дома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doma/ За подобро да се разбереме Wed, 27 Nov 2024 11:59:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дома Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/doma/ 32 32 Министерот Таравари е дома, во добра состојба е по вчерашниот колапс https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-taravari-e-doma-vo-dobra-sostojba-e-po-vcherashniot-kolaps/ Wed, 27 Nov 2024 11:59:18 +0000 https://republika.mk/?p=842259

Министерот за здравство Арбен Таравари по вчерашниот колапс е во добра состојба во неговиот дом, потврдија денеска за МИА, извори од Министерството за здравство.

Министерот е во добра состојба, добар е, дома е, одмара. Тој е во најдобра можна состојба. Не е во болница, дома е. Вчера беше прво на Неврологија, па на Кардиологија, па во Рентген институтот и потоа си замина дома. Ги направивме сите можни анализи, сѐ е чисто, сѐ е добро. Просто е - премор, појаснија од Министерството за здравство за МИА.

На страницата на „Фејсбук“ на министерот беше објавено дека тој доживеал ненадеен колапс во текот на вчерашниот ден и бил однесен во болница. Објавата следуваше по гласини дека министерот доживеал срцев удар.

The post Министерот Таравари е дома, во добра состојба е по вчерашниот колапс appeared first on Република.

]]>

Малолетничка избегала од дома, таткото пријавил дека е кај нејзиното момче https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-izbegala-od-doma-tatkoto-prijavil-deka-e-kaj-nejzinoto-momche/ Sun, 25 Aug 2024 15:54:11 +0000 https://republika.mk/?p=810061

На 24.08.2024 во 20:35 часот во СВР Струмица Г.М.(41) од с.Баница, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.М.(15).

Според пријавеното, таа најверојатно отишла кај нејзиното момче Т.Т..

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Малолетничка избегала од дома, таткото пријавил дека е кај нејзиното момче appeared first on Република.

]]>

На 24.08.2024 во 20:35 часот во СВР Струмица Г.М.(41) од с.Баница, струмичко, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.М.(15). Според пријавеното, таа најверојатно отишла кај нејзиното момче Т.Т.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.  

The post Малолетничка избегала од дома, таткото пријавил дека е кај нејзиното момче appeared first on Република.

]]>
Малолетничка паднала од скали дома, полицијата го истражува случајот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-padnala-od-skali-doma-politsijata-go-istrazhuva-sluchajot/ Sat, 24 Aug 2024 16:08:56 +0000 https://republika.mk/?p=809795

Вчера во 12.35 часот во полициската станица Кичево од Медицинскиот центар Кичево било пријавено дека кај нив била донесена малолетничка од с.Туин со повреди здобиени при пад од скали во нејзиниот дом.

Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот.

The post Малолетничка паднала од скали дома, полицијата го истражува случајот appeared first on Република.

]]>

Вчера во 12.35 часот во полициската станица Кичево од Медицинскиот центар Кичево било пријавено дека кај нив била донесена малолетничка од с.Туин со повреди здобиени при пад од скали во нејзиниот дом. Од страна на полициски службеници излезено било на местото на настанот.  

The post Малолетничка паднала од скали дома, полицијата го истражува случајот appeared first on Република.

]]>
Малолетничка избегала од дома, се сомневаaт дека е кај момчето во Шутка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichka-izbegala-od-doma-se-somnevaat-deka-e-kaj-momcheto-vo-shutka/ Sun, 05 May 2024 15:34:46 +0000 https://republika.mk/?p=774549

На 04.05.2024 во 22:30 часот во Полициското одделение Петровец, А.С.(47) од с.Петровец, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.С.(14).

Според пријавеното, тој се сомневал дека се наоѓа кај нејзиното момче М.Х. во населбата Шуто Оризари.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Малолетничка избегала од дома, се сомневаaт дека е кај момчето во Шутка appeared first on Република.

]]>

На 04.05.2024 во 22:30 часот во Полициското одделение Петровец, А.С.(47) од с.Петровец, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка С.С.(14). Според пријавеното, тој се сомневал дека се наоѓа кај нејзиното момче М.Х. во населбата Шуто Оризари. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

The post Малолетничка избегала од дома, се сомневаaт дека е кај момчето во Шутка appeared first on Република.

]]>
Жителите на тетовско Фалише да останат дома и да не отвораат прозорци, изгореа хемикалии во пожарот кој избувна во магацинот на „Евроком“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/zhitelite-na-tetovsko-falishe-da-ostanat-doma-i-da-ne-otvoraat-prozortsi-izgorea-hemikalii-vo-pozharot-koj-izbuvna-vo-magatsinot-na-evrokom/ Wed, 22 Nov 2023 13:46:23 +0000 https://republika.mk/?p=715152

Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.

Во моментов имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, пожарникарите се изложени. Диоксини и фурани се опасни материи, штетни материи. Наша препорака е без потреба да не се биде на ова мести и во радиус од два километри луѓето да бидат дома и да не излегува население. Потоа ќе се испита водата и почвата, изјави д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје чија екипа беше на местото на пожарот.

