил, но се верува дека тој сепак имал некои дополнителни болести кои во комбинација со зрачење се покажале како фатални.Сето тоа придонесе коскената срцевина на донаторот да не биде примена и Враниќ да умре само два дена по трансплантацијата. 

The post Тито и Југославија сакале да направат атомска бомба, четворица научници биле озрачени appeared first on Република.

]]>

„Чувари на формулата“  ветува ќе биде сериозен кино хит.А дали знаете која е приказната зад овој филм? Во секој случај, приказната е и неверојатна и шокантна во исто време. Се започнало во институтот „Винча“ на 15 октомври 1958 година. Тој ден дошло до несреќа на експерименталниот реактор во Винча и дека биле озрачени четворица научни соработници. Професорот Павле Савиќ, кој бил и основач на Институтот Винча, го направил експериментот, наполниле гумени кукли со физиолошки раствор и ги стави во просторијата со реакторот.За време на тој експеримент дошло до неволно истекување на зрачење кое го забележале не со контролни механизми, туку од количината на озон што се создала во тој момент.Тие биле изложени на зрачење десет минути, но за жал доволно сериозно да им се оштетат телата. Експерименталниот реактор во Винчи почнал да работи околу шест месеци пред несреќата. Тоа бил таканаречениот мал реактор Б.Неоспорен факт дека Југославија имала намера да направи атомска бомба. Тоа може да се види од транскриптот меѓу Павле Савиќ и тогашната Агенција за нуклеарна енергија на чело со Александар Лека Ранковиќ. Она што е особено интересно е дека Милован Ѓилас беше еден од најголемите поборници за правење атомска бомба уште во 1948 година, а повторно во 1958. бил во затвор и веќе имал статус на Титовиот противник и политички дисидент, има и конкретни планови за создавање на атомска бомба, а бил извршен огромен притисок врз Павле Савиќ и Институтот „Винча“ да го започнат тој проект. Павле Савиќ бил категорично против таа идеја. Затоа беше разрешен, а по него беа поставени сите раководители во Винчи по партиска линија и указ. Еден од четворицата научници почина во болница во Париз. Весникот „Политика“ само даде кратка вест за тоа, не прецизирајќи ја причината за смртта и зошто се лекува во Париз. Ништо не знаеја неговите роднини. Тој беше донесен од Париз во метален ковчег, на семејството му беше забрането да гледа телото.Веројатно тоа беше причината што СФРЈ на чело со Тито сакаше да се претстави пред светот како напредна и модерна земја која со помош на стап и конец создаде таков нуклеарен институт како Винча. Сите  научници кои биле лекувани во Институтот Кири во Париз, добиле коскена срцевина од донатори, граѓани на Париз. Тоа беше прва трансплантација на коскена срцевина во светот. Ако тогаш примеа смртоносна доза на коскена срцевина, никој од нив не би успеале да преживеат. Ова помогна подоцна јасно да се дефинира која доза на коскена срцевина е смртоносна за примачот. Зошто Живота Враниќ, кој имал само малку поголема доза на зрачење од другите колеги, почина не е целосно јасно. Обдукцијата не беше извршил, но се верува дека тој сепак имал некои дополнителни болести кои во комбинација со зрачење се покажале како фатални.Сето тоа придонесе коскената срцевина на донаторот да не биде примена и Враниќ да умре само два дена по трансплантацијата. 

The post Тито и Југославија сакале да направат атомска бомба, четворица научници биле озрачени appeared first on Република.

]]>
Овации за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ на фестивалот во Локарно, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/ovatsii-za-chuvari-na-formulata-na-bjelogrlik-na-festivalot-vo-lokarno-go-narekuvaat-srpski-openhajmer/ Mon, 07 Aug 2023 09:19:44 +0000 https://republika.mk/?p=669505

На најголемиот европски отворен филмски фестивал во Локарно,Швајцарија, синоќа пред речиси 8.000 гледачи премиерно беше прикажан новиот филм на Драган Бјелогрлиќ „Чувари на формулата“.

Пред самиот почеток, на црвениот килим прошета филмската екипа предводена од режисерот, како и француските актерски ѕвезди Алексис Маненти и Ана Сера. На премиерата присуствуваше и професорот Горан Милашиновиќ, автор на романот „Случајот Винча“, според кој сценаристот Вук Ршумовиќ ја адаптираше оваа филмска приказна. Филмот како дел од престижната програма „Пјака Гранде“ е и прв балкански филм кој беше прикажан во селекцијата на овој дел од фестивалската програма во Локарно.

