ДОН Холдинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/don-holding/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Feb 2022 16:01:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДОН Холдинг Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/don-holding/ 32 32 ДОН ХОЛДИНГ со демант: Одбиваме да бидеме предмет на политички препукувања https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/don-holding-so-demant-odbivame-da-bideme-predmet-na-politichki-prepukuvanja/ Tue, 08 Feb 2022 16:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=455816

Друштвото за посредување, трговија и услуги ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје категорично ги демантира обвинувањата изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со кои обвинува дека „Дон Холдинг“ како фирма со дејност за товарен транспорт добила два тендери вредни милион евра од МВР.

Станува збор за јавни набавки за „Одржување на санитарна опрема, водоводна и канализациона мрежа“ од октомври 2021 г. и „Набавка на панели за соларна енергија“ од јануари 2022 година, при што „Дон Холдинг“ се јави како најповолен понудувач во двата случаи, и тоа за близу 26.000 евра поповолна понуда во првиот случај и близу 136.000 евра поповолна во вториот.

Ги отфрламе и исказите како целосно неточни и невистинити дека се работи за мала фирма за товарен транспорт која треба да постави соларни панели несоодветно на дејноста и воедно ја информираме јавноста дека „Дон Холдинг“ покрај дејност за „Товарен патен транспорт“, има регистрирано и своја подружница бр. 1 повеќе од 5 години наназад со дополнителна дејност „Други градежно-инсталатерски работи“, како и дека ги поседува сите неопходни лиценци за градба и дозволи за работа кои се предмет на спорните јавни набавки, велат оттаму.


„Сакам да потенцирам дека и во двата случаи критериуми за доделување на договорите беше најниската цена на понудувачот, но и дека се работи за јавни документи кои секој може да ги провери на веб–страницата на Бирото за јавни набавки. Сакаме да потсетиме дека и во двете постапки се бараа минимални услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки, но и без разлика на тоа, ние како компанија имаме добро изграден кредибилитет, искуство, знаење и експертиза, што се докажува не само со нашата долгогодишна традиција во овие дејности, туку и преку стотиците останати изведби, проекти и услуги кои успешно ги реализираме за огромен број субјекти, изјави Слободан Настовски, сопственик на „Дон Холдинг“.

Остро ги отфрламе овие обвинувања и бараме како компанија да не бидеме предмет на вакви политички препукувања и да бидеме целосно изземени од било каква комуникација за добивање политички поени, која е на директна штета на нашата репутација и углед, додаде тој.

 

The post ДОН ХОЛДИНГ со демант: Одбиваме да бидеме предмет на политички препукувања appeared first on Република.

]]>

Друштвото за посредување, трговија и услуги ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје категорично ги демантира обвинувањата изнесени од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски со кои обвинува дека „Дон Холдинг“ како фирма со дејност за товарен транспорт добила два тендери вредни милион евра од МВР. Станува збор за јавни набавки за „Одржување на санитарна опрема, водоводна и канализациона мрежа“ од октомври 2021 г. и „Набавка на панели за соларна енергија“ од јануари 2022 година, при што „Дон Холдинг“ се јави како најповолен понудувач во двата случаи, и тоа за близу 26.000 евра поповолна понуда во првиот случај и близу 136.000 евра поповолна во вториот.
Ги отфрламе и исказите како целосно неточни и невистинити дека се работи за мала фирма за товарен транспорт која треба да постави соларни панели несоодветно на дејноста и воедно ја информираме јавноста дека „Дон Холдинг“ покрај дејност за „Товарен патен транспорт“, има регистрирано и своја подружница бр. 1 повеќе од 5 години наназад со дополнителна дејност „Други градежно-инсталатерски работи“, како и дека ги поседува сите неопходни лиценци за градба и дозволи за работа кои се предмет на спорните јавни набавки, велат оттаму. „Сакам да потенцирам дека и во двата случаи критериуми за доделување на договорите беше најниската цена на понудувачот, но и дека се работи за јавни документи кои секој може да ги провери на веб–страницата на Бирото за јавни набавки. Сакаме да потсетиме дека и во двете постапки се бараа минимални услови за докажување на способност од Законот за јавни набавки, но и без разлика на тоа, ние како компанија имаме добро изграден кредибилитет, искуство, знаење и експертиза, што се докажува не само со нашата долгогодишна традиција во овие дејности, туку и преку стотиците останати изведби, проекти и услуги кои успешно ги реализираме за огромен број субјекти, изјави Слободан Настовски, сопственик на „Дон Холдинг“.
Остро ги отфрламе овие обвинувања и бараме како компанија да не бидеме предмет на вакви политички препукувања и да бидеме целосно изземени од било каква комуникација за добивање политички поени, која е на директна штета на нашата репутација и углед, додаде тој.
 

The post ДОН ХОЛДИНГ со демант: Одбиваме да бидеме предмет на политички препукувања appeared first on Република.

]]>