достоинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dostoinstvo/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Mar 2024 12:54:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png достоинство Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dostoinstvo/ 32 32 Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/angelov-dostoinstvo-ke-koalitsira-so-vmro-dpmne/ Sun, 24 Mar 2024 12:36:25 +0000 https://republika.mk/?p=758113

„Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти денеска претседателот на партијата, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО - ДПМНЕ.

-Поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необештетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, во согласност со моите јавни укажувања и барања од мај, минатата година, повторени во многу мои јавни настапи во периодот потоа, „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од СДСМ, рече тој.

Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале.

Тој информираше дека на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и на претседателот Ковачевски им предложил да понуди оставка од позицијата директор на ЦУК, но, како што дополни, од нивна страна тоа не било прифатено и тој останува да го предводи ЦУК до формирањето на следната влада.

-Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди, бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе, како и искрени патриоти и одлични професионалци, рече Ангелов.

Проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители, како што дополни, не е единствената причина поради која излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ, но, рече, поради политичка коректност, во овој момент нема намера да навлегува во понатамошни објаснувања.

Ангелов информираше дека минатата недела раководството на „Достоинство“ донело едногласна одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ.

Во разговорите со ВМРО - ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место, туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година како и борба за нивните права, рече тој.

На новинарско прашање дали имаат некои ветувања од ВМРО -ДПМНЕ во однос на исполнување на барањата за бранителите, Ангелов одговори дека неговата перцепција, како што рече, е дека еден дел сигурно ќе помине, затоа што ВМРО - ДПМНЕ пружиле поддршка на иницијативата со Предлог- закон од Достоинство, што заглавила во Собранието, а во која е понудено законското решение за необесштетените семејства на загинати бранители и десетина воени инвалиди.

Пред околу осум месеци ВМРО - ДПМНЕ самите поднесоа Предлог-закон кој што содржеше решение за овој проблем и понуди некои симболични, но, сепак, права за сите македонски бранители. Тоа ми дава надеж дека она што го предложија, доколу формираат влада, ќе успеат да го поминат во Парламентот, рече Ангелов.

Дополни дека разговарале и за други работи кои што ќе ги откријат во наредниот период.

Изјавата за медиуми се одржа пред Споменикот на бранителите во Скопје, откако делегација на „Достоинство“, заедно со свои членови и поддржувачи, учесници во одбраната на земјава во 2001 година, положија цвеќе пред споменикот.

-На денешен ден во 2001 година започнаа борбите за ослободување на тетовското Кале кое претходно, на 14 март 2001, беше запоседнато од УЧК. Храбрите припадници на безбедносните сили на Република Македонија, по целодневна борба, која продолжи и во текот на ноќта ја разбија добро утврдената и тешко вооружената единица на УЧК и ја натераа на бегство, образложи претходно Ангелов.

