Доналд Трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donald-tramp/ За подобро да се разбереме Sat, 30 Nov 2024 18:53:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доналд Трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donald-tramp/ 32 32 Трамп побарал мислење од Орбан како да заврши војната во Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-pobaral-mislene-od-orban-kako-da-zavrshi-vojnata-vo-ukraina/ Sat, 30 Nov 2024 18:53:12 +0000 https://republika.mk/?p=843495

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по победата на претседателските избори на 5 ноември остварил неколку телефонски разговори со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, соопштија извори на унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа.

Извори од унгарската влада рекоа дека Трамп побарал мислење од Орбан за завршување на војната во Украина, која трае од февруари 2022 година.

За време на претседателската кампања, Трамп ја критикуваше одлуката на администрацијата на Џо Бајден да и даде милијарди долари на Украина и постојано повторуваше дека може да ја заврши војната во рок од 24 часа по повторното влегување во Белата куќа.

Орбан, исто така, ја критикуваше помошта на Европската унија (ЕУ) за Украина и ги попречуваше европските санкции против Русија, а во декември, наводно, би можел да замине во мировна мисија за ставање крај на војната во Украина.

Извори на унгарскиот сервис на РСЕ сугерираат дека тоа би можело да вклучи пренесување на пораките на Трамп до Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг.

И покрај критиките од Брисел, Орбан отпатува во Москва во јули и се сретна со Путин, по разговорите со Зеленски, а потоа отпатува во Кина и на крајот во САД на средба со Трамп.

The post Трамп побарал мислење од Орбан како да заврши војната во Украина appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, по победата на претседателските избори на 5 ноември остварил неколку телефонски разговори со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, соопштија извори на унгарскиот сервис на Радио Слободна Европа. Извори од унгарската влада рекоа дека Трамп побарал мислење од Орбан за завршување на војната во Украина, која трае од февруари 2022 година. За време на претседателската кампања, Трамп ја критикуваше одлуката на администрацијата на Џо Бајден да и даде милијарди долари на Украина и постојано повторуваше дека може да ја заврши војната во рок од 24 часа по повторното влегување во Белата куќа. Орбан, исто така, ја критикуваше помошта на Европската унија (ЕУ) за Украина и ги попречуваше европските санкции против Русија, а во декември, наводно, би можел да замине во мировна мисија за ставање крај на војната во Украина. Извори на унгарскиот сервис на РСЕ сугерираат дека тоа би можело да вклучи пренесување на пораките на Трамп до Володимир Зеленски, Владимир Путин и кинескиот претседател Кси Џинпинг. И покрај критиките од Брисел, Орбан отпатува во Москва во јули и се сретна со Путин, по разговорите со Зеленски, а потоа отпатува во Кина и на крајот во САД на средба со Трамп.

The post Трамп побарал мислење од Орбан како да заврши војната во Украина appeared first on Република.

]]>
Трамп се сретна со Трудо во Флорида https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-se-sretna-so-trudo-vo-florida/ Sat, 30 Nov 2024 10:24:53 +0000 https://republika.mk/?p=843351

Премиерот на Канада, Џастин Трудо вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот во Флорида.

Средбата уследи неколку дена откако Трамп најави воведување царини за Канада поради проблеми на границата.

Трамп на 25 ноември се закани дека ќе воведе 25 проценти царина на увозот од Канада и Мексико ако Отава и Мексико Сити не ја засилат борбата против шверцот на дрога, посебно фенталинот и не ги запрат мигрантите кои влегуваат во САД.

Трудо претходно одржа состанок со премиерите на сите десет канадски покраини, со кои разговараше за односите со САД.

Канада е четврти најголем производител на нафта во светот и шести најголем производител на гас во светот. Огромното мнозинство енергетски производи се извезуваат во САД, а Трамп не прави исклучок за нив во својот план за воведување на царини.

The post Трамп се сретна со Трудо во Флорида appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Канада, Џастин Трудо вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп на неговиот имот во Флорида. Средбата уследи неколку дена откако Трамп најави воведување царини за Канада поради проблеми на границата. Трамп на 25 ноември се закани дека ќе воведе 25 проценти царина на увозот од Канада и Мексико ако Отава и Мексико Сити не ја засилат борбата против шверцот на дрога, посебно фенталинот и не ги запрат мигрантите кои влегуваат во САД. Трудо претходно одржа состанок со премиерите на сите десет канадски покраини, со кои разговараше за односите со САД. Канада е четврти најголем производител на нафта во светот и шести најголем производител на гас во светот. Огромното мнозинство енергетски производи се извезуваат во САД, а Трамп не прави исклучок за нив во својот план за воведување на царини.

The post Трамп се сретна со Трудо во Флорида appeared first on Република.

]]>
Портпаролката на Трамп негираше дека има одлука за отпуштање на трансродовите лица од армијата на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/portparolkata-na-tramp-negirashe-deka-ima-odluka-za-otpushtane-na-transrodovite-litsa-od-armijata-na-sad/ Fri, 29 Nov 2024 20:01:19 +0000 https://republika.mk/?p=843241

Портпаролката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и идната претставничка за медиуми на Белата куќа, Керолин Ливит, изјави дека сè уште не е донесена одлука за прашањето околу статусот на трансродовите лица во американската војска.

Ваквиот коментар, Ливит го даде одговарајќи на некои наводи дека овие луѓе би можеле да бидат отпуштени од војската.

Овие неименувани извори шпекулираат и немаат поим за што зборуваат. Ниту една политика нема да биде прогласена за официјална, освен ако не доаѓа директно од претседателот Трамп или од неговите овластени претставници на медиумите“, изјави Левит.

Непрофитната организација „Спарта Прајд“, која се залага за правата на трансродовите лица во војската, оваа недела за порталот „Милитари“ соопшти дека околу 15.000 трансродови припадници на војската се распоредени низ светот, вклучувајќи и борбени зони.

The post Портпаролката на Трамп негираше дека има одлука за отпуштање на трансродовите лица од армијата на САД appeared first on Република.

]]>

Портпаролката на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп и идната претставничка за медиуми на Белата куќа, Керолин Ливит, изјави дека сè уште не е донесена одлука за прашањето околу статусот на трансродовите лица во американската војска. Ваквиот коментар, Ливит го даде одговарајќи на некои наводи дека овие луѓе би можеле да бидат отпуштени од војската.
Овие неименувани извори шпекулираат и немаат поим за што зборуваат. Ниту една политика нема да биде прогласена за официјална, освен ако не доаѓа директно од претседателот Трамп или од неговите овластени претставници на медиумите“, изјави Левит.
Непрофитната организација „Спарта Прајд“, која се залага за правата на трансродовите лица во војската, оваа недела за порталот „Милитари“ соопшти дека околу 15.000 трансродови припадници на војската се распоредени низ светот, вклучувајќи и борбени зони.

