доживотен затвор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozivoten-zatvor/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Oct 2024 11:11:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доживотен затвор Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dozivoten-zatvor/ 32 32 Убијци и силувачи најчесто лежат доживотно во затворот „Идризово“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ubijtsi-i-siluvachi-najchesto-lezhat-dozhivotno-vo-zatvorot-idrizovo/ Fri, 11 Oct 2024 08:03:36 +0000 https://republika.mk/?p=824178

Жив си а не си. Вака може да се опише казната доживотен затвор која во моментов во Македонија ја издржуваат 46 осуденици.Тие се сместени исклучиво во затворот „Идризово“ бидејќи за вакви лица не се предвидени други затворски установи.

Ваквите осуденици во принцип не се разликуваат многу со останатите „колеги“. И тие се придружуваат на куќниот ред на затворот, освен што не смеат да користат викенд отстуство.

За какви дела осудени на доживотен затвор

„Република“ ја праша Управата за извршување на санкции за делата за кои се осудени овие лица и оти најчестото дело е силување.

Најчесто се осудени против животот и телото, против половата слобода и половиот морал и против јавниот ред-објаснуваат од Управата.

Според Казнениот законик доживотен затвор не може да му се изрече на сторител што во време на извршувањето на кривичното дело нема наполнето 21 година. За овие лица постои надеж дека ќе бидат помилувани а со тоа да добијат намалување на казната.Но, за тоа да се случи потребно е да имаат одлежано најмалку 15 години од казната.

Последниот случај на осуден на доживотен затвор е за лице од Кочани кое уби жена на свиреп начин, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.Лицето во меѓувреме почина.

Во „Идризово“ на доживотен затвор има многу познати случаи кои ја потресоа јавноста.

Во т.н девето крило меѓу убијци на своите сопрузи, сопруги,мајки лежи и една жена-Блерта Поцеста, иселеничката од Италија која во семејната куќа во Дебар ги уби родителите и 14 годишната сестра.

Во „Идризово“ доживотно е и Дино Диновски наречен македонскиот Раскољников кој убиваше баби со секира, потоа Николче Гигевски со прекар Кинезот што уби двајца сопружници во Драчево.Меѓу нив се и терористите од Диво насеље и Агим Исмаиловиќ, убиецот од Смилковското езеро.

Станар во Идризово е Тони Денковски за тројното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во скопската населба Аеродром, кога тој пред повеќемина очевидци влегол во ресторанот и еден по еден застрелал тројца луѓе со кои имал должнички односи од кои сите починаа.

Доживотна казна отслужува и Бесим Алити од Тетово за убиство на двајца полициски инспектори како и гостиварскиот полицаец Јаким Трифуновски, кој во февруари 2012 година усмрти двајца негови сограѓани.

The post Убијци и силувачи најчесто лежат доживотно во затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>

Жив си а не си. Вака може да се опише казната доживотен затвор која во моментов во Македонија ја издржуваат 46 осуденици.Тие се сместени исклучиво во затворот „Идризово“ бидејќи за вакви лица не се предвидени други затворски установи. Ваквите осуденици во принцип не се разликуваат многу со останатите „колеги“. И тие се придружуваат на куќниот ред на затворот, освен што не смеат да користат викенд отстуство.

За какви дела осудени на доживотен затвор

„Република“ ја праша Управата за извршување на санкции за делата за кои се осудени овие лица и оти најчестото дело е силување.
Најчесто се осудени против животот и телото, против половата слобода и половиот морал и против јавниот ред-објаснуваат од Управата.
Според Казнениот законик доживотен затвор не може да му се изрече на сторител што во време на извршувањето на кривичното дело нема наполнето 21 година. За овие лица постои надеж дека ќе бидат помилувани а со тоа да добијат намалување на казната.Но, за тоа да се случи потребно е да имаат одлежано најмалку 15 години од казната. Последниот случај на осуден на доживотен затвор е за лице од Кочани кое уби жена на свиреп начин, нанесувајќи и многубројни убоди со нож.Лицето во меѓувреме почина.

Во „Идризово“ на доживотен затвор има многу познати случаи кои ја потресоа јавноста.

Во т.н девето крило меѓу убијци на своите сопрузи, сопруги,мајки лежи и една жена-Блерта Поцеста, иселеничката од Италија која во семејната куќа во Дебар ги уби родителите и 14 годишната сестра. Во „Идризово“ доживотно е и Дино Диновски наречен македонскиот Раскољников кој убиваше баби со секира, потоа Николче Гигевски со прекар Кинезот што уби двајца сопружници во Драчево.Меѓу нив се и терористите од Диво насеље и Агим Исмаиловиќ, убиецот од Смилковското езеро. Станар во Идризово е Тони Денковски за тројното убиство во ресторанот „Биг фиш“ во скопската населба Аеродром, кога тој пред повеќемина очевидци влегол во ресторанот и еден по еден застрелал тројца луѓе со кои имал должнички односи од кои сите починаа. Доживотна казна отслужува и Бесим Алити од Тетово за убиство на двајца полициски инспектори како и гостиварскиот полицаец Јаким Трифуновски, кој во февруари 2012 година усмрти двајца негови сограѓани.