The post Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>

„Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, соопшти денеска претседателот на партијата, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека раководството донело одлука да ја прифати можноста да коалицира со ВМРО - ДПМНЕ. -Поради неисполнети очекувања за надминување на горливиот проблем со кој сѐ уште се соочуваат необештетените десетина воени инвалиди и петнаесетина семејства на загинати бранители, во согласност со моите јавни укажувања и барања од мај, минатата година, повторени во многу мои јавни настапи во периодот потоа, „Достоинство“ излегува од коалицијата предводена од СДСМ, рече тој. Иницијативите на „Достоинство“ поднесени до Владата и Собранието, со кои, како што рече, нуделе решение на овој проблем, добивале постојана поддршка од страна на поранешниот премиер, Димитар Ковачевски и министерката за одбрана Славјанка Петровска, но, според нив, поради противењето на ДУИ, истите не поминале. Тој информираше дека на генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ Вардарски, и на претседателот Ковачевски им предложил да понуди оставка од позицијата директор на ЦУК, но, како што дополни, од нивна страна тоа не било прифатено и тој останува да го предводи ЦУК до формирањето на следната влада. -Годините кои ги поминав во коалиција со СДСМ ми овозможија да се ослободам од моите претходни политички предрасуди, бидејќи таму запознав и станав пријател и другар со многу добри и чесни луѓе, како и искрени патриоти и одлични професионалци, рече Ангелов. Проблемот со необесштетените воени инвалиди и семејства на загинатите бранители, како што дополни, не е единствената причина поради која излегуваат од коалицијата предводена од СДСМ, но, рече, поради политичка коректност, во овој момент нема намера да навлегува во понатамошни објаснувања. Ангелов информираше дека минатата недела раководството на „Достоинство“ донело едногласна одлука да ја прифати можноста да влезе во коалицијата предводена од ВМРО - ДПМНЕ. Во разговорите со ВМРО - ДПМНЕ пратеничко место ниту баравме, ниту ни беше понудено. Нашиот фокус како репрезент на македонските бранители од 2001 година не е освојување на пратеничко место, туку барање на решенија за проблемите на припадниците на безбедносните сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001 година како и борба за нивните права, рече тој. На новинарско прашање дали имаат некои ветувања од ВМРО -ДПМНЕ во однос на исполнување на барањата за бранителите, Ангелов одговори дека неговата перцепција, како што рече, е дека еден дел сигурно ќе помине, затоа што ВМРО - ДПМНЕ пружиле поддршка на иницијативата со Предлог- закон од Достоинство, што заглавила во Собранието, а во која е понудено законското решение за необесштетените семејства на загинати бранители и десетина воени инвалиди. Пред околу осум месеци ВМРО - ДПМНЕ самите поднесоа Предлог-закон кој што содржеше решение за овој проблем и понуди некои симболични, но, сепак, права за сите македонски бранители. Тоа ми дава надеж дека она што го предложија, доколу формираат влада, ќе успеат да го поминат во Парламентот, рече Ангелов. Дополни дека разговарале и за други работи кои што ќе ги откријат во наредниот период. Изјавата за медиуми се одржа пред Споменикот на бранителите во Скопје, откако делегација на „Достоинство“, заедно со свои членови и поддржувачи, учесници во одбраната на земјава во 2001 година, положија цвеќе пред споменикот. -На денешен ден во 2001 година започнаа борбите за ослободување на тетовското Кале кое претходно, на 14 март 2001, беше запоседнато од УЧК. Храбрите припадници на безбедносните сили на Република Македонија, по целодневна борба, која продолжи и во текот на ноќта ја разбија добро утврдената и тешко вооружената единица на УЧК и ја натераа на бегство, образложи претходно Ангелов.

The post Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ appeared first on Република.

]]>
Достоинство ја напушта коалицијата на СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dostoinstvo-ja-napushta-koalitsijata-na-sdsm/ Wed, 06 Mar 2024 10:22:08 +0000 https://republika.mk/?p=751836

Доколку не помине предлог одлуката за надминување на проблемот со 15-те семејства на загинати бранители и воени инвалиди, Достоинство ќе ја напушти владината коалиција, рече во утринското „Студио 10“ на ТВ24 лидерот на партијата Стојанче Ангелов.

Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во влада. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување постоечкиот закон за браители со само една точка - исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години и бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема, рече Ангелов.

The post Достоинство ја напушта коалицијата на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Доколку не помине предлог одлуката за надминување на проблемот со 15-те семејства на загинати бранители и воени инвалиди, Достоинство ќе ја напушти владината коалиција, рече во утринското „Студио 10“ на ТВ24 лидерот на партијата Стојанче Ангелов.
Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во влада. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување постоечкиот закон за браители со само една точка - исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години и бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема, рече Ангелов.

The post Достоинство ја напушта коалицијата на СДСМ appeared first on Република.

]]>
Стојанче Ангелов ќе ја предводи Достоинство уште 4 години https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/stojanche-angelog-kje-ja-predvodi-dostoinstvo-ushte-4-godini/ Sat, 10 Dec 2022 19:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=584121

Досегашниот лидер на Достоинство и единствен кандидат за претседател Стојанче Ангелов на денешниот конгрес на партијата беше реизбран да ја предводи уште четири години.

Во својот отчет Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители.

На конгресот избрани беа и генерален секретар и извршен комитет на партијата, а беше усвоен и нов партиски Статут.

За генерален секретар беше реизбран досегашниот генерален секретар Драган Василевски.

Новиот Извршен комитет на Достоинство брои 9 члена. Во него покрај преседателот Стојанче Ангелов и генералниот секретар Драган Василевски (пензиониран старешина од армискиот воздухопловен винг) беа избрани и:

– Горан Здравковски, поранешен полициски генерал, командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година;
– Звонко Тренчовски, поранешен полициски полковник, помошник командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2002 година;
– Д-р Страшо Глигоров, поранешен полициски полковник, главен инспектор за обука во Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година;
– Богослав Лескаровски, пензиониран армиски полковник, поранешен воен аташе во Вашингтон, САД;
– Владимир Лазаров, пензиониран армиски полковник, поранешен командант на армискиот воздухопловен винг, пилот на борбен хеликоптер МИ24 и борбен авион Сухои во 2001 година;
– Сашо Величковски, пензиониран армиски капетан, воен инвалид од 1999 година;
– Зоран Китаноски, поранешен армиски капетан во резервниот состав на АРМ, воен инвалид од 2001-та.

