Донфрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donfrid/ За подобро да се разбереме Thu, 28 Apr 2022 13:53:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Донфрид Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donfrid/ 32 32 Пендаровски се сретна со Карен Донфрид, американска помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-se-sretna-so-karen-donfrid-amerikanska-pomoshnik-drzavna-sekretarka-za-evropski-i-evroaziski-prashanja/ Thu, 28 Apr 2022 13:53:18 +0000 https://republika.mk/?p=494848

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими  Карен Донфрид, помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави.

Во фокусот на разговорите беа билатералните односи, актуелните случувања во земјата и текот на реформските процеси, како и надворешно – политичките приоритети на Македонија низ призмата на актуелните случувања во регионот и Европа.

Претседателот Пендаровски посочи дека посетата на Донфрид на Западен Балкан, е потврда за силната американска поддршка за регионалната стабилност и за важноста од понатамошна консолидација на демократските процеси во регионот.

Исто така, претседателот истакна дека Македонија е подготвена да придонесе за понатамошен развој на билатералните односи и зајакнување на стратешкото партнерство со САД. Остануваме цврсто посветени на спроведување на реформите за борба против организираниот криминал и корупцијата, и во таа насока особено ја цениме американската поддршка, додаде претседателот Пендаровски. Tој го поздрави билатералниот стратешки дијалог со САД како позитивен импулс во меѓусебните односи за унапредување на соработката во областа на одбраната, безбедноста, владеењето на правото, економијата, енергетиката и климатските промени.

На средбата соговорниците дискутираа и за политичката динамика и економската ситуација во Европа, предизвикана од руската инвазија врз Украина, при што претседателот Пендаровски ги потенцираше преземените мерки од страна на Македонија како земја-членка на НАТО и го реафирмираше ставот за целосна усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ.

Осврнувајќи се на безбедносните случувања и последиците врз Балканот, претседателот алармираше на важноста за деблокада на македонските евроинтеграции и изнаоѓање на конструктивно решение за недоразбирањата со Бугарија.

Со оглед на актуелните случувања во Украина и на европскиот континент, претседателот додаде дека неопходно е преговорите за членство во ЕУ да започнат што побрзо, поради ризикот од поткопување на поддршката за европската интеграција и забавување на темпото на реформските процеси како владеење на правото, реформи во судството и борба против корупцијата.

The post Пендаровски се сретна со Карен Донфрид, американска помошник државна секретарка за европски и евроазиски прашања appeared first on Република.

]]>

Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-donfrid-se-intenzivira-poddrshkata-za-evrointegraciite-severna-makedonija-e-vazen-transatlantski-partner-na-sad/ Thu, 28 Apr 2022 12:12:37 +0000 https://republika.mk/?p=494785

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со Габриел Ескобар заменик помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, информираат од владината прес служба.

На состанокот е заеднички истакнато значењето на стратешкото партнерство на Македонија со САД.

Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна и недвосмислена поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан.

Истакнато е дека нашата држава, како членка на НАТО и земја кандидатка за ЕУ, функционира според принципите на демократските и европските вредности и дека во предизвиците што ги донесе војната во Украина, се постави брзо и целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ.

Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Македонија како што е оценето, даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во Европската Унија.

Заеднички е констатирано дека ова треба да биде препознаено и вреднувано од ЕУ, со отворање на преговорите за Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, од геополитичка гледна точка е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на самата Европска Унија.

Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционалното, искрено и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава до денес и го оцени како исклучително важно во сите процеси на развојот на нашата држава, вклучувајќи го и остварувањето на двете државни стратешки цели, НАТО и ЕУ.

Владата е фокусирана на животниот стандард на граѓаните и на надминување на последиците од светската енергетска, економска и воена криза и ќе продолжиме да се заложуваме за решенија на сите отворени прашања исклучиво со почитување на европските вредности и на основа на меѓусебна почит и достоинствен пристап во разговорите, рече премиерот Ковачевски.

На состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е значењето на иницијативата Отворен Балкан што ја унапредува регионалната соработка.

The post Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, придружуван од заменик-претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со Карен Донфрид помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, како и со Габриел Ескобар заменик помошник на државниот секретар на САД за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан и со американска делегација, придружувана од амбасадорката на САД во земјава Кејт Мари Брнз, информираат од владината прес служба. На состанокот е заеднички истакнато значењето на стратешкото партнерство на Македонија со САД. Помошник државната секретарка на САД Донфрид, пренесе порака дека Македонија е важен трансатлантски партнер на САД. Изразена е силна и недвосмислена поддршка од администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден за развојот и европските интеграции на Македонија и за итно и неодложно отпочнување на преговорите со ЕУ, како прашање од стратешка важност за стабилноста на целиот Западен Балкан. Истакнато е дека нашата држава, како членка на НАТО и земја кандидатка за ЕУ, функционира според принципите на демократските и европските вредности и дека во предизвиците што ги донесе војната во Украина, се постави брзо и целосно на линија на политиките на НАТО и на ЕУ. Со ефективните политики за поддршка на народот во Украина и во согласност со надворешната политика на НАТО и на ЕУ, Македонија како што е оценето, даде уште еден силен аргумент дека припаѓа во НАТО и во Европската Унија. Заеднички е констатирано дека ова треба да биде препознаено и вреднувано од ЕУ, со отворање на преговорите за Македонија и Албанија, бидејќи проширувањето на Европската Унија со Западен Балкан, од геополитичка гледна точка е безбедносно прашање и е од суштинско значење за стабилноста и просперитетот на целиот регион и на самата Европска Унија. Премиерот Ковачевски се заблагодари за традиционалното, искрено и континуирано пријателство на САД од независноста на нашата држава до денес и го оцени како исклучително важно во сите процеси на развојот на нашата држава, вклучувајќи го и остварувањето на двете државни стратешки цели, НАТО и ЕУ.
Владата е фокусирана на животниот стандард на граѓаните и на надминување на последиците од светската енергетска, економска и воена криза и ќе продолжиме да се заложуваме за решенија на сите отворени прашања исклучиво со почитување на европските вредности и на основа на меѓусебна почит и достоинствен пристап во разговорите, рече премиерот Ковачевски.
На состанокот е разговарано за повеќе актуелни прашања, како што е значењето на иницијативата Отворен Балкан што ја унапредува регионалната соработка.