The post Портпаролката на Трамп негираше дека има одлука за отпуштање на трансродовите лица од армијата на САД appeared first on Република.

]]>
Трамп: Продуктивен разговор со претседателката на Мексико, ќе биде затворена јужната граница на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-produktiven-razgovor-so-pretsedatelkata-na-meksiko-ke-bide-zatvorena-juzhnata-granitsa-na-sad/ Thu, 28 Nov 2024 08:31:32 +0000 https://republika.mk/?p=842600

Два дена откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови високи царини за Канада и Мексико како дел од напорите за сузбивање на илегалната миграција и на дрога, објави дека разговарал со мексиканската претседателка Класија Шејнбаум и дека „таа се согласила да престане миграција низ Мексико“.

Во синоќешната објава на својата социјална мрежа True Social, Трамп рече дека всушност „ќе биде затворена јужната граница на САД“, и дека имал многу продуктивен разговор со претседателката на Мексико.

Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум одговори на тврдењето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ја „запре“ миграцијата во САД нагласувајќи дека државата не планира да ја затвори границата.

„Позицијата на Мексико не е да ги затвора границите, туку да гради мостови меѓу владите и заедниците“, напиша Шејнбаум на X.

Според американски медиуми, не е јасно како тој разговор ќе влијае на планот на Трамп за воведување нови царини.

Во понеделникот, Трамп рече дека ќе воведе царини од 25 отсто за сите производи кои влегуваат во земјата од Канада и Мексико како една од неговите први извршни наредби по преземањето на функцијата на 20 јануари.

Во објавувањето на тие планови на својата мрежа True Social, Трамп го критикуваше големиот прилив на мигранти кои илегално доаѓаат во САД, иако бројот на илегални мигранти приведени на јужната граница на САД со Мексико е на најниско ниво во изминатите четири години.

The post Трамп: Продуктивен разговор со претседателката на Мексико, ќе биде затворена јужната граница на САД appeared first on Република.

]]>

Два дена откако новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп се закани дека ќе воведе нови високи царини за Канада и Мексико како дел од напорите за сузбивање на илегалната миграција и на дрога, објави дека разговарал со мексиканската претседателка Класија Шејнбаум и дека „таа се согласила да престане миграција низ Мексико“. Во синоќешната објава на својата социјална мрежа True Social, Трамп рече дека всушност „ќе биде затворена јужната граница на САД“, и дека имал многу продуктивен разговор со претседателката на Мексико. Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум одговори на тврдењето на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека ќе ја „запре“ миграцијата во САД нагласувајќи дека државата не планира да ја затвори границата. „Позицијата на Мексико не е да ги затвора границите, туку да гради мостови меѓу владите и заедниците“, напиша Шејнбаум на X. Според американски медиуми, не е јасно како тој разговор ќе влијае на планот на Трамп за воведување нови царини. Во понеделникот, Трамп рече дека ќе воведе царини од 25 отсто за сите производи кои влегуваат во земјата од Канада и Мексико како една од неговите први извршни наредби по преземањето на функцијата на 20 јануари. Во објавувањето на тие планови на својата мрежа True Social, Трамп го критикуваше големиот прилив на мигранти кои илегално доаѓаат во САД, иако бројот на илегални мигранти приведени на јужната граница на САД со Мексико е на најниско ниво во изминатите четири години.

The post Трамп: Продуктивен разговор со претседателката на Мексико, ќе биде затворена јужната граница на САД appeared first on Република.

]]>
Трамп избра критичар на мерките за изолација за време на Ковид да биде директор на Агенцијата за медицински истражувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-izbra-kritichar-na-merkite-za-izolatsija-za-vreme-na-kovid-da-bide-direktor-na-agentsijata-za-meditsinski-istrazhuvana/ Wed, 27 Nov 2024 09:10:48 +0000 https://republika.mk/?p=842152

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра истакнатиот лекар и критичар на мерките за изолација поради Ковид-19, Џеј Батачарја, за директор на Националниот институт за здравје, водечка агенција за медицински истражувања во земјата.

„Д-р Батачарја ќе работи во соработка со Роберт Ф. Кенеди Џуниор на медицински истражувања и на важни откритија кои ќе го подобрат здравјето и ќе спасат животи“, објави Трамп.

Батачарја (56), американски професор по медицина, економија и здравствена политика на Универзитетот Стенфорд, се спротивстави на мерките за изолација и задолжителната вакцинација за време на пандемијата со Ковид-19.

Батачарја на платформата X објави дека е „почестен“ од номинацијата на Трамп да биде следниот директор на НИХ.

„Ќе ги реформираме американските научни институции за повторно да им се верува и ќе ги искористиме плодовите на науката за да ја направиме Америка повторно здрава“, додаде тој.

Номинацијата го комплетира тимот за јавно здравје на Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари.

The post Трамп избра критичар на мерките за изолација за време на Ковид да биде директор на Агенцијата за медицински истражувања appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра истакнатиот лекар и критичар на мерките за изолација поради Ковид-19, Џеј Батачарја, за директор на Националниот институт за здравје, водечка агенција за медицински истражувања во земјата. „Д-р Батачарја ќе работи во соработка со Роберт Ф. Кенеди Џуниор на медицински истражувања и на важни откритија кои ќе го подобрат здравјето и ќе спасат животи“, објави Трамп. Батачарја (56), американски професор по медицина, економија и здравствена политика на Универзитетот Стенфорд, се спротивстави на мерките за изолација и задолжителната вакцинација за време на пандемијата со Ковид-19. Батачарја на платформата X објави дека е „почестен“ од номинацијата на Трамп да биде следниот директор на НИХ. „Ќе ги реформираме американските научни институции за повторно да им се верува и ќе ги искористиме плодовите на науката за да ја направиме Америка повторно здрава“, додаде тој. Номинацијата го комплетира тимот за јавно здравје на Трамп пред неговата инаугурација на 20 јануари.

The post Трамп избра критичар на мерките за изолација за време на Ковид да биде директор на Агенцијата за медицински истражувања appeared first on Република.

]]>
Брук е убавата министерка за земјоделство на Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/bruk-e-ubavata-ministerka-za-zemjodelstvo-na-tramp/ Tue, 26 Nov 2024 13:00:26 +0000 https://republika.mk/?p=841788

Секој чекор на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп е будно следен од светската јавност, а многумина ѝ паднаа во око на бринетата која често ја гушка во јавност, а тоа не е Меланија Трамп.

Сликите на кои Доналд Трамп и Брук Ролинс (52) се многу блиски не се ретки, но таа блискост има политички корени, но и пријателски родени од професионална соработка.

