дпа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dpa/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 08:30:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дпа Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dpa/ 32 32 ДПА одлучи дека на избори ќе оди во коалиција со ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dpa-odluchi-deka-na-izbori-ke-odi-vo-koalitsija-so-dui/ Sun, 24 Mar 2024 08:30:07 +0000 https://republika.mk/?p=757989

Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Партскиот лидер за оваа можност најави еден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.

Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираат од одделот за информирање при ДПА.

Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

The post ДПА одлучи дека на избори ќе оди во коалиција со ДУИ appeared first on Република.

]]>

Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата „Европски фронт“ предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Партскиот лидер за оваа можност најави еден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии.
Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух Тачи, на претседателските избори на 24 април и на парламентарните избори на 8 мај, дека ДПА треба да влезе во коалицијата со Европскиот фронт, информираат од одделот за информирање при ДПА.
Според информацијата од ДПА, потпишувањето на коалицискиот договор ќе се случи во понеделник во Тетово. Договорот ќе го потпишат партиските лидери Мендух Тачи и Али Ахмети.

The post ДПА одлучи дека на избори ќе оди во коалиција со ДУИ appeared first on Република.

]]>
Мендух Тачи одбележа 30 години политичка активност https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tachi-odbelezha-30-godini-politichka-aktivnost/ Sun, 18 Jun 2023 07:40:58 +0000 https://republika.mk/?p=652656

Демократската партија на Албанците (ДПА) во Тетово организираше настан со цел да се одбележат 30 години политичка посветеност на партискиот претседател Мендух Тачи.

Одделението за односи со јавноста при ДПА информира дека на настанот Мендух Тачи одржал пригодно обраќање со резиме на својот политички ангажман почнат во 1993 година.

Неговиот политички ангажман почна во 1993 година, како потреба кога мораше дефинитивно да се смени политичкиот курс на лидерите на тогашната најзначајна албанска партија, бидејќи тогашните политички случувања не беа во корист на интересот на албанскиот народ, се вели во соопштението од ДПА.

На настанот пригодни обраќања за политичката активност на Мендух Тачи имале професорот и поранешен тетовски градоначалник Сади Беџети, како и познатиот колумнист и новинар Батон Хаџиу.  Поставена била и изложба со 30 фотографии кои означуваат некои од најважните моменти од политичките процеси низ кои поминал Мендух Тачи.

The post Мендух Тачи одбележа 30 години политичка активност appeared first on Република.

]]>

Демократската партија на Албанците (ДПА) во Тетово организираше настан со цел да се одбележат 30 години политичка посветеност на партискиот претседател Мендух Тачи. Одделението за односи со јавноста при ДПА информира дека на настанот Мендух Тачи одржал пригодно обраќање со резиме на својот политички ангажман почнат во 1993 година.
Неговиот политички ангажман почна во 1993 година, како потреба кога мораше дефинитивно да се смени политичкиот курс на лидерите на тогашната најзначајна албанска партија, бидејќи тогашните политички случувања не беа во корист на интересот на албанскиот народ, се вели во соопштението од ДПА.
На настанот пригодни обраќања за политичката активност на Мендух Тачи имале професорот и поранешен тетовски градоначалник Сади Беџети, како и познатиот колумнист и новинар Батон Хаџиу.  Поставена била и изложба со 30 фотографии кои означуваат некои од најважните моменти од политичките процеси низ кои поминал Мендух Тачи.

The post Мендух Тачи одбележа 30 години политичка активност appeared first on Република.

]]>
Мендух Тачи го прими германскиот амбасадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tachi-go-primi-germanskiot-ambasador/ Wed, 22 Feb 2023 15:06:45 +0000 https://republika.mk/?p=611994

Претседателот на ДПА, Мендух Тачи, во седиштето на партијата, оствари средба со амбасадорот на Германија во Скопје, Ото Граф.

На средбата, покрај актуелните политички случувања во земјата, претседателот Тачи ја истакна континуираната посветеност на ДПА за уставните измени и деблокирањето на интеграциските процеси во земјата, истакнувајќи дека интеграцискиот процес заедно со владеењето на правото и економскиот развој на земјата е исто така примарна определба на Демократската Партија на Албанците, се наведува во соопштението на партијата.

The post Мендух Тачи го прими германскиот амбасадор appeared first on Република.

