документи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokumenti/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 13:48:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png документи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/dokumenti/ 32 32 Уставен не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sudot-ne-povede-postapka-za-chlenot-3-od-zakonskite-izmeni-na-zakonot-za-patnite-ispravi/ Thu, 07 Nov 2024 13:48:17 +0000 https://republika.mk/?p=835206

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република  Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи.

Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија е спротивен на Уставот. Имено се ценеше членот 3 кој гласи:

Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година.

Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година.

Следствено на ова доколку граѓаните не побарале и не ги замениле патните исправи со нови, нивните патни исправи со старото име на државата (Република Македонија) на 12.02.2024 престанаа да важат. Меѓутоа граѓаните имаат законско право да побараат и да добијат нови патни исправи и по овој датум.

Судот оцени дека членот 3 со кој се наметнува обврската за промена на патните исправи со ново име на државата(Република Cеверна Македонија) не е во спротивност со Уставот. Впрочем, оваа одредба е во согласност со членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI во кој е предвидено дека постоечките официјални документи и материјалите на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од 5 години од неговото влегување во сила. Членот 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија каде е предвидено дека одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од влегување во сила на овој Закон.

Во членот 6 од истиот Закон стои дека Уставниот закон за спроведување на Амандманите на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани а тоа е 12.02.2019 година.

Ценејќи ги сите наведени околности и факти, Судот утврди дека се неосновани наводите во иницијативата дека овој член е неуставен, бидејќи со носењето на овој Закон всушност се врши усогласување со Амандманот XXXIII од Уставот од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија”, со патни исправи со новото уставно име на државата.

Ова е предвидено со цел да се запази рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно 5 години откако уставните промени стапиле во сила.

Дополнително, Амандманите на Уставот претставуваат имплементација на ратификуван меѓународен договор (во конкретниот случај т.н. Преспански договор) кој е составен дел од внатрешниот поредок и согласно со членот 118 од Уставот не може да се менува со закон.

Имајќи предвид дека Конечната спогодба (т.н.Преспанскиот договор) влегува во сила на 12 февруари 2019 година и дека Амандманите XXXIII до XXXVI и Уставниот закон за спроведување на овие амандмани влегуваат, исто така, на ден 12 февруари 2019 година, произлегува дека рокот од 5 години за усогласување на документите и материјалите истекува на 12 февруари 2024 година. Токму овој рок е наведен и во членот 3 кој е оспорен во иницијативата.

Кога станува збор за начинот на кој е спроведена замената на старите со нови патни исправи, Уставниот суд нема надлежност да одлучува.

Временскиот период во кој граѓаните можеле да ги заменат своите постојни патни исправи за да имаат валидни исправи е периодот од 01 јули 2021 година кога е издадена првата патна исправа со новото име на државата до 12 февруари 2024 година, што значи дека граѓаните имале две години и седум месеци за менување на своите патни исправи.

Уставниот суд не може да цени дали граѓаните биле доволно информирани и во какви услови се одвивал тој процес на барање за нови патни исправи. Исто така прашањето за датумот на постојните патни исправи и евентуално поместување и одредување на нов датум не е во надлежност на Судот.

Согласно правната анализа и фактите кои се изнесени во рамки на водењето на постапката, произлегува дека Собранието постапило согласно уставните овластувања, Уставниот закон и преземената меѓународна обврска.

Во однос на ограничувањето на слободата на движењето, Судот цени дека барањето за поседување на патни исправи за патување не значи и ограничување на слободата на движењето. Доколку на некој граѓанин му било оневозможено поради немање на валидна патна исправа да ја напушти земјата или да го оствари своето право на работа во странство по 12.02.2024 година, за ова има можност да води постапка пред редовните судови, бидејќи таква постапка не е во надлежност на Уставниот суд.

Со оспорениот член 3, исто така, Судот цени дека не се доведуваат во нееднаква положба граѓаните на нашата држава, за сите граѓани постои иста обврска патните исправи да се променат до одреден датум согласно со Меѓународниот договор ратификуван од Собранието и имплементиран во Уставот со Амандманите XXXIII до XXXVI.

За наводите од иницијативата за постапување спротивно на член 11 став 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд оцени дека во практичната примена на оспорениот член 3 постоеле потешкотии за дел од граѓаните како што се гужви, чекање редови, неповолни временски прилики итн, тоа се околности и состојби кои се јавиле поради несоодветна имплементација која била отежната и со Ковид кризата и поради фактот што несоодветно е искористен рокот од две години и седум месеци за замена на патните исправи. Судот цени дека ваквите околности и непријатни состојби за граѓаните, можат да бидат предмет на други облици на заштита и одговорност пред други надлежни органи, но не и пред Уставниот суд.

Во делот на иницијативата со кој се бара преиспитување на оспорените одредби како спротивни на членот 7 од Декларацијата за човекови права, Повелбата на ООН, членот 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи, Уставниот суд ја отфрла иницијативата бидејќи нема надлежност да оценува меѓусебна согласност на закон со закон или пак на закон со меѓународен акт.

Судијата-известител на овој предмет при своето излагање на денешната седница напомена дека рефератот за предметот од советникот го добил на 11.04.2024 година, период во кој се прибирани мислењата од Собранието и МВР и е направена анализата, а го предал предметот како завршен на 27.05.2024. Следниот ден на 28.05.2024 година е одржана последната седница од мандатот на тогашната претседателка Добрила Кацарска, чијшто дневен ред е веќе закажан една недела претходно. Следните денови почна постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. По започнувањето на мандатот на претседателот д-р Дарко Костадиновски, динамиката на подготовка на дневните редови за седниците е утврдена согласно бројот на предмети кои се доставуваат тековно или веќе биле доставени, по чијшто редослед е утврдена и денешната седница.