Оваа прекрасна бринета, Брук Ролинс порасна на фарма и беше ко-основач и шеф на Институтот за први политики на Америка, тинк-тенк поддржан од MAGA.

Како секретар за земјоделство, таа ќе ги надгледува субвенциите на фармите, федералните програми за храна, инспекциите на месото и другите аспекти на земјоделската индустрија на нацијата.

The post Брук е убавата министерка за земјоделство на Трамп appeared first on Република.

]]>

Секој чекор на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп е будно следен од светската јавност, а многумина ѝ паднаа во око на бринетата која често ја гушка во јавност, а тоа не е Меланија Трамп. Сликите на кои Доналд Трамп и Брук Ролинс (52) се многу блиски не се ретки, но таа блискост има политички корени, но и пријателски родени од професионална соработка. Оваа прекрасна бринета, Брук Ролинс порасна на фарма и беше ко-основач и шеф на Институтот за први политики на Америка, тинк-тенк поддржан од MAGA. Како секретар за земјоделство, таа ќе ги надгледува субвенциите на фармите, федералните програми за храна, инспекциите на месото и другите аспекти на земјоделската индустрија на нацијата.

The post Брук е убавата министерка за земјоделство на Трамп appeared first on Република.

]]>
Пленковиќ на социјалните мрежи се пофали дека се слушнал со Трамп https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/plenkovik-na-sotsijalnite-mrezhi-se-pofali-deka-se-slushnal-so-tramp/ Mon, 25 Nov 2024 20:34:29 +0000 https://republika.mk/?p=841702

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави тој на социјалните мрежи.

Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп и му честитав на неговиот реизбор, напиша Пленковиќ.

Двајцата разговарале за зајакнување на билатералните односи, особено во енергетиката, одбраната и НАТО.

Разговаравме и за продолжување на поддршката за Украина, напиша Пленковиќ на X и додаде дека Трамп изразил „длабока почит кон хрватскиот народ“.

Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД на 5 ноември, ќе ја преземе функцијата на 20 јануари следната година

 

The post Пленковиќ на социјалните мрежи се пофали дека се слушнал со Трамп appeared first on Република.

]]>

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ имал телефонски разговор со новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, кому му честитал за реизборот, објави тој на социјалните мрежи.
Само што имав многу добар разговор со Доналд Трамп и му честитав на неговиот реизбор, напиша Пленковиќ.
Двајцата разговарале за зајакнување на билатералните односи, особено во енергетиката, одбраната и НАТО.
Разговаравме и за продолжување на поддршката за Украина, напиша Пленковиќ на X и додаде дека Трамп изразил „длабока почит кон хрватскиот народ“.
Доналд Трамп, победникот на претседателските избори во САД на 5 ноември, ќе ја преземе функцијата на 20 јануари следната година  

The post Пленковиќ на социјалните мрежи се пофали дека се слушнал со Трамп appeared first on Република.

]]>
Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-ja-nominirashe-dolgogodishnata-sorabotnichka-bruk-rolins-za-minister-za-zemjodelstvo/ Mon, 25 Nov 2024 10:02:46 +0000 https://republika.mk/?p=841530

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на America First Policy Institute – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација.
За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика.

-Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја, се вели во изјавата на Трамп.

-Брук е целосно посветена на тоа да го подджи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независноста на Америка и го обнови малите градови кои зависат од земјоделството.

Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството и исхраната, шумарството, кредитирањето на домаќинствата и фармите, безбедноста на храната, развојот на руралните подрачја, земјоделските истражувања, трговијата и многу други области.

Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.

The post Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја номинираше Брук Ролинс за министер за земјоделство. Таа е основач и претседател на America First Policy Institute – аналитички центар кој тесно соработуваше со предизборната кампања на Трамп и во текот на изминатите четири години помогна во обликувањето на политиките на неговата идна администрација. За време на првиот претседателски мандат на Трамп, Ролинс беше на чело на Советот за внатрешна политика. -Како нов министер за земјоделство, Брук ќе ги насочи своите напори кон заштита на американските фармери, кои се вистинската база на нашата земја, се вели во изјавата на Трамп. -Брук е целосно посветена на тоа да го подджи американското земјоделство, да ја заштити прехранбената независноста на Америка и го обнови малите градови кои зависат од земјоделството. Ако нејзината номинација биде одобрена од Сенатот, Ролинс ќе раководи со институција со околу 100.000 вработени и канцеларии во секој округ на земјата. Нејзините одговорности вклучуваат програми за развој на фармерството и исхраната, шумарството, кредитирањето на домаќинствата и фармите, безбедноста на храната, развојот на руралните подрачја, земјоделските истражувања, трговијата и многу други области. Буџетот на Министерството за земјоделство во 2024 година изнесуваше 437,2 милијарди долари. Како министер, Ролинс исто така ќе ја советува администрацијата за прашања поврзани со воведување даночни поволности за биогорива.

The post Трамп ја номинираше долгогодишната соработничка Брук Ролинс за министер за земјоделство appeared first on Република.

]]>
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/peskov-bajden-gi-sabotira-mirovnite-planovi-na-tramp-za-ukraina/ Sun, 24 Nov 2024 18:05:14 +0000 https://republika.mk/?p=841366

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.

- За време на изборната кампања Трамп изјави дека има намера да обезбеди мир и да ги води сите на патот кон мирот. И сега се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до тој степен што овие мировни напори се осудени на неуспех, изјави Песков.

Тој потенцира дека администрацијата на Бајден покажала дека „ќе направи се за да се осигури дека оваа војна нема да заврши“.

Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, за време на предизборната кампања изјави дека ќе работи на брзо завршување на руската војна со Украина, но сè уште презентирал конкретни планови.

Бајден минатата недела и дозволи на Украина да користи американски ракети АТАКМС со долг дострел против цели во Русија.

The post Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков ја обвини администрацијата на американскиот претседател во заминување Џо Бајден дека ги поткопува плановите на новоизбраниот претседател Доналд Трамп за решавање на конфликтот во Украина.
- За време на изборната кампања Трамп изјави дека има намера да обезбеди мир и да ги води сите на патот кон мирот. И сега се обидуваат да ја ескалираат ситуацијата до тој степен што овие мировни напори се осудени на неуспех, изјави Песков.
Тој потенцира дека администрацијата на Бајден покажала дека „ќе направи се за да се осигури дека оваа војна нема да заврши“. Трамп, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, за време на предизборната кампања изјави дека ќе работи на брзо завршување на руската војна со Украина, но сè уште презентирал конкретни планови. Бајден минатата недела и дозволи на Украина да користи американски ракети АТАКМС со долг дострел против цели во Русија.

The post Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина appeared first on Република.

]]>
Руте и Трамп разговараа за голаблната безбедност https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/rute-i-tramp-razgovaraa-za-golablnata-bezbednost/ Sat, 23 Nov 2024 09:51:28 +0000 https://republika.mk/?p=841037

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трам во Палм бич, Флорида.

