домашни миленици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domashni-milenici/ За подобро да се разбереме Thu, 04 Jul 2024 09:35:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png домашни миленици Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domashni-milenici/ 32 32 Глобална иновација: Првиот сок за кучиња во светот достапен во Македонија https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/globalna-inovatsija-prviot-sok-za-kuchina-vo-svetot-dostapen-vo-makedonija/ Thu, 04 Jul 2024 09:35:02 +0000 https://republika.mk/?p=793337

Здравјето на нашите миленици е сега во фокус, со новото иновативно решение - Kings Choice, првиот сок за кучиња во светот, сега достапен и во Македонија.

Со индустријата за домашни миленици во бурен развој, оваа нова рецептура беше развивана три години од страна најнапредни технолози во Србија. Идејата настапи пред четири години, со желба да се креира иновативен производ кој ќе се истакне како квалитетен и различен од сите други на пазарот.

Процесот на развој вклучи многу истражување, консултирање со експерти и технолози, со цел да се осигура највисок степен на квалитет и функционалност. Првата производствена серија започна на 4 јули 2023 година, а официјалната промоција на производот се одржа во мај 2023 година на Светскиот саем Зумарко во Болоња, Италија. Одговорот беше впечатлив, со преку 100 дистрибутери од целиот свет изразувајќи голем интерес.

Сокот за кучиња Kings Choice содржи висококвалитетни состојки кои го подобруваат здравјето и имунитетот на кучињата. Со вкусови како Ананас, Боровинка и Малина, секое куче, независно од големина и возраст, може да ужива во овие хранливи напитоци кои се лесно вклопуваат во нивната дневна исхрана.

Оваа иновација веќе е достапна во најблиските специјализирани продавници за домашни миленици, со што се отвора нова можност за подобрување на здравјето и среќата на вашите најдраги палавковци.

Комерцијален текст

The post Глобална иновација: Првиот сок за кучиња во светот достапен во Македонија appeared first on Република.

]]>

Здравјето на нашите миленици е сега во фокус, со новото иновативно решение - Kings Choice, првиот сок за кучиња во светот, сега достапен и во Македонија. Со индустријата за домашни миленици во бурен развој, оваа нова рецептура беше развивана три години од страна најнапредни технолози во Србија. Идејата настапи пред четири години, со желба да се креира иновативен производ кој ќе се истакне како квалитетен и различен од сите други на пазарот. Процесот на развој вклучи многу истражување, консултирање со експерти и технолози, со цел да се осигура највисок степен на квалитет и функционалност. Првата производствена серија започна на 4 јули 2023 година, а официјалната промоција на производот се одржа во мај 2023 година на Светскиот саем Зумарко во Болоња, Италија. Одговорот беше впечатлив, со преку 100 дистрибутери од целиот свет изразувајќи голем интерес. Сокот за кучиња Kings Choice содржи висококвалитетни состојки кои го подобруваат здравјето и имунитетот на кучињата. Со вкусови како Ананас, Боровинка и Малина, секое куче, независно од големина и возраст, може да ужива во овие хранливи напитоци кои се лесно вклопуваат во нивната дневна исхрана. Оваа иновација веќе е достапна во најблиските специјализирани продавници за домашни миленици, со што се отвора нова можност за подобрување на здравјето и среќата на вашите најдраги палавковци. Комерцијален текст

The post Глобална иновација: Првиот сок за кучиња во светот достапен во Македонија appeared first on Република.

]]>
Пролетна модна ревија на домашни миленици https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/proletna-modna-revija-na-domashni-milenitsi/ Sun, 05 May 2024 08:57:33 +0000 https://republika.mk/?p=774417

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија.

Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери.

Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици.

Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

The post Пролетна модна ревија на домашни миленици appeared first on Република.

