дозвола за градба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozvola-za-gradba/ За подобро да се разбереме Thu, 06 Oct 2022 10:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дозвола за градба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozvola-za-gradba/ 32 32 Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/ushte-edna-zgrada-kje-nikne-sproti-holidej-in-opshtina-centar-izdade-dozvola-za-gradba/ Thu, 06 Oct 2022 10:14:22 +0000 https://republika.mk/?p=557948

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“.

Известувањето е објавено во дневните весници.

Од Шанса за центар велат:

„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ.

Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА.

Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти!

Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

The post Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот Горан Герасимовски и Општина Центар издадоа дозвола за градење на втора зграда на парцелата која порано беше државно земјиште, спроти „Холидеј Ин“. Известувањето е објавено во дневните весници. Од Шанса за центар велат:
„И повторно ќе речат ‘сѐ е по закон’ или ‘моравме бидејќи беше доставено барање за градба’, иако целиот урбанистички план по кој се издаваат дозволите и по кој веќе се гради е очигледно НЕЗАКОНСКИ. Планот во сите параметри го прекршува Генералниот урбанистички план на Скопје, а тоа според Законот за урбанистичко планирање е НЕЗАКОНСКИ и таков план НЕ СМЕЕ ДА СЕ СПРОВЕДУВА. Но, Градоначалникот и Општината остануваат глуви на овие факти! Без разлика што општината со издавањето на дозволите оди и самата против себе, против сопствените наоди за тоа колку е лош овој план. Овие наоди се прецизно наведени во стручниот елаборат за суспензија изработен од Општина Центар со кој општината бараше да биде суспендиран овој план и да се изработи нов. Но елаборатот беше одбиен од Министерството за транспорт и врски со образложение дека не може да се суспендира целиот план.

The post Уште една зграда ќе никне спроти „Холидеј Ин“, Општина Центар издаде дозвола за градба appeared first on Република.

]]>
Во ноември лани дозвола за градба добиле 1.284 станови, скоро пола се во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vo-noemvri-lani-dozvola-za-gradba-dobile-1-284-stanovi-skoro-pola-se-vo-aerodrom/ Tue, 18 Jan 2022 10:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=446249

Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Најголем дел од одобренијата, 137, се во Скопскиот регион. Во општина Карпош се издадени 39 одобренија, во Сарај 16, по 12 нови дозволи има во Центар и во Бутел, по 11 во Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Чучер Сандево.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9.580.435.000 денари, што е за 398,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, ветерна електрана во Југоисточниот регион - појасnуваат од ДЗС.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10,6 проценти) од нискоградба и 115 (28,3 проценти) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 406 објекти, на 235 (57,9 проценти) како инвеститори се физички лица, а на 171 (42,1 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.284 станови, со вкупна корисна површина од 100.799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953, од кои 598 во Аеродром, 96 во Чаир, 93 во Карпош, 46 во Кисела Вода, 31 во Центар…

Зад Скоспкиот, по број на предвидени станови е Полошкиот регион со 148, од кои 69 во Тетово и 59 во Гостивар. Во Југоситиочниот, пак, се предвидени 74 станови, во Југозападниот 49, во Вардарскиот 26, Пелагонискиот 17...

The post Во ноември лани дозвола за градба добиле 1.284 станови, скоро пола се во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Во ноември 2021 година се издадени 406 одобренија за градење, што е за 95,2 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година, објави Државниот завод за статистика. Најголем дел од одобренијата, 137, се во Скопскиот регион. Во општина Карпош се издадени 39 одобренија, во Сарај 16, по 12 нови дозволи има во Центар и во Бутел, по 11 во Гази Баба, Кисела Вода, Илинден и Чучер Сандево. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 9.580.435.000 денари, што е за 398,5 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Зголемената предвидена вредност се должи на фактот дека во наведениот период е издадено одобрение за градење на објект од нискоградбата со поголема вредност, ветерна електрана во Југоисточниот регион - појасnуваат од ДЗС.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 248 (61,1 процент) се наменети за објекти од високоградба, 43 (10,6 проценти) од нискоградба и 115 (28,3 проценти) за објекти за реконструкција. Од вкупно 406 објекти, на 235 (57,9 проценти) како инвеститори се физички лица, а на 171 (42,1 проценти) инвеститори се деловни субјекти. Во извештајниот период е предвидена изградба на 1.284 станови, со вкупна корисна површина од 100.799 метри квадратни. Најмногу се во Скопскиот регион, 953, од кои 598 во Аеродром, 96 во Чаир, 93 во Карпош, 46 во Кисела Вода, 31 во Центар… Зад Скоспкиот, по број на предвидени станови е Полошкиот регион со 148, од кои 69 во Тетово и 59 во Гостивар. Во Југоситиочниот, пак, се предвидени 74 станови, во Југозападниот 49, во Вардарскиот 26, Пелагонискиот 17...

The post Во ноември лани дозвола за градба добиле 1.284 станови, скоро пола се во Аеродром appeared first on Република.

]]>