дозвола за оружје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozvola-za-oruzhje/ За подобро да се разбереме Tue, 19 Nov 2024 09:31:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дозвола за оружје Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozvola-za-oruzhje/ 32 32 „Валкани“ биле и претседателот и членовите на Комисијата која одредувала кој смее да носи оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/valkani-bile-i-pretsedatelot-i-chlenovite-na-komisijata-koja-odreduvala-koj-smee-da-nosi-oruzhje/ Tue, 19 Nov 2024 09:30:29 +0000 https://republika.mk/?p=839501

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

https://republika.mk/vesti/makedonija/po-otkazite-za-15-visoki-politsiski-sluzhbenitsi-za-nezakonsko-izdavane-na-dozvoli-za-oruzhje-mvr-voveduva-digitalna-alatka-so-tsel-neselektiven-pristap/

Како што информира МВР, пријавените С.И., М.К., Б.Г., Р.А., Р.Ч., Д.Ј., З.В., И.И., Н.З., Г.А., И.Н., Ј.Н., И.М., Д.Ц., Е.В., А.Ш., Н.П. и Б.Б. во својство на претседател и членови на Комисијата за разгледување и подготвување на предлози во однос на поднесени барања за издавање одобрение за набавување на оружје во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Битола од 2021 до 2024 година несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања. При постапување по барањата за издавање на одобрение за набавка на оружје, тие дале позитивно мислење за издавање на одобрение за набавка на оружје на предлогот доставен до Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобренија за набавување оружје, спротивно на одредбите од Законот за оружје.

Пријавените В.К., О.Л., А.О., С.А. и Ѓ.К. во својство на претседател, членови и заменици членови на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобрение за набавување на оружје не извршиле правилна ревизија на содржината на позитивно одлучените барања и наместо предметите да ги отфрлат или вратат на повторно одлучување заради докомплетирање, врз основа на претходно изготвени списоци на баратели на одобрение покрај кои биле испишани имиња на дел од членовите на Комисијата за ревизија, донеле позитивни одлуки и овозможиле баратели да се стекнат со одобрение за набавување на оружје спротивно на одредби од Законот за оружје, се вели во соопштението.

При вршење на ревизија, како што се наведува, постапувале несовесно и селективно при решавање на предметите, а по вкупно 5470 предмети воопшто не постапиле и не донеле одлука со што придонеле да застарат.

Пријавените, Џ.А., помошник на министерот и Л.П.М., началник на Сектор за оружје и член на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање на одобрение за набавување на оружје, пропуштиле должен надзор на начин што иако знаеле дека било позитивно одлучувано за поднесени барања спротивно на Законот за оружје, дека по поднесените барања селективно се постапува или воопшто не се постапува овозможиле барателите спротивно на законските прописи да се стекнат со одобрение за набавување на оружје, стои во соопштението.

По спроведена постапка, за потешко кршење на работниот ред и дисциплина, за 15 вработени е изречена мерка откажување на договорот за вработување.

The post „Валкани“ биле и претседателот и членовите на Комисијата која одредувала кој смее да носи оружје appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. https://republika.mk/vesti/makedonija/po-otkazite-za-15-visoki-politsiski-sluzhbenitsi-za-nezakonsko-izdavane-na-dozvoli-za-oruzhje-mvr-voveduva-digitalna-alatka-so-tsel-neselektiven-pristap/ Како што информира МВР, пријавените С.И., М.К., Б.Г., Р.А., Р.Ч., Д.Ј., З.В., И.И., Н.З., Г.А., И.Н., Ј.Н., И.М., Д.Ц., Е.В., А.Ш., Н.П. и Б.Б. во својство на претседател и членови на Комисијата за разгледување и подготвување на предлози во однос на поднесени барања за издавање одобрение за набавување на оружје во СВР Скопје, СВР Куманово, СВР Тетово и СВР Битола од 2021 до 2024 година несовесно постапиле во вршење на своите должности и овластувања. При постапување по барањата за издавање на одобрение за набавка на оружје, тие дале позитивно мислење за издавање на одобрение за набавка на оружје на предлогот доставен до Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобренија за набавување оружје, спротивно на одредбите од Законот за оружје.
Пријавените В.К., О.Л., А.О., С.А. и Ѓ.К. во својство на претседател, членови и заменици членови на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање одобрение за набавување на оружје не извршиле правилна ревизија на содржината на позитивно одлучените барања и наместо предметите да ги отфрлат или вратат на повторно одлучување заради докомплетирање, врз основа на претходно изготвени списоци на баратели на одобрение покрај кои биле испишани имиња на дел од членовите на Комисијата за ревизија, донеле позитивни одлуки и овозможиле баратели да се стекнат со одобрение за набавување на оружје спротивно на одредби од Законот за оружје, се вели во соопштението.
При вршење на ревизија, како што се наведува, постапувале несовесно и селективно при решавање на предметите, а по вкупно 5470 предмети воопшто не постапиле и не донеле одлука со што придонеле да застарат.
Пријавените, Џ.А., помошник на министерот и Л.П.М., началник на Сектор за оружје и член на Комисијата за ревизија на позитивно одлучени барања за издавање на одобрение за набавување на оружје, пропуштиле должен надзор на начин што иако знаеле дека било позитивно одлучувано за поднесени барања спротивно на Законот за оружје, дека по поднесените барања селективно се постапува или воопшто не се постапува овозможиле барателите спротивно на законските прописи да се стекнат со одобрение за набавување на оружје, стои во соопштението.
По спроведена постапка, за потешко кршење на работниот ред и дисциплина, за 15 вработени е изречена мерка откажување на договорот за вработување.