]]>

На 15 јуни во „Јавна соба“ ќе се одржи првата модна ревија на домашни миленици во организација на Асоцијацијата на стилисти за домашни миленици на Македонија. Организаторите најавуваат околу 15-тина сопственици на салони за домашни миленици кои ќе се претстават со својот миленик - модел и ќе објаснат на кој начин го третирале крзното кај миленикот, а пред да почне дефилето, ќе се разговара и за стандардот на занимањето - стилист за домашни миленици, кој е обврзувачки за сите грумери. Настанот ќе биде збогатен и со штандови на кои ќе може да се претстават пет шопови, увозници на козметика за миленици, одгледувачници.... Поканети се да учествуваат и креатори на накит и облека за миленици. Настанот нема натпреварувачки карактер. Целта е да се промовира грумингот во земјава и да се подигне свеста за правилното третирање на крзното на домашните миленици.

The post Пролетна модна ревија на домашни миленици appeared first on Република.

]]>
Вевчанец со пушка пукал во домашни кучиња додека шетале со сопственикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vevchanets-so-pushka-pukal-vo-domashni-kuchina-dodeka-shetale-so-sopstvenikot/ Thu, 17 Aug 2023 09:59:49 +0000 https://republika.mk/?p=672952

Шеесет и седум годишен вевчанец синоќа бил приведен во полиција поради пукање со воздушна пушка кон кучиња, домашни миленици.

СВР Охрид денеска соопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, синоќа во 20 часот и 30 минути во Вевчани, од слобода го лишија П.П.(67) од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот, со воздушна пушка пукал кон кучиња, домашни миленици сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот, информира портпаролот Стефан Димоски.

The post Вевчанец со пушка пукал во домашни кучиња додека шетале со сопственикот appeared first on Република.

]]>

Шеесет и седум годишен вевчанец синоќа бил приведен во полиција поради пукање со воздушна пушка кон кучиња, домашни миленици. СВР Охрид денеска соопшти дека пушката била одземена, а по целосно документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
Полициски службеници од полициското одделение во струшкото село Велешта, синоќа во 20 часот и 30 минути во Вевчани, од слобода го лишија П.П.(67) од Вевчани. Тој се сомничи дека околу 18 часот, со воздушна пушка пукал кон кучиња, домашни миленици сопственост на Г.М. од Вевчани, кои на улица биле во придружба на сопственикот, информира портпаролот Стефан Димоски.

The post Вевчанец со пушка пукал во домашни кучиња додека шетале со сопственикот appeared first on Република.

]]>
Кинолозите бараат построга регулација за домашните миленици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kinolozite-baraat-postroga-regulatsija-za-domashnite-milenitsi/ Wed, 12 Apr 2023 17:13:38 +0000 https://republika.mk/?p=630299

Кинолозите апелираат веднаш да се донесе Закон за чување и одгледување кучиња во домашни услови по примерот на другите европски земји за да не се случуваат вакви трагични случаи.Скопје е еден од ретките европски градови кои немааат вакви регулативи,велат тие.

Во Европа постојат ригорозни закони за со кои се ограничуваат условите под кои се чуваат определени раси кучиња, особено оние кои спаѓаат во видот на поагресивни, објаснува за ТВ Сител, Стефан Кирков кој има долгогодишно искуство во оваа сфера.

Кога се работи за тоа кои раси се агресивни или не, Кирков вели дека има многу предрасуди и контрадикторни мислења, но на крај главен фактор е сепак начинот на кој се одгледува таквото куче.

Во повеќе држави во САД постојат таканаречени црни листи на агресивни раси на кучиња која циркулира кај осигурителните компании, меѓу кои се питбулите, мастифите, хаските за кои тие одбиваат да ги осигураат сопствениците во случај нивното куче да нападне некого.

Извор: ТВ Сител

The post Кинолозите бараат построга регулација за домашните миленици appeared first on Република.

]]>

Кинолозите апелираат веднаш да се донесе Закон за чување и одгледување кучиња во домашни услови по примерот на другите европски земји за да не се случуваат вакви трагични случаи.Скопје е еден од ретките европски градови кои немааат вакви регулативи,велат тие. Во Европа постојат ригорозни закони за со кои се ограничуваат условите под кои се чуваат определени раси кучиња, особено оние кои спаѓаат во видот на поагресивни, објаснува за ТВ Сител, Стефан Кирков кој има долгогодишно искуство во оваа сфера. Кога се работи за тоа кои раси се агресивни или не, Кирков вели дека има многу предрасуди и контрадикторни мислења, но на крај главен фактор е сепак начинот на кој се одгледува таквото куче. Во повеќе држави во САД постојат таканаречени црни листи на агресивни раси на кучиња која циркулира кај осигурителните компании, меѓу кои се питбулите, мастифите, хаските за кои тие одбиваат да ги осигураат сопствениците во случај нивното куче да нападне некого. Извор: ТВ Сител

The post Кинолозите бараат построга регулација за домашните миленици appeared first on Република.