Во својот отчет претседателот на Достоинство Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители.

Покрај оваа борба една од најголемите заслуги на Достоинство беше враќањето на подзаборавената воена 2001-ва како тема во медиумите и целокупната македонска јавност.

Во 2011 година од здружението Достоинство произлезе политичката партија Достоинство која самостојно или во коалиција има настапувано на 4 парламентарни избори и 3 локални избори.

По изборот за претседател на Достоинство, Ангелов пред присутните делегати и пријатели ги образложи планот и програмата на Достоинство за следниот 4 годишен период од кои посебно се издвојуваат заложбите за:
– Промена на изборниот модел, Македонија една изборна единица;
– Развој на демократските процеси во Македонија;
– Владеење на правото и правна држава;
– Борба против корупцијата и организираниот криминал;
– Влез на Република Македонија во Европската Унија;
– Понатамошен развој на Армијата во модерна и ефикасна армија;
– Модерна и ефикасна полиција за успешна борба против сите видови на криминал;
– Јакнење на системот на националната безбедност;
– Јакнење на системот на цивилната заштита, кризниот менаџмент и менаџментот на инциденти;
– Позитивна а не етничка и партиска селекција;
– Унапредување на правото на различно мислење и борба против омраза, осуда и напади предизвикани поради искажано различно мислење;
– Намалување на омразата и помирување помеѓу Македонците како и продолжување на процесот на меѓуетничко помирување помеѓу Македонците и Албанците.

Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на повисоката цел, интеграција во ЕУ и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Ангелов изрази поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав.

За односот на државата кон бранителите Ангелов изрази генерално незадоволство од сите досегашни власти, понатаму детално образложи што Достоинство досега има направено за македонските бранители како и ги најави следните активности за решавање на некои од проблемите со кои се соочуваат дел од воените инвалиди или членови на семејствата на загинатите бранители и воедно образложи каква е можноста за евентуално унапредување на правата на македонските бранители од 2001-та вклучително и евиденција на учесниците во војните при распадот на поранешна Југославија во 1991 и 1992 година.

Воедно информира за иницијативата која вчера (09.12.2022) беше доставена до Владата на РС Македонија за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди кои сеуште не се обесштетени.

Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на Достоинство на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.

На крајот на говорот ги информира присутните дека Достоинство започна со изработка на серија документарни “Воени раскази“ во кои ќе бидат снимени сведоштва за крвави битки и настани во кои учествуваа припадници на македонските безбедносни сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001-та.

Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.

The post Стојанче Ангелов ќе ја предводи Достоинство уште 4 години appeared first on Република.