Вчерашната премиера беше голем настан, не само за нас, авторите на филмот, туку и за српската кинематографија воопшто. За прв пат во најголемото кино на отворено пред 8.000 луѓе беше прикажан филм од нашите простори. Според реакциите на публиката, според тоа како го следеле и дишеле со филмот, мислам дека со многу оптимизам можеме да се надеваме дека оваа заборавена приказна од нашата, но и светска историја, ќе си го најде патот до публиката околу светот, и јас сум многу среќен поради тоа,  изјави Драган Бјелогрлиќ по вчерашната светска премиера.

Пред тоа, познатиот актер и режисер на прес-конференцијата изјави дека кога почнале да го пишуваат сценариото за овој филм – сите го нарекувале „Српски Чернобил“, а сега кога излезе, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“.

Иако во суштина постои тема која е слична на двете, нашиот филм нема никаква врска со ниту едно од овие две извонредни остварувања. Филм кој многу го сакам и ме инспирираше, „Животите на другите“, исто така започна со „Пјаца Гранде“ и доби Оскар. Спајк Ли започна со овој фестивал пред три години и доби Оскар. Нема да го расипувам, но подобар почеток на филмот не можевме да замислиме – изјави Бјелогрлиќ пред премиерата.

По повод светската премиера во Локарно, Филмскиот центар на Србија организираше коктел на филмскиот плоштад за посетителите на овој фестивал, со цел да се запознаат со локалната кинематографија и проектите реализирани благодарение на ФЦС.

По премиерата во Локарно, „Чувари на формулата“ ќе биде прикажан на 15 август како дел од главната програма на 29. Сараевски филмски фестивал, а од средината на ноември може да го очекуваме во кината во Србија и во целиот регион.

The post Овации за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ на фестивалот во Локарно, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“ appeared first on Република.

]]>

На најголемиот европски отворен филмски фестивал во Локарно,Швајцарија, синоќа пред речиси 8.000 гледачи премиерно беше прикажан новиот филм на Драган Бјелогрлиќ „Чувари на формулата“. Пред самиот почеток, на црвениот килим прошета филмската екипа предводена од режисерот, како и француските актерски ѕвезди Алексис Маненти и Ана Сера. На премиерата присуствуваше и професорот Горан Милашиновиќ, автор на романот „Случајот Винча“, според кој сценаристот Вук Ршумовиќ ја адаптираше оваа филмска приказна. Филмот како дел од престижната програма „Пјака Гранде“ е и прв балкански филм кој беше прикажан во селекцијата на овој дел од фестивалската програма во Локарно.
Вчерашната премиера беше голем настан, не само за нас, авторите на филмот, туку и за српската кинематографија воопшто. За прв пат во најголемото кино на отворено пред 8.000 луѓе беше прикажан филм од нашите простори. Според реакциите на публиката, според тоа како го следеле и дишеле со филмот, мислам дека со многу оптимизам можеме да се надеваме дека оваа заборавена приказна од нашата, но и светска историја, ќе си го најде патот до публиката околу светот, и јас сум многу среќен поради тоа,  изјави Драган Бјелогрлиќ по вчерашната светска премиера.
Пред тоа, познатиот актер и режисер на прес-конференцијата изјави дека кога почнале да го пишуваат сценариото за овој филм – сите го нарекувале „Српски Чернобил“, а сега кога излезе, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“.
Иако во суштина постои тема која е слична на двете, нашиот филм нема никаква врска со ниту едно од овие две извонредни остварувања. Филм кој многу го сакам и ме инспирираше, „Животите на другите“, исто така започна со „Пјаца Гранде“ и доби Оскар. Спајк Ли започна со овој фестивал пред три години и доби Оскар. Нема да го расипувам, но подобар почеток на филмот не можевме да замислиме – изјави Бјелогрлиќ пред премиерата.
По повод светската премиера во Локарно, Филмскиот центар на Србија организираше коктел на филмскиот плоштад за посетителите на овој фестивал, со цел да се запознаат со локалната кинематографија и проектите реализирани благодарение на ФЦС. По премиерата во Локарно, „Чувари на формулата“ ќе биде прикажан на 15 август како дел од главната програма на 29. Сараевски филмски фестивал, а од средината на ноември може да го очекуваме во кината во Србија и во целиот регион.

The post Овации за „Чувари на формулата“ на Бјелогрлиќ на фестивалот во Локарно, го нарекуваат „Српски Опенхајмер“ appeared first on Република.

]]>
Бјелогрлиќ ќе снима трета сезона на серијата „Сенки над Балканот“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/bjelogrlik-ke-snima-treta-sezona-na-serijata-senki-nad-balkanot/ Tue, 07 Feb 2023 10:23:41 +0000 https://republika.mk/?p=605891

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ го најави снимањето на третата сезона на „Сенки над Балканот“, една од најуспешните серии во последните години во  регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=AtXvg19FgqE

Бјелогрлиќ на својот инстаграм –  профил напиша:

„Повторно доаѓаат сенките на Балканот… #Сенке 3“, а со оваа објава и официјално го најави почетокот на новата сезона.