The post „Валкани“ биле и претседателот и членовите на Комисијата која одредувала кој смее да носи оружје appeared first on Република.

]]>
По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-otkazite-za-15-visoki-politsiski-sluzhbenitsi-za-nezakonsko-izdavane-na-dozvoli-za-oruzhje-mvr-voveduva-digitalna-alatka-so-tsel-neselektiven-pristap/ Fri, 15 Nov 2024 11:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=838065

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по спроведена внатрешна контрола 15 високи полициски службеници добиле решение за отказ. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со кој ја презентираа новата дигитална алатка која што треба да овозможи неселективен пристап при издавање на дозволи, како и да го олесни процесот на издавање на потребните документи на граѓаните.

Тошковски посочи дека голем број на граѓани доставувале лично до него, како и до неговиот кабинет претставки и поплаки во врска со начинот на којшто МВР ги спроведувало постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје и по извршена темелна истрага било констатирано дека се постапувало селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат.

Министерството за внатрешни работи, Одделот за дисциплински постапки спроведе дисциплинска постапка по предлог на Одделот за внатрешна контрола за поголем број на лица и за оние каде што се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети, донесе, колку што сум запознаен, 15 решенија за отказ на високи полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивано закон. Согласно напаствија на надлежен јавен обвинител, во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние кои што има докази дека сториле конкретно кривично дело. Претпоставувам дека ќе се оди со злоупотреба на службена положба и овластување или несовесна работа во јавна служба, но за тоа ќе проценат надлежните органи и надлежните институции, рече Тошковски.

За суштински да се реши ваквиот проблем, Тошковски вели направена е дигитална алатка во соработка со Министерството за дигитална трансформација која ќе ги намали трошоците и ќе им помогне на граѓаните да го остварат своето право, доколку го исполнуваат.

Секој еден ловџија во Македонија знае дека оваа постапка во минатото била злоупотребувана. За да имаме суштинско и системско решение во соработка со Министерството за дигитална трансформација, создадовме дигитална алатка која што ќе овозможи неселективен и системски пристап за решавање на овие права на граѓаните, односно на оние што им следат. Тоа значи дека ќе им овозможиме на граѓаните да го остварат своето право навистина доколку ги исполнуваат законските услови без да притоа да прават непотребни трошоци како што ги правеле до вчера. Значи од една страна ем намалуваме трошоци, ем намалуваме чекори, но и утврдуваме навистина систем којшто нема да овозможи од 5.000 предмети да се разгледа предметот 4.528 и баш тој да се реши, врз основа на мотиви непознати за никого, а добро познати за македонската јавност. За да се реши предмет број десет, претходно ќе мора да се решат предметите од реден број еден до реден број девет, рече Тошковски.

Системот, додаде, ќе ги полни базите на податоци и граѓаните нема да има потреба да се обраќаат лично до потребните институции за прибавување на документ, како што е потврда за неосудуван.

Граѓаните нема да имаат потреба лично да се обраќаат до потребните институции, како што е на пример Основен суд Скопје, за да може да прибават дозвола дека се неосудувани, како и ќе се намалат трошоците од два аспекти… Без разлика дали се работи за министер, началник, претседател на комисија или помошник министер на конкретен оддел, ќе се постапува неселективно и воедначено во однос на сите барања. Системот ќе ги црпи податоците и ќе утврдува дали ги исполнува или не ги исполнува условите и секој еден апликант ќе биде известен на мејл дали согласно базите на податоци кои што ги имаме ние е подобен да носи оружје или не е подобен да носи оружје. Понатаму во втора фаза, ќе треба да прибави соодветни докази како што се лекарско уверение, потврда дека посетувал обука и така натаму, којшто изискува поголем финансиски трошок, околу 500 евра. Сите тие трошоци чинат, а ќе ги сторат исклучиво само ако претходно бидат информирани од страна на Министерството дека исполнуваат услови за да се стекнат со конкретна дозвола, рече Тошковски.