Разговараа за сите проблеми на светската безбедност со кои се соочува Алијансата, изјави денеска портпаролот на НАТО, Фарах Дахалах, без да наведе повеќе детали за средбата.

Руте, кој е поранешен премиер на Холандија, по изборот на Трамп истакна дека сака да се сретне со него за да разговара за заканите што доаѓаат од Русија, Северна Кореја, Кина и Иран.

Брзам да седнам со претседателот Трамп и да видам како колективно ќе се се соочиме со заканите, истакна Руте на 7 ноември, на маргините на Самитот на европските лидери во Будимпешта.

Тој тврди дека соработката на Русија со Северна Кореја, Иран и Кина не претставува закана само за Европа туку закана и по мирот и безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и во Северна Америка.

The post Руте и Трамп разговараа за голаблната безбедност appeared first on Република.

]]>

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте вчера се сретна со новоизбраниот американски претседател Доналд Трам во Палм бич, Флорида.
Разговараа за сите проблеми на светската безбедност со кои се соочува Алијансата, изјави денеска портпаролот на НАТО, Фарах Дахалах, без да наведе повеќе детали за средбата.
Руте, кој е поранешен премиер на Холандија, по изборот на Трамп истакна дека сака да се сретне со него за да разговара за заканите што доаѓаат од Русија, Северна Кореја, Кина и Иран. Брзам да седнам со претседателот Трамп и да видам како колективно ќе се се соочиме со заканите, истакна Руте на 7 ноември, на маргините на Самитот на европските лидери во Будимпешта. Тој тврди дека соработката на Русија со Северна Кореја, Иран и Кина не претставува закана само за Европа туку закана и по мирот и безбедноста во Индо-пацифичкиот регион и во Северна Америка.

The post Руте и Трамп разговараа за голаблната безбедност appeared first on Република.

]]>
Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-imenuvashe-golem-broj-novi-kandidati-za-kluchni-pozitsii-vo-negoviot-kabinet/ Sat, 23 Nov 2024 08:47:52 +0000 https://republika.mk/?p=841025

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп именуваше повеќе кандидати за клучните позиции во неговиот кабинет, меѓу кои и Скот Бесант, директорот на инвестицискиот фонд „Ки Сквер Капитал Менаџмент“ за нов секретар за финансии.

Бесент е долгогодишен соработник на Фондацијата Сорос и доколку биде потврдено неговото именување, тој ќе биде првиот хомосексуалец на таа функција.

Бесент во минатото беше поддржувач на демократите, но изминатите години тој стана верен поддржувач на Трамп. Приоритет на Бесент е намалување на дефицитот и националниот долг.

- Скот ужива широк публицитет како еден од најистакнатите меѓународни инвеститори и стратези на полето на геополитичките и економските прашања, истакна Трамп.

Тој најави и неколку други клучни именувања за неговиот кабинет.

За директор на Канцеларијата за менаџмент и буџет, Трамп го номинираше Расел Турло Воут, кој беше на истата функција за време на првиот претседателски мандат на Трамп.

Лори Чавез-Деример од Претставничкиот дом на Орегон е именувана за кандидат за секретар за труд, додека поранешниот американски фудбалер Скот Тарнер е номиниран за секретар за домување.

Во областа на здравството, Трамп ја номинираше д-р Џенет Нешват, соработник на „Фокс њуз“, за директорка за јавно здравје, додека поранешниот конгресмен Дејв Велдон е избран за директор на Центрите за контрола и превенција на болести.

Хирургот Мартин Мацари, според одлуката на Трамп, треба да раководи со Управата за храна и лекови (ФДА).

Во областа на националната безбедност, Трамп го именуваше поранешниот службеник на Стејт департментот, Алекс Вонг за заменик советник за национална безбедност.

Вонг претходно беше заменик специјален претставник за Северна Кореја и одигра клучна улога во организирањето на Самитот помеѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун.

Исто така, Трамп го избра конзервативниот коментатор Себастијан Горку за директор за борба против тероризмот во Белата куќа, врз основа на неговата повеќе од 30-годишна кариера во националната безбедност.

The post Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп именуваше повеќе кандидати за клучните позиции во неговиот кабинет, меѓу кои и Скот Бесант, директорот на инвестицискиот фонд „Ки Сквер Капитал Менаџмент“ за нов секретар за финансии. Бесент е долгогодишен соработник на Фондацијата Сорос и доколку биде потврдено неговото именување, тој ќе биде првиот хомосексуалец на таа функција. Бесент во минатото беше поддржувач на демократите, но изминатите години тој стана верен поддржувач на Трамп. Приоритет на Бесент е намалување на дефицитот и националниот долг. - Скот ужива широк публицитет како еден од најистакнатите меѓународни инвеститори и стратези на полето на геополитичките и економските прашања, истакна Трамп. Тој најави и неколку други клучни именувања за неговиот кабинет. За директор на Канцеларијата за менаџмент и буџет, Трамп го номинираше Расел Турло Воут, кој беше на истата функција за време на првиот претседателски мандат на Трамп. Лори Чавез-Деример од Претставничкиот дом на Орегон е именувана за кандидат за секретар за труд, додека поранешниот американски фудбалер Скот Тарнер е номиниран за секретар за домување. Во областа на здравството, Трамп ја номинираше д-р Џенет Нешват, соработник на „Фокс њуз“, за директорка за јавно здравје, додека поранешниот конгресмен Дејв Велдон е избран за директор на Центрите за контрола и превенција на болести. Хирургот Мартин Мацари, според одлуката на Трамп, треба да раководи со Управата за храна и лекови (ФДА). Во областа на националната безбедност, Трамп го именуваше поранешниот службеник на Стејт департментот, Алекс Вонг за заменик советник за национална безбедност. Вонг претходно беше заменик специјален претставник за Северна Кореја и одигра клучна улога во организирањето на Самитот помеѓу Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Исто така, Трамп го избра конзервативниот коментатор Себастијан Горку за директор за борба против тероризмот во Белата куќа, врз основа на неговата повеќе од 30-годишна кариера во националната безбедност.

The post Трамп именуваше голем број нови кандидати за клучни позиции во неговиот кабинет appeared first on Република.

]]>
Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sudijata-mu-dozvoli-na-tramp-da-pobara-otfrlane-na-krivichnoto-delo-za-tajnite-isplati-na-porno-akterka/ Fri, 22 Nov 2024 19:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=840954

Судија од судот во Менхетн во Њујорк денеска му дозволи на новоизбраниот претсетдател на САД, Доналд Трамп да побара отфрлање на кривичниот предмет против него за тајните исплати на пари на порно актерката Сторми Даниелс.

