домородни народи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domorodni-narodi/ За подобро да се разбереме Fri, 24 Jun 2022 07:29:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png домородни народи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domorodni-narodi/ 32 32 Едeн демонстрант убиен и десетици повредени при протести на домородните народи во Еквадор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eden-demonstrant-ubien-i-desetici-povredeni-pri-protesti-na-domorodnite-narodi-vo-ekvador/ Fri, 24 Jun 2022 07:27:27 +0000 https://republika.mk/?p=519121

По повеќедневните насилства низ Еквадор, демонстрантите се судрија со војниците и со полицајците во главниот град Кито, но и во другите градови низ земјата, при што едно лице е убиено, а десетици се повредени.

Еквадорските домородни народи веќе дванаесет дена протестираат низ Еквадор, со барање до владата да ги намали цените на горивата, да воведе контрола врз цените на храната и повеќе да инвестира во образованието.

https://twitter.com/JamesMelville/status/1539870310547202048

Конфедерацијата на домородни народи, која гi организираше протестите, соопшти дека едно лице починало од прострелни рани здобиени додека протестирало во близина на Националното собрание.

Властите признаа дека едно лице е убиено, а министерот за внатрешни работи изрази револт поради полициското однесување. Тој истакна дека владата не и одобрила на полицијата никаква употреба на оружје со смртоносна муниција и дека тие носеле само солзавец за да ги растераат демонстрантите.

https://twitter.com/manelmarquez/status/1539123991926939651

Волонтер болничар, за американските медиуми вели дека на околу 100 лица им била укажана медицинска помош поради повреди на местото на протестот, вклучително и демонстранти, војници и полицајци.

Демонстрациите се дел од поширокиот национален штрајк, што Конфедерацијата на домородни народи го почна на 14 јуни и со него бара намалување на цените на горивата, воведување контрола на цените на земјоделските производи и усвојување поголем буџет за образование.

https://twitter.com/DenisRogatyuk/status/1539413058446970880

The post Едeн демонстрант убиен и десетици повредени при протести на домородните народи во Еквадор appeared first on Република.

]]>

По повеќедневните насилства низ Еквадор, демонстрантите се судрија со војниците и со полицајците во главниот град Кито, но и во другите градови низ земјата, при што едно лице е убиено, а десетици се повредени. Еквадорските домородни народи веќе дванаесет дена протестираат низ Еквадор, со барање до владата да ги намали цените на горивата, да воведе контрола врз цените на храната и повеќе да инвестира во образованието. https://twitter.com/JamesMelville/status/1539870310547202048 Конфедерацијата на домородни народи, која гi организираше протестите, соопшти дека едно лице починало од прострелни рани здобиени додека протестирало во близина на Националното собрание. Властите признаа дека едно лице е убиено, а министерот за внатрешни работи изрази револт поради полициското однесување. Тој истакна дека владата не и одобрила на полицијата никаква употреба на оружје со смртоносна муниција и дека тие носеле само солзавец за да ги растераат демонстрантите. https://twitter.com/manelmarquez/status/1539123991926939651 Волонтер болничар, за американските медиуми вели дека на околу 100 лица им била укажана медицинска помош поради повреди на местото на протестот, вклучително и демонстранти, војници и полицајци. Демонстрациите се дел од поширокиот национален штрајк, што Конфедерацијата на домородни народи го почна на 14 јуни и со него бара намалување на цените на горивата, воведување контрола на цените на земјоделските производи и усвојување поголем буџет за образование. https://twitter.com/DenisRogatyuk/status/1539413058446970880

The post Едeн демонстрант убиен и десетици повредени при протести на домородните народи во Еквадор appeared first on Република.

]]>