The post Уставен не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република  Македонија и ја отфрли иницијативата за оценување на меѓусебната согласност на одредбата означена во точката 2 од овој предлог со член 7 од Универзалната декларација за чевековите права, Повелбата на ООН, член 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи и член 26 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички слободи. Уставниот суд ценеше дали оспорениот член 3 од Законот за измени и дополнувања на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија е спротивен на Уставот. Имено се ценеше членот 3 кој гласи: Патните исправи кои го содржат натписот „Република Македонија“ издадени во денот на започнување на примената на овој закон ќе важат до истекот на рокот на важење кој е наведен во патната исправа, најдоцна до 12.02.2024 година. Согласно оваа одредба надлежните органи требаше да обезбедат, а граѓаните да побараат, доколку сакаат нивните патни исправи да бидат заменети со нови, вклучително и оние исправи кои кога биле издадени имале и подолг рок на важење од овој предвиден во членот 3, а тоа е 12.02.2024 година. Следствено на ова доколку граѓаните не побарале и не ги замениле патните исправи со нови, нивните патни исправи со старото име на државата (Република Македонија) на 12.02.2024 престанаа да важат. Меѓутоа граѓаните имаат законско право да побараат и да добијат нови патни исправи и по овој датум. Судот оцени дека членот 3 со кој се наметнува обврската за промена на патните исправи со ново име на државата(Република Cеверна Македонија) не е во спротивност со Уставот. Впрочем, оваа одредба е во согласност со членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI во кој е предвидено дека постоечките официјални документи и материјалите на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои можат да се користат надвор од државата ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од 5 години од неговото влегување во сила. Членот 2 став 1 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија каде е предвидено дека одредбите од Амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од влегување во сила на овој Закон. Во членот 6 од истиот Закон стои дека Уставниот закон за спроведување на Амандманите на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани а тоа е 12.02.2019 година. Ценејќи ги сите наведени околности и факти, Судот утврди дека се неосновани наводите во иницијативата дека овој член е неуставен, бидејќи со носењето на овој Закон всушност се врши усогласување со Амандманот XXXIII од Уставот од аспект на рокот на замена на постојните патни исправи кои го содржат натписот „Република Македонија”, со патни исправи со новото уставно име на државата. Ова е предвидено со цел да се запази рокот наведен во членот 3 од Уставниот закон за спроведување на Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот, односно 5 години откако уставните промени стапиле во сила. Дополнително, Амандманите на Уставот претставуваат имплементација на ратификуван меѓународен договор (во конкретниот случај т.н. Преспански договор) кој е составен дел од внатрешниот поредок и согласно со членот 118 од Уставот не може да се менува со закон. Имајќи предвид дека Конечната спогодба (т.н.Преспанскиот договор) влегува во сила на 12 февруари 2019 година и дека Амандманите XXXIII до XXXVI и Уставниот закон за спроведување на овие амандмани влегуваат, исто така, на ден 12 февруари 2019 година, произлегува дека рокот од 5 години за усогласување на документите и материјалите истекува на 12 февруари 2024 година. Токму овој рок е наведен и во членот 3 кој е оспорен во иницијативата. Кога станува збор за начинот на кој е спроведена замената на старите со нови патни исправи, Уставниот суд нема надлежност да одлучува. Временскиот период во кој граѓаните можеле да ги заменат своите постојни патни исправи за да имаат валидни исправи е периодот од 01 јули 2021 година кога е издадена првата патна исправа со новото име на државата до 12 февруари 2024 година, што значи дека граѓаните имале две години и седум месеци за менување на своите патни исправи. Уставниот суд не може да цени дали граѓаните биле доволно информирани и во какви услови се одвивал тој процес на барање за нови патни исправи. Исто така прашањето за датумот на постојните патни исправи и евентуално поместување и одредување на нов датум не е во надлежност на Судот. Согласно правната анализа и фактите кои се изнесени во рамки на водењето на постапката, произлегува дека Собранието постапило согласно уставните овластувања, Уставниот закон и преземената меѓународна обврска. Во однос на ограничувањето на слободата на движењето, Судот цени дека барањето за поседување на патни исправи за патување не значи и ограничување на слободата на движењето. Доколку на некој граѓанин му било оневозможено поради немање на валидна патна исправа да ја напушти земјата или да го оствари своето право на работа во странство по 12.02.2024 година, за ова има можност да води постапка пред редовните судови, бидејќи таква постапка не е во надлежност на Уставниот суд. Со оспорениот член 3, исто така, Судот цени дека не се доведуваат во нееднаква положба граѓаните на нашата држава, за сите граѓани постои иста обврска патните исправи да се променат до одреден датум согласно со Меѓународниот договор ратификуван од Собранието и имплементиран во Уставот со Амандманите XXXIII до XXXVI. За наводите од иницијативата за постапување спротивно на член 11 став 1 и 2 од Уставот, Уставниот суд оцени дека во практичната примена на оспорениот член 3 постоеле потешкотии за дел од граѓаните како што се гужви, чекање редови, неповолни временски прилики итн, тоа се околности и состојби кои се јавиле поради несоодветна имплементација која била отежната и со Ковид кризата и поради фактот што несоодветно е искористен рокот од две години и седум месеци за замена на патните исправи. Судот цени дека ваквите околности и непријатни состојби за граѓаните, можат да бидат предмет на други облици на заштита и одговорност пред други надлежни органи, но не и пред Уставниот суд. Во делот на иницијативата со кој се бара преиспитување на оспорените одредби како спротивни на членот 7 од Декларацијата за човекови права, Повелбата на ООН, членот 14 од Европската конвенција за човековите права и слободи, Уставниот суд ја отфрла иницијативата бидејќи нема надлежност да оценува меѓусебна согласност на закон со закон или пак на закон со меѓународен акт. Судијата-известител на овој предмет при своето излагање на денешната седница напомена дека рефератот за предметот од советникот го добил на 11.04.2024 година, период во кој се прибирани мислењата од Собранието и МВР и е направена анализата, а го предал предметот како завршен на 27.05.2024. Следниот ден на 28.05.2024 година е одржана последната седница од мандатот на тогашната претседателка Добрила Кацарска, чијшто дневен ред е веќе закажан една недела претходно. Следните денови почна постапката за избор на нов претседател на Уставниот суд. По започнувањето на мандатот на претседателот д-р Дарко Костадиновски, динамиката на подготовка на дневните редови за седниците е утврдена согласно бројот на предмети кои се доставуваат тековно или веќе биле доставени, по чијшто редослед е утврдена и денешната седница.

The post Уставен не поведе постапка за членот 3 од законските измени на Законот за патните исправи appeared first on Република.

]]>
Го „тужи“ МВР на Уставен суд затоа што морал да менува важечки пасош и лична карта со старото име https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/go-tuzhi-mvr-na-ustaven-sud-zatoa-shto-moral-da-menuva-vazhechki-pasosh-i-lichna-karta-so-staroto-ime/ Wed, 30 Oct 2024 09:36:23 +0000 https://republika.mk/?p=832339

Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата.
Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа.

Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето

The post Го „тужи“ МВР на Уставен суд затоа што морал да менува важечки пасош и лична карта со старото име appeared first on Република.

]]>

Уставниот суд утрово одржува седница. На дневен ред се 7 иницијативи и едно интересно барање за заштита на слободите и правата. Имено, граѓанин смета дека со дејствијата на МВР, конкретно со издавање на неговиот пасош и лична карта со старото име на државата, иако „Преспанскиот договор“ бил во правна сила повеќе од две години, му е загрозено уставно загарантираното право слободно да ја напушти територијата на државата и да се врати во неа. Со овие дејствија на Министерството за внатрешни работи подносителот на барањето смета дека е ставен во понеповолна положба во однос на другите граѓани на Македонија кои извадиле пасош, лична карта и возачка дозвола во втората половина на 2021 година со новото име на државата и МВР сторило дискриминација врз подносителот врз основа на национална и социјална припадност, стои во наводите од барањето

The post Го „тужи“ МВР на Уставен суд затоа што морал да менува важечки пасош и лична карта со старото име appeared first on Република.