]]>
За имунитет, гушнете си го кучето в кревет https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-imunitet-gushnete-si-go-kucheto-v-krevet/ Sun, 27 Nov 2022 18:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=578810

Да се дели кревет со милениче - да или не? Некои истражувања докажуваат дека спиењето со куче може да го намали чувството на анксиозност, да го подобри расположението и да ја направи околината попријатна и опуштена. Луѓето кои имаат куче имаат поголема веројатност полесно да заспијат и имаат помалку проблеми со несоница.

Психологот Барбара Сантини истакна дека има неколку предности да спиете покрај вашето домашно милениче.

Спиењето со домашни миленици го стимулира производството и ослободувањето на повеќе окситоцин. Кога нивото на окситоцин ни е високо, поверојатно е дека ќе доживееме целосна релаксација на телото - уверува Барбара и додава:

Ова ги стимулира тета-мозочните бранови и му помага на нашиот ум да формира спомени и да ја зголеми креативноста.

Зајакнување на имунитетот

Домашните миленици ја поттикнуваат различноста на микроорганизмите во куќата, а истражувањата покажуваат дека вашиот имунолошки систем се зајакнува кога е изложен на различни микроорганизми – објаснила Барбара.

Некои истражувања покажаа дека домашните миленици можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.

Почист дом

Иако на прв поглед не изгледа така, луѓето кои го делат својот дом со куче ја менуваат постелнината и поредовно ја чистат куќата.

Девет од десет од нас ја перат постелнината на секои две недели, но тоа не е доволно хигиенско и нема да ги задржи алергените во текот на летото - започна објаснувањето на Барбара, а потоа продолжи:

Домашните миленици даваат дополнителна причина да ја одржувате куќата во ред, па така спиењето со нив и миењето на постелнината на секои неколку дена на топла програма ќе спречи таложење на прашина во ткаенината.

The post За имунитет, гушнете си го кучето в кревет appeared first on Република.

]]>

Да се дели кревет со милениче - да или не? Некои истражувања докажуваат дека спиењето со куче може да го намали чувството на анксиозност, да го подобри расположението и да ја направи околината попријатна и опуштена. Луѓето кои имаат куче имаат поголема веројатност полесно да заспијат и имаат помалку проблеми со несоница. Психологот Барбара Сантини истакна дека има неколку предности да спиете покрај вашето домашно милениче.
Спиењето со домашни миленици го стимулира производството и ослободувањето на повеќе окситоцин. Кога нивото на окситоцин ни е високо, поверојатно е дека ќе доживееме целосна релаксација на телото - уверува Барбара и додава: Ова ги стимулира тета-мозочните бранови и му помага на нашиот ум да формира спомени и да ја зголеми креативноста.

Зајакнување на имунитетот

Домашните миленици ја поттикнуваат различноста на микроорганизмите во куќата, а истражувањата покажуваат дека вашиот имунолошки систем се зајакнува кога е изложен на различни микроорганизми – објаснила Барбара.
Некои истражувања покажаа дека домашните миленици можат да помогнат во намалување на крвниот притисок.

Почист дом

Иако на прв поглед не изгледа така, луѓето кои го делат својот дом со куче ја менуваат постелнината и поредовно ја чистат куќата.
Девет од десет од нас ја перат постелнината на секои две недели, но тоа не е доволно хигиенско и нема да ги задржи алергените во текот на летото - започна објаснувањето на Барбара, а потоа продолжи: Домашните миленици даваат дополнителна причина да ја одржувате куќата во ред, па така спиењето со нив и миењето на постелнината на секои неколку дена на топла програма ќе спречи таложење на прашина во ткаенината.