Окружното обвинителство на Менхетн пред три дена соопшти дека се согласува да се одложи изрекувањето пресуда за Трамп во случајот што се води против него поради тајни плаќања на Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна афера.

Обвинителството соопшти дека се одложува изрекувањето на пресудата за да им се даде време на обвинителите да го разгледаат очекуваниот предлог на Трамп за отфрлање на случајот.

The post Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка appeared first on Република.

]]>

Судија од судот во Менхетн во Њујорк денеска му дозволи на новоизбраниот претсетдател на САД, Доналд Трамп да побара отфрлање на кривичниот предмет против него за тајните исплати на пари на порно актерката Сторми Даниелс. Окружното обвинителство на Менхетн пред три дена соопшти дека се согласува да се одложи изрекувањето пресуда за Трамп во случајот што се води против него поради тајни плаќања на Сторми Даниелс во замена за нејзиното молчење за нивната наводна афера. Обвинителството соопшти дека се одложува изрекувањето на пресудата за да им се даде време на обвинителите да го разгледаат очекуваниот предлог на Трамп за отфрлање на случајот.

The post Судијата му дозволи на Трамп да побара отфрлање на кривичното дело за тајните исплати на порно актерка appeared first on Република.

]]>
Трамп сака да го постави славниот д-р Оз на чело на две владини програми за јавни здравствени услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-saka-da-go-postavi-slavniot-d-r-oz-na-chelo-na-dve-vladini-programi-za-javni-zdravstveni-uslugi/ Fri, 22 Nov 2024 08:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=840637

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека планира да го постави славниот доктор Мехмет Оз задолжен за две владини програми за јавни здравствени услуги – „Medicare“ и „Medicaid“.

„Medicare“ е федерална програма за здравствено осигурување за лица на возраст над 65 години и лица под 65 години со одредени попречености или услови. Програмата ја администрира федералната агенција која исто така го администрира „Medicaid“, кој е администриран заеднички од државите и американската администрација и помага да се покријат медицинските трошоци за некои луѓе со ограничени приходи и ресурси. На чело на гореспоменатите агенции сега доаѓа д-р Оз.

Мехмет Оз е познато телевизиско лице кое се претставува како доктор, а познат е по промовирањето на псевдонауката, најмногу во темите за алтернативна медицина, лекување преку вера и разни паранормални верувања, поради што научната заедница повеќе пати го осудува.

Оз се кандидираше за Сенатот на САД во 2022 година во Пенсилванија како конзервативен републиканец. Тој беше првиот муслимански кандидат номиниран од која било голема партија за Сенатот на САД, но ги загуби изборите од демократскиот кандидат, потполковник гувернер Џон Фетерман.

Трамп, кој го поддржа Оз во таа трка, рече дека тесно ќе соработува со Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој беше предложен за нов министер за здравство на САД.

Трамп рече дека двајцата ќе се справат со „комплексот на индустриски болести и сите ужасни хронични болести оставени зад себе“, како и да стават крај на она што тој го опиша како „отпад и измама“ во здравствената заштита.

Агенцијата управува со „Medicare“ – федерална програма за здравствено осигурување за лица од 65 години и постари и лица со инвалидитет. Канцеларијата, исто така, го надгледува „Мadicaid“ – државна програма за здравствено осигурување за луѓе со ниски приходи, заеднички финансирана од државите и федералната влада. Заедно, двете програми обезбедуваат здравствено осигурување за повеќе од 140 милиони Американци.

Трамп за време на неговата кампања вети дека нема да го намали „Medicare“, но се очекува да дозволи субвенциите за „Medicaid“ да истечат на крајот на 2025 година.

„Medicare“ и „Medicaid“ исто така, се справуваат со уписот на пазарите за здравствено осигурување според Законот за пристапна нега, исто така познат како „Obamacarе“. Трамп и другите републиканци претходно се обидоа да го укинат законот, но сега велат дека само сакаат да го ревидираат.

 

The post Трамп сака да го постави славниот д-р Оз на чело на две владини програми за јавни здравствени услуги appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп во вторникот изјави дека планира да го постави славниот доктор Мехмет Оз задолжен за две владини програми за јавни здравствени услуги – „Medicare“ и „Medicaid“. „Medicare“ е федерална програма за здравствено осигурување за лица на возраст над 65 години и лица под 65 години со одредени попречености или услови. Програмата ја администрира федералната агенција која исто така го администрира „Medicaid“, кој е администриран заеднички од државите и американската администрација и помага да се покријат медицинските трошоци за некои луѓе со ограничени приходи и ресурси. На чело на гореспоменатите агенции сега доаѓа д-р Оз. Мехмет Оз е познато телевизиско лице кое се претставува како доктор, а познат е по промовирањето на псевдонауката, најмногу во темите за алтернативна медицина, лекување преку вера и разни паранормални верувања, поради што научната заедница повеќе пати го осудува. Оз се кандидираше за Сенатот на САД во 2022 година во Пенсилванија како конзервативен републиканец. Тој беше првиот муслимански кандидат номиниран од која било голема партија за Сенатот на САД, но ги загуби изборите од демократскиот кандидат, потполковник гувернер Џон Фетерман. Трамп, кој го поддржа Оз во таа трка, рече дека тесно ќе соработува со Роберт Ф. Кенеди Џуниор, кој беше предложен за нов министер за здравство на САД. Трамп рече дека двајцата ќе се справат со „комплексот на индустриски болести и сите ужасни хронични болести оставени зад себе“, како и да стават крај на она што тој го опиша како „отпад и измама“ во здравствената заштита. Агенцијата управува со „Medicare“ – федерална програма за здравствено осигурување за лица од 65 години и постари и лица со инвалидитет. Канцеларијата, исто така, го надгледува „Мadicaid“ – државна програма за здравствено осигурување за луѓе со ниски приходи, заеднички финансирана од државите и федералната влада. Заедно, двете програми обезбедуваат здравствено осигурување за повеќе од 140 милиони Американци. Трамп за време на неговата кампања вети дека нема да го намали „Medicare“, но се очекува да дозволи субвенциите за „Medicaid“ да истечат на крајот на 2025 година. „Medicare“ и „Medicaid“ исто така, се справуваат со уписот на пазарите за здравствено осигурување според Законот за пристапна нега, исто така познат како „Obamacarе“. Трамп и другите републиканци претходно се обидоа да го укинат законот, но сега велат дека само сакаат да го ревидираат.  

The post Трамп сака да го постави славниот д-р Оз на чело на две владини програми за јавни здравствени услуги appeared first on Република.

