Доњецк и Луганск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donjeck-i-lugansk/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Apr 2022 06:52:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доњецк и Луганск Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donjeck-i-lugansk/ 32 32 Путин го потсетил Гутереш: Донецк и Луганск станаа независни по примерот на Косово https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-go-potsetil-guteresh-doneck-i-lugansk-stanaa-nezavisni-po-primerot-na-kosovo/ Wed, 27 Apr 2022 06:52:57 +0000 https://republika.mk/?p=494070

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск станале независни врз основа на преседанот на Меѓународниот суд на правдата при одлучувањето за независноста на Косово.

Путин истакна дека ги прочитал сите документи на Меѓународниот суд на правдата во врска со Косово и дека добро се сеќава на одлуката во која се наведува дека при остварувањето на правото на самоопределување, одредена територија на ниту една држава не е обврзана да бара од централните власти за дозвола за прогласување суверенитет.

Тоа беше кажано за Косово и тоа беше одлука на Меѓународниот суд на правдата, која беше поддржана од сите, рече Путин, додавајќи дека Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск имаат исто право како Косово да го прогласат својот суверенитет без дозвола од централната власт, „затоа што беше направен преседан“, пренесува РИА Новости.

The post Путин го потсетил Гутереш: Донецк и Луганск станаа независни по примерот на Косово appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во разговор со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави дека Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск станале независни врз основа на преседанот на Меѓународниот суд на правдата при одлучувањето за независноста на Косово. Путин истакна дека ги прочитал сите документи на Меѓународниот суд на правдата во врска со Косово и дека добро се сеќава на одлуката во која се наведува дека при остварувањето на правото на самоопределување, одредена територија на ниту една држава не е обврзана да бара од централните власти за дозвола за прогласување суверенитет.
Тоа беше кажано за Косово и тоа беше одлука на Меѓународниот суд на правдата, која беше поддржана од сите, рече Путин, додавајќи дека Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск имаат исто право како Косово да го прогласат својот суверенитет без дозвола од централната власт, „затоа што беше направен преседан“, пренесува РИА Новости.

The post Путин го потсетил Гутереш: Донецк и Луганск станаа независни по примерот на Косово appeared first on Република.

]]>
Блуши: Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија? https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/blushi-ako-donbas-i-lugansk-se-prikluchat-na-rusija-zoshto-kosovo-da-ne-se-obedini-so-albanija/ Wed, 13 Apr 2022 18:43:01 +0000 https://republika.mk/?p=488086

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат.

Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.

Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, пишува Блуши.

Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија“.

Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.

За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.

Во објавата на Фејсбук вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци“.

Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, бил министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, префект на Корча, портпарол на владата, како и заменик министер за надворешни работи. Потоа ја напушти демократската партија и ја формира партијата „Либра“, која набрзо згасна.

The post Блуши: Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија? appeared first on Република.

]]>

Албанскиот политички аналитичар и поранешен носител на значајни функции, Бен Блуши оценува дека настаните што се случуваат во Украина и напорите за воспоставување нов меѓународен поредок може да им помогнат на Косово и Албанија да се обединат. Тој пишува дека Косово има само еден излез од неволјите на една многу мала земја, без море, со скромна економија, со многу емиграција и со толку голем граничен притисок од сите страни, а тоа е да се приклучи кон Албанија.
Ова би било спас за Косово и секако за Албанија. Поголема земја со 5 милиони жители, со море и со дијаспора од речиси 3 милиони, која би била поттикната од националното единство, би била моќна земја, а не само почитувана. И не само на Балканот. Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не и се приклучи на Албанија, пишува Блуши.
Според него кога Русија бара независност, за Донбас и Луганск, две украински територии со мнозинско руско население, тој како пример го „земал насилното отцепување на Косово од Србија“. Поранешниот албански пратеник вели дека од друга страна, кога западот бара да го заштити важечкиот ригиден меѓународен поредок, според кој повеќе не треба да има промени на границите, го зема за пример Косово.
За да не се доведе во прашање меѓународниот поредок, Косово и Албанија да не се обединат. Така велат Западот и Русија. И ние го прифаќаме. Но, војните се водат за да се промени меѓународниот поредок. Ова е и причината за војната во Украина. Оттука паднаа старите причини. Или ќе паднат, констатира тој.
Во објавата на Фејсбук вели дека денес е „време да растеме, да се прошириме, да се обединиме и дека е време да станеме Европејци“. Блуши (53) е политичар, новинар, писател. Во одделни периоди кога на власт беа демократите на тогашниот премиер Сали Бериша, бил министер за образование и наука, министер за локална самоуправа и децентрализација, префект на Корча, портпарол на владата, како и заменик министер за надворешни работи. Потоа ја напушти демократската партија и ја формира партијата „Либра“, која набрзо згасна.

