домаќинства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domakjinstva/ За подобро да се разбереме Fri, 10 Nov 2023 14:21:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png домаќинства Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/domakjinstva/ 32 32 Пристап до интернет имаат 88 отсто од домаќинствата во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/pristap-do-internet-imaat-88-otsto-od-domakinstvata-vo-makedonija/ Fri, 10 Nov 2023 14:21:04 +0000 https://republika.mk/?p=700304

Во првото тримесечје од годинава, 88.0 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во првото тримесечје, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 85.3 %, а 67.7 % го користеле неколкупати во текот на денот.

Преку интернет во последните 12 месеци нарачале или купиле стоки или услуги 53.5 % од граѓаните во земјава.

 

The post Пристап до интернет имаат 88 отсто од домаќинствата во Македонија appeared first on Република.

]]>

Во првото тримесечје од годинава, 88.0 % од домаќинствата имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години, интернет користеле 85.3 %, а 67.7 % го користеле неколкупати во текот на денот. Преку интернет во последните 12 месеци нарачале или купиле стоки или услуги 53.5 % од граѓаните во земјава.  

The post Пристап до интернет имаат 88 отсто од домаќинствата во Македонија appeared first on Република.

]]>
ВМРО ДПМНЕ: Од успешните енергетски политики на СДС имаме за 50 отсто зголемена струја кај домаќинствата и за четири пати поскапа струја кај малите потрошувачи https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-od-uspeshnite-energetski-politiki-na-sds-imame-za-50-otsto-zgolemena-struja-kaj-domakinstvata-i-za-chetiri-pati-poskapa-struja-kaj-malite-potroshuvachi/ Sat, 14 Jan 2023 12:16:09 +0000 https://republika.mk/?p=596789

Деновиве, во мноштвото несреќи и скандали кои веќе е „морничаво“ да ги коментираме, без срам или одговорност од страна на „експертите’’ во енергетиката, Владата во заминување ја забавува јавноста со пуштање во работа на БЛОК 3 кој претходно самите го запалија, претставувајќи ја катастрофата која ја предизвикаа пред 400 дена, како триумфална победа што чиниш отворија нуклеарна централа или некој од ГОЛЕМИТЕ инвестиции кои ги ветуваа!, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нормално беше да работат трите блока во РЕК Битола, без фалби и сликање за нешто што е нормално.

Освен фактот дека за период од 2 години имаме 50 % зголемена струја кај домаќинствата и за 4 пати поскапа струја кај малите потрошувачи, се наоѓаме во енергетска криза која е резулатат на „успехот“ на СДС во енергетиката.

Колкави се загубите на ЕСМ поради неработењето на блок 3 во изминатиот период поради експлозијата во трансформаторот која што сами ја предизвикаа во изминатиот период:

Ако се земе дека БЛОК 3 би работел со средна снага од 150 MW, тогаш загубата на енергија е 1.314.000 MWh на годишно ниво

Ако се земе просечна цена на увезена електрична енергија од ЕСМ од 250 евра/MWh добиваме загуба од 328.500.000 евра

Доколку работеше блок 3, ЕСМ немаше воопшто да има потреба од увоз на електрична енергија и немаше да бидат потрошени од буџетот 215 милиони евра.

Да не беше тажно, ќе беше смешно. Но, за жал сметката од овие самонаречени експерти кои ја уништија македонската енергетика на крај ќе ја платат граѓаните со двојно повисока цена на електрична енергија во ефтина тарифа почнувајќи од месец јануари.

Хармоникаш, кој несреќно бил поставен за директор на РЕК кој исто така претходно кратко бил на позицијата директор на термоелектраната Битола, и тоа во периодот кога се случува оваа сериозна хаварија на енергетски трансформатор како награда за НАЈКАТАСТРОФАЛНАТА година во постоењето на Термоелктрани Битола со речиси преполовено производство од пред пет години, го унапредија во директор на РЕК Битола. Неговото вкупно искуство воопшто во енергетскиот сектор, односно во РЕК Битола е неколку години. За почеток овој лик мора да одговори зошто од позиција директор на термоелектрана Битола, дозволил пуштање на работа на трансформатор, за кој во јавноста дознавме дека и претходно бил во дефект и дека стручните служби укажале на „постоење висок ризик од пробивање на проводен изолатор“? Се разбира ако знае за што го прашуваме!

