домен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domen/ За подобро да се разбереме Tue, 02 May 2023 16:46:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png домен Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domen/ 32 32 Марнет: Приватни регистратори вршат регистрација на домените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/marnet-privatni-registratori-vrshat-registratsija-na-domenite/ Tue, 02 May 2023 16:46:56 +0000 https://republika.mk/?p=636157

Од 1 април 2014 година МАРнет не врши регистрација на домени освен за доменот .gov.mk, велат од Марнет во реакцијата на нашиот текст дека бугарски државјанин закупил околу 2.500 домени со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.

https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-drzhavjanin-vo-marnet-registriral-2-500-domejni-povrzani-so-makedonski-muzei-i-kultura/

Согласно европските директиви за либерализација на пазарот и трендовите во светот за работа со национални домени, од 1 април 2014 година, во согласност со Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .MK домен и врвниот македонски .MKД домен, МАРнет не врши регистрација на домени, освен за доменот .gov.mk, а правото за регистрација на домени МАРнет го пренесе на приватни регистрари. Меѓусебните права и обврски на МАРнет и регистрарите се регулирани, односно утврдени со договор.
Регистрарите имаат целосно право самостојно да извршат регистрација на домените кои се слободни (нерегистрирани) во моментот на регистрацијата. Регистрацијата на домените регистрарите ја вршат без претходно одобрување од страна на МАРнет. Дополнително, МАРнет обезбедува информации за регистрантите на домените со објавување на истите во јавниот регистар на домени, објавен на Интернет страницата на МАРнет и јавно достапен до сите заинтересирани лица ( Who is), велат од Марнет.

Република побара одговор од Марнет и пред еден месец пред објавување на текстот, но одговорот стигна по објавувањето на текстот.

The post Марнет: Приватни регистратори вршат регистрација на домените appeared first on Република.

]]>

Од 1 април 2014 година МАРнет не врши регистрација на домени освен за доменот .gov.mk, велат од Марнет во реакцијата на нашиот текст дека бугарски државјанин закупил околу 2.500 домени со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура. https://republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-drzhavjanin-vo-marnet-registriral-2-500-domejni-povrzani-so-makedonski-muzei-i-kultura/
Согласно европските директиви за либерализација на пазарот и трендовите во светот за работа со национални домени, од 1 април 2014 година, во согласност со Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .MK домен и врвниот македонски .MKД домен, МАРнет не врши регистрација на домени, освен за доменот .gov.mk, а правото за регистрација на домени МАРнет го пренесе на приватни регистрари. Меѓусебните права и обврски на МАРнет и регистрарите се регулирани, односно утврдени со договор. Регистрарите имаат целосно право самостојно да извршат регистрација на домените кои се слободни (нерегистрирани) во моментот на регистрацијата. Регистрацијата на домените регистрарите ја вршат без претходно одобрување од страна на МАРнет. Дополнително, МАРнет обезбедува информации за регистрантите на домените со објавување на истите во јавниот регистар на домени, објавен на Интернет страницата на МАРнет и јавно достапен до сите заинтересирани лица ( Who is), велат од Марнет.
Република побара одговор од Марнет и пред еден месец пред објавување на текстот, но одговорот стигна по објавувањето на текстот.

The post Марнет: Приватни регистратори вршат регистрација на домените appeared first on Република.

]]>
Бугарски државјанин во МАРнет регистрирал 2.500 домени поврзани со македонски музеи и култура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/bugarski-drzhavjanin-vo-marnet-registriral-2-500-domejni-povrzani-so-makedonski-muzei-i-kultura/ Tue, 02 May 2023 06:55:08 +0000 https://republika.mk/?p=635843

Бугарскиот државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домени од Македонската академска истражувачка мрежа- МАРнет, дознава „Република“

Конкретно се работи за закупени домени со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура.

Еден од нив е и домејнот „музејтеракота.мк“. Овој музеј од Виница има само Фејсбук страница но не и интернет страница.

Ваква, и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живее во Плевен.

„Република“ се обрати до Василев и го праша поради кои причини ги закупил овие домени, но не добивме одговор.

Мора да се напомене дека закупот на вакви домени не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп.

Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок.

Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор.

ШТО Е МАРнет

Македонска академска истражувачка мрежа или МАРНет  е организација основана во 1995 година Во мрежниот информациски центар на МАРНет е регистриран врвниот домен за Македонија, доменот .mk.

The post Бугарски државјанин во МАРнет регистрирал 2.500 домени поврзани со македонски музеи и култура appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот државјанин Ангел Василев во јануари годинава закупил околу 2.500 домени од Македонската академска истражувачка мрежа- МАРнет, дознава „Република“ Конкретно се работи за закупени домени со префикси Мк, Ком.Мк, Орг.мк, поврзани со македонски музеи и култура. Еден од нив е и домејнот „музејтеракота.мк“. Овој музеј од Виница има само Фејсбук страница но не и интернет страница. Ваква, и слични страници поврзани со македонска култура и музеи и установи нема да можат да бидат регистирани бидејќи се веќе закупени од извесен Василев кој живее во Плевен. „Република“ се обрати до Василев и го праша поради кои причини ги закупил овие домени, но не добивме одговор. Мора да се напомене дека закупот на вакви домени не е незаконски и за тоа се плаќа годишен закуп. Симптоматично е што ова се прави од бугарски државјанин во период кога од источниот сосед сме изложени на културен, јазичен и историски притисок. Согласно Законот за слободен пристап до инфорамции од јавен карактер испративме прашање и до МАРнет и по еден месец чекање не добивме одговор.

ШТО Е МАРнет

Македонска академска истражувачка мрежа или МАРНет  е организација основана во 1995 година Во мрежниот информациски центар на МАРНет е регистриран врвниот домен за Македонија, доменот .mk.

The post Бугарски државјанин во МАРнет регистрирал 2.500 домени поврзани со македонски музеи и култура appeared first on Република.

]]>