Долнени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dolneni/ За подобро да се разбереме Wed, 22 May 2024 11:56:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Долнени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dolneni/ 32 32 Непречено се прегласува во Долнени и Крушево https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/neprecheno-se-preglasuva-vo-dolneni-i-krushevo/ Wed, 22 May 2024 11:56:53 +0000 https://republika.mk/?p=780838

Во Крушево на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас и до 11 часот гласале: во селото Бучин 18,6, а во Јакреново 11,7 проценти.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места во селото Дебреште. Од вкупно 1290 запишани избирачи на двете гласачки места до 13 часот своето право на глас го оствариле 227 гласачи или речиси 18 проценти.

- Нема проблеми и гласањето се одвива непречено. Помал е одѕивот од гласањето на 8 мај, но тоа е главно што жителите го користат убавото време за да ги завршат работитетво полето, во ек е садењето на тутунот. Очекуваме во попладневните часови излезноста да се зголеми, изјави Иван Нинески, претседател на ОИК Долнени.

Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.

The post Непречено се прегласува во Долнени и Крушево appeared first on Република.

]]>

Во Крушево на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас и до 11 часот гласале: во селото Бучин 18,6, а во Јакреново 11,7 проценти. Во Долнени се прегласува на две избирачки места во селото Дебреште. Од вкупно 1290 запишани избирачи на двете гласачки места до 13 часот своето право на глас го оствариле 227 гласачи или речиси 18 проценти. - Нема проблеми и гласањето се одвива непречено. Помал е одѕивот од гласањето на 8 мај, но тоа е главно што жителите го користат убавото време за да ги завршат работитетво полето, во ек е садењето на тутунот. Очекуваме во попладневните часови излезноста да се зголеми, изјави Иван Нинески, претседател на ОИК Долнени. Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.

The post Непречено се прегласува во Долнени и Крушево appeared first on Република.

]]>
Прегласувањето во Крушево и во Долнени почна навреме и без проблеми https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/preglasuvaneto-vo-krushevo-i-vo-dolneni-pochna-navreme-i-bez-problemi/ Wed, 22 May 2024 08:07:26 +0000 https://republika.mk/?p=780706

Во 7 часот се отворени четирите избирачки места, по две во општина Долнени и две во општина Крушево каде се прегласува за парламентарните избори во петтата изборна единица. Гласањето почна непречено и без проблеми, потврдуваат од општинските изборни комисии.

Во Крушево се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Јакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас.

Вчера своето право на глас имаа можност да го искористат 26 болни и изнемоштени лица.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Вчера беше спроведено гласањето за 9 болни лица.

The post Прегласувањето во Крушево и во Долнени почна навреме и без проблеми appeared first on Република.

]]>

Во 7 часот се отворени четирите избирачки места, по две во општина Долнени и две во општина Крушево каде се прегласува за парламентарните избори во петтата изборна единица. Гласањето почна непречено и без проблеми, потврдуваат од општинските изборни комисии. Во Крушево се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Јакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас. Вчера своето право на глас имаа можност да го искористат 26 болни и изнемоштени лица. Во Долнени се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Вчера беше спроведено гласањето за 9 болни лица.  

The post Прегласувањето во Крушево и во Долнени почна навреме и без проблеми appeared first on Република.

]]>
Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vo-krushevo-do-13-chasot-izleznosta-e-nad-34-protsenti-a-vo-dolneni-dvojno-pomala/ Wed, 08 May 2024 12:13:14 +0000 https://republika.mk/?p=775525

Од трите општини во Прилепско – крушевскиот регион до 13 часот најголема излезност има во Крушево каде за претседателските избори гласале 34,78, а за парламентарните 35,69 проценти од запишаните избирачи.

Во општина Кривогаштани процентот на излезност до 13 часот е 25,24 и за претседателските и за парламентарните избори, а во Долнени до 13 часот за претседателските избори правото на глас го искористиле 12,57, а за парламентарните 17,24 проценти од жителите со право на глас.

Изборите во трите општини се одвиваат непречено и без поголеми проблеми, информираат од општинските изборни комисии.

The post Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала appeared first on Република.

]]>

Од трите општини во Прилепско – крушевскиот регион до 13 часот најголема излезност има во Крушево каде за претседателските избори гласале 34,78, а за парламентарните 35,69 проценти од запишаните избирачи. Во општина Кривогаштани процентот на излезност до 13 часот е 25,24 и за претседателските и за парламентарните избори, а во Долнени до 13 часот за претседателските избори правото на глас го искористиле 12,57, а за парламентарните 17,24 проценти од жителите со право на глас. Изборите во трите општини се одвиваат непречено и без поголеми проблеми, информираат од општинските изборни комисии.

