доручек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doruchek/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Sep 2023 08:45:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доручек Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doruchek/ 32 32 Речено, сторено: Вучиќ доручкуваше леб со паризер и јогурт https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/recheno-storeno-vuchik-doruchkuvashe-leb-so-parizer-i-jogurt/ Wed, 13 Sep 2023 08:45:07 +0000 https://republika.mk/?p=681475

Следната недела ќе поевтинат уште десет важни производи. Среќен сум што можеме да им помогнеме на нашите граѓани. Објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм налог, Иднината на Србија.

Тој во краткото видео објави дека се наоѓа во Палатата на Србија, поради бројните состаноци кои го очекуваат и дека утринава во продавница отишле министрите Синиша Мали и Тома Момировиќ, кои пазареле половина килограм паризер од домашно произовдство, два литра јогурт, два леба „сава“, мајонез, две кеси...

Мали и Момировиќ отидоа во продавница и како што ветивме на оние кои тоа го бараа од нас, тоа не беше наш каприц, бидејќи рекоа дека веројатно тоа нема и не смееме да го јадеме, купија пола килограм домашно производство салама, два јогурта, два леба „сава“, две кеси и мајонез „добро“ и вкупната цена беше 585 динари, што се гледа од фискалната сметка - рече Вучиќ.

Тој нагласува дека вети и го исполни ветувањето за доручек.

Цената на овој паризер е поевтина за дури 140 динари по килограм и многу сум среќен поради тоа, што успеавме...Нешто што народот сака да го јаде, нешто на што израснавме и што и ден денеска сакам да го јадам...во авион...Кога одам во странство барам да ми напрват баш ваков сендвич - додал шефот на државата.

The post Речено, сторено: Вучиќ доручкуваше леб со паризер и јогурт appeared first on Република.

]]>

Следната недела ќе поевтинат уште десет важни производи. Среќен сум што можеме да им помогнеме на нашите граѓани. Објави претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм налог, Иднината на Србија. Тој во краткото видео објави дека се наоѓа во Палатата на Србија, поради бројните состаноци кои го очекуваат и дека утринава во продавница отишле министрите Синиша Мали и Тома Момировиќ, кои пазареле половина килограм паризер од домашно произовдство, два литра јогурт, два леба „сава“, мајонез, две кеси...
Мали и Момировиќ отидоа во продавница и како што ветивме на оние кои тоа го бараа од нас, тоа не беше наш каприц, бидејќи рекоа дека веројатно тоа нема и не смееме да го јадеме, купија пола килограм домашно производство салама, два јогурта, два леба „сава“, две кеси и мајонез „добро“ и вкупната цена беше 585 динари, што се гледа од фискалната сметка - рече Вучиќ.
Тој нагласува дека вети и го исполни ветувањето за доручек.
Цената на овој паризер е поевтина за дури 140 динари по килограм и многу сум среќен поради тоа, што успеавме...Нешто што народот сака да го јаде, нешто на што израснавме и што и ден денеска сакам да го јадам...во авион...Кога одам во странство барам да ми напрват баш ваков сендвич - додал шефот на државата.

The post Речено, сторено: Вучиќ доручкуваше леб со паризер и јогурт appeared first on Република.

]]>
Совршен летен доручек кој освежува и ви дава енергија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/sovrshen-leten-doruchek-koj-osvezhuva-i-vi-dava-energija/ Thu, 20 Jul 2023 08:13:17 +0000 https://republika.mk/?p=663401

Овошната салата е идеален оброк за топлите летни денови, без разлика дали ви треба алтернатива за појадок или ужина која ќе ве освежи попладне. Основата на салатата треба да биде лубеницата, која освен што освежува, има и бројни здравствени придобивки.

Исчистете двете подебели кришки лубеница и исечете ја на коцки. Додадете други летни овошја по желба: коцки диња, киви, манго, малини, боровинки, јагоди...

Во сокот од лубеницата и дињата додадете малку исцеден сок од лимон, а потоа прелијте го со овошјето и изладете го во фрижидер еден час. Послужете и уживајте во слатките летни вкусови, а можете да додадете и шлаг доколку сакате вистински десерт.

The post Совршен летен доручек кој освежува и ви дава енергија appeared first on Република.

]]>

Овошната салата е идеален оброк за топлите летни денови, без разлика дали ви треба алтернатива за појадок или ужина која ќе ве освежи попладне. Основата на салатата треба да биде лубеницата, која освен што освежува, има и бројни здравствени придобивки. Исчистете двете подебели кришки лубеница и исечете ја на коцки. Додадете други летни овошја по желба: коцки диња, киви, манго, малини, боровинки, јагоди... Во сокот од лубеницата и дињата додадете малку исцеден сок од лимон, а потоа прелијте го со овошјето и изладете го во фрижидер еден час. Послужете и уживајте во слатките летни вкусови, а можете да додадете и шлаг доколку сакате вистински десерт.