]]>
Згодни девојки, куферчиња со долари и луксузни лимузини: Стилот на Доналд Трамп во 80-те и 90-те години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zgodni-devojki-kuferchina-so-dolari-i-luksuzni-limuzini-stilot-na-donald-tramp-vo-80-te-i-90-te-godini/ Wed, 20 Nov 2024 07:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=839731

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со своите ставови и настапи важи за еден од најнеконвенционалните и најконтроверзни светски лидери, со што постојано е во центарот на вниманието на јавноста.

Но, да се биде постојано коментиран и озборуван, за Трамп не е ништо ново. Долго пред да влезе во политиката, Доналд Трамп беше познат во јавноста како успешен и контроверзен бизнисмен, но и реалити ѕвезда и голем плејбој.

Таквиот животен стил на Трамп му донесе и доста нептијатности и скандали во животот, но тоа не го спречи, ниту спречува, да ужива во својата појава која никого не остава рамнодушен, без оглед дали ви се допаѓа или не.

The post Згодни девојки, куферчиња со долари и луксузни лимузини: Стилот на Доналд Трамп во 80-те и 90-те години appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, со своите ставови и настапи важи за еден од најнеконвенционалните и најконтроверзни светски лидери, со што постојано е во центарот на вниманието на јавноста. Но, да се биде постојано коментиран и озборуван, за Трамп не е ништо ново. Долго пред да влезе во политиката, Доналд Трамп беше познат во јавноста како успешен и контроверзен бизнисмен, но и реалити ѕвезда и голем плејбој. Таквиот животен стил на Трамп му донесе и доста нептијатности и скандали во животот, но тоа не го спречи, ниту спречува, да ужива во својата појава која никого не остава рамнодушен, без оглед дали ви се допаѓа или не.

The post Згодни девојки, куферчиња со долари и луксузни лимузини: Стилот на Доналд Трамп во 80-те и 90-те години appeared first on Република.

]]>
Трамп го номинираше Хауард Лутник за секретар за трговија https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-go-nominirashe-hauard-lutnik-za-sekretar-za-trgovija/ Tue, 19 Nov 2024 20:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=839717

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија.

Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит.

Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат.

Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти.

The post Трамп го номинираше Хауард Лутник за секретар за трговија appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денес го номинираше финансиерот од Вол Стрит Хауард Лутник за свој иден Секретар за Трговија. Лутник е директор и сопственик на инвестициската компанија Кантор Фицџералд, која менаџира десетици милијарди долари во своето портфолио. На 11 септември 2001 година над 600 вработени во неговата компанија, и неговиот брат Гери Лутник, загинаа во терористичките напади врз Њујорк, при уривањето на кулите близначки. Хауард Лутник за влакно ја избегнал трагедијата бидејќи утрината го носел синот во градинка. По оваа трагедија, тој успеа да ја обнови компанијата и да ја изгради во еден од гигантите на Вол Стрит. Во изминатиот период, Лутник стана сериозен поборник на користењето на крипто-валутите, при што успеа да го придобие и Доналд Трамп, да стане поддржувач на користењето на овие модерни финансиски алатки. Пред неколку дена, Лутник ја доби јавната поддршка на Илон Маск за позицијата Секретар за Финансии, за која Трамп се уште нема номинирано кандидат. Лутник беше дел од делегацијата која ја посети Македонија во јули годинава, заедно со сопственикот на Рамбл и негов бизнис партнер Крис Павловски, и поранешниот конгресмен Девин Нунес. При посетата, делегацијата имаше интензивни разговори со премиерот Христијан Мицкоски и македонската влада, за повеќе инвестициски проекти.

The post Трамп го номинираше Хауард Лутник за секретар за трговија appeared first on Република.

]]>
Трамп бара од сенаторите да го поддржат Гец за државен обвинител https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-bara-od-senatorite-da-go-poddrzhat-gets-za-drzhaven-obvinitel/ Tue, 19 Nov 2024 15:17:15 +0000 https://republika.mk/?p=839661

Комитетот за етика при Претставничкиот дом на САД утре ќе одлучува за следните чекори во истрагата против Мат Гец, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за државен обвинител.

Сѐ повеќе републикански сенатори повикуваат на објавување на наодите од истрагата за Гец, кој се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетничка и користење дроги.

Според Аксиос, Трамп лично се јавува кај сенаторите, притискајќи ги да го потврдат изборот на Гец за државен обвинител.

- Тој очигледно го сака Мет Гец,  рече сенаторот Кевин Крамер, кој добил повик од Трамп. - Тој верува дека Мет Гец е единствената личност која ќе има бестрашност и жестокост, навистина, да го направи она што треба да го прави во Министерството за правда, вели сенаторот.

- Една работа за Доналд Трамп, луѓето никогаш не треба да ја мешаат неговата поддршка за некој од неговите номинирани како тактичка или стратешка алатка за некој друг, рече Крамер. - И барем до овој момент, тој го става својот сопствен политички капитал зад тоа. А тој е прилично убедлив човек, рече Крамер.

Друг сенатор, исто така, потврди за Аксиос дека Трамп го контактирал, повикувајќи ги сенаторите да застанат зад него.

Адвокатот кој застапува две жени кои сведочеа пред етичкиот комитет на Претставничкиот дом кој го истражува Мет Гец, изјави во интервју дека поранешниот конгресмен им плаќал на жените за да имаат секс со него. Двете жени во тоа време биле полнолетни, но исто така во рамки на истрагата на Конгресот, едната од нив изјави дека била сведок на тоа дека Гец имал секс со 17-годишно девојче на истата забава на која присуствувала, објави Еј-Би-Си Њуз.

Гец поднесе оставка од својата позиција како републикански претставник за Флорида минатата недела веднаш штом беше номиниран од новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител на САД. Со тоа веднаш се затвори конгресната истрага, и покрај притисокот, Претставничкиот Дом сè уште не се согласи да го објави извештајот од истрагата на јавноста или на американскиот Сенат, телото кое ќе има задача да го потврди назначувањето на Гец.

The post Трамп бара од сенаторите да го поддржат Гец за државен обвинител appeared first on Република.