ДПА избра ново претседателство, четворица потпретседатели и генерален секретар https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dpa-izbra-novo-pretsedatelstvo-chetvorica-potpretsedateli-i-generalen-sekretar/ Sun, 28 Aug 2022 14:04:25 +0000 https://republika.mk/?p=544965

Демократската партија на Албанците (ДПА) на денеска одржаното Централното собрание во Тетово избра ново раководство, четворица потпретседатели и генерален секретар.

– Денеска се одржа Централното собрание на ДПА при што беа избрани состави на Централното претседателство, тесно претседателство и генерален секретар. Централното собрание за потпретседатели ги избра Фатмире Исаку, Валбона Тоска, Фејзи Џелили и Халил Красниќи, додека за генерален секретар Сали Ајдини, информираа од ДПА.

Изборот на нови потпретседатели и генерален секретар следува откако на 7 јули на конгрес на партијата, Мендух Тачи повторно беше реизбран за претседател на ДПА, а тогаш беа избрани и членовите на Централното собрание кои денеска одлучуваа за изборот на потесното раководство.

The post ДПА избра ново претседателство, четворица потпретседатели и генерален секретар appeared first on Република.

Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА на конгрес во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/menduh-tachi-reizbran-za-pretsedatel-na-dpa-na-kongres-vo-tetovo/ Thu, 07 Jul 2022 19:47:44 +0000 https://republika.mk/?p=525679

Демократската партија на Албанците (ДПА) информираше дека денеска на конгрес на партијата го реизбрала Мендух Тачи за претседател. Осмиот конгрес беше одржан во Тетово.

–Воедно, беше одобрена и резолуцијата преку која и ДПА се обврзува да преземе конкретни активности за тоа да се измени уставниот член во кој е предвидено дека „друг јазик што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните“, да се замени со „албански јазик како службен јазик во Република Македонија, информираа од партијата.

Службата за информирање при ДПА соопшти и дека на конгресот е избран нов состав на централното собрание.

The post Мендух Тачи реизбран за претседател на ДПА на конгрес во Тетово appeared first on Република.

ДПА: Руските трупи напредуваат, а Зеленски сигнализира подготвеност за компромис https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dpa-ruskite-trupi-napreduvaat-a-zelenski-signalizira-podgotvenost-za-kompromis/ Wed, 09 Mar 2022 22:22:44 +0000 https://republika.mk/?p=470321

Во Украина се зголемува очајот додека руските сили продолжија со напредувањето, а безбедните рути договорени за евакуација на цивилите беа спроведени само со делумен успех, јави дописникот на ДПА од Киев.

Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше подготвеност за компромис, еден ден пред да се одржат мировните преговори во Турција.

Киев соопшти дека руските сили бомбардирале породилиште во Мариупол, при што биле повредени 17 лица. Досега само во Мариупол се убиени 1.207 цивили од почетокот на руската инвазија, според локален претставник.

До вечерва руските сили дополнително напредуваа во Донбас со помош на руската армија и отидоа уште еден километар поблиску до Мариупол, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува ДПА.

Руската армија, исто така, постигна напредок околу Харков, при што руските војници неодамна се приближија до градот, според Пентагон.

Руските трупи, исто така, постигнаа напредок околу Миколајев, рече претставник на американската одбрана, додавајќи дека се приближувале на 15 километри северно од градот.

Во конфликтот Русија уништи 81 украинска радарска станица за воздушна одбрана, што значи дека украинските системи за противвоздушна одбрана повеќе не се во можност да ги одбијат руските воздушни сили, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.

Од друга страна, официјален претставник на американската одбрана тврди дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана останува функционален.

Вашингтон, исто така, соопшти дека Русија ја гаѓа Украина со бомби без систем за прецизно наведување. „Видовме индикации дека тие фрлиле неми бомби“, рече претставник на американската одбрана, но сепак истакна дека тоа не може да се докаже во одредени случаи. Тој соопшти за „зголемена штета на цивилната инфраструктура и бројот на цивилните жртви“.

Во меѓувреме, обидите да се обезбеди безбеден премин надвор од областите што Русија ги бомбардира се покажаа бавни и неуспешни, а Москва и Киев меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето.

Претходно имаше извештаи за пукање од страна на руски војници додека цивилите се обидуваат да побегнат од опколените градови, и покрај тоа што Украина и Русија начелно се согласија за отворање на шест коридори за евакуација.

Стотици илјадници цивили, особено во пристанишниот град Мариупол, се надеваа дека ќе бидат спасени од тамошните очајни услови, но договорениот коридор сè уште не профункционира, велат сепаратистите во регионот на Доњецк, пренесува ДПА.

