донал трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donal-tramp/ За подобро да се разбереме Mon, 09 Sep 2024 10:21:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png донал трамп Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/donal-tramp/ 32 32 Тајван гневен на Трамп: Не ја крадеме индустријата за чипови на САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tajvan-gneven-na-tramp-ne-ja-krademe-industrijata-za-chipovi-na-sad/ Mon, 09 Sep 2024 10:44:18 +0000 https://republika.mk/?p=814598

Тајванскиот министер за економија одговори на критиките на републиканскиот кандидат за претседател на САД , Доналд Трамп, за Тајван и негираше дека островот ја презел американската индустрија за чипови.

Се разбира дека Тајван не ја краде индустријата за производство на чипови од САД. Чиповите што ги произведуваме се нарачани од американски компании, кои сепак имаат највисоки бруто маржи. Трамп може да има некои недоразбирања за такви прашања и ние ќе го разјасниме ова, изјави Куо Жихуи.

Трамп ги налути тајванските власти и пазарите на островот со своите коментари.

Мислам, колку сме ние глупави? Тие го презедоа целиот наш бизнис со производство на чипови. Тие се многу богати. Тајван мора да им плати на САД за нивната заштита, истакна поранешниот американски претседател.

The post Тајван гневен на Трамп: Не ја крадеме индустријата за чипови на САД appeared first on Република.

]]>

Трамп: Јас и Путин одлично се согласуваме, го познавам и Зеленски, можеме многу бргу да ја решиме војната https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-jas-i-putin-odlichno-se-soglasuvame-go-poznavam-i-zelenski-mozheme-mnogu-brgu-da-ja-reshime-vojnata/ Tue, 16 Jan 2024 22:00:18 +0000 https://republika.mk/?p=733797

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Русија никогаш немаше да ја нападне Украина доколку тој беше претседател.

Тој, исто така, вети дека „ќе ја реши таа ситуација многу брзо“ доколку биде реизбран, истакнувајќи дека многу добро ги познава рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.

„Русија никогаш не би ја нападнала Украина, јас и Путин одлично се согласуваме… Ситуацијата во Украина е ужасна… И планираме да ја решиме многу брзо. Многу добро го познавам претседателот Путин, многу добро го познавам Зеленски, можам да разговарам со нив и ќе го решиме овој проблем многу брзо“, рече Трамп во говорот по победата на внатрепартиските избори на Републиканската партија во Ајова, пренесува Sky News.

Тој исто така изјави дека „Израел никогаш немаше да биде нападнат“ доколку тој се уште беше претседател и го повтори тврдењето дека последните избори во САД биле украдени.

Тој вети и дека ќе ја запре „инвазијата“ на мигрантите на границата на САД со Мексико. Поранешниот претседател вети дека ќе го „среди светот“ доколку биде реизбран, велејќи дека глобалната „смрт и уништување“ никогаш не биле вака.

The post Трамп: Јас и Путин одлично се согласуваме, го познавам и Зеленски, можеме многу бргу да ја решиме војната appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Русија никогаш немаше да ја нападне Украина доколку тој беше претседател. Тој, исто така, вети дека „ќе ја реши таа ситуација многу брзо“ доколку биде реизбран, истакнувајќи дека многу добро ги познава рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Русија никогаш не би ја нападнала Украина, јас и Путин одлично се согласуваме… Ситуацијата во Украина е ужасна… И планираме да ја решиме многу брзо. Многу добро го познавам претседателот Путин, многу добро го познавам Зеленски, можам да разговарам со нив и ќе го решиме овој проблем многу брзо“, рече Трамп во говорот по победата на внатрепартиските избори на Републиканската партија во Ајова, пренесува Sky News.
Тој исто така изјави дека „Израел никогаш немаше да биде нападнат“ доколку тој се уште беше претседател и го повтори тврдењето дека последните избори во САД биле украдени. Тој вети и дека ќе ја запре „инвазијата“ на мигрантите на границата на САД со Мексико. Поранешниот претседател вети дека ќе го „среди светот“ доколку биде реизбран, велејќи дека глобалната „смрт и уништување“ никогаш не биле вака.

The post Трамп: Јас и Путин одлично се согласуваме, го познавам и Зеленски, можеме многу бргу да ја решиме војната appeared first on Република.

]]>
Трамп тврди дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот дом на Флорида https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-tvrdi-deka-agenti-na-fbi-go-prebarale-negoviot-dom-na-florida/ Tue, 09 Aug 2022 07:22:56 +0000 https://republika.mk/?p=538186

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида.

„По работата и соработката со релевантните владини агенции, овој ненајавен упад во мојот дом не беше ниту потребен ниту соодветен“, се вели во соопштението на Трамп.

Трамп не кажа зошто е извршена претресот.