The post Блуши: Ако Донбас и Луганск се приклучат на Русија, зошто Косово да не се обедини со Албанија? appeared first on Република.

]]>
EУ се закани со санкции за сите што ќе ги признаат Доњецк и Луганкс https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-se-zakani-so-sankcii-za-site-shto-kje-gi-priznaat-donjeck-i-luganks/ Tue, 22 Feb 2022 07:48:28 +0000 https://republika.mk/?p=461724

Во заедничка писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин „да продолжи да ги признава“ регионите Доњецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“.

– Таквиот потег е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорот од Минск. Унијата ќе реагира со санкции против оние кои се вклучени во овој незаконски чин, најавија Фон дер Лајен и Мишел.

Тие ја повторија непоколебливата поддршка на ЕУ за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, се додава во заедничката изјава.

The post EУ се закани со санкции за сите што ќе ги признаат Доњецк и Луганкс appeared first on Република.

]]>

Во заедничка писмена изјава, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел остро ја осудија одлуката на рускиот претседател Владимир Путин „да продолжи да ги признава“ регионите Доњецк и Луганск во Украина како „независни ентитети“. – Таквиот потег е очигледно кршење на меѓународното право, како и на договорот од Минск. Унијата ќе реагира со санкции против оние кои се вклучени во овој незаконски чин, најавија Фон дер Лајен и Мишел. Тие ја повторија непоколебливата поддршка на ЕУ за независност, суверенитет и територијален интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници, се додава во заедничката изјава.

The post EУ се закани со санкции за сите што ќе ги признаат Доњецк и Луганкс appeared first on Република.

]]>
Канада ќе воведе санкции кон Русија поради признавањето на т.н. ДНР и ЛНР https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kanada-kje-vovede-sankcii-kon-rusija-poradi-priznavanjeto-na-t-n-dnr-i-lnr/ Tue, 22 Feb 2022 07:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=461710

Канадските власти имаат намера да воведат санкции против Русија во врска со нејзината одлука да ги признае т.н. Народни републики Доњецк и Луганск, се наведува во изјавата на канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.

Канада, заедно со своите партнери и сојузници, категорично ќе одговори на ова непочитување на меѓународното право, рече таа. – Ние се подготвуваме да воведеме економски санкции за овие дејствија, но одделно од оние што се подготвени како одговор на секоја понатамошна руска воена интервенција во Украина.

Џоли додаде дека и Канада остро го осудува потегот на Руската Федерација. – Ова е директно кршење на Договорите од Минск, Повелбата на ОН, како и сериозна закана за безбедноста и стабилноста на регионот, тврди таа.

Претходно премиерот Џастин Трудо изјави дека Канада нема да го поддржи признавањето на независноста на т.н. ДНР и ЛНР и ќе даде „одлучен и цврст одговор“ заедно со своите сојузници.

The post Канада ќе воведе санкции кон Русија поради признавањето на т.н. ДНР и ЛНР appeared first on Република.

