Доминик Вагнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dominik-vagner/ За подобро да се разбереме Wed, 24 Jul 2024 08:30:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доминик Вагнер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dominik-vagner/ 32 32 Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер – Палурович https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichka-vecher-so-kontrabas-i-pijano-so-avstrisko-srpskoto-duo-vagner-palurovich/ Wed, 24 Jul 2024 08:30:30 +0000 https://republika.mk/?p=799745

Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ организира концерт на австрискиот контрабасист Доминик Вагнер и српско-австриската пијанистка Софија Палуровиќ.

Роден во 1997 година во Виена, Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера, не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постоечки композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со неговиот татко, композиторот Волфрам Вагнер транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн.

Има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли како „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во Њујорк (Карнеги Хол), Берлин (Концертхаус), Виена (Музиквераин и Концертхаус), Минхен (Херкулес сала), Хамбург (Елб филхаронија). Соработува со Камерниот оркестар во Вуртемберг како млад уметник , а редовно настапува во САД каде одржува рецитали, камерни концерти и семинари. Во 2021 година Доминик Вагнер го издава своето прво ЦД насловено „Џовани Ботезини- Револуција на басот“, а во 2023 го издава и своето второ аудио ЦД заедно со Лаума Скриде „Поглавја-Приказна за контрабас“. Овој албум, како и концертите кои се поврзани со неговата промоција вклучуваат дела од Бах и Шуберт, па сè до Пјацола и Манцини, на тој начин презентирајќи го целиот уметнички распон на Вагнер. Тој е исто така и активен камерен музичар, постојано трагајќи по нови звучни изрази што резултира со неговото дуо-партнерство со џез басистот Георг Бреиншмид, како и со кларинет триото со Себастијан Манц и Данае Доркен.

Софија Палуровиќ започнува да учи пијано на осумгодишна возраст со Татјана Вукмановиќ во Нови Сад, Србија. Откако го завршува образованието во специјализираното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ во Нови Сад, заминува во Виена каде студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во класата на Стефан Владар, а магистрира во класата на проф. Јасминка Станчул. За време на студиите бележи успеси на национални и меѓународни натпревари: прва награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Белград, прва награда на натпреварот „Пијано таленти“ во Милано (Италија) и прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград. Дополнително, освојува награди како камерен музичар со триото „Спирито динамико“ (флејта, виолина и пијано). Во изминатите години настапува во престижни концертни сали во Европа како „Брукнер хаус“во Линц, „Бетовен хаус“ во Бон, но и во Градската куќа во Нови Сад. Вклучена е во разни мултидисциплинарни проекти како премиерата на верзијата на „Човекот од Мидиан“ за две пијана и современ танц. Софија се надградува учествувајќи на семинари кај познати пијанисти и педагози како Анџела Хјуит, Жак Рувие, Иан Џонс и др.

The post Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер – Палурович appeared first on Република.

]]>

Во стандардниот фестивалски термин од 21 часот, „Охридско лето“ вечерва во црквата „Света Софија“ организира концерт на австрискиот контрабасист Доминик Вагнер и српско-австриската пијанистка Софија Палуровиќ. Роден во 1997 година во Виена, Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера, не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постоечки композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со неговиот татко, композиторот Волфрам Вагнер транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн. Има настапувано со реномирани оркестри и ансамбли како „Камерата Салцбург“, Симфонискиот оркестар на Баварското радио, оркестарот ВДР, Германската камерна филхармонија од Бремен, во концертни сали во Њујорк (Карнеги Хол), Берлин (Концертхаус), Виена (Музиквераин и Концертхаус), Минхен (Херкулес сала), Хамбург (Елб филхаронија). Соработува со Камерниот оркестар во Вуртемберг како млад уметник , а редовно настапува во САД каде одржува рецитали, камерни концерти и семинари. Во 2021 година Доминик Вагнер го издава своето прво ЦД насловено „Џовани Ботезини- Револуција на басот“, а во 2023 го издава и своето второ аудио ЦД заедно со Лаума Скриде „Поглавја-Приказна за контрабас“. Овој албум, како и концертите кои се поврзани со неговата промоција вклучуваат дела од Бах и Шуберт, па сè до Пјацола и Манцини, на тој начин презентирајќи го целиот уметнички распон на Вагнер. Тој е исто така и активен камерен музичар, постојано трагајќи по нови звучни изрази што резултира со неговото дуо-партнерство со џез басистот Георг Бреиншмид, како и со кларинет триото со Себастијан Манц и Данае Доркен. Софија Палуровиќ започнува да учи пијано на осумгодишна возраст со Татјана Вукмановиќ во Нови Сад, Србија. Откако го завршува образованието во специјализираното музичко училиште „Исидор Бајиќ“ во Нови Сад, заминува во Виена каде студира на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во класата на Стефан Владар, а магистрира во класата на проф. Јасминка Станчул. За време на студиите бележи успеси на национални и меѓународни натпревари: прва награда на Меѓународниот натпревар за пијанисти во Белград, прва награда на натпреварот „Пијано таленти“ во Милано (Италија) и прва награда на натпреварот „Даворин Јенко“ во Белград. Дополнително, освојува награди како камерен музичар со триото „Спирито динамико“ (флејта, виолина и пијано). Во изминатите години настапува во престижни концертни сали во Европа како „Брукнер хаус“во Линц, „Бетовен хаус“ во Бон, но и во Градската куќа во Нови Сад. Вклучена е во разни мултидисциплинарни проекти како премиерата на верзијата на „Човекот од Мидиан“ за две пијана и современ танц. Софија се надградува учествувајќи на семинари кај познати пијанисти и педагози како Анџела Хјуит, Жак Рувие, Иан Џонс и др.

The post Музичка вечер со контрабас и пијано со австриско-српското дуо Вагнер – Палурович appeared first on Република.

]]>