The post Совршен летен доручек кој освежува и ви дава енергија appeared first on Република.

]]>
Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот доручек на светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/kujnski-tefter/nutritsionistite-tvrdat-ova-e-najzdraviot-doruchek-na-svetot/ Tue, 20 Jun 2023 13:08:07 +0000 https://republika.mk/?p=653413

Нутриционистите препорачуваат да го почнете денот со чаша млака вода со лимон, но што е најдобро да јадете потоа? Експертите за исхрана тврдат дека го пронашле најздравиот појадок на светот.

Иако има многу здрави опции за појадок, од смути до сендвичи со интегрален леб, најдобар избор се житарките со парчиња свежо и суво овошје. Еве еден предлог за ваков оброк:

Состојки

2 супени лажици пченични никулци

4 супени лажици овесна каша

1/4 од јаболко

3 суви кајсии

150 грама јогурт со малку маснотии

Зошто е ова најздравиот појадок?

Пченични никулци и овесна каша го снабдуваат организмот со влакна и позитивно влијаат на варењето. Овесната каша е супер-храна бидејќи е извор на сложени јаглехидрати, а е одличен избор за оние кои ја следат линијата бидејќи имаат 347 калории во 100 гр. Покрај тоа, тие содржат витамини, пред се Е и Б, и минералите селен, цинк, калциум и магнезиум. Пченични никулци се познати како чувар на нашето срце, ги намалуваат мастите во крвта и добро влијаат на нашиот вид. Тие се исто така извор на витамините Е, Б и Ц.

Ако изедеме јаболко веќе наутро, ќе го снабдиме организмот со витамини, па затоа витаминот Ц од ова чудесно овошје помага при настинки и вирусни инфекции, а влакната спречуваат запек и ја ублажуваат дијареата. Јаболкото треба само добро да се измие, но не и да се излупи, бидејќи неговата кора е исклучително богата со тритерпеноид, кој го спречува размножувањето на местата на ракот, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дојката и дебелото црево.

Сувите кајсии се прекрасен извор на железо и витамини Б и Ц, додека во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежото овошје. И конечно, јогуртот со малку маснотии ќе го комплетира вашиот оброк со протеини, калциум и калиум.

The post Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот доручек на светот appeared first on Република.

]]>

Нутриционистите препорачуваат да го почнете денот со чаша млака вода со лимон, но што е најдобро да јадете потоа? Експертите за исхрана тврдат дека го пронашле најздравиот појадок на светот. Иако има многу здрави опции за појадок, од смути до сендвичи со интегрален леб, најдобар избор се житарките со парчиња свежо и суво овошје. Еве еден предлог за ваков оброк:

Состојки

2 супени лажици пченични никулци 4 супени лажици овесна каша 1/4 од јаболко 3 суви кајсии 150 грама јогурт со малку маснотии

Зошто е ова најздравиот појадок?

Пченични никулци и овесна каша го снабдуваат организмот со влакна и позитивно влијаат на варењето. Овесната каша е супер-храна бидејќи е извор на сложени јаглехидрати, а е одличен избор за оние кои ја следат линијата бидејќи имаат 347 калории во 100 гр. Покрај тоа, тие содржат витамини, пред се Е и Б, и минералите селен, цинк, калциум и магнезиум. Пченични никулци се познати како чувар на нашето срце, ги намалуваат мастите во крвта и добро влијаат на нашиот вид. Тие се исто така извор на витамините Е, Б и Ц. Ако изедеме јаболко веќе наутро, ќе го снабдиме организмот со витамини, па затоа витаминот Ц од ова чудесно овошје помага при настинки и вирусни инфекции, а влакната спречуваат запек и ја ублажуваат дијареата. Јаболкото треба само добро да се измие, но не и да се излупи, бидејќи неговата кора е исклучително богата со тритерпеноид, кој го спречува размножувањето на местата на ракот, а тоа особено се однесува на ракот на црниот дроб, дојката и дебелото црево. Сувите кајсии се прекрасен извор на железо и витамини Б и Ц, додека во сувите кајсии има дури 12 пати повеќе витамин А отколку во свежото овошје. И конечно, јогуртот со малку маснотии ќе го комплетира вашиот оброк со протеини, калциум и калиум.

The post Нутриционистите тврдат: Ова е најздравиот доручек на светот appeared first on Република.

]]>