]]>

Канадските власти имаат намера да воведат санкции против Русија во врска со нејзината одлука да ги признае т.н. Народни републики Доњецк и Луганск, се наведува во изјавата на канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли.
Канада, заедно со своите партнери и сојузници, категорично ќе одговори на ова непочитување на меѓународното право, рече таа. – Ние се подготвуваме да воведеме економски санкции за овие дејствија, но одделно од оние што се подготвени како одговор на секоја понатамошна руска воена интервенција во Украина.
Џоли додаде дека и Канада остро го осудува потегот на Руската Федерација. – Ова е директно кршење на Договорите од Минск, Повелбата на ОН, како и сериозна закана за безбедноста и стабилноста на регионот, тврди таа. Претходно премиерот Џастин Трудо изјави дека Канада нема да го поддржи признавањето на независноста на т.н. ДНР и ЛНР и ќе даде „одлучен и цврст одговор“ заедно со своите сојузници.

The post Канада ќе воведе санкции кон Русија поради признавањето на т.н. ДНР и ЛНР appeared first on Република.

]]>
За Турција потегот на Русија е неприфатлив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-turcija-potegot-na-rusija-e-neprifatliv/ Tue, 22 Feb 2022 07:17:31 +0000 https://republika.mk/?p=461704

Турција смета дека е неприфатлива одлуката на Русија да ја признае независноста на т.н. Доњецка и Луганска народна република, соопшти Министерството за надворешни работи на земјава.

„Одлуката на Руската Федерација да ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск е кршење на Договорите од Минск, како и јасно нарушување на политичкото единство, суверенитет и територијалниот интегритет на Украина. Оваа одлука на Русија ја сметаме за неприфатлива“, се вели во соопштението на Министерството.

The post За Турција потегот на Русија е неприфатлив appeared first on Република.

Албанија го осуди признавањето на независноста на Доњецк и Луганск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/albanija-go-osudi-priznavanjeto-na-nezavisnosta-na-donjeck-i-lugansk/ Tue, 22 Feb 2022 07:10:05 +0000 https://republika.mk/?p=461698

Официјална Тирана  ја осуди одлуката на Русија да ги признаe самопрогласените „Доњецка народна република” и „Луганска народна република” и ја повтори подршката за Украина.

Прв реагираше претседателот Илир Мета, кој, откако ја осуди одлуката на Русија,  во официјална реакција оценува дека овој униталатерален акт претставува “тежок прекршок на меѓународното право, договорот од Минск и го поткопува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”.

„Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во подршката за Украина“, напиша Мета.

И министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка,  ја осудува руската одлука и наведува дека тоа е јасно кршење на меѓународното право,  договорот од Минск, како и закана по територијалниот интегритет и независноста на Украина.

И таа, како и Мета посочува дека “Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во поддршката за Украина”.

Министерот за одбрана Нико Пелеши смета дека оваа одлука на Русија е опасно движење кое носи нејаснотии за мирот, безбедноста и стабилноста на европскиот континент.

– Ќе останеме цврсти во поддршката за нашите украински партнери, а НАТО  Алијансата е пообединета од кога било, стои во објавата на Пелеши.

The post Албанија го осуди признавањето на независноста на Доњецк и Луганск appeared first on Република.

]]>

Официјална Тирана  ја осуди одлуката на Русија да ги признаe самопрогласените „Доњецка народна република” и „Луганска народна република” и ја повтори подршката за Украина. Прв реагираше претседателот Илир Мета, кој, откако ја осуди одлуката на Русија,  во официјална реакција оценува дека овој униталатерален акт претставува “тежок прекршок на меѓународното право, договорот од Минск и го поткопува територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”.
„Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во подршката за Украина“, напиша Мета.
И министерката за Европа и надворешни работи, Олта Џачка,  ја осудува руската одлука и наведува дека тоа е јасно кршење на меѓународното право,  договорот од Минск, како и закана по територијалниот интегритет и независноста на Украина. И таа, како и Мета посочува дека “Албанија останува обединета со партнерите и сојузниците во поддршката за Украина”. Министерот за одбрана Нико Пелеши смета дека оваа одлука на Русија е опасно движење кое носи нејаснотии за мирот, безбедноста и стабилноста на европскиот континент.
– Ќе останеме цврсти во поддршката за нашите украински партнери, а НАТО  Алијансата е пообединета од кога било, стои во објавата на Пелеши.

