доверба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doverba/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Apr 2024 11:19:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доверба Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doverba/ 32 32 Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата, најмала во Обвинителството и судството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-najgolema-doverba-imaat-vo-armijata-religiskite-institutsii-i-politsijata-najmala-vo-obvinitelstvoto-i-sudstvoto/ Fri, 12 Apr 2024 11:19:19 +0000 https://republika.mk/?p=765427

Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – Евротинк.

Анкетата е спроведена телефонски од агенцијата „Брима“ врз репрезентативен примерок од 1.

001 испитаник во периодот од 31 јануари до 14 февруари годинава со маргина на грешка од 3,1 проценти во рамките на истражувањето „Перцепции и ставови на граѓаните за работата на полицијата во февруари 2024 година“.

Во ова мерење има мал раст на довербата во полицијата која е институција во фокусот на овој проект.

Традиционално Армијата и религиозните заедници се наоѓаат на првите две места, а полицијата на четврто, но овој пат е на трето место.

Потоа следат претседателот на државата, невладините организации и безбедносно разузнавачки институции.

Владата е некаде на средина со 18 проценти доверба, ДКСК и народниот правобранител се со доверба од 15 и 13 отсто и на дното се Собранието, судството и Обвинителството.

Има мало враќање на довербата кај Обвинителството и судството кои претходно имаа доверба од 7, односно 6 отсто - рече Александар Стојановски од Евротинк на денешната средба со новинарите.

Нагласи дека во мерењето има доминантно изразена недоверба освен кај првите две институции.

Кај полицијата има генерално подобрување на перцепцијата на испитаниците освен во делот на работата на управните служби за издавање на лични документи.

Кај полицијата највисоко оценет аспект е професионалноста со 31 отсто, а најниско оценет – независноста на таа институција од партиски, владини и бизнис интереси со 12 отсто.

Доминираат негативни ставови во мерењето за оваа година што е слично со претходните мерења што сме ги правеле - посочи Стојановски.

На прашањето дали граѓаните веруваат дека полицијата ќе ги заштити доколку нивната безбедност е загрозена, како што кажа, одговорите се речиси исти со претходните мерења и додаде дека поголем дел од нив сметаат дека ќе ги заштити.

Една петина од испитаниците имала некаков контакт со полицијата и во најголем дел граѓаните сами побарале контакт со полицијата.

Од оние што имале контакт со полицијата голем дел имале потреба да пријават настан во внатрешната контрола. Расте и свесноста за надворешна контрола на работата на полицијата.

Речиси 34 проценти о испитаниците ја оценуваат достапноста на информации поврзани со вадење на документи како лоша, а скоро 40 проценти како лоша ја оценуваат работата на управните служби на полицијата кои се одговорни за издавање на документи.

Споредено со 2022 година оценката за слаба достапност на информации поврзани со процедурите за вадење на документи е околу 23 проценти, додека за работата на управните служби во 2022 година само 23 отсто од испитаниците дале лоша оценка.

Во врска со работата на управните служби годинава само 20 отсто од испитаниците изразиле задоволство, додека во 2022 година процент бил дури 50 отсто, потенцира Стојановски.

Тој смета дека високата доверба на Армијата не се должи на влегувањето на земјава во НАТО. -Довербата во Армијата не би ја поврзувал со нашето влегување во НАТО.

Веројатно граѓаните ја гледаат оваа институција како поголем заштитник или институција која е најимуна на влијанијата како што се партизирање, корупција, злоупотреба, инструментализација на институцијата во различни цели, рече Стојановски.

Истражувањето е направено во рамки на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата“ што се спроведува од јули 2022 година до јуни 2024 година и е подржано од Националниот фонд за демократија на САД.

Главна цел на проектот е да ги поттикне постојните и да развие нови добри практики и ефективни механизми за поголема отчетност и транспарентност на полицијата - рече Димитар Николовски од Евротинк.

Во рамки на проектот, како што кажа, се преземени активности за развивање на методологија за мониторинг на отчетноста и транспарентноста и три мерења, како и три обуки за претставници на полицијата, надворешните механизми за контрола на полицијата и новинарите.

Направени се и осум регионални средби меѓу граѓаните, полицијата, новинарите и граѓанското општество. Евротинк претходно вакви истражувања правеше и во 2020, 2021 и 2022 година.

The post Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата, најмала во Обвинителството и судството appeared first on Република.