The post Убијци и силувачи најчесто лежат доживотно во затворот „Идризово“ appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dozhivoten-zatvor-za-mazhot-koj-so-40-ubodi-od-nozh-ubi-majka-na-tri-detsa-od-kochani/ Thu, 18 Apr 2024 12:15:40 +0000 https://republika.mk/?p=767552

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, соопшти денеска ОЈО.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/

Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се вели во соопштението.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/

The post Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани appeared first on Република.

]]>

По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело – Убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна – доживотен затвор, соопшти денеска ОЈО. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/jas-nema-da-zhiveam-ama-nema-ni-taa-prijavata-na-ubienata-kochanchanka-ne-bila-sfatena-seriozno/
Обвинетиот, на 25.09.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Во обвинението, Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се вели во соопштението.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/planirano-go-zel-nozhot-od-doma-dobro-znael-po-koj-pat-taa-se-dvizhi-istraga-i-pritvor-za-ubietsot-od-kochani/

The post Доживотен затвор за мажот кој со 40 убоди од нож уби мајка на три деца од Кочани appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за силувачите во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/dozhivoten-zatvor-za-siluvachite-vo-srbija/ Sun, 17 Sep 2023 16:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=682649

Во Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда, се предвидува за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и казна доживотен затвор, јави дописникот на МИА од Белград.

Во интервјуто за белградска Политика, министерката за правда Маја Поповиќ изјави дека значително ќе се заострат казните за семејно насилство, а согласно иницијативата на родителите на убиените деца на пешачки премини и во јавниот сообраќај, ќе се менуваат и санкциите за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот.

- Предложено е за сите форми на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и доживотен затвор. Кога станува збор за кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата, се предлага тој што ќе се утврди дека го сторил ова дело да се казни со затворска казна од шест месеци до пет години, рече Поповиќ.

Таа додаде дека е предложено доколку настане бременост како резултат на извршувањето на ова кривично дело, сторителот да се казни со затвор од една до 10 години, наместо досегашната казна затвор од шест месеци до пет години.

Се предлага заострување и пропишување на затворската казна во интервал од една до 10 години и за кривичното дело семејно насилство сторено со употреба на оружје, опасно орудие или други средства погодни за тешко повредување на телото или тешко нарушување на здравјето. Сегашната затворска казна се движи од шест месеци до пет години.

За основната форма на кривичното дело семејно насилство предложено е заострување и пропишување затворска казна од шест месеци до пет години, наместо досега пропишаната затворската казна од три месеци до три години.

The post Доживотен затвор за силувачите во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија со измените на Кривичниот законик (КЗ), предложени од Министерството за правда, се предвидува за сите облици на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и казна доживотен затвор, јави дописникот на МИА од Белград. Во интервјуто за белградска Политика, министерката за правда Маја Поповиќ изјави дека значително ќе се заострат казните за семејно насилство, а согласно иницијативата на родителите на убиените деца на пешачки премини и во јавниот сообраќај, ќе се менуваат и санкциите за тешко кривично дело против безбедноста на сообраќајот. - Предложено е за сите форми на кривични дела силување, обљуба над немоќно лице и обљуба на дете, да може да се изрече и доживотен затвор. Кога станува збор за кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата, се предлага тој што ќе се утврди дека го сторил ова дело да се казни со затворска казна од шест месеци до пет години, рече Поповиќ. Таа додаде дека е предложено доколку настане бременост како резултат на извршувањето на ова кривично дело, сторителот да се казни со затвор од една до 10 години, наместо досегашната казна затвор од шест месеци до пет години. Се предлага заострување и пропишување на затворската казна во интервал од една до 10 години и за кривичното дело семејно насилство сторено со употреба на оружје, опасно орудие или други средства погодни за тешко повредување на телото или тешко нарушување на здравјето. Сегашната затворска казна се движи од шест месеци до пет години. За основната форма на кривичното дело семејно насилство предложено е заострување и пропишување затворска казна од шест месеци до пет години, наместо досега пропишаната затворската казна од три месеци до три години.

The post Доживотен затвор за силувачите во Србија appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за велепредавство потпиша Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dozhivoten-zatvor-za-velepredavstvo-potpisha-putin/ Sat, 29 Apr 2023 06:43:54 +0000 https://republika.mk/?p=635169

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја.

За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета.

Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор.

Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример.

Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години.