The post Албанија го осуди признавањето на независноста на Доњецк и Луганск appeared first on Република.

]]>
Путин пред камери ги потпиша одлуките за признавање на Доњецк и Луганск https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/putin-pred-kameri-gi-potpisha-odlukite-za-priznavanje-na-donjeck-i-lugansk/ Mon, 21 Feb 2022 20:00:55 +0000 https://republika.mk/?p=461651

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста по повод кризата во Украина, а неговото излагање со големо внимание го следеше цел свет.

Модерна Украина е создадена од Русија. Украина не е само наша соседна земја , таа е нераскинлив дел од нашата историја во која живеат наши роднини и пријатели. Ситуацијата на истокот на Украина е критична, рече Путин.

Неговиот говор траеше околу 40 минути, при што рече дека Русија ги признава проруските сепаратистички региони како независни држави, додавајќи дека тоа требал да го направи и порано.

На крајот, во присуство на камери, Путин ги потпиша одлуките за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави.

The post Путин пред камери ги потпиша одлуките за признавање на Доњецк и Луганск appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста по повод кризата во Украина, а неговото излагање со големо внимание го следеше цел свет.
Модерна Украина е создадена од Русија. Украина не е само наша соседна земја , таа е нераскинлив дел од нашата историја во која живеат наши роднини и пријатели. Ситуацијата на истокот на Украина е критична, рече Путин.
Неговиот говор траеше околу 40 минути, при што рече дека Русија ги признава проруските сепаратистички региони како независни држави, додавајќи дека тоа требал да го направи и порано. На крајот, во присуство на камери, Путин ги потпиша одлуките за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави.

The post Путин пред камери ги потпиша одлуките за признавање на Доњецк и Луганск appeared first on Република.

]]>
Општа мобилизација во Луганск и Доњецк https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/opshta-mobilizacija-vo-lugansk-i-donjeck/ Sat, 19 Feb 2022 07:38:22 +0000 https://republika.mk/?p=460715

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ (ЛНР) Леонид Пашечник денеска потпиша указ за општа мобилизација, јавуваат руските медиуми.

Донесов одлука да објавам општа мобилизација на територијата на Луганска Народна Република, се наведува во указот на Пашечник.

Претходно, општа мобилизација прогласи и лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), Денис Пушилин.

Пашечник и Пушилин вчера објавија почеток на евакуација на граѓаните кон Ростовската област во Русија, наведувајќи дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наскоро ќе издаде наредба за напад на Донбас.

Сепак, Украина тврди дека не подготвува операција во Донбас.

The post Општа мобилизација во Луганск и Доњецк appeared first on Република.

]]>

Лидерот на самопрогласената „Луганска Народна Република“ (ЛНР) Леонид Пашечник денеска потпиша указ за општа мобилизација, јавуваат руските медиуми.
Донесов одлука да објавам општа мобилизација на територијата на Луганска Народна Република, се наведува во указот на Пашечник.
Претходно, општа мобилизација прогласи и лидерот на самопрогласената „Доњецка Народна Република“ (ДНР), Денис Пушилин. Пашечник и Пушилин вчера објавија почеток на евакуација на граѓаните кон Ростовската област во Русија, наведувајќи дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски наскоро ќе издаде наредба за напад на Донбас. Сепак, Украина тврди дека не подготвува операција во Донбас.

The post Општа мобилизација во Луганск и Доњецк appeared first on Република.