]]>

Граѓаните најголема доверба од 44 отсто имаат во Армијата, потоа следат религиските институции со 35 отсто, полицијата со 28 отсто, па претседателот на државата со 24 отсто. Владата традиционално е на средина на рангирањето со доверба од 18 отсто, а најниска доверба имаат Собранието со 12 отсто и Обвинителството и судството со по 9 отсто, покажуваат резултатите од истражувањето „Еврометар 2024“ што го спроведе Центарот за европски стратегии – Евротинк. Анкетата е спроведена телефонски од агенцијата „Брима“ врз репрезентативен примерок од 1. 001 испитаник во периодот од 31 јануари до 14 февруари годинава со маргина на грешка од 3,1 проценти во рамките на истражувањето „Перцепции и ставови на граѓаните за работата на полицијата во февруари 2024 година“. Во ова мерење има мал раст на довербата во полицијата која е институција во фокусот на овој проект. Традиционално Армијата и религиозните заедници се наоѓаат на првите две места, а полицијата на четврто, но овој пат е на трето место. Потоа следат претседателот на државата, невладините организации и безбедносно разузнавачки институции. Владата е некаде на средина со 18 проценти доверба, ДКСК и народниот правобранител се со доверба од 15 и 13 отсто и на дното се Собранието, судството и Обвинителството.
Има мало враќање на довербата кај Обвинителството и судството кои претходно имаа доверба од 7, односно 6 отсто - рече Александар Стојановски од Евротинк на денешната средба со новинарите.
Нагласи дека во мерењето има доминантно изразена недоверба освен кај првите две институции. Кај полицијата има генерално подобрување на перцепцијата на испитаниците освен во делот на работата на управните служби за издавање на лични документи. Кај полицијата највисоко оценет аспект е професионалноста со 31 отсто, а најниско оценет – независноста на таа институција од партиски, владини и бизнис интереси со 12 отсто.
Доминираат негативни ставови во мерењето за оваа година што е слично со претходните мерења што сме ги правеле - посочи Стојановски.
На прашањето дали граѓаните веруваат дека полицијата ќе ги заштити доколку нивната безбедност е загрозена, како што кажа, одговорите се речиси исти со претходните мерења и додаде дека поголем дел од нив сметаат дека ќе ги заштити. Една петина од испитаниците имала некаков контакт со полицијата и во најголем дел граѓаните сами побарале контакт со полицијата. Од оние што имале контакт со полицијата голем дел имале потреба да пријават настан во внатрешната контрола. Расте и свесноста за надворешна контрола на работата на полицијата. Речиси 34 проценти о испитаниците ја оценуваат достапноста на информации поврзани со вадење на документи како лоша, а скоро 40 проценти како лоша ја оценуваат работата на управните служби на полицијата кои се одговорни за издавање на документи. Споредено со 2022 година оценката за слаба достапност на информации поврзани со процедурите за вадење на документи е околу 23 проценти, додека за работата на управните служби во 2022 година само 23 отсто од испитаниците дале лоша оценка. Во врска со работата на управните служби годинава само 20 отсто од испитаниците изразиле задоволство, додека во 2022 година процент бил дури 50 отсто, потенцира Стојановски. Тој смета дека високата доверба на Армијата не се должи на влегувањето на земјава во НАТО. -Довербата во Армијата не би ја поврзувал со нашето влегување во НАТО. Веројатно граѓаните ја гледаат оваа институција како поголем заштитник или институција која е најимуна на влијанијата како што се партизирање, корупција, злоупотреба, инструментализација на институцијата во различни цели, рече Стојановски. Истражувањето е направено во рамки на проектот „Подобрување на отчетноста и транспарентноста на полицијата“ што се спроведува од јули 2022 година до јуни 2024 година и е подржано од Националниот фонд за демократија на САД.
Главна цел на проектот е да ги поттикне постојните и да развие нови добри практики и ефективни механизми за поголема отчетност и транспарентност на полицијата - рече Димитар Николовски од Евротинк.
Во рамки на проектот, како што кажа, се преземени активности за развивање на методологија за мониторинг на отчетноста и транспарентноста и три мерења, како и три обуки за претставници на полицијата, надворешните механизми за контрола на полицијата и новинарите. Направени се и осум регионални средби меѓу граѓаните, полицијата, новинарите и граѓанското општество. Евротинк претходно вакви истражувања правеше и во 2020, 2021 и 2022 година.

The post Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата, религиските институции и полицијата, најмала во Обвинителството и судството appeared first on Република.

]]>
Христијан Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски, покажува најновата анкета на ИПИС https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/hristijan-mitskoski-so-trojno-povisok-rejting-od-kovachevski-pokazhuva-najnovata-anketa-na-ipis/ Sun, 29 Oct 2023 09:18:58 +0000 https://republika.mk/?p=695940

Спроведеното кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 25 и 27 октомври 2023 на 1055 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија од страна на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) покажува дека Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, е политичар со најголема доверба меѓу граѓаните.

The post Христијан Мицкоски со тројно повисок рејтинг од Ковачевски, покажува најновата анкета на ИПИС appeared first on Република.

Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски, а најпозитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ – покажа анкетата на CRPC https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-imaat-najgolema-doverba-vo-mitskoski-a-najpozitivno-mislene-za-vmro-dpmne-pokazha-anketata-na-crpc/ Tue, 24 Oct 2023 11:04:07 +0000 https://republika.mk/?p=694500

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за премиерот Димитар Ковачевски, 22% од анкетираните одговориле дека имаат главно негативно мислење за премиерот, негативно мислење имаат 21 % од испитаниците, многу негативно 16%, малку позитивно, главно позитивно 5%, односно 9%. 19% од испитаниците на прашањето се изјасниле со – не знам.

Повеќе позитивно мислење за премиерот Ковачевски имаат Македонците споредбено со нивните сонародници Албанци.

Испитаниците во спроведената анкета од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека највеќе му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.

Или во бројки 19,2% од анкетираните му веруваат на Мицковски, на претседателот на СДСМ Ковачевски му веруваат 10,6 % од анкетираните, на Али Ахмети 4,7%, за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно за нив се изјасниле 3,45% од испитаниците.

Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод.

Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба.

Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година.

Маргина на грешка +-2,5%.

Рејтинг на партиите

„Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за ВМРО-ДПМНЕ“ е дел од серијата прашање на анкетата спроведна од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги.

Oдговорите на ова прашање се многу поделени.

17% од анкетираните имаат позитивно и главно позитивно мислење за партијата на Мицковски, на опцијата многу позитивно одговориле 15 % од испитаниците, а негативно мислење за партијата имаат 16 % од анкетираните. На прашањето со – не знам одговориле 15 % од испитаниците. 24% од Македонците имаат позитивно мислење за партијата на Мицковски, а само 1 % од Албанците според анкетата имаат позитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетата покажа дека за владината партија СДСМ 24% од испитаниците рекле дека имаат многу негативно мислење, а 8% од нив рекле дека имаат позитивно мислење за партијата на Ковачевски. 9% од Македонците се со позитивно мислење за СДСМ, а само 1% од Албанците се со позитивно мислење за партијата на Ковачевски.

The post Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски, а најпозитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ – покажа анкетата на CRPC appeared first on Република.

]]>

Во анкетата спроведена од Центарот за политички истражувања и комуникации (CRPC), во соработка со Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги Glas.mk на прашањето: Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за премиерот Димитар Ковачевски, 22% од анкетираните одговориле дека имаат главно негативно мислење за премиерот, негативно мислење имаат 21 % од испитаниците, многу негативно 16%, малку позитивно, главно позитивно 5%, односно 9%. 19% од испитаниците на прашањето се изјасниле со – не знам. Повеќе позитивно мислење за премиерот Ковачевски имаат Македонците споредбено со нивните сонародници Албанци. Испитаниците во спроведената анкета од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги одговориле дека највеќе му веруваат на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски. Или во бројки 19,2% од анкетираните му веруваат на Мицковски, на претседателот на СДСМ Ковачевски му веруваат 10,6 % од анкетираните, на Али Ахмети 4,7%, за Арбен Таравари и Билал Касами бројките се исти односно за нив се изјасниле 3,45% од испитаниците. Инаку станува збор за анкета спроведена „лице в лице“ според случаен метод. Истражувањето беше спроведено на ниво на цела територија на Република Македонија, секогаш земајќи го предвид етничкиот состав, бројот на гласачи, полот, возраста,стручната подготовка, степенот на образование и географската распределба. Истражувањето е спроведено во периодот од 18 до 30 септември 2023 година. Маргина на грешка +-2,5%. Рејтинг на партиите „Дали имате позитивно, главно позитивно, главно негативно или многу негативно мислење за ВМРО-ДПМНЕ“ е дел од серијата прашање на анкетата спроведна од ЦРПЦ и Здружението за новинарство, информирање, комуникации и маркетинг услуги. Oдговорите на ова прашање се многу поделени. 17% од анкетираните имаат позитивно и главно позитивно мислење за партијата на Мицковски, на опцијата многу позитивно одговориле 15 % од испитаниците, а негативно мислење за партијата имаат 16 % од анкетираните. На прашањето со – не знам одговориле 15 % од испитаниците. 24% од Македонците имаат позитивно мислење за партијата на Мицковски, а само 1 % од Албанците според анкетата имаат позитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ. Анкетата покажа дека за владината партија СДСМ 24% од испитаниците рекле дека имаат многу негативно мислење, а 8% од нив рекле дека имаат позитивно мислење за партијата на Ковачевски. 9% од Македонците се со позитивно мислење за СДСМ, а само 1% од Албанците се со позитивно мислење за партијата на Ковачевски.