Експертот Ковачевски, директорот на Електрани на Македонија, долгогодишен политичар – раскажувач на бајки кој својата кариера ја изгради на поставувањето на филтри за РЕК Битола, веднаш со седнувањето во директорското столче заборави на филтрите. Но, откако стана пријател со кланот моќници од Муртино, па бизнисот со механизација во РЕК Битола го усоврши и само за пет години преку договори во четири очи се испумпани неверојатни 200 милиони евра!

Наместо да се уништуваше РЕК Битола и да се планира нејзино затворање, доволно беше само да се заменат филтрите и да се реши проблемот со загадувањето. Исто така, наместо да се исцрпуваше комбинатот со партиски вработувања, криминални тендери и недомаќинско работење, ние требаше да градиме други производни капацитети за електрична енергија, а во исто време да се мисли на отворање на нови рудници на јаглен во околината на комбинатот, токму за вакви тешки времиња. Наместо да увезуваат поскап јаглен, можеа да го реализираат проектот за отворање на рудникот Живојно. На тој начин ќе ја спасеа домашната кревка економија од пропаст, бидејќи во вакви ситуации како што е сегашната е посебно важно да функционира домашното производство на електрична енергија.

На јавноста и се продава филм за транзиција на производството на електрична енергија, а после неколку месеци се фалат со активирање на капацитетите кои едвај успеваат да ги одржат во кондиција од неколку дена ..

Под плаштот на таа транзицијата на производството на енергија од јаглен кон обновливи извори, СДС прави транзиција на капиталот на државата во рацете на сопствената олигархија, исто како што 90-тите се правеше транзиција на општествениот капитал, а новите олигарси се синовите и ќерките на Заеви, сопругата и кумот на премиерот, екс вицепремиерот и целокупната бизнис структура од СДС.

Одговорност за ваквото расипничко однесување кон енергетиката и државата мора да има!

 

The post ВМРО ДПМНЕ: Од успешните енергетски политики на СДС имаме за 50 отсто зголемена струја кај домаќинствата и за четири пати поскапа струја кај малите потрошувачи appeared first on Република.