]]>
Блинкен: Руското признавање на Доњецк и Луганск ќе наложи цврст одговор од САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/blinken-ruskoto-priznavanje-na-donjeck-i-lugansk-kje-nalozi-cvrst-odgovor-od-sad/ Wed, 16 Feb 2022 14:43:25 +0000 https://republika.mk/?p=459430

САД остро го осудија предлогот на рускиот Парламент за признавање на двете украински сепаратистички републики, Доњецк и Луганск, како независни.

Таков потег би претставувал грубо кршење на меѓународното право -изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

Рускиот Парламент вчера изгласа и го повика претседателот Владимир Путин да ги признае двата сепаратистички региона во источна Украина како „суверени и независни држави“ во момент на зголемени тензии со Западот поради распоредување трупи од Москва долж украинската граница.

Одобрувањето на овој повик од страна на Кремљ би значело целосно отфрлање од страна на руската Влада на нејзините заложби кон договорите од Минск - истакна Блинкен, мислејќи на историскиот договор од 2014 година, чија цел беше да се реши конфликтот во Украина.

Тој додаде дека таквата одлука ќе ја поткопа „наведената посветеност на Москва да продолжи да се ангажира во дипломатијата за постигнување мирно решение на кризата и ќе наложи брз и цврст одговор од САД во целосна координација со нивните сојузници и партнери“.

The post Блинкен: Руското признавање на Доњецк и Луганск ќе наложи цврст одговор од САД appeared first on Република.

Доњецк и Луганск чекорат кон независност, Западот негодува https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/donjeck-i-lugansk-chekorat-kon-nezavisnost-zapadot-negoduva/ Tue, 15 Feb 2022 20:17:03 +0000 https://republika.mk/?p=459036

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека доколку Москва ги признае како независни двата отцепени региони во источна Украина, Доњецк и Луганск, поддржани од Русија, тоа ќе претставува „напад без оружје“.

– Доколку тоа се примени, тогаш би било невозможна ситуација и би претставувало еден вид напад без оружје. Тоа би било кршење на суверенитетот на Украина, истакна Ле Дриан во францускиот Парламент.

Кремљ денеска соопшти дека дел од руските војници се враќаат во базите по воените вежби во близина на Украина, додека НАТО и САД соопштија дека допрва треба да видат докази за деескалација што може да спречи војна.

Шефот на француската дипломатија го поздрави сигналот од Русија дека повлекува сили распоредени близу границата со Украина, но ја повика Москва да го спроведе потфатот во дело.

– Зборовите се добри. Чекаме дела. Ако има акции тогаш тоа ќе биде уште подобро, нагласи Ле Дриан во Парламентот. Тој додаде дека забележал некои неодамнешни „наклонети“ руски официјални лица кои укажуваат на отвореност за дијалог.

The post Доњецк и Луганск чекорат кон независност, Западот негодува appeared first on Република.

]]>

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан денеска изјави дека доколку Москва ги признае како независни двата отцепени региони во источна Украина, Доњецк и Луганск, поддржани од Русија, тоа ќе претставува „напад без оружје“.
– Доколку тоа се примени, тогаш би било невозможна ситуација и би претставувало еден вид напад без оружје. Тоа би било кршење на суверенитетот на Украина, истакна Ле Дриан во францускиот Парламент.
Кремљ денеска соопшти дека дел од руските војници се враќаат во базите по воените вежби во близина на Украина, додека НАТО и САД соопштија дека допрва треба да видат докази за деескалација што може да спречи војна. Шефот на француската дипломатија го поздрави сигналот од Русија дека повлекува сили распоредени близу границата со Украина, но ја повика Москва да го спроведе потфатот во дело. – Зборовите се добри. Чекаме дела. Ако има акции тогаш тоа ќе биде уште подобро, нагласи Ле Дриан во Парламентот. Тој додаде дека забележал некои неодамнешни „наклонети“ руски официјални лица кои укажуваат на отвореност за дијалог.

The post Доњецк и Луганск чекорат кон независност, Западот негодува appeared first on Република.

]]>