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека побарал помош од Армијата за да се испита што побрзо колку е загадувањето поради пожарот на големите колични хемиски материи.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека се преземени повеќе координативни активности од страна на нивниот директор Стојанче Ангелов за да се помогне во гаснење на пожарот во магац

Се работи за голема количина на бои и лакови, и други хемикалии, зборував со сопственикот и се работи за голема количина можеби и 100 тона, не можат да утврдат колку точно колку средства имало во моментот. Од Министерството за животна средина побарав мобилна станица за мерење на загаден воздух, но немаат таква опрема. Стапивме во контакт и со Армијата од одделот за биолошко и хемиско оружје кои минатиопт пат кога имаше голем пожар ги искористивме за испитување на постоење на отрови во воздухот, изјави Ангелов.

Командирот на тетовската пожарна Авни Амети информираше дека спречено е пожарот да се прошири на друг објект во близината на магацинот, огнот е веќе ставен под контрола.

Спасена е куќата позади, пожарникари од цела држава дојдоа да помогнат. Опасност од проширување нема, огнот е ставен по контрола, прашање е време кога ќе се изгасне целосно, изјави Авни Амети.

Пожарот во магацинот на фирмата започна утринава околу 10 часот.

The post Жителите на тетовско Фалише да останат дома и да не отвораат прозорци, изгореа хемикалии во пожарот кој избувна во магацинот на „Евроком“ appeared first on Република.

]]>

Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.
Во моментов имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, пожарникарите се изложени. Диоксини и фурани се опасни материи, штетни материи. Наша препорака е без потреба да не се биде на ова мести и во радиус од два километри луѓето да бидат дома и да не излегува население. Потоа ќе се испита водата и почвата, изјави д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје чија екипа беше на местото на пожарот.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека побарал помош од Армијата за да се испита што побрзо колку е загадувањето поради пожарот на големите колични хемиски материи. Од Центарот за управување со кризи информираат дека се преземени повеќе координативни активности од страна на нивниот директор Стојанче Ангелов за да се помогне во гаснење на пожарот во магац
Се работи за голема количина на бои и лакови, и други хемикалии, зборував со сопственикот и се работи за голема количина можеби и 100 тона, не можат да утврдат колку точно колку средства имало во моментот. Од Министерството за животна средина побарав мобилна станица за мерење на загаден воздух, но немаат таква опрема. Стапивме во контакт и со Армијата од одделот за биолошко и хемиско оружје кои минатиопт пат кога имаше голем пожар ги искористивме за испитување на постоење на отрови во воздухот, изјави Ангелов.
Командирот на тетовската пожарна Авни Амети информираше дека спречено е пожарот да се прошири на друг објект во близината на магацинот, огнот е веќе ставен под контрола.
Спасена е куќата позади, пожарникари од цела држава дојдоа да помогнат. Опасност од проширување нема, огнот е ставен по контрола, прашање е време кога ќе се изгасне целосно, изјави Авни Амети.
Пожарот во магацинот на фирмата започна утринава околу 10 часот.  

The post Жителите на тетовско Фалише да останат дома и да не отвораат прозорци, изгореа хемикалии во пожарот кој избувна во магацинот на „Евроком“ appeared first on Република.

]]>
Македонија во портокалова фаза: Бремените жени и лицата над 60 години од утре ослободени од работа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-vo-portokalova-faza-bremenite-zheni-i-litsata-nad-60-godini-od-utre-oslobodeni-od-rabota/ Wed, 12 Jul 2023 18:26:48 +0000 https://republika.mk/?p=660559

Владата по информацијата за високите температури од портокалова фаза што се очекуваат во следните четири денови усвои соодветни препораки.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза.

Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

Согласно усвоеното, Владата препорачува: Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот; Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници.

Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област.

Согласно добиените информации, Владата одлучи: Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките; Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот; Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници; Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот.

Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.

The post Македонија во портокалова фаза: Бремените жени и лицата над 60 години од утре ослободени од работа appeared first on Република.

]]>

Владата по информацијата за високите температури од портокалова фаза што се очекуваат во следните четири денови усвои соодветни препораки. Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе влезат во портокалова фаза. Поради тоа, почнувајќи од утре, 13 јули 2023 година (четврток) почнуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението. Согласно усвоеното, Владата препорачува: Ослободување од работни обврски на најранливите групи население, како што се: бремените жени и лица на возраст над 60 години; Во установите за згрижување на децата (градинки), да не се практикува физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено во периодот од 11 до 17 часот; Единиците на локалната самоуправа, Црвениот крст и Центрите за социјални работи, во регионите зафатени со топлотниот бран да пружаат помош на осамени, стари, изнемоштени лица и бездомници. Со оглед дека одредени ризични производствени и технолошки процеси може да претставуваат дополнителен ризик по здравјето на изложените работници, се потсетуваат работодавците на обврската за почитување на законските прописи од оваа област. Согласно добиените информации, Владата одлучи: Државните органи и јавните претпријатија и установи да ги почитуваат препораките; Владата препорачува на приватниот сектор да го организира работното време со цел заштита од директна сончева изложеност на работниците, пред сѐ избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот; Сите правни субјекти кои вршат активности на отворено, да ги запрат активностите во периодот од 11 до 17 часот, а ова особено се однесува на работата на градежните работници; Градинките треба да го организираат работното време во периодот од 7:00 до 17:00 часот, со тоа што не треба да практикуваат физичка активност и да не се изнесуваат децата на отворено по 11 часот. Владата одлучи овие мерки да бидат со времетраење од четири дена, од 13 – 16 јули, односно во текот на следните два работни дена, четврток и петок, како и за двата дена од претстојниот викенд, сабота и недела, до натамошно одлучување.  