The post Граѓаните имаат најголема доверба во Мицкоски, а најпозитивно мислење за ВМРО-ДПМНЕ – покажа анкетата на CRPC appeared first on Република.

]]>
Компаниите не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kompaniite-ne-im-veruvaat-na-drzhavnite-institutsii-i-zatoa-ne-se-javuvaat-na-javnite-tenderi/ Sat, 21 Oct 2023 15:24:15 +0000 https://republika.mk/?p=693663

Приватните компании не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Алиу кажа дека внатрешната ревизија што ја спровела Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година покажала дека компаниите не се заинтересиорани да аплицираат на јавни тендери, што значи дека довербата на приватниот сектор кон државните институции е намалена. На 14 од вкупно 18 анализирани тендерски постапки од јануари 2021 до јуни 2023, пријавена била само една компанија.

На средба со компаниите тие посочија дека една од причините за ова е што тендерската документација или не е јасна или е толку јасна што се гледа дека е направена за дел од приватниот сектор. Не сакам да верувам во тоа, зашто нашите колеги од МИОА се експерти и убеден сум дека може да имаме повеќе заинтересирани компании кои би аплицирале, рече Алиу.

The post Компаниите не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери appeared first on Република.

]]>

Приватните компании не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери, изјави денеска министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу. Алиу кажа дека внатрешната ревизија што ја спровела Министерството за информатичко општество и администрација за периодот 2021 – 2023 година покажала дека компаниите не се заинтересиорани да аплицираат на јавни тендери, што значи дека довербата на приватниот сектор кон државните институции е намалена. На 14 од вкупно 18 анализирани тендерски постапки од јануари 2021 до јуни 2023, пријавена била само една компанија.
На средба со компаниите тие посочија дека една од причините за ова е што тендерската документација или не е јасна или е толку јасна што се гледа дека е направена за дел од приватниот сектор. Не сакам да верувам во тоа, зашто нашите колеги од МИОА се експерти и убеден сум дека може да имаме повеќе заинтересирани компании кои би аплицирале, рече Алиу.

The post Компаниите не им веруваат на државните институции и затоа не се јавуваат на јавните тендери appeared first on Република.

]]>
Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germantsite-se-nezadovolni-od-kantselarot-sholts-i-negovite-ekonomski-politiki/ Fri, 18 Aug 2023 08:28:21 +0000 https://republika.mk/?p=673257

Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажа истражувањето на јавниот телевизиски канал „ЗДФ“.

Педесет и еден процент од испитаниците на истражувањето изјавија дека не се задоволни од работата на канцеларот.

Само 43 отсто од испитаниците посочиле дека се задоволни од работата на Шолц на чело на коалицијата меѓу неговата централно-левичарска СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 6 отсто се неопределени.

Во средата, владата на Шолц не успеа да усвои закон со кој се нудат корпоративни даночни олеснувања во вредност од милијарди евра, откако беше ставено вето од министерот на Зелените, кој бара милијарди евра дополнителни пари за детски бенефиции.

И покрај наодите од истражувањето, Шолц останува вториот најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.

The post Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики appeared first on Република.

]]>

Мнозинството Германци се незадоволни од раководството на канцеларот Олаф Шолц за прв пат откако тој ја презеде функцијата во 2021 година, покажа истражувањето на јавниот телевизиски канал „ЗДФ“. Педесет и еден процент од испитаниците на истражувањето изјавија дека не се задоволни од работата на канцеларот. Само 43 отсто од испитаниците посочиле дека се задоволни од работата на Шолц на чело на коалицијата меѓу неговата централно-левичарска СПД, либералната ФДП и Зелените, додека 6 отсто се неопределени. Во средата, владата на Шолц не успеа да усвои закон со кој се нудат корпоративни даночни олеснувања во вредност од милијарди евра, откако беше ставено вето од министерот на Зелените, кој бара милијарди евра дополнителни пари за детски бенефиции. И покрај наодите од истражувањето, Шолц останува вториот најпопуларен политичар во Германија зад министерот за одбрана Борис Писториус, кој со месеци е на врвот.

The post Германците се незадоволни од канцеларот Шолц и неговите економски политики appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Последните бројки од анкетите покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ од 24 спрема 11, тоа е предност за повеќе од два пати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-poslednite-brojki-od-anketite-pokazhuvaat-vodstvo-na-vmro-dpmne-od-24-sprema-11-toa-e-prednost-za-poveke-od-dva-pati/ Tue, 25 Jul 2023 18:42:30 +0000 https://republika.mk/?p=665238

Последните анкети кои што ние како политичка партија ги правиме секој месец по една теренска и по една телефонска анкета, морам да кажам дека покажуваат за првпат разликата помеѓу нас и СДС да е многу повеќе и од два пати. Последните бројки кои што ги добивме овој месец се 24 наспроти 11 проценти. И тоа е огормна доверба и огромно очекување на граѓаните од ВМРО-ДПМНЕ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во ТВ Тера.

Мицкоски додаде дека тенденција на партијата е довербата кај граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ да расте.

Значи, вие кога имате толкава предност, тоа и ве обврзува и треба и ние да се замислиме во ВМРО-ДПМНЕ, и добро да се екипираме затоа што граѓаните ќе имаат огромни очекувања и брзи очекувања во идната Влада која што ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи“, заклучи Мицкоски.

The post Мицкоски: Последните бројки од анкетите покажуваат водство на ВМРО-ДПМНЕ од 24 спрема 11, тоа е предност за повеќе од два пати appeared first on Република.