The post Во Крушево до 13 часот излезноста е над 34 проценти, а во Долнени двојно помала appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Ја бараме вашата поддршка и масовност на изборите за Силјановска Давкова да биде нов претседател на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ да направи нова Влада https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ja-barame-vashata-poddrshka-i-masovnost-na-izborite-za-siljanovska-davkova-da-bide-nov-pretsedatel-na-makedonija-i-vmro-dpmne-da-napravi-nova-vlada/ Thu, 11 Apr 2024 16:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=765048

Не можеме да се сетиме на ниту една добра и позитивна работа која што оваа влада на СДСМ и ДУИ ја направила, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во населено место Ропотово, општина Долнени во рамки на претседателската кампања.

Мицкоски истакна дека неодговорно ќе биде ако дозволиме и во иднина да владеат ДУИ и измеќарите на ДУИ, СДСМ.

Ние не смееме и неодговорно од нас ќе биде како генерација во ВМРО-ДПМНЕ и како генерација граѓани на Македонија, да дозволиме во иднина повторно да ни се случат овие кои што денеска се во владата ДУИ и измеќарите на ДУИ, кои што доаѓаат од СДСМ, рече тој и додаде: СДСМ беше државотворна партија која што во раните 90ти беше сериозен конкурент на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се претвори заедно со раководството во ништо повеќе од еден обичен измеќар на Али, Артан, на Бујар, на Талат и останатите.

Мицкоски посочи дека наместо живот и едно општество кое што го ветуваше СДСМ, донесе всушност живот само за оние малкумина кои што денеска уживаат во милионите кои ги крадат од граѓаните.

Наместо живот и едно општество за сите, тие донесоа живот само за неколкумина од нив кои денеска уживаат во милионите кои ги крадат од граѓаните. Исто така донесоа едно општество но за неколкумина кои што денеска продолжуваат како што тоа го правеа изминатите 6 ипол години, буквално да ја уништуваат Македонија. Тоа е она кое што тие го ветуваа пред 6 и пол години, и тоа е она кое што го донесоа 6 и пол години потоа - смета Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека СДСМ ветувале сигурен откуп и повисока цена за земјоделските производи, но денеска се случува целосна катаклизма во земјоделството и сточарството.

Денеска во земјоделието и сточарството се случува катаклизма. Не само што немаме загарантиран откуп по повисока цена, туку и тоа што се произведува за три пати помалку, за тоа што се произведуваше пред 10, 12 или 13 години. Денеска нивите ни се буквално не посеани, буквално нема денеска поради иселувањето кој да ги ожнее и оние малку кои се посеани, а за загарантираниот откуп ја нема ни буквата з, затоа што денеска ниту субвенциите не се исплаќаат соодветно на она кое што им следува на земјоделците - изјави Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека граѓаните имаат две опција, Македонија горда на Силјановска Давкова, и Македонија засрамена на Стево Пендаровски.

Ја имаме едната опција и понуда, Македонија горда и Гордана Силјановска Давкова и другата опција каде што е Македонија засрамена и понижена која што ја претставува Стево Пендаровски. Изборот е јасен уште на самиот почеток, кажа Мицкоски и повика на масовна поддршка од граѓаните на 24 април и 8 мај.

Затоа ве молам најпрво на 24 април да ја направиме Македонија горда, а на 8 мај уште помасовно не само горда туку и твоја, за идна влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија - рече тој.

The post Мицкоски: Ја бараме вашата поддршка и масовност на изборите за Силјановска Давкова да биде нов претседател на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ да направи нова Влада appeared first on Република.