]]>
Влада: Нема веќе турканици, пасоши и лични документи се издаваат во редовен рок https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vlada-nema-veke-turkanitsi-pasoshi-i-lichni-dokumenti-se-izdavaat-vo-redoven-rok/ Sat, 07 Sep 2024 07:49:25 +0000 https://republika.mk/?p=814011

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, велат од секторот за односи со јавноста во Владата.

Оттаму додаваат дека од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.

Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.

Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.

Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската, се вели во соопштението на Влафината прес служба.

The post Влада: Нема веќе турканици, пасоши и лични документи се издаваат во редовен рок appeared first on Република.

]]>

Владата преку Министерството за внатрешни работи го реши проблемот со застојот со издавање на пасоши и други лични документи. Ако пред извесен период за нив се чекаше по неколку месеци, денес тие се вадат во законскиот рок од 15 дена, велат од секторот за односи со јавноста во Владата. Оттаму додаваат дека од минатата Влада наследениот проблем е решен за само 4 месеци.
Реорганизацијата која беше направена и кадровското доекипирање придонесе да се постигне заостанатата количина на пасоши и лични документи кои сега се издаваат во редовниот рок. Нема повеќе метежи и турканици пред шалтерите.   Досега се издадени 750.000 возачки дозволи со новото уставно име.   Апелираме граѓаните да го искористат претстојниот период за да навремено се испочитува обврската, се вели во соопштението на Влафината прес служба.

The post Влада: Нема веќе турканици, пасоши и лични документи се издаваат во редовен рок appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-patuvaneto-na-sinot-go-plativ-od-lichen-dheb-ako-sum-pogreshil-spremen-sum-da-snosam-odgovornost-no-ako-ne-e-taka-baram-da-se-izvinat-javno/ Mon, 22 Jul 2024 19:18:34 +0000 https://republika.mk/?p=799330

Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма.

Премиерот Мицкоски истакна дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже.

Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.

Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа, рече Мицкоски.

За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.

The post Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно appeared first on Република.

]]>

Навикнат сум 6 години да го напаѓаат моето семејство, сега решија и детето да ми го напаѓаат. Антикорупциска го истражува целиот случај и сите потребни документи ќе бидат доставени во текот на утрешниот ден и да почекаме да излезат во јавност да кажат. Ако има и еден милиметар отстапување јас сум подготвен да сносам одговорност. Но ако не е така, тогаш да ми се извинат, ако не сум погрешил, изјави претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски во „Топ тема“ на Телма. Премиерот Мицкоски истакна дека иако имало можност тоа да не се плати од сопствен џеб сепак се одлучил патот за неговиот син да го плати од сопствени средства и сето тоа ќе биде документирано и доставено до надлежен орган кој ќе каже. Во однос за патувањата во странство премиерот Мицкоски истакна дека ќе беше подобро Македонија да има сопствен пристоен авион со кој ќе може да се врати одма, наместо три дена да лета со комерцијални компании.
Ако имавме како држава пристојно летало, еве на самитот на Европската политичка заедница како што имаат сите, како и нашиот сосед Србија, вклучително Орбан, Макрон, Шолц. Толку многу е крадено од оваа држава што една цела флота е однесена. Ќе отидев ќе го завршев самитот и ќе се вратев, јас на три дена бев на пат и постоеше можност да не се вратам поради проблемот кој откажа повеќе од 1000 летови во Европа, рече Мицкоски.
За тоа во каква класа се возел премиерот Мицкоски, нагласи дека поради здравствениот проблем со колената од Виена до Вашингтон и Њујорк до Виена бил во бизнис класа, додека за Скопје до Виена, како и потоа летот за Лондон во економска класа, посочувајќи помеѓу 11 и 12 ред кај излезот за итни случаи поради поголемиот простор за нозете.    

The post Мицкоски: Патувањето на синот го платив од личен џеб, ако сум погрешил спремен сум да сносам одговорност, но ако не е така, барам да се извинат јавно appeared first on Република.

]]>
Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ukradeni-i-oshteteni-dokumenti-od-matichnoto-vo-prilep-se-bara-koj-vlegol-i-zoshto/ Sun, 12 May 2024 14:44:06 +0000 https://republika.mk/?p=777348

Од подрачната канцеларија на Управата за водење на матични книги во Прилеп од страна на непознат сторител биле одземени документација, монитори и куќишта од компјутери, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

На 11.05.2024 во ОВР Прилеп било пријавено дека во период од 10.05.2024 до 11.05.2024 од страна на непознат сторител било влезено во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда - Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп лоцирана на ул.„Димо Наредникот" во Прилеп при што одзел документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, наведува МВР во дневниот Билтен.

The post Украдени и оштетени документи од Матичното во Прилеп, се бара кој влегол и зошто appeared first on Република.

Вчера одобрени се околу 9.000 барања за лична карта на жителите на Скопје, а заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000 https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vchera-odobreni-se-okolu-9-000-barana-za-lichna-karta-na-zhitelite-na-skopje-a-zakluchno-so-denes-ke-bidat-odobreni-okolu-20-000/ Sun, 31 Mar 2024 08:28:08 +0000 https://republika.mk/?p=760568

Искрена благодарност за 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи. Секако, благодарност и на останатите колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план.
Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000, објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

The post Вчера одобрени се околу 9.000 барања за лична карта на жителите на Скопје, а заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000 appeared first on Република.

]]>

Искрена благодарност за 40 вработени од отсеците за управни работи Куманово, Велес, Штип и Тетово кои вчера и денес, како и во наредните викенди ќе дадат максимална поддршка во процесот на одобрување на барања за издавање лични документи. Секако, благодарност и на останатите колеги од ОУР Скопје кои неуморно и деноноќно работат на тој план. Во текот на вчерашниот ден, со здружени сили, одобрени се околу 9.000 барања за издавање на лична карта на жителите на Скопје, а проценките се дека заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000, објави на Фејсбук, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски

The post Вчера одобрени се околу 9.000 барања за лична карта на жителите на Скопје, а заклучно со денес ќе бидат одобрени околу 20.000 appeared first on Република.

]]>
Тошковски: За еден ден се доаѓа до термин за фотографирање за пасош по итна постапка https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-eden-den-se-doaga-do-termin-za-fotografirane-za-pasosh-po-itna-postapka/ Tue, 26 Mar 2024 09:11:29 +0000 https://republika.mk/?p=758789

За еден ден може да се добие термин за фотографирање за вадење на пасош по итна постапка. Ова го објави техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Реорганизацијата и зголемувањето на капацитетите во делот на управните служби дава резултат. Повеќе нема чекање со месеци за фотографирање за пасош по итна постапка во Скопје и од денес граѓаните кои ќе побараат термин, ќе го добијат за истиот или наредниот ден. Продолжуваме понатаму!, објави тој.