The post За имунитет, гушнете си го кучето в кревет appeared first on Република.

]]>
Уставниот суд укина општински одлуки кои го ограничуваат чувањето домашни миленици https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ustavniot-sud-ukina-opshtinski-odluki-koi-go-ogranichuvaat-chuvanjeto-domashni-milenici/ Wed, 02 Mar 2022 14:40:18 +0000 https://republika.mk/?p=466519

Уставниот суд на седница ги укина членовите 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров и 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, донесени од Советот на Општина Ѓорче Петров, информираат од Судот.

Според наводите од иницијативата се работи за Одлука со која се утврдува дека сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места, а надвор од дворните места само со кошница на устата и врзани со каиш, не е дозволено чување на кучиња кои постојано лаеле и завивале, не е дозволено чување на кучиња во згради и во нивните дворови освен за кои сопственикот има прибавено писмено одбрение на куќниот совет на колективната станбена зграда.

Во образложението на поднесената иницијатива се вели дека одредбите од оспорените членови на одлуките содржат услови и забрани кои не можеле да бидат предмет на уредување со подзаконски акт и тие директно го повредувале уставниот принцип на владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот) и правото на сопственост (член 30 став 2 од Уставот). Потоа, оспорените одредби регулираат забрани без постоење на јавен интерес утврден со Закон (член 30 став 3 од Уставот) и со нив директно се задира во правото на приватната сопственост по две основи, и тоа забрана за чување на куче и ограничување на користење, плодоуживање и располагање со својот сопствен стан, спротивно на член 10 став 1 алинеја 6 и членовите 6 и 7 од Законот за сопственост и други стварни права.

Со оспорената одредба според подносителот од Одлуката се повредуваат и темелните вредности на уставниот поредок: хуманизмот, уредувањето и хуманизацијата на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, почитувањето на општо прифатените цивилизирани норми на меѓународното право (член 8 став 1 алинеи 8 и 11 од Уставот). Оспорените одредби се спротивни на антидискриминаторската клаузула на општеството со оглед дека граѓаните во Република Македонија се наполно рамноправни во уживањето на слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествента положба односно тие се еднакви пред Уставот и законите (член 9 од Уставот).

Според подносителот на иницијативата со оспорената одредба се повредува и членот 30 од Уставот, односно со безрезервната и изречна ius cogens забрана да се чува куче се повредува и правото на сопственост, кое подрзабира полна власт врз стварите и нивно поседување на: апсолутен начин (без полагање на сметка за начинот на користење на своето природно право), исклучив начин (исклучување на државата и другите субјекти од располагање со нештото), како и стален начин (можност стално да се располага со нештото, па дури и постхумно).

Оттука, оспорената одредба со која се ограничувале станарите на зграда да чуваат кучиња не го исполнувала предвидениот уставен услов сопственоста да служи за доброто на поединецот и на заедницата. Со одредбата се нарушувале социјалните односи на имателите на кучињата со нивните домашни миленици, а напуштањето на милениците заради ваквата одредба, би создало проблем на зголемување на бездомни кучиња, што пак не било за добро на заедницата. Исто така, јавен интерес било да се има што повеќе здомени, а не што повеќе бездомни кучиња, уште повеќе што оваа несразмерна мерка немала основ во ниту еден закон.

Од друга страна, правото на приватност, станарското право и правото на неповредливост на домот, содржеле право на секој човек на достоинствен, слободен и спокоен личен и семеен живот, кој тој би ги градел врз основа на сопствените, а не врз туѓи критериуми и вредности. Оттука, ограничувањето на бројот и видот на милениците било суверено право, за кое било дискутабилно дури и дали може да се ограничи со закон, а камоли со подзаконски акт на единицата на локалната самоуправа.

Од значење било и тоа што согласно член 26 став 2 од Уставот, правото на неповредливост на домот можело да се ограничи само со судска одлука, што во хипотетичка ситуација значело дека станарите имаат право да тужат кога постои куче кое ги вознемирува. Секое куче што се чува во стан го нарушува мирот и спокојот на соседите било премногу екстензивна и непропорционална регулатива.