]]>

Деновиве, во мноштвото несреќи и скандали кои веќе е „морничаво“ да ги коментираме, без срам или одговорност од страна на „експертите’’ во енергетиката, Владата во заминување ја забавува јавноста со пуштање во работа на БЛОК 3 кој претходно самите го запалија, претставувајќи ја катастрофата која ја предизвикаа пред 400 дена, како триумфална победа што чиниш отворија нуклеарна централа или некој од ГОЛЕМИТЕ инвестиции кои ги ветуваа!, реагираат од ВМРО ДПМНЕ. Во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ нормално беше да работат трите блока во РЕК Битола, без фалби и сликање за нешто што е нормално. Освен фактот дека за период од 2 години имаме 50 % зголемена струја кај домаќинствата и за 4 пати поскапа струја кај малите потрошувачи, се наоѓаме во енергетска криза која е резулатат на „успехот“ на СДС во енергетиката. Колкави се загубите на ЕСМ поради неработењето на блок 3 во изминатиот период поради експлозијата во трансформаторот која што сами ја предизвикаа во изминатиот период: Ако се земе дека БЛОК 3 би работел со средна снага од 150 MW, тогаш загубата на енергија е 1.314.000 MWh на годишно ниво Ако се земе просечна цена на увезена електрична енергија од ЕСМ од 250 евра/MWh добиваме загуба од 328.500.000 евра Доколку работеше блок 3, ЕСМ немаше воопшто да има потреба од увоз на електрична енергија и немаше да бидат потрошени од буџетот 215 милиони евра. Да не беше тажно, ќе беше смешно. Но, за жал сметката од овие самонаречени експерти кои ја уништија македонската енергетика на крај ќе ја платат граѓаните со двојно повисока цена на електрична енергија во ефтина тарифа почнувајќи од месец јануари. Хармоникаш, кој несреќно бил поставен за директор на РЕК кој исто така претходно кратко бил на позицијата директор на термоелектраната Битола, и тоа во периодот кога се случува оваа сериозна хаварија на енергетски трансформатор како награда за НАЈКАТАСТРОФАЛНАТА година во постоењето на Термоелктрани Битола со речиси преполовено производство од пред пет години, го унапредија во директор на РЕК Битола. Неговото вкупно искуство воопшто во енергетскиот сектор, односно во РЕК Битола е неколку години. За почеток овој лик мора да одговори зошто од позиција директор на термоелектрана Битола, дозволил пуштање на работа на трансформатор, за кој во јавноста дознавме дека и претходно бил во дефект и дека стручните служби укажале на „постоење висок ризик од пробивање на проводен изолатор“? Се разбира ако знае за што го прашуваме! Експертот Ковачевски, директорот на Електрани на Македонија, долгогодишен политичар – раскажувач на бајки кој својата кариера ја изгради на поставувањето на филтри за РЕК Битола, веднаш со седнувањето во директорското столче заборави на филтрите. Но, откако стана пријател со кланот моќници од Муртино, па бизнисот со механизација во РЕК Битола го усоврши и само за пет години преку договори во четири очи се испумпани неверојатни 200 милиони евра! Наместо да се уништуваше РЕК Битола и да се планира нејзино затворање, доволно беше само да се заменат филтрите и да се реши проблемот со загадувањето. Исто така, наместо да се исцрпуваше комбинатот со партиски вработувања, криминални тендери и недомаќинско работење, ние требаше да градиме други производни капацитети за електрична енергија, а во исто време да се мисли на отворање на нови рудници на јаглен во околината на комбинатот, токму за вакви тешки времиња. Наместо да увезуваат поскап јаглен, можеа да го реализираат проектот за отворање на рудникот Живојно. На тој начин ќе ја спасеа домашната кревка економија од пропаст, бидејќи во вакви ситуации како што е сегашната е посебно важно да функционира домашното производство на електрична енергија. На јавноста и се продава филм за транзиција на производството на електрична енергија, а после неколку месеци се фалат со активирање на капацитетите кои едвај успеваат да ги одржат во кондиција од неколку дена .. Под плаштот на таа транзицијата на производството на енергија од јаглен кон обновливи извори, СДС прави транзиција на капиталот на државата во рацете на сопствената олигархија, исто како што 90-тите се правеше транзиција на општествениот капитал, а новите олигарси се синовите и ќерките на Заеви, сопругата и кумот на премиерот, екс вицепремиерот и целокупната бизнис структура од СДС. Одговорност за ваквото расипничко однесување кон енергетиката и државата мора да има!  

The post ВМРО ДПМНЕ: Од успешните енергетски политики на СДС имаме за 50 отсто зголемена струја кај домаќинствата и за четири пати поскапа струја кај малите потрошувачи appeared first on Република.

]]>
Домаќинствата повеќе штеделе годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/domakjinstvata-povekje-shtetdele-godinava/ Wed, 21 Sep 2022 08:02:20 +0000 https://republika.mk/?p=552807

Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка.

Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години.

Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто. Притоа, и во текот на 2021 година, домаќинствата тежнеат кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Ваквиот заклучок се извлекува од Извештајот за финансиската стабилност за 2021 година, што неодамна беше разгледан и усвоен од страна на Советот на Народната банка.

Учеството на вкупниот финансиски имот на домаќинствата во БДП во 2021 година изнесува 68,8 проценти и е малку повеќе од двојно повисок од нивниот вкупен долг. Долгот на домаќинствата во текот на 2021 година пораснал за 8,9 проценти, наспроти 7,9 отсто во 2020 година, што сепак е помалку од растот на номиналниот БДП. Со ова стапката на задолженост на домаќинствата се задржа на релативно стабилно ниво од околу 30 отсто од БДП, што сè уште не е високо ниво на задолженост. Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата засега упатуваат на релативно ограничена системска ранливост на овој сектор. Сепак, домаќинствата може да бидат чувствителни на ризиците од окружувањето, коишто заради војната во Украина се нагласени во овој период.