Претходно, беше реорганизирана работата и по пунктовите. Беа донесени повеќе пултови за фотографирање, а термините на лица кои веќе извадиле документи а не откажале закажан термин – беа дадени на други граѓани.

The post Тошковски: За еден ден се доаѓа до термин за фотографирање за пасош по итна постапка appeared first on Република.

Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-so-izmenite-na-izborniot-zakonik-nema-tselosno-da-se-reshi-problemot-so-validnosta-na-dokumentite-vo-izborniot-protses/ Fri, 08 Mar 2024 13:24:27 +0000 https://republika.mk/?p=752690

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите на граѓаните во изборниот процес и посочува дека треба да се овозможи на граѓаните да гласаат со стари документи без да има било каков рок.

Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со патните исправи со огледа на одредбите кои ги регулира и санкционира самиот законот, во него е предвидено сите граѓани кои имаат документи со истечен рок во траење од девет месеци до денот на изборите ќе можат да гласаат. Оние кои им се постари нема да можат, значи делумно е решението, не е целосно. Ако имаме документи со истечен рок од девет месеци на 24 април ќе гласаме, но што ќе правиме на 8 мај. Сакајќи да направиме исклучок правиме друг исклучок што исклучуваме дел од граѓаните - истакна денеска Џафери.

Тој одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по извршениот увид во изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, рече дека граѓаните треба да гласаат со стари документи без разлика на рокот во кој застариле.

Решението да биде отворено граѓаните кои имаат истечени документи да можат да гласаат оваа година без разлика на кој рок истекле, не мислам дека е решението целосно јас сум убеден дека ќе дојдат пак во Влада за дополнителни решенија. Ќе треба да размислат или Собранието или ние во Влада ќе треба да го доисправиме овој проблем - подвлече тој.

Вчера без расправа беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

The post Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери смета дека со измените во Изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите на граѓаните во изборниот процес и посочува дека треба да се овозможи на граѓаните да гласаат со стари документи без да има било каков рок.
Не сум убеден дека ќе се реши проблемот со патните исправи со огледа на одредбите кои ги регулира и санкционира самиот законот, во него е предвидено сите граѓани кои имаат документи со истечен рок во траење од девет месеци до денот на изборите ќе можат да гласаат. Оние кои им се постари нема да можат, значи делумно е решението, не е целосно. Ако имаме документи со истечен рок од девет месеци на 24 април ќе гласаме, но што ќе правиме на 8 мај. Сакајќи да направиме исклучок правиме друг исклучок што исклучуваме дел од граѓаните - истакна денеска Џафери.
Тој одговорајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по извршениот увид во изградба на експресниот пат Ранковце – Крива Паланка, рече дека граѓаните треба да гласаат со стари документи без разлика на рокот во кој застариле.
Решението да биде отворено граѓаните кои имаат истечени документи да можат да гласаат оваа година без разлика на кој рок истекле, не мислам дека е решението целосно јас сум убеден дека ќе дојдат пак во Влада за дополнителни решенија. Ќе треба да размислат или Собранието или ние во Влада ќе треба да го доисправиме овој проблем - подвлече тој.
Вчера без расправа беше изгласан Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите. Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга. Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

The post Џафери: Со измените на изборниот законик нема целосно да се реши проблемот со валидноста на документите во изборниот процес appeared first on Република.

]]>
Мицевски: Граѓаните ќе може да гласаат со стари лични документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitsevski-graganite-ke-mozhe-da-glasaat-so-stari-lichni-dokumenti/ Thu, 07 Mar 2024 17:23:40 +0000 https://republika.mk/?p=752369

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик.

Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Според него, ова е последица на хаосот кој што зад себе, како што рече, го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата.

„Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите.

Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори“, прецизира Мицевски.

Со овие измени, како што оценува, покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР.

Мицевски нагласи дека во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

The post Мицевски: Граѓаните ќе може да гласаат со стари лични документи appeared first on Република.

]]>

„На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, по забелешките и укажувањата од страна на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес во Собранието на Република Македонија едногласно и консензуално, беа изгласани измените на изборниот законик. Без денешните измени во Изборниот закон, постоеше ризик да се прекрши основното човеково право, право на глас, на над 100 илјади граѓани во нашата држава“, истакна координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. Според него, ова е последица на хаосот кој што зад себе, како што рече, го оставија Ковачевски и Спасовски, со што илјадници граѓани останаа без личните документи и заробени во државата. „Со овие измени кои денес се усвоени ќе може да гласаат сите граѓани чии што лични документи, пасош и лична карта им истекол рокот по било кој основ во период од 9 месеци пред изборите. Ова значи дека личните документи на граѓаните на Македонија кои им се истечени по било кој основ од август месец 2023 година па се до 8-ми мај 2024 година ќе можат да го искористат своето уставно право на глас на следните избори“, прецизира Мицевски. Со овие измени, како што оценува, покрај другото, конечно се внесоа и најголем дел од забелешките на ОБСЕ/ОДИХР. Мицевски нагласи дека во овие измени значаен сегмент е измената со која во Избирачкиот список ќе бидат запишани сите полнолетни граѓани кои имаат живеалиште на територијата на Република Македонија.

The post Мицевски: Граѓаните ќе може да гласаат со стари лични документи appeared first on Република.

]]>
Шведска ќе ги предаде документите за членството во НАТО https://arhiva3.republika.mk/vesti/shvedska-ke-gi-predade-dokumentite-za-chlenstvoto-vo-nato/ Wed, 06 Mar 2024 17:08:55 +0000 https://republika.mk/?p=752005

Премиерот на Шведска Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром денеска ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе ги предадат документите за членство во НАТО.

Тоа е последниот чекор за да се стави крај на двогодишниот процес за членството на Шведска во НАТО.

Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок вчера го потпиша законот со кој на Шведска и се одобрува пристапување во Алијансата, со што беше отстранета и последната бариера за членство.

Шведска ќе стане 32 членка на НАТО штом официјалните документи ќе бидат депонирани во Вашингтон, со што ќе се означи крајот на двестегодишниот период во кој Стокхолм избегнуваше воени сојузи.

Финска стана членка на НАТО минатата година, но Шведска беше на листата на чекање бидејќи Турција и Унгарија имаа забелешки.

The post Шведска ќе ги предаде документите за членството во НАТО appeared first on Република.

]]>

Премиерот на Шведска Улф Кристерсон и министерот за надворешни работи Тобијас Билстром денеска ќе отпатуваат за Вашингтон, каде ќе ги предадат документите за членство во НАТО. Тоа е последниот чекор за да се стави крај на двогодишниот процес за членството на Шведска во НАТО. Претседателот на Унгарија, Тамаш Шујок вчера го потпиша законот со кој на Шведска и се одобрува пристапување во Алијансата, со што беше отстранета и последната бариера за членство. Шведска ќе стане 32 членка на НАТО штом официјалните документи ќе бидат депонирани во Вашингтон, со што ќе се означи крајот на двестегодишниот период во кој Стокхолм избегнуваше воени сојузи. Финска стана членка на НАТО минатата година, но Шведска беше на листата на чекање бидејќи Турција и Унгарија имаа забелешки.  