]]>

Комитетот за етика при Претставничкиот дом на САД утре ќе одлучува за следните чекори во истрагата против Мат Гец, кого новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше за државен обвинител. Сѐ повеќе републикански сенатори повикуваат на објавување на наодите од истрагата за Гец, кој се соочува со обвинувања за сексуална злоупотреба на малолетничка и користење дроги. Според Аксиос, Трамп лично се јавува кај сенаторите, притискајќи ги да го потврдат изборот на Гец за државен обвинител.
- Тој очигледно го сака Мет Гец,  рече сенаторот Кевин Крамер, кој добил повик од Трамп. - Тој верува дека Мет Гец е единствената личност која ќе има бестрашност и жестокост, навистина, да го направи она што треба да го прави во Министерството за правда, вели сенаторот.
- Една работа за Доналд Трамп, луѓето никогаш не треба да ја мешаат неговата поддршка за некој од неговите номинирани како тактичка или стратешка алатка за некој друг, рече Крамер. - И барем до овој момент, тој го става својот сопствен политички капитал зад тоа. А тој е прилично убедлив човек, рече Крамер. Друг сенатор, исто така, потврди за Аксиос дека Трамп го контактирал, повикувајќи ги сенаторите да застанат зад него. Адвокатот кој застапува две жени кои сведочеа пред етичкиот комитет на Претставничкиот дом кој го истражува Мет Гец, изјави во интервју дека поранешниот конгресмен им плаќал на жените за да имаат секс со него. Двете жени во тоа време биле полнолетни, но исто така во рамки на истрагата на Конгресот, едната од нив изјави дека била сведок на тоа дека Гец имал секс со 17-годишно девојче на истата забава на која присуствувала, објави Еј-Би-Си Њуз. Гец поднесе оставка од својата позиција како републикански претставник за Флорида минатата недела веднаш штом беше номиниран од новоизбраниот претседател Доналд Трамп за државен обвинител на САД. Со тоа веднаш се затвори конгресната истрага, и покрај притисокот, Претставничкиот Дом сè уште не се согласи да го објави извештајот од истрагата на јавноста или на американскиот Сенат, телото кое ќе има задача да го потврди назначувањето на Гец.

The post Трамп бара од сенаторите да го поддржат Гец за државен обвинител appeared first on Република.

]]>
Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-go-nominirashe-shefot-na-naftenata-kompanija-liberti-enerdhi-kris-rajt-za-sekretar-za-energetika/ Sun, 17 Nov 2024 09:31:29 +0000 https://republika.mk/?p=838745

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека за секретар за енергетика ќе го номинира Крис Рајт, извршен директор на нафтената компанија „Либерти енерџи“.

Рајт е основач и извршен директор на „Либерти енерџи“ со седиште во Денвер, главен давател на енергетски услуги во Cеверна Америка. Се очекува Рајт да го поддржи планот на Трамп да го максимизира производството на нафта и гас, како и да најде начини за зголемување на производството на електрична енергија.

Рајт веројатно ќе го следи и ставот на Трамп против глобалната соработка во борбата против климатските промени.

Рајт ги критикуваше еколошките активисти за создавање непотребна вознемиреност меѓу луѓето и ги спореди напорите на демократите да се борат против глобалното затоплување со комунизмот од советски стил.

Не постои такво нешто како климатска криза и не сме среде енергетска транзиција“, рече Рајт во видеото објавено минатата година.

Рајт стана на насловните страници во 2019 година кога испи течност за фракинг пред камерата за да докаже дека не е опасно.

За време на администрацијата на Бајден, производството на нафта во САД достигна највисоко ниво во историјата на земјата, потсетува Ројтерс, додавајќи дека не е сигурно до кој степен Рајт и идната администрација на Трамп ќе можат да го надминат овој обем. Повеќето одлуки за дупчење ги носат приватни компании кои работат на земјиште кое не е во сопственост на федералната влада, забележа агенцијата.

Американското Министерство за енергетика е задолжено за енергетската дипломатија и го надгледува Стратешкиот нафтен резерват, кој Трамп рече дека сака да го надополни. Покрај тоа, одделот има програми за грантови и заеми за развој на енергетската технологија.

Секретарот за енергетика го надгледува и американскиот комплекс за нуклеарно оружје, нуклеарниот отпад и 17 национални лаборатории.

Доколку Сенатот го потврди Рајт за министер за енергетика, тој ќе ја преземе функцијата од Џенифер Гранхолм, поддржувач на електричните автомобили, новите извори на енергија како што се геотермалната енергија и ветерот, соларната и нуклеарната енергија.

Рајт, исто така, најверојатно ќе биде вклучен во издавањето дозволи за пренос и проширувањето на нуклеарната енергија, која ужива поддршка и кај републиканците и кај демократите.

Побарувачката на електрична енергија во САД се зголеми за прв пат по две децении. Ова се должи на многуте случувања во областите како што се вештачката интелигенција, електричните возила и криптовалутите.

The post Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, најави дека за секретар за енергетика ќе го номинира Крис Рајт, извршен директор на нафтената компанија „Либерти енерџи“. Рајт е основач и извршен директор на „Либерти енерџи“ со седиште во Денвер, главен давател на енергетски услуги во Cеверна Америка. Се очекува Рајт да го поддржи планот на Трамп да го максимизира производството на нафта и гас, како и да најде начини за зголемување на производството на електрична енергија. Рајт веројатно ќе го следи и ставот на Трамп против глобалната соработка во борбата против климатските промени. Рајт ги критикуваше еколошките активисти за создавање непотребна вознемиреност меѓу луѓето и ги спореди напорите на демократите да се борат против глобалното затоплување со комунизмот од советски стил.
Не постои такво нешто како климатска криза и не сме среде енергетска транзиција“, рече Рајт во видеото објавено минатата година.
Рајт стана на насловните страници во 2019 година кога испи течност за фракинг пред камерата за да докаже дека не е опасно. За време на администрацијата на Бајден, производството на нафта во САД достигна највисоко ниво во историјата на земјата, потсетува Ројтерс, додавајќи дека не е сигурно до кој степен Рајт и идната администрација на Трамп ќе можат да го надминат овој обем. Повеќето одлуки за дупчење ги носат приватни компании кои работат на земјиште кое не е во сопственост на федералната влада, забележа агенцијата. Американското Министерство за енергетика е задолжено за енергетската дипломатија и го надгледува Стратешкиот нафтен резерват, кој Трамп рече дека сака да го надополни. Покрај тоа, одделот има програми за грантови и заеми за развој на енергетската технологија. Секретарот за енергетика го надгледува и американскиот комплекс за нуклеарно оружје, нуклеарниот отпад и 17 национални лаборатории. Доколку Сенатот го потврди Рајт за министер за енергетика, тој ќе ја преземе функцијата од Џенифер Гранхолм, поддржувач на електричните автомобили, новите извори на енергија како што се геотермалната енергија и ветерот, соларната и нуклеарната енергија. Рајт, исто така, најверојатно ќе биде вклучен во издавањето дозволи за пренос и проширувањето на нуклеарната енергија, која ужива поддршка и кај републиканците и кај демократите. Побарувачката на електрична енергија во САД се зголеми за прв пат по две децении. Ова се должи на многуте случувања во областите како што се вештачката интелигенција, електричните возила и криптовалутите.

The post Трамп го номинираше шефот на нафтената компанија „Либерти енерџи“, Крис Рајт за секретар за енергетика appeared first on Република.

