доцнење плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dotsnene-plata/ За подобро да се разбереме Sun, 28 Jul 2024 12:12:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доцнење плата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dotsnene-plata/ 32 32 СКРМ поднесе тужба за камата за задоцнета исплата на плата во градските установи од културата https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skrm-podnese-tuzhba-za-kamata-za-zadotsneta-isplata-na-plata-vo-gradskite-ustanovi-od-kulturata/ Sun, 28 Jul 2024 13:41:21 +0000 https://republika.mk/?p=801043

Пробиен е законскиот рок за исплата на јунските плати, а вработените во Младинскиот културен центар сѐ уште не ги добиле, реагираат од Синдикатот за култура.

Иако поминаа десет дена од последниот законски рок за исплата на јунската плата, истата не е исплатена целосно. Во локалните институции од културата платите и овој месец доцнеа, а вработените во Младинскиот културен центар од Скопје сѐ уште немаат добиено плата. Во некои локални институции од последните 70 плати, само 5-6 се исплатени во законски предвидениот рок. Сите други се исплатени по истекот на законскиот рок. Речиси секој месец во изминативе десетина години вработените во локалните институции се соочуваат со бројни проблеми поради доцнењето на платите. Нема здравствено осигурување, има проблеми со кредити, извршители, хронично болни, а институциите секој месец повеќе од десет години ѝ плаќаат камати на државата поради доцнењето со исплата на здравственото и пензиското осигурување. На истата онаа држава поради која доцнат платите.

СКРМ со години ги известува сите надлежни институции за оваа апсурдна и неприфатлива состојба, која трае повеќе од десет години и очигледно е системски проблем, но ништо не се менува. Никој не е надлежен, никој ништо не знае, никој ништо не презема. Повеќе од десет години државата не може да најде механизам на локалните институции од културата да им исплати плата на време.

СКРМ покрена тужби за исплата на камата за задоцнета исплата на плата. Финансиските импликации ќе паднат на товар на Министерството за култура и локалната самоуправа, а сето тоа ова може да се избегне само ако навремено се исплати плата на вработените во локалните институции од културата.

 

The post СКРМ поднесе тужба за камата за задоцнета исплата на плата во градските установи од културата appeared first on Република.

]]>

Пробиен е законскиот рок за исплата на јунските плати, а вработените во Младинскиот културен центар сѐ уште не ги добиле, реагираат од Синдикатот за култура.

Иако поминаа десет дена од последниот законски рок за исплата на јунската плата, истата не е исплатена целосно. Во локалните институции од културата платите и овој месец доцнеа, а вработените во Младинскиот културен центар од Скопје сѐ уште немаат добиено плата. Во некои локални институции од последните 70 плати, само 5-6 се исплатени во законски предвидениот рок. Сите други се исплатени по истекот на законскиот рок. Речиси секој месец во изминативе десетина години вработените во локалните институции се соочуваат со бројни проблеми поради доцнењето на платите. Нема здравствено осигурување, има проблеми со кредити, извршители, хронично болни, а институциите секој месец повеќе од десет години ѝ плаќаат камати на државата поради доцнењето со исплата на здравственото и пензиското осигурување. На истата онаа држава поради која доцнат платите.

СКРМ со години ги известува сите надлежни институции за оваа апсурдна и неприфатлива состојба, која трае повеќе од десет години и очигледно е системски проблем, но ништо не се менува. Никој не е надлежен, никој ништо не знае, никој ништо не презема. Повеќе од десет години државата не може да најде механизам на локалните институции од културата да им исплати плата на време. СКРМ покрена тужби за исплата на камата за задоцнета исплата на плата. Финансиските импликации ќе паднат на товар на Министерството за култура и локалната самоуправа, а сето тоа ова може да се избегне само ако навремено се исплати плата на вработените во локалните институции од културата.
 

The post СКРМ поднесе тужба за камата за задоцнета исплата на плата во градските установи од културата appeared first on Република.

]]>