The post Шведска ќе ги предаде документите за членството во НАТО appeared first on Република.

]]>
Самобендисаниот Џафери мисли дека неговиот упад во СВР Тетово дава резултати и тврди: До изборите има време за вадење нови документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/samobendisaniot-dhaferi-misli-deka-negoviot-upad-vo-svr-tetovo-dava-rezultati-i-tvrdi-do-izborite-ima-vreme-za-vadene-novi-dokumenti/ Wed, 06 Mar 2024 12:13:19 +0000 https://republika.mk/?p=751885

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека МВР ја интензивирало динамиката во однос на вадењето лични документи со новото име и според него ако оваа динамика продолжи, до изборите оние граѓани кои немаат документи со новото име тоа би можеле да го завршат до почетокот на изборите. Џафери додаде дека тоа е процедурата, а граѓаните, како што рече самите треба да го иницираат процесот и доколку до почетокот на изборите има такви кои немаат документи со новото име, тогаш обврска на Владата е да излезе со соодветна одлука, што и како ќе постапи.

Џафери ова го одговори на денешната прес-конференција во врска со организацијата на изборите и како планираат да го надминат проблемот со граѓаните, кои се уште немаат важечки документи со новото име.

Статистиките, кои што дадов задача, да се прават на дневна основа со податоци од МВР зборуваат за следново. Од 1. јануари до 29 февруари 2024 година вкупно за патни исправи - пасоши има 123.983 барања , од кои изготвени се 95.267. Ова е показател за динамиката на работа, за еден месец од 124.000 издадени се 92.002 патни исправи. За лични карти примени се 82.235 барања, од кои се изготвени 71.410. За возачки дозволи примени се 46.280 барања, од кои се изготвени 39.552. Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите со оваа динамика, стоте илјади граѓани кои немаат документи, што се појавува како информација, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи, но првенствено и самиот граѓанин треба да го иницира барањето. За да имате документ треба вие да побарате. Значи, тоа е процедурата. Е сега, што евентуално ако дојдеме во ситуација определен број на граѓани тоа да го немаат, а тоа е тема за размислување за нас, и имајќи предвид дека има време секој да иницира прво да дадеме предност на правото на граѓанинот да иницира навремено соодветно барање за документ, а од потоа наша обврска е да излеземе со соодветна одлука што и како да постапиме - изјави Џафери.

Техничкиот премиер рече дека тој лично не преферира да говори хипотетички, туку сака да излезе и да каже дека нешто е решено.

Јас преферирам да излезам и да кажам, да овој проблем го решивме, оној проблем го решивме, како што впрочем прва работа што ме чекаше беа протестите, односно штрајкот на ФЗОМ, го решивме, прашањето на школото во Чашка, го решивме, не зборував како ќе го решам, го решивме. И тоа е работа за која не сакам сега хипотетички да зборувам што ќе правам, како ќе го направам, туку кога ќе го направам навремено ќе бидете информирани сите дека оваа работа е направена - рече Џафери.

Техничкиот премиер додаде дека од таа причина ги посетил и вработените во СВР-Тетово, настан кој предизвика реакции во јавноста, но и од техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој во интервју за МИА рече не доликува на еден премиер така да се однесува во систем каде има хиерархија.

И од таа причина беа фамозните посети, дали имам право или немам право да одам, јас имам право да одам во последната канцеларија, која што е во надлежност на Владата. Тоа право го имам по хиерархија. Ако сум првиот одговорен, тогаш сум и првиот надлежен да извршам контрола на функционирањето на институциите, за кои сме одговорни и надлежни, така што тоа си ги покажа своите резултати, потоа со работата на службите таму кои треба да работат - рече Џафери.

The post Самобендисаниот Џафери мисли дека неговиот упад во СВР Тетово дава резултати и тврди: До изборите има време за вадење нови документи appeared first on Република.

]]>

Техничкиот премиер Талат Џафери денеска изјави дека МВР ја интензивирало динамиката во однос на вадењето лични документи со новото име и според него ако оваа динамика продолжи, до изборите оние граѓани кои немаат документи со новото име тоа би можеле да го завршат до почетокот на изборите. Џафери додаде дека тоа е процедурата, а граѓаните, како што рече самите треба да го иницираат процесот и доколку до почетокот на изборите има такви кои немаат документи со новото име, тогаш обврска на Владата е да излезе со соодветна одлука, што и како ќе постапи. Џафери ова го одговори на денешната прес-конференција во врска со организацијата на изборите и како планираат да го надминат проблемот со граѓаните, кои се уште немаат важечки документи со новото име.
Статистиките, кои што дадов задача, да се прават на дневна основа со податоци од МВР зборуваат за следново. Од 1. јануари до 29 февруари 2024 година вкупно за патни исправи - пасоши има 123.983 барања , од кои изготвени се 95.267. Ова е показател за динамиката на работа, за еден месец од 124.000 издадени се 92.002 патни исправи. За лични карти примени се 82.235 барања, од кои се изготвени 71.410. За возачки дозволи примени се 46.280 барања, од кои се изготвени 39.552. Имајќи предвид дека има уште 50 дена до изборите со оваа динамика, стоте илјади граѓани кои немаат документи, што се појавува како информација, во текот на март месец можат сите да се опремат со соодветни документи, но првенствено и самиот граѓанин треба да го иницира барањето. За да имате документ треба вие да побарате. Значи, тоа е процедурата. Е сега, што евентуално ако дојдеме во ситуација определен број на граѓани тоа да го немаат, а тоа е тема за размислување за нас, и имајќи предвид дека има време секој да иницира прво да дадеме предност на правото на граѓанинот да иницира навремено соодветно барање за документ, а од потоа наша обврска е да излеземе со соодветна одлука што и како да постапиме - изјави Џафери.
Техничкиот премиер рече дека тој лично не преферира да говори хипотетички, туку сака да излезе и да каже дека нешто е решено.
Јас преферирам да излезам и да кажам, да овој проблем го решивме, оној проблем го решивме, како што впрочем прва работа што ме чекаше беа протестите, односно штрајкот на ФЗОМ, го решивме, прашањето на школото во Чашка, го решивме, не зборував како ќе го решам, го решивме. И тоа е работа за која не сакам сега хипотетички да зборувам што ќе правам, како ќе го направам, туку кога ќе го направам навремено ќе бидете информирани сите дека оваа работа е направена - рече Џафери.
Техничкиот премиер додаде дека од таа причина ги посетил и вработените во СВР-Тетово, настан кој предизвика реакции во јавноста, но и од техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој во интервју за МИА рече не доликува на еден премиер така да се однесува во систем каде има хиерархија.
И од таа причина беа фамозните посети, дали имам право или немам право да одам, јас имам право да одам во последната канцеларија, која што е во надлежност на Владата. Тоа право го имам по хиерархија. Ако сум првиот одговорен, тогаш сум и првиот надлежен да извршам контрола на функционирањето на институциите, за кои сме одговорни и надлежни, така што тоа си ги покажа своите резултати, потоа со работата на службите таму кои треба да работат - рече Џафери.