]]>
Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-gi-tuzhi-golemite-mediumski-kuki-poradi-politichka-pristrasnost-i-kleveta-bara-10-milijardi-dolari-otshteta/ Fri, 15 Nov 2024 21:23:21 +0000 https://republika.mk/?p=838343

Доналд Трамп подне тужби против Њујорк Тајмс, Си-Би-Ес и други медиуми, обвинувајќи ги за клевета и политичка пристрасност.

Тужбите, кои бараат отштета од 10 милијарди долари, се насочени кон медиумското покривање за време на изборната кампања, кое Трамп ја нарекува „клевета на ниво на индустрија“ и „мешање во изборите“.

The post Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп подне тужби против Њујорк Тајмс, Си-Би-Ес и други медиуми, обвинувајќи ги за клевета и политичка пристрасност. Тужбите, кои бараат отштета од 10 милијарди долари, се насочени кон медиумското покривање за време на изборната кампања, кое Трамп ја нарекува „клевета на ниво на индустрија“ и „мешање во изборите“.

The post Трамп ги тужи големите медиумски куќи поради политичка пристрасност и клевета, бара 10 милијарди долари отштета appeared first on Република.

]]>
Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/lavrov-ne-znam-kako-tramp-ke-go-reshi-konfliktot-vo-ukraina-ke-gi-chekame-predlozite/ Fri, 15 Nov 2024 21:20:48 +0000 https://republika.mk/?p=838307

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема претстава како новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја реши кризата во Украина.

Не можам да замислам како Трамп тоа ќе го реши, ќе ги чекаме предлозите“, рече рускиот министер.

Тој додаде дека Москва редовно нагласува дека секој политичар кој поддржува мир, а не војна заслужува внимание.

Но, не знаеме што точно ќе биде предложено, нашиот став беше јасно формулиран од рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни оваа година“, рече Лавров.

Во пресрет на неодамнешните избори во САД, но и по победата, Трамп изјави дека по преземањето на претседателската функција ќе работи на што побрзо завршување на војната во Украина.

The post Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите appeared first on Република.

]]>

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека нема претстава како новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја реши кризата во Украина.
Не можам да замислам како Трамп тоа ќе го реши, ќе ги чекаме предлозите“, рече рускиот министер.
Тој додаде дека Москва редовно нагласува дека секој политичар кој поддржува мир, а не војна заслужува внимание.
Но, не знаеме што точно ќе биде предложено, нашиот став беше јасно формулиран од рускиот претседател Владимир Путин за време на говорот во руското Министерство за надворешни работи на 14 јуни оваа година“, рече Лавров.
Во пресрет на неодамнешните избори во САД, но и по победата, Трамп изјави дека по преземањето на претседателската функција ќе работи на што побрзо завршување на војната во Украина.

The post Лавров: Не знам како Трамп ќе го реши конфликтот во Украина, ќе ги чекаме предлозите appeared first on Република.

]]>
Како член на Конгресот гласаше против помошта за Украина: Трамп ја назначи Елиза Штефаник за амбасадор на САД во ОН https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kako-chlen-na-kongresot-glasashe-protiv-pomoshta-za-ukraina-tramp-ja-naznachi-eliza-shtefanik-za-ambasador-na-sad-vo-on/ Fri, 15 Nov 2024 20:43:55 +0000 https://republika.mk/?p=838325

Доналд Трамп ја назначи Елиза Штефаник на местото амбасадор на САД во ОН. Оваа вест предизвика голем интерес бидејќи се работи за една од клучните позиции во спроведувањето на американската надворешна политика.

Презимето Штефаник, Елиза го наследи од татко и, кој е Чех, додека нејзината мајка е Италијанка. Таа е католик.

Елиза Штефаник стана пратеник во 2014 година на 30-годишна возраст, со што стана најмладата жена некогаш избрана во Конгресот. Шест години подоцна, Штефаник го поддржа Трамп во неговиот обид да ги ревидира изборните резултати, а особено таа гласаше против потврдувањето на резултатите од изборите во Пенсилванија.

Нејзините напори беа наградени и во мај 2021 година ја замени Лиз Чејни како претседавач со републиканската конференција на Претставничкиот Дом. Ова е четврто најважно место во партиската хиерархија во ова тело.

Американските медиуми често пишуваат дека Стефаник како пратеник од умерен конзервативец се претворил во екстремен. Сепак, овие медиуми имаат тенденција да го мерат конзервативизмот само со придржување кон Трамп. Штефаник, на пример, беше меѓу ретките републиканци во 2022 година кои гласаа за правата на истополовите бракови на федерално ниво, иако Конференцијата на католичките бискупи на САД се спротивстави на тоа.

Во февруари 2022 година, таа, како и многу други, објави изјава за поддршка на Киев, нарекувајќи го Путин криминалец. Но, во април 2024 година, Штефаник беше единствениот претставник на републиканското раководство на Претставничкиот дом кој не поддржа предлог-закон за помош на Украина, што предизвика негативни коментари во либералниот печат.

The post Како член на Конгресот гласаше против помошта за Украина: Трамп ја назначи Елиза Штефаник за амбасадор на САД во ОН appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп ја назначи Елиза Штефаник на местото амбасадор на САД во ОН. Оваа вест предизвика голем интерес бидејќи се работи за една од клучните позиции во спроведувањето на американската надворешна политика. Презимето Штефаник, Елиза го наследи од татко и, кој е Чех, додека нејзината мајка е Италијанка. Таа е католик. Елиза Штефаник стана пратеник во 2014 година на 30-годишна возраст, со што стана најмладата жена некогаш избрана во Конгресот. Шест години подоцна, Штефаник го поддржа Трамп во неговиот обид да ги ревидира изборните резултати, а особено таа гласаше против потврдувањето на резултатите од изборите во Пенсилванија. Нејзините напори беа наградени и во мај 2021 година ја замени Лиз Чејни како претседавач со републиканската конференција на Претставничкиот Дом. Ова е четврто најважно место во партиската хиерархија во ова тело. Американските медиуми често пишуваат дека Стефаник како пратеник од умерен конзервативец се претворил во екстремен. Сепак, овие медиуми имаат тенденција да го мерат конзервативизмот само со придржување кон Трамп. Штефаник, на пример, беше меѓу ретките републиканци во 2022 година кои гласаа за правата на истополовите бракови на федерално ниво, иако Конференцијата на католичките бискупи на САД се спротивстави на тоа. Во февруари 2022 година, таа, како и многу други, објави изјава за поддршка на Киев, нарекувајќи го Путин криминалец. Но, во април 2024 година, Штефаник беше единствениот претставник на републиканското раководство на Претставничкиот дом кој не поддржа предлог-закон за помош на Украина, што предизвика негативни коментари во либералниот печат.

The post Како член на Конгресот гласаше против помошта за Украина: Трамп ја назначи Елиза Штефаник за амбасадор на САД во ОН appeared first on Република.

]]>