Муцунски смета дека Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mutsunski-smeta-deka-vladimir-todorovik-sluzhi-za-defokus-od-drin-ahmeti/ Fri, 30 Jun 2023 18:24:21 +0000 https://republika.mk/?p=656985

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот„ во дневникот на Сител.

Муцунски потсети дека покрај сите скандали видовме и скандалозен тендер за надзор за коридор 8 каде компанија која претходно произведувала долен веш, го доби тој тендер и гледаме како за институциите тоа не е корупција, и затоа на овој правосуден систем никој не му верува.

Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир ТОдоровиќ Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле, низа скандали, како и истиот потекнува од СЈО чиј прв човек сега е во затвор.

Првиот суштински проблем е фактот дека првата предистрага или истрага за овој предмет потекнува од СЈО, токму и обвинителот кој денес го видовме бил помошник, а сите знаеме во моментов каде се наоѓа госпоѓата која го предводеше тоа обвинителство и ги преземаше сите обврски од името на тоа обвинителство, Катица Јанева се наоѓа во затвор осудена за корупција. Од таа гледна точка одговорно тврдам дека секој предмет преземен од тоа обвинителство е политизиран и предмет на тоа кои се вистинските намери кои произлегуваат од истиот. Мое лично убедување е дека се работи за дефокус, обид за одземање на внимание од јавноста од тоа што во моментот се случува. Се прави дефокус о фактот што никој не зборува во институциите за купувањето деловен центар од 30 милиони евра од 24 годишно момче, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандал, членови на владата н свои партнери продаваат државно земјиште на седница на влада, рече Муцунски.

Муцунски истакна дека низата скандали од кои голем дел се поврзани со ДУИ, за ниту еден од нив нема истрага, процедура, гледаме како истрагите по брза постапка се затвораат тоа го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори дека во моментов правосудниот систем со луѓето кои раководат се политизирани и директно влијание на ДУИ, а второстепено и на СДС.

Мора да ставиме крај на овој процес, анкетите кажуваат дека граѓаните немаат никаква доверба во правосудството, но гледаме и изјави на претставници на меѓународната заедница, претставници на држави како јасно ни кажуваат дека има вистинска загриженост и по конкретни примери, за состојбите и немањето капацитет за коренити реформи, изјави Муцунски.

The post Муцунски смета дека Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>

Сведоци сме во последниот период за низа скандали, дел објавени од медиумите, дел од нас како политичка партија. Видовме како внук на лидерот на владејачка партија купи деловен објект од 30 милиони евра, но тоа за институциите не е корупција. Видовме членови на владата како на свои брачни другари им продаваат државен имот, но тоа за правосудниот систем не е корупција, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за „Тема на денот„ во дневникот на Сител. Муцунски потсети дека покрај сите скандали видовме и скандалозен тендер за надзор за коридор 8 каде компанија која претходно произведувала долен веш, го доби тој тендер и гледаме како за институциите тоа не е корупција, и затоа на овој правосуден систем никој не му верува. Во однос на денешното апсење за поранешниот градоначалник на Центар, Владимир ТОдоровиќ Муцунски истакна дека истиот е за политички интерес и дефокус од суштината во моментот дека корупција имаме во секое поле, низа скандали, како и истиот потекнува од СЈО чиј прв човек сега е во затвор.
Првиот суштински проблем е фактот дека првата предистрага или истрага за овој предмет потекнува од СЈО, токму и обвинителот кој денес го видовме бил помошник, а сите знаеме во моментов каде се наоѓа госпоѓата која го предводеше тоа обвинителство и ги преземаше сите обврски од името на тоа обвинителство, Катица Јанева се наоѓа во затвор осудена за корупција. Од таа гледна точка одговорно тврдам дека секој предмет преземен од тоа обвинителство е политизиран и предмет на тоа кои се вистинските намери кои произлегуваат од истиот. Мое лично убедување е дека се работи за дефокус, обид за одземање на внимание од јавноста од тоа што во моментот се случува. Се прави дефокус о фактот што никој не зборува во институциите за купувањето деловен центар од 30 милиони евра од 24 годишно момче, дефокус од скандалозниот надзор за коридор 8, од низата скандал, членови на владата н свои партнери продаваат државно земјиште на седница на влада, рече Муцунски.
Муцунски истакна дека низата скандали од кои голем дел се поврзани со ДУИ, за ниту еден од нив нема истрага, процедура, гледаме како истрагите по брза постапка се затвораат тоа го потврдува тоа што ВМРО-ДПМНЕ го говори дека во моментов правосудниот систем со луѓето кои раководат се политизирани и директно влијание на ДУИ, а второстепено и на СДС.
Мора да ставиме крај на овој процес, анкетите кажуваат дека граѓаните немаат никаква доверба во правосудството, но гледаме и изјави на претставници на меѓународната заедница, претставници на држави како јасно ни кажуваат дека има вистинска загриженост и по конкретни примери, за состојбите и немањето капацитет за коренити реформи, изјави Муцунски.
 
The post Муцунски смета дека Владимир Тодоровиќ служи за дефокус од Дрин Ахмети appeared first on Република.

]]>
„Не учи многу, ќе станеш пратеник“: Граѓаните не му веруваат на Собранието и пратениците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ne-uchi-mnogu-ke-stanesh-pratenik-graganite-ne-mu-veruvaat-na-sobranieto-i-pratenitsite/ Fri, 09 Jun 2023 08:29:32 +0000 https://republika.mk/?p=649476

Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето на Програмата за парламентарна поддршка за работата на Собранието на Република Македонија кое беше презентирано во Собранието пред пратениците и претставниците на собраниските служби. На скала од 1 - најниска, до 10 - највисока, граѓаните довербата во Собранието ја оценија со 3.4 што е пад од 0.6 во споредба со 2022 година.

Истражувањето ги анализира перцепциите на граѓаните за работата на Собранието генерално, почнувајќи од довербата во Собранието во споредба со другите власти, надзорната улога на Собранието, кого претставуваат пратениците, функциите на Собранието, информираноста за работата на законодавниот дом, како и други реформски процеси клучни за унапредување на работата на Собранието.

Ова истражување вклучува теренска анкета спроведена во периодот од 22 февруари до 09 март 2023 и девет фокус групи, кои беа спроведени во април 2023 година.

Настанот го отворија Роберт Скот Хислет, виш постојан директор на НДИ и тим лидер на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) и Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија (ИДСЦС).