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Русија продолжува да држи како заложници повеќе од 400.000 луѓе во Мариупол, блокирајќи ја хуманитарната помош и евакуацијата“.

Сепак, Москва ги отфрли тврдењата и вели дека Украина ги гранатира руските позиции и одбива да ги евакуира граѓаните во Русија.

Но, со продолжувањето на бомбардирањето, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна својата подготвеност за компромис пред утрешните мировни преговори со руските претставници.

Во какви било преговори, мојата цел е да се стави крај на војната со Русија. И јас сум исто така подготвен да преземам одредени чекори, изјави Зеленски за германскиот весник „Билд“.

Утрешните разговори треба да се одржат меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот украински колега Кулеба во Анталија. Тие ќе бидат разговори на највисоко ниво меѓу двете страни од почетокот на руската инвазија пред две недели.

Може да се направат компромиси, но тие не смеат да бидат предавство на мојата земја, рече Зеленски, без да даде дополнителни детали. Тој исто така истакна дека и другата страна треба да биде подготвена на компромис.

Зеленски рече дека сè уште не сака јавно „да зборува за деталите“, особено што сè уште немал директен контакт со рускиот претседател Владимир Путин. „Само по директните разговори меѓу двајцата претседатели можеме да ставиме крај на оваа војна, потенцираше претседателот на Украина.

The post ДПА: Руските трупи напредуваат, а Зеленски сигнализира подготвеност за компромис appeared first on Република.

]]>

Во Украина се зголемува очајот додека руските сили продолжија со напредувањето, а безбедните рути договорени за евакуација на цивилите беа спроведени само со делумен успех, јави дописникот на ДПА од Киев. Во меѓувреме, украинскиот претседател Володимир Зеленски сигнализираше подготвеност за компромис, еден ден пред да се одржат мировните преговори во Турција. Киев соопшти дека руските сили бомбардирале породилиште во Мариупол, при што биле повредени 17 лица. Досега само во Мариупол се убиени 1.207 цивили од почетокот на руската инвазија, според локален претставник. До вечерва руските сили дополнително напредуваа во Донбас со помош на руската армија и отидоа уште еден километар поблиску до Мариупол, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков, пренесува ДПА. Руската армија, исто така, постигна напредок околу Харков, при што руските војници неодамна се приближија до градот, според Пентагон. Руските трупи, исто така, постигнаа напредок околу Миколајев, рече претставник на американската одбрана, додавајќи дека се приближувале на 15 километри северно од градот.
Во конфликтот Русија уништи 81 украинска радарска станица за воздушна одбрана, што значи дека украинските системи за противвоздушна одбрана повеќе не се во можност да ги одбијат руските воздушни сили, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана.
Од друга страна, официјален претставник на американската одбрана тврди дека украинскиот систем за противвоздушна одбрана останува функционален. Вашингтон, исто така, соопшти дека Русија ја гаѓа Украина со бомби без систем за прецизно наведување. „Видовме индикации дека тие фрлиле неми бомби“, рече претставник на американската одбрана, но сепак истакна дека тоа не може да се докаже во одредени случаи. Тој соопшти за „зголемена штета на цивилната инфраструктура и бројот на цивилните жртви“. Во меѓувреме, обидите да се обезбеди безбеден премин надвор од областите што Русија ги бомбардира се покажаа бавни и неуспешни, а Москва и Киев меѓусебно се обвинија за прекршување на примирјето. Претходно имаше извештаи за пукање од страна на руски војници додека цивилите се обидуваат да побегнат од опколените градови, и покрај тоа што Украина и Русија начелно се согласија за отворање на шест коридори за евакуација. Стотици илјадници цивили, особено во пристанишниот град Мариупол, се надеваа дека ќе бидат спасени од тамошните очајни услови, но договорениот коридор сè уште не профункционира, велат сепаратистите во регионот на Доњецк, пренесува ДПА. Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на Твитер напиша: „Русија продолжува да држи како заложници повеќе од 400.000 луѓе во Мариупол, блокирајќи ја хуманитарната помош и евакуацијата“. Сепак, Москва ги отфрли тврдењата и вели дека Украина ги гранатира руските позиции и одбива да ги евакуира граѓаните во Русија. Но, со продолжувањето на бомбардирањето, украинскиот претседател Володимир Зеленски ја истакна својата подготвеност за компромис пред утрешните мировни преговори со руските претставници.