The post Ковачевски – Донфрид: Се интензивира поддршката за евроинтеграциите, Македонија е важен трансатлантски партнер на САД appeared first on Република.

]]>
Помошник-државната секретарка на САД за европски прашања доаѓа во Скопје: Ќе даде поддршка за почеток на преговорите со ЕУ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pomoshnik-drzavnata-sekretarka-na-sad-za-evropski-prashanja-doagja-vo-skopje-kje-dade-poddrshka-za-pochetok-na-pregovorite-so-eu/ Fri, 22 Apr 2022 09:49:26 +0000 https://republika.mk/?p=492145

Помошник-државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Керен Донфрид, следната недела ќе го посети Западен Балкан, а еден ден ќе престојува и во Скопје.

Како што соопшти Стејт департментот, нејзината посета ќе се реализира во периодот од 25 до 29 април кога таа ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Во земјава Донфрид ќе биде на 28 април.

На 28 април во Македонија, таа ќе се сретне со владините лидери за да ја сигнализира нашата силна поддршка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ и да им се заблагодари за нивната постојана помош за Украина. Таа ќе ја охрабри најновата земја-членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната соработка“, соопшти Стејт департментот.

На истиот датум на агендата на Донфрид е и Албанија со која ќе одбележат 100 години од американско-дипломатските односи. Според најавата, помошник-државната секретарка ќе искаже силна поддршка за почеток на пристапните преговори со ЕУ и за Албанија.

Нејзината турнеја на Западен Балкан на 25 април таа ќе ја започне во Косово, а следниот ден ќе отпатува за Србија. Меѓу останатите теми на разговор со косовските и српските власти ќе биде и дијалогот помеѓу двете земји за нормализирање на односите и ќе ја нагласи потребата за негово возобновување.

На 27 април, на агендата на Донфрид е Босна и Херцеговина каде ќе ги охрабри властите да ги унапредат реформите и да обезбедат поголем просперитет за земјата, како и да добијат кандидатски статус за ЕУ. Исто така, ќе повика навремено да се спроведат изборите планирани за есента 2022 г., но и да се зајакне борбата против корупцијата.

Регионалната посета таа ќе ја заврши на 29 април во Црна Гора каде меѓу темите на разговор ќе бидат забрзување на евроатлантскиот пат на оваа земја и нејзиното пристапување во ЕУ.

The post Помошник-државната секретарка на САД за европски прашања доаѓа во Скопје: Ќе даде поддршка за почеток на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Помошник-државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања, Керен Донфрид, следната недела ќе го посети Западен Балкан, а еден ден ќе престојува и во Скопје. Како што соопшти Стејт департментот, нејзината посета ќе се реализира во периодот од 25 до 29 април кога таа ќе ги посети Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Македонија и Србија. Во земјава Донфрид ќе биде на 28 април.
На 28 април во Македонија, таа ќе се сретне со владините лидери за да ја сигнализира нашата силна поддршка за пристапните преговори на Македонија со ЕУ и да им се заблагодари за нивната постојана помош за Украина. Таа ќе ја охрабри најновата земја-членка на НАТО да ја продолжи блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната соработка“, соопшти Стејт департментот.
На истиот датум на агендата на Донфрид е и Албанија со која ќе одбележат 100 години од американско-дипломатските односи. Според најавата, помошник-државната секретарка ќе искаже силна поддршка за почеток на пристапните преговори со ЕУ и за Албанија. Нејзината турнеја на Западен Балкан на 25 април таа ќе ја започне во Косово, а следниот ден ќе отпатува за Србија. Меѓу останатите теми на разговор со косовските и српските власти ќе биде и дијалогот помеѓу двете земји за нормализирање на односите и ќе ја нагласи потребата за негово возобновување. На 27 април, на агендата на Донфрид е Босна и Херцеговина каде ќе ги охрабри властите да ги унапредат реформите и да обезбедат поголем просперитет за земјата, како и да добијат кандидатски статус за ЕУ. Исто така, ќе повика навремено да се спроведат изборите планирани за есента 2022 г., но и да се зајакне борбата против корупцијата. Регионалната посета таа ќе ја заврши на 29 април во Црна Гора каде меѓу темите на разговор ќе бидат забрзување на евроатлантскиот пат на оваа земја и нејзиното пристапување во ЕУ.

The post Помошник-државната секретарка на САД за европски прашања доаѓа во Скопје: Ќе даде поддршка за почеток на преговорите со ЕУ appeared first on Република.

]]>