Хејзлет рече дека пратениците, за да покажат одговорност пред јавноста, треба да размислат за етички реформи и реформи во кампањите како и за поголем законодавен надзор.

Граѓаните во Македонија се загрижени што пратениците ефективно не одговараат на потребите на граѓаните и сметаат дека пратениците ги застапуваат нивните лични интереси (80%), интересите на политичката партија (75%) и бизнис интересите (64%), рече Хислет.

Трошановски потенцираше дека за да се подобри перцепцијата за Собранието клучна е неговата активна надзорна улога врз извршната власт.

Ако сакаме Собранието да се претвори во вистински законодавен дом, како врховна институција на суверенитетот на граѓаните, тогаш надзорната функција односно контролата на властa, барањата на одговорност, како и земање во предвид на сите извештаи на ДЗР и посочените пропусти од Антикорупциската комисија, е нешто што мора да се направи во следниот период, смета Трошановски.

На скалата од 1 – најлошо, до 5 – најдобро, граѓаните за работата на Собранието во 2022 година дадоа средна оценка од 2,2 што претставува пад на скалата споредено со изминатите четири години.

Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Дополнително, речиси половина (46%) од испитаниците сметаат дека Собранието ја зголемува корупцијата, наместо да ја намалува. Високи 70% од испитаниците сметаат дека повеќето од пратениците не се подготвени да носат одлуки во име на граѓаните. Тие сметаат дека пратениците не се подготвени за функцијата што ја имаат, се сомневаат во нивните способности - „не учи многу, ќе станеш пратеник“ (Етнички Албанец, Тетово 65+). Тие исто така сметаат дека пратениците не се спремни за обврските кои произлегуваат од евро-интегративниот процес, но и дека немаат искрена волја за ЕУ интеграциите – „само се караат, но не сакаат да одиме во Европа, затоа што ќе го немаат тоа што го имаат, комодитет да прават што сакаат“ (Етнички Македонец, Куманово, 65+).

Донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието. Сепак, извршувањето на овие функции од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани. Сметаат дека повеќето закони се гласаат со забрзана постапка и тоа значи дека нема вистинска дебата во Собранието. Законите иако можеби се добри, тие не се имплементираат – „Многу работи фалат, на пример законот за млади не се спроведува. После донесување закон следи нова борба за негова имплементација“ (Етничка Македонка, Битола, 18-30).

Во поглед на отвореноста на Собранието кон јавноста, најголем дел од испитаниците сметаат дека Собранието е целосно или делумно затворено за јавноста, а пратениците не ги земаат предвид забелешките на јавноста при изработката на законите.

Доминантен дел од испитаниците сметаат дека пратениците секогаш ги застапуваат нивните лични интереси, интересите на политичките партии, како и бизнис-интересите. Голем дел од анкетираните граѓани, сметаат и дека пратениците до некоја мерка се зависни од волјата на лидерите на политичките партии од кои доаѓаат.

Мнозинството граѓани сметаат дека бојкотот на работата на Собранието како и развлекувањето и одолговлекувањето на дебатата за да не се донесе некој закон или одлука, не се исправни начини за искажување политички ставови во работата на Собранието. Дополнително, граѓаните за најважните политички процеси во државата очекуваат дебата во Собранието наместо на лидерски средби.

Доминира бројот граѓани кои сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока во однос на оние што го сметаат спротивното. Најголеми оптимисти се жителите на Југозапад, каде над половина одговорија дека животот се движи во правилна насока. Најмногу негативни одговори, односно дека животот се движи во погрешна насока дале жителите на Вардарски Регион, Југоисточен Регион, Пелагониски, Полошки и Североисточен Регион.

Оваа публикација е подготвена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) која е финансирана од Владата на Швајцарија, а ја спроведува Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центар за управување со промени (ЦУП). Содржината на публикацијата во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Владата на Швајцарија.

The post „Не учи многу, ќе станеш пратеник“: Граѓаните не му веруваат на Собранието и пратениците appeared first on Република.