 

 

Третата сезона треба да го опфати периодот пред Втората светска војна, а според некои претходни шпекулации, улогата на Јосип Броз Тито треба да ја има Милош Биковиќ, пренесува Нова.рс.

The post Бјелогрлиќ ќе снима трета сезона на серијата „Сенки над Балканот“ appeared first on Република.

]]>

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ го најави снимањето на третата сезона на „Сенки над Балканот“, една од најуспешните серии во последните години во  регионот. https://www.youtube.com/watch?v=AtXvg19FgqE Бјелогрлиќ на својот инстаграм –  профил напиша:
„Повторно доаѓаат сенките на Балканот… #Сенке 3“, а со оваа објава и официјално го најави почетокот на новата сезона.
 
 
Третата сезона треба да го опфати периодот пред Втората светска војна, а според некои претходни шпекулации, улогата на Јосип Броз Тито треба да ја има Милош Биковиќ, пренесува Нова.рс.

The post Бјелогрлиќ ќе снима трета сезона на серијата „Сенки над Балканот“ appeared first on Република.

]]>
Драган Бјелогрлиќ прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје https://arhiva3.republika.mk/scena/film/dragan-bjelogrlikj-proglasen-za-pochesen-profesor-na-internacionalniot-univerzitet-europa-prima-skopje/ Wed, 05 Oct 2022 16:52:59 +0000 https://republika.mk/?p=557674

Српскиот актер, режисер и продуцент, Драган Бјелогрлиќ, беше прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима - Скопје, а воедно му беше и врачена наградата EUROPA PRIMA 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа – „СЕЕ Филм фестивал Парис-Берлин-Вашингтон“.

Во рамки на првиот академски час на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима - Скопје, студентите имаа чест во Кинотеката да присуствуваат на доделувањето на наградата и прогласување на Бјелогрлиќ за почесен професор.

Колку и да ме повредувал, разочарувал овој суров живот, светот на филмската уметност ми даде сила никогаш да не изгубам верба во љубовта, луѓето и во тој суров живот што секојдневно го живеам. Поради тоа сум благодарен што сум дел од филмскиот свет и благодарен сум што ја добив наградата што го препозна мојот пат, денеска и тука во овој град и држава што ја сметам за моја, каде не се чувствувам како гостин и каде што живеат луѓето што ги сакам и тие ме сакаат мене - порача Бјелогрлиќ.

Тој потсети дека е поминат доста долг период од почетокот на неговата кариера, односно 45 години поминати во прекрасниот свет на филмската магија.

Паралелно ги живеам тие два животи што се обидував да ги соединам во едно и всушност да станат еден живот - истакна Бјелогрлиќ.

Драган Бјелогрлиќ и Белградското драмско позориште вчера настапија во Македонскиот народен театар со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текст на Кен Кеси/Дејл Васерман. Публиката и вечерва ќе има можност во МНТ да ја погледне претставата.

Бјелогрлиќ вели дека е задоволен од вчерашниот настан, со прекрасен прием, полна сала и фантастична претстава.

Претстава е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.

The post Драган Бјелогрлиќ прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје appeared first on Република.

]]>

Српскиот актер, режисер и продуцент, Драган Бјелогрлиќ, беше прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима - Скопје, а воедно му беше и врачена наградата EUROPA PRIMA 2022 од Фестивалот на Југоисточна Европа – „СЕЕ Филм фестивал Парис-Берлин-Вашингтон“. Во рамки на првиот академски час на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима - Скопје, студентите имаа чест во Кинотеката да присуствуваат на доделувањето на наградата и прогласување на Бјелогрлиќ за почесен професор.
Колку и да ме повредувал, разочарувал овој суров живот, светот на филмската уметност ми даде сила никогаш да не изгубам верба во љубовта, луѓето и во тој суров живот што секојдневно го живеам. Поради тоа сум благодарен што сум дел од филмскиот свет и благодарен сум што ја добив наградата што го препозна мојот пат, денеска и тука во овој град и држава што ја сметам за моја, каде не се чувствувам како гостин и каде што живеат луѓето што ги сакам и тие ме сакаат мене - порача Бјелогрлиќ.
Тој потсети дека е поминат доста долг период од почетокот на неговата кариера, односно 45 години поминати во прекрасниот свет на филмската магија.
Паралелно ги живеам тие два животи што се обидував да ги соединам во едно и всушност да станат еден живот - истакна Бјелогрлиќ.
Драган Бјелогрлиќ и Белградското драмско позориште вчера настапија во Македонскиот народен театар со претставата „Лет над кукавичкото гнездо“, според текст на Кен Кеси/Дејл Васерман. Публиката и вечерва ќе има можност во МНТ да ја погледне претставата. Бјелогрлиќ вели дека е задоволен од вчерашниот настан, со прекрасен прием, полна сала и фантастична претстава. Претстава е големото враќање на Драган Бјелогрлиќ на сцената на Белградско драмско позориште во легендарната црна хумористична сатира за поединецот во репресивното општество, институциите за ментално здравје и слободата на духот.