The post Самобендисаниот Џафери мисли дека неговиот упад во СВР Тетово дава резултати и тврди: До изборите има време за вадење нови документи appeared first on Република.

]]>
За гласање да, но за патувања не: Ковачевски ќе го поддржи решението граѓаните да може да гласаат со стари документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/za-glasane-da-no-za-patuvana-ne-kovachevski-ke-go-poddrzhi-reshenieto-graganite-da-mozhe-da-glasaat-so-stari-dokumenti/ Tue, 05 Mar 2024 13:21:02 +0000 https://republika.mk/?p=751515

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, изјави дека партијата го поддржува предлогот граѓани кои имаат лични документи со старото име нa државата да можат да гласаат.

Тој на прес-конференцијата по посетата на винаријата Брзанов во населеното место Трубарево одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека за предлогот се дискутирало уште од крајот на минатата година.

Ќе поддржиме и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот закон уште од крајот на минатата година работат на решение да има одредба со кој ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко право - истакна Ковачевски.

Во однос на бројот на граѓани кои не поседуваат лични документи рече дека не може да каже точен број, но дека мора да им се обезбеди право да гласаат на изборите.

За точниот број на граѓани може да го кажат тоа во ДИК и МВР, но се работи за бројка од околу 100 илјади граѓани на кои мора да им биде обезбедено право да гласаат на изборите - посочи тој.

Ковачевски, исто така рече дека што се однесува до кандидатските листи за парламентарните избори СДСМ ќе има носители во сите шест изборни единици.

Во моментов тече постапката за номинирање на кандидати на пратеничките листи. Можам да кажам дека имаме над илјада потенцијални кандидати предложени од општинските организации од кои околу 600 имаат поднесено кандидатури и во моментов секретаријатот на партијата работи на комуникација со општинските организации на првичната селекција и потоа настапува постапката на раководството на извршниот одбор и кога ќе бидат точно одредени кандидатите кои ќе бидат на пратеничките листи - рече Ковачевски.

Што се однесува на поддршката на претседателските кандидати во вториот круг тој рече дека сите граѓани кои се залагале за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година ќе гласаат за Стево Пендаровски.

Ние имаме јасна понуда за македонските гласачи, а тоа е кандидат кој се застапува исто како нашата партија. И сите оние кои се залагаат за Македонија земја која оди напред, која до 2030 година ќе стане членка на европската унија ќе го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски - изјави Ковачевски.

The post За гласање да, но за патувања не: Ковачевски ќе го поддржи решението граѓаните да може да гласаат со стари документи appeared first on Република.

]]>

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, изјави дека партијата го поддржува предлогот граѓани кои имаат лични документи со старото име нa државата да можат да гласаат. Тој на прес-конференцијата по посетата на винаријата Брзанов во населеното место Трубарево одговарајќи на новинарско прашање, посочи дека за предлогот се дискутирало уште од крајот на минатата година.
Ќе поддржиме и веќе се разговара. Работните групи кои работат на Изборниот закон уште од крајот на минатата година работат на решение да има одредба со кој ќе се дозволи на секој граѓанин да го оствари своето гласачко право - истакна Ковачевски.
Во однос на бројот на граѓани кои не поседуваат лични документи рече дека не може да каже точен број, но дека мора да им се обезбеди право да гласаат на изборите.
За точниот број на граѓани може да го кажат тоа во ДИК и МВР, но се работи за бројка од околу 100 илјади граѓани на кои мора да им биде обезбедено право да гласаат на изборите - посочи тој.
Ковачевски, исто така рече дека што се однесува до кандидатските листи за парламентарните избори СДСМ ќе има носители во сите шест изборни единици.
Во моментов тече постапката за номинирање на кандидати на пратеничките листи. Можам да кажам дека имаме над илјада потенцијални кандидати предложени од општинските организации од кои околу 600 имаат поднесено кандидатури и во моментов секретаријатот на партијата работи на комуникација со општинските организации на првичната селекција и потоа настапува постапката на раководството на извршниот одбор и кога ќе бидат точно одредени кандидатите кои ќе бидат на пратеничките листи - рече Ковачевски.
Што се однесува на поддршката на претседателските кандидати во вториот круг тој рече дека сите граѓани кои се залагале за државата да стане членка на ЕУ до 2030 година ќе гласаат за Стево Пендаровски.
Ние имаме јасна понуда за македонските гласачи, а тоа е кандидат кој се застапува исто како нашата партија. И сите оние кои се залагаат за Македонија земја која оди напред, која до 2030 година ќе стане членка на европската унија ќе го поддржат претседателскиот кандидат Стево Пендаровски - изјави Ковачевски.

The post За гласање да, но за патувања не: Ковачевски ќе го поддржи решението граѓаните да може да гласаат со стари документи appeared first on Република.

]]>
Министерот Тошковски бара решение за над 100.000 граѓани останати без право на глас https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-toshkovski-bara-reshenie-za-nad-100-000-gragani-ostanati-bez-pravo-na-glas/ Mon, 04 Mar 2024 21:26:00 +0000 https://republika.mk/?p=751216

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на владина седница ќе предложи да се најде решение за над 100.000 граѓани кои имаат право на глас, но немаат валидни документи за да не им биде негирано правото на глас. Станува збор за 100.000 лица над 18 години коишто се резиденти во државава, но кои немата лични карти или пак имаат пасоши со валиден рок на траење, но со старото име на државата.

Според Тошковски, решение би можело да биде на овие граѓани да им се дозволи да гласаат со паосшите со старото име.

Сличен предлог доаѓа и од Државната изборна комисија и тој е веќе доставен до Собранието. Според претседателот на ДИК, во моментов може да се гласа само само валидни документи, а меѓу нив не спаѓаат пасошите со старото уставно име.

За кршењето на правото на глас на граѓаните, реагираше и народниот правобранител, Насер Зибери. Тој апелираше до институциите да ги пронајдат кои се оние 100.000 лица кои ќе се соочат со овој проблем на денот на гласањето и да им дадат приоритет при земањето на нови документи до пред изборите.