The post Домаќинствата повеќе штеделе годинава appeared first on Република.

]]>

Со постпандемичното закрепнување на економијата што придонесе за стабилизирање на пазарот на трудот и раст на расположливиот доход, ризиците кај секторот „домаќинства“ се задржаа во контролирани рамки, со благо намалување во текот на 2021 година, соопшти Народната банка. Според Централната банка, финансискиот имот на македонските домаќинства минатата година бележи номинален раст, највисок во изминатите десет години. Вкупниот финансиски имот на домаќинствата, кој покрај депозитите во банките ги вклучува и другите облици на штедење и финансиско вложување на домаќинствата (како што се вложувањата во домашни и странски хартии од вредност, средствата во пензиските фондови, вложувањата во инвестициските фондови и во осигурувањето на животот, готовите пари во оптек и слично), заклучно со крајот на 2021 година, изнесува 498 милијарди денари и на годишна основа пораснал за околу 43 милијарди денари, или за 9,3 отсто. Притоа, и во текот на 2021 година, домаќинствата тежнеат кон помалку ризични вложувања, пред сè во депозити кај банките и во приватните пензиски фондови. Ваквиот заклучок се извлекува од Извештајот за финансиската стабилност за 2021 година, што неодамна беше разгледан и усвоен од страна на Советот на Народната банка. Учеството на вкупниот финансиски имот на домаќинствата во БДП во 2021 година изнесува 68,8 проценти и е малку повеќе од двојно повисок од нивниот вкупен долг. Долгот на домаќинствата во текот на 2021 година пораснал за 8,9 проценти, наспроти 7,9 отсто во 2020 година, што сепак е помалку од растот на номиналниот БДП. Со ова стапката на задолженост на домаќинствата се задржа на релативно стабилно ниво од околу 30 отсто од БДП, што сè уште не е високо ниво на задолженост. Показателите за солвентноста и ликвидносната позиција на домаќинствата засега упатуваат на релативно ограничена системска ранливост на овој сектор. Сепак, домаќинствата може да бидат чувствителни на ризиците од окружувањето, коишто заради војната во Украина се нагласени во овој период.

The post Домаќинствата повеќе штеделе годинава appeared first on Република.

]]>
Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/zanaetchiite-baraat-subvencii-i-da-bidat-potroshuvachi-na-struja-vo-kategorijata-domakjinstva/ Wed, 14 Sep 2022 10:06:40 +0000 https://republika.mk/?p=550641

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза.

Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност.

Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходнo олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора.

Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти.

The post Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства appeared first on Република.

]]>

Занаетчиите да добијат субвенции од државата и да се сметаат како потрошувачи на струја во категоријата „домаќинства“, бара Занаетчиска комора Скопје за полесно пребродување на енергетската криза. Комората предупредува дека секторот е во криза и информира дека побарала од Владата субвенционирање на дел од сметките за потрошена електричната енергија за занаетчиите од октомври 2022 до мај 2023 година. Доколку не се субвенционираат занаетите на кои им е потребна подршка во овој период, потенцира Комората, голем дел од нив ќе престанат да вршат дејност.
Енергетската криза влијае негативно на целиот занаетчиски сектор, целиот сектор е во криза зашто ресурсите, струјата и репроматеријалите се поскапени, како и поради негативното влијание на дефицитот на стручен кадар. Занаетчиството е сектор каде функционираат бизниси како самостојни вршители на дејност но и бизниси кои имаат вработени и на кои им е неопходнo олеснување на трошоците за електрична енергија затоа што се потрошувачи на електрична енергија во процесите на вршење на занаетчиска дејност. Занаетчиите ја користат електричната енергија како ресурс за вршење дејност – вклучување на алатот за работа, затоплување и ладење на занаетчиските работилници, наведува Занаетчиската комора.
Според Комората, во тарифниот систем на продажба на електрична енергија на потрошувачите, занаетчиите регистрирани согласно Законот за занаетчиство треба да се изземат од тарифата „останата потрошувачка” и да влезат во тарифата за домаќинствата, а не да се тарифираат во категорија „останата потрошувачка“ со која се израмнети и со најголемите индустриски гиганти.