The post Доживотен затвор за велепредавство потпиша Путин appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша нов пакет измени на Кривичниот законик, со кои се зголемија казните за предавство, велепредавство, тероризам и помагање на меѓународни организации чиј член не е оваа земја. За велепредавство сега се казнува доживотен затвор, објави денеска независниот руски информативен портал Медуза, со седиште во Рига, пренесе Бета. Во случај на тероризам, обвинителството ќе може да бара казна затвор до 20 години, а минималната казна за регрутирање соучесници во терористички дела ќе биде седум години затвор. Во Кривичниот законик е додадено ново кривично дело помагање во работата на меѓународните организации, чиј член не е Русија. Медуза го наведува Меѓународниот кривичен суд, кој Русија не го признава, како пример. Помагањето за исполнување на одлуките на тие организации ќе се казнува со затвор до пет години.

The post Доживотен затвор за велепредавство потпиша Путин appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/dozivoten-zatvor-za-trojca-proruski-separtisti-za-soboruvanjeto-na-maleziskiot-avion-vo-2014-godina-nad-ukraina/ Thu, 17 Nov 2022 15:57:20 +0000 https://republika.mk/?p=575031

Окружниот суд во холандскиот град Хаг донесе пресуда доживотен затвор за тројца осомничени проруски сепаратисти, на кои им се судеше во отсуство за нивната наводна улога во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH17 над Украина во 2014 година.

На двајца поранешни разузнавачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на водачот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко, им е наложено да платат најмалку 16 милиони евра отштета за роднините на жртвите.

Сите осудени се во бегство, а се верува дека се во Русија, која нема да ги екстрадира, наведуваат британските медиуми.

Четвртиот осомничен, Олег Пулатов, е ослободен.

Окружниот суд претходно пресуди дека авионот на на „Малезија ерлајнс“, на летот МХ17, бил соборен над источна Украина со проектил лансиран од противвоздушниот систем „Бук“, од поле во близина на Первомајск, во регионот Доњецк, соопшти судијата Хендрик Стенхуис.

Судот соопшти дека Русија имала целосна контрола врз проруските сили во областа во моментот кога бил соборен авионот.

Пресудата се изрекува по повеќе од осум години откако авионот „Боинг 777“, што леташе од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година беше соборен, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

The post Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина appeared first on Република.

]]>

Окружниот суд во холандскиот град Хаг донесе пресуда доживотен затвор за тројца осомничени проруски сепаратисти, на кои им се судеше во отсуство за нивната наводна улога во соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH17 над Украина во 2014 година. На двајца поранешни разузнавачи, Игор Гиркин и Сергеј Дубински, како и на водачот на проруските сили во Украина, Леонид Карченко, им е наложено да платат најмалку 16 милиони евра отштета за роднините на жртвите. Сите осудени се во бегство, а се верува дека се во Русија, која нема да ги екстрадира, наведуваат британските медиуми. Четвртиот осомничен, Олег Пулатов, е ослободен.
Окружниот суд претходно пресуди дека авионот на на „Малезија ерлајнс“, на летот МХ17, бил соборен над источна Украина со проектил лансиран од противвоздушниот систем „Бук“, од поле во близина на Первомајск, во регионот Доњецк, соопшти судијата Хендрик Стенхуис.
Судот соопшти дека Русија имала целосна контрола врз проруските сили во областа во моментот кога бил соборен авионот. Пресудата се изрекува по повеќе од осум години откако авионот „Боинг 777“, што леташе од Амстердам за Куала Лумпур, на 17 јули 2014 година беше соборен, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

The post Доживотен затвор за тројца проруски сепартисти за соборувањето на малезискиот авион во 2014 година над Украина appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за загадување на животната средина: Ќе се воведе кривично дело „екоцид“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dozivoten-zatvor-za-zagaduvanje-na-zivotnata-sredina-kje-se-vovede-krivichno-delo-ekocid/ Sat, 27 Aug 2022 08:58:57 +0000 https://republika.mk/?p=544643

Македонија првпат ќе воведе кривично дело „екоцид“, а обвинет сторител за ова дело ќе се соочи со затворска казна од 10 години до доживотен затвор, пишува СДК.мк.

Тој што спротивно на прописите, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор, стои во новиот Кривичен законик.

Главата 25 од предложениот Кривичен законик – Кривични дела против животната средина и природата изобилува со сериозни затворски казни за загадувачите, а докажувањето на загадување на воздухот, на водата, на почвата, природата, со новите измени се упростува.

На пример:

Тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во најмалку двојно поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една година до три години“.

„Тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во петкратно или поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една до пет години“.

А тој што со овие дела ќе предизвика сериозна опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од три до десет години.

Целиот текст тука

The post Доживотен затвор за загадување на животната средина: Ќе се воведе кривично дело „екоцид“ appeared first on Република.