]]>

Досегашниот лидер на Достоинство и единствен кандидат за претседател Стојанче Ангелов на денешниот конгрес на партијата беше реизбран да ја предводи уште четири години. Во својот отчет Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители. На конгресот избрани беа и генерален секретар и извршен комитет на партијата, а беше усвоен и нов партиски Статут. За генерален секретар беше реизбран досегашниот генерален секретар Драган Василевски. Новиот Извршен комитет на Достоинство брои 9 члена. Во него покрај преседателот Стојанче Ангелов и генералниот секретар Драган Василевски (пензиониран старешина од армискиот воздухопловен винг) беа избрани и: – Горан Здравковски, поранешен полициски генерал, командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година; – Звонко Тренчовски, поранешен полициски полковник, помошник командант на Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2002 година; – Д-р Страшо Глигоров, поранешен полициски полковник, главен инспектор за обука во Единицата за специјални задачи Тигар од 2001 до 2003 година; – Богослав Лескаровски, пензиониран армиски полковник, поранешен воен аташе во Вашингтон, САД; – Владимир Лазаров, пензиониран армиски полковник, поранешен командант на армискиот воздухопловен винг, пилот на борбен хеликоптер МИ24 и борбен авион Сухои во 2001 година; – Сашо Величковски, пензиониран армиски капетан, воен инвалид од 1999 година; – Зоран Китаноски, поранешен армиски капетан во резервниот состав на АРМ, воен инвалид од 2001-та. Во својот отчет претседателот на Достоинство Ангелов се осврна на појавата и улогата на Здружението Достоинство кое беше формирано во 2007 година како здружение на македонските бранители чија цел беше решавање на напластените проблеми како и борба за правата на бранителите, воените инвалиди и членовите на семејствата на загинатите бранители. Покрај оваа борба една од најголемите заслуги на Достоинство беше враќањето на подзаборавената воена 2001-ва како тема во медиумите и целокупната македонска јавност. Во 2011 година од здружението Достоинство произлезе политичката партија Достоинство која самостојно или во коалиција има настапувано на 4 парламентарни избори и 3 локални избори. По изборот за претседател на Достоинство, Ангелов пред присутните делегати и пријатели ги образложи планот и програмата на Достоинство за следниот 4 годишен период од кои посебно се издвојуваат заложбите за: – Промена на изборниот модел, Македонија една изборна единица; – Развој на демократските процеси во Македонија; – Владеење на правото и правна држава; – Борба против корупцијата и организираниот криминал; – Влез на Република Македонија во Европската Унија; – Понатамошен развој на Армијата во модерна и ефикасна армија; – Модерна и ефикасна полиција за успешна борба против сите видови на криминал; – Јакнење на системот на националната безбедност; – Јакнење на системот на цивилната заштита, кризниот менаџмент и менаџментот на инциденти; – Позитивна а не етничка и партиска селекција; – Унапредување на правото на различно мислење и борба против омраза, осуда и напади предизвикани поради искажано различно мислење; – Намалување на омразата и помирување помеѓу Македонците како и продолжување на процесот на меѓуетничко помирување помеѓу Македонците и Албанците. Иако односот на Бугарија кон Македонија и Македонците е исклучително нечесен и провокативен, во име на повисоката цел, интеграција во ЕУ и надминување на условениот почеток на преговорите за членство во ЕУ, Ангелов изрази поддршка за влез на Бугарите во македонскиот Устав. За односот на државата кон бранителите Ангелов изрази генерално незадоволство од сите досегашни власти, понатаму детално образложи што Достоинство досега има направено за македонските бранители како и ги најави следните активности за решавање на некои од проблемите со кои се соочуваат дел од воените инвалиди или членови на семејствата на загинатите бранители и воедно образложи каква е можноста за евентуално унапредување на правата на македонските бранители од 2001-та вклучително и евиденција на учесниците во војните при распадот на поранешна Југославија во 1991 и 1992 година. Воедно информира за иницијативата која вчера (09.12.2022) беше доставена до Владата на РС Македонија за праведно обесштетување на петнаесетина семејства на загинати бранители како и триесетина воени инвалиди кои сеуште не се обесштетени. Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на Достоинство на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат. На крајот на говорот ги информира присутните дека Достоинство започна со изработка на серија документарни “Воени раскази“ во кои ќе бидат снимени сведоштва за крвави битки и настани во кои учествуваа припадници на македонските безбедносни сили, учесници во одбраната на Македонија во 2001-та. Во завршните зборови напомена дека Достоинство на следните парламентарни избори ќе учествува во коалиција единствено доколку партијата добие добитно пратеничко место и влез во републичкото Собрание. Во спротивно најави самостоен настап на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се одржат.

The post Стојанче Ангелов ќе ја предводи Достоинство уште 4 години appeared first on Република.

]]>
Најчевска: Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен, а ректоратот на УКИМ да расправа за достоинството на професијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/najchevska-tupanchevski-vednash-treba-da-bide-razreshen-a-rektoratot-na-ukim-da-rasprava-za-dostoinstvoto-na-profesijata/ Tue, 05 Apr 2022 18:29:05 +0000 https://republika.mk/?p=483754

Професорката Мирјана Најчевска смета дека министерот за правда Никола Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен од функцијата, а а Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот.

Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот, напиша Најчевска.

Тупанчески  призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот.

Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

The post Најчевска: Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен, а ректоратот на УКИМ да расправа за достоинството на професијата appeared first on Република.

]]>

Професорката Мирјана Најчевска смета дека министерот за правда Никола Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен од функцијата, а а Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот.
Тупанчески не треба да поднесе оставка. Тој треба да биде веднаш разрешен, а Ректоратот на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ треба да расправа за достоинството на професијата и нарушувањето на етичкиот кодекс на Универзитетот, напиша Најчевска.
Тупанчески  призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. Министерот претходно велеше дека сите трошоци ги подмирил тој од неговата трансакциска сметка.

The post Најчевска: Тупанчевски веднаш треба да биде разрешен, а ректоратот на УКИМ да расправа за достоинството на професијата appeared first on Република.

]]>