The post Занаетчиите бараат субвенции и да бидат потрошувачи на струја во категоријата домаќинства appeared first on Република.

]]>
ДЗС го објави четвртиот сет пописни податоци: 63, 4 проценти од вкупниот број станови се населени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/dzs-go-objavi-chetvrtiot-set-popisni-podatoci-63-4-procenti-od-vkupniot-broj-stanovi-se-naseleni/ Wed, 27 Jul 2022 11:04:58 +0000 https://republika.mk/?p=533787

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите  во Република Македонија, 2021г,  Државниот завод за статистика, во четвртиот сет  ги објави  пописните податоците кои се однесуваат на:

  • домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
  • начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
  • број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
  • дел од карактеристики на зградите.

 

Според податоците:

  • Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата  изнесува 3.1.
  • Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или  5% живеат  во четиричлени  домаќинства.
  • Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
  • Бројот на семејства изнесува 538 348.
  • Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат  брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или  1%  се брачни парови без деца,  9 379 семејства или 1.7% се  сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619  семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
  • Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од  јавен водовод, додека  2.14%  домаќинства користат флаширана вода за пиење.
  • Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
  • Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,                       34 277 или 4.1%  се без водоводна инсталација,  а 60 807 или 7.3%  немаат систем за канализација.
  • Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.

Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за  Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021

The post ДЗС го објави четвртиот сет пописни податоци: 63, 4 проценти од вкупниот број станови се населени appeared first on Република.

]]>

Во согласност со Програмата за објавување и дисеминација на податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите  во Република Македонија, 2021г,  Државниот завод за статистика, во четвртиот сет  ги објави  пописните податоците кои се однесуваат на:
  • домаќинствата и семејствата според нивниот состав и големина,
  • начинот на снабдувањето со вода за пиење на домаќинствата,
  • број на станови според бројот на лица во становите, нивната опременост со инсталации и помошни простории и
  • дел од карактеристики на зградите.
  Според податоците:
  • Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598 632, а просечниот број на членови во домаќинствата  изнесува 3.1.
  • Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468 336 лица или  5% живеат  во четиричлени  домаќинства.
  • Бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103 237 или 5.6% .
  • Бројот на семејства изнесува 538 348.
  • Според семејниот состав: 233 570 семејства или најголемо учество од 43.4% имаат  брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, 167 556 семејства или  1%  се брачни парови без деца,  9 379 семејства или 1.7% се  сам татко со најмалку едно дете под 25 години, а 26 619  семејства или 4.9% се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години.
  • Според начинот на снабдување на домаќинствата со вода за пиење, 4 % користат вода од  јавен водовод, додека  2.14%  домаќинства користат флаширана вода за пиење.
  • Бројот на населените станови изнесува 531 987 или 63.4% од вкупниот број на станови.
  • Од вкупно 839 174 станови, 37 409 или 4,5% немаат инсталација за електрична енергија,                       34 277 или 4.1%  се без водоводна инсталација,  а 60 807 или 7.3%  немаат систем за канализација.
  • Од вкупно 533 659 згради, само 182 274 имаат енергетски ефикасна фасада или 34.2%, а само 13 142 или 2.5% имат пристап за лица со посебни потреби.
Податоците се објавени во МакСтат базата на податоци, во делот за  Попис на населението 2021 на следниот линк: https://makstat.stat.gov.mk/PXWeb/pxweb/mk/MakStat/MakStat__Popisi__Popis2021

The post ДЗС го објави четвртиот сет пописни податоци: 63, 4 проценти од вкупниот број станови се населени appeared first on Република.

]]>