дозвола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozvola/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Apr 2022 17:02:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дозвола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozvola/ 32 32 Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koj-dozvolil-da-se-formira-vancho-mihajlov-deskoska-tvrdi-deka-pravda-ne-dala-soglasnost-da-se-formira-zdruzenieto/ Mon, 18 Apr 2022 16:57:08 +0000 https://republika.mk/?p=490182

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.

Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.

„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката.

Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола.

https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>

Универзитетската професорка и министерка за правда во времето кога било регистрирано здружението „Иван Михајлов“ во Битола, Рената Десковска, вели дека јавноста со право реагира, но исто така посочува дека министерството не издало такво одобрение.
Јавноста со право реагира. Се постави и прашањето околу тоа кој државен орган дозволил да се регистрира здружение под тоа име. Надлежен за регистрирање на здруженијата е Централен регистар. Доколку во името на здружението е внесено име и презиме на историска и друга позната личност, се бара нејзина согласност, ако е почината – согласност од нејзини сродници до трет степен во права линија, а доколку такви не постојат, согласност дава Министерството за правда.Во 2019 година кога е регистрирано ова здружение, побарано е одобрение од Министерството за правда. Министерството тогаш НЕ ДАЛО одобрение за употреба на името Иван Михајлов. Министерството за правда го известило и подносителот на барањето дека не може да даде согласност за употреба на името Иван Михајлов, вели Десковска, која го објави документот-одговор на барањето во министерството.
„Известувањето дека не може да се даде согласност, значи дека немате согласност од надлежниот орган! Овој случај покажува дека треба веднаш да почне постапка за носење измени на Законот за здруженија и фондации во кои ќе се пропише јасна постапка за регистрирање на истите, јасни критериуми кои имиња би биле забранети за употреба и да се предвиди компетентна комисија која ќе оцени дали одредено лице е историска личност и да дава предлог за одобрување или не одобрување на употреба неговото име“, додава професорката. Државата не смее да се однесува како село без кучиња и треба да одговори кој дозволил да се регистрира бугарскиот културен клуб со име на контраверзна личност за македонската историја, рече историчарот Тодор Чепреганов во Студио 10 на ТВ24, кој праша и зошто клубот е отворен токму во Битола и дали пробугарската струја е најсилна во Битола. https://republika.mk/vesti/makedonija/chepreganov-drzavata-da-odgovori-koj-dozvolil-registracija-na-bugarskiot-kulturen-klub-vancho-mihajlov/?fbclid=IwAR2_W0dCLqZuxBRTpSnGiM7JGzA_-zoavJcjzMD7iczf0KldhdqjLkOWMD0    

The post Кој дозволил да се формира „Ванчо Михајлов“? Дескоска тврди дека Правда не дала согласност да се формира здружението appeared first on Република.

]]>
Дискотеката пред која беше убиен Тот, работи без лиценца: Министерот Бектеши бара инспекција https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/diskotekata-pred-koja-beshe-ubien-tot-raboti-bez-licenca-ministerot-bekteshi-bara-inspekcija/ Tue, 12 Apr 2022 11:10:53 +0000 https://republika.mk/?p=487317

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа, тврди „Слободен печат“.

Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова – додаде Бектеши.

Истиот извор наведува дека од државниот пазарен инспекторат најавиле дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако наводно и претходно постапувале.

Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, претепан до смрт беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

The post Дискотеката пред која беше убиен Тот, работи без лиценца: Министерот Бектеши бара инспекција appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија, Крешник Бектеши, потврди дека дискотеката „Привилиџ“, пред која беше убиен хрватскиот ракометар Денис Тот, немала лиценца за работа, тврди „Слободен печат“. Државниот пазарен инспекторат може да излезе на терен и да провери околу ова – додаде Бектеши. Истиот извор наведува дека од државниот пазарен инспекторат најавиле дека повторно ќе постапат за овој ноќен клуб, иако наводно и претходно постапувале. Пред ноќниот клуб „Привилиџ“, претепан до смрт беше ракометарот Денис Тот. За неговото убиство, се товарат три лица, од кои две се во триесетдневен притвор. Првоосомничениот Анџело Ѓоргиевски е во бегство и истражните органи петти ден не откриваат дали ја напуштил државата или е во земјава.

The post Дискотеката пред која беше убиен Тот, работи без лиценца: Министерот Бектеши бара инспекција appeared first on Република.

]]>
Граѓаните што поседуваат оружје треба да ги заменат дозволите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gragjanite-shto-poseduvaat-oruzje-treba-da-gi-zamenat-dozvolite/ Mon, 28 Feb 2022 14:13:48 +0000 https://republika.mk/?p=465366

Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека согласно одредбите од членот 34 од Законот за изменување и дополнување на Законот за оружјето, рокот за замена на дозволите за поседување и носење на оружје, овластување за носење на оружје и дозволите за поседување на оружје, издадени согласно Законот за набавување, поседување и носење на оружје истекува на 04.06.2023 година.

Оттаму, сите оние граѓани кои што поседуваат оружје со стари дозволи се должни да поднесат барања за замена на тие дозволи до наведениот рок односно до 04.06. 2023 година. Воедно, МВР информира дека кон барањето за замена на дозволата, потребно е да се приложи старата дозвола за оружје, а оружјето што ќе биде предмет на пререгистрација, да се донесе на увид, соопштија денеска од МВР.

Граѓаните своите барањата за замена на старите дозволи, потребно е да ги поднесуваат во Отсеците за оружје, експлозивни и опасни материи според местото на живеење во работно време од 08.00 до 16.00 часот, додека граѓаните на Град Скопје, барањата треба да ги поднесуваат во Отсекот за оружје, експлозивни и опасни материи – Скопје, сместен во Полициска станица Автокоманда во работно време од 08.00 до 16.00 часот, со напомена дека уплатата на таксите може да се изврши во банка, пошта или на пост терминал.

The post Граѓаните што поседуваат оружје треба да ги заменат дозволите appeared first on Република.

Украинскиот парламент им дозволи на граѓаните да носат огнено оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainskiot-parlament-im-dozvoli-na-gragjanite-da-nosat-ogneno-oruzje/ Wed, 23 Feb 2022 11:20:45 +0000 https://republika.mk/?p=462410

Украинскиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.

Усвојувањето на овој закон е целосно во интерес на државата и општеството“, изјавија авторите на нацрт-законот, пренесува „Ројтерс“.

Тврдат дека донесувањето на овој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасностите со кои се соочуваат граѓаните на Украина.

Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст меѓу 18 и 60 години, по указ на претседателот Вoлодомир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Донецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа.

The post Украинскиот парламент им дозволи на граѓаните да носат огнено оружје appeared first on Република.

]]>

Украинскиот парламент денеска во прво читање го усвои предлог-законот со кој на Украинците им се дозволува да носат огнено оружје и да реагираат во самоодбрана.
Усвојувањето на овој закон е целосно во интерес на државата и општеството“, изјавија авторите на нацрт-законот, пренесува „Ројтерс“.
Тврдат дека донесувањето на овој закон е неопходно поради, како што велат, заканите и опасностите со кои се соочуваат граѓаните на Украина. Украина денеска почна да регрутира припадници на резервните одбранбени сили на возраст меѓу 18 и 60 години, по указ на претседателот Вoлодомир Зеленски, откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна самопрогласените републики Донецк и Луганск во источна Украина и одобри испраќање војници во областа.

The post Украинскиот парламент им дозволи на граѓаните да носат огнено оружје appeared first on Република.

]]>