The post Уставниот суд укина општински одлуки кои го ограничуваат чувањето домашни миленици appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на седница ги укина членовите 75 од Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров и 8 од Одлуката за измена на Одлуката за комунален ред и мерки за нејзино спроведување на подрачјето на Општина Ѓорче Петров, донесени од Советот на Општина Ѓорче Петров, информираат од Судот. Според наводите од иницијативата се работи за Одлука со која се утврдува дека сопствениците на кучиња се должни своите кучиња да ги држат во сопствените дворни места, а надвор од дворните места само со кошница на устата и врзани со каиш, не е дозволено чување на кучиња кои постојано лаеле и завивале, не е дозволено чување на кучиња во згради и во нивните дворови освен за кои сопственикот има прибавено писмено одбрение на куќниот совет на колективната станбена зграда. Во образложението на поднесената иницијатива се вели дека одредбите од оспорените членови на одлуките содржат услови и забрани кои не можеле да бидат предмет на уредување со подзаконски акт и тие директно го повредувале уставниот принцип на владеење на правото (член 8 став 1 алинеја 3 од Уставот) и правото на сопственост (член 30 став 2 од Уставот). Потоа, оспорените одредби регулираат забрани без постоење на јавен интерес утврден со Закон (член 30 став 3 од Уставот) и со нив директно се задира во правото на приватната сопственост по две основи, и тоа забрана за чување на куче и ограничување на користење, плодоуживање и располагање со својот сопствен стан, спротивно на член 10 став 1 алинеја 6 и членовите 6 и 7 од Законот за сопственост и други стварни права. Со оспорената одредба според подносителот од Одлуката се повредуваат и темелните вредности на уставниот поредок: хуманизмот, уредувањето и хуманизацијата на просторот, заштитата и унапредувањето на животната средина и на природата, почитувањето на општо прифатените цивилизирани норми на меѓународното право (член 8 став 1 алинеи 8 и 11 од Уставот). Оспорените одредби се спротивни на антидискриминаторската клаузула на општеството со оглед дека граѓаните во Република Македонија се наполно рамноправни во уживањето на слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествента положба односно тие се еднакви пред Уставот и законите (член 9 од Уставот). Според подносителот на иницијативата со оспорената одредба се повредува и членот 30 од Уставот, односно со безрезервната и изречна ius cogens забрана да се чува куче се повредува и правото на сопственост, кое подрзабира полна власт врз стварите и нивно поседување на: апсолутен начин (без полагање на сметка за начинот на користење на своето природно право), исклучив начин (исклучување на државата и другите субјекти од располагање со нештото), како и стален начин (можност стално да се располага со нештото, па дури и постхумно). Оттука, оспорената одредба со која се ограничувале станарите на зграда да чуваат кучиња не го исполнувала предвидениот уставен услов сопственоста да служи за доброто на поединецот и на заедницата. Со одредбата се нарушувале социјалните односи на имателите на кучињата со нивните домашни миленици, а напуштањето на милениците заради ваквата одредба, би создало проблем на зголемување на бездомни кучиња, што пак не било за добро на заедницата. Исто така, јавен интерес било да се има што повеќе здомени, а не што повеќе бездомни кучиња, уште повеќе што оваа несразмерна мерка немала основ во ниту еден закон. Од друга страна, правото на приватност, станарското право и правото на неповредливост на домот, содржеле право на секој човек на достоинствен, слободен и спокоен личен и семеен живот, кој тој би ги градел врз основа на сопствените, а не врз туѓи критериуми и вредности. Оттука, ограничувањето на бројот и видот на милениците било суверено право, за кое било дискутабилно дури и дали може да се ограничи со закон, а камоли со подзаконски акт на единицата на локалната самоуправа. Од значење било и тоа што согласно член 26 став 2 од Уставот, правото на неповредливост на домот можело да се ограничи само со судска одлука, што во хипотетичка ситуација значело дека станарите имаат право да тужат кога постои куче кое ги вознемирува. Секое куче што се чува во стан го нарушува мирот и спокојот на соседите било премногу екстензивна и непропорционална регулатива.

The post Уставниот суд укина општински одлуки кои го ограничуваат чувањето домашни миленици appeared first on Република.

]]>