]]>

Македонија првпат ќе воведе кривично дело „екоцид“, а обвинет сторител за ова дело ќе се соочи со затворска казна од 10 години до доживотен затвор, пишува СДК.мк.
Тој што спротивно на прописите, со намера да предизвика штета на животната средина, ќе преземе дејствие или ќе пропушти да преземе дејствие поради кое ќе настане сериозна или широкораспространета или долготрајна штета на животната средина, ќе се казни со казна затвор од најмалку 10 години или со доживотен затвор, стои во новиот Кривичен законик.
Главата 25 од предложениот Кривичен законик – Кривични дела против животната средина и природата изобилува со сериозни затворски казни за загадувачите, а докажувањето на загадување на воздухот, на водата, на почвата, природата, со новите измени се упростува. На пример: Тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во најмалку двојно поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една година до три години“. „Тој што испушта отровни или издувни гасови, материи или јонизирачко зрачење во воздухот, водата или почвата, во петкратно или поголемо количество од максимално дозволеното со закон или со меѓународен договор ратификуван во согласност со Уставот на Македонија, ќе се казни со затвор од една до пет години“. А тој што со овие дела ќе предизвика сериозна опасност за животот или здравјето на луѓето или уништување на растителен или животински свет во поголеми размери, или на ретки видови на растенија или животни, ќе се казни со затвор од три до десет години. Целиот текст тука

The post Доживотен затвор за загадување на животната средина: Ќе се воведе кривично дело „екоцид“ appeared first on Република.

]]>
Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот” за убиство на сопругот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/dozivoten-zatvor-za-avtorkata-na-kako-da-go-ubiesh-soprugot-za-ubistvo-na-soprugot/ Tue, 14 Jun 2022 18:52:12 +0000 https://republika.mk/?p=514882

Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година.

Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина.

Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната Кремптон – Брофи не одела најдобро. Обвинителите тврдеа дека тој бил осигуран на повеќе од еден милион долари.

Обвинетата при сведочењето изјави дека финансиски била подобра додека нејзиниот сопруг бил жив. Фактот што нејзиниот миниван е виден близу училиштето, таа го препишува на коинциденција.

Се верува дека авторката го следела сопругот на работа и пукала во него со пиштол „глок". Крептон – Брофи исто така имала и делови за „пиштол дух", нерегистрирано оружје што не може да се следи.

Авторката се бранеше дека купила оружје како дел од пишувањето за нејзината нова книга.

-Тоа беше за пишувањето, а не, како што верувате, за да го убијам мојот сопруг, појасни Крептон – Брофи.

Во 2011 година, таа на блог објави текст со наслов „Како да го убиеш твојот сопруг".

„Бидејќи пишувам дела со содржина што спаѓа во романтична неизвесност, поминувам доста време мислејќи за убиство и следствено, за полициската процедура", започнува текстот.

Есејот е поделен на делови со детали за добрите и лошите страни на убиство на злобен сопруг./MИА

The post Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот” за убиство на сопругот appeared first on Република.

]]>

Таа е обвинета за убиство на нејзиниот сопруг, готвачот Даниел Брофи, кој беше убиен во училиштето каде што држеше часови за готвење во јуни 2018 година. Според судски документи, обвинители изјавија дека во 63-годишниот Брофи било пукано двапати, еднаш во грб, додека стоел покрај мијалник и полнел кофи со вода и мраз, а потоа и во градите од непосредна близина. Парот бил во долгови, а продажбата на романите на 71-годишната Кремптон – Брофи не одела најдобро. Обвинителите тврдеа дека тој бил осигуран на повеќе од еден милион долари. Обвинетата при сведочењето изјави дека финансиски била подобра додека нејзиниот сопруг бил жив. Фактот што нејзиниот миниван е виден близу училиштето, таа го препишува на коинциденција. Се верува дека авторката го следела сопругот на работа и пукала во него со пиштол „глок". Крептон – Брофи исто така имала и делови за „пиштол дух", нерегистрирано оружје што не може да се следи. Авторката се бранеше дека купила оружје како дел од пишувањето за нејзината нова книга. -Тоа беше за пишувањето, а не, како што верувате, за да го убијам мојот сопруг, појасни Крептон – Брофи. Во 2011 година, таа на блог објави текст со наслов „Како да го убиеш твојот сопруг". „Бидејќи пишувам дела со содржина што спаѓа во романтична неизвесност, поминувам доста време мислејќи за убиство и следствено, за полициската процедура", започнува текстот. Есејот е поделен на делови со детали за добрите и лошите страни на убиство на злобен сопруг./MИА

The post Доживотен затвор за авторката на „Како да го убиеш сопругот” за убиство на сопругот appeared first on Република.

]]>