The post Македонија во портокалова фаза: Бремените жени и лицата над 60 години од утре ослободени од работа appeared first on Република.

]]>
Зголемен бројот на Европејци кои работат од дома https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/zgolemen-brojot-na-evropejci-koi-rabotat-od-doma/ Tue, 08 Nov 2022 14:16:42 +0000 https://republika.mk/?p=571470

Повеќе луѓе почнаа да работат од дома откако беа воведени мерки за социјално дистанцирање како одговор на пандемијата со Ковид 19.

Околу 1 од 20 лица (5,5 проценти) од вработените на возраст од 20 до 64 години во земјите на Европската унија обично работеле од дома во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат.

Пандемијата имаше јасно влијание на пазарот на трудот, повеќе од двојно (на 12,3 проценти) во 2020 година. Зголемувањето на овие вработени, иако во помала мерка, продолжува во 2021 година – и кога бројот на оние кои работат од дома достигнува 13,5 отсто од вработените на возраст меѓу 20 и 64 години – што е зголемување за 1,2 процентни поени во однос на 2020 година, информира европската статистичка служба Евростат.

Меѓу регионите на ЕУ, главниот град на Шведска, Стокхолм, има најголем број луѓе кои работат од дома во 2021 година (40,5 проценти). Секои две од пет вработени лица порано работеле од дома во областа на главниот град на Шведска.

Следеа уште два градски региони, Источен и Мидланд во Ирска (39,3 отсто од вработените) и Хелсинки-Усима во Финска (37,0 отсто).

Бројот на вработени лица во ЕУ кои вообичаено работат од дома се зголемил за осум процентни поени помеѓу 2019 и 2021 година.

The post Зголемен бројот на Европејци кои работат од дома appeared first on Република.

]]>

Повеќе луѓе почнаа да работат од дома откако беа воведени мерки за социјално дистанцирање како одговор на пандемијата со Ковид 19. Околу 1 од 20 лица (5,5 проценти) од вработените на возраст од 20 до 64 години во земјите на Европската унија обично работеле од дома во 2019 година, покажуваат податоците на Евростат. Пандемијата имаше јасно влијание на пазарот на трудот, повеќе од двојно (на 12,3 проценти) во 2020 година. Зголемувањето на овие вработени, иако во помала мерка, продолжува во 2021 година – и кога бројот на оние кои работат од дома достигнува 13,5 отсто од вработените на возраст меѓу 20 и 64 години – што е зголемување за 1,2 процентни поени во однос на 2020 година, информира европската статистичка служба Евростат. Меѓу регионите на ЕУ, главниот град на Шведска, Стокхолм, има најголем број луѓе кои работат од дома во 2021 година (40,5 проценти). Секои две од пет вработени лица порано работеле од дома во областа на главниот град на Шведска. Следеа уште два градски региони, Источен и Мидланд во Ирска (39,3 отсто од вработените) и Хелсинки-Усима во Финска (37,0 отсто). Бројот на вработени лица во ЕУ кои вообичаено работат од дома се зголемил за осум процентни поени помеѓу 2019 и 2021 година.

The post Зголемен бројот на Европејци кои работат од дома appeared first on Република.

]]>
Катица Јанева за празничниот викенд е пуштена дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/katica-janeva-za-praznichniot-vikend-e-pushtena-doma/ Sun, 02 Jan 2022 13:15:06 +0000 https://republika.mk/?p=439575

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“.

Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување.

Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.

The post Катица Јанева за празничниот викенд е пуштена дома appeared first on Република.

]]>

Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева празниците ги минува дома со своето семејство, објави „А1он“. Адвокатката Ирена Фрчковска, како што пишува порталот, изјавила дека Јанева, користи привилегии поради тоа што одлежала 1/3 од казната затвор за случајот „Рекет“ во кој беше осудена на седум години затвор поради злоупотреба на службената положба и овластување. Во „Рекет“ осудени беа и Бојан Јовановски-Боки13 на казна затвор од девет години и Зоран Милевски-Кичеец на казна затвор од три години.

The post Катица Јанева за празничниот викенд е пуштена дома appeared first on Република.

]]>