The post Министерот Тошковски бара решение за над 100.000 граѓани останати без право на глас appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на владина седница ќе предложи да се најде решение за над 100.000 граѓани кои имаат право на глас, но немаат валидни документи за да не им биде негирано правото на глас. Станува збор за 100.000 лица над 18 години коишто се резиденти во државава, но кои немата лични карти или пак имаат пасоши со валиден рок на траење, но со старото име на државата. Според Тошковски, решение би можело да биде на овие граѓани да им се дозволи да гласаат со паосшите со старото име. Сличен предлог доаѓа и од Државната изборна комисија и тој е веќе доставен до Собранието. Според претседателот на ДИК, во моментов може да се гласа само само валидни документи, а меѓу нив не спаѓаат пасошите со старото уставно име. За кршењето на правото на глас на граѓаните, реагираше и народниот правобранител, Насер Зибери. Тој апелираше до институциите да ги пронајдат кои се оние 100.000 лица кои ќе се соочат со овој проблем на денот на гласањето и да им дадат приоритет при земањето на нови документи до пред изборите.

The post Министерот Тошковски бара решение за над 100.000 граѓани останати без право на глас appeared first on Република.

]]>
Аврамовска – Мадиќ: Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/avramovska-madik-palevski-ke-bide-ekstradiran-vednash-po-zavrshuvaneto-na-administrativnite-dokumenti/ Fri, 01 Mar 2024 12:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=750061

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели се очекува тој да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури.

Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран, рече Аврамовска – Мадиќ одговарајќи на новинарскo прашање.

Министерот за правда Кренар Лога и неговиот турски колега Јилмаз Тунч минатиот месец остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, при што Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.

Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

The post Аврамовска – Мадиќ: Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи appeared first on Република.

]]>

Заменик министерката за правда Викторија Аврамовска – Мадиќ во врска со екстрадицијата на Љупчо Палевски, осомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, вели се очекува тој да биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните процедури.
Министерот за правда беше во посета на неговиот колега во Турција и како што беше информирана јавноста од Министерството за правда, судската постапка е завршена се чекаат административните документи да се завршат и очекуваме дека Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран, рече Аврамовска – Мадиќ одговарајќи на новинарскo прашање.
Министерот за правда Кренар Лога и неговиот турски колега Јилмаз Тунч минатиот месец остварија средба на која разговараа за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски, при што Лога бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури. Кога ќе биде донесен во земјава, Палевски ќе биде спроведен во казнено поправна установа, согласно решение на суд и понатаму тече постапката пред правосудните органи.

The post Аврамовска – Мадиќ: Палевски ќе биде екстрадиран веднаш по завршувањето на административните документи appeared first on Република.

]]>
Над 100.000 граѓани нема да можат да гласаат: Дали 54-ите пратеници се вклучени во изборен инженеринг? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nad-100-000-gragani-nema-da-mozhat-da-glasaat-dali-54-pratenitsi-koi-bea-protiv-prodolzhuvane-na-vazhnosta-na-ispravite-se-vklucheni-vo-izboren-inzhenering/ Thu, 29 Feb 2024 18:30:46 +0000 https://republika.mk/?p=749764

Над 100.000 граѓани на Република Македонија кои што немаат важечка лична карта, но имаат пасош со старото име на државата, нема да можат да го остварат своето основно право на глас на следните парламентарни и претседателски избори, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во неговото гостување на ТВ Алфа.

Станува збор за минимум 100.000 граѓани кои што имаат важечка, односно неважечка патна исправа со старото име на државата кои што заради овие 54ца нема да можат да го остварат своето право на глас. Зошто не може да го остварат? Затоа што овие над 100.000 граѓани резиденти над 18 години согласно последните проверки кои што ми ги дадоа луѓето од министерство, немаат лична карта и единствено со пасош може да се легитимираат во рамки на избори за остварување на своето право на глас. Дали не сте загрижени дека единственото логично образложение зошто овие 54 пратеници не гласале е класичен изборен инженеринг на овие парламентарни и претседателски избори? 100.000 луѓе е фрапантна бројка имајќи предвид кој е бројот на државјани на Република Македонија и кој е бројот на оние граѓани кои што имаат важечки документи за идентификација - истакнува Тошковски.

Министерот јавно упати прашање до пратениците од владејачкото мнозинство дали 54-те пратеници кои не ги поддржаа законските измени за патни исправи се вклучени во рамки на изборен инженеринг со којшто се дискриминираат граѓаните на кои што оваа држава им издала важечка патна исправа, а сепак не можат да го остварат своето основно право на глас.

The post Над 100.000 граѓани нема да можат да гласаат: Дали 54-ите пратеници се вклучени во изборен инженеринг? appeared first on Република.

Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/velanoski-dik-mora-da-im-ovozmozhi-na-site-drzhavjani-na-republika-makedonija-da-go-ostvarat-ustavnoto-pravo-na-glasane/ Sun, 25 Feb 2024 10:37:22 +0000 https://republika.mk/?p=748066

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски реагира дека Државната Изборна Комисија (ДИК) мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.

Согласно чл. 22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.

Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.

Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, истакнува Вељаноски.

The post Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски реагира дека Државната Изборна Комисија (ДИК) мора да им овозможи на државјаните на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање.
Согласно чл. 22 од Уставот на РМ единствени услови за да бидеш избран и да избираш е да си државјанин на Република Македонија и да си полнолетен.   Сите документи (лични карти, пасоши) служат само за индетификација на личноста, а правото на гласање е утврдено во чл.22 од Уставот на РМ, затоа сметам дека личните карти и пасошите (наспроти измените на законите) каде рокот за важење е утврден подолго од денот на гласање се валидни документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање.   Само како пример во 1998 година тогашната Државна Изборна Комисија донесе правилник и упатство за гласање дека и старите лични карти и пасоши од бивша СФР Југославија каде рокот за важење е утврден подолгот од денот на гласање се важечки документи за идентификација на личноста која сака да го оствари правото на гласање дадено со Уставот, истакнува Вељаноски.

The post Вељаноски: ДИК мора да им овозможи на сите државјани на Република Македонија да го остварат уставното право на гласање appeared first on Република.

]]>
Граѓаните се во „државен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/graganite-se-vo-drzhaven-pritvor-poradi-nesposobnost-i-neodgovorenost-na-sdsm-i-dui/ Sun, 18 Feb 2024 08:45:33 +0000 https://republika.mk/?p=745274

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение.

За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи.

Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо“ велат од партијата.

Заклучуваат дека СДСМ и ДУИ поради инает, неспособност и неодговорност ги ставиле граѓаните во „државен притвор“.