The post Драган Бјелогрлиќ прогласен за почесен професор на Интернационалниот Универзитет Еуропа Прима – Скопје appeared first on Република.

]]>
Жељко Јоксимовиќ пред четири години за „Република“ најави дека со Бјелогрлиќ ќе го снимаат филмот „Тома“ https://arhiva3.republika.mk/scena/estrada/zeljko-joksimovikj-pred-chetiri-godini-za-republika-najavi-deka-so-bjelogrlikj-kje-go-snimaat-filmot-toma/ Tue, 04 Jan 2022 14:10:35 +0000 https://republika.mk/?p=440524

Жељко Јоксимовиќ, во ексклузивно интервју за „Република.мк“ дадено на 10 ноември 2017 година најави дека со Драган Бјелогрлиќ подготвуваат филм за животот на Тома Здравковиќ.

Во интервјуто, Јоксимовиќ објаснува дека тој и Бјелогрлиќ добиле дозвола за снимање на филмот од Бане Обрадовиќ кој е носител на правата на ликот и делото на Тома Здравковиќ и кој го организираше подигањето споменик на Тома Здравковиќ во Лесковац, како и спомен-плоча во Белград.

Јас и Драган Бјелогрлиќ веќе две години зборуваме за филм за Тома Здравковиќ. Се уште не е сигурно дали тој филм ќе се снима. Ако имаме сретства ќе се реализира проектот. Тој филм е нешто многу скапо. Се разбира, ние се трудиме да го снимиме, но доколку не се обезбедат сретства секако нема да го правиме.

 

Наша желба е да ги сочуваме великаните од заборав. Тоа е како некакво потсетување со обврска. Филмот нема да биде за Тома, туку како го гледавме, уметничко гледање на сето она што тој за време на животот успеа да го направи и да го остави зад себе. Филмот треба да се прави според новелата која ја напиша Никола Пејаковиќ со кој пејачот пред точно дваесет години соработуваше на песната „Хаљиница боје лила“, во 1997 година, а која јас ја аранжирав - изјави тогаш Жељко Јоксимович за „Република“.

Времето покажа дека нивните надежи се исполнија и повеќе од успешно.

Целото интервју на Јоксимовиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.

The post Жељко Јоксимовиќ пред четири години за „Република“ најави дека со Бјелогрлиќ ќе го снимаат филмот „Тома“ appeared first on Република.

]]>

Жељко Јоксимовиќ, во ексклузивно интервју за „Република.мк“ дадено на 10 ноември 2017 година најави дека со Драган Бјелогрлиќ подготвуваат филм за животот на Тома Здравковиќ. Во интервјуто, Јоксимовиќ објаснува дека тој и Бјелогрлиќ добиле дозвола за снимање на филмот од Бане Обрадовиќ кој е носител на правата на ликот и делото на Тома Здравковиќ и кој го организираше подигањето споменик на Тома Здравковиќ во Лесковац, како и спомен-плоча во Белград.
Јас и Драган Бјелогрлиќ веќе две години зборуваме за филм за Тома Здравковиќ. Се уште не е сигурно дали тој филм ќе се снима. Ако имаме сретства ќе се реализира проектот. Тој филм е нешто многу скапо. Се разбира, ние се трудиме да го снимиме, но доколку не се обезбедат сретства секако нема да го правиме.   Наша желба е да ги сочуваме великаните од заборав. Тоа е како некакво потсетување со обврска. Филмот нема да биде за Тома, туку како го гледавме, уметничко гледање на сето она што тој за време на животот успеа да го направи и да го остави зад себе. Филмот треба да се прави според новелата која ја напиша Никола Пејаковиќ со кој пејачот пред точно дваесет години соработуваше на песната „Хаљиница боје лила“, во 1997 година, а која јас ја аранжирав - изјави тогаш Жељко Јоксимович за „Република“.
Времето покажа дека нивните надежи се исполнија и повеќе од успешно. Целото интервју на Јоксимовиќ може да го прочитате на следниот ЛИНК.

The post Жељко Јоксимовиќ пред четири години за „Република“ најави дека со Бјелогрлиќ ќе го снимаат филмот „Тома“ appeared first on Република.

]]>