Мар-а-Лаго е „во моментов под опсада, нападнат и окупиран од голема група агенти на ФБИ“, рече Трамп. „Ми провалија дури и во сефот“.

Американското Министерство за правда почна истрага во рана фаза за отстранувањето на официјалните претседателски документи од страна на Трамп во имот на Флорида, изјави извор запознаен со ова прашање во април.

Истрагата доаѓа откако американската Администрација за национален архив и евиденција го извести Конгресот во февруари дека пронашла околу 15 кутии со документи на Белата куќа, вклучително и доверливи материјали, кои Трамп ги однел на својот имот во Мар-а-Лаго.

Надзорниот комитет на Претставничкиот дом потоа објави дека ја проширува истрагата за постапките на Трамп и побара од Националниот архив да обезбеди дополнителни информации. Трамп претходно потврди дека се согласил да врати одредени записи во архивата, нарекувајќи го „обичен и рутински процес

The post Трамп тврди дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот дом на Флорида appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот имот Мар-а-Лаго во Палм Бич, Флорида. „По работата и соработката со релевантните владини агенции, овој ненајавен упад во мојот дом не беше ниту потребен ниту соодветен“, се вели во соопштението на Трамп. Трамп не кажа зошто е извршена претресот. Мар-а-Лаго е „во моментов под опсада, нападнат и окупиран од голема група агенти на ФБИ“, рече Трамп. „Ми провалија дури и во сефот“. Американското Министерство за правда почна истрага во рана фаза за отстранувањето на официјалните претседателски документи од страна на Трамп во имот на Флорида, изјави извор запознаен со ова прашање во април. Истрагата доаѓа откако американската Администрација за национален архив и евиденција го извести Конгресот во февруари дека пронашла околу 15 кутии со документи на Белата куќа, вклучително и доверливи материјали, кои Трамп ги однел на својот имот во Мар-а-Лаго. Надзорниот комитет на Претставничкиот дом потоа објави дека ја проширува истрагата за постапките на Трамп и побара од Националниот архив да обезбеди дополнителни информации. Трамп претходно потврди дека се согласил да врати одредени записи во архивата, нарекувајќи го „обичен и рутински процес

The post Трамп тврди дека агенти на ФБИ го пребарале неговиот дом на Флорида appeared first on Република.

]]>
Tрамп верува во победа на изборите за две години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tramp-veruva-vo-pobeda-na-izborite-za-dve-godini/ Fri, 15 Jul 2022 06:09:08 +0000 https://republika.mk/?p=529093

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би победил доколку се кандидира на изборите во 2024 година, додавајќи дека веќе донел одлука за неговата кандидатура и оти никој не може да влијае на тоа.

Во изјавата за „Њујорк пост“ вели дека се одлучил за кандидатура, индиректно откривајќи дека единствена недоумица е тајмингот на објавувањето на одлуката. Според „„Њујорк пост“, останува отворено прашањето само дали кандидатурата ќе ја објави пред ноемвриските избори за Конгресот или потоа.

„Веќе донесов одлука, ништо не може да влијае на тоа. Се одлучив, веќе знам дали ќе се кандидирам“, вели Трамп за денешното издание на списанието Њујорк.

Тој исто така вели дека повеќето луѓе сакаат тој да се кандидира.

„Сметам дека многу луѓе воопшто не би се кандидирале ако јас го направам тоа, доколку ги погледнете анкетите, никаде ги нема. Зборувам за мнозинството од актуелните политичари. Луѓето сакаат да се кандидирам. Се чувствувам сигурен, верувам дека ќе победам ако се кандидирам“, рече Трамп

The post Tрамп верува во победа на изборите за две години appeared first on Република.

]]>

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп верува дека би победил доколку се кандидира на изборите во 2024 година, додавајќи дека веќе донел одлука за неговата кандидатура и оти никој не може да влијае на тоа. Во изјавата за „Њујорк пост“ вели дека се одлучил за кандидатура, индиректно откривајќи дека единствена недоумица е тајмингот на објавувањето на одлуката. Според „„Њујорк пост“, останува отворено прашањето само дали кандидатурата ќе ја објави пред ноемвриските избори за Конгресот или потоа. „Веќе донесов одлука, ништо не може да влијае на тоа. Се одлучив, веќе знам дали ќе се кандидирам“, вели Трамп за денешното издание на списанието Њујорк. Тој исто така вели дека повеќето луѓе сакаат тој да се кандидира. „Сметам дека многу луѓе воопшто не би се кандидирале ако јас го направам тоа, доколку ги погледнете анкетите, никаде ги нема. Зборувам за мнозинството од актуелните политичари. Луѓето сакаат да се кандидирам. Се чувствувам сигурен, верувам дека ќе победам ако се кандидирам“, рече Трамп

The post Tрамп верува во победа на изборите за две години appeared first on Република.

]]>