The post По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по спроведена внатрешна контрола 15 високи полициски службеници добиле решение за отказ. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со кој ја презентираа новата дигитална алатка која што треба да овозможи неселективен пристап при издавање на дозволи, како и да го олесни процесот на издавање на потребните документи на граѓаните. Тошковски посочи дека голем број на граѓани доставувале лично до него, како и до неговиот кабинет претставки и поплаки во врска со начинот на којшто МВР ги спроведувало постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје и по извршена темелна истрага било констатирано дека се постапувало селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат.
Министерството за внатрешни работи, Одделот за дисциплински постапки спроведе дисциплинска постапка по предлог на Одделот за внатрешна контрола за поголем број на лица и за оние каде што се констатираа незаконитости, а притоа истите не беа застарени како предмети, донесе, колку што сум запознаен, 15 решенија за отказ на високи полициски функционери кои издавале дозволи и работеле спротивано закон. Согласно напаствија на надлежен јавен обвинител, во наредниот период ќе следат и кривични пријави за сите оние кои што има докази дека сториле конкретно кривично дело. Претпоставувам дека ќе се оди со злоупотреба на службена положба и овластување или несовесна работа во јавна служба, но за тоа ќе проценат надлежните органи и надлежните институции, рече Тошковски.
За суштински да се реши ваквиот проблем, Тошковски вели направена е дигитална алатка во соработка со Министерството за дигитална трансформација која ќе ги намали трошоците и ќе им помогне на граѓаните да го остварат своето право, доколку го исполнуваат.
Секој еден ловџија во Македонија знае дека оваа постапка во минатото била злоупотребувана. За да имаме суштинско и системско решение во соработка со Министерството за дигитална трансформација, создадовме дигитална алатка која што ќе овозможи неселективен и системски пристап за решавање на овие права на граѓаните, односно на оние што им следат. Тоа значи дека ќе им овозможиме на граѓаните да го остварат своето право навистина доколку ги исполнуваат законските услови без да притоа да прават непотребни трошоци како што ги правеле до вчера. Значи од една страна ем намалуваме трошоци, ем намалуваме чекори, но и утврдуваме навистина систем којшто нема да овозможи од 5.000 предмети да се разгледа предметот 4.528 и баш тој да се реши, врз основа на мотиви непознати за никого, а добро познати за македонската јавност. За да се реши предмет број десет, претходно ќе мора да се решат предметите од реден број еден до реден број девет, рече Тошковски.
Системот, додаде, ќе ги полни базите на податоци и граѓаните нема да има потреба да се обраќаат лично до потребните институции за прибавување на документ, како што е потврда за неосудуван.
Граѓаните нема да имаат потреба лично да се обраќаат до потребните институции, како што е на пример Основен суд Скопје, за да може да прибават дозвола дека се неосудувани, како и ќе се намалат трошоците од два аспекти… Без разлика дали се работи за министер, началник, претседател на комисија или помошник министер на конкретен оддел, ќе се постапува неселективно и воедначено во однос на сите барања. Системот ќе ги црпи податоците и ќе утврдува дали ги исполнува или не ги исполнува условите и секој еден апликант ќе биде известен на мејл дали согласно базите на податоци кои што ги имаме ние е подобен да носи оружје или не е подобен да носи оружје. Понатаму во втора фаза, ќе треба да прибави соодветни докази како што се лекарско уверение, потврда дека посетувал обука и така натаму, којшто изискува поголем финансиски трошок, околу 500 евра. Сите тие трошоци чинат, а ќе ги сторат исклучиво само ако претходно бидат информирани од страна на Министерството дека исполнуваат услови за да се стекнат со конкретна дозвола, рече Тошковски.

The post По отказите за 15 високи полициски службеници за незаконско издавање на дозволи за оружје, МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап appeared first on Република.

]]>
Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Спасовски? https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/kolku-kriminaltsi-so-dosie-dobile-dozvola-za-oruzhje-od-komisija-sostavena-od-spasovski/ Tue, 14 Mar 2023 11:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=619526

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје?Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје?, прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=IC_QpFXuRrY&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title

Чуму листа на криминалци со досиеја за тежок криминал, чуму проверки, покривање, следење и обработка,  чуму план „Безбеден град“, ако Каришиќ со комисијата на Спасовски им дава дозвола за оружје?

Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?

Ова се прашања коишто не смеат да се игнорираат-нагласува Стоилковски.

Каришиќ е лице од доверба на Спасовски и на Тасевски, а началникот на крим-полиција е и прв во комисијата за Одобренија за оружја!

Срамота е Спасовски да се крие  на Фејсбук по скандал дека полиција дава дозволи за оружје на криминалци, додека се случуваат брутални мафијашки ликвидации во центарот на Скопје.Македонија ова со ништо не го заслужила! Неопходни се одговори и одговорност, а не шурување со криминалот.

The post Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Спасовски? appeared first on Република.

]]>

Оливер Спасовски се крие зад флоскули на Фејсбук и не одговара на колку криминалци со досие од списокот „Безбеден град“, МВР со Музафер Каришиќ им издале дозвола за оружје?Дали Каришиќ со комисијата составена од Оливер Спасовски дал одобрение за оружје за Шукри Асани, лице со досие, осомничен за транспорт на кокаин, член на криминалната група од Грчец, меѓу првите десет за проверка во Скопје?, прашува Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=IC_QpFXuRrY&embeds_euri=https%3A%2F%2Fvmro-dpmne.org.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE&feature=emb_title Чуму листа на криминалци со досиеја за тежок криминал, чуму проверки, покривање, следење и обработка,  чуму план „Безбеден град“, ако Каришиќ со комисијата на Спасовски им дава дозвола за оружје? Колку криминалци со досие добиле дозвола за оружје од комисија составена од Оливер Спасовски?