донаторска акција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donatorska-akcija/ За подобро да се разбереме Sun, 24 Sep 2023 09:55:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png донаторска акција Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donatorska-akcija/ 32 32 Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/donatorska-aktsija-za-poddrshka-na-obrazovnite-potrebi-na-detsa-od-ruralni-sredini/ Sun, 24 Sep 2023 09:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=684626

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, е организирана донаторска акција за подобрување на условите за настава за децата од селото Дреновци.

Како што соопшти Народната банка, нивните вработени масовно се вклучиле и одговориле на повикот за донација кој бил поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село.

Училишниот прибор и опрема коишто беа собрани за време на донаторската акција им беа предадени на учениците и наставниците од селото Дреновци, при нивната посета на Народната банка, во чии рамки тие го посетија и Музејот на Народната банка, каде што имаа можност да ги видат најстарите монети коишто се дел од нашето вредно културно наследство. Учениците и нивните наставници се сретнаа и со вработените од централната банка кои работат во доменот на финансиската едукација, кои накратко им пренесоа дел од знаењата за функционирањето на финансискиот и банкарскиот систем на нашата земја, соопштија од Народната банка.

За време на посетата, групата ученици и наставници се сретнале и со раководството на Банката и во разговор со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, биле запознаени со работењето на централната банка.

Притоа беа истакнати заложбите на вработените и на институцијата за градење образование коешто отвора можности за развој на секое дете и поединец, како придонес кон поголем економски раст и развој на земјата. Токму финансиската едукација е еден од стратегиските приоритети на Народната банка, при што посебно внимание ѝ се посветува на едукацијата на младите, како носечки столб на иднината на општеството, се наведува во соопштението.

The post Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, е организирана донаторска акција за подобрување на условите за настава за децата од селото Дреновци. Како што соопшти Народната банка, нивните вработени масовно се вклучиле и одговориле на повикот за донација кој бил поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село.