]]>

Граѓаните имаат ниска доверба во Собранието и пратениците, покажува истражувањето на Програмата за парламентарна поддршка за работата на Собранието на Република Македонија кое беше презентирано во Собранието пред пратениците и претставниците на собраниските служби. На скала од 1 - најниска, до 10 - највисока, граѓаните довербата во Собранието ја оценија со 3.4 што е пад од 0.6 во споредба со 2022 година. Истражувањето ги анализира перцепциите на граѓаните за работата на Собранието генерално, почнувајќи од довербата во Собранието во споредба со другите власти, надзорната улога на Собранието, кого претставуваат пратениците, функциите на Собранието, информираноста за работата на законодавниот дом, како и други реформски процеси клучни за унапредување на работата на Собранието. Ова истражување вклучува теренска анкета спроведена во периодот од 22 февруари до 09 март 2023 и девет фокус групи, кои беа спроведени во април 2023 година. Настанот го отворија Роберт Скот Хислет, виш постојан директор на НДИ и тим лидер на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) и Марко Трошановски, Претседател на Институт за демократија (ИДСЦС). Хејзлет рече дека пратениците, за да покажат одговорност пред јавноста, треба да размислат за етички реформи и реформи во кампањите како и за поголем законодавен надзор.
Граѓаните во Македонија се загрижени што пратениците ефективно не одговараат на потребите на граѓаните и сметаат дека пратениците ги застапуваат нивните лични интереси (80%), интересите на политичката партија (75%) и бизнис интересите (64%), рече Хислет.
Трошановски потенцираше дека за да се подобри перцепцијата за Собранието клучна е неговата активна надзорна улога врз извршната власт.
Ако сакаме Собранието да се претвори во вистински законодавен дом, како врховна институција на суверенитетот на граѓаните, тогаш надзорната функција односно контролата на властa, барањата на одговорност, како и земање во предвид на сите извештаи на ДЗР и посочените пропусти од Антикорупциската комисија, е нешто што мора да се направи во следниот период, смета Трошановски.
На скалата од 1 – најлошо, до 5 – најдобро, граѓаните за работата на Собранието во 2022 година дадоа средна оценка од 2,2 што претставува пад на скалата споредено со изминатите четири години. Перцепцијата на мнозинството граѓани е дека Собранието не ја извршува докрај својата надзорна улога, односно 27% од испитаниците сметаат дека Владата има целосна контрола над Собранието. Дополнително, речиси половина (46%) од испитаниците сметаат дека Собранието ја зголемува корупцијата, наместо да ја намалува. Високи 70% од испитаниците сметаат дека повеќето од пратениците не се подготвени да носат одлуки во име на граѓаните. Тие сметаат дека пратениците не се подготвени за функцијата што ја имаат, се сомневаат во нивните способности - „не учи многу, ќе станеш пратеник“ (Етнички Албанец, Тетово 65+). Тие исто така сметаат дека пратениците не се спремни за обврските кои произлегуваат од евро-интегративниот процес, но и дека немаат искрена волја за ЕУ интеграциите – „само се караат, но не сакаат да одиме во Европа, затоа што ќе го немаат тоа што го имаат, комодитет да прават што сакаат“ (Етнички Македонец, Куманово, 65+). Донесувањето на што поквалитетни закони, надгледувањето над трошењето на буџетот и грижата за имплементирањето на законите и политиките, се посочени како најважни функции на Собранието. Сепак, извршувањето на овие функции од страна на Собранието е оценето како незадоволително од страна на мнозинството граѓани. Сметаат дека повеќето закони се гласаат со забрзана постапка и тоа значи дека нема вистинска дебата во Собранието. Законите иако можеби се добри, тие не се имплементираат – „Многу работи фалат, на пример законот за млади не се спроведува. После донесување закон следи нова борба за негова имплементација“ (Етничка Македонка, Битола, 18-30). Во поглед на отвореноста на Собранието кон јавноста, најголем дел од испитаниците сметаат дека Собранието е целосно или делумно затворено за јавноста, а пратениците не ги земаат предвид забелешките на јавноста при изработката на законите. Доминантен дел од испитаниците сметаат дека пратениците секогаш ги застапуваат нивните лични интереси, интересите на политичките партии, како и бизнис-интересите. Голем дел од анкетираните граѓани, сметаат и дека пратениците до некоја мерка се зависни од волјата на лидерите на политичките партии од кои доаѓаат. Мнозинството граѓани сметаат дека бојкотот на работата на Собранието како и развлекувањето и одолговлекувањето на дебатата за да не се донесе некој закон или одлука, не се исправни начини за искажување политички ставови во работата на Собранието. Дополнително, граѓаните за најважните политички процеси во државата очекуваат дебата во Собранието наместо на лидерски средби. Доминира бројот граѓани кои сметаат дека животот во државата се движи во погрешна насока во однос на оние што го сметаат спротивното. Најголеми оптимисти се жителите на Југозапад, каде над половина одговорија дека животот се движи во правилна насока. Најмногу негативни одговори, односно дека животот се движи во погрешна насока дале жителите на Вардарски Регион, Југоисточен Регион, Пелагониски, Полошки и Североисточен Регион. Оваа публикација е подготвена од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во рамките на Програмата за парламентарна поддршка (ПСП) која е финансирана од Владата на Швајцарија, а ја спроведува Националниот демократски институт (НДИ), Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) и Центар за управување со промени (ЦУП). Содржината на публикацијата во никој случај не може да се смета дека ги одразува ставовите на Владата на Швајцарија.  

The post „Не учи многу, ќе станеш пратеник“: Граѓаните не му веруваат на Собранието и пратениците appeared first on Република.

]]>
Рејтингот на Бајден продолжува да опаѓа, најголем проблем за Американците се економските проблеми во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rejtingot-na-bajden-prodolzhuva-da-opaga-najgolem-problem-za-amerikantsite-se-ekonomskite-problemi-vo-sad/ Wed, 19 Apr 2023 14:54:13 +0000 https://republika.mk/?p=632165

Американците во текот на април имале само 39 отсто доверба во работата на американскиот претседател Џо Бајден, со што тој приближи до најниското ниво откако ја презеде функцијата во 2021 година, пренесе „Ројтерс“.

Резултатите од анкетата на „Ројтерс/Ипсос“, спороведена од 14 до 16 април, покажуваат мал пад во довербата во однос на минатиот месец, кога 42 отсто од испитаниците изјавија дека ги одобруваат политиките на Бајден како претседател.

Неговата популарност опадна речиси веднаш откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година. Најголемиот пад на неговиот рејтинг беше во средината на минатата година, кога само 36 отсто од анкетираните изјавија дека го поддржуваат. Оттогаш, процентот на испитаници кои изразуваат поволен став за Бајден остана приближно ист.

Американскиот претседател минатиот петок најави дека сака да учествува на следните претседателски избори, кои ќе се одржат следната година, но се уште официјално не ја почнал својата кампања.

Не се очекува тој да има сериозна конкуренција околу номинацијата меѓу демократите, но неговиот рејтинг и натаму останува низок, според политичките стандарди.

Во поголемиот дел од својот претседателски мандат, што траеше од 2017 до 2021 година, Доналд Трамп, исто така, уживаше релативно слично ниво на јавна доверба во работата. Најмал процент забележа во декември 2017 година, кога само 33 отсто од испитаниците му дадоа позитивна оценка за неговата работа.

Испитаниците во последната анкета на „Ројтерс/Ипсос“ најчесто кажуваат дека најголемиот проблем за САД е економијата, при што секој петти испитаник го дели истиот став. Еден од десет испитаници ги гледа криминалот и животната средина како водечки проблем во САД.

Можна светла точка за Бајден е фактот што 68 отсто од анкетираните изјавиле дека не се согласуваат со федералните судови, кои го забрануваат лекот за абортус „мифепристон“, што е одобрен од ФДА.

Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ е спроведена врз репрезентативен примерок од 1.029 возрасни Американци.

The post Рејтингот на Бајден продолжува да опаѓа, најголем проблем за Американците се економските проблеми во САД appeared first on Република.

