донаторска конференција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donatorska-konferencija/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Mar 2023 15:16:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png донаторска конференција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donatorska-konferencija/ 32 32 ЕУ ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија по земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-ke-organizira-donatorska-konferentsija-za-turtsija-i-sirija-po-zemjotresot/ Fri, 10 Mar 2023 15:25:44 +0000 https://republika.mk/?p=618229

Европската комисија и шведското претседателство со ЕУ на 20 март ќе бидат домаќини на Меѓународната донаторска конференција во Брисел за поддршка на погодените од разорниот земјотрес во Турција и Сирија што се случи на почетокот на февруари.

Како што соопшти Комисијата, ЕУ и нејзините членки планираат да ветат значителна помош за закрепнување и обнова во Турција и Сирија.

ЕУ ги повикува меѓународните партнери и светските донатори да покажат солидарност со луѓето во Турција и Сирија во тешки околности и да ветат помош во согласност со обемот на штетата, соопштија од ЕК.

Кодомаќини на конференцијата, која се организира во координација со турските власти, ќе бидат претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Во соопштението се наведува дека донаторската конференција ќе биде отворена за членките на ЕУ, кандидатите и потенцијални кандидати за членство, соседи и партнери на ЕУ, членки на Групата 20 без Русија, ОН, меѓународни организации, меѓународни и европски финансиски институции.

Фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе продолжи да покажува солидарност со Турција и Сирија на долг рок.

Кристерсон порача дека Шведска, како претседавач со ЕУ, ќе направи сè што може, заедно со партнерите, да им помогне на погодените од земјотресот во следната фаза на реконструкција и закрепнување.

Подготовките за Меѓународната донаторска конференција се во тек по првите разговори меѓу европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји, шведскиот министер за меѓународна развојна соработка Јохан Форсел и турските власти за време на неодамнешната посета на европските претставници на Анкара.

По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, ЕУ испрати помош преку својот механизам за цивилна заштита во форма на спасувачки и медицински тимови, засолништа и лекови.

Севкупно, ЕУ испрати хуманитарна помош за Турција за итни потреби во вредност од речиси 12 милиони евра, а за Сирија околу десет милиони.

The post ЕУ ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија по земјотресот appeared first on Република.

]]>

Европската комисија и шведското претседателство со ЕУ на 20 март ќе бидат домаќини на Меѓународната донаторска конференција во Брисел за поддршка на погодените од разорниот земјотрес во Турција и Сирија што се случи на почетокот на февруари. Како што соопшти Комисијата, ЕУ и нејзините членки планираат да ветат значителна помош за закрепнување и обнова во Турција и Сирија.
ЕУ ги повикува меѓународните партнери и светските донатори да покажат солидарност со луѓето во Турција и Сирија во тешки околности и да ветат помош во согласност со обемот на штетата, соопштија од ЕК.
Кодомаќини на конференцијата, која се организира во координација со турските власти, ќе бидат претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и шведскиот премиер Улф Кристерсон. Во соопштението се наведува дека донаторската конференција ќе биде отворена за членките на ЕУ, кандидатите и потенцијални кандидати за членство, соседи и партнери на ЕУ, членки на Групата 20 без Русија, ОН, меѓународни организации, меѓународни и европски финансиски институции. Фон дер Лајен изјави дека ЕУ ќе продолжи да покажува солидарност со Турција и Сирија на долг рок. Кристерсон порача дека Шведска, како претседавач со ЕУ, ќе направи сè што може, заедно со партнерите, да им помогне на погодените од земјотресот во следната фаза на реконструкција и закрепнување. Подготовките за Меѓународната донаторска конференција се во тек по првите разговори меѓу европскиот комесар за соседство и проширување Оливер Вархеји, шведскиот министер за меѓународна развојна соработка Јохан Форсел и турските власти за време на неодамнешната посета на европските претставници на Анкара. По разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари, ЕУ испрати помош преку својот механизам за цивилна заштита во форма на спасувачки и медицински тимови, засолништа и лекови. Севкупно, ЕУ испрати хуманитарна помош за Турција за итни потреби во вредност од речиси 12 милиони евра, а за Сирија околу десет милиони.

The post ЕУ ќе организира донаторска конференција за Турција и Сирија по земјотресот appeared first on Република.

]]>
На донаторска конференција обезбедени 6,5 милијарди долари за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/na-donatorska-konferencija-obezbedeni-6-5-milijardi-dolari-za-ukraina/ Thu, 05 May 2022 16:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=498170

На меѓународната донаторска конференција за Украина, одржана во главниот град на Полска, Варшава, се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува „Ројтерс“.

Собирот се одржа на Националниот стадион во Варшава, а домаќини беа полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Минатиот месец, Меѓународната донаторска конференција во Варшава ја заврши глобалната кампања „Стани за Украина“, која собра 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарди евра за раселените лица.

The post На донаторска конференција обезбедени 6,5 милијарди долари за Украина appeared first on Република.

]]>

На меѓународната донаторска конференција за Украина, одржана во главниот град на Полска, Варшава, се собрани 6,5 милијарди долари, објави полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува „Ројтерс“. Собирот се одржа на Националниот стадион во Варшава, а домаќини беа полскиот премиер Матеуш Моравјецки и шведската премиерка Магдалена Андерсон, во партнерство со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Минатиот месец, Меѓународната донаторска конференција во Варшава ја заврши глобалната кампања „Стани за Украина“, која собра 9,1 милијарда евра за помош на украинскиот народ, додека Европската банка за обнова и развој најави дека ќе одвои дополнителни милијарди евра за раселените лица.

The post На донаторска конференција обезбедени 6,5 милијарди долари за Украина appeared first on Република.

]]>