]]>

Не можеме да се сетиме на ниту една добра и позитивна работа која што оваа влада на СДСМ и ДУИ ја направила, вели Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во населено место Ропотово, општина Долнени во рамки на претседателската кампања. Мицкоски истакна дека неодговорно ќе биде ако дозволиме и во иднина да владеат ДУИ и измеќарите на ДУИ, СДСМ. Ние не смееме и неодговорно од нас ќе биде како генерација во ВМРО-ДПМНЕ и како генерација граѓани на Македонија, да дозволиме во иднина повторно да ни се случат овие кои што денеска се во владата ДУИ и измеќарите на ДУИ, кои што доаѓаат од СДСМ, рече тој и додаде: СДСМ беше државотворна партија која што во раните 90ти беше сериозен конкурент на ВМРО-ДПМНЕ, денеска се претвори заедно со раководството во ништо повеќе од еден обичен измеќар на Али, Артан, на Бујар, на Талат и останатите. Мицкоски посочи дека наместо живот и едно општество кое што го ветуваше СДСМ, донесе всушност живот само за оние малкумина кои што денеска уживаат во милионите кои ги крадат од граѓаните.
Наместо живот и едно општество за сите, тие донесоа живот само за неколкумина од нив кои денеска уживаат во милионите кои ги крадат од граѓаните. Исто така донесоа едно општество но за неколкумина кои што денеска продолжуваат како што тоа го правеа изминатите 6 ипол години, буквално да ја уништуваат Македонија. Тоа е она кое што тие го ветуваа пред 6 и пол години, и тоа е она кое што го донесоа 6 и пол години потоа - смета Мицкоски.
Мицкоски нагласи дека СДСМ ветувале сигурен откуп и повисока цена за земјоделските производи, но денеска се случува целосна катаклизма во земјоделството и сточарството.
Денеска во земјоделието и сточарството се случува катаклизма. Не само што немаме загарантиран откуп по повисока цена, туку и тоа што се произведува за три пати помалку, за тоа што се произведуваше пред 10, 12 или 13 години. Денеска нивите ни се буквално не посеани, буквално нема денеска поради иселувањето кој да ги ожнее и оние малку кои се посеани, а за загарантираниот откуп ја нема ни буквата з, затоа што денеска ниту субвенциите не се исплаќаат соодветно на она кое што им следува на земјоделците - изјави Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека граѓаните имаат две опција, Македонија горда на Силјановска Давкова, и Македонија засрамена на Стево Пендаровски. Ја имаме едната опција и понуда, Македонија горда и Гордана Силјановска Давкова и другата опција каде што е Македонија засрамена и понижена која што ја претставува Стево Пендаровски. Изборот е јасен уште на самиот почеток, кажа Мицкоски и повика на масовна поддршка од граѓаните на 24 април и 8 мај.
Затоа ве молам најпрво на 24 април да ја направиме Македонија горда, а на 8 мај уште помасовно не само горда туку и твоја, за идна влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија - рече тој.

The post Мицкоски: Ја бараме вашата поддршка и масовност на изборите за Силјановска Давкова да биде нов претседател на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ да направи нова Влада appeared first on Република.

]]>
Сајкоски: На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно и да ја поддржиме Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sajkoski-na-24-april-site-zaednichki-da-izlezeme-shto-pomasovno-i-da-ja-poddrzhime-siljanovska-davkova/ Thu, 11 Apr 2024 16:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=765041

Изминатите 7 години видовме корупција, криминал, се она што треба да биде спротивно од она што треба да го работи една влада. Затоа ве повикувам да се обединиме во борба против криминалот и корупцијата - истакна носителот на ИЕ 5 Ѓорѓија Сајкоски на денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Долнени.

Тој продолжи и додаде дека Пендаровски само зборува против корупција и криминал, а ништо не направи за да ја спречи корупцијата и криминалот во нашата држава.

Пендаровски зборува за економија, а денес имаме најзадолжена држава во регионот бидејќи нашата држава Македонија сите влади до 2016та година ја задолжиле околу 4,5 милијарди евра, а оваа влада за само 6 и пол години ја задолжи 4 милијарди евра и ние треба да ја казниме таа влада и претседател кој лажно се претставува - кажа Сајкоски.

Тој упати повик до граѓаните да застанат под знамето на Македонија и да дадат поддршка за Гордана Силјановска Давкова.

Ве повикувам заедно да застанеме под знамето на Македонија затоа што е потребно најмногу единството во овој период. Да ја поддржиме нашата кандидатка Гордана Силјановска Давкова бидејќи ние нудиме различен концепт од оној што е досега. Ние нудиме универзитетски професор, лик кој е профилиран во парламентот, лик кој изминатите години многу помогна за нашата држава. Кандидатка за претседател кој знае да не претставува надвор меѓутоа да не почитува и сите тука во нашата држава - вели Сајкоски.

Тој посочи дека потребно е на 24 април што помасовно да се излезе на гласање.

На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно затоа што масовноста ќе ни треба затоа што така ќе го покажеме единството и само така може оваа власт да ја направиме да биде најпоразена власт што досега постоела во Република Македонија - дециден е Сајкоски.

The post Сајкоски: На 24 април сите заеднички да излеземе што помасовно и да ја поддржиме Силјановска Давкова appeared first on Република.