доминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dominacija/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Jul 2022 14:37:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доминација Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dominacija/ 32 32 Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/toni-bler-se-priblizuvame-kon-krajot-na-zapadnata-politichka-i-ekonomska-dominacija/ Sat, 16 Jul 2022 14:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=530020

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот.

Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ.

Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми.

– Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој.

– Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер.

Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија.

– Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

The post Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација appeared first on Република.

]]>

Поранешниот британски премиер Тони Блер предупреди дека ерата на западната политичка и економска доминација се ближи кон крајот поради рускиот напад врз Украина и подемот на Кина како „втора суперсила“ во светот. Тој рече дека западните сили мора да ги зголемат трошоците за одбрана за да ја задржат својата воена надмоќ. Според Блер, „бруталната и неоправдана“ инвазија на Владимир Путин врз Украина покажа дека Западот повеќе не може автоматски да очекува големите светски сили да се придржуваат до прифатените меѓународни норми. – Како резултат на постапките на Путин, повеќе не можеме да се потпреме на кинеското раководство дека ќе се однесува на начин што го сметаме за рационален, рече тој. – Не ме сфаќајте погрешно. Не велам дека Кина во блиска иднина ќе се обиде со сила да го заземе Тајван. Но, не можеме да ја засноваме нашата политика врз сигурност дека тие нема да го сторат тоа, нагласи Блер. Тој рече дека најголемата геополитичка промена на овој век ќе дојде од Кина, а не од Русија. – Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација, истакна Блер.

The post Tони Блер: Се приближуваме кон крајот на западната политичка и економска доминација appeared first on Република.

]]>