Дом на културата Иван Мазов - Климе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dom-na-kulturata-ivan-mazov-klime/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Jun 2023 15:00:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дом на културата Иван Мазов - Климе Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dom-na-kulturata-ivan-mazov-klime/ 32 32 Богата програма на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bogata-programa-na-domot-na-kultura-ivan-mazov-klime-vo-kavadartsi/ Sun, 18 Jun 2023 15:00:37 +0000 https://republika.mk/?p=652813

Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци најавува богата програма во следниот педиод.

- Од 16 до 18 јуни 2023, Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе учествува на “Меѓународни фолклорни средби Живинице 2023“, во Живинице, Босна и Херцеговина.

- Во вторник, на 20 јуни 2023, со почеток од 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Анита Јовеска (Сот) од Прилеп, насловена како “Encounter/Повторна средба”. Анита Јовеска (Сот) е академиски сликар, родена во Прилеп 1986 год. каде завршува основно и средно гимназиско образование. Дипломира на Националната Академија за Уметност во Софија, Р.Бугарија 2008год, отсек Плакат и Визуелни комуникации. „Encounter/Повторна средба” е трета самостојна изложба на уметникот. Таа има изложувано на многу групни изложби и ликовни колонии низ Македонија и странство, притоа многу нејзини дела се наоѓаат во приватни колекции и галерии во Германија, Холандија и Италија. Анита Сот е активен и постојан член на ДЛУП. Живее и работи во Прилеп, како професор по ликовна уметност.

- Во четврток, на 22 јуни 2023, со почеток од 13 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи промоција на Роман на годината за 2022. Носител на наградата е еден од најголемите македонски писатели на сите времиња Влада Урошевиќ за романот “Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ со поднаслов „Старовремски роман“. Наградата Роман на годината ја доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ од Скопје и е најпрестижна награда од оваа литературна област во Македонија. На промоцијата покрај промоторите ќе присуствува и авторот, големиот Влада Урошевиќ. Да потсетиме, Влада Урошевиќ е добитник и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2023, така да ова претставува ексклузивена можност за средба со големиот автор и писател. Промоцијата се оддржува по иницијатива на Неформалната група уметници “Сокол Арт“ Кавадарци.

 

The post Богата програма на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>

Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ во Кавадарци најавува богата програма во следниот педиод. - Од 16 до 18 јуни 2023, Фолклорниот ансамбл “Тиквеш“ кој работи при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе учествува на “Меѓународни фолклорни средби Живинице 2023“, во Живинице, Босна и Херцеговина. - Во вторник, на 20 јуни 2023, со почеток од 20 часот, ќе биде отворена самостојна изложба на ликовниот уметник Анита Јовеска (Сот) од Прилеп, насловена како “Encounter/Повторна средба”. Анита Јовеска (Сот) е академиски сликар, родена во Прилеп 1986 год. каде завршува основно и средно гимназиско образование. Дипломира на Националната Академија за Уметност во Софија, Р.Бугарија 2008год, отсек Плакат и Визуелни комуникации. „Encounter/Повторна средба” е трета самостојна изложба на уметникот. Таа има изложувано на многу групни изложби и ликовни колонии низ Македонија и странство, притоа многу нејзини дела се наоѓаат во приватни колекции и галерии во Германија, Холандија и Италија. Анита Сот е активен и постојан член на ДЛУП. Живее и работи во Прилеп, како професор по ликовна уметност. - Во четврток, на 22 јуни 2023, со почеток од 13 часот, во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци ќе се оддржи промоција на Роман на годината за 2022. Носител на наградата е еден од најголемите македонски писатели на сите времиња Влада Урошевиќ за романот “Вистинита но не многу веројатна историја за семејството Пустополски за куќата покрај Вардар и за четирите прстени“ со поднаслов „Старовремски роман“. Наградата Роман на годината ја доделува Фондацијата “Славко Јаневски“ од Скопје и е најпрестижна награда од оваа литературна област во Македонија. На промоцијата покрај промоторите ќе присуствува и авторот, големиот Влада Урошевиќ. Да потсетиме, Влада Урошевиќ е добитник и на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата за 2023, така да ова претставува ексклузивена можност за средба со големиот автор и писател. Промоцијата се оддржува по иницијатива на Неформалната група уметници “Сокол Арт“ Кавадарци.  

The post Богата програма на Домот на култура „Иван Мазов – Климе“ во Кавадарци appeared first on Република.

]]>