The post Граѓаните се во „државен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>

Постојат основани сомненија дека за да му направат сопки на техничкиот министер од опозицијата, СДСМ и ДУИ свесно креирале недостаток на обрасци поради што 100 илјади веќе фотографирани граѓани, не можат да дојдат до својот документ, обвини ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. За ова малтретирање на народот, велат од партијата, мора да има одговорност и повикаа на измена на законот за патните исправи. Сега кога се им е јасно на граѓаните и кога е очигледна неспособноста и неодговорноста на СДС, ДУИ, Ковачевски и Спасовски и кога народот е доведен во ќорсокак, ВМРО-ДПМНЕ им нуди решение за оваа состојба. Имено СДС и ДУИ треба да им дозволат на своите пратеници во Парламентот да го поддржат предлог законот на ВМРО-ДПМНЕ и пасошите да продолжат да важат. Ова решение и според експертите и според јавноста е применливо и прифатливо“ велат од партијата. Заклучуваат дека СДСМ и ДУИ поради инает, неспособност и неодговорност ги ставиле граѓаните во „државен притвор“.

The post Граѓаните се во „државен притвор“ поради неспособност и неодговореност на СДСМ и ДУИ appeared first on Република.

]]>
Коцевски вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе одговара поради издавање документи без „cеверна“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kotsevski-veti-transparentnost-no-nema-odgovor-dali-mvr-ke-odgovara-poradi-izdavane-dokumenti-bez-ceverna/ Thu, 15 Feb 2024 10:37:06 +0000 https://republika.mk/?p=744331

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите, најавува дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „cеверна“ – не даде одговор одговор.

Тој вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што требале да прават законски.

Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка  - рече Коцевски во изјавата за медиумите.

The post Коцевски вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе одговара поради издавање документи без „cеверна“ appeared first on Република.

]]>

Новоизбраниот државен јавен обвинител, Љупчо Коцевски во првата изјава за медиумите, најавува дека ќе биде транспарентен, но веќе на првото прашање за отворање на предмет поради издавање на документи без „cеверна“ – не даде одговор одговор. Тој вети дека ќе биде отчетен, но не кажа дали Обвинителството ќе започне предистрага за лицата во МВР кои изминатите години нарачувале и пуштале во промет стари обрасци и не овозможиле издавање на документи со новото уставно име, како што требале да прават законски.
Во оваа прилика знам дека голем интерес на јавноста за предметите кои се во тек и тие кои ќе се отворат. Но во денешниот ден, не би навлегувал во детали. Јавното обвинителство ќе формира предмети по поднесени пријави, кои по чуен глас ќе допре до јавниот обвинител и ќе нема селекција при гонење на кривичните дела. Ако има доволно докази, јавното обвинителство ќе поведе постапка  - рече Коцевски во изјавата за медиумите.

The post Коцевски вети транспарентност, но нема одговор дали МВР ќе одговара поради издавање документи без „cеверна“ appeared first on Република.

]]>
Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/asotsijatsiite-na-prevoznitsi-baraat-prioritet-za-izdavane-dokumenti/ Wed, 14 Feb 2024 10:13:08 +0000 https://republika.mk/?p=743990

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.

Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока.

– Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците.

Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата.

– Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму.

Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата.

Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>

Асоцијаците на превозници во патниот сообраќај „МАКАМ-ТРАНС“ и  „Превозник“ упатија допис со барање за овозможување приоритет за издавање на сите потребни документи на превозните трговски друштва до Министерство за внатрешни работи и допис за поддршка до Министерство за транспорт и врски, а поради стапувањето во сила на одредбите од Договорот од Преспа.
 
Како што истакнуваат, на професионалните возачи, работните активности им зависат токму од овие документи и затоа се обраќаат за помош и поддршка со цел избегнување на застојот во вршење на превозот на стока. – Во однос на пасошите и возачките дозволи, се работи за поднесени барања од страна на физички лица кои за да се препознаат во масата на доставени барања треба да се овозможи преку асоцијациите и разните здружувања да се достават пишани списоци со податоци за истите, како би се овозможило полесно пронаоѓање и изработка на истите, велат асоцијациите на превозниците. Додека, во однос на процедурите кои се пропишани за добивање на налепници и нови сообраќајни дозволи, како што дополнуваат, потребно е да се овозможи на сите кои вршат комерцијален превоз (превоз на стока и патници) истите да ги добиваат наеднаш за сите возила кои ги имаат во сопственост, а врз база на копии од сообраќајните дозволи да им се издадат нави со променет назив на државата. – Ова наше барање го поткрепуваме со фактот дека, превозот во патниот сообраќај не може и не смее да се прекинува затоа што целото стопанство зависи од нив, особено што според статистички податоци превоз на стока во увоз и во 96 отсто случаи се врши преку патниот сообраќај и возилата се насекаде низ европскиот транспортен пазар, велат оттаму. Дополнуваат дека превозниците од своја страна ќе си обезбедат доставување на налепниците и сообраќајните дозволи преку брза пошта, или со други превозници кои се во државата и ќе патуваат во правец на возилата кои се надвор од државата. Асоцијациите испратиле допис и до министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, со кој бараат поддршка во однос на сите процедури кои во моментот се вршат, со цел да се даде приоритет на професионалните возачи и превозните трговски друштва.

The post Асоцијациите на превозници бараат приоритет за издавање документи appeared first on Република.

]]>
Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-tuzhbi-za-spasovski-i-za-obeshtetuvane-na-graganite-za-nepotrebnite-troshotsi-od-izdavane-na-lichnite-dokumenti/ Tue, 13 Feb 2024 15:03:51 +0000 https://republika.mk/?p=743438

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.

Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС.

Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме, стои во соопштението на партијата.

The post Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи appeared first on Република.

]]>

Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи. Тие го погазија достоинството на граѓаните и државата ја доведоа во состојба да не може да ги исполни основните човекови права и слободи на своите граѓани, велат во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Поради несовесно работење во службата и злоупотреба на својата должност Оливер Спасовски дозволил да се издаваат патни исправи иако бил свесен дека тие ќе станат неважечки пред истекот на нивниот рок на важност. Ако на ова се додадат и официјалните изјави на владата на СДС дека патните и личните изјави на граѓаните ќе важат до истекот на нивната важност, тогаш доаѓаме до тоа дека СДС системски ги лажела и манипулирала граѓаните, за да ги доведе до оваа омаловажувачка позиција да бидат во „државен притвор“ заради нивната неспособност и неодговорност. Патем, Спасовски и власта на СДС не обезбедиле ниту соодветни услови, обрасци и услови за навремено печатење на доволен број документи, со што го ставиле народот во позиција да не може да извади документи и со тоа му предизвикуваат материјална и нематеријална штета.
Згора на се, граѓаните се изложени на непотребни финансиски трошоци да вадат нови патни исправи при веќе постоечки и важечки. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе пријава за Оливер Спасовски за несовесната работа и тужба со цел обештетување на граѓаните за финансиските импликации предизвикани од оваа власт на ДУИ и СДС. Оваа власт на СДС и ДУИ е најлошото што и се случило на Македонија. Никогаш не било полошо и затоа мораме да ги поразиме, стои во соопштението на партијата.

The post Владата на ДУИ и СДС, но пред се Оливер Спасовски се директно одговорни за хаосот кој се создаде со издавањето на личните и патните исправи appeared first on Република.

]]>