Дом на култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dom-na-kultura/ За подобро да се разбереме Fri, 12 Jul 2024 09:57:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дом на култура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dom-na-kultura/ 32 32 Во Струга денеска се одбележуваат два јубилеја: 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-struga-deneska-se-odbelezhuvaat-dva-jubileja-80-godini-biblioteka-i-65-godini-dom-na-kultura-braka-miladinovtsi/ Fri, 12 Jul 2024 08:41:12 +0000 https://republika.mk/?p=796063

Во рамките на одбележувањето на Јубилејот 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга, Установата денес, со почеток во 10:00 часот, во паркот на поезијата ќе го одржи вториот настан поврзан со ова чествување. Посетителите ќе имаат можност да ги видат дел од делата на роднокрајните автори, како и изданија од Збирката на СВП која ја поседува Центарот за култура и е единствена во РСМ. Овие дела не се издаваат и единствено можат да се погледнат само во просториите на Библиотеката и на овој начин публиката ќе може да ги види овие дела. Исто така ќе бидат изложени и уметнички дела на познати уметници- сликари. Центарот за култура ќе додели и благодарници на општествено одговорни компании и личности за голем придонес во развивањето на културата во Струга.

Ова е втор настан во одбележувањето на Јубилејот и следува после првата голема прослава на која и официјално започна соработката меѓу Амбасадата на НР Кина и Центарот за култура. Со други културни манифестации ќе се продолжат во наредниот месец.

The post Во Струга денеска се одбележуваат два јубилеја: 80 години Библиотека и 65 години Дом на култура ,,Браќа Миладиновци” appeared first on Република.

]]>

Струга одбележува 80 години Градска библиотека и 65 години Дом на култура Браќа Миладиновци https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/struga-odbelezhuva-80-godini-gradska-biblioteka-i-65-godini-dom-na-kultura-braka-miladinovtsi/ Sat, 23 Mar 2024 12:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=757771

Со размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од Кина и дегустација на кинеска и струшка традиционална храна, во Паркот на поезијата во Струга се одржа првиот, од неколкуте планирани настани за одбележување на јубилејот 80 години Градска библиотека и 65 години од основањето на домот на културата Браќа Миладиновци.

Амбасадата на Кина размени книги со струшката библиотека, а кинескиот амбасадор, Џанг Sуо изрази надеж дека младите, студентите и сите стружани ќе можат да научат нешто повеќе за вистинската Кина.

Тој го истакна и интересот на кинеските студенти за изучување на македонскиот јазик.

„Неодамна познатиот универзитет за економија и право ,’Жонгнан’, почна курс по македонски јазик и култура, а се пријавија над 200 кинески студенти. Ова го покажува силниот интерес на кинеските студенти за македонската култура како и ценењето и почитта на Кина кон другите цивилизации. Да ги користиме книгите како мост за заеднички да цртаме прекрасна слика за взаемно учење меѓу цивилизациите“, порача Sуо.

Директорката на центарот за култура Браќа Миладиновци Николина Велкоска Глигороска истакна дека со вакви соработки се гради и продлабочува хармонијата помеѓу народите.

„Нашата хармонија во различностите денеска ќе ја прославиме преку размена на пишаниот збор од нашите и кинеските роднокрајни автори, богатството на храната како и музичите точки. Тоа е повод за оваа иницијатива во иднина да се продлабочи и да придонесе кон културното збогатување на нашата заедница“, рече Велкоска Глигороска.

Јубилејот на Градската библиотека и Центарот за култура ,Браќа Миладиновци во Струга ќе се чествува во текот на целата 2024 година со повеќе манифестации, концерти, музички и книжевни настани отсликувајќи го постоењето на овие две значајни институции низ годините.

The post Струга одбележува 80 години Градска библиотека и 65 години Дом на култура Браќа Миладиновци appeared first on Република.

]]>

Со размена на книжевни дела од роднокрајни автори од Струга и автори од Кина и дегустација на кинеска и струшка традиционална храна, во Паркот на поезијата во Струга се одржа првиот, од неколкуте планирани настани за одбележување на јубилејот 80 години Градска библиотека и 65 години од основањето на домот на културата Браќа Миладиновци. Амбасадата на Кина размени книги со струшката библиотека, а кинескиот амбасадор, Џанг Sуо изрази надеж дека младите, студентите и сите стружани ќе можат да научат нешто повеќе за вистинската Кина. Тој го истакна и интересот на кинеските студенти за изучување на македонскиот јазик. „Неодамна познатиот универзитет за економија и право ,’Жонгнан’, почна курс по македонски јазик и култура, а се пријавија над 200 кинески студенти. Ова го покажува силниот интерес на кинеските студенти за македонската култура како и ценењето и почитта на Кина кон другите цивилизации. Да ги користиме книгите како мост за заеднички да цртаме прекрасна слика за взаемно учење меѓу цивилизациите“, порача Sуо. Директорката на центарот за култура Браќа Миладиновци Николина Велкоска Глигороска истакна дека со вакви соработки се гради и продлабочува хармонијата помеѓу народите. „Нашата хармонија во различностите денеска ќе ја прославиме преку размена на пишаниот збор од нашите и кинеските роднокрајни автори, богатството на храната како и музичите точки. Тоа е повод за оваа иницијатива во иднина да се продлабочи и да придонесе кон културното збогатување на нашата заедница“, рече Велкоска Глигороска. Јубилејот на Градската библиотека и Центарот за култура ,Браќа Миладиновци во Струга ќе се чествува во текот на целата 2024 година со повеќе манифестации, концерти, музички и книжевни настани отсликувајќи го постоењето на овие две значајни институции низ годините.

The post Струга одбележува 80 години Градска библиотека и 65 години Дом на култура Браќа Миладиновци appeared first on Република.

]]>