]]>

Американците во текот на април имале само 39 отсто доверба во работата на американскиот претседател Џо Бајден, со што тој приближи до најниското ниво откако ја презеде функцијата во 2021 година, пренесе „Ројтерс“. Резултатите од анкетата на „Ројтерс/Ипсос“, спороведена од 14 до 16 април, покажуваат мал пад во довербата во однос на минатиот месец, кога 42 отсто од испитаниците изјавија дека ги одобруваат политиките на Бајден како претседател. Неговата популарност опадна речиси веднаш откако ја презеде функцијата во јануари 2021 година. Најголемиот пад на неговиот рејтинг беше во средината на минатата година, кога само 36 отсто од анкетираните изјавија дека го поддржуваат. Оттогаш, процентот на испитаници кои изразуваат поволен став за Бајден остана приближно ист. Американскиот претседател минатиот петок најави дека сака да учествува на следните претседателски избори, кои ќе се одржат следната година, но се уште официјално не ја почнал својата кампања. Не се очекува тој да има сериозна конкуренција околу номинацијата меѓу демократите, но неговиот рејтинг и натаму останува низок, според политичките стандарди. Во поголемиот дел од својот претседателски мандат, што траеше од 2017 до 2021 година, Доналд Трамп, исто така, уживаше релативно слично ниво на јавна доверба во работата. Најмал процент забележа во декември 2017 година, кога само 33 отсто од испитаниците му дадоа позитивна оценка за неговата работа. Испитаниците во последната анкета на „Ројтерс/Ипсос“ најчесто кажуваат дека најголемиот проблем за САД е економијата, при што секој петти испитаник го дели истиот став. Еден од десет испитаници ги гледа криминалот и животната средина како водечки проблем во САД. Можна светла точка за Бајден е фактот што 68 отсто од анкетираните изјавиле дека не се согласуваат со федералните судови, кои го забрануваат лекот за абортус „мифепристон“, што е одобрен од ФДА. Анкетата на „Ројтерс/Ипсос“ е спроведена врз репрезентативен примерок од 1.029 возрасни Американци.

The post Рејтингот на Бајден продолжува да опаѓа, најголем проблем за Американците се економските проблеми во САД appeared first on Република.

]]>
Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството, јавните обвинители мора да постапуваат независно и самостојно при носењето на одлуките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/loga-ne-smeeme-da-dozvolime-da-se-izgubi-doverbata-vo-pravosudstvoto-javnite-obviniteli-mora-da-postapuvaat-nezavisno-i-samostojno-pri-noseneto-na-odlukite/ Tue, 28 Mar 2023 12:16:12 +0000 https://republika.mk/?p=624666

Време е да се врати довербата во правосудството а јавните обвинители при спроведувањето на постапките и носењето на одлуките да постапуваат самостојно и независносно. Министерот за правда Кренар Лога во своето обраќање на Конференцијата,,Подобрување на ефикасноста, транспарентноста и отчетноста на јавното обвинителство” рече дека без видливост на работата и постигнатите резултати, без мерливи и квалитетни споредбени податоци кои се собираат и обработуваат, исто како во земјите членки на Советот на Европа и Европската унија, правдата ќе остане слепа и нема, а граѓаните нема да ја добијат уставно загарантираната заштита.

Идните процеси на дигитализација, на отвореност и транспарентност за Јавното обвинителство се услов тоа да опстои. Во изминатиот период, иако со посредство и помош на нашите пријатели од меѓународната заедница беа организирани голем број обуки на луѓето од правосудството во земјата, а особено на судиите и јавните обвинители, отсуствува покривање на можеби најзначајниот дел од нивната работа а тоа е начинот на спроведување или имплементацијата на нивната независност и самостојност особено при спроведувањето на постапките и донесувањето на одлуките.  Затоа , ве повикувам во иднина при спроведувањето на обуките да се стави акцент на самостојното, законитото непристрасното и објективното вршење на јавнообвинителската функција. Време е да тргнеме напред и да го поправиме угледот и кај домашната и кај меѓународната јавност и институциите, рече Лога.

Министерот за правда информираше дека од 1 јануари годинава Министерството за правда даде насоки задолжително да се применува системот за управување со предмети во јавните обвинителства. Тоа ќе претставува алатка во извршувањето на основните задачи на јавните обвинителства со која ќе се обезбеди чување на информации, следење и архивирање на предметите како и увид во нив во секој момент. Со него се обезбедува непрекинат проток на податоци, а основната цел е автоматизирање на процесите преку дигитализација и чување на документацијата обезбедувајќи висок степен на безбедност.

The post Лога: Не смееме да дозволиме да се изгуби довербата во правосудството, јавните обвинители мора да постапуваат независно и самостојно при носењето на одлуките appeared first on Република.

Веќе нема ни 8 отсто: Довербата во правосудниот систем падна на 4% https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vekje-nema-ni-8-otsto-doverbata-vo-pravosudniot-sistem-padna-na-4/ Mon, 19 Dec 2022 15:10:29 +0000 https://republika.mk/?p=587724

Само 4 отсто од граѓаните целосно му веруваат нa правосудството, според најновата анкета на ИРИ, објавена денеска.

Претходни анкети покажуваа дека околу 8 отсто од граѓаните во Македонија веруваат во правосудството.

За една година довербата е намалена за дури 50 отсто.

https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-iri-ako-utre-ima-izbori-za-vmro-dpmne-bi-glasale-19-posto-od-gragjanite-za-sdsm-11/

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

The post Веќе нема ни 8 отсто: Довербата во правосудниот систем падна на 4% appeared first on Република.

]]>

Само 4 отсто од граѓаните целосно му веруваат нa правосудството, според најновата анкета на ИРИ, објавена денеска. Претходни анкети покажуваа дека околу 8 отсто од граѓаните во Македонија веруваат во правосудството. За една година довербата е намалена за дури 50 отсто. https://republika.mk/vesti/makedonija/anketa-na-iri-ako-utre-ima-izbori-za-vmro-dpmne-bi-glasale-19-posto-od-gragjanite-za-sdsm-11/

Анкетата е спроведена во име на Центарот за анкетни истражувања од Брима, фирма за истражување на пазарот (членка на Тејлор Нелсон Софрес и Галуп Интернешнл). Податоците се собрани од 23 септември до 13 октомври, 2022, со повеќестепен стратификуван примерок преку интервјуа лице-во-лице во домовите на испитаниците. Анкетиран е национално репрезентативен примерок од 1.207 испитаници на возраст од 18 години и повеќе. Податоците се пондерирани според возраст, пол, регион, населеното место (урбано/рурално) и етничката припадност. Маргината на грешка е ± 2,8 поени на ниво на доверба од 95%. Стапката на одговор е 69%.

Анкетата е направена со поддршка на Националниот фонд за демократија (НЕД).

The post Веќе нема ни 8 отсто: Довербата во правосудниот систем падна на 4% appeared first on Република.

]]>
Француската центристичка влада на Макрон преживеа две гласања за недоверба https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/francuskata-centristichka-vlada-na-makron-prezivea-dve-glasanja-za-nedoverba/ Tue, 25 Oct 2022 07:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=565179

Центристичката влада на францускиот претседател Емануел Макрон преживеа две гласања за недоверба, кои пратениците од опозицијата ги иницираа затоа што протестираат против употребата на специјално уставно овластување за воведување предлог-закон за буџет во Собранието без гласање.
Левичарската коалиција Нупес и екстремно десничарската партија Национално собрание поднесоа два посебни предлога за гласање недоверба.
Само мал број пратеници ги одобри двата предлози, многу помалку од потребните 289 гласови или половина од Долниот дом на францускиот Парламент.
Десничарската опозициска партија Републиканци не ги поддржа потезите на остатокот од опозицијата.
Предлог-законот за буџетот за следната година затоа се смета за усвоен без гласање и сега за него ќе се расправа во Сенатот.
Француската премиерка Елизабет Борн ја оправда својата одлука повикувајќи се на членот 49.3 од францускиот Устав.
„Тоа не е лесна работа, но во овие тешки времиња, таа одлука беше неопходна. Моравме да им обезбедиме на Французите буџет во согласност со нивните демократски избори и во согласност со нашата политичка насока“, рече таа.
Центристичката алијанса на Макрон го загуби своето парламентарно мнозинство во јуни, што го отежнува усвојувањето на законите на неговата влада во Долниот дом на Парламентот, каде што се соочува со повеќе амандмани на буџетот на опозицијата.

Лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен рече дека употребата на членот 49.3 ја покажува „слабоста на Владата и пред сè нејзината неспособност да се обедини и да игра демократската игра“ и го осуди „одбивањето на Владата да разговара и да прифати компромиси“.

Дебатата во Националното собрание доаѓа по неколкунеделните протести на работниците во складиштата за гориво кои предизвикаа недостиг на бензин. Минатата недела, десетици илјади демонстранти излегоа на улиците барајќи зголемување на платите поради инфлацијата.

И покрај губењето на мнозинството, Центристичката алијанса на Макрон сè уште има најмногу места во Националното собрание со 250 членови.

Нупес е најголемата опозициска сила и има 151 пратеник, додека партијата Национално собрание има 89 пратеници.

Во текот на денешниот ден се очекува да биде одбиено уште едно гласање за недоверба.

The post Француската центристичка влада на Макрон преживеа две гласања за недоверба appeared first on Република.

]]>

Центристичката влада на францускиот претседател Емануел Макрон преживеа две гласања за недоверба, кои пратениците од опозицијата ги иницираа затоа што протестираат против употребата на специјално уставно овластување за воведување предлог-закон за буџет во Собранието без гласање. Левичарската коалиција Нупес и екстремно десничарската партија Национално собрание поднесоа два посебни предлога за гласање недоверба. Само мал број пратеници ги одобри двата предлози, многу помалку од потребните 289 гласови или половина од Долниот дом на францускиот Парламент. Десничарската опозициска партија Републиканци не ги поддржа потезите на остатокот од опозицијата. Предлог-законот за буџетот за следната година затоа се смета за усвоен без гласање и сега за него ќе се расправа во Сенатот. Француската премиерка Елизабет Борн ја оправда својата одлука повикувајќи се на членот 49.3 од францускиот Устав. „Тоа не е лесна работа, но во овие тешки времиња, таа одлука беше неопходна. Моравме да им обезбедиме на Французите буџет во согласност со нивните демократски избори и во согласност со нашата политичка насока“, рече таа. Центристичката алијанса на Макрон го загуби своето парламентарно мнозинство во јуни, што го отежнува усвојувањето на законите на неговата влада во Долниот дом на Парламентот, каде што се соочува со повеќе амандмани на буџетот на опозицијата. Лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен рече дека употребата на членот 49.3 ја покажува „слабоста на Владата и пред сè нејзината неспособност да се обедини и да игра демократската игра“ и го осуди „одбивањето на Владата да разговара и да прифати компромиси“. Дебатата во Националното собрание доаѓа по неколкунеделните протести на работниците во складиштата за гориво кои предизвикаа недостиг на бензин. Минатата недела, десетици илјади демонстранти излегоа на улиците барајќи зголемување на платите поради инфлацијата. И покрај губењето на мнозинството, Центристичката алијанса на Макрон сè уште има најмногу места во Националното собрание со 250 членови. Нупес е најголемата опозициска сила и има 151 пратеник, додека партијата Национално собрание има 89 пратеници. Во текот на денешниот ден се очекува да биде одбиено уште едно гласање за недоверба.

The post Француската центристичка влада на Макрон преживеа две гласања за недоверба appeared first on Република.

]]>
Британскиот парламент денеска ќе гласа за доверба на премиерот Борис Џонсон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/britanskiot-parlament-deneska-kje-glasa-za-doverba-na-premierot-boris-dzonson/ Mon, 06 Jun 2022 08:56:34 +0000 https://republika.mk/?p=511654

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се соочи со гласање за доверба што го побараа членовите на владејачката Конзервативна партија, изјави претседателот на партискиот Одбор 1922, Сер Грејем Брејди.

Тој најави дека е надминат потребниот праг, 15 отсто од пратениците на парламентарната партија да побараат да се гласа за доверба на премиерот, постапка што ќе биде спроведена во текот на денот.

Согласно правилата, денеска од 18 до 20 часот ќе се гласа за доверба. Веднаш потоа ќе се пребројат гласовите. Соопштението ќе биде објавено дополнително, изјави Брејди.

Доколку Џонсон ја изгуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција.

Гласањето за доверба на премиерот Џонсон ќе биде можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации за неговото владеење, изјави портпаролот на Џонсон.

Вечерва е можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации и да и се дозволи на владата да повлече линија и да продолжи понатаму, се посочува во изјавата на портпаролот.

Тој додаде дека премиерот Џонсон ја поздравил можноста што ќе му овозможи да ги изнесе аргументите пред пратениците.

The post Британскиот парламент денеска ќе гласа за доверба на премиерот Борис Џонсон appeared first on Република.

]]>

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска ќе се соочи со гласање за доверба што го побараа членовите на владејачката Конзервативна партија, изјави претседателот на партискиот Одбор 1922, Сер Грејем Брејди. Тој најави дека е надминат потребниот праг, 15 отсто од пратениците на парламентарната партија да побараат да се гласа за доверба на премиерот, постапка што ќе биде спроведена во текот на денот.
Согласно правилата, денеска од 18 до 20 часот ќе се гласа за доверба. Веднаш потоа ќе се пребројат гласовите. Соопштението ќе биде објавено дополнително, изјави Брејди.
Доколку Џонсон ја изгуби довербата, ќе биде сменет од премиерската функција. Гласањето за доверба на премиерот Џонсон ќе биде можност да се стави крај на повеќемесечните шпекулации за неговото